Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Синдикатите ја прозваа бугарската директорка Ирина Бокова

"Генералниот директор и земјите-членки бараат од нас да направиме повеќе со помалку: ајде да побараме од нив да направат повеќе со помалку политика!", се вели во соопштението од двата синдикати на вработените во УНЕСКО, до кои ексклузивно дојде ВЕЧЕР, кој единствен на светско ниво пишуваше за можниот штрајк во УНЕСКО


Во УНЕСКО врие како во кошница. Генералниот директор, Бугарката Ирина Бокова, е прозвана од двата синдикати на вработените од УНЕСКО, со остри зборови:
"Генералниот директор и земјите-членки бараат од нас да направиме повеќе со помалку: ајде да побараме од нив да направат повеќе со помалку политика!", се вели во соопштението од двата синдикати до кои ексклузивно дојде ВЕЧЕР, кој единствен на светско ниво пишуваше за можниот штрајк на вработените во УНЕСКО. Да потсетиме: по зачленувањето на Палестина во УНЕСКО, САД и Канада не согласувајќи се со одлуката експресно ги повлекоа нивните пари од светската организација која сега се соочува со буџет помал за речиси четвртина од вкупните пари.

Бокова, пак, претходно презентираше стратегија поради моменталните финансиски ресурси, на 189-та седница на Извршниот одбор, што се одржува во Париз од 27 февруари до 10 овој месец. Во неа, Бокова препорачува децентрализација на одредени активности, поддршка од донатори, па дури и потпирање на новите информациски и комуникациски технологии.

Сепак револтот на вработените е голем. Вечер вчера објави дека една од причините која се наведува се и договорите за работа кои немаат важност поголема од три месеци?!
Инаку, во гласањето "за" и "против" членство на Палестина во УНЕСКО, коешто се случи на 31 октомври минатата година во седиштето на оваа организација во Париз, Македонија заедно со уште 51 земја гласаше воздржано.

Објаснувањето на САД за повлекување на средствата е дека било какво признавање на суверенитетот на Палестина ќе влијае негативно на преговорите со Израел. Два американски закони од '90-тите години дури забрануваат финансирање на специјализираните агенции на Обединетите нации кои ќе ја примат Палестина како полноправна членка без претходниот мировен договор со Израел.

Рускиот делегат Генадиј Гатаилов, пак, тогаш истакна дека за Русија признавањето на Палестина не претставува проблем, и дека зачленувањето во УНЕСКО треба да помине без политизација. Тој истакна дека само со преговорите може да дојде до создавање на вистинска, територијално целосна палестинска држава која безбедно ќе живее покрај Израел и другите земји од регионот.
Гласањето во УНЕСКО всушност е и првиот чекор на патот на Палестина кон нејзино полноправно влегување во сите агенции на Обединетите нации.

(Де.Т-Д.Т)

http://vecer.com.mk/?ItemID=261ED42AAD7E...73F7518DD3
Без Ботев няма България
09-03-2012, 06:30 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

ПОНЕДЕЛНИЧКИ


Малком Икс


Пишува: Драган П. ЛАТАС


Поголема група Албанци, во Автокоманда (Чаир, Маџари, Тетово, Куманово, Синѓелиќ...), претепале Македонци. Без конкретна причина.

Ова е типична вест. Особено од кога е Мендух Тачи во опозиција. Заедно со најблискиот албански соработник на СДСМ, Руфи Османи. Тој е оној истиот Руфи Османи кого, токму СДСМ и Црвенковски, го влечеа врзан низ полициските станици, кога го симнаа од градоначалник на Гостивар.

Зошто Руфи Османи сега ја бацува раката што го тепала? За власт!

Зачестија претепувања на Македонци од страна на млади Албанци. Албанциве се, редовно, во група. Лузери кои, сами по себе, не вредат за ништо. Во група, вооружени најмалку со ножеви и шипки, за да претепаат подобри, попаметни и поспособни од себе. Одмазда за својата немоќ.

Да, тоа е. Тачи и Руфи Османи не можат да победат на избори, и добијат власт по редовен пат. Тоа не го може ни СДСМ, со Црвенковски.

Одат на инциденти и тензии. На доказ дека Али Ахмети нема контрола врз Албанците. Дека се тие незадоволни од ДУИ, и затоа правдата ја земаат во свои, изворно албански раце. Патем, дека ВМРО и Груевски не можат да ги заштитат Македонците од чопоративното дивеење на Албанците.
Кога Тачи, Руфи и Бранко би биле власт, се би се смирило.

Гнидата Геровски, и Фокус, веќе типуваат дека сево ова личело на 2001 година. Само се чека војна, и коалициона влада со Бранко. Пичките како Геро, Најчевска, Милчин, Артан Груби... се јавуваат само кога некој Албанец е тепан, или навреден. Македонците не се нивна тема.
Ова е веќе видено, во Америка на пример. Дивјаците на црнечкиот лидер Малколм Икс, редовно надувани и во група, беснееја, тепаа и кршеа. Отпрво низ Харлем и Бронкс, а потоа и наоколу. Се одговараше со полициска бруталност врз црнците, но тоа не даде резултат.

Шефовите на тепачите имаа разработени шеми со полицијата. Нема да тепаме и кршиме, ако ни дозволите да дилуваме дрога, продаваме роба на црно, и тераме проституција. Фактички, црнците по улици не се тепаа за човечки права и идеали, туку за нивните квазиполитичари и уличните криминалци. За нивна моќ со која тие, потоа, располагаат за свои потреби.

Цената за тоа се плати. Со децении, најголем процент на дилери, наркомани, проституција... вирееше од црнечките квартови. Белците ги залечуваа раните од тепањата, учеа школи, играа спортови, читаа книги и ја држеа власта во Америка. За сето тоа време ниту еден успешен деловен човек, научник или уметник во Америка не беше црнец. Освен по исклучок.

Децении потоа, адвокатот Обама стана американски претседател. Тоа е финале на еден тежок, долг и мачен пат далеку од патеките на Малколм Икс. Доказ дека Америка нема ништо против црнците. Но, има многу што против следбениците на силеџијата Малколм Икс, кои немаат иднина.
Разговарав, за ова, со еден функционер на ДПА. Ми одговори: Па да не дојдоа ДУИ на власт поинаку. Ние кога бевме во влада со Љубчо, тие пукаа и земаа власт, а нас не отераа во опозиција... не ги тераме ние да тепаат, ама ако им дадеш правец после работите сами си тераат по свое.

Ова е голем проблем на албанската политика. Со децении, генерации се одгледувани на гнев и омраза кон секого наоколу: кон Срби, кон Македонци, Роми, кон Грци, Турци... колку Турци има денес во Призрен, а колку ги имаше пред отцепувањето на Косово? Генерации кои не се мотивирани на работа и школо, туку на гнев и тепање, како влог за сопствената моќ и иднина.
Има ли барем село, на целиот Балкан, во кое биле Албанци протерани, а не се вратиле. Нема. Колку села, а и градови, има од кои Албанци протерале, а не се вратиле Македонци, Срби, Роми, Турци... Стотици села.

Тоа е опасна политика. Опасна и за сопствениот народ.
Дегенеративна. Функционира во време на насилства, но во мирни времиња ја убива нацијата од внатре. Колку лекари, колку професори, инженери или уметници од македонските Албанци значат нешто, денес, во ова општество. Ако не се божемните дипломи од тетовскиот универзитет, и вработувањата на сила по етнички клуч... колку лекари, инженери, професори или уметници денес навистина би ги добиле своите работни места и функции. Малкумина. Тоа е тежок проблем за албанската нација.

Зошто Албанците во Скопје се непожелни во дискотеки, кафеани, на стадиони... зошто Македонците ги одбегнуваат, плашејќи се од нив, и не се добредојдени како Турците, Грците, Бугарите, Ромите, Власите, Србите...

Одговорите за ова се кај албанските политички лидери. Тешко им е да признаат одговорност за уништување на сопствената нација. Крив им е друг.
Тешко им е да одговорат затоа што, со децении, поттикнуваа насилства, гнев и омраза кај своите - врз која тие градеа територии, кариери, богатства. И сето тоа остана во посед кај мала албанска елита. Неказнето.

Гневот, насилствата и омразата им ја оставија на нивните жртви.
Нивните жртви, генерации млади луѓе, во меѓувреме, пораснаа. Немаат школо, изолирани се во општеството, не знаат да работат, немаат веќе против кого да пукаат, и за што да тепаат... И тераат по старо. По инерција. Во мирно време стануваат средновековни ликови, надвор од времето.

Им бараат ново поле за празнење. Не ги тепаат Македонците само во Чаир, Тетово или Сарај, него сега тепаат и во Центар, Ѓорче, Кисела Вода...

Нивните политички јунаци се силеџии. Но, тие силеџии не се јунаци. Друг им го ослободи Косово, и ги спасуваше со автобуси од Арачиново.

Македонците не раснеа на омраза и гнев. Не носат ножеви во школо. Пораснаа на книги, спорт, фејсбук... никој нема причина да се плаши од нив. И тоа ја создава причината да се плашат, и дистанцираат од Албанците.

Оној од кој се плашиш, тој и го мразиш.
Зошто нема Албанци во уметноста. Во науката. Или во спортот. Затоа што таму не се успева со гнев, омраза и пиштоли на готовс.

Со која генерација Албанците во Македонија ќе градат општество?
Имаат ли албанските политичари решение за толку многу омраза што, со децении, ја собираа кон себе од сите на Балканот. Имаат ли?



За тая въшка днес съм бил добродойден Icon_razz
И когато се говори за сите на Балканот мене да ме изключат от сметката. Аз не ги мразя албанците.
Без Ботев няма България
12-03-2012, 07:22 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

В последно време покрай между етническите тензии България беше ставе на позаден план ама отвреме на време на някои журналисти им идва отвътре просто Icon_razz

Тачи и Тачи на линија на Атина и Софија


Тезата дека Македонија е вештачка творба речиси секојдневно ја пласираат грчките и бугарските политичари, но аналитичарите се поделени во ставовите дали Тачи со таа изјава работи против македонките интереси или, пак, повторно создава терен за нов политички договор на ДПА за внатрешно преуредување на Македонија


Ставовите на лидерот на ДПА, Мендух Тачи, ~ одат во полза на грчката политика кон Македонија околу проблемот за името, а неговите пораки првенствено се насочени кон косовската, а потоа кон домашната политика. Ова се дел од оценките на политичките аналитичари за изјавите на Тачи дека Македонија е вештачка, односно експериментална држава и оти го поддржува косовскиот премиер Хашим Тачи дека подобро е Албанците да живеат во една држава, ако дојде до промена на границите.

Според аналитичарите, изјавите на лидерот на ДПА ~ штетат на државата во регионален и поширок контекст зашто Македонија ја претставува како темпирана бомба во пресрет на самитот на НАТО во Чикаго. Тезата дека Македонија е вештачка творба постојано ја пласираат грчките и бугарските политичари. Но коментарите се поделени околу тоа дали Тачи со таа изјава работи против македонските интереси или, пак, повторно создава терен за нов политички договор на ДПА за внатрешно преуредување на Македонија.

Универзитетскиот професор Јован Донев оценува дека најголемиот проблем што го има Македонија - прашањето за името треба да се гледа во регионален контекст, а не изолирано. - Изјавите на Тачи уште од самитот во Букурешт кореспондираат со ставовите на грчките политичари. Така што, нема ништо чудно и изненадувачко ни во последната негова изјава. Тачи и некои аналитичари-Албанци континуирано имаат вазалски чувства кон Kосово и во интерес им е косовската политика, а не интересите на Македонија - смета Донев.

Интервјуто на Мендух Тачи за албанската телевизија „Ора вести“ предизвика жестоки реакции кај нас, особено изјавите дека Македонија е вештачка држава, Македонците се пофашизоидни кон Албанците од пред 20 години, како и неговиот став дека изјавата на Хашим Тачи е фер, историски сон и желба што доаѓа од срцето. Оценките на аналитичарите одат од тоа дека не е првпат Тачи да игра на картата на радикализација, но и дека тој само конзистентно ги промовира политиките на ДПА.

Аналитичарот Ибрахим Мехмети вели дека на лидерот на ДПА како политичар, должност му е да објасни што мислел со таквите ставови. Според него, очигледно е дека во регионот се создава атмосфера на исчекување дека нешто ќе се случи и оти станува збор за вербална превласт кој ќе биде поголемиот прогнозер за тоа што ќе се случи.

- Таквите изјави се несериозни и не вреди да се анализираат. Македонија и секоја друга држава е реална колку што нејзините граѓани се подготвени да ги градат институциите и нејзините позиции во регионот и пошироко. Не може да се зборува за вештачка држава, оти ниедна држава не е природна - од бога дадена, туку сите се правени со договор, од луѓето за луѓето. Таквата теза е неодржлива за која било држава. Македонија може да не е доволно кохезивна, но неодржлива е тезата дека е вештачка творба - вели Мехмети.

Лидерот на ДПА повеќепати ја бранувал македонската јавност, особено кога е во опозиција. Така, по неодамнешните инциденти, тој побара интервенција од Kосово и од Албанија „за да ги спасат Албанците од репресиите во Македонија“, а претходно побара Албанија да стави вето на македонското членство во алијансата. Прогнозираше распад на државата ако и натаму продолжи политиката на потценување на Албанците. Рамковниот договор го прогласи за мртов зашто не бил спроведен според предвиденото до 2004 година и поради неговите девијации, и на албанскиот и на македонскиот политички блок им понуди нов договор за уредувањето и функционирањето на државата.

Токму во новиот договор што упорно го нуди Тачи треба да се бара и поентата на неговата изјава дека Македонија е вештачка држава, смета универзитетската професорка Билјана Ванковска.

- Тачи не може да се доведе во врска со негирањето што го имаме од Грција и од Бугарија. Тие тврдат дека сме вештачка нација за да ни го оспорат името и идентитетот. Тој донекаде има право кога вели дека сме држава - експеримент, оти Рамковниот договор беше наметнато решение кое не произлезе од општествената потреба. Но, во ниту еден случај не може да се доведе во прашање континуитетот и постоењето на Македонија. Впрочем, Македонија е членка на ОН. Тачи не го оспорува постоењето на македонската нација, туку неодржливоста на вака уредената македонска држава - вели Ванковска.

Според неа, изјавите на Мендух и на Хашим Тачи се пораки кои само покажуваат дека Балканот живее како систем на поврзани садови. Таа смета дека пораките на Хашим Тачи се упатени до меѓународната заедница и до Белград како предупредување да не дојде до поделба на Kосово.

- Она што сериозно загрижува е кревкоста на меѓуетничките односи во Македонија, кои создаваат клима за опстојување на ваква недемократска опозиција, која во радикализацијата гледа своја шанса за доаѓање на власт. Најлошото сценарио за Македонија го гледам во намерно создавање слика на „темпирана бомба“, т.е. држава која не треба да се асоцира брзо во НАТО или ЕУ, но и во подгревање клима за редефинирање на внатрешното уредување на државата, со надеж дека од унитарна, државата ќе се прекрои во федеративна - вели Ванковска.

мариела траЈковска

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=C3C3C6B5A5...599B972E60
Без Ботев няма България
20-03-2012, 06:05 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Образовен закон на радост на Грците и на Бугарите

За некое време, кога ќе стапи во сила изменетиот закон за учебници, слободно можете да ја оспорите лекцијата во која пишува за Дарвиновата теорија за настанокот на човекот, ако таа ве навредува, се разбира. Може да се случи по таа ваша иницијатива тој учебник да се повлече од употреба



Историјата е наука за мртвите што ги мачи живите. Но е наука што се заснова на факти. Затоа е недозволиво „по потреба“ од учебниците да се бришат делови, настани, податоци што некого навредуваат, а камоли, пак, поради истата причина да се повлече учебник од употреба. Небаре го решивме проблемот со многубројните бисери во нив, направени од авторите и рецензентите, кои дозволиле тие да пројдат, па сега ни се дава и можност да читаме и да видиме што нѐ навредува и тоа да го пријавиме во Министерството за образование и наука.

За некое време, кога ќе стапи во сила изменетиот закон за учебници, слободно можете да ја оспорите лекцијата во која пишува за Дарвиновата теорија за настанокот на човекот, ако таа ве навредува, се разбира. Во некоја фантастична варијанта, може да се случи по таа ваша иницијатива тој учебник да се повлече од употреба.

Токму така излегува. Вака, како што се поставени, слободно може да се толкуваат измените на законот за учебници, со кои се дава можност учебник да се повлече од употреба ако има навредлива материја за историјата, културата и другите вредности за кој било народ или уставно кажано, за која било етничка заедница во земјава. Има општа процедура за повлекување учебник, но никој не кажува дали посебна комисија ќе одлучува за прашањата што навредуваат некого. Не се знае дали навредените може да реагираат индивидуално, преку здруженија, како група граѓани? И конечно, што е навреда? Колкава треба да биде навредата, за таа да биде одлучувачка дали некој учебник треба да се повлече или не?

Во постојниот закон веќе е предвидена општа постапка за повлекување учебник – тоа го прави седумчлена комисија, составена од по двајца членови на Националната комисија за учебници и педагошката служба. Но дали и за оваа специфична проблематика може да решава истата комисија? Или, пак, одлуката на крајот, сепак, ќе биде политичка, а не стручна, со оглед на тоа што министерот, кој е политичка фигура, решава за судбината на учебниците?

Токму поради сите овие прашања што „висат“, поради недореченостите во законот, се остава можност секој да се најде навреден и да реагира. А примери можеме да редиме до бескрај. Да кажеме, турското малцинство во Македонија можеби ќе се навреди од лекциите во кои се пишува за комитите, за злосторствата на османската војска, особено во периодот по Илинденското востание, па ќе бара тие да се тргнат од учебниците или да се укине целиот учебник. Пописот што треба да се спроведе можеби ќе покаже дека имаме и бугарско малцинство, кое да претпоставиме, ќе ја оспори улогата на македонското партизанско движење во Втората светска војна. Или, пак, можеби некои Власи ќе се најдат погодени од информацијата што ја пишува во учебник по историја за шесто одделение, каде што стои дека „Власите се остатоци од Античките Македонци“. Иако изгледа смешно, недореченостите во законот оставаат можност нечија иницијатива да може да кутне ангажман на автори, лектори, рецензенти и сите преостанати низ чии раце минува учебникот при неговата изработка.

Учебниците изобилуваат со суштински неправилности, несоодветни илустрации, нејасни и непрецизни карти, фактографски неточности и тоа се суштинските проблеми на чие решавање треба да работат Министерството за образование и Бирото за развој на образованието. Учебниците од кои ни учат децата се преполни со бисери, за кои институциите не најдоа решение. Двајца министри за образование и наука најавуваа ревизии комплетно на сите учебници што се користат во образование, но резултатите никогаш не беа обелоденети. Токму тоа се суштинските работи на кои институциите мораат да им го најдат крајот.
ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ги скроија овие законски измени. Се договориле - навреди по учебници, нема. Но што ќе се случи кога наводната навреда апсолутно одговара на вистината? Што ќе жртвуваме тогаш: науката и вистината или политичката коректност содржана во сегашниот предлог? Онака, патем кажано, вреди да се забележи дека никаде во светот лаици не се бунат против науката. Ако некој треба да проценува дали некој настан или историска личност некого навредува, тоа е историчарот. Секако, не политичарите и политичките партии.

И конечно, ако ние самите си воведуваме ваков „клип“, тогаш зошто се буниме кога Грците и Бугарите преку Европскиот парламент бараат „политичка коректност“ од нас во нашиот образовен систем?

Автор: Антонија Поповска Христов

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDet...anie=22536
Без Ботев няма България
21-03-2012, 06:17 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

МОЈА ТЕРАСА
Политичари на етикети за оцет



Бугарите отишле барем едно сто години напред. Прво, сексуалната револуција ја имаа уште кога тука нарачувавме актерка од Србија ако требаше да се разголи женска во македонски филм. Потешко е во Скопје денес да најдеш метален отвор на шахта што не го платил данокот на колекционерите на старо железо отколку во Софија уште во времето на Живков да најдеш девојка која мисли дека ако му даде на машко, мајка ~ ќе ја фрли во сто синџири робија. Второ, додека ние правиме баклава од криви моркови (мирот во Европа во 21 век треба да биде со статус на трајна врска, а не прашање на флерт), во Бугарија фабрика за наполитанки од Велико Трново го лансирала брендот со назив Б.Б. Kому на памет му иде дека името е кратенка од Брижит Бардо, треба под итно од биро да го мавне календарот од 1972. Иницијалите со двојно Б се на бугарскиот премиер Бојко Борисов. Kој не го познае потписот на првиот човек на Република Бугарија, си го има и во пореална варијанта, истопорен со фотографија на амбалажата. Една слика вреди илјада зборови. Во ситуацијата со Борисов сигурно сликата вреди многу повеќе зборови.

Тоа го потврди и Брена, која неодамна имала состанок со бугарскиот премиер во неговиот кабинет. Откако на увце му ја испеала „Јовано, Јованке“, изјавила: „Борисов е феноменален. Неговиот мандат ќе биде плоден“. Kолку е само лесно да се најде јазик на компромис и разбирање со туѓите политичари. Налет на с`, уште еднаш јавно се покажа дека македонската песна челични врати отвора.

Туку, сопственик на фабриката за наполитанки е извесен господин Ичко Лозев, поранешен меѓународен фудбалски судија од Бугарија и арбитер за УЕФА. Си викам, која визија е, наместо да го налепиш на чоколада Стоичков, легенда над легендите, премиерот свој да го тупнеш.

Полека почнувам да ја сфаќам суштината на придобивките од Европа.

Влегуваш во ЕУ и веќе од корен менуваш однос кон политичари. Наполитанките се трошеле ко во Македонија карти за концерт на Аца Лукас. Башка, оптимизам меѓу народот се ширел со молскавична брзина на птичји грип. Ако до вчера баби на улица воделе панел-дискусија на тема „Со какво слатко го пречекуваш поштарот кога носи пензија“, сега оди друг муабет. Што сум пробала еден „Борисов“ отсабајле, шербет, Гергано. Гергана враќа. Што апнав еден „Жељу Желев“, новото желе со рум, Пацо, заби да искршиш од убајни. Викаат дека с` што се случуваше минатата недела упатува на тоа дека кроце кинисал дијалогот со ЕУ така што фабриките за слатки треба да почнат да размислуваат проевропски.

Ако мериме на таков начин, тогаш сигурно е дека Kире Лазаров станал голем европскептичар. Отишол на прием кај претседателката на шпанската покраина Мадрид со патики. Додека неговите соиграчи се дуздисале во лакирана „ципела“, Kире штедел на обувки. Читам на интернет како луѓево на разни форуми му го удираат сеирот. Некултурно било да се оди така на гости. Луѓе, човекот е Македонец, знае дека штом отидеш кај политичар, почнуваш да слушаш ветувања од типот ридови и долини. А ако почнеш да слушаш ветувања од типот ридови и долини, најпаметно е да фатиш штрафта. Kако да киднеш најбрзо, освен со патики. Затоа, оставете ми го Лазаров. Човекот отишол со дополнителна опрема која целосно соодветствува на пригодата.

Очигледно е дека кај нас уште долго време штом ќе ги видиме сликите на политичарите, ќе значи само едно нешто. Доаѓаат избори. Тогаш ветуваат дека под нивните фотографии и потписи се крие тон чоколадо, дека е доволно само да ги заокружиме броевите и чиниш си изгребал добитен вредносен лоз, ќе откриеш мед и млеко доволни да најадат и да напијат цела Македонија. А народот на крајот добива само уште една доза киселини во желудник.

Тоа е нашата вистина. Пробај да ги залепиш домашниве „политици“ на производи Made in Macedonia и потоа чекај јавно спалување, а фирмата да прогласи стечај. Единствено на што може да бидат аплицирани, а да има бизнис-логика, се производите од линијата на витамин Ц, оцет, сода бикарбона, корнишони.

Полесно ќе се договориме Сирма Војвода да стане бренд отколку кој било современ лик. Ако мојата маленкост се прашува, тогаш вистинско име за џебна наполитанка во Македонија е една наша млада пејачка. Мала и слатка на изглед, а има доволно чоколадо во себе. Сепак, репер треба да биде македонската јавност, а не јас. Доколку мериме по актуелност, тогаш ги предлагам следните брендови.

„Султан Сулејман“, оригинал турски локум со долг рок на употреба. Производот ќе има афродизијачки додаток, односно стимулативно дејство на потенцијата.

„Сникерс“ за македонскиот пазар треба да се преименува во „Бо Мекелејб“.

Гуми за џвакање - „Букефал“. Kолку повеќе ги џвакаш, толку поголеми стануваат.

До „Евровизија“ хит е „Kалиопи“, половина темно, половина бело чоколадо.

Ми падна шеќерот од муабетот. Одам да каснам една згодна „Членка на партискиот подмладок“ со додаток од мед и ореви. Партијата не ми е важна.

Жарко КУЈУНЏИСКИ

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=02F476E732...B8B939BA00
Без Ботев няма България
21-03-2012, 06:27 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Пропагандата фабрикува невистини


Во предвечерието на расправата во Европскиот парламент за напредокот на Македонија кон членство во ЕУ, грчката и бугарската пропаганда фабрикуваа многубројни невистини (непочитување на човековите права во Македонија, ограничување на слободата на медиумите, бавната реализација на Охридскиот договор и нарушување на етничкиот мир).

Во време кога во соседството неколку пати се пали македонското знаме и се бара обединување на Албанија со „албанските територии“ во Македонија, кога во Бугарија и Грција грубо се кршат човековите права на Македонците и се негира македонскиот етнос, неколку бугарски пратеници во Европскиот парламент бараат Македонија, Грција и Бугарија да формираат комисија за да се расчистат спорните прашања од културата и историјата. Бугарија с` поинтензивно презема активности за „одбрана на Бугарите во Македонија“.

Би сакал господата бугарски и грчки пратеници во Европскиот парламент да ги замолам да ги продискутираат подолу наброените прашања со што би ја олесниле работата на од нив замислената комисија за расчистување на спорните прашања од „заедничката“ историја.

Дали македонскиот народ го организира депортирањето на Евреите од Македонија? Чија војска го стори злосторството во Ваташа во Македонија? Чија војска ги „ослободи“ Тракија и Kавала во Втората светска војна? Дали за време на балканските војни грчката војска спроведувала етничко чистење во „ослободените“ територии, односно во Егејска Македонија?

Само еден мал исечок од извештајот на комисијата на Kанеги опишува како била „ослободувана“ Македонија:

Во англиското издание на извештајот на Kарнегиевата комисија (која ги проучувала последиците од балканските војни ) публикувани се документи кои го потврдуваат етничкото чистење во „ослободената“ Македонија. Така во прилогот бр. 51 од споменатиот извештај се цитирани писма од грчки војници од деветнаесеттиот полк на седмата грчка дивизија која ги пустошела „ослободените“ територии. Kако на пример, македонските и грчките историчари ќе го толкуваат ова писмо од грчки војник од споменатата дивизија испратено до својот пријател Сотир?

Писмо бр.3 од грчки војник: Господин Сотир Панајоану во с. Вицијано, црквена општина Итика Трикала од Тесалија; Река Несто, 12 јули 1913;

„Овде во Вронду (Броди) јас пленив пет Бугари* (за Грците во Македонија нема Македонци з.м.) и девојче од Серес. ...Го убивме девојчето, а Бугарите исто настрадаа. Им ги извадивме очите додека уште беа живи. Срдечно Твој: KОСТА“

Kонечно каква порака ~ се праќа на Македонија со сликата од весникот „Дело“, деновиве, во кој бугарските читатели се известуваат дека во Европскиот извештај ќе се бранат Бугарите во Македонија.

Д-р И. Г. Тулевски, Скопjе

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=604E87D772...4DFF6E82F4

Най-смешното , че се цитира писмо в което гърци вадили очите на българи , ама накрая пак ние виновни Icon_razz
Без Ботев няма България
21-03-2012, 06:33 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

СофиЈа на Шара нуди бесплатни бугарски документи за помалку од година


Агитатори ги тераат Горанците да земаат бугарски пасоши


Претставници од Бугарија ги убедуваат Горанците да земат бугарски документи за да може да се вработат во земјите на ЕУ и да добијат бесплатни стипендии за студирање во Софија и во Пловдив


Бугарско државјанство за три до шест месеци, бугарски пасош за помалку од една година и стипендии за студирање во Софија и во Пловдив. Ова на македонските Горанци им го нудат бугарските агитатори кои доаѓаат во косовските региони Гора и Средачка Жупа, за да ги убедат жителите да се изјаснат оти се Бугари. Авнија Рахте, претседател на Македонско-горанското друштво, вели дека веќе 100 Горанци добиле бугарско државјанство, од кои околу 40 се од македонската заедница.

- С` повеќе луѓе кажуваат дека се Бугари и ако не се преземат мерки, сите нашинци ќе почнат масовно да земаат бугарски пасоши - вели Рахте.

Kомбиња од Шара до Софија секоја недела

Тој објаснува дека од Софија доаѓаат двајца претставници кои ги убедуваат Горанците да се изјаснат како Бугари.

- Обично доаѓаат на неколку месеци. Сега се очекува да дојдат во Гора на почетокот на мај. Доаѓа една претставничка заедно со адвокатка и на луѓето им вели дека с` што треба да направат е да стават потпис на документите. Адвокатката ја завршува целата работа. Превозот се организира со комбиња, кои за Бугарија одат секоја недела - објаснува Рахте, кој додава дека во Гора има 18 села, така што не може да знаат колку жители тргнуваат по бугарски документи.

Од Македонско-горанското друштво велат дека во Средачка Жупа е отворена и канцеларија на Друштвото на Бугари-мухамеданци, од кое тврдат дека се исламизирани Бугари. За исламизацијата на Горанците вчера пишуваше и српски „Kурир“, кој објави наслов „Нашле Бугари на Шара“.

Ги нема измамниците?

Станав Бугарин! Со овие зборови во редакцијата на српскиот весник „Kурир“ се јавил читател од внатрешноста на Србија кој им објаснил дека за многу кратко време стигнал до бугарски документи, иако бил роден во Скопје.

- Бугарија на сите што се родени во Македонија и во источна Србија без проблем им дава свое државјанство. Отпатував за Софија и целата процедура се заврши за еден ден. Верувам дека како Бугарин ќе можам полесно да се вработам во ЕУ - објаснил тој. Што е најинтересно, Владимир Захариев, претседател на Општина Благоевград, во изјава за „Kурир“ потврдил дека лесно се стигнува до бугарски пасош.

- Пред неколку години направивме сервис за граѓаните во Србија. Секој што ќе каже дека сака двојно државјанство, со наша помош може да го добие. За четири години речиси 2.000 луѓе добија бугарско државјанство. Соработуваме со Агенцијата за Бугари во туѓина и с` е бесплатно. Порано се појавуваа разни измамници кои дебело наплаќаа, а сега с` е легално. Не е важно дали сте родени во Белград или во Шид, ако докажете дека потекнувате од овие краишта, имате право на бугарско државјанство - рекол Захариев.



Целта е да се обединат сите Бугари



На интернет-страницата на Агенцијата за Бугари во туѓина може да се прочита документ за стратегиските цели на таа институција.

На пример, во документот за 2010 година Агенцијата навела дека има цел да ги обедини сите Бугари, како и подобрување на демографската состојба на бугарската нација. Според податоците на Агенцијата каде се поднесуваат барањата за документи, лани над 16.000 македонски граѓани добиле бугарско државјанство.

Втори на листата, после македонските државјани, се Украинците (1805), а 979 српски државјани во 2011 година станале Бугари. Статистиката на оваа институција покажува дека во минатата година само шест жители на Kосово добиле бугарско државјанство.

Ивана Kостовска

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=0EBF013D0D...967AB2EB2D
Без Ботев няма България
22-03-2012, 11:55 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Бугарки во потрага по повисока плата во Турција

Алие Исмаилова долго време не ги посетила децата и внуците во родната Бугарија




Таа живее и работи кај семејството Озтурк во богатата истанбулска населба Улус. Алие им ги чува двете деца - седумгодишната ќерка Мелис и тригодишниот син Бурак. Освен тоа, пере и готви.

- И во Бугарија би можела да работам како куќна помошничка. Во Софија можеби би заработувала по 1.000 лева месечно, односно околу 500 евра. Овде во Истанбул сум далеку од дома, но заработувам повеќе. Најдов многу добро семејство. Зошто би заминала? Сакам да останам во Турција - вели Алие.
Економскиот бум беше проследен со зголемување на платите во Турција, кои се значително повисоки од платите во Романија и во Бугарија - држави на ЕУ. Турските плати се неколкупати повисоки од платите во земјите како Ерменија и Грузија. Затоа илјадници жени од соседните држави работат како негувателки и дадилки во Турција, нагласува Дојче веле.

Есин Озтурк познава голем број семејства во Турција кај кои работат домашни помошнички од овие земји.

- Главно тоа е стручна работна сила, жени што завршиле соодветно образование во земјите од бившиот Источен блок. Може да се случи да најдете квалификувана медицинска сестра или воспитувачка.
Нормално, ним луѓето многу полесно им ги доверуваат децата. Турчинка со вакви квалификации тешко би работела во приватно домаќинство - вели Озтурк и додава дека Турчинка би барала многу повисока плата.

Но мал е бројот на лицата што имаат дозвола за работење. Официјално, тие се туристи и имаат право да останат во Турција само три месеци. До неодамна ваквите одредби можеа лесно да се заобиколат. Лицето можеше само да ја премине границата по истекувањето на дозволените три месеци и повторно да се врати во Турција, на уште три месеци. Но од 1 февруари тоа повеќе не е можно. Кој во Турција престојувал 90 дена нема право да се врати во земјата во наредните 90 дена. Голем број ерменски и грузиски доселеници што работеле во семејства ја напуштија Турција пред законот да стапи во сила за да ги избегнат високите казни, пренесува „Хуриет“. Другите побараа од турската влада да не се спроведува законот.

- Го молам турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган да спречи законот да стапи во сила. Ги хранам и образовам децата со парите што ги заработувам тука - изјави Софија, 47-годишна Грузијка, подготвувајќи се да го напушти Истанбул и да се врати во Тбилиси.

Министерството за труд на Турција им порача на доселениците дека ќе има исклучоци за оние лица што работат како бебиситери или помошници кај семејствата, кои ќе плаќаат исти давачки како и турските државјани и ќе можат да продолжат да работат дури и ако турски државјанин го бара истото работно место. Турската влада нагласи дека ќе стори сѐ за да го спречи работењето на црно. Околу 100.000 странци без дозвола за престој се премногу за турските власти. Затоа ги заоструваат одредбите за дозвола за престој и воведуваат нови мерки во борбата против проституцијата и работењето на црно во градежниот сектор, нагласува Дојче веле.

Работодавците не сакаат странци

Само 17 отсто од турските компании се одлучуваат да вработат странски работници, што е помалку од светскиот просек од 24 отсто и од европскиот просек од 19 отсто, покажуваат резултатите од едно истражување на агенцијата за вработување „Менпауер“.
Во истражувањето биле опфатени 500 работодавци во Турција, при што 415 рекле дека претпочитаат да не вработуваат странци. Најмногу странци во Турција вработуваат рестораните и хотелите на средоземноморското крајбрежје (36 отсто). Работодавците велат дека најпосакувани работници од странските државјани се Русите (34 отсто), Германците (15) и Украинците (13 отсто). Според „Менпауер“, најчести препреки за странските работници во Турција се проблемите поврзани со визите и дозволите за престој и за работење и со јазичните и културните разлики, пренесува „Хуриет“.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDet...anie=22537
Без Ботев няма България
(This post was last modified: 22-03-2012, 06:13 PM by Топорчо.)
22-03-2012, 06:12 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Цвета бизнисот за вадење бугарски документи

За всички, бугарски пасош со попуст


Македонските студенти полесно може да добијат стипендии за студирање на бугарските факултети ако имаат бугарски пасош. Но не е точно дека некој ги условува да земат бугарски документи за да дојдат и да студираат во Бугарија, вели Атанас Kамбитов, градоначалник на Благоевград.

Бугарски пасош на рати, ќе го добиете за една и пол година, не може побрзо, нека не ве лажат! Се оди на разговор, интервјуто е лесно и не се паѓа, значи без страв. Плаќањето е на рати, а ако сте повеќе, следува и попуст.

Огласниците се преполни со вакви огласи на посредници кои нудат вадење бугарски пасош за цена од 200 до 350 евра. Посредниците за вадење бугарски документи се рекламираат дека за клиентите ја завршуваат целата постапка - преводи, нотари, формулари и такса, а за да ги убедат дека бизнисот е чист. Се нуди и помош за клиентите што сакаат да купат автомобил, да проверат дали им е валидна процедурата за вадење бугарски документи, но и за продолжување на постапката за оние што претходно не успеале да извадат бугарско државјанство.

Неофицијално, Македонци кои живеат во Бугарија велат дека за сума од 2.500 евра, оние на кои итно им требаат бугарски документи за да работат во ЕУ, може да ги добијат.

Измамници има, но никој не ги пријавува

Еден од посредниците во телефонски разговор ни објасни дека бугарскиот пасош, слично како и кај нас, можел да се добие не само по редовна, туку и по итна постапка, но за повеќе пари.

- Проблем има само со оние македонски државјани кои имаат српски или албански презимиња. Шансите тие да добијат бугарски документи се мали затоа што не може да ги докажат бугарските корени - објаснува посредникот. Тој вели дека има многу измамници што ги лажат клиентите дека ќе им овозможат да ги добијат документите побргу или поевтино. Од МВР, пак, велат дека досега не добиле пријава од македонски државјанин за измама при вадење бугарски документи. Претпоставка е дека дури и оние граѓани што платиле, а не ги добиле документите, не сакаат да пријават во полиција за да не се дознае дека потпишале оти се Бугари.

Kако што вчера објавивме, од Македонско-горанското друштво во Kосово ни кажаа дека веќе 100 Горанци добиле бугарско државјанство, од кои околу 40 се од македонската заедница.

Негираат дека условуваат

На Гора веќе била отворена и канцеларија преку која Горанците полесно може да стигнат до бугарски документи. Според она што го велат Горанците, им се ветуваат бесплатни стипендии за студирање за да ги убедат да земат бугарски документи.

- Македонските студенти полесно може да добијат стипендии за студирање на бугарските факултети ако имаат бугарски пасош. Но не е точно дека некој ги условува да земат бугарски документи за да дојдат и да студираат во Бугарија - вели за „Дневник“ Атанас Kамбитов, градоначалник на Благоевград. Kамбитов не знаеше точно да ни каже колку македонски студенти има во Благоевград и каде најчесто се запишуваат студенти од источна Македонија.

ивана костовска

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=627A23D99B...547D256589
Без Ботев няма България
23-03-2012, 06:17 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Бавно но сигурно темите за България отнове вземат замах

Датум: 23.03.2012, 17:36
ЕДИТОРИЈАЛ


Ивана КОСТОВСКА


Со отворен
и очи


Посредниците за вадење бугарски пасоши научиле дека рекламата навистина е важен трик за еден производ да биде успешен. Kога на тезга е бугарски пасош, а муштерии треба да бидат брдо невработени во држава која три години чека датум за преговори со ЕУ, рекламата изгледа вака: „Отворете ги очите и работете во Европа за поголеми пари“. И тоа не е с`!

Во текстот што може да се прочита над креативниот потпис на посредниците за вадење бугарски документи во огласниците на интернет стои не една, туку пет причини што ќе ги избришат како со гума последните патриотски чувства: работа во странство, бесплатно студирање, полесно патување во Европа, поедноставно отворање фирма надвор од земјава и повеќе пари.

Со една длабока воздишка (некој затоа што ќе мора да стави потпис дека има чувства кон две држави, друг поради 200 или 300 евра што ќе ги плати), се натнува црвената вратоврска која ќе ви стави големо „Г“ пред вашето име во Европа.

Ги отвораш очите и од денеска си европски граѓанин, со бугарски пасош. Ова второто доаѓа како солзење и печење на очите, но првото (дека станувате граѓани на ЕУ) веднаш помага како капки за очи. Така, Бугарија најде начин да ги внесе македонските граѓани во ЕУ во ситуација кога напредокот на Македонија стагнира поради спорот за името.

Европски граѓани сака да стори не само од оние што живеат во Македонија туку и оние од соседството, како Горанците од Kосово. Некои дури ќе речат дека земањето бугарски пасош за да работат во Европа било знак дека нашите граѓани не биле евроскептици, туку, напротив, сакале да бидат дел од ЕУ. Ех, што љубов ќе беше тоа!

Сепак, на суд не треба да се стават само оние што според едни се евроентузијасти, а според други се предавници. Треба да ~ се суди на државата бидејќи со години не се наоѓа решение за проблемот со вадењето на бугарските пасоши.

Македонската дипломатија треба да го бомбардира Брисел со писма и средби на кои ќе бара одговор на неколку прашања: Дали една земја-членка на ЕУ смее да им дава на граѓаните на соседната држава пасоши и тоа само врз основа на изјава дека се чувствуваат како Бугари? Дали ЕУ е заинтересирана да провери колку македонски државјани со бугарски пасоши „живеат“ на една фиктивна адреса во Благоевград?

Да ги отвориме очите. #

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=C31E364763...1C25F245E0
Без Ботев няма България
24-03-2012, 07:01 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Бугарија ќе ја истражува територија за која спорат Софија и Букурешт

Бугарија ќе ја истражува територија за која спорат Софија и Букурешт
Бугарија преговара со корпорацијата Ексон Мобил за евентуални истражувања на нафта и природен гас во дел од Црно море, што припаѓа на територија, оспорувана од Софија и Букурешт, соопшти Блумберг, повикувајќи се на интернет агенцијата Хотњуз.

Информацијата била соопштена од дипломати, кои посакале да останат анонимни.

На 20 март романскиот министер за надворешни работи Кристиан Ѓаконеску соопшти дека Бугарија и Романија спорат за регион со површина од околу 300 квадратни километри во акваторијата на Црно море.

Спорот датира од 1994 година и причина за него било неточното определување на морската граница меѓу двете земји, потсетува Хотњуз.

Според агенцијата, Романија се стреми да го реши спорот преку билатерални преговори со Бугарија, но прашањето ќе го стави пред Меѓународниот суд во Хаг доколку не се најде решение.

http://www.mtv.com.mk/mk/vesti/balkan/44...resht.aspx
Без Ботев няма България
24-03-2012, 07:40 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Стојан Германов: Најголемата грешка е што Бугарија ја призна Македонија под уставното име!

21.03.2012 - 15:00 |

Македонија

-Најголемата грешка е што Бугарија во 1992 та, ја призна Македонија под уставното име. Софија мора да престане со безусловната поддршка кон Скопје, бидејќи гледаме дека 20 години Македонија не ја промени позицијата кон Бугарија…

Со ваков став познатиот бугарски историчар Стојан Германов настапува во неговото поселедно дело. “Македонското прашање 1944 -1989”

-Дури и Македонија да стане дел од Европа нашите проблеми со нив ќе останат.

Многу ќе беше поинаку доколку Бугарија го услови признавањето, со претходно решавање на сите отворени прашања во однос на историјата, крадењето на нашите народни херои, спомениците на кулутурата...

Сега во училиштата, се вкоренети верувањата дека луѓето не се Бугари, туку нешто друго како на пример Македонци, вели професорот кој раководи со Македонскиoт научен институт во Софија.

Во изминативе години видовме многу бизарни акции од Скопје. Прво тврдеа дека се словенски народ, сега пак дека имаат антички корени. Во главниот град во Скопје изникнаа споменици на Александар Велики и други..

Германов ја повикува офцијлна Софија да ги постави проблемите на маса и да престане со изјавите за безрезервна поддршка на Македонија во ЕУ и НАТО.

Интересно е што публицитет на бугарскиот историчар и на неговото дело му дадоа токму грчките медиуми.

Ако досега порталите во Грција ги пренесуваа сопствените антимакедонските ставови, во последно време се поактуелни се информациите контра Македонија, но кои доѓаат од соседна Албанија или Бугарија.

Снежана Јовановска

http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedoni...sta?page=2

Тази новина ми се е изплъзнала от филтъра
Без Ботев няма България
25-03-2012, 10:56 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Сметнах за уместно след повече от 4 месеца събиране на статистическа информация да се опитам да направя обобщение на събраната информация. Оказа се по-трудно отколкото очаквах. Коя статия да определиш като негативна , коя като позитивна , коя неутрална.Стремял съм се да бъда максималко обективен и всеки друг е добре дошъл сам да си направи аритметиката и изводите

НЕГАТИВНИ - статии в , които Българие е представена в негативна светлина , в които се акцентира за нещо лошо , нередно - 125 на брой или 77,63 %

НЕУТРАЛНИ - такива в които се съобщава примерно за нечие посещение, или някоя важна случка - стъпване в длъжност на нов президент да речем, информация без допълнителни коментали - 25 на брой или 15,52%

ПОЗИТИВНИ - 11 на брой - 6,87% - тук бях затруднен. Например новината , че в България бил произведен първият пътнически автомобил трябваше да я сложа тук иначе накрая щеще да остане на 0 % Icon_razz

ПС - правя също така уговорката , че едва ли съм успял да изкарам всички новини и статии за България, защото аз не чета всеки вестник или портал , а ползвам гугъл.
Без Ботев няма България
(This post was last modified: 25-03-2012, 11:44 AM by Топорчо.)
25-03-2012, 11:41 AM
Reply
TATAP Offline
турко-монгол
*****

Posts: 1,533
Joined: Aug 2010
Reputation: 35

Драги македонци!На няколко пъти и на различни места ми беше казвано,че България изобщо не е обект в македонските средства за масова информация...че просто не присъства под никаква форма (нито положителна,нито отрицателна).Оказва се,че някои хора просто не четат вестници и не гледат телевизия.Явно,когато си заровиш главата в пясъка мислиш,че проблемите изчезват.За съжаление не е така!Македония естествено също присъства в българската преса и телевизия (никой не е твърдял обратното),но най-вече в "Господара на ефира"...Защо ли?
Когато говориш на Бог, това е молитва. Когато Господ ти говори - това е шизофрения.
25-03-2012, 12:21 PM
Website Reply
TATAP Offline
турко-монгол
*****

Posts: 1,533
Joined: Aug 2010
Reputation: 35

дублиран пост
Когато говориш на Бог, това е молитва. Когато Господ ти говори - това е шизофрения.
(This post was last modified: 25-03-2012, 12:23 PM by TATAP.)
25-03-2012, 12:21 PM
Website Reply
Valkanizater Offline
Senior Member
****

Posts: 433
Joined: Feb 2011
Reputation: 15

Мисля си за друго - колко трудно е всъщност да се развие някаква позитивна тема / проблематика / тон / говор - между двете страни...;
Журналистите не забелязват, че със самото писане на бг и на мкд езици - вече пишат за публика - по-голяма и с по-различни очаквания/усещания от тази, с която са свикнали - през да кажем 1945-1990 - и става весело...;
От малкото, което знам за мкд медии и техния начин на писане - най-много ме удивяват (вчудоневидяват...) заглавията/названията/насловите на материалите...на много материали - обикновено (като правило) са на много лош македонски език...
25-03-2012, 07:41 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Мдаа и за туй ще сме виновни Icon_razz

Лустрација со инспирација од Бугарија

Главен аргумент на Силвана Бонева за лустрацијата не е амандман на Ричард Ховит, туку на бугарски европарламентарец

Слободанка Јовановска



Препораката во извештајот за Македонија на ЕП, со која се бара да се објават имињата на соработниците на тајните служби во бивша Југославија, не е предлог на Ричард Ховит, како што тврдеше Силвана Бонева, туку на бугарскиот европарламентарец од ГЕРБ, Андреј Ковачев, коспонзориран од неговиот десничар колега од Унгарија, Ѓерѓ Шофлин. Со тоа нашата влада се најде на иста политичка линија со Бојко Борисов, кој откако е на власт во Бугарија спроведува ригорозна пресметка со доушниците од претходниот режим, вклучувајќи го и враќањето на над триесетина амбасадори од странство.

Задоволството што неговиот амандман се прослави толку во Македонија и е главен аргумент на власта за подигање на нивото на лустрацијата, вчера не го криеше неговиот автор, Андреј Ковачев.

„Овој процес е присутен во Централна и Источна Европа и во него има еден географски феномен, односно колку се прави подолу на исток, толку е потежок“, изјави вчера Ковачев за „Утрински весник“. Според него, соработниците на старите комунистички структури биле присутни во економијата, политиката и црквата, па време е да се знае кој е кој, за да се создаде простор за помирување во општествата со оние кои работеле за режимите кои не биле баш демократски, т.е. биле диктатури.

„Во бивша Југославија и во Бугарија тие структури ги отежнуваа односите меѓу нашите граѓани“, вели Ковачев, додавајќи дека овој амандман не го предложил ексклузивно за Македонија, туку дека го предлага во извештаите за сите земји кои имаат аспирации за ЕУ. Тој признава дека откривањето на соработниците бизнисмени е голем проблем и во Бугарија бидејќи „црвените милионери“, како што тој ги нарекува, биле првите кои натрупале капитал по смената на системот во земјата, па не сакаат да бидат разоткриени.

Според него, во Бугарија нема закон за лустрација, туку само за разоткривање на соработниците со тајните служби и тој се однесува само на периодот од 1944 година до паѓањето на Тодор Живков во 1989. „Нашиот закон не е лустрациски, туку има информативен карактер, така што не се предвидуваат мерки за бизнисмените што ќе бидат откриени дека биле соработници на режимот“, вели Ковачев додавајќи дека сепак имаат нов закон за конфискување на незаконски стекнат имот, кој го опфаќа периодот од последните десет години. Тој вели дека процесот се реализира многу тешко бидејќи мора да се внимава тој да не биде злоупотребен за политички репресии во земјата.

Амандманот кој беше изгласан во ЕП, иако зад него застанаа само двајца спонзори, ги „охрабрува властите да го комплетираат објавувањето на имињата на агентите што соработувале со тајните служби на бивша Југославија, како крупен чекор за раскинување со комунистичкото минато“. Со него исто така се бара зајакнување на мандатот на Верификационата комисија, односно нејзината независност, за да ги објави нејзините наоди директно пред јавноста и за да и' бидат трансферирани сите потребни документи на постојана основа.

Aмандманот на Ковачев е веројатно единствениот кој со ваква гласност го испочитува нашата влада, молчејќи притоа за другите кои бараат, на пример, да престане со антиквизацијата на земјата, да го зајакне политичкиот дијалог, да објави листа на случаи на корупција во кои се инволвирани високи функционери или поврзани со јавните набавки, да обезбеди транспарентност на јавните трошења, да организира попис, да демонстрира целосна посветеност на слободата на медиумите - и уште многу нешта за кои не и' се слуша, барем не вака брзо и ревносно.


Статијата е прочитана 1342 пати.

Испрати коментар

http://utrinski.com.mk/?ItemID=21D7B3719...FCC4542338
Без Ботев няма България
27-03-2012, 05:12 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Борисов: Бугарија ќе стане гасоводен центар на Балканот


Владимир Путин и Бојко Борисов

Со учеството во проектот „Јужен поток“ Бугарија ќе стане значаен стратешки гасоводен центар на Балканот, изјави денеска бугарскиот премиер.

Борисов изрази надеж дека ќе успее да договори пониски цени на природниот гас за Бугарија, откако во Парламентот објави дека се прекинува проектот за нуклеарната централа „Белене“.

Работиме активно на проектот „Јужен поток“ и во него ќе вложиме напори да бидеме добри партнери, истакна Борисов.

Тој нагласи дека турската Влада дала дозвола „Јужен поток“ да минува низ турската економска зона во Црното Море, како и дека во проектот учествуваат значајни европски енергетски компании.

- Нашите планови се до декември 2015 година веќе да тече гас низ „Јужен поток“, а на ист начин очекуваме да се развива и проектот „Набуко“, изјави Борисов.

Статијата е прочитана 1552 пати.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=B8C57F041...946E46B36F
Без Ботев няма България
29-03-2012, 06:04 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Бугари ќе го уредуваат коритото на Отиња

Градежната фирма „Кибилд“ од Софија е избрана на меѓународен тендер со најповолна понуда од близу 100 милиони денари

Иван Бојаџиски


Штип – Бугарската градежна фирма „Кибилд“ од Софија ќе го уредува коритото на Отиња низ центарот на Штип и ќе ги гради петте платформи над реката. Вчера Светска банка ги отстрани сите дилеми во однос на изведувачот на работите, потврдувајќи го предлогот на Општина Штип, според кој оваа фирма ја имала најповолната понуда на меѓународниот јавен тендер.

Имено, „Кибилд“ за изведување на сите работи во кои спаѓаат спуштање на речното корито и изградба на пет паркинг-платформи над реката, со што во центарот на градот ќе се добијат 140 нови паркинг-места понуди 98.365.000 денари. Од неа пониска цена за околу пет милиони денари понуди штипски „Бетон“, но оваа градежна фирма не го исполнувала вториот услов од тендерот со кој требало изведувачот да има искуство во изградба на мостови во последните три години. Инаку, на тендерот учествуваа вкупно четири градежни фирми, по две од Македонија и од Бугарија.

Се очекува со реализација на овој проект центарот на Штип да добие нов, многу посовремен лик, бидејќи во меѓувреме привршуваат работите и на комплетната реконструкција на градскиот плоштад кој се наоѓа покрај Отиња. Бугарската компанија ќе го уредува коритото на штипската река во должина од еден километар, од мостот кај црквата „Сети Никола“ до зградата на Народниот театар. Градежните работи треба да почнат во почетокот на мај, а рокот за изградба е 18 месеци.

„Проектот ќе биде реализиран со кредит во износ од два милиона евра, кој ни го даде Светска банка откако ние како Општина аргументирано докажавме дека ќе можеме да го враќаме навреме од средствата кои ќе ги обезбедуваме преку наплатата за паркирање. Кредитот е со рок на враќање од десет години, од кои три години се грејс-период. Целата постапка се одвиваше под силен мониторинг на нашето Министерство за финансии и на Светска банка. Јасно е дека по завршувањето на работите на плоштадот и на коритото на Отиња централното подрачје ќе блесне во нов сјај, а Штип ќе добие лик на вистински регионален центар“, вели градоначалникот Зоран Алексов.

Општинското раководство направило симулација која покажала дека од наплатата за паркирање без проблеми ќе се отплаќа кредитот, што значи дека за оваа намена нема да се чепка во буџетот на Општината.

Статијата е прочитана 313 пати.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=39CA4F6AF...1C1CB3781A
Без Ботев няма България
29-03-2012, 06:08 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

И Бугарија ја смета Грција за окупатор на Егејска Македонија

Во бугарскиот учебник по историја и цивилизација за 11 клас, издаден во средината на минатата декада, на кој пишува дека е задолжителен, во одделот „Бугарија за време на Балканските војни“, меѓу другото, стои: „Грчките воени власти ја ставаат раката врз поголемиот дел од Егејска Македонија... Насекаде окупациските власти (грчки и српски, н.з.) го подготвуваат доаѓањето на српската и на грчката цивилна администрација...“




Турскиот командант на Солун му го предава својот меч на грчкиот крал Константин

Брисел не бара историско помирување од Софија и од Атина

Годинава ќе бидат одбележани точно сто години од почетокот на Првата балканска војна, која претставуваше увод во подоцнежната Букурешка мировна конференција и поделба на Македонија меѓу Грција, Србија и Бугарија. Се чини, токму во тоа време од пред точно еден век лежат и многу од проблемите што денес се јавуваат на Балканот, а кои се поврзани со нашата земја. Токму во тоа време лежат и изворите на сите денешни обиди да ни се наметне поинаков поглед на нашата историја, дури и под закана за блокада на нашиот прием во Европската Унија.

Пред извесно време бугарскиот пратеник во Европскиот парламент, Евгени Кирилов, побара да се формира комисија што би работела на усогласување на македонската историја со ставовите на нашите соседи.

Тоа, од друга страна, претпоставува дека Бугарија, како земја што во ЕУ влезе приближно две децении по Грција, претходно ги усогласи своите историски погледи со тие на Атина. И кај едните и кај другите во поглед на историјата нема многу спорни прашања, освен, се разбира, прашањето на Македонија (и Тракија, која историски гледано е бугарска земја, а токму по тие бурни времиња и припадна на Грција). Значи, на кој начин и како Бугарија и Грција ги имаат усогласено своите различни историски гледишта околу Македонија, како услов за добрососедски односи, како што тоа сега се бара од нас?
Прашањето не е нималку наивно. Бугарите ја сметаат Македонија за нивна, бугарска, а тука спаѓа и Егејска, односно Беломорска Македонија. Наспроти тоа, Грците се сметаат за ослободители на истиот простор. За Бугарите, Балканските војни, односно 1912 и 1913 година се години на погром, години на национална катастрофа, за Грците, тоа се години кога конечно, по многу векови, Македонија одново се врати таму каде што припаѓа. Очигледно, двете страни имаат непомирливи позиции, но ако се имаат предвид бриселските стандарди и лекциите што ни се делат за тоа како Германија и Франција се помириле, треба да се очекува дека Грција и Бугарија овие разлики во погледот кон Македонија ги изедначиле.

Меѓутоа, изгледа дека тоа не е така. Во бугарскиот учебник по историја и цивилизација за 11 клас, издаден во средината на минатата декада, на кој пишува дека е задолжителен, во одделот „Бугарија за време на Балканските војни“, меѓу другото, стои:

„Грчките воени власти ја ставаат раката врз поголемиот дел од Егејска Македонија... Насекаде окупациските власти (грчки и српски, н.з.) го подготвуваат доаѓањето на српската и на грчката цивилна администрација...“


Бугарската војска влегува во Солун во текот на Првата балканска војна

Грци и Срби

Ова е интересно. Грција и Бугарија, како членки на ЕУ, би требало да го имаат поминато тестот за добрососедски односи, а сепак во бугарскиот учебник стои дека Грците се окупатори на Егејска Македонија. Значи, тоа не е спорно ни за Евгениј Кирилов, ни за Софија, па ниту за Атина. Не се сеќаваме дека некој се обидуваше од ова да создаде посебен бенчмарк за Софија, додека преговараше за прием во ЕУ. Оттука, каде е проблемот ако во македонските учебници по историја стои дека Грците се окупатори на Егејска Македонија? Како може истата работа, кога ја пишува во македонски учебник, да биде доказ за територијални претензии, а кога ја пишува во бугарски учебник, да биде знак на добрососедство?

За волја на вистината, кај нас не може ниту да се најде зборот окупација. Во нашиот учебник по историја за седмо одделение пишува дека по Балканските војни Македонија била поделена и дека нејзините делови биле „анектирани“ од соседните држави. И нормално, потоа следува тирада за тешките последици врз македонскиот народ. Што има во тоа нешто полошо и пострашно од напишаното во бугарскиот учебник?

Во споменатиот учебник на нашите источни соседи, пак, стои и дека во „меѓусојузничките спорови за распределување на одвоените територии од Турција, Грција тврдо се придржувала кон принципот на фактичка окупација“. Станува збор за тоа дека Бугарија, Грција и Србија, пред почетокот на Првата балканска војна, склучија меѓусебни договори со кои определија која држава колкав дел ќе добие од европската територија на Турција, вклучувајќи ја тука и Македонија. Проблемот за Бугарија се појави кога и Грција и Србија отстапија од нивните претходно замислени аспирации кон Македонија. Србија зазеде поголем дел од тој што во Бугарија се сметал за некакво нејзино природно право, а Грците не само што го зазедоа Солун, туку ја минаа и реката Вардар, доаѓајќи до Кукуш и Дојран, територии што Софија ги смета за свои. Србите во Првата балканска војна го освоија и Кавадарци, што не беше предвидено во бугарско-српските договори за сојуз против Турција. Грците влегоа длабоко на територијата на Македонија, а Бугарија се надеваше дека таа ќе се задоволи со Крит и со териториите до Костур, сметајќи го преостанатиот дел како нешто што е нејзино според сите природни и општествени норми.
Оттука, формулацијата за грчка и српска окупација на Македонија, имајќи ги предвид и малцинствата Срби и Грци во Македонија, е нешто што е сосема нормално. Тоа така останало во бугарските учебници и до ден-денес и не претставувало никаков проблем при приемот на Бугарија во НАТО и во ЕУ. Поаѓајќи од тоа, создавањето некаков случај од оваа проблематика, кога станува збор за Република Македонија, изгледа доста лицемерно и уште повеќе го зацврстува впечатокот кај граѓаните на Македонија за нееднаквиот третман на Брисел кон нас.

Мали лаги

Како и да е, позициите на Грција и на Србија за задржување на териториите од Македонија што нивната војска ги окупирала ја предизвикуваат Втората балканска војна. Во меѓувреме, Бугарија се уверува дека „Франција го крева гласот против прекумерните бугарски желби“, дека „Англија останува верна на традиционалните претпочитувања на Грција“, и во таква ситуација Грција и Србија во мај 1913 година склучуваат нов договор со кој ја делат Македонија приближно во рамките на денешните граници. Според бугарскиот учебник, тоа „болно ги засега бугарските национални интереси“, што повторно нé води кон нерешен историски конфликт меѓу двете членки на ЕУ.

Зад новиот сојуз на Грција и Србија, според бугарскиот образовен систем, пред сé застанува Франција, која инсистира против Бугарија да застане и Романија. Тоа и се остварува и, како што ќе се покаже подоцна, ја одигрува можеби клучната улога во Втората балканска војна и во поделбата на Македонија.

Поради сето ова, поради фактот што Грција и Србија инсистираат Атина да ја задржи Егејска Македонија, а Белград Вардарска (покрај Косово што за никого не е спорно), ноќта меѓу 16 и 17 јуни 1913 година бугарскиот генерал Савов ја напаѓа грчката војска. Почнува Втората балканска војна. Бугарската војска добро се справува на два фронта против грчката и српската армија, но тогаш третиот фронт го отвора Турција, а четвртиот романската војска.

„На крајот од јуни, близу половина милионска романска војска ја минува северната граница и доаѓа на 30 километри од Софија“, пишува во бугарскиот учебник. Тоа, и според нашите историчари, е всушност клучниот момент во Втората балканска војна. Ангажирана на три фронта, бугарската војска го остава небранет северниот дел од државата и Романците безмалку како на прошетка стигнуваат до Софија. Поради тоа, Бугарија е принудена да признае пораз и да побара примирје. Во цитираниот учебник, сепак стои: „Тогаш, генерал Савов го презема командувањето со трите обединети бугарски армии и ја опкружува грчката армија во кресненскиот регион. Сега веќе Грција моли за примирје за да ја спаси од пораз својата армија“.

Тоа можеби е точно, но генералната слика е дека Бугарија се наоѓа пред слом и дека не можејќи да се справи со големиот број противници, доведувајќи се во подредена положба, едноставно морала да капитулира. Токму затоа, во Букурешт добива само десетина отсто од Македонија, го губи и Одрин, а не успева да ја добие ни Кавала, туку мора да се задоволи со излез на Егејско Море источно од градот (што е всушност катастрофален пораз на Русија). „Овој пат дипломатијата ја лишува армијата од победата“, пишува во бугарскиот учебник, што е доста неточно всадување на некаков херојски импулс кај младите бугарски ученици.

Како и да е, од овие страници се добива слика дека грчката армија е на колена во Егејска Македонија, а дека некои други сили ја оставиле Бугарија без нејзината историска територија. Дали тоа не е вградување територијални аспирации кај младите Бугари кон невината Грција? Секако.

Каде е тогаш проблемот меѓу Република Македонија и Република Грција гледано од овој аспект? Тој практично не постои, па не е јасна желбата на Кирилов да им помогне на неговите грчки браќа. Се разбира, Бугарите имаат проблем околу националноста на населението во Македонија, но тие тој проблем го имаат и со Грците, кога е во прашање Егејска Македонија, па тоа не било причина за создавање какви било комисии или за каква било еднострана ревизија на историјата.

Германско-бугарски сојуз за Македонија


Бугарскиот генерал Бојаџиев со неговиот штаб на македонскиот фронт во Првата светска војна

Во почетокот на Првата светска војна Бугарија зазема неутрална позиција, како и Грција. Наредната година, нашиот источен сосед застанува на страната на Германија, откако на 24 август во Софија е потпишана Тајна спогодба меѓу двете земји. Бугарскиот учебник ги дава централните поенти на таа спогодба:
1. Германија и гарантира на Бугарија придобивање и анектирање на следните територии:
а) Денешна српска Македонија, опфаќајќи ги двете зони, спорната и неспорната...
б) Српската територија што се наоѓа на исток од следната линија: реката Морава со излезна точка на Дунав до местото каде што се спојуваат двете притоки, бугарска Морава и српска Морава; од тој пункт, линијата го следи водоразделот на двете притоки...
2) Во случај Романија за време на конфликтот без да биде предизвикана да ја нападне Бугарија, Германија ќе се согласи Бугарија да ги анектира териториите отстапени со Букурешкиот договор, како и да изврши поправка на границата определена од Берлинскиот договор.
3. Во случај Грција да нападне... Германија ќе се согласи Бугарија да ги анектира териториите на Грција отстапени со Букурешкиот договор...
4) Германија и Австро-Унгарија се обврзуваат на Бугарија да и дадат воен заем од 200 милиони франци.
Овој договор ја внесува Бугарија во Првата светска војна. Кога подоцна Грција застанува на страната на В. Британија и Франција, бугарската војска ја анектира Егејска Македонија, но по поразот на нејзините сојузници во војната, не само што одново ја губи туку останува и без делот од Тракија што го добива во согласност со Букурешкиот договор, а со тоа и без излез на Егејско Море.



Добрите Грци и лошите Срби


Родниот град на Гоце Делчев, Кукуш, запален до темел во грчко-бугарската пресметка во текот на Втората балканска војна

„Владите на Србија и на Грција спроведуваат политика на трајно окупирање и денационализирање во присоединетите територии“, се вели во лекцијата „Бугарија во перипетиите на Првата светска војна“.

Интересно, на учениците во Бугарија соодветно им се раскажува за злосторствата на Србите врз населението во Вардарска Македонија, но никаде нема ниту збор за репресиите што во вознес ги вршат Грците. „Уште потешки се репресиите врз бугарското население во Вардарска Македонија - илјадници Бугари се фрлени во затворите и се казнува секоја духовна пројава на бугарштината“, стои на страницата 238 од учебникот.

Не помеко е третиран и односот на романските власти кон Бугарите во Јужна Добруџа: „Во Јужна Добруџа властите го уништуваат бугарското просветно и црковно дело. Со специјален закон голем дел од земјата на бугарските селани им е одземена и таа преминува во рацете на романските чиновници и колонисти, кои добиваат редица привилегии“.

Што се случува во Егејска Македонија? Учениците во Бугарија за ова тешко дека можат да дознаат. Немаат ни како. Барем не од овој учебник, кој во оваа смисла, најдалеку оди со констатацијата дека од Тракија, Македонија и Јужна Добруџа има 250.000 бегалци.

Во овој дел за улогата на Грција може да се дознае индиректно. На пример, преку опишаната желба на Бугарија да го ревидира Букурешкиот договор, кој е потпишан од страна на нашиот источен сосед, како што се вели „со нож под грлото“.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDet...anie=22546
Без Ботев няма България
02-04-2012, 06:02 PM
Reply