montehristo
Неверан Тома
    
Posts: 1,493
Joined: Aug 2010
Reputation:
30
|
За жал делот од насловот и неговата мисла се губи со ограничувањето должината на текст за субјектот на низата.
Ајде вака да почнам: Што повеќе се пишува околу УДБ-а се повеќе ми станува јасно дека тука всушност станува збор за два ентитета за УДБ-а и за КОС.
Значи за луѓето околу Глигоров(според некои извори агент на КОС) и Тумановски(заменик на Васиљевиќ(прв човек на КОС во ерата на Милошевиќ) и Тито Петковски(Мајор во резерва на КОС) и од друга страна (сега не знам кој е кој во хиерархиската структура на Македонската УДБ-а) не знам кого да запишам како предводник од другата страна кои се присатни и во двете партии.
Сигурен сум дека во 1998 година со приклучувањето на Демократската Алтернатива(после губење на позициите по атентатот на Глигоров) всушност на ДПМНЕ му се лепи КОС на УДБ-а(која е присатна во ДПМНЕ) а секако и преку Ѕинго.
Причината која ми се виде како интересна за отворањето на темата е всушност тој дуализам, таа борба која се води во Македонската внатрешно-надворешна политика која ако се оди по логиката дека сите биле пред 1991 година во еден тавче не би била логична и очигледна се додека во таа формула не се додаде некоја непозната икс која ќе се нарече КОС значи таа борба би се прикажала вака:
На противникот своите луќе или тези да му ги прикажеш како тој сам да ги смислил или од некој нему близок(кој всушност е поблизок со противникот) или неговите тези да ги измениш доволно(пак прикажувајќи дека тој самиот дошол до таа идеа) да личи како тие тези да му одат нему во прилог(во корист на Македонија) а всушност да е во корист на противникот(Глигоров објаснувајќи зошто не го сакал оружјето на ЈНА вели не и било потребно толку многу оружје бидејќи нели ние сме мирољубиви како нација и би изгледале де факто како закана за мирот на Балканот а всушност предавањето на оружјето и одеше делумно во корист на Србија а делумно во корист на централата на КОС која нели имаше цел преку полошувањето на односите меѓу Србите и Хрватите(прикажувајќи ги и едните и другите како четници и усташи) истовремено продавајќи им го истото оружје што на Србите , што на Босанците, што на Хрватите де факто си ги јакнеше позициите и меѓународно а и локално во очите на “Југославените“ и де јуре дека само Комуњарите се решението “завиткано“ во обланда на не знам што.
Имам еден предлог поврзан со делот од текстот: сакав во насловот ВМРО да го означам до striketrough па ако е можно во фонтот да се овозможи и таа опција, секако доколку е возможно.
Ова од причина што со тоа може да се означи негација или отсаство на некој поим.
(22-09-2011, 01:30 PM)ЈорданПетровски Wrote: Quote:Прилози кон македонското „новинарство“
„ТЕПАЧКАТА“ ВО БРИСЕЛ Е ХУМОРЕСКА НА ПРОПАГАНДИСТИТЕ НА СДСМ(УДБ-A) И (ВМРО) ДПМНЕ(КОС)!
![[Image: rgh1316661064b.jpg]](http://picturespk.pk/images/rgh1316661064b.jpg)
Претставници на бандите што ја изведоа хумореската, со име и презиме се, Борјан Јовановски, Биљана Секуловска - Ива, Слободанка Јовановска - Жижи, Мирка Велиновска, Миленко Неделковски и Бобан Нонковиќ. Во Скопје логистичка поддршка им даваа Латас, Јанко, Геро и оние од порталот Sky. Сите споменати и неспоменатите околу нив се луѓе со завиден стаж, со завиден „путер на глава“ преку јавните работи, кои се се друго, освен новинарство...
пишува Владимир Костовски
Да не е трагично, би било смешно. Сите ја знаеме оваа изрека. Е, овој пат воопшто да не се тревожите, зашто нема никаква трагика во целиот настан кој сега ќе го искоментираме, оти е една голема смешка, еден невкусен хумор што ние го нарекуваме прилози кон современото македонско „новинарство“.
Станува збор за „тепачката“ во Брисел, која тука во Македонија веднаш побрзаа да ја наречат скандал!? Станува збор за кавгата или инцидентот што настанал помеѓу една и друга група новинари од Македонија, на една панел дискусија за слободата на медиумите во земјата, а која била организарана од пратеничката група на европските либерал демократи во Европскиот парламент
Што ни е тука смешно ќе се запрашате? Најмногу тоа што во таа кавга никој не е она за што се претставува. Таму во таа кавга, во убаво и скапо уредените простории на зградата на ЕП во Брисел, сите се „лажњаци“ и сите глумат лудило, искажувајќи секој од своја страна загриженост за темата, за позицијата што ја претставуваат, за Македонија!!!??? Кое лицемерие, какви лицемери и скаперници се обидуваат да ви/ни скројат јавно мислење или уште потрагично, некаква си слика за Македонија која, пази богати, требала да се најде и во делот од Извештајот на ЕК за напредокот на Македонија, во делот за слободата на медиумите. Но, да одиме по ред, со повторувањето на градивото, оти колку тие да се обидуваат да се направат глупи и слепи со својата упорност, толку ние повеќе имаме сила да ги повторуваме нештата, т.е. вистините за нив. Оттаму, ќе приповториме неколку аксиоми.
Аксиома прва: Македонија немала и нема слободни медиуми!
Во изминатите, најмалку 70 години Македонија немала, ниту денес има слободни медиуми или попрецизно зборувано, професионално новинарство што е ослободено од притисоци и стеги на сопствениците на медиумите. До пред 20 години, до 1991, тоа било така затоа што сопственици на сите медиуми во Македонија биле, иако не де јуре, комунистите, односно Сојузот на Комунистите на Македонија. Состојбата се менува по 1991. Сопственици на медиуми, номинално стануваат разни лица и компании, како и државата која преку Собранието останува да биде основач на јавниот радиодифузен сервис. Но, фактички, сопственоста врз медиумите и натаму ја имаат бившите комунисти, кои медиумите ги водат со истата комунистичка методологија што одредуваше што е вистина, а што не, и што е дозволено да знае народот, а што не. При што, јасно се отсликува и истата идеолошка матрица во нивните глави, иако замаскирана, некогаш и самозалажувана дека е демократска и плурална. Тоа е така затоа што на власт останаа префарбаните комунисти, кои, како се менуваа генерациите, власта ја дадоа на управување на нивни „деца“, а се со цел да го заокружат целиот систем на лажен плурализам и демократија во сите сфери на општеството. Па така, како што направија лажни партии и лажен повеќепартиски систем, така направија и лажен плурализам во медиумската сфера. За да остават што подобра слика од една страна, а од друга да имаат што повеќе можност за манипулација, во тој процес создадоа „илјадници“ медиуми.
Сепак има една мала разлика од времето кога комунистите владее до пред доаѓањето на „капитализмот“ на овие простори. Имено, „децата“ на кои им беше дадена власта, малку под притисок на „новото време“, на „џезот и рокенролот“, се подзанесоа, па наместо само за идеологоја, почнаа да мислат и на пари и на моќ. Оттука, освен комунизмот како идеолошка и методолошка матрица, во новите и приватните медиуми во Македонија, се подоминатно место заземаше и „капиталот“, односно нелегалниот профит, кој се повеќе се реализираше преку сојузот на политичките елити со организираниот криминал, т.е. мафијата, т.е. мафијашките испостави во Македонија на големите светски мафии. Резултатот е евидентен. Сопственици на медиуми во Македонија денес се разни луѓе, т.е. „новите дечки“ кои беа делегирани од старите комунисти да продолжат да владеат, а тие тоа го прават, како и од секогаш, со помош на тајната полиција и со помош на организираниот криминал. Значи, да заклучиме, денес, во овие 20 години, имаме малку изменета сопственичка структура. „Комунисти“ (заедно со џандари) плус Мафија. Резултатот, сепак повторно е ист како и од периодот 1945-1990, а тоа се неслободни медиуми, т.е. неслободно новинарство.
Кога на крајот ќе се сведат работите под еден именител, без никаква дилема може да се каже дека во Македонија никогаш немало и нема слободно новинарство и медиуми. Од време, на време, поради разни околности, сме имале чат-пат, делумно слободни медиуми и тоа е јасно посочено и видено од сите меѓународни тела и институции кои поради една или друга причина се занимаваат со слободата на медиумите во светот.
Оттаму, и самата идеја во ЕП да се организира панел дискусија од една група пратеници, посветена на моменталните состојби со новинарството и медиумите во Македонија е „утка“, зашто причините за таквата лоша состојба со медиумите не е од вчера или од денес, туку е од многу поодамна. Што, се разбира, не ја амнестира денешната власта на десната банда предводена од Груевски, од одговороста од нејзините силни напори таквата состојба да ја направи уште полоша.
Аксиома втора: Македонија нема професионално новинарство!
Како резултат на погоре опишаната сопственичка структура на медиумите во Македонија, во истите немало, ниту можело да се развие професионално новинарство. Таа состојба е подолготрајна, и таа исто така не е од вчера. Таа состојба е резултат на фактот што на сопствениците на медиуми не им одговорало и не им одговара во истите да имаат совесни, професионални, морално чисти и образувани новинари, оти таквите поставуваат незгодни прашања и се тешки за контрола. Па така, преку систем на делегирани и одбрани главни уредници, нивни заменици и помошници, до уредници на рубрики, преку системот на депресирани и мизерни плати и хонорари, до системот на контрола кој може да премине од еден медиум во друг, во Македонија од секогаш се негувало пропагадистичко пишување и известување. Тоа пак нема врска со вистинското новинарство, чија најважна улога е да биде чувар на демократијата преку известување за најважните процеси и настани што се случуваат во едно општество во даден миг. За да не разберете погрешно, збруваме за процес, а не за изблици на поединци, кои во даден миг ја бранеле слободата на говорот, професионалното новинарство и демократијата, т.е. слободата воопшто, со што придонеле одвреме - навреме да може да се оцени дека во Македонија има/ло, делумно слободно новинарство. Поединците кои на своите новинарски или уреднички задачи се истакнувале во овој поглед, за жал останале само поединци сместени во одделни случаи низ историјата на македонскиот журнализам, не успевајќи да го сменат системот во целина, ниту системот во кој функционира новинарството во Македонија денес, а притоа, скапо платиле за својот чесен труд.
Оттука, секое претставување на разни поединци во Брисел на некаков си панел во Европскиот парламент за „професионални новинар“, е не само смешно, туку и навреда на здравиот ум на сите граѓани, особено на оние што читаат и знаат, како и на оние шт подолго паметат. Таму немаше никакви професионални новинари, туку имавме и гледавме смешка, хумореска од две банди. Едната, бандата А, ја претставуваа пропагандистите и платениците на левата банда на СДСМ предводена од Црвенковски. Тие беа „панелисти“, јеботе, зашто „многу знаат“ и „многу читале“, а башка се многу “пропатени“.
Другата, бандата Б, ја претставуваа пропагандисти и платеници на „привремена работа“ кај десната банда, ВМРО ДПМНЕ, предводена од Груевски. Претставници на бандите со име и презиме се, Борјан Јовановски, Биљана Секуловска - Ива, Слободанка Јовановска - Жижи, Мирка Велиновска, Миленко Неделковски и Бобан Нонковиќ. Во Скопје логистичка поддршка им даваа Латас, Јанко, Геро и оние од порталот Sky.
За кого зборуваме ние? За кои професионалци? Па секој со два грама мозок, пред малите екрани или пред страниците на весниците каде работеа или работат овие „професионалци“, а да не зборувам за поупатените, знаат за какви „професионалци“ станува збор. Доволно е да видите еден нивни настап на телевизија, едно нивно водителство на некоја емисија или на вести, доволно е да прочитате еден нивен текст во весник, за да разберете дека тоа што тие го работат нема никаква врска со новинарство, иако, номинално, работат новинарски задачи. Сите погоре споменати и неспоменатите околу нив се луѓе со завиден стаж, со завиден „путер на глава“ преку јавните работи, кои се се друго, освен новинарство. Сите погоре споменати се одликуваат со завидна промена на своите круцијални ставовие во изминатите години за тоа кој ја управува и каде оди или треба да оди Македонија. Притоа, некои од нив, ставовите ги менуваат како смрдливи гаќи, значи барем еднаш неделно( во сабота кога се капат), додека барем еден од нив, најинтелигентната, Велиновска, тоа го прави малку поретко. На секоја петолетка, фигуративно би рекле.
Да заклучиме, ни во сон не станува збор за професионални новинари кои сакале да искажат две вистини во Македонија. Станува збор за полупрофесионални и професионални пропагандисти кои поради разни причини се на платен список на едната или другата банда на власт што се менуваат во Македонија. Меѓу тие разно-разни причини се наоѓа „свашта“. Од соработнички досијеа што ги имаат во УДБ-а, преку кривични дела од доменот на криминалот (измама на повеќе граѓани со цел протпивправно стекнување на имотна корист), за кои постојат и правосилни пресуди, па до најобичен простотилук и неписменост. И така, доаѓаме до следната аксиома.
Аксиома три: не може „курва“ да збори за „поштење“
Во овој морално испревртен свет има сешто. Таков лош каков што е, светот денес најчесто го управуват „курви“, кои за да го замаскираат својот курварлук, најчест зборуваат за „поштење“, т.е. чесност и потребата од чесноста за да ни бил светот подобар.
Како што видовме во првите две аксиоми, такви „курви“ ние имаме отповеќе и затоа не само новинарството и медиумите, туку и државата и општествто во целост ни се такви какви што ни се - полни со лажни стандарди и неправди од што најмногу трпат секојдневно оние што наводно суверено владеат - граѓаните. Но, такви „курви“ има и секаде низ светот, а доказ за тоа се лицата, сообено едно од нив, кое во моментов има професионална работа како пратеник не било каде, туку во Европскиот парламент.
Една таква „курва“, која се врти на името Јорго Шацимаркакис, си зема за право, заедно со уште две други такви „курви“, Јелко Кацин и Ерван Фуере, во ЕП да организираат панел дискусија за лошата состојба со медиумите во Македонија, односно да зборуваат за потребата од „поштење“ во таа сфера во Македонија.
Како што Зоран Талер, еден друг претставник од Словенија в ЕП беше фатен во корупциски сакндал тежок 100 илјади евра, а пред тоа ни солеше памет што поскоро да сме си го сменеле името, оти името не значело ништо посебно, така и Шацимаркакис беше фатен од германските медиуми годинава за плагирање, односно за кражба на туѓо знаење што го претставил како свое, при одбрана на докторската теза „Информациски глобализам“. Германските новинари, потпомогнати од т.н. ловци на лажни докторати, тврдеа дека голем дел од докторската дисертација на Шацимаркакис е изградена врз научни трудови на други луѓе, кои директно се копирани во неговата докторска теза. Како оваа работа завршила немаме информации, зашто се случи на почеток на летово што измина, но доволно е, што научната установа во Бон што му го прифатила докторатот и која му издала тапија доктор на науки, веднаш по написите во германските медиуми отворила истрага.
Да ве потсетиме и Шацимаркакис, како копретседавач на мешовитиот комитет Македонија - ЕУ, исто како и Талер, исто како и Кацин и Фуере, се отепаа убедувајќи не да си го смениме името, зашто Европската иднина ќе ни донела многу повеќе.
За жал ваквите „курвички“ како споменатите, секогаш се опкружени со други „курвички“ од нашиот медиумски простор, кои несебечно, и декларативно и физички, им даваат поддршка на секоја изговорена повраќаница, дури и кога пцујат и се расправаат како „кочијаши“ низ ходниците на ЕП!
Затоа не се тревожете. Во Брисел не се случи никаков скандал, никаква трагедија. Гледавме невкусна хумореска изведена од бандата А и бандата Б, пред бандата В!
Извор
An inch today is tomorrow’s mile.
|
|