ЈорданПетровски
ЈорданПетровски-ЦРНИ
      
Posts: 17,638
Joined: Mar 2010
Reputation:
36
|
Quote:ПОЛИТИЧКИТЕ ЕЛИТИ ВО МАКЕДОНИЈА СЕ ТУЃИ ИГРАЧИ!
![[Image: 543px-Eleftherios_Venizelos%2C_Belgrade_bust.jpg]](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/5/5b/Eleftherios_Venizelos%2C_Belgrade_bust.jpg/543px-Eleftherios_Venizelos%2C_Belgrade_bust.jpg)
Споменик на Елефтериос Венизелос во истоимената улица во Белград
Пишува Владимир Костовски
Hе може да постои никакво прашање за македонско етничко малцинство во српско-хрватско-словенечката држава. Македонските Словени од страна на властите на нашата држава отсекогаш биле сметани за Срби, па од сега натаму тие ќе ги уживаат истите права како и другите државјани на нашата држава и ќе бидат застапени со истите права во времениот парламент.“ (Никола Пашиќ, 1919. г.)
Кога денес гледаме разни заебанции што ни се случуваат околу името, идентитетот, проблемите со ЕУ со НАТО, прашањата за т.н. антиквизација, ние како набљудувачи многу често се соочуваме со чуденки зошто нам тоа ни се случува или пак, со дневни еуфорични оценки за нештата и за лицата инволвирани во процесите.
Дури и оние „анализи“ со продлабочени согледувања најчесто се фалични. Или поради незнаење или поради таквата, однапред поставена цел на оние што промислуваат за нас, што на крајот се сведува на исто–мислењето главно ни го кројат наследниците на оние кои со децеднии нѐ лишувале токму од вистината.
Денешните проблеми на Македонија во својата суштина се исти како и оние од пред стотина години. Тие произлегуваат од судирот на три големи идеи. Идеите за Голема Србија, за Голема Грција и за Голема Бугарија. Овие мегало идеи и ден денешен се живи и витални, иако, се разбира, со нужни специфики наметнати од времето изминато. Сепак, има разлика во нивната „живост“. На пример, српската велика идеја која започна посериозно да се наметнува на почеток на минатиот век, а кулминација доби по Првата Светска Војна, денес се соочува со последиците од својата алчност, од глупавоста на дејствувањето на нивните комунисти во текот на втората половина од 20. век, како и желбата на нивните наследници да заграбаат што повеќе, за што пократко време, предизвикувајќи и учествувајќи во една непотребна војна на просторите на поранешна Југославија, користејќи го обилно воено-полицискиот апарат, кој претходно го прочистија и го србизираа до максимум.
Таа, српската голема идеја,доживеа пораз и де факто го загуби она што како воен плен и економско и културолошко освојување го стекнаа од 1912. до 1940. г., а понатаму и во периодот од 1945. до 1990. г., па консеквентно и по периодот од 1990. г. до денес.
Српската голема идеја денес е сведена на оддржување на „инсталациите“ во мирување, со цел да се активираат за некои „подобри времиња“. Најголемите загуби на српската мегало идеја се загубите на излезот на море (Црна Гора), како и Косово и Македонија. Сето тоа успеааја да го „постигнат“ за нецели 15 години, пред сѐ поради нивната глупава алчност, но и поради замешателството на големите сили, кои во даден момент решија малку да го видоизменат овој дел од светот во однос на крајот од Првата Војна.
Идејата за Голема Грција, која формално се чини е мртва и неактивна, е всушност најжива од сите три големи идеи. Иако со кооптирањето на Грција во НАТО И ЕУ, и со мировното решние за Кипар се сметаше дека Атина нема повеќе територијални претензии, тоа е една голема лага и маска за наивните. Грција, ползувајќи ја токму својата привилегирана позиција на членка на ЕУ и НАТО, ползувајќи ги и врските од големите бизнис интереси и на Западот и на Истокот, ползувајќи ги и состојбите на северните нејзини граници, во чие креирање исто така несебично учествувала (сетете се на грчките крвожедни доброволци во Босна, особено во 1995. г.), ја одржуваат во живот својата мегало идеја и тоа токму со она што мислат дека им е најперспективно—Македонија.
Околу Македонија сѐ уште се одржува, иако најсрамежливо и Бугарската велика идеја, иако таа е најмалку активна и се чини во живот ја оддржуваат агентурни организации и поединци од типот на Каракачанов или на „јаничарот“ од Созопол, Божидар Димитров. Но, сојузењето на официјални претставници на Бугарија со Грција околу Македонија, преку разни поддршки на Атина од страна на Софија во ЕУ, во Европскиот парламент и помалку во НАТО, покажува дека Софија сѐ уште не се откажала целосно од „најромантичниот дел од бугарската историја“, Македонија.
Македонија-погонско гориво за мегало идеите
Всушност, Македонија може да се каже, е погонското гориво за опстанокот на сите три идеи за големи држави на нашите соседи кои се развиваа од крајот на 19. и во почетокот на 20. век, и кои, и денес во разни форми се витални.
По падот на комунизмот во 1991. и 1992. г. без малку дојде до обединување на Белград и Атина воено да се подели Македонија, кое тогаш беше спречено поради стравот на Бугарија повторно да не застане на погрешна страна и поради различни концепциски гледања за тоа како секој да си го добие својот дел од Вардарска Македонија. Но, мора да се нагласи и поради влегувањето на САД во Македонија и нивниот, тогаш цврст став, дека нема менување на внатрешните граници од некогашна Југославија.
Сепак,и поразот на Србија, и влегувањето на Бугарија во ЕУ и НАТО И сите промени во Грција од 1974. г. по падот на хунтата до денес, не ги намали желбите да се ровари, чекајќи некој поволен миг. Ова особено важи и е многу видливо за Грција, која води идентична политика од пред 100 години кон териториите на север. А, како и не би била идентична, кога Грција и денес ја водат истите семејства, т.е. наследниците на оние кои учествуваа во територијалното проширување и заграбување на туѓото од пред 100 години.
Очекувањата од тој поволен миг за Грција како крајна цел би биле освојување на териториите на југот на денешна Македонија, со Битола како регионален центар, за Бугарија евентуално враќање на териториите до течението на Вардар, а за Србија варијациите се различни. Тие во моментов го гледаат интересот само во поделбата на Косово и Босна, како максимум што би можеле евентуално да постигнат во дадената реалност, со додавка, дека она што би останало од Македонија по евентуалната нејзина нова подлеба, би било управувано од целосно просрпска влада, која ќе се однесува како автономна покраина на Србија.
Дека денес проблемите ни се идентични како и оние од пред сто години кога немавме држава, покажуваат и „книгите“ од некои тогашни настани, кога се решавало за Македонија без Македонците. Затоа тука ќе ви прикажеме една епизода од преуредувањето на териториите на Балканот по Првата Светска Војна, кога за нас се решавало во Версај.
Македонското прашање и Србија
Македонското прашање по Првата Светска Војна се решавало на мировната конференција во Версај и во Париз, но не на пленарниот дел, туку во работата на еден комитет на Конференцијата, кој бил наречен Комитет за нови држави и за заштита на малцинствата. Белград на оваа мировна конференција имал главно задача да го озакони воениот плен стекнат по Балканските војни и по Првата војна, а тоа беше легализација на договорот од Букурешт за подлеба на Македонија и утврдување нови пошироки граници за Кралството од оние пред војните.
Новите држави, во тоа време Кралството СХС и Грција, како и денес, биле под лупа на големите сили во Европа, на Вашингтон и на Москва и тие ги ползувале за преку нив исто така да си ги обезбедат своите економски и геостратегиски влијанија. Тогаш, во тоа време губитник била Бугарија, како поразена страна во војната. Србија и Грција имале „природни“ сојузници во Франција и Англија, а и тогаш, како и денес, малцинствата се користеле во разни цели, најчесто други од оние што би биле вистинска грижа за малцинствата и за нивните колективни или индивидуални права.
Во таа насока, Италија во летото 1919. г., учествувајќи во работата на Комитетот, предлага нешто, за што денес Македонците малку знаат. Италијанскиот предлог бил автономија за Македонија за делот што го управува Србија!
Одговорот на Србија, поддржан најмногу од Франција, но и од Грција, го доставил Никола Пашиќ, еден од најагилните српски борци за Големосрпската идеја. Тој во функција на шеф на делегацијата на Кралството на СХС на Париската мировна конференција го отфрла предлогот на Италија со следното образложение кое се однесува на Македонците и Македонија:
![[Image: viu1321480250t.jpg]](http://picturespk.pk/images/viu1321480250t.jpg)
Никола Пашиќ
„...Комитетот за нови држави и за заштита на правата на малцинствата особено се чувствува повикан да се занимава со судбината на ‘одредени’ етнички малцинства, какви што се Албанците и Македонците, како и на еден генерален начин со муслиманската популација. Делегацијата на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците се чувствува обврзана, пред сѐ, да изјави дека не може да постои никакво прашање за македонско етничко малцинство во српско-хрватско-словенечката држава. Македонските Словени од страна на властите на нашата држава отсекогаш биле сметани за Срби, па од сега натаму тие ќе ги уживаат истите права како и другите државјани на нашата држава и ќе бидат застапени со истите права во времениот парламент. Претставувајќи составен дел од мнозинството на нашиот народ и уживајќи ги сите граѓански и политички права, тие немаат апсолутно никаква потреба да бидат заштитени на некој специјален начин...“
Грција со идентичен став контра малцинствата
![[Image: viu1321480356n.jpg]](http://picturespk.pk/images/viu1321480356n.jpg)
Елефтерос Венизелос
Сосема идентичен негаторски став кон Македонците, но, и кон другите малцинства што се нашле во тоа време во Грција по анексиите извршени во Балканските и Првата светска војна, изразува и Грција од истиот период. Нивниот политичар со кој се гордеат, а кој не за џабе има и споменик во Белград, „либералот“ Елефтерос Венизелос, му напишал на претседателот на Комитетот писмо во форма на анекс кон договорот што на Мировната конференција му го предложила комитетот. Во писмото-анекс, Венизелос, исто како и Србите, тврди дека различните јазични групи и малцинствата ги уживале сите права. Воедно, тој предупредува дека постоењето групи со различен говор во соседното кралство на Србите во иднина ќе биде користено како негаторска пропаганда од една од поразените страни, Бугарија:
„...Во Грција не само што етничките малцинства ги уживаат истите права, слободи и заштита како и мнозинството, туку тие ползуваат прилично привилегиран третман во неколку работи, со посебни домашни или меѓународни текстови.
Овие заедници, како албанските групи пред самите порти на Атина, кои денеска дома можат да го користат својот мајчин јазик, истовремено приспособувајќи се перфектно на правниот поредок, и кои не чувствуваат никаква потреба да создадат сопствени цркви и училишта, ако соодветните клаузули бидат внесени во еден јавен договор, сигурно ќе бидат изложени на махинациите на пропагандистите од странство, па конечно, тие ќе го изгубат сопствениот мир и ќе и предизвикаат големи непријатности на владата. Истите причини се применуваат а фортиори и на словенските заедници во Македонија, каде што расната омраза особено е заживеана преку систематската пропаганда организирана и поддржувана од страна на Бугарите...“
Зошто македонските банди се прават недоветни!?
Овие ставови на Грција и на Србија од крајот на Првата Светска Војна се добро познати на секој што малку прочитал повеќе од задолжителната литература и лектира што ни ја даваа во училиштата. Во нејзе, во лектирата што ја учат македонските нови генерации, од тоа време, па до ден денешен, сѐ уште нема „детали“ ниту за Париската мировна конференција, ниту за улогата на Србија во Македонија помеѓу двете Светски војни, ниту за вистинските размери на грчкиот погром врз Македонците и Македонија од времето на „Македонската борба“ (1904.-1908. г.), па по Балканските војни и конечно за време и по Граѓанската војна од 1946.-1949. г., како и потоа. Но, сепак, вистината за ова им е позната и на старата комунистичка елита и на нивните наследници распределни денес во двете банди што управуваат со Македонија од 1990. г. до денес, а кои се разместени во ВМРО ДПМНЕ и во СДСМ.
Вистината добро ја знаеле, но како послушни комунисти и послушници на Белград, до 1990. г. не сакале да ја кажат. По 1990. г., една од двете банди ја отвора вистината, но тоа брзо бива супресирано од оние што ги создадоа. И покрај сознанијата за таквата вистина, Киро Глигоров се согласува да ја инвалидизира Македонија на два пати. Еднаш со тоа што се согласува на прием на земјава во ООН под референца „која ќе траела два-три месеца“, втор пат, со тоа што потпишува договор за преговарање со Грција за разликите околу името сѐ до изнаоѓање прифатливо име за двете страни!!!!????
Во изминатите дваесет години, ниту левата банда, ниту десната не направија ниту еден посериозен исчекор кон решавање на ова прашање, ниту пак направија исчекор да ги блокираат влијанијата и игрите што ги играат и од север и од југ во врска со Македонија. Тие пак, се исти како што рековме и пред 100 години. Македонските политички елити разместени во двете банди не може, а да не знаат, за тоа дека денес во Грција главниот збор околу Македонија го водат семејствата Папандреу, Венизелос и она на Самарас. Македонските тајни служби не може а да не знаат за сите нивни здружени игри (на Србија и на Грција) во последниве 20 години против разнебитувањето на Македонија, обилно притоа користејќи ја најслабата кохезивна алка—прашањето со албанското малцинство. Но и игрите преку пенетрирање на сомнителен и легален капитал во сите битни сфери за функционирањето на државата—телекомуникации, банки, транспорт, витални индустриски гранки, тутун...
Бидејќи немаме и не постои сомнеж во тоа дека сѐ погоре наведено го знаат, останува да ги запрашаме зошто не само што ништо не презеле, туку најчесто во сѐ им оделе на рака. Единствено пред народот глумат дека името не го даваат. Какво црно име, кога тие ја дадоа државата!?
Одговрот е лесен. Политичките банди предводени од елитите околу Груевски, Црвенковски, Георгиевски и порано Глигоров, тоа го прават не од што се недоветни, туку затоа што така им одговара, заробувајќи ја притоа Македонија во изминативе 20 години да „лета во место“. Тие не се недоветни. Тие тоа го прават од две причини. Затоа што во својата суштина не се автохтони македонски политички елити туку се октроирани од други центри на моќ кои претходно слугувале на српската кауза и второ, во годиниве изминати од осамостојувањето до денес, освен моќта го почувствувале и привлечниот мирис на парите. На многу пари. Политичките елити разместени во бандите можат да зборуваат што сакаат за нивниот патриотизам, да организираат потпишување на еден куп манифести, но, реалноста во Македонија во изминативе 20 години покажува дека тие ја играат заеднички играта со нашите непријатели. Методологиите и техниките се посебно прашање и небитини за ваквиот заклучок и за суштината на нештата.
Нештата ќе се сменат само со изнедрување на нова генерација автохтони Македонци кои ќе формираат доволни силни политички и економски елити за да можат да ја предводат нивната држава и нивниот народ низ децениите пред нас.
|
|