Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9


Економија
Четириесет проценти од бугарската економија е сива




Сивата економија во Бугарија расте со голема брзина, особено во време на криза. Новите студии покажуваат дека обемот на сивата економија драстично е зголемен. Министерството за финансии ја спушта топката.

Речиси половината од стопанското постигнување на Бугарија во периодот од 2009-2012 година отпаѓа на сивата економија. Ова е резултатот на студијата спроведена од Бугарското здружение за индустриски капитал во рамки на проектот „Ограничување и превенција на паралелната економија“. Студијата беше финансирана од страна на ЕУ.

Во сферата на градежништвото, туризмот и здравството, според студијата, дури 70 проценти од постигнувањето е резултат на сива економија, значи без да се платат даноци и социјални давачки.

За споредба - во средината на 1990-тите Светска банка утврди дека сивата економија чини 36 проценти од вкупната економија на Бугарија. Земјата уште тогаш беше во горниот дел на неславната листа централно- и источноевропски земји, директно зад Грузија, Азарбејџан, Украина и Русија. Состојбата не се поправи ни со приклучувањето на Бугарија кон ЕУ, туку напротив - уделот на сивата економија денес е зголемен и изнесува речиси 40 проценти.

Бугарското министерство за финансии гледа пооптимистички

Според наводи на бугарското Министерство за финансии, состојбата воопшто не е толку сериозна - министерството во 2011 година утврди удел на сивата економија од само 20 проценти. Анализа финансирана од германската фондација Фридрих Еберт ги става под знак прашалник ваквите податоци.

Нема сигурни податоци затаениот данок и неплатените социјални давачки

Според оваа студија, во Бугарија нема бројки на кои може да се им се верува за три форми на сивата економија - економските постигнувања, каде се затајува данок и не се плаќаат социјални давачки, потоа пазарот на црно, каде се тргува со илегално произведени стоки и услуги и таканаречената размена во натура. Освен тоа, врските на сивата економија со организираниот криминал во Бугарија речиси и не се истражувани, се вели во студијата на фондацијата Фридрих Еберт.

Дури и во центарот на Софија денес речиси се‘ може да се купи без сметка. Контролите и даночната полиција не даваат позитивни резултати. Кога станува преопасно, трговците едноставно ја оставаат стоката и бегаат. Министерството за финансии, даночните власти, полицијата и обвинителството повеќепати ветија дека ќе му стават крај на тргувањето на црно на омилениот плоштад „Славејков“ во Софија. Сепак, и денес таму, по само три минути чекање, може да се купи секаков софтвер, или музика на ЦД како илегална копија. Неоданочени цигари во Софија се продаваат насекаде.

„Сивата економија ги брка инвеститорите од земјата“

На улица може да се купи се‘

Кризата е дополнителен импулс за сивата економија, оценува Емилијан Абаџиев, раководител на фирмата „Метро“ во Бугарија. На пазар зафатен од криза, многумина претприемачи сакаат да го заобиколат плаќањето данок, но на тој начин се уништува конкурентноста, вели раководителот на овој германски концерн во Бугарија: „Сивата економија ги ограбува потрошувачите и искрените актери во стопанството и на тој начин ги брка инвеститорите од земјата“, се жали тој. „Еден пример од моето искуство во Метро-Бугарија: пред една година премиерот Бојко Борисов им се закани на производителите и трговците со илегален алкохол со големи санкции. Непосредно потоа, продажбата на алкохолни пијалоци во продавниците на Метри пораснаа за околу 40 проценти во рок од еден ден“.

Шефот на Метро-Бугарија е убеден дека преминот на земјата кон слободна пазарна економија цели 20 години не е сосема завршен само затоа што нема јасни правила. Во Бугарија општото добро е често во сенка на приватните интереси. Поединци профитираат од тоа што нема јасни правила, нема ред и дисциплина, затоа што не секогаш има финансиски и персонални ресурси за подобра организација.

Резултат на растечката сива економија - на државата и‘ недостигаат приходи од даноци во висина од стотици милиони евра годишно! „А кога нема доволно приходи од даноци, тогаш недостигаат пари насекаде - во здравството, образованието, инфраструктурата“, критикува Емилијан Абаџиев.

http://www.dw.de/dw/article/0,,15987932,...7-xml-mrss
Без Ботев няма България
23-06-2012, 01:19 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9




24.06.2012, 16:54
Бугарија подготвува црвен картон за Македонија во ЕУ



„Горчлив е заклучокот дека Скопје не разбира добри зборови. Бугарија во Скопје во некои случаи се третира полошо и од Грција, иако прва ја призна Република Македонија“, е заклучокот од тркалезната маса во Софија

Слободанка Јовановска


Во петокот во Софија се одржа тркалезна маса на тема „Каде оди Република Македонија“, на која учествуваа европратеници, пратеници, историчари, амбасадори и политиколози. Оваа тркалезна маса дојде по острите изјави на бугарскиот премиер Бојко Борисов дека Софија е против името „Северна Македонија“, за нашата држава затоа што тоа ќе изразувало територијални претензии. Станува очигледно дека односите со Македонија, инсистирањето на бугарскиот карактер на македонското население, повторно станува важна тема во бугарското општество. Пренесуваме еден значаен дел од таа расправа.



Да и покажеме на Македонија жолт картон и да и поставиме услови за членство во Европската унија. Ваква порака произлезе од петочната тркалезна маса во Софија на тема "Каде оди Македонија", на која учествуваа четворица европратеници, заменикот-претседател на бугарското собрание, пратеници, поранешни амбасадори во Скопје, истакнати историчари и експерти.

"Да се краде историја е како да се краде територија", истакнал Љубомир Иванов, претседател на фондацијата "Манфред Вернер", на адреса на Македонија. Како што пренесува бугарската агенција Фокус, тој категорично побарал Бугарија да постави два услови за влегување на Македонија во Европската унија. Прво - во македонските учебници по историја да се признае бугарската идентитет на Самуил и другите Бугари, за кои во Софија се тврди дека ние сме ги прогласиле за Македонци; и второ, да се прекине наводната дискриминација на Бугарите во Македонија со македонскиот устав. Според него, учебниците и уставот треба да станат бугарската црвена линија со што јасно ќе се кажело дека ако Македонија не ги исполни - не одговара на европското барање за добрососедски односи. По неколку жолти картони, треба црвен, инсистирал Иванов.

"Да престанат да плакнат мозоци на младите генерации преку фалсификување на историјата. Тоа води до една историска дијагноза - да се биде Македонец по националност. Тие се раздвоени - секое утро зборуваат во огледало 'Јас сум Македонец. Јас ја мразам Бугарија", истакнал академик Георги Марков.

Тој нагласил дека македонска нација била создадена по Втората светска војна од Тито по коминтерновски рецепт, вклучувајќи анти-бугарска основа. Марков на собирот во Софија побарал да прекинело фалсификувањето на фалсификувањето на историјата.

"Не им треба да фрлаат 80 милиони евра, кога имаат 30 проценти невработеност и држава што едвај дише. Само еден споменик треба да издигнат - на маршал Тито - тој е таткото на македонската нација", категоричен бил академикот.


Тој исто така побарал Македонците да ги менуваат учебниците по историја. "Самуил, Кирил и Методиј, Гоце Делчев, браќата Миладиновци, Пајсиј Хилендарски - тоа се македонски Бугари. Тие се самоопределуваат како Бугари, а тоа дека некој се определува сега во Скопје како Македонец - тоа е негов проблем", додал Марков. Според него, во Софија има повеќе Македонци отколку во Скопје, а кај нас да си Македонец било прашање на професија - многу атрактивна за политичари и академици.

Потпретседателот на бугарското собрание, Георги Пирински, предложил да се иницира заеднички состанок на парламентарните комисии за европски прашања и за надворешна политика на која ќе се разгледаат прашањата за односите на Бугарија со Македонија.

Долгогодишниот дописник на Бугарската телевизија во Скопје, Коста Филипов, тврдел дека во Македонија има медиумски мрак во однос на прашањата со Бугарија и дека препораките на Европскиот парламент за почитувањето на Бугарите и на бугарската историја воопшто не се познати во Македонија.

Сепак, потребно било "да и се помогне на Македонија да ги надмине своите проблеми, а не да се гледа на нивната самосвест со потсмев", бидејќи само така можат и двата народа да одат напред, рекле учесниците. Некои од нив зборувале дека ако Македонија се пушти во ЕУ, ќе станеле три пати побрутална и дрска. Според лидерот на софиското ВМРО, Красимир Каракачанов, бесмислено било зборувањето за темата, ако бугарската политичка елита не формулирала неколку едноставни нешта.



"Треба да си одговориме на прашањето дали имаме интерес Македонија да биде обезбугарена, албанизирана и србизирана. Дали имаме интерес по 40 години на нашата граница сосед да ни биде албанското население", порачал Каракачанов. "Албанците имаат многу јасна стратегија, не си прават илузии и зборуваат многу јасно за еден народ, една држава - Голема Албанија", коментирал лидерот на ВМРО.

"Ако отворите веб-сајтот на Министерство за надворешни работи, ќе видите темите за Мјанмар, Сирија и какви ли не други глупости за кои ни најмалку не сме заинтересирани, но нема да видите проблемот со ниту еден Бугарин, кој е смачкан во Македонија. Ние правиме конференции и зборуваме празни приказни ", нагласил Каракачанов.

"Бугарија, која прва ја призна Република Македонија, не се третира подобро од Грција, а во некои случаи и полошо", се пожалил европратеникот Евгениј Кирилов. "До нас живеат браќа. Прашањето каде оди Република Македонија си го поставивме сите ние, си го поставуваат сите наши граѓани. Треба да дадеме одговор. Не само на прашањата поврзани со минатото, туку да дадеме една основа за односите со Република Макдонија", рекол Кирилов.

"Горчлив е заклучокот дека Скопје не разбира добри зборови. Ајде - не сме како Грците да им извадиме црвен картон, но крајно време е да им извадиме жолт картон, да ги предупредиме дека тоа не е европско однесување", коментирал академик Георги Марков, директор на Институтот за историја на Бугарската академија на науките. Според Марков, Македонците можат да се потпрат на поддршка од страна на Бугарија за членство во Европската унија, но таа поддршка не смее да биде безусловна, бидејќи се злоупотребува.

"Пред 12 години амбасадорот Ѓорѓи Спасов уште од вратата ми замавна со прст и ми рече: 'Професоре, јас сум Македонец. Имам право на самоопределување'. Јас му велам - убаво, имате право на самоопределување како Македонец, но тоа не значи дека вашиот дедо не бил Бугарин. Оваа историска дијагноза ги раздвојува и затоа паднаа во крајност да се убедат дека имаат некоја нов национален идентитет, па отидоа дури во антиката и градат споменици за 80 милиони евра и Триумфалната порта. Историјата таму стана голема политика", изјавил академик Марков.

Некои од учесниците во дискусијата биле поумерени. "Рано е уште да даваме дури и жолти картони на Македонија. Треба да ја разбереме драмата на оние кои ги прекоруваме - дали се преправаат или се уплашени", рекол историчарот Андреј Пантев, пратеник од Коалицијата за Бугарија.

"Пред да ги потврдиме работите кои се повторуваат на сите конференции, треба да си го поставиме прашањето - зошто нешто не оди? Можно ли е 45 години култивирање на антибулгаризам да избришат векови заедништво, судбина, јазик, култура, менталитет? Како е можно? Ова прашање треба да си го поставиме на нас. Очигледно е дека дебатирањето какви Македонци се, каков дијалект зборуваат не функционира", изјавил Антев. "Тие историски се Бугари, но има метаморфоза, една еволуција, која треба да ја имаме предвид и тоа е прашање на суптилност од наша страна", рекол Пантев. "На оваа земја треба да се помогне, но да и се потсмевате, бидејќи резултатите се контрапродуктивни", заклучил Пантев.

"Нека прават што сакаат, нека се делат, нека се федерализираат, но да не посегнуваат по нашата територија и нашата историја", беше следната порака во дебатата. Според овие оценки, по Самуил и Гоце Делчев, се посегнувало и на историски дејци кои до вчера биле табу кај нас, па се именувала улица и се подготвувал споменик на Тодор Александров и на Симеон Радев. "Прашање на време е кога ќе стигнат до Александар Протогеров и Дрангов, а нема да изненади ако еден ден и Ванчо Михајлов осамне со споменик во Скопје", бил еден од коментарите на собирот.

"Бугарската политика се соочува со еден исклучително сложен тест, бидејќи ако е тврда, предизвикува антибугарски кампањи, а ако е мека, промовира притискање на македонските Бугари. Потребен е исклучителен такт и не жолти картони туку да се охрабруваат бугарскиот бизнис и бугарската телевизија, весници", истакнал политикологот Емил Митев.

Според поранешниот амбасадор на Бугарија во Македонија, Александар Јорданов, порано бугарската политика во однос на Македонија се засновала на тезата дека сите Македонци се Бугари. Сега, пак, се гледала промена и се слушаат изјави за заштита на Бугарите во Македонија. "Тогаш треба да прифатиме дека и во Бугарија има македонско малцинство. Оваа нова позиција бара анализа со учество на државното раководство", рекол Јорданов.

Според европратеникот и кусо време известувач за Македонија, Кристијан Вигенин, Бугарија има интерес нашата држава да ги започне преговорите на ЕУ "бидејќи во рамките на преговорите за поединечни глави имаме можност да отвориме цел спектар на прашања". "Премиерот на Македонија Никола Груевски со неговата партија и Бојко Борисов со ГЕРБ да седнат и да размислат што може да се направи, да ги стават на принципиелна европска основа овие проблеми и да се обидат да ги решат, а не да нафрлаат реплики во медиумите, што е несериозно", искоментирал Вигенин. Според него, ако пристапот на Бугарија е премногу агресивен, тоа им помага на властите во Македонија да се самозатворат, а тоа ја лишува Бугарија од можноста да има нормален дијалог не само на владино туку и на сите други нивоа. Тој објави дека БСП и Социјалдемократскиот сојуз на Македонија планираат серија иницијативи за создавање на нормална атмосфера на дијалог.



Статијата е прочитана 554 пати.

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?I...9EEB07DE38

Без Ботев няма България
25-06-2012, 04:35 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Хистеричен бугарски европратеник: Бонева била Бугарка, а Ханџиски персона нон грата

Македонскиот амбасадор Благој Ханџиски да биде прогласен за персона нон грата. Со ваков предлог излезе денеска бугарскиот европратеник Димитар Стојанов како реакција на одлуката на Врховниот суд на Република Македонија да и го одземе детето на Спаска Митрова која има и бугарско државјанство.

„Бугарската држава треба да реагира итно, не само поради случајот со Спаска Митрова, туку и поради скандалот со бугарскиот амбасадор. Да видиме дали на Македонија и одговара да ги расипе односите со уште една земја-членка на ЕУ и важен сосед. Итно треба да реагира претседателот Плевнелиев, а на Митрова треба да ѝ се даде политички азил. До 2 јули, кога Митрова треба да го предаде детето на сопругот, има време за Бугарија да реагира“, вели Стојанов.

Пред ова Стојанов изјави дека пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева му признала дека е Бугарка, што веднаш беше демантирано од Бонева.

http://www.mkd.mk/40036/makedonija/histe...-partenik/
Без Ботев няма България
25-06-2012, 06:39 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Бугарски европратеник бара Ханџиски да се прогласи за персона нон грата!

Провокациите од Бугарија станаа секојдневние – европратеникот Димитар Стојанов бара нашиот амбасадор Благој Ханџиски во Софија да биде прогласен за персона нон грата, како реакција на бугарската држава за случајот со Спаска Митрова. Исто така, тој изјави дека, наводно, пратеничката Силвана Бонева му кажала дека и таа се чувствува како Бугарка, ама дека не сакала нејзините деца да бидат нови „Спаски“... Бонева демантира



Не стивнуваат страстите во Бугарија за случајот со Спаска Митрова – европратеникот Димитар Стојанов во изјава за БТВ побарал амбасадорот Благој Ханџиски да биде прогласен за персона нон грата во Софија, како реакција на одлуката на македонскиот Врховен суд за одземање на старателството на Митрова врз нејзината ќерка.

„Бугарската држава треба да реагира итно, не само поради случајот со Спаска Митрова, туку и поради скандалот со бугарскиот амбасадор (н.з на кој, наводно, не му беше дозволено да положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев). Да видиме дали на Македонија ѝ одговара да ги расипе односите со уште една земја-членка на ЕУ и важен сосед. Итно треба да реагира претседателот Плевнелиев, а на Митрова треба да ѝ се даде политички азил. До 2 јули, кога Митрова треба да го предаде детето на сопругот, има време за Бугарија да реагира“, вели тој.

Стојанов, исто така, открива дека, наводно, координаторката на пратеничката група на ВМРО–ДПМНЕ, Силвана Бонева, му признала дека е Бугарка. Тој со Бонева се сретнал пред една недела во Скопје, каде што како што тврди, му рекла се чувствува како Бугарка, ама дека не сака од нејзините деца да прави „Спаски Митрови“.
Бугарски „Труд“ коментира дека Бонева одамна се смета за дел од таканареченото „пробугарско лоби“ во ВМРО–ДПМНЕ.

„Силвана Бонева е сопруга на Александар Бонев, долгогодишен уредник во македонскиот пробугарски весник „Македонско дело“. Поради неговите историски оправдани ставови и разобличувањето на антибугаризмот, Бонев стана еден од најомразените новинари во Македонија“, пишува „Труд“.

Бонева испрати реакција до медиумите, во која вели дека разговор со таква содржина никогаш не се случил меѓу неа и Стојанов и дека тој сака само да ѝ наштети на нејзиниот углед. Бонева најави дека ќе пушти подетална реакција на нејзиниот профил на фејсбук.

http://www.time.mk/read/c803031258/895b2...index.html
Без Ботев няма България
25-06-2012, 06:41 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Мирка Велиновска: Грци и Бугари ќе доаѓаат да работат сезонски во Македонија!



„Не знам дали Љубомир Фрчкоски уште се надева Американците да дојдат и да ја окупираат Македонија за тој да биде ’демократски’ инсталиран за некаква државна функција во колонијата, ама сосема сум сигурна дека Јани Макрадули додека преспива во македонските селски куќи летово има кошмари. Гарант со кокошките, кравите што првпат ги видел во живо, му се мешаат ликовите на Путин, Ху Џинтао, Чавез, на Обама и Ван Рампуј. Мајката, кој беше во овој филм добриот каубој, а кој лошиот Индијанец? Ебати светот во кој не се знае кој е што! Како сега да врши јавна диференцијација? По кој репер сега ќе дисквалификува?“

Вака Мирка Велиновска, во својата редовна петочна колумна во „Нова Македонија“, ја оценува нмовата геостратешка позција на Македонија. И така, таа за Фрчкоски пишува:

„Сиромашкиот, ми личи на Андонис Самарас. И напуваниот “грклан’ си мисли дека тежи колку вчера. Ќе ја уценувал Македонија. Ќе ѝ поставувал услови. Е па, ќе види набрзо. Впрочем, како и Бојко Борисов. Толку напори, напрегања за заобиколување на Македонија со нафтоводите и гасоводите, со еден потпис паднаа во вода. Со две-три реализирани азиски зделки, кај и да е, ќе доаѓаат Грци и Бугари да работат сезонски во Македонија“.


http://www.plusinfo.mk/vest/47338/Mirka-...Makedonija
Без Ботев няма България
25-06-2012, 08:21 PM
Reply
Valkanizater Offline
Senior Member
****

Posts: 433
Joined: Feb 2011
Reputation: 15

26.06.2012, 13:33
Попоски: На Македонија и треба сериозен партнер во Атина

Министерот за надворешни работи во интервју за Бугарското национално радио

Скопје сака да има сериозен партнер во Атина за да се се реализираат односите меѓу Македонија и Грција и да се најде решение на спорот за името, изјави министерот за надворешни работи Никола Поповски, во интервју за Бугарското национално радио.

- Која и да биде идната влада од страна на Република Македонија ќе има исклучително посветен и одговорен однос да одиме кон остварување на заедничките цели – надминување и оставање во историјата на споровите и поделбите и градење на иднина во која ќе имаме посветли и заеднички нешта кои ќе не спојуваат, истакна Попоски во интервјуто за програмата „Хоризонт“ на Бугарското национално радио.

Во врска со изјавата на бугарскиот премиер Бојко Борисов дека Бугарија, ако биде прашана за името Северна Македонија како решение за спорот со Грција, не би се согласила затоа што тоа би можело да носи територијални претензии кон оваа земја, министерот Попоски вели оти не гледа никаква логика во еден наметнат спор што ја блокира Македонија да се додава нешто или некој што дополнително би ја опструирало.

- Во актуелната ситуација во која Република Македонија и е наметнат еден целосно нелогичен спор, без каква било основа и тој спор е злоупотребен за да се наметне едно продолжено блокирање и опструкција – нема никаква потреба да се додаде некој кој дополнително би го опструирал. Ние сме во една ситуација во која Грција непринципелно и надвор од правните рамки ја блокира македонската перспекрива за интегрирање во НАТО и во ЕУ. Тоа не само што не е базирано на зеднички интерес, туку е и многу штетно и е надвор од правно преземените обврски. Тоа го констатираше и Меѓународниот суд на правдата. Сметам дека секој добронамерен би можел да придонесе само ако промовира пристап на дополнителна интеграција, а не на дополнителна опструкција. Јас би сакал да видам пораки кои ќе бидат базирани на конкрена поддршка на еден позитивен тон, на една зголемена комуникација помеѓу двете држави. Тоа се пораките кои ние би сакале да ги видиме. Мислам дека не смееме да дозолиме тоа да стане доминантна линија. Бугарија има многу добра позиција да биде еден промотор на една таква политика, вели шефот на македонската дипломатија.

За можноста Бугарија да се вклучи во спорот за името меѓу Грција и Македонија за да покаже колку е апсурдно грчкото инсистирање за името македонскиот министер за надворешни работи вели дека таа како земја членка на ЕУ и НАТО може да внесе елементи на разум и да се промовира во лобист за интеграцијата на земјите од регионот кои не се членки на овие организации.
За тоа како ги гледа денес бугарско-македонските односи по 20 години тој наведува дека има многу елементи кои би требало односите меѓу двете земји да ги направат да бидат исклучително позитивни.

- Сметам дека фактот што Бугарија веќе успеа да ги затвори поглавјата со влегување во НАТО и ЕУ треба да и’ овозможи една етапа во која ќе биде силен поддржувач за влегување на сите останати земји од регионот, вклучително и Македонија. Би сакал да видам повеќе пораки кои ќе се фокусираат на оваа поддршка и сметам дека тоа би било најсилен знак за тоа дека можеме да градиме заедничка иднина. Во минатото сме виделе многу поделби и конфлики и многу опонирања и попречувања. Сега мислам дека можеме навистина да покажеме дека сакаме поддршката и релациите да се развиваат во европски дух.Тоа би сакале да го видиме, 20 години се сериозен временски период и по 20 години мислам дека би било многу логично да видиме дека европската димензија е таа која ќе доминира во бугарско-македонските односи и секако во односите на билатерално ниво меѓу сите земји во регионот, вели шефот на македонската дипломатија.

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?I...075EC5F2AA
26-06-2012, 04:21 PM
Reply
Valkanizater Offline
Senior Member
****

Posts: 433
Joined: Feb 2011
Reputation: 15

26.06.2012, 18:14
Идинината е во „дот.ком“ генерацијата, а не во пропагандите од 19 век
Силвана Бонева му одговара на бугарскиот европратеник Димитар Стојанов кој тврди дека таа му рекла дека е Бугарка
На претпоследниот Мешовит Парламентарен Комитет ЕУ - Република Македонија, кој се одржа во Скопје пред 6 месеци, како член на Комитетот од македонска страна, разговарав со бугарските европратеници, членови на Комитетот, за нивното барање во завршната декларација да се осуди говорот на омраза кон Бугарија, кој според нивно мислење, го спроведуват некои медиуми од РМ и за кршењето на човековите права на луѓето што се изјаснуват како Бугари во РМ.

За жал, на некои политичари, како младиот бугарски европратеник Димитар Стојанов, единствено нешто што им е важно е манипулирање со вистината, за да ги убедат граѓаните дека само нивниот светоглед е израз на правилниот поглед во минатото, сегашноста и иднината, веројатно мислејќи дека така повторно ќе ја добијат довербата од граѓаните..

При првата наша средба пред 6 месеци, му кажав дека сум зачудена од тоа како може млад човек како него, толку многу да биде отруен со невистини и омраза кон Македонија, како да е инструмент во рацете на политиките од 19-тиот и 20-тиот век. Му посочив дека прави огромна штета издигнувајќи поединечни проблеми и судбини, како судбината на Спаска Митрова, на ниво на меѓудржавен проблем. На неговото тврдење дека Спаска води 5 годишна битка за своето право само затоа што е Бугарка, му кажав дека, од една страна, во Република Македонија никој не им пречи на граѓаните слободно да ја искажуват својата припадност и немаат никакви последици за тоа, а од друга страна, дека државата не смее да се меша во работата на судската власт.

Во овој контекст, му направив паралела со случајот со мојот син, кон кого бугарската држава прави очигледна дискриминација со тоа што повеќе од 6 години, иако нема никаква законска пречка, му го попречува правото да добие студентска, работна виза или престој во Бугарија. Проблемите со неговиот престој во Бугарија започнаа набргу откако поднесов тужба за клевета против Владо Бучковски заради неговата злонамерна изјава дека имам бугарски пасош. Тоа за мене беше време пред почетокот на новите парламентарни избори 2006 година, а за мојот син време кога требаше да дипломира на Факултетот за информатика на Софискиот универзитет. Чудна некоја коинциденција! После тоа на мојот син иако му следува како студент дозвола за престој, престана да му се одобрува истата и оттогаш има право само на 90 дена континуиран престој во Бугарија во рок на 6 месеци. Тој во Бугарија има свои колеги од факултет, Македонци, Бугари, Грци, со кои сложно работеа за остварување на својата егзистенција.

Додека тој студираше и работеше во Софија, сме разговарале зошто толку му се допаѓа да учи и да работи таму и какви му се односите со колегите, а неговиот одговор секогаш се сведувал на едно: „ние сме ’дот.ком’ генерација, нас не' интересира да научиме да создаваме нови вредности кои може да се продадат на пазарот... студираме, работиме, се дружиме и не сме заглавени како вашите генерации во политизација, историја и меѓунационални омрази“.

Но, мојот син веќе 6 години во Бугарија има право само на туристички престој. Прашуваше во амбасадата на Република Бугарија во РМ, но со години нема одговор зошто сето тоа му се случува, а и надлежните институции во Бугарија не му даваат официјално објаснение зошто не му се дозволува подолг престој во Бугарија. Некои службеници му укажувале дека ако потпише дека има бугарски „происход“, нема да има никакви проблеми ни за виза, ни за престој, ни за било што друго! Тогаш јасно му кажав на господин Стојанов дека јас, како Македонка, мајка на две деца, ако тргнам од моето искуство, треба секој ден да зборувам за дискриминаторската политика што се спроведува од одредени структури во Бугарија врз мојот син, но за разлика од некои луѓе во Бугарија што го злоупотребуваат случајот со Спаска Митрова за дневно политички цели, јас не го направив истото, иако можев да го генерализирам проблемот и секојдневно да говорам како бугарската држава ги дискриминира Македонците во Бугарија и ги принудуват да се пишат како Бугари! Во името на добрососедските односи меѓу Македонија и Бугарија одлучив да не го правам тоа и му предочив на господинот Стојанов, кој според возраста е генерација на мојот син, дека такви поединечни случаи не треба да се злоупотребуват од политичарите за сеење на омраза и за правење делби помеѓу нашите две земји и народи.

Мојот разговор со него, го завршив со зборовите: никогаш нема да дозволам моите деца да бидат злоупотребени како што Вие ја злоупотребувате Спаска Митрова за дневно-политички потреби на поединци и структури кои не сакаат добрососедски односи помеѓу Република Македонија и Република Бугарија!

На последниот 11-ти Мешовит Парламентарен Комитет ЕУ-Македонија кој се одржа во Брисел овој месец, иако беше најавен да учествува европратеникот Стојанов, тој не дојде на состанокот, па очигледно фрустриран од донесената Декларација, која е пораз на неговата националистичка политика кон Македонија, се нафрлува дури и на нашиот амбасадор во Бугарија, со барање тој да биде прогласен за персона нон грата.

Малку треба за лошо, велат старите, па по неговите изјави денес читам изјави од академици на нашиот сосед, земја членка на Унијата, кои велат дека Софија треба да му покаже заби на Скопје!

Сакам да ја прашам академската јавност на Бугарија, дали некогаш ќе се оствареше сонот на Аденауер и Шуман за обединета Европа, ако Германија и Франција продолжеа да си ги покажуват забите една на друга?!

До кога национализмите на Балканот ќе го поматуват умот на народите и ќе ги држат заробеници на омразата, која не' дели и уништува сите?! Каде ја оставаме заеднички декларираната цел - подобрата иднина на генерациите по нас?

Ако се уште сме за тоа, да продолжиме заеднички да работиме на градење на доверба, разбирање, пријателство и толеранција, вредности кои ќе ги оставиме во наследство на нашите поколенија, за да им овозможиме сигурна иднина!

Силвана Бонева

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?I...E0C54B3BC7
26-06-2012, 10:55 PM
Reply
Valkanizater Offline
Senior Member
****

Posts: 433
Joined: Feb 2011
Reputation: 15

26.06.2012, 18:03
Едиторијал
Берлински Ѕид на Деве Баир

Љупчо Поповски

Еве, 23 години по уривањето на железната завеса во Европа, еден берлински ѕид, ѕид на предрасуди и стереотипи, се' уште цврсто стои во Софија, а и во Скопје. Некогаш е необјасниво како уште можат да се слушаат толку патерналистички пораки од Софија за наводните заблудени деца што живеат во македонската држава, на кои 60 години им се миеле мозоците со српски сапун за да станат посебна нација.

Овде, пак, се' уште се мисли на Бугарите како на наши посиромашни братучеди. Тоа го мислат дури и оние илјадници луѓе кои секоја зима ги опседнуваат луксузните хотели во Банско или Сандански. Стереотипот за помалкуте вредни соседи со кои илјада години ни се мешала историјата доминира и денес – Бугарија влезе во ЕУ и НАТО, но ако нас не' прашаат, тие не ја заслужиле пропусницата за напредок.

Жално е што овие стереотипи доминираат во односите меѓу двете држави и двата народи. Нам ни изгледа чудно, дури и претенциозно, кога во Софија се одржуваат тркалезни маси на кои се расправа за патот по кој оди Македонија (како онаа во петокот) и сме подготвени тоа да го сместиме во графата на мешање во внатрешните односи. Овде нема да најдете ниеден податок дека такви тркалезни маси се одржуваат еднаш годишно и за другите соседи на Бугарија и дека тоа е дел од бугарската перцепција за развојот на балканските држави. Само малку посериозно да се замислиме ќе видиме дека во Скопје не се одржал ниту еден собир за патеките по кои чекорат Бугарија или Грција. Во нашата опседнатост со самите себеси, со нашите стравови, лажни или вистински митови, заборавивме на соседите.

Во Софија како да не можат да се помират целосно со фактот дека од 1944 година постои држава Македонија, во која народот целосно ја изградил својата национална свест. Затоа изгледа парадоксално што умни луѓе во Софија, како историчари и академици, горчливо ќе воздивнуваат тврдејќи дека ние, од оваа страна на Деве Баир, крадеме нечија историја. Еден наш колумнист, одличен познавач на бугарската стварност, вели дека овој патернализам врз „заблудените синови“ е во согласност со стереотипот кој што со векови е инсталиран во Бугарија – дека Македонците се Бугари со ариевска крв, дека тоа се најхрабрите луѓе на бугарските простори, но дека под влијание на Белград и со јазикот како стожер се создала националната свест на Македонците.

Битката со предрасудите и стереотипите е како битка со ветерници. Кога во Советот на Скопје се менуваа имињата на улиците надвор неколку стотици луѓе на цел глас викаа „Бугари, Бугари!“ (алудирајќи на експресното инсталирање на Тодор Александорв во врвот на македонската херојска историја). Тоа не значи дека оние што гласаа внатре во салата беа инструирани во Софија, но тоа до срж ја соголува недовербата што постои и од оваа страна на границата. Педесет години потпомогнати и од идеолошкиот образец, овде се зборуваше за Бугарите како за сиромашни луѓе, заробени во еден режим кои едвај чекаат да ти дојдат на гости. Што знаевме тогаш за бугарската култура, уметност, за бугарскиот филм, архитектура, наследство, за јазикот. Ништо – како што речиси ништо не знаеме ни сега. Како никогаш да не сме ја делеле историјата.

Оттаму Деве Баир ќе зборуваат како изневерени татковци, за Македонија како најромантичниот дел од бугарската историја, ќе зборуваат за можното идно име на нашата држава (како премиерот), за жолти и црвени картони, а нема да се обидат да изградат пошироки трансверзали за подобро разбирање на двата народи. Бугарија и Македонија никогаш не биле подалеку една од друга за последниве 20 години. Време е за студени глави и разговор на искрени соседи.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=78D22...977E8D6EC4
26-06-2012, 11:17 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Покрај ирационалните грчки блокади, не ни требаат и бугарски опструкции!


Шефот на македонската дипломатија бара Софија да не ги попречува евроатлантските интеграции на своите соседи, туку да стане промотор на интеграциите на Македонија и Балканот


Во актуелната ситуација во која на Република Македонија и е наметнат еден целосно нелогичен спор, без каква и да е основа, и тој спор е злоупотребен за да се наметне едно продолжено блокирање и опструкција, нема никаква потреба да се додаде некој кој дополнително би го опструирал, вели шефот на македонската дипломатија Никола Попоски во интервјуто за програмата "Хоризонт" на Бугарското национално радио, коментирајќи ја изјавата на бугарскиот премиер Бојко Борисов дека Софија не се согласува со името Северна Македонија, кое би можело да носи територијални претензии кон Бугарија. Наместо дополнителни опструкции, Попоски побара бугарска поддршка за македонскиот евроинтегративен процес, Софија да стане промотор на вклучувањето на Балканот во ЕУ.
- Ние сме во една ситуација во која Грција непринципиелно и надвор од правните рамки ја блокира македонската перспектива за интегрирање во НАТО и во ЕУ. Секој добронамерен би можел да придонесе само ако промовира пристап на дополнителна интеграција - а не на дополнителна опструкција. Сметам дека фактот што Бугарија веќе успеа да ги затвори поглавијата со влегување во НАТО и ЕУ треба да и овозможи една етапа во која ќе биде еден силен поддржувач за влегување на сите останати земји од регионот. Тука е вклучително и Македонија. Би сакал да видам повеќе пораки кои ќе се фокусираат на оваа поддршка и сметам дека тоа би било најсилен знак за тоа дека можеме да градиме заедничка иднина, вели Попоски.
Министерот за надворешни работи Попоски апелира војските од овие држави што пред 100 години меѓусебно војувале, денес заедно под иста капа да бранат заеднички регионални интереси.

На констатацијата на бугарскиот новинар Николај Крстев дека после 20 години бугарско-македонските односи стануваат исклучително сложени, заостануваат и тонат, Попоски одговара дека инцидентите ги нагласуваат оние кои сакаат да креираат негативна клима, а за разбирање се потребни релации во европски дух. Нападите за филмот "Трето полувреме", кој го попречувал европскиот дух во односите меѓу Софија и Скопје, Попоски ги отфрла како неосновани и апелира да не се меша политиката и уметноста - мрачните поглавја од историјата не смеат да бидат пречка за зближувањето меѓу државите. (В.С.)


диме, 26.06.2012 23:20:21
Некој оганот се обидува да го изгасне со масло, но тоа не го прави Македонија! Ако не ни помагате, барем обидетесе да не ни одмагате.
26.06.2012 23:20 | (5) | Like

bd, 26.06.2012 23:08:22
vulgari leshinari---Bojko kodosh na Zivkov, sega evropeec ke bil, Bog da chuva i brani
26.06.2012 23:08 | (6) | Like

http://vecer.com.mk/?ItemID=97E76E003047...C006192600
Без Ботев няма България
27-06-2012, 05:17 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Воведник
Т’зи сосед претера!
Катерина Синадиновска


Опсесијата на источниот сосед со настаните, пишувањата, личностите, проблемите, визиите и со состојбите во Македонија веќе е на ниво за посматрање не само од политички, туку и од психолошки аспект. Во последниот период речиси нема ден без провокација од Бугарија.

Откако лично премиерот Бојко Борисов се дрзна да се вмеша во билатералниот спор за името што го има Македонија со Грција, па почна да лицитира со имиња кои ним не им одговараат (небаре веќе имаме конкретен договор со Грција и што е уште поважно – небаре Бугарија е фактор во овој проблем), Софија тргна во секојдневни напади кон Македонија, нашиот судски и институционален систем, кон нашите граѓани.
Низа се примерите како Бугарија ги преминува границите на дипломатијата и се впушта во потези кои никако не значат добрососедство - од колективната потресеност што ја презентираа по одлуката на Врховниот суд за одземање на старателството на Спаска Митрова (нивната „маченица”) за ќерка и, преку експлицитните закани дека поради оваа одлука (на независна судска инстанца) Македонија „ќе види убаво” кога ќе дојде време за зачленување во ЕУ, преку барања амбасадорот Ханџиски да се прогласи за персона нон грата, сe до разните дебати на кои учествуваат секакви експерти, поранешни функционери, аналитичари на тема „каде оди Македонија?”. Да не ви се верува! Соседиве, засекирани до бескрај за иднината на Македонија, дебатираат на каде сме оделе! Ќе опстоиме или не! Па, од толку што се загрижени ли бугарските медиуми вадеа насловни страници дека Македонија е пред војна веднаш по убиството кај Смиљковци!? Тоа ли е конструктивност? Тоа е демонстрација на подадена рака?

Ќе сфатат ли нашите соседи еднаш што значи одговорна дипломатија? Со кој потег Македонија заслужила ваква неискрена игра? Спаска Митрова? Немојте, ви се молам! Па госпоѓата немаше да знае дека е Бугарка да не дојдеше до спорот за старателство! Плус, таа и тоа како профитираше од нејзините бугарски емоции, па и даскал и советник на европратеник стана! Барате политички азил за неа? За што? Трпела тортура? Тука ли? Во Македонија? Во државата која е ЕДИНСТВЕН пример на Балканот за почитување на правата на малцинствата во согласност со сите светски стандарди... и повеќе од тоа! Погледнете ја само отворената графа за пописот! Нефер!

Кои и да се нагоните и целите на Софија, ова е валкана игра! Она што е несфатливо е молкот од Скопје! Додека се случува сето тоа, министерот Никола Попоски дава интервјуа за бугарски радија без збор да каже за тензијата која се крева. Никаква реакција не видовме од Македонија за постојаните обвинувања за тортура врз Бугарите и заканите дека „еден ден тоа ќе ни се врати” со блокада за ЕУ! Напротив! Скопје презенира друга тактика – тие нас обвинувања, ние за нив споменик! Па по срамниот потег со поставувањето на Симеон Радев, ни помалку, ни повеќе, туку на покривот на МНР, следуваше и споменикот на Тодор Александров (на кој наголемо се израдуваа медиумите на исток). Тоа ќе да е нашата идеја! Да им затвораме уста! Тие н$ критикуваат за тортура, ние ќе ја докажуваме и ќе ја величаме „бугарската врска”! Па каква тортура врз Бугари може да прави држава што дава стотици илјади евра за да изгради споменик на ликови обожавани во Софија? Ќе видат добро тие! Уште една закана и цар Борис ќе го поставиме! Којзнае...!

http://www.kapital.com.mk/mk/komentari/8...tera!.aspx
Без Ботев няма България
27-06-2012, 04:48 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

МАКЕДОНИЈА
26.06.2012

БИТОЛЧАНИ ГИ ИЗБРИШАА БУГАРСКИТЕ ГРАФИТИ


Графитите во кои се величи Тодор Александров и револуционерната порака со бугарско писмо ги нема повеќе на зградата наспроти Офицерскиот дом на битолски Широк Сокак. Утрово младите социјалдемократи ја исфарбаа фасадата на зградата во...



Графитите во кои се величи Тодор Александров и револуционерната порака со бугарско писмо ги нема повеќе на зградата наспроти Офицерскиот дом на битолски Широк Сокак. Утрово младите социјалдемократи ја исфарбаа фасадата на зградата во делот каде беа испишани паролите.



-Загрижувачки е што вакви вандалски чинови и обиди за прекројување на македонската историја, не се осудени и спречени од страна на локланата самоуправа и надлежните институции. СДСМ нема да дозволи одредени однародени поединци да ги воскреснат крвопијците на македонскиот народ и македонската прогресивна сила. СДСМ нема да дозволи вирусот на врховизмот,ДПМНЕ да го пренесе од Скопеје во Битола, изјави Мирјана Костадиновска, од ЛК СДММ Битола.



Задоволни се и станарите кои живеат во зградата.



-Добро е што некој се сети да ги избрише овие графити испишани на ѕидот. Јас овде живеам и се срамев од нив,затоа што многу често се случуваше страснките туристи да се фотографираат пред овие графити, наместо пред некој споменик во Битола. Се надевам дека ѕидот ќе остане вака чист, изјави станар од зградата на Широк Сокак.



Градоначалникот на Битола вели дека му пречи нагрдувањето на градот со графити , без оглед која е содржината и на кој јазик се пишуваат. Иако, локланата самоуправа честопати интервенирала, сепак оваа појава постајано се повторува, вели Талески



- Ние санираме, но најдобро би било доколку сфатиме дека тоа никому не му користи. Мене во принцип ми пречи се што е вредно, а се уништува. Значи не е важно на каков начин тоа се прави, но јас не ја разбирам суштината, зошто сето тоа се нагрдува и која е целта, што сакаат со тоа да постигнат, изјави Владимир Талески, градоначалник на Битола.



Битолчани вчера жестоко реагираа посебно на содржината на графитите, а рекации имаше и од историчарот Александар Литовски. За чии инереси работел Тодор Александров, доволно зборува паролата испишана на буграски јазик, рече вчера Литовски.

[ Емилија Мисирлиевска ]

http://www.telma.com.mk/index.php?task=c...item=17989
Без Ботев няма България
27-06-2012, 07:20 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Датум: 27.06.2012, 23:51

СПОМЕНИКОТ НА АЛЕКСАНДРОВ ПОВТОРНО БРАНУВА

Двоопашеста кокарда на војводата на коњот


Круната потврдува дека станува збор за класично преземање на лавот од земскиот грб на Македонија зашто се работи за двоопашест лав. Доколку е бугарски, тогаш би бил само едноопашест.

Така како што е прикажан на новопоставениот споменик, според симболот - кокардата што ја носи на капата, војводата на коњ
најверојатно припаѓал на војничките редови на царството Бугарија.

- Коњаникот носи капа со одреден симбол на одредена држава за
која се бори, во случајов коњаникот носи симбол на војската на
царството Бугарија - велат во Институтот за национална историја.

Меѓутоа, претседателот на хералдичкото друштво на Македони-
ја, Јован Јоновски, е дециден дека кокардата е изведена од земскиот грб на Македонија и оти веројатно станува збор за уметничка интерпретација.

Дефинитивно тоа не е кокарда на историското ВМРО, барем, како што вели Јоновски, нему не му е позната како таква. Круната потврдува дека станува збор за класично преземање на лавот од земскиот грб на Македонија зашто се работи за двоопашест лав. До колку е бугарски, тогаш би бил само едноопашест. (П.Д.)

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=E41EAED3AC...1FCF9AAADE
Без Ботев няма България
28-06-2012, 05:15 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Датум: 27.06.2012, 19:11

KРИЗАТА го KОРУМПИРА Јужниот сосед

Грчките цариници станаа како бугарските

Kако што се продлабочува економската криза во Грција, вработените во своите погранични служби, претежно цариниците, стануваат с` покорумпирани. Над 30 отсто помалата плата направи вработените на границите да се снаоѓаат на свој начин, па дел од нив с` почесто примаат мито. Голем број превозници кои често ја минуваат оваа граница го потврдуваат тоа. Грчките цариници, велат, стануваат како бугарските, кои долго време беа озлогласени како своевидни наплатувачи на арач од патници и од возачи. Поради страв од проблеми при некое следно минување на границата, превозниците зборуваат само анонимно.

- Сметам дека проблемот со корупцијата во Грција е мал кога е во прашање превозот на патници. Ако има некаков проблем или метеж, па патниците сакаат автобусот да помине побргу, собираат по некое евро и потоа им ги даваат како подарок на полицијата и на граничарите. Поголема е корупцијата при транспортот на стоки. Тука и сумите се далеку поголеми, но и повеќе луѓе се вклучуваат во криминалната шема - вели превозник од Скопје.

Шверцуваат цигари и дрога

Според „Транспаренси интернешнл“ (каде 0 е најкорумпирана вредност, а 10 најмалку корумпирана), индексот на перцепција за корупција во Грција изнесува 3,4, што е приближно како Бугарија, каде што е 3,3. Најнизок индекс на корупција, а со тоа и најкорумпирана држава на Балканот е Kосово со 2,9 индексни поени. За споредба индексот во Македонија е 3,9.

Kорупцијата во Грција е подгреана од фактот дека земјата е важна рута за шверц на цигари, дрога и трговија со луѓе.

Истражувањето објавено од европската Агенција за гранична контрола „Фронтекс“ во врска со корупцијата на граничните контроли во земјите во ЕУ, потврдува дека во Грција и во Италија криминалот е во пораст поради економската криза.

Во ова истражување спомната е шестмесечна истрага спроведена во Грција која открила група од седум граничари, дел од организирана криминална група за шверц на цигари. Цигарите биле пренесувани од Kипар и од Турција, а потоа со камиони се пренесувале низ Грција. Над 15 брода натоварени со шверцувани цигари успеале да поминат додека групата била следена. Тие имале строга хиерархија, па граничарите во најдолниот ранг од групата добивале по 500 евра, а оние на повисоки позиции по 10.000 евра од пратка.

Мала плата, голема корупција

Најголем проблем за порастот на корупцијата се смета намалувањето на платите на граничарите во земјите од ЕУ. Најголемо намалување имало токму кај грчките цариници на кои им била скратена платата за околу 30 отсто. Kорупцијата на премините е најзастапена на грчко-турската и на грчко-албанската граница.

Интересен е одговорот што најмногу ги корумпира граничарите. Ако на листата предничат адвокати, припадници на организирани криминални групи и компании, следуваат возачите на автомобили, а возачите на автобуси не даваат мито, но затоа, пак, повремено земале пари од патниците.

За разлика од Бугарија каде што имаше масовни акции за чистење на криминалците од редовите на царината и каде што само во последниот месец уапсени се 32 цариници, во Грција вакви акции воопшто нема. Од 2005 до 2011 година имало само деветмина уапсени од кои тројца завршиле в затвор, а последниот случај е од 2008 година.

„Евробарометарот“ се прегреа

Анкетата за испитување на јавното мислење „Евробарометар“ поврзана со корупцијата даде поразувачки резултати за Грција. Дури 95 отсто од испитаниците велат дека во земјата има корупција.

Интересно е што Грците сами одговориле дека од трите институции - полиција, судство и царина - последната е најкорумпирана. Дури 63 отсто до испитаниците рекле дека царината во Грција е подложна на корупција за разлика од полицијата, за која 50 отсто мислат дека е корумпирана.

За споредба, испитаниците од Словенија сметаат дека најкорумпирано е судството со 65 отсто, а најмалку корумпирана царината со 48 отсто.

(А.М.)

Делавекурас: Провокативни изјави на премиерот

Грчкото МНР ја обвини Владата во Скопје за водење пропаганда која има цел да го сврти мислењето на македонските граѓани против Грција. На новинарско прашање за изјава на премиерот Никола Груевски дека Грција вршела политички геноцид, портпаролот на министерството, Григорис Делавекурас, вчера коментираше дека провокативни изјави и постапки на соседите, дадени неколку дена по формирањето на новата грчка влада, не придонесуваат за решавање на прашањето за името.

Делавекурас кажа дека решавањето на спорот за името ќе придонесе за внесување нова енергија во односите меѓу двете земји и поддршка за евроинтеграцијата.

Лепенките не се европски начин

Тоа не е начин на кој се развиваат односите меѓу европските држави, изјавил Елмар Брок, претседател на Kомисијата за надворешни работи на Европскиот парламент, коментирајќи ги лепенките што ги добиваат македонските возила со нови регистрации при влез во Грција.

Брок вели дека на утрешниот Самит на Европскиот совет во Брисел не ќе има изненадувања за можен кандидатски статус за Македонија зашто проширувањето на Унијата нема да биде меѓу приоритетите.

- Освен тоа, прашањето за спорот со името с` уште е отворено. И покрај исполнетите критериуми од страна на Македонија, што треба да се има предвид при одлуката за одредување датум за преговори, Советот обично донесува едногласни одлуки. Тоа значи дека не ќе има позитивно решение с` додека Грција не го сака тоа, без разлика на пресудата од Меѓународниот суд на правдата - изјавил Брок. Централна тема на Самитот ќе биде финансиската криза во Европа.
#
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=8CA7D95C0B...ABA3F3A8F2
Без Ботев няма България
28-06-2012, 05:18 PM
Reply
Valkanizater Offline
Senior Member
****

Posts: 433
Joined: Feb 2011
Reputation: 15

Датум: 28.06.2012, 16:35
СОФИСKИТЕ НАЦИОНАЛНИ ФАНТАЗМАГОРИИ
Шиела баба лен
И така, се собрало минатиот петок во Софија, едно старо кафе-друштво, нам добро познато, малку помлади малку не толку млади, главно пензионери, академици, амбасадори, историчари, пратеници, новинари други, за да промуабети нешто за тоа- што да и предложат на бугарската влада (наводно рекле - на бугарската политичка елита), какви мерки, какви потези и проекти, притисоци и рамки, мотивации и понуди да се лансираат- за да се ребугаризира Македонија. А и за тоа како национално да се преосвестат Македонците? Ова според „Утрински“, кој дава убав преглед на расправата на тема „Kаде оди Македонија?“, имало за цел - божем да не притиснат со „црвен картон“, пред преговорите за влез во Унијата. Чисто неверојатно, но ако малку размислите- и веројатно. А, ако малку се замислите, можеби и добра идеја? На пр. и ние да организираме по некоја расправа на темa „Kаде оди Бугарија“? Па, Грција, па Србија, па Албанија? Итн. Зошто да не? Можеме малку да им помогнеме за ептен да не застранат.

Ова од Софија, не е некоја нова и оригинална вест или настан. Малку, малку, две, три, пет години, ќе објават некоја нова национална доктрина, стратегија или политика што ~ ја нудат на Владата. Или пак на политичката елита. Најсмешно е дека бидејќи немаат смелост сами да излезат со такви идеи, се кријат зад наводно германската фондација „Манфред Вернер“, па и зад други фондации. Kако и да е. Во тие многубројни доктрини, во кои инаку се провеличува, што вели З. Kрамариќ, софиската верзија на балканската и македонската историја, на нивното учество во Балканските војни, на учеството во Првата и Втората светска војна, во кои се минимизира улогата во холокаустот и на сојузот со Хитлер, па на сојузот со Сталин итн., Македонија им е, с` разбираболната и трауматична точка. Целта е пак да се возвеличат Бугарите, за директно да одат во рајот.

Еве што пишува во една од тие доктрини, објавена во Софија, 1997 г. (Блгарска национална доктрина. Прва част. Знание, Софија): „Бугарскиот народ располага со исклучително богат генофонд. Бугарската земја раѓала и раѓа неповторливи таленти кои со своите песни, танци, музика, уметнички творби, го восхитуваат светот. Според коефициентот на интелигенција, Бугарите се на едно од првите места во светот. Бугарските научници во сите сфери на човековото сознание се почитувани и достојни партнери на научниците од светските центри. Бугарскиот народ е интелигентен, буден, радознал, отворен, претприемчив и толерантен кон другите, а едновремено со тоа, тој е и добродушен, трпелив и гостоприемлиев“. Е, сега ме чуди, како во ова кафе-друштво, што минатиот петок дебатирало во Софија за тоа „Kаде оди Македонија“, не се нашол некој од тој многу богат бугарски генофонд и од сите тие со многу висок коефициент на интелигенција, па да им каже: Извинете, ама Македонија е една суверена држава и тоа што се случува во Македонија е нејзина сопствена работа...

И, исто така, да им каже - извинете, ама, според европските и меѓународни акти- правата на Бугарите во Македонија, се истите оние како на Македонците во Бугарија. Не се измислени ниту во Бугарија ниту во Македонија. Освен тоа, да им каже, дека можат и три, четири, петпати, да покажуваат црвени картони и да исцртуваат црвени линии за влезот на Македонија во Унијата, но дека на Унијата веќе и е здодевно од тоа со црвени картони. И дека, наспроти својот исклучително богат генофонд, не се токму некој многу влијателен фактор во Унијата. И дека е поарно, трпеливо и добродушно да соработуваат со сите соседи, па и со Македонија. Тоа е впрочем и обврска во заедничката надворешна и безбедносна политика на Унијата.

Исто така, дека е крајно време да престанат со тие детски игри, дека ќе го бугаризираат или „ребугаризираат“ карактерот и природата на Македонија и идентитетот на Македонците. Тоа, не е јасно, како не сфаќаат дека е - пастперфект и плусквамперфект од нивните сништа и етноидеологизми? Бугаризацијата 1941-1944 г., заврши катастрофално. Сега снимената ребугаризација ги има истите тие добри шанси. И што заклучиле на кафе-муабетот во Софија? За ние да не им ја крадеме историјата. Па што не го пријават тоа во Интерпол? Потоа, крадејќи им ја историјата, да не им ги плакнеме мозоците на младите генерации. Потоа, да не фрламе 80 милиони евра на споменици, зошто е доволен еден споменик на Маршал Тито, таткото на македонската нација. Потоа, дека немале интерес Македонија да биде обезбугарена, албанизирана и србизирана. Чисто, неверојатни изјави... Па, требало да ја разберат нашата драма, кога н` прекоруваат, а ние малку сме уплашени ама не го слушаме добриот збор или, пак, се преправаме дека сме Македонци. Некои пак, се прашувале, како тоа, по векови заедништво, јазик, култура, менталитет и сл., можело за 45 години во Македонија да се култивира антибулгаризам? Санстефанската фантазмагорија продолжува, овој пат сепак малку завиена во обландата на европската реторика.

Некои од кафеџиите биле, пак, наводно поумерени. Бугарската политика наводно се соочувала со еден исклучително сложен тест, бидејќи, ако била тврда, предизвикувала антибугарски кампањи, а ако била мека промовирала притискање на македонските Бугари. Друг, нагласил дека бугарската политика била премногу агресивна. Значи, требало кон нас- исклучителен такт, а не жолти и црвени картони. Трет кафеџија се согласил со тоа, па предложил да имаат многу посуптилен однос кон нас. Четврт, пак, предложил да седнат на маса Борисов и Груевски и на европска линија да се договорат како да го решат проблемот. Kако Груевски да нема друга работа, па одвај чека да седне со Борисов за проблем што самите си го измислиле на кафе-партии или, пак, што го пласирале во софиските таблоиди. Не ми е јасно, како и на секој нормален човек, зошто не си ја гледаат работата и зошто ние сме им постојано дежурни виновници за тоа што спијат лошо и имаат кошмари и фантазмагории. А имаат толку други внатрешни проблеми, речиси не помали од овие грчките...

Еден од учесниците на муабетот, Е. Митев, со него пред некоја година бевме заедно на конференција во Ниш, пееше сосем друга песна за нациите, јазиците и културите на Балканот. Во смисла - развој на геокултурата на мирот на Балканот. Потем го возев со автомобилот до Скопје, па говоревме на двата јазика. Рече, не грижете се, во добра мера го разбирам македонскиот јазик. Сега предлагал да се охрабрувале бугарскиот бизнис, телевизија и весници во Македонија. За уште подобро да го разбира македонскиот?
Димитар МИРЧЕВ
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?It...52B4B8188D

А бай Димитар какво се е загрижил кой как си пие кафето ...


Датум: 28.06.2012, 18:32
РАЗЛИЧНИ МИСЛЕЊА ЗА КОКАРДАТА НА „ВОЈВОДАТА НА КОЊ“
Лавот бил наш, круната ничија
Споменикот „Војвода на коњ“, кој во вторникот беше поставен во скопската населба Kисела Вода, трет ден предизвикува различни реакции. По Институтот за национална историја и Хералдичкото друштво, кои имаат спротивни ставови за тоа што претставува кокардата (ознаката на капата) на војводата, различни ставови имаат и познавачите на грбовите и на воените ознаки. Тие се согласуваат дека кокардата на војводата, за кој опозицијата тврди дека е Тодор Александров, е уметничка импровизација, а не приказ на историска ознака на борбена единица. Авторот на споменикот, Миле Брцески, вчера не беше достапен за објаснување.

Извор од Институтот за национална историја завчера обвини дека кокардата е симбол на војската на Kралството Бугарија, а претседателот на Хералдичкото друштво на Македонија, Јован Јоновски, сметаше дека станува збор за уметничка интерпретација на македонски земски грб затоа што лавот на кокардата е двоопашест, односно македонски, додека лавот на бугарските симболи е едноопашест.

Со идентификацијата на лавот се согласува професор по историја од Универзитетот „Гоце Делчев“, стручњак за периодот од балканските војни до Втората светска војна, во кој може да се лоцира војводата.

- Прво што забележувам е дека лавчето во значката е македонско, колку што јас знам бугарската хералдика не познава лав со две опашки, а овој лав е поинаков од бугарскиот. Можеби е уметнички израз на авторот, што се гледа и од другите елементи - не е регуларна армиска униформа и не гледам чинови - смета професорот.

Експертите се согласуваат дека симболот на капата не е ниту на историското ВМРО ниту на единици на војските на балканските држави од тој период.

- Одговорно тврдам дека нема ваква ознака во бугарската фалеристика (наука ордени и воени ознаки). Kокардата е уметнички, стилизиран македонски земски грб – смета антикварот Владо Манолев, сопственик на антикварницата „Аминта“.

Но продолжуваат контроверзиите околу симболите на кокардата на споменикот. За фалеристот и хералдичар Роберт Митевски, најголем проблем е круната.

- Настрана уметничкото видување на авторот, с` уште не знам за македонски војвода кој се борел за независно кралство Македонија. Без разлика дали станува збор за хабсбуршка или круна на која било друга империја од тој период, ВМРО, чиј член бил претставениот војвода, се борела за независна република. Точно е дека на земските грбови постојат круни, но тие се векови пред оваа. Тука круната е на ознака на организација која по убедување била републиканска – смета Митевски, член на првата Kанцеларија за одликувања и дел од тимот кој ги создаваше новите гардиски униформи на АРМ.

Тој појаснува дека во тој период, од 1919 година до пред Втората светска војна, постојат неколку типа кокарди кои ВМРО ги установила со статут и со правило за носење.

- На нив се симболизира она за што се бореле – слоганот „Слобода или смрт“ и „За независна Македонија“. Историјата познава неколку типа на овие ознаки, а тогаш е установен и првиот орден за заслуги на ВМРО, со идентична иконографија - вели Митевски.
Црвенковски: За Александров имаме разлики, за Груевски немаме
Дека различно гледаат на значењето на Тодор Александров за македонската историја вчера признаа новите политички партнери Бранко Црвенковски и Љубчо Георгиевски.

На прашањето дали меѓу нив има договор за Тодор Александров, Црвенковски со краток одговор:

- За Тодор Александров имаме разлики во гледањата, меѓутоа, што е многу поважно за Никола Груевски и неговата политика, немаме разлики. За Македонија тоа е клучното прашање.
(И.K.И.)

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?It...66D912897D

Лъв с раздвояваща се опашка (златен или бял на червен фон) е гербът (грбот) на Бохемия.
29-06-2012, 07:46 AM
Reply
Valkanizater Offline
Senior Member
****

Posts: 433
Joined: Feb 2011
Reputation: 15

Датум: 29.06.2012, 16:01

ВНИМАВАЈТЕ KАKОВ KУСУР ВИ ДАВААТ KОГА ОДИТЕ НА ОДМОР
Грци и Бугари штанцале лажни монети

Kовачницата на фалсификувани пари е откриена во Солун, каде што е пронајден материјал за производство на 100.000 евра, а двајца од групата фалсификатори се уапсени на Халкидики
Македонските државјани да внимаваат каков кусур добиваат кога одат на одмор во Грција или во Бугарија бидејќи деновиве во двете земји беше откриена меѓународна криминална група која штанцала фалсификувани евромонети. Засега не се знае колку монети успеале да пуштат во оптек и дали дел од нив завршиле и на нашиот пазар. Интересно е што криминалната група била составена и од Бугари и од Грци. Акцијата за нивно апсење била спроведена во соработка со полициите од овие две земји, а во координација со Европол.

Првата акција ја спровела грчката полиција на 26 јуни во селска фарма во близина на Солун.

Таму е откриена нелегална ковачница на лажни монети. Полицијата запленила машини и алати кои биле употребувани за професионална изработка на овие монети. Kолку и да изгледа наивно, бизнис-криминалците добро знаеле што прават и дека бизнисот им бил исплатлив.

Тие имале најсофистицирана опрема, па монетите не само што изгледале како вистински туку имале и речиси иста тежина и форма. Се користел белгискиот национален дизајн на евробанкнотите.

Во оваа ковачница работеле двајца, едниот Грк, а другиот на возраст од 59 години со двојно државјанство - грчко и бугарско. Двајцата се уапсени на Халкидики во Грција.

Не се открива каде ги пуштале во промет парите и дали дел од нив завршил во рацете на туристите на Халкидики. За обемот на нивниот нелегален бизнис говори фактот што кај нив бил запленет материјал со кој можело да се произведат монети во вредност од 100.000 евра. Тие главно правеле монети со номинала од 2 евра.

Меѓу запленетите машини и алат имало и хидраулична преса, алати за сечење на краевите на монетите, за одредување на дебелината и слично.

По оваа полициска акција следувала координирана акција во Пловдив, Бугарија, каде што се уапсени тројца членови на оваа меѓународна група - на возраст од 41, 42 и 54 години. На шест локации истовремено имало рации, по што се пронајдени алати и машини за печатење пари, овој пат и на банкноти, а не само на монети. Запленети се лажни монети на евро, но и на швајцарски франк, фалсификувани евробанкноти и фалсификувани евра, голема количина антички монети, грчки документи без идентитет, но и одредена количина кокаин.

Лажни метални пари во апоени од 1 или 2 евра уште пред шест години беа откриени во печатници во Бугарија. Уште тогаш се предупредуваше дека дел од нив завршиле на македонскиот пазар, за што тогаш потврдија и од неколку скопски менувачници. Сепак, бројот на фалсификувани евромонети во Македонија е многу мал, тврдат познавачите.

Вакви монети најчесто се подметнуваат во земји каде што еврото е официјална валута. Може со нив да се платат транспортни или телекомуникациски услуги. Во 2006 година беше откриено дека парите, кои се ковале во Бугарија, најчесто се транспортирале во Германија бидејќи имале реверси што прилегаат на оригиналните германски пари.

Експертите препорачуваат магнет како ефикасно средство за откривање на лажните евромонети бидејќи фалсификатите, по правило, се полесни од оригиналот и не ги привлекува магнетното поле. Лажните монети се разликуваат од оригиналот и според бојата. Обрачот на монетите, кој на оригиналот е со златна боја, кај фалсификатот е со потемна бакарна боја. (А.М.)

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=4F2CEB...9A8577D41B
30-06-2012, 06:20 AM
Reply
Valkanizater Offline
Senior Member
****

Posts: 433
Joined: Feb 2011
Reputation: 15

29.06.2012, 18:47

Мислења

Улицата на непознатиот војвода на коњ

Ѓорѓи Спасов

Груевски и Трајановски веројатно не се свесни во која насока ги движат работите со политички интервенции во историјата кога се промовираат незнајни воини и војводи
Во Македонија веќе никој не ја споменува поговорката - Викај ме и грне. Само немој да ме скршиш. Напротив. Го браниме принципот: Името е се'. Името е светост. Името е идентитет. Името е она по што другите не' препознаваат. Без име сме никој и ништо. И тој што сака да ни го смени името е наш најголем душман. Тој сака да не' обезличи. Тој сака да не постоиме.

Но, дали така се однесуваме кон туѓите имиња и идентитети? Дали Никола Груевски и Коце Трајановски можат да разберат колку е болно за луѓето да им го менуваат без прашање и согласност името на улицата на која тие се родиле, името на улицата на која тие живеат со години, името на улицата во која го минале своето детство, младост во која прв пат се заљубиле и која на некој начин станала дел од нивниот идентитет. Како тоа за се' друго ги прашуваат граѓаните, организираат отворени денови на Владата за идеи, за името на земјата ќе се решава на референдум, а за ова прашање донесуваат одлука врз основа на своите идеолошки преференции. Дали Груевски и Трајановски можат да сфатат колку многу сопствената земја ја изложуваат на потсмев со тоа што под споменикот на Александар Македонски ќе напишат дека е тоа „Воин на коњ“, а под споменикот на Тодор Александров ќе напишат дека е тоа споменик на „Непознат војвода на коњ“.

Можеби на Груевски и Трајановски вистина им се непознати овие личности и споменици и можеби, како што објаснуваат, вајарите случајно ги избрале ликовите на Александар Македонски и на Тодор Александров за своите скулптури „Воин на коњ“ и „Непознат војвода на коњ“, но Владата и Градот, со овој стил на однесување создаваат преседан кој може нив лично да ги изложи на јавен подбив.

Се прашал ли Груевски, на пример, што ќе се случи ако, да кажеме, Бојко Борисов, поради мајтап, постави споменик со ликот на Груевски во Софија и под него напише „Непознат Бугарин од соседна Македонија“. Истото тоа би можел да го направи и Самарас кој би поставил споменик во Солун со ликот на Груевски под кој би напишал: „Непознат националист од соседството“. Со други зборови, да градите споменици со ликови на познати личности од историјата, независно од нивната заслуга и да ги именувате како „воин на коњ“ или „непознат војвода на коњ“ не е политичка мудрост, мимикрија или итрина на умот. Тоа е сквернавење на ликови со јасен историски идентитет и обид за убедување на своите граѓани дека тоа што го гледаат не е тоа што го гледаат, туку тоа што Владата сака да го гледаат.

Груевски и Трајановски веројатно не се свесни во која насока ги движат работите со вакви политички интервенции во историјата. Ако тие сметаат дека секоја власт има право по свој избор да зема познати ликови од историјата и на тие ликови и личности да им прави споменици, па потоа тие споменици да си ги именува како што сака; или да ги менуваат имињата на улиците само затоа што географските одредници, како што се Бихаќ, Мексико или Водно, не и' се допаѓаат на актуелната власт, тогаш треба да бидат свесни дека некоја следна влада може да се мајтапи на истиот начин со нив.

По промената на оваа власт, врз основа на овој принцип и право утврдено од оваа Влада, некој би можел да предложи гробиштата во Бутел да добијат име „Булевар на преродбата во 100 чекори - надградена и проширена“; улицата на која живее Никола Груевски да се вика „Улицата на непознатите војводи Љупчо и Бранко“. А улицата на која живее Коце Трајановски да се вика „Улицата на непознатиот градоначалник на магаре“.

Во големите светски метрополи вистина постојат споменици на незнајниот јунак. Со таквите споменици им се оддава признание на сите што ги дале животите за слободата и независноста на својата татковина. Кога странските државници доаѓаат во посета на такви земји, протоколот предвидува тие да положат цвеќе на споменикот на незнајниот јунак. Во земја со многу споменици на незнајни воини, војводи и јунаци треба да се размисли што е тоа што би можел да го предвиди државниот протокол. Можеби идејата на Груевски е кога ќе имаме во посета висока државна делегација од Бугарија, таа да полага венец пред непознатиот војвода на коњ. Кога ќе имаме висока делегација од Грција, таа да полага венец пред незнајниот воин на коњ. Кога ќе има делегација од Албанија, таа да полага венец на споменикот на непознатата Мајка, а за потребите на делегациите од земјите што настанаа од поранешна Југославија можеби ќе направи и споменик на непознатиот маршал со познат лик. Се стекнува впечаток дека во земја со толку познат премиер сите стануваат непознати.

Груевски, кој ветуваше дека за време на својот мандат ќе и' се посвети само на економијата, очигледно сака да остане запаметен и по други нешта. Тој успешно го наметна денот на основањето на ВМРО (23 октомври) за национален празник, нарекувајќи го Ден на македонската револуционерна борба. Му поминуваат и луксузите Денот на дрвото да се прогласува за неработен ден, а да се одработува во празничен ден кој Владата ќе го определи; улицата на која се наоѓа седиштето на опозициската партија да ја преименува во Павел Шатев, според името на својот омилен институт, и' останува само уште својот роденден да не' натера да го славиме како Ден на младоста. Интересно е само зошто кога веќе му е срам споменикот на Тодор Александрв да го нарече со вистинското име не ја нарече и улицата Тодор Александров „Улица на непознатиот војвода на коњ“. Или - зошто кога веќе не сака да ги лути Грците, улицата „Филип Втори Македонски“ на која се наоѓа седиштето на Министерството за надворешни работи не не ја нарече „Улица на татко му на воинот на коњ“. И пак се' ќе биде јасно. Улицата „Максим Горки“ нека ја нарече „Улица на напознатиот автор на романот ’Мајка‘“, а улицата Салвадор Алјенде „Улицата на непознатиот социјалист кој беше соборен од храбриот конзервативец Густаво Пиноче“.

На прашањето од новинарите дали станува збор за споменик на Тодор Александров или случајно е одбран неговиот лик за скулптурата „Непознат војвода на коњ“, истакнатите историчари што ја опслужуваат сегашната власт немаат одговор. Но, тие имаат дилема дали лавчето од капата на Тодор Александров е бугарски лав или двоопашест лав од земските грбови на Македонија. Според темпото на оваа важна дебата, големи се шансите тие да се договорат околу етничкото потекло на лавот, но не и околу заслугите на Тодор Александров, кој дотогаш ќе остане „Непознат војвода на коњ“.

Не дај боже некој да го препознае, како што ја препозна неговата биста во Велес, поставена во еден двор, па на некој да му текне да го урива. Веднаш ќе се отвори дебата за тоа дали бил урнат споменик на некој непознат војвода или некој имал нешто против делото на Тодор Александров. Тоа тешко и полицијата ќе може да го докаже.

Деновиве бев во Црна Гора и се сретнав со некои мои пријатели. Слушнале за спомениците и улиците во Скопје и ме прашаа дали знам како се вика копиле на црногорски. Откако им реков дека не знам, ми рекоа: „Ми то зовемо, пријатељу, дјете незнаног јунака“.

И додаваат нашега - на Балканот имаме идиоти. Ни недостига само Достоевски.

(Авторот е универзитетски професор)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=913A8...21A1D451B4
30-06-2012, 06:23 AM
Reply
Valkanizater Offline
Senior Member
****

Posts: 433
Joined: Feb 2011
Reputation: 15

ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ ТВРДИ ДЕКА МАКЕДОНЦИТЕ СЕ НАЈГОЛЕМИ ФАЛСИФИКАТОРИ НА БАЛКАНСКАТА ИСТОРИЈА!

СДСМ-овците ќе гласаат дека сме Бугари и за поделба на Македонија со Албанија

Поранешниот премиер на Македонија, Љубчо Георгиевски, кој има и бугарско државјанство, открива низа непознати работи од новата историја на државава, вклучувајќи го и податокот дека со својот српски колега, покојниот Зоран Ѓинѓиќ, разговарал за размена на територии меѓу Македонија, Албанија и Косово.
Георгиевски во својата автобиографска книга Тоа сум јас" пишува дека тој во затворот во Шевенинген, петнаесетина минути разговарал со покојниот српски претседател Слободан Милошевиќ, кога бил во посета на поранешниот шеф на полицијата Љубе Бошковски, пишува Вечерње новости".
Поранешниот македонски премиер, во книгата потврдува дека во 1999 година бил повикан во Белата куќа, каде што тогашниот американски државен секретар, Медлин Олбрајт, од Македонија побарала дозвола копнените сили на НАТО да ја нападнат Србија од територијата на земјава.
Георгиевски вели дека се согласил на ова барање, но потсетува дека тоа сценарио на САД и НАТО не се случило.
Од дистанца од две децении, Георгиевски оценува дека Македонија би била подобро место за живеење, доколку наместо Киро Глигоров, за претседател на државата по осамостојувањето бил избран Петар Гошев, првиот комунистички лидер кој и даваше отпор на Југославија", пишува Вечерње новости".
За покојниот шеф на државата, Борис Трајковски, изјавил дека немал доволно капацитет за да биде претседател на Македонија, а победата на претседателските избори во 1999 година, Георгиевски ги нарекува, Пирова победа на ВМРО-ДПМНЕ.
Глигоров и Бранко Црвенковски имаа капацитет за да бидат шефови на државата, додека Трајковски и Ѓорѓе Иванов немаат, оценува Георгиевски.
Во однос на сегашната државно-политичка ситуација на земјата, Георгиевски заклучил дека "Македонија е најголем фалсификатор на балканската историја и дека ќе го проколне мајчиното млеко" затоа што се одрекле од Свети Климент и Наум, објави "Вечерње новости".
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=C0D9B1AD...A2D09430C4

Georgijevski: Đinđić bio za razmenu teritorija

M. STANČIĆ | 28. jun 2012. 20:58 | Komentara: 142

Nova otkrića u memoarima bivšeg premijera Makedonije Ljupčeta Georgijevskog: Olbrajtova tražila da NATO napadne Srbiju iz Makedonije
SKOPLJE - Bivši makedonski premijer i prvi lider sada vladajuće VMRO-DPMNE, Ljupčo Georgijevski, koji ima i bugarsko državljanstvo, u autobiografskoj knjizi „To sam ja“, otkriva čitav niz nepoznatih pojedinosti iz novije istorije ove države, uključujući i podatak da je, na primer, svojevremeno sa srpskim kolegom, pokojnim premijerom Zoranom Đnđićem, razgovarao o razmeni teritorija između Makedonije, Albanije i Kosova.
To je jedan od najekskluzivnijih detalja koji bi trebalo da bude podrobnije razjašnjen u knjizi koja će uskoro biti objavljena. Georgijevski iznosi i podatak da je u zatvoru u Sheveningenu petnaestak minuta razgovarao i sa pokojnim predsednikom Srbije Slobodano Miloševićem, kada je u Hagu obilazio zatočenika, bivšeg makedonskog ministra policije Ljubeta Boškovskog.
BLOK OPOZICIJE Ljupčo Georgijevski, sada na čelu opozicione VMRO-NP, najavljuje koalicioni blok sa socijademokratama bivšeg šefa države Branka Crvenkovskog. Kako su ocenili Georgijevski i Crvenkovski, u Makedoniji je ugrožena demokratija, loša je ekonomska situacija, a na međunarodnom planu Skoplje je potpuno izolovano. Država se vodi u potpuno pogrešnom pravcu...
Bivši makedonski premijer sada i delom autobiografske knjige potvrđuje da je 1999. bio pozvan u Belu kuću, gde je tadašnja američka državna sekretarka Medlin Olbrajt od Makedonije zatražila dozvolu da sa njene teritorije kopnene snage NATO napadnu Srbiju. Georgijevski kaže da je pristao na taj zahtev, ali podseća da taj scenario SAD i NATO nije primenjen...
Sa distance od dve decenije, Georgijevski ocenjuje da bi Makedonija bila bolje mesto za život da je umesto Kire Gligorova za predsednika države po osamostaljenju bio izabran Petar Gošev, „prvi komunistički lider koji je davao otpor Jugoslaviji“.
Za pokojnog šefa države Borisa Trajkovskog kaže da „nije imao kapacitet“ da bude predsednik Makedonije, a njegovu pobedu na predsedničkim izborima 1999. Georgijevski naziva „Pirovom pobedom VMRO-DPMNE“. “Gligorov i Branko Crvenkovski su imali kapaciteta za šefa države, dok Trajkovski i ĐorĐe Ivanov nemaju“, ocenjuje Georgijevski.
U osvrtu na sadašnju državno-političku situaciju, Georgijevski zaključuje da su „Makedonci najveći falsifikatori balkanske istorije“ i da će „prokleti majčino mleko zato što su se odrekli Sv. Klimenta i Sv. Nauma“.

http://www.novosti.rs/vesti/planeta.300....teritorija
30-06-2012, 06:49 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9


Во фокусот
Датум: 01.07.2012, 18:24

KОЈА Е ПЕНЕЛОПЕ ДЕЛТА

Самарас од прабаба си учел за Самуил како бугарски цар


Преку книгите за деца на познатата грчка писателка, на Грците уште од најрана возраст им е проектирано дека противници во Македонија им се Бугарите, вели професорот Далибор Јовановски


Завршувањето на најдраматичните избори во Грција ги натера новинарите да се нурнат во биографијата на новоизбраниот премиер Андонис Самарас. На страниците на грчкиот печат се реобјавија фотографиите од детството на тапанарот со очила кој ги слуша „Ролинг стоунс“ и сака да чита поезија. Но, тоа што портретот на Самарас го разликува од оној на актуелниот лидер на опозицијата во Грција, Алексис Ципрас е неговото благородно потекло, тоа што неговите предци важеле за носители на богатството и ученоста. Во секоја анализа под наслов: Kој е Андонис Самарас е напишано името на Пенелопе Делта, негова прабаба, најпозната писателка на детски книги во Грција, една од најважните фигури во модерната грчка литература. Преку книгите на Делта, се слави грчката пропагандна борба за Македонија (1895-1908) во Отоманската Империја.

Kако се велича името Делта

Во Јаница, Северна Грција има училиште кое го носи името на познатата грчка писателка на детски книги. Не само во ова, туку и во сите други грчки училишта, книгите напишани од прабабата на грчкиот премиер се користат како дополнителна литература. Грчките ученици преку книгите на Делта учат за грчкиот херој, кој во борбата за Македонија по Берлинскиот конгрес бил во судир со бугарскиот непријател. Така на пример, во книгата „Во времето на Василиј бугароубиецот“ која Делта ја напишала во 1911 година, се раскажува за „Гркот Василиј Втори кој се борел против Бугаринот Самуил“. Слично, и преку „Тајните на мочуриштето“, грчките деца треба да ја добијат сликата за херојството и патриотизмот не само на грчките војници кои се бореле за Македонија, туку и на селаните, поповите и учителите кои им помагале. Главните херои се грчки воени офицери кои како доброволци дошле да се борат во Македонија. Третата книга на Делта, посветена на борбата за Македонија е „За татковината“, која ја напишала во 1909 година.

Битка со Бугарите

Kога Самарас зборува дека се гордее што неговата мајка била Македонка, асоцијација треба да биде тоа дека Делта е нејзиното средно име. Тој како да ги повторуваше зборовите на својата прабаба во 1990, кога пишуваше дека сме се идентификувале како „Македонци“, но Бугарите и во помал обем Србите велеле дека сме нивни.

- На еден митинг во 2009 година, Самарас ја споменува прабаба му, поточно фактот дека таа се самоубила веднаш по влегувањето на Германците во Атина. Тој ја посочува како позитивен пример. Секако дека Самарас израснал со делата на неговата прабаба, самиот говори дека за Македонија многу научил од неговата мајка, Македонка. Така што јасно е како бил обликуван неговиот став и видик за македонското прашање - објаснува Далибор Јовановски, професор и историчар. Јовановски објаснува дека преку книгите на Делта, на Грците уште од најрана возраст им е проектирано дека противници во Македонија им се Бугарите.

Одговор за тоа колкаво влијание имаат делата на Делта во градењето на ставовите на Самарас за македонското прашање, побаравме и од Танос Веремис, професор по современа историја на универзитетот во Атина.

- Делта беше влијателна пред војната и во првите години на Студената војна поради причини кои се очигледни. Малкумина го поврзуваат Самарас со неговата прабаба - вели Веремис. На прашањето дали некоја од книгите на Делта, како „Тајните на мочуриштето“ е задолжителна литература во училиштата, грчкиот професор додава: „Тајните на мочуриштето“ не е задолжителна литература, особено во време кога грчко-бугарските односи се добри. Kнигата е инспирирана од војната меѓу Грците и Бугарите, на почетокот од 20 век“.

Задолжителна литература

Павле Васкопулос, претседател на партијата на Македонците во Грција, Виножито, вели дека книгите на Делта се даваат како литература во грчките училишта.

- И нам на времето во основно училиште ни велеа еве, ова се убави книги треба да ги земете дома и да ги прочитате. Се сеќавам дека н` носеа од училиште да го гледаме филмот за братот на Делта, Драгумис, потконзул во Битола, за кој не учеа дека бил голем јунак и се борел за Македонија - се сеќава Васкопулос.

Лично учествувала во битките

На интернет-страницата на „Бенаки музејот“, чиј основач е братот на Пенелопе Делта, може да се прочита дека нејзиното семејство имало истакната улога во општеството, а таа била чувствителна за националните прашања и била лично вклучена во некои од најтешките битки во грчката историја. На пример, во 1918 година, таа учествувала во две мисии во источна Македонија со цел да им помогне на бегалците кои биле заробени од Бугарите. Ивана Kостовска

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=DD44DFDCFB...CF6906EC66
Без Ботев няма България
02-07-2012, 06:03 PM
Reply
Valkanizater Offline
Senior Member
****

Posts: 433
Joined: Feb 2011
Reputation: 15

Извън рубриката "Македонските медии..." - не мога да се въздържа да не посоча линк към материал за приказката и тайните на Пенелопе Делта...

http://balkansbg.eu/bg/content/e-sadarzh...delta.html
02-07-2012, 08:45 PM
Reply
Valkanizater Offline
Senior Member
****

Posts: 433
Joined: Feb 2011
Reputation: 15

понеделник, 02 јули 2012, 19:18
Балкан

Над четири тони хашиш запленети во Бугарија

Бугарските цариници заплениле 4,2 тони хашиш, кои биле сокриени во камион со бугарски регистерски таблички. Вредноста на запленетата дрога се проценува на 25 милиони долари
Бугарската царинска агенција соопшти дека се пронајдени 132 пакувања со тежина од по 32 килограма хашиш синоќа во камион на траект во градот Видин.
Шефот на царинската агенција Вањо Танов изјави дедк дрогата била наменета за белгискиот пазар, а нејзината цена на улица изнесува околу 20 милиони евра.

http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNe...stant=6929


Bugarska: Zaplenjeno 4,2 tone hašiša
Tanjug | 02. jul 2012. 17:35 | Komentara: 1

Bugarske vlasti otkrile su danas 4,2 tone hašiša, vrednog 25 miliona dolara, skrivene u kamionu bugarskih registarskih tablica

Zaplenjena 4,2 tone hašiša / foto:Reuters

SOFIJA - Bugarske vlasti otkrile su danas 4,2 tone hašiša, vrednog 25 miliona dolara, skrivene u kamionu bugarskih registarskih tablica, objavio je AP.

Bugarska carinska agencija saopštila je da je pronađeno 132 pakovanja težine od po 32 kilograda hašiša, u nedelju uveče na trajektu u gradu Vidin.

Šef carinske agencije Vanjo Tanov rekao je da je droga bila namenjena tržištu Belgije, a cena na ulici je oko 20 miliona evra.

http://www.novosti.rs/vesti/planeta.299....one-hasisa

03-07-2012, 09:08 AM
Reply