(15-05-2010, 08:14 PM)neso20 Wrote: Milo mi e sto nekoj pisal za manjifiko,inace jas sum na krste tausanov sinot,Nebojsa,a Krste pocina vo 1991 godina,znaci sum imal 1 godinka.pozz na site
Ако одржуваш контакти со Панче и Невенка,поздрави ги од нивни голем фан
Јас сум релативно помлада генерација,знам дека Мањифико постоеле долго пред јас да се родам,а за првпат ги слушнав по националната МТВ кога бев прва или втора година средно.Ми оставија огромен впечаток,во почетокот мислев дека се Латиноамериканци и се чудев дека таков музички латинофеномен постоел и во наша Македонија...страшни се,кога би ја оценувал тетка Невенка според нејзините гласовни можности,тогаш на скала од 1 до 10 дефинитивно би и дал 11ка
Многу харизматични луѓе се и четворицата,Нешо ако можеш нешто да поднапишеш за формирањето на Мањифико,од каде пак мотивацијата уште на тоа време да создаваат таква музика во Македонија,тоа ми е многу интересно...сигурно за нивното време биле цареви,како што во наше време беше,Бог да си го прости,Тошката.
А,со четвртиот член на Мањифико-Петар Галев,што се случува со него,тој жив ли е?
Напиши нешто повеќе за ансамблот Мањифико...јас имам подслушнато дека Мањифико биле еден вид културни амбасадори на екс-Југославија,истото што и Тоше беше за Македонија.