Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ДА ГО ЗАПОЗНАЕМЕ ПРОТИВНИКОТ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,948
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#21

(11-11-2011, 09:11 PM)veritas Wrote: Айде бе, така е най-лесно, сичко кое ви не изнаса е спамиране.


Веритас, отвори посебна тема на Историја за ГРЧКИ БОРЦИ ЗА МАКЕДОНИЈА.
11-11-2011, 09:15 PM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1
#22

(11-11-2011, 09:00 PM)ЈорданПетровски Wrote:
(11-11-2011, 06:51 PM)МрачниотКоњаник Wrote: Da se potsetime na pozadinata na Radkovcite: 90% od radkovcite se udbashi.



Коњанику тврдиш дека УДБа е творец на БУГАРОФИЛИТЕ во Македонија. Дали покрај "РАТКОВЦИТЕ" и Доста, Љупчо, Антонио, Каров и други кои беа "експонирани" со бугарофилството во редовите на ВМРО ДПМНЕ .... се аргати на УДБа.
Како играч на орото Удбашко, ти најубаво си знаеш Јордане кој бил а кој не бил. Радко Корп. е удбашко дувло. Icon_surprised
Бугарашењето не е удбин изум, но вие го користите како покритие за своите вистински намери. Глумите бугараши како никој не би помислил дека УДБА стои зад представата.
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
(This post was last modified: 11-11-2011, 09:17 PM by МрачниотКоњаник.)
11-11-2011, 09:16 PM
Reply
veritas Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,691
Joined: Feb 2010
Reputation: 7
#23

Гледайте си тука има достатъчно линкове и книги в Укипедия.
11-11-2011, 09:17 PM
Reply
Gnoj Offline
кабадаја
*****

Posts: 1,169
Joined: Feb 2010
Reputation: 33
#24

(11-11-2011, 09:11 PM)veritas Wrote: Айде бе, така е най-лесно, сичко кое ви не изнаса е спамиране.

Не, најлесно е воопшто да не знаеш која е темата и да ги прескокнеш сите претходни постови, а кога ќе ти кажат дека си надвор од неа, да се браниш дека не ни „изнаса“ напишаното. А уште полесно е тоа напишаното да ти е copy-paste на материјал од интернет.
Let me hear you make decisions without your television.
11-11-2011, 09:19 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,948
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#25

(11-11-2011, 09:16 PM)МрачниотКоњаник Wrote:
(11-11-2011, 09:00 PM)ЈорданПетровски Wrote:
(11-11-2011, 06:51 PM)МрачниотКоњаник Wrote: Da se potsetime na pozadinata na Radkovcite: 90% od radkovcite se udbashi.



Коњанику тврдиш дека УДБа е творец на БУГАРОФИЛИТЕ во Македонија. Дали покрај "РАТКОВЦИТЕ" и Доста, Љупчо, Антонио, Каров и други кои беа "експонирани" со бугарофилството во редовите на ВМРО ДПМНЕ .... се аргати на УДБа.



Како играч на орото Удбашко, ти најубаво си знаеш Јордане кој бил а кој не бил. Радко Корп. е удбашко дувло. Icon_surprised




Абре Коњанику, еднаш престраши се и одговори на прашањето. NesumjasNesumjasNesumjasNesumjas

Како можеш да знаеш за "РАТКО" а да незнаеш за ова што те прашувам.
(This post was last modified: 11-11-2011, 09:21 PM by ЈорданПетровски.)
11-11-2011, 09:20 PM
Reply
veritas Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,691
Joined: Feb 2010
Reputation: 7
#26

(11-11-2011, 09:19 PM)Gnoj Wrote:
(11-11-2011, 09:11 PM)veritas Wrote: Айде бе, така е най-лесно, сичко кое ви не изнаса е спамиране.

Не, најлесно е воопшто да не знаеш која е темата и да ги прескокнеш сите претходни постови, а кога ќе ти кажат дека си надвор од неа, да се браниш дека не ни „изнаса“ напишаното. А уште полесно е тоа напишаното да ти е copy-paste на материјал од интернет.

Е да, ама и в тази тема има фалшифициране на историческата истина. Требе да се поправи, не мислиш ли?
11-11-2011, 10:20 PM
Reply
Gnoj Offline
кабадаја
*****

Posts: 1,169
Joined: Feb 2010
Reputation: 33
#27

(11-11-2011, 10:20 PM)veritas Wrote: Е да, ама и в тази тема има фалшифициране на историческата истина. Требе да се поправи, не мислиш ли?

Можно е. Тогаш покажи го со прст. Еве, ќе ти покажам како се прави тоа:

Quote:
Quote:Курле е роден 1868 г. во Свирипичино и се преселил во Подмочани за да избега од Бугарите.
Това не е верно. Правилното име на Курле е Хујле, и е роден 1869 г. в Пичисвирино, а се преселил в Подпикани за да избега не от българите, а от сърбите. Ако не ми вервате вижте този цитат:

Quote:Азъ сѫмъ Хуйле. Роденъ сѫмъ прѣзъ 1868 г. въ Пичисвирино. Прѣзъ 1880 г. се пресѣлихъ въ Подпикани за да избѣгамъ отъ сърбитѣ.

Превзето от тук:
http://sviripichino.info

Ете така изгледа пост, напишан од жив човек, а не од спам-робот.
Let me hear you make decisions without your television.
(This post was last modified: 11-11-2011, 10:44 PM by Gnoj.)
11-11-2011, 10:38 PM
Reply
Администратор Offline
Administrator
*******

Posts: 716
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#28

(11-11-2011, 10:20 PM)veritas Wrote:
(11-11-2011, 09:19 PM)Gnoj Wrote:
(11-11-2011, 09:11 PM)veritas Wrote: Айде бе, така е най-лесно, сичко кое ви не изнаса е спамиране.

Не, најлесно е воопшто да не знаеш која е темата и да ги прескокнеш сите претходни постови, а кога ќе ти кажат дека си надвор од неа, да се браниш дека не ни „изнаса“ напишаното. А уште полесно е тоа напишаното да ти е copy-paste на материјал од интернет.

Е да, ама и в тази тема има фалшифициране на историческата истина. Требе да се поправи, не мислиш ли?



Веритас ТРИ ДЕНА БАН ЗАРАДИ СПАМИРАЊЕ НА ТЕМАТА.
11-11-2011, 10:49 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,948
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#29

Quote:Греческий министр предсказал развал Македонии

Сергей Жарких, Тирана-Скопье
"Российская газета" - http://www.rg.ru
14.01.2009, 12:48

Недавно назначенный министр культуры Греции Андонис Самарас ознаменовал начало своей работы в правительстве сенсационно-скандальным заявлением. В эфире греческой государственной телекомпании "ERT" он сказал, что "Македония скоро развалится и перестанет существовать как единый субъект международных отношений".
Известный своей радикальной националистической позицией Самарас, получивший пост министра культуры после проведенных накануне премьер-министром страны Костасом Караманлисом масштабных кадровых перестановок, в довольно жестких и прямых выражениях обрисовал, прямо скажем, нерадужную перспективу для Македонии. Имея в виду вполне реальный сценарий раскола Македонии по национальному признаку (сорок процентов населения составляют этнические албанцы, проживающие компактно, обособленно и полунезависимо), министр уверенно заявил, что Греции не нужно опасаться создания Великой Албании или Великой Болгарии. При этом Самарас обратил внимание на то, что в настоящее время Македония уже и так фактически разделена на две части - албанскую и славянскую, поэтому формальное закрепление сложившихся реалий - это только вопрос времени. "Думаю, что Скопье (именно так, а никак иначе, греки называют Республику Македония - прим. "РГ") очень скоро не будет как такового вообще. Это означает, что время на нашей стороне" - подчеркнул Самарас.
Отвечая на вопросы заинтригованных и жаждущих сенсации журналистов, министр культуры подкрепил свой прогноз выглядевшими вполне правдоподобно и убедительно аргументами. Он, в частности, сказал, что Евросоюз, будучи заинтересованным в сохранении хороших отношений со странами-членами ЕС, не окажет какого-либо серьезного давления на Афины в вопросе о признании Грецией конституционного названия соседнего государства, "Республика Македония". Это означает, по мнению Самараса, что никаких уступок в ходе то прерывающихся, то возобновляющихся переговоров по поиску компромиссного решения вышеуказанной проблемы Греция делать не должна.
В общем, выводы из изложенных фактов можно сделать неутешительные. Македонии, стремившейся в составе созданной американцами Охридско-Адриатической Группы (Албания, Македония, Хорватия) вступить в НАТО, не было направлено соответствующее приглашение в ходе прошлогоднего саммита Альянса в Бухаресте по причине наложения Грецией вето. Брюссель постоянно под разными предлогами откладывает сроки начала переговоров ЕС-Македония о согласовании этапов и условий реализации процесса европейской интеграции, опасаясь все того же вето Афин. Греция, похоже, заняла бескомпромиссную позицию: пока принципиальный для греческой истории вопрос об официальном названии страны не будет решен так, как хотят потомки воинов древней Эллады - не быть государству, гордо именующему себя Македонией (а именно так называется северная провинция Греции), членом НАТО и ЕС. Скорее упрямые греки согласятся с тем, что образованное после распада Югославии мини-государство будет поделено по национальному признаку между Болгарией (болгары, собственно, никогда и не считали македонцев за самостоятельную нацию, а македонский язык всегда оставался для них диалектом болгарского) и, больше вариантов нет, Албанией. К последней с превеликим удовольствием присоединится албанская часть сегодняшней Македонии. А дальше события будут развиваться вполне предсказуемо. Примеру албанских братьев из Македонии непременно захотят последовать компактно проживающие албанцы в южной Сербии (территория известной Прешевской долины, которую сами албанцы называют не иначе как Восточное Косово), в прилегающей к Албании части Черногории и, разумеется, Косово.
Прекрасно осознавая реальность такого сценария, европейцы и американцы несомненно приложат максимум усилий, чтобы утихомирить излишне разгорячившегося греческого министра культуры и подобных ему политических деятелей в Афинах, и не допустить такой масштабной перекройки границ на Балканах.
12-11-2011, 08:34 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,948
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#30



Quote:Самарас тврди дека Македонија ќе се распадне

11.01.2009
Првиот човек на грчката култура е против официјалниот став на Атина за сложено име во кое ќе стои зборот Македонија

Првиот човек на грчката култура во новата влада на Караманлис, Андонис Самарас, е против официјалниот став на Атина за сложено име во кое ќе стои зборот Македонија како основа за решение на спорот за името. Во интервју за Грчката државна телевизија пред да биде назначен за министер за култура со приоритет да го докажува грчкото право врз античка Македонија, Самарас тврди дека доколку на земјава и' се дозволи да го користи библискиот збор Македонија, тоа ќе биде национално предавство.

Тврдокорниот националист, кој во 1993 година беше сменет поради радикализам во врска со името од Мицотакис, смета дека времето работи за Грција и тврди дека Македонија наскоро ќе се распадне.

Самарас вели дека Грција не треба да се плаши од голема Албанија и од голема Бугарија, кои би се создале по распадот на Македонија.

„Верувам дека наскоро Скопје нема да постои како единствен субјект. Времето е на наша страна. Тие нема да успеат да го одржат единството, кое веќе не е единство. Грција, како сила, како развој, како население е побројна, помоќна и многу поразвиена и нема апсолутно ништо за да се плашиме од нив“, додава Самарас.

Во интервјуто за ЕРТ, Самарас ја повикува грчката јавност да не се плаши од реакцијата на европските партнери поради тврдите позиции на Атина кон македонското прашање. Поранешниот министер за надворешни работи Самарас ја поддржува владата во Атина - Грција да го блокира секој чекор кон Европа доколку Македонија не ги прифати грчките позиции и не се откаже од сопствениот идентитет.
12-11-2011, 08:38 PM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1
#31

Tipichen stil na politichar so otomanski maniri: u dvoro na Samaras gjubre ima do shija, ama toj bi pak da plukne u komshiskio.
Ostaj ti toa shto Grcija prezhivuva uvertira vo gragjanska vojna- ne e toa bitno, bitno Makedonija kje se raspadnela.
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
14-11-2011, 06:37 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,948
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#32


Quote:Самарас се инаети за пакетот


Владата се соочува со нови штрајкови, а утре и со протестот на Политехнио, односно денот кога грчките студенти се кренале во борба против воената хунта во 1973 година

Од нашиот дописник
Миркица Поповиќ

Атина - Ни двајца министри на клучните позиции во новата грчка влада не беа доволни за Адонис Самарас да го промени за ставот за новиот финансиски пакет и новите финансиски мерки. Самарас не изгледа дека ќе почне да се однесува како да има негови министри во владата, туку со своето однесување си останува на изјавите дека тие се опозиција и на оваа транзициона влада која ќе ја однесе Грција до избори. Триумфот над Јоргос Папандреу за Самарас изгледа дека е еднакво на пола добиена војна, чија друга половина лидерот на опозицијата е уверен дека ќе ја добие на предвремените избори планирани за февруари 2012.

Однесувањето на Самарас предизвикува проблем откако изјави дека нема намера да ја потпише гаранцијата што ја бара Европската комисија за да потврди дека ќе го изгласа новиот пакет договорен на европскиот самит во октомври. Самарас додаде и дека нема намера да поддржи никакви нови мерки што можеби новата влада би ги предложила како услов за да и' биде исплатена новата финансиска помош. Лидерот на опозицијата си остана на неговиот став дека ЕУ треба да му верува на дадениот збор дека нема да прави проблеми и ќе го изгласа новиот пакет помош.
16-11-2011, 02:51 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,948
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#33

Quote:ПОЛИТИЧКИТЕ ЕЛИТИ ВО МАКЕДОНИЈА СЕ ТУЃИ ИГРАЧИ!

[Image: 543px-Eleftherios_Venizelos%2C_Belgrade_bust.jpg]
Споменик на Елефтериос Венизелос во истоимената улица во Белград

Пишува Владимир Костовски

Hе може да постои никакво прашање за македонско етничко малцинство во српско-хрватско-словенечката држава. Македонските Словени од страна на властите на нашата држава отсекогаш биле сметани за Срби, па од сега натаму тие ќе ги уживаат истите права како и другите државјани на нашата држава и ќе бидат застапени со истите права во времениот парламент.“ (Никола Пашиќ, 1919. г.)

Кога денес гледаме разни заебанции што ни се случуваат околу името, идентитетот, проблемите со ЕУ со НАТО, прашањата за т.н. антиквизација, ние како набљудувачи многу често се соочуваме со чуденки зошто нам тоа ни се случува или пак, со дневни еуфорични оценки за нештата и за лицата инволвирани во процесите.

Дури и оние „анализи“ со продлабочени согледувања најчесто се фалични. Или поради незнаење или поради таквата, однапред поставена цел на оние што промислуваат за нас, што на крајот се сведува на исто–мислењето главно ни го кројат наследниците на оние кои со децеднии нѐ лишувале токму од вистината.

Денешните проблеми на Македонија во својата суштина се исти како и оние од пред стотина години. Тие произлегуваат од судирот на три големи идеи. Идеите за Голема Србија, за Голема Грција и за Голема Бугарија. Овие мегало идеи и ден денешен се живи и витални, иако, се разбира, со нужни специфики наметнати од времето изминато. Сепак, има разлика во нивната „живост“. На пример, српската велика идеја која започна посериозно да се наметнува на почеток на минатиот век, а кулминација доби по Првата Светска Војна, денес се соочува со последиците од својата алчност, од глупавоста на дејствувањето на нивните комунисти во текот на втората половина од 20. век, како и желбата на нивните наследници да заграбаат што повеќе, за што пократко време, предизвикувајќи и учествувајќи во една непотребна војна на просторите на поранешна Југославија, користејќи го обилно воено-полицискиот апарат, кој претходно го прочистија и го србизираа до максимум.



Таа, српската голема идеја,доживеа пораз и де факто го загуби она што како воен плен и економско и културолошко освојување го стекнаа од 1912. до 1940. г., а понатаму и во периодот од 1945. до 1990. г., па консеквентно и по периодот од 1990. г. до денес.

Српската голема идеја денес е сведена на оддржување на „инсталациите“ во мирување, со цел да се активираат за некои „подобри времиња“. Најголемите загуби на српската мегало идеја се загубите на излезот на море (Црна Гора), како и Косово и Македонија. Сето тоа успеааја да го „постигнат“ за нецели 15 години, пред сѐ поради нивната глупава алчност, но и поради замешателството на големите сили, кои во даден момент решија малку да го видоизменат овој дел од светот во однос на крајот од Првата Војна.

Идејата за Голема Грција, која формално се чини е мртва и неактивна, е всушност најжива од сите три големи идеи. Иако со кооптирањето на Грција во НАТО И ЕУ, и со мировното решние за Кипар се сметаше дека Атина нема повеќе територијални претензии, тоа е една голема лага и маска за наивните. Грција, ползувајќи ја токму својата привилегирана позиција на членка на ЕУ и НАТО, ползувајќи ги и врските од големите бизнис интереси и на Западот и на Истокот, ползувајќи ги и состојбите на северните нејзини граници, во чие креирање исто така несебично учествувала (сетете се на грчките крвожедни доброволци во Босна, особено во 1995. г.), ја одржуваат во живот својата мегало идеја и тоа токму со она што мислат дека им е најперспективно—Македонија.

Околу Македонија сѐ уште се одржува, иако најсрамежливо и Бугарската велика идеја, иако таа е најмалку активна и се чини во живот ја оддржуваат агентурни организации и поединци од типот на Каракачанов или на „јаничарот“ од Созопол, Божидар Димитров. Но, сојузењето на официјални претставници на Бугарија со Грција околу Македонија, преку разни поддршки на Атина од страна на Софија во ЕУ, во Европскиот парламент и помалку во НАТО, покажува дека Софија сѐ уште не се откажала целосно од „најромантичниот дел од бугарската историја“, Македонија.



Македонија-погонско гориво за мегало идеите



Всушност, Македонија може да се каже, е погонското гориво за опстанокот на сите три идеи за големи држави на нашите соседи кои се развиваа од крајот на 19. и во почетокот на 20. век, и кои, и денес во разни форми се витални.

По падот на комунизмот во 1991. и 1992. г. без малку дојде до обединување на Белград и Атина воено да се подели Македонија, кое тогаш беше спречено поради стравот на Бугарија повторно да не застане на погрешна страна и поради различни концепциски гледања за тоа како секој да си го добие својот дел од Вардарска Македонија. Но, мора да се нагласи и поради влегувањето на САД во Македонија и нивниот, тогаш цврст став, дека нема менување на внатрешните граници од некогашна Југославија.

Сепак,и поразот на Србија, и влегувањето на Бугарија во ЕУ и НАТО И сите промени во Грција од 1974. г. по падот на хунтата до денес, не ги намали желбите да се ровари, чекајќи некој поволен миг. Ова особено важи и е многу видливо за Грција, која води идентична политика од пред 100 години кон териториите на север. А, како и не би била идентична, кога Грција и денес ја водат истите семејства, т.е. наследниците на оние кои учествуваа во територијалното проширување и заграбување на туѓото од пред 100 години.

Очекувањата од тој поволен миг за Грција како крајна цел би биле освојување на териториите на југот на денешна Македонија, со Битола како регионален центар, за Бугарија евентуално враќање на териториите до течението на Вардар, а за Србија варијациите се различни. Тие во моментов го гледаат интересот само во поделбата на Косово и Босна, како максимум што би можеле евентуално да постигнат во дадената реалност, со додавка, дека она што би останало од Македонија по евентуалната нејзина нова подлеба, би било управувано од целосно просрпска влада, која ќе се однесува како автономна покраина на Србија.

Дека денес проблемите ни се идентични како и оние од пред сто години кога немавме држава, покажуваат и „книгите“ од некои тогашни настани, кога се решавало за Македонија без Македонците. Затоа тука ќе ви прикажеме една епизода од преуредувањето на териториите на Балканот по Првата Светска Војна, кога за нас се решавало во Версај.



Македонското прашање и Србија



Македонското прашање по Првата Светска Војна се решавало на мировната конференција во Версај и во Париз, но не на пленарниот дел, туку во работата на еден комитет на Конференцијата, кој бил наречен Комитет за нови држави и за заштита на малцинствата. Белград на оваа мировна конференција имал главно задача да го озакони воениот плен стекнат по Балканските војни и по Првата војна, а тоа беше легализација на договорот од Букурешт за подлеба на Македонија и утврдување нови пошироки граници за Кралството од оние пред војните.

Новите држави, во тоа време Кралството СХС и Грција, како и денес, биле под лупа на големите сили во Европа, на Вашингтон и на Москва и тие ги ползувале за преку нив исто така да си ги обезбедат своите економски и геостратегиски влијанија. Тогаш, во тоа време губитник била Бугарија, како поразена страна во војната. Србија и Грција имале „природни“ сојузници во Франција и Англија, а и тогаш, како и денес, малцинствата се користеле во разни цели, најчесто други од оние што би биле вистинска грижа за малцинствата и за нивните колективни или индивидуални права.

Во таа насока, Италија во летото 1919. г., учествувајќи во работата на Комитетот, предлага нешто, за што денес Македонците малку знаат. Италијанскиот предлог бил автономија за Македонија за делот што го управува Србија!

Одговорот на Србија, поддржан најмногу од Франција, но и од Грција, го доставил Никола Пашиќ, еден од најагилните српски борци за Големосрпската идеја. Тој во функција на шеф на делегацијата на Кралството на СХС на Париската мировна конференција го отфрла предлогот на Италија со следното образложение кое се однесува на Македонците и Македонија:


[Image: viu1321480250t.jpg]
Никола Пашиќ

„...Комитетот за нови држави и за заштита на правата на малцинствата особено се чувствува повикан да се занимава со судбината на ‘одредени’ етнички малцинства, какви што се Албанците и Македонците, како и на еден генерален начин со муслиманската популација. Делегацијата на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците се чувствува обврзана, пред сѐ, да изјави дека не може да постои никакво прашање за македонско етничко малцинство во српско-хрватско-словенечката држава. Македонските Словени од страна на властите на нашата држава отсекогаш биле сметани за Срби, па од сега натаму тие ќе ги уживаат истите права како и другите државјани на нашата држава и ќе бидат застапени со истите права во времениот парламент. Претставувајќи составен дел од мнозинството на нашиот народ и уживајќи ги сите граѓански и политички права, тие немаат апсолутно никаква потреба да бидат заштитени на некој специјален начин...“





Грција со идентичен став контра малцинствата


[Image: viu1321480356n.jpg]

Елефтерос Венизелос

Сосема идентичен негаторски став кон Македонците, но, и кон другите малцинства што се нашле во тоа време во Грција по анексиите извршени во Балканските и Првата светска војна, изразува и Грција од истиот период. Нивниот политичар со кој се гордеат, а кој не за џабе има и споменик во Белград, „либералот“ Елефтерос Венизелос, му напишал на претседателот на Комитетот писмо во форма на анекс кон договорот што на Мировната конференција му го предложила комитетот. Во писмото-анекс, Венизелос, исто како и Србите, тврди дека различните јазични групи и малцинствата ги уживале сите права. Воедно, тој предупредува дека постоењето групи со различен говор во соседното кралство на Србите во иднина ќе биде користено како негаторска пропаганда од една од поразените страни, Бугарија:



„...Во Грција не само што етничките малцинства ги уживаат истите права, слободи и заштита како и мнозинството, туку тие ползуваат прилично привилегиран третман во неколку работи, со посебни домашни или меѓународни текстови.

Овие заедници, како албанските групи пред самите порти на Атина, кои денеска дома можат да го користат својот мајчин јазик, истовремено приспособувајќи се перфектно на правниот поредок, и кои не чувствуваат никаква потреба да создадат сопствени цркви и училишта, ако соодветните клаузули бидат внесени во еден јавен договор, сигурно ќе бидат изложени на махинациите на пропагандистите од странство, па конечно, тие ќе го изгубат сопствениот мир и ќе и предизвикаат големи непријатности на владата. Истите причини се применуваат а фортиори и на словенските заедници во Македонија, каде што расната омраза особено е заживеана преку систематската пропаганда организирана и поддржувана од страна на Бугарите...“





Зошто македонските банди се прават недоветни!?



Овие ставови на Грција и на Србија од крајот на Првата Светска Војна се добро познати на секој што малку прочитал повеќе од задолжителната литература и лектира што ни ја даваа во училиштата. Во нејзе, во лектирата што ја учат македонските нови генерации, од тоа време, па до ден денешен, сѐ уште нема „детали“ ниту за Париската мировна конференција, ниту за улогата на Србија во Македонија помеѓу двете Светски војни, ниту за вистинските размери на грчкиот погром врз Македонците и Македонија од времето на „Македонската борба“ (1904.-1908. г.), па по Балканските војни и конечно за време и по Граѓанската војна од 1946.-1949. г., како и потоа. Но, сепак, вистината за ова им е позната и на старата комунистичка елита и на нивните наследници распределни денес во двете банди што управуваат со Македонија од 1990. г. до денес, а кои се разместени во ВМРО ДПМНЕ и во СДСМ.



Вистината добро ја знаеле, но како послушни комунисти и послушници на Белград, до 1990. г. не сакале да ја кажат. По 1990. г., една од двете банди ја отвора вистината, но тоа брзо бива супресирано од оние што ги создадоа. И покрај сознанијата за таквата вистина, Киро Глигоров се согласува да ја инвалидизира Македонија на два пати. Еднаш со тоа што се согласува на прием на земјава во ООН под референца „која ќе траела два-три месеца“, втор пат, со тоа што потпишува договор за преговарање со Грција за разликите околу името сѐ до изнаоѓање прифатливо име за двете страни!!!!????



Во изминатите дваесет години, ниту левата банда, ниту десната не направија ниту еден посериозен исчекор кон решавање на ова прашање, ниту пак направија исчекор да ги блокираат влијанијата и игрите што ги играат и од север и од југ во врска со Македонија. Тие пак, се исти како што рековме и пред 100 години. Македонските политички елити разместени во двете банди не може, а да не знаат, за тоа дека денес во Грција главниот збор околу Македонија го водат семејствата Папандреу, Венизелос и она на Самарас. Македонските тајни служби не може а да не знаат за сите нивни здружени игри (на Србија и на Грција) во последниве 20 години против разнебитувањето на Македонија, обилно притоа користејќи ја најслабата кохезивна алка—прашањето со албанското малцинство. Но и игрите преку пенетрирање на сомнителен и легален капитал во сите битни сфери за функционирањето на државата—телекомуникации, банки, транспорт, витални индустриски гранки, тутун...



Бидејќи немаме и не постои сомнеж во тоа дека сѐ погоре наведено го знаат, останува да ги запрашаме зошто не само што ништо не презеле, туку најчесто во сѐ им оделе на рака. Единствено пред народот глумат дека името не го даваат. Какво црно име, кога тие ја дадоа државата!?



Одговрот е лесен. Политичките банди предводени од елитите околу Груевски, Црвенковски, Георгиевски и порано Глигоров, тоа го прават не од што се недоветни, туку затоа што така им одговара, заробувајќи ја притоа Македонија во изминативе 20 години да „лета во место“. Тие не се недоветни. Тие тоа го прават од две причини. Затоа што во својата суштина не се автохтони македонски политички елити туку се октроирани од други центри на моќ кои претходно слугувале на српската кауза и второ, во годиниве изминати од осамостојувањето до денес, освен моќта го почувствувале и привлечниот мирис на парите. На многу пари. Политичките елити разместени во бандите можат да зборуваат што сакаат за нивниот патриотизам, да организираат потпишување на еден куп манифести, но, реалноста во Македонија во изминативе 20 години покажува дека тие ја играат заеднички играта со нашите непријатели. Методологиите и техниките се посебно прашање и небитини за ваквиот заклучок и за суштината на нештата.



Нештата ќе се сменат само со изнедрување на нова генерација автохтони Македонци кои ќе формираат доволни силни политички и економски елити за да можат да ја предводат нивната држава и нивниот народ низ децениите пред нас.
(This post was last modified: 17-11-2011, 12:57 AM by ЈорданПетровски.)
17-11-2011, 12:56 AM
Reply
toni_a Offline
1 - 2 + 3 - 4 + ...
****

Posts: 610
Joined: Jan 2010
Reputation: 12
#34

(11-11-2011, 12:04 PM)hristo Wrote:
(10-11-2011, 11:55 PM)acko Wrote:
(10-11-2011, 11:42 PM)Makedonec Wrote: Јас незнам ти каков тоа современик си бидејќи,гледам дека се повеќе и повеќе те притискаат бугарските газди....и затоа вадиш на површина теми кои на интернет можат да се сретнат како исклучиво од бугарски интерес.

Дај договорете се со Коњаникот, дали овој форум е удбашки или бугарски! Icon_razz Ќе ги доведете луѓето во заблуда... Icon_razz

Да, Ацко. Користејки ја логиката на Соленик не оди форумот истовремено да биде ем удбашки ем бугарски. По таа логика, Бугарите треба да се прогласат за удбаши или пак, бугарската кауза и агенда треда ба биде просрпска. Или, што е најверојатно, провoкаторите немаат идеја па плескаат глупости или поелоквентно-небулози.

лично јас не гледам никаков проблем во „логиката„ туку во обидите да се обојат работите исклучиво црно вс. бело!

бугарите и србите во многу наврати ДОКАЖАЛЕ и ПОКАЖАЛЕ дека знаат да си соработуваат, да се договараат и пазарат кога станува збор за туѓото - Македонија!

така да, лично јас ставам равенство помеѓу се' што е антиМакедонско...вклучувајќи го, разбира се, и внатрешниот фактор.
(This post was last modified: 17-11-2011, 04:35 AM by toni_a.)
17-11-2011, 04:33 AM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#35

Тони, Коњаникот пишуваше дека тоа бугарското е маска за да се продаде удбаштво. А не дека е заедничка акција како што ти би можел да поврзеш.

Во принцип непотребни се тие муабети, а Коњаник само последниве денови две теми отвори во кои пишува глупости за форумот. А тие се остаевени (иако едната не верувам дека ќе остане уште долго), а тој и други некои постојано се жалат дека Котле нешто ги попречува. Кој во Македонија дозволил вака да се пишува за него на неговиот простор? Знаеш некоја партија, невладина, медиум и др., кои прифатиле ваква (злонамерна) дебата за нив? Дали познаваш барем еден таков човек?

17-11-2011, 04:55 PM
Reply
Gnoj Offline
кабадаја
*****

Posts: 1,169
Joined: Feb 2010
Reputation: 33
#36

Ацко, извинете што ќе се вмешам малку во вашиот разговор, ама сметам дека Коњаникот, иако поган, е смешно неефикасен во она што го прави. Мачкина кашлица. Некаква внатрешна интуиција му кажува дека овој или оној има некакви сомнителни задни намери, ама некако не знае сето тоа да си го објасни и да го артикулира преку разгатнувачки аргумент или факт, на кој би вредело да се одговори. Па затоа му се тука необјаснетите теореми како „бугараштвото“. Смешно е било кој да се најде засегнат или нападнат од неговите етикети, кои или самиот не знае да си ги објасни, или нема доблест и достоинство нам да ни ги објасни. Или е сеуште многу млад и несозреан, а тоа не е грев. Icon_razz
Let me hear you make decisions without your television.
17-11-2011, 05:24 PM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1
#37

Првин Гнојче, да ти се заблагодарам за комплиментот (млад) а потоа и за епитетите (несозреан, поган и гнида).
И ајде Гнојче не се фемкај, кога и ацко (замисли) ми ја разбра поентата- престана да се преправа дека не разбира. Каква теорема за бугараштвото те спопаднала кога христо отворено се запраша што има лошо во ширењето на бугарштината низ Македонија. Значи дури и еден христо ја видел како реалност. Кога на крај и твојот бос фати сам да си одговара на сопствените прашања:

(14-11-2011, 03:26 PM)ЈорданПетровски Wrote: Секој од нас ако навистина бил бугарофил како што ни стои во обвиненијата, со стапнување на тлото на Европа, Северна или Јужна Америка, ќе се изјаснил за Бугарин!!! Такви меѓу нас нема. Ние сите сме Македонци.[/url]

па понатаму сам си одговори зошто не се изјаснил за Балгарин:

(16-11-2011, 10:39 PM)ЈорданПетровски Wrote: Бугарска идеа се продава во небугарски средини.
... тогаш мислам без везе е ти да бидеш единствениот што сеуште ја држи маската на лице.
И да, толку отприлика од оваа погана, несозреана и млада гнида, можеби ќе напишам уште некој пост меѓутоа ми мина ќефот да ви ја расипувам бугарашката журка. Сепак испаднав пристоен гостин кој барем се збогувал при заминување. Другите што ве напуштиле, не се ни поздравиле со вас на крај- впрочем никој не може да ги обвини.
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
17-11-2011, 09:12 PM
Reply
toni_a Offline
1 - 2 + 3 - 4 + ...
****

Posts: 610
Joined: Jan 2010
Reputation: 12
#38

(17-11-2011, 04:55 PM)acko Wrote: Тони, Коњаникот пишуваше дека тоа бугарското е маска за да се продаде удбаштво. А не дека е заедничка акција како што ти би можел да поврзеш.

Во принцип непотребни се тие муабети, а Коњаник само последниве денови две теми отвори во кои пишува глупости за форумот. А тие се остаевени (иако едната не верувам дека ќе остане уште долго), а тој и други некои постојано се жалат дека Котле нешто ги попречува. Кој во Македонија дозволил вака да се пишува за него на неговиот простор? Знаеш некоја партија, невладина, медиум и др., кои прифатиле ваква (злонамерна) дебата за нив? Дали познаваш барем еден таков човек?

што конкретно стои зад, јас неможам (наверојатно поради „младост и неинформираност„) да тврдам. тоа што можам од мој личен аспект (опсервација) да кажам е дека некои нешта забегуваат.

за мене не игра улога дали србинот ме изманипулирал, или пак бугарот сосе грчкиот му колега. важното е тоа кој (ќе) ги трпи последиците. а тие, на сите ни е повеќе од јасно, знаеме на чија сметка се книжат.
19-11-2011, 01:31 AM
Reply