Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Есенското преименување- одбројување
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,946
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(03-02-2012, 11:15 PM)Cesen Makedonec Wrote:
(24-01-2012, 04:35 AM)ЈорданПетровски Wrote: Во ЕУ и НАТО ке влеземе кога ке го РЕШИМЕ СПОРОТ СО ГРЦИЈА.

Решенија има две:

1.Да ги завршиме преговорите а тоа значи да си избереме име кое ке го прифати Грција.
2. Да ја отфрлиме по легален пат со легитимни средства Времената Спогодба.

Инаку ни останува името FYROM а со него нема прием во ЕУ и НАТО. ЕУ и НАТО не се организации на ОН.

Јас ти се восхитувам на ризикот кој го превземаш. Вакви изјави дава само некој што има информации од прва рака, тоест од тие што ја кројат политиката на САД. Инаку, 50:50 се шансите да си во право. А таков однос на шанси ниеден сериозен човек што држи до себе и што сака да изврши одредено влијание не би прифатил. Ако ти се информациите од новини, кој што рекол и како рекол, тогаш дилетантски ти се изјавите. А со тоа доведуваш се останато за и околу тебе во прашање и за тоа колку сериозно треба да те зема човек. Внимателен и паметен човек, ќути и чека. Ти веќе се имаш излетано и порано. Од илјада примери може да се види дека политиката е курва. Едно се интереси, друго се зборува пред јавност, трето се праи. САД зборуваше и во минатото дека ќе не признае само кога ке се договориме со Грција па не призна преку ноќ. Милион останати примери и од наш и од останатиот свет примери, каде едно се вели, друго праи. Кој знае какви притисоци можеби се вршат сега врз Грција ако на САД навистина и е стало Македонија да влезе во НАТО. Може Грција да не стави вето, и да изгледа дека ете, го менува ставот благонаклоно а уствари да се работи за притисок. Во секој случај изјавите на Рикер и останатите воопшто немора да значи дека Македонија нема да стане членка на НАТО, можеби под референцата ФИРОМ. Јас не велам дека нема да се случи така како што велиш дека ќе се случи, но, од многу случаеви се видело дека секој интересите си ги гледа прво, па и тоа што САД зборува така е во нејзин интерес, не ги љутат Грците. Но немора да значи дека така и се однесуваат зад сцена.

Груевски ги потврдува моите прогнози.

Quote:Груевски: Нема да станеме членка на НАТО и нема решение за името

Во овој момент нема сигнал дека Грција ќе покаже волја во скоро време да дојде до решение на проблемот со името, ниту дека НАТО ќе не прими како полноправна членка на самитот во Чикаго, САД, изјави премиерот Никола Груевски во интервјуто за телевизија Сител. Според него соработката на ВМРО-ДПМНЕ со ДУИ е добра и дека немаат никакви проблеми.

Ке пренесам само еден коментар:

Quote:mile :
Ako e taka,vo ponedelnik svikaj itna sednica na sobranieto,podnesi si ostavka,za da mozat na tvoe mesto da dojdat kadarni luge koi ke go resat problemot.
24-03-2012, 08:01 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,946
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote: Груевски: Сакаме решение за името, но компромис, а не диктат со кој ќе се менува идентитетот

Скопје, 19 април 2012 (МИА) - Ние сакаме да се дојде до решение за името, тоа решение може да биде компромис, но не може да биде диктат со кој што ќе се менува идентитетот и нешто што со векови се градело, се почитувало, се негувало и се живеело за него. Ние сакаме решение што ќе биде прифатливо за мнозинството граѓани на Република Македонија на организиран референдум.

Ова го изјави премиерот Никола Груевски одговарајќи на прашање на пратеникот Тито Петковски за тоа дали има подготвеност за единствен државнички став пред Самитот во Чикаго.

Со исклучок на средбата со грчкиот премиер на 1 март, без малку една година не можеме да воспоставиме нормална комуникација со Грција од причина што тие имаат одредени проблеми со кои се соочуваат, додаде премиерот посочувајќи дека тоа најверојатно е нивното алиби заради отсуството на комуникација.

- Кога со некој немате комуникација како може да разговарате и да најдете решение. Државен став се гради кога ќе се има разговори, конкретно решение кое што е од некого понудено, па да се собере Парламентот и да дискутира на отворена или затворена седница, рече Груевски.

Во соседна Грција, посочи тој, има изборна кампања и до нејзиното завршување таму не може да се обезбеди некој за да се разговара за ова прашање.

- По завршувањето на кампањата, доколку кај таа страна постои волја и интерес, како и во минатото, ние сме подготвени да седнеме и да бараме решение, но не и едностран диктат што ќе го понижи целиот народ и кој што решавајќи едно прашање ќе отвори друго за кое што се загубени векови и се загубени илјадници, стотици илјади животи во Македонија, изјави Груевски.

Оваа политичка гарнитура, додаде тој, покажа дека има далеку поголема волја и желба земјата да ја внесе во НАТО и во ЕУ, според чекорите и делата, а не според зборовите што ги слушавме и што ги слушаме и денес. Груевски рече дека Петковски повеќе години беше во владејачки гарнитури кои не ги направија реформите за влез во ЕУ и НАТО.

- Или не ве бидувало или не сте сакале. Сега се соочуваме со моментум кој што значи нелегална блокада од страна на Грција, што го докажа и судот во Хаг, кој јасно покажа дека Македонија во ниту еден момент не ја прекршила спогодбата потпишана во 1995 година и дека постојано разговарала со добра волја за да се најде решение, изјави премиерот.

И Владата и целата политичка гаранитура, истакна тој, прави се што е во нејзина моќ да се дојде до решение кое што ќе ја деблокира земјата и ќе и овозможи влез во НАТО и во ЕУ.

- Ние сакаме и решение со кое ќе ги нормализираме односите со нашиот јужен сосед, истовремено многу сме внимателни и сакаме решение што нема да направи штета на нашите национални и државни интереси, нагласи премиерот Никола Груевски. ев/паг/14:02

Дали има некој малку "писмен" од неговото опкружување за да му објасни на премеиров што ОБВРСКИ СЕ ПРЕВЗЕМЕНИ со ВРЕМЕНАТА СПОГОДБА. Тој има две решениа:
1. Да прифати име какво што ке предложи Грција
2. Да ја отфрли Времената Спогодба со легитимно образложение низ институциите на ДРЖ АВАТА МАКЕДОНИЈА.

Решението кое тој како и неговите предходници го применува, ЛАЖЕЊЕ на МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ дека ке се најде прифатлив компромис е губење време и пат кон распад на Македонија.
19-04-2012, 05:20 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,946
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Колкав ли е списокот од ЕУ за македонската приватизација.

Quote:EU traži rešenje 24 privatizacije

IZVOR: B92
Beograd -- Evropska komisija od Srbije već tražila da preispita 24 sporne privatizacije. Sporni: Sartid, Jugoremedija, C market, Luka Beograd, Nacionalna štedionica.

Dragomir Janković
Takođe, EK smatra da su sporne i privatizacije Mobtela, ATP Vojvodine, Novosti, Veterinarskog zavoda – Zemun, Keramike iz Kanjiže, Zastave elektro, Tehnohemije, Srboleka, Šinvoza, Prosvete, Azotare, ali i postavljanje optičkih kablova koje je radilo preduzeće Nuba invest, izvoz šećera u Evropsku uniju i Koncesija za auto-put Horgoš-Požega.

Dragomir Janković, izvršni direktor Evropskog ekonomskog instituta iz Brisela, kaže za Radio B92 da Srbija hapšenjem osumnjičenih za privatizaciju Azotare nije Evropskoj komisiji poslala neku prejaku poruku, jer su uhapšeni samo ljudi koji su učestvovali u toj privatizaciji.

"Nisam video da su u toj akciji uhapšeni ljudi koji su im tu privatizaciju omogućili, ili ako hoćemo konkretnije, pošto iz Agencije kažu da su obaveštavali državne organe o ispunjavanju ugovora iz privatizacije", kaže Janković.

Prema njegovim rečima, iz pisma EK Srbiji ne podrazumevaju se samo neposredni izvršioci koruptivne privatizacije.

"Neposredni izvršioci su uvek zainteresovani za koruptivnu privatizaciju, ali vi ne možete izvršiti privatizaciju ukoliko nemate podršku određenih državnih struktura. Znači ako vam je sistem podešen da su takve stvari moguće, nije važno uhapsiti samo ljude koji su učestvovali u privatizacijama, nego je važnije razračunati se s ljudima iz sistema koji su takve stvari omogućili", kaže Janković.

I posle izbora EU će očekivati da se razreše pitanja spornih privatizacija, nezakonitih postupaka i odgovornosti državnih organa, kaže on i dodaje da Srbija bez toga neće moći dalje da napreduje ka EU.
24-04-2012, 08:43 PM
Reply
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,471
Joined: Aug 2010
Reputation: 30

(24-04-2012, 08:43 PM)ЈорданПетровски Wrote: Колкав ли е списокот од ЕУ за македонската приватизација.

E Jordane, vo nashiot sluchaj bi ostanale bez bogatashi i pola administracija.

An inch today is tomorrow’s mile.
25-04-2012, 03:49 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,946
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Потребни се и реформи и решавање на спорот за името

Средбите на претседателот Ѓорге Иванов со високи претставници на ЕУ и на НАТО во Брисел завршија со утешителни пораки за продолжување на реформите, но и со апел за брзо решавање на спорот за името.

[Image: 8B4B5DAE-54D0-41A6-BA17-E10D79F09ED0_w64...y1_cw0.jpg]

Заложбите на Македонија да стане дел од евроатланското семејство, нејзината посветеност да ги спроведе потребните реформи и можноста да се деблокираат евроатланските процеси, беа презентирани до високите европски претставници во Брисел. Средбите на македонскиот претседател Ѓорге Иванов и шефот на македонската дипломатија Никола Попоски со еврокомесарот за проширување Штефан Филе, генералниот секретар на НАТО, Андрес Фог Расмунсен и претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц завршија со утешителни пораки за продолжување на реформите, но и со апел за брзо решавање на спорот за името.

Комесарот Филе одби да одговори дали одредницата „македонски” ќе се најде во октомврискиот извештај, потенцирајќи дека ислушал се што македонскиот претседател имал да му каже во врска со тоа.
Средба на претседателот Ѓорге Иванов со генералниот секретар на НАТО Андрес фог Расмусен во Брисел.
​​
„Двајцата се фокусиравме на суштината, што треба да се направи за вашата земја да добие датум за почеток на преговори за членство во ЕУ и тоа да се случи набрзо, а не подоцна. Апсолутно нема потреба претседателот Иванов да бара поддршка од мене за евроинтегративниот процес. Јас секојдневно го правам тоа. Силно го поддржувам тој процес и силно верувам дека македонското членство во Унијата ќе го зајакне процесот на проширување и ќе донесе бенефит за сите граѓани во државата“, изјави еврокомесарот Филе, кој на 17 септември доаѓа во Скопје на третата средба посветена на Претпристапниот дијалог на високо ниво.

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов изјави дека очекува позитивен извештај за напредокот на нашата земја.

„Очекуваме позитивен извештај и насочени сме токму кон содржината на извештајот, а тоа што имаме да го кажеме ќе го кажеме откако ќе го добиеме извештајот“, рече Иванов.

На средбата со генералниот секретар на НАТО Андрес Фог Расмунсен, Иванов ја потврдил посветеноста на земјава да ги исполни потребните стандарди за зачленување во Алијансата и упатил апел до членките на НАТО да бидат конструктивни за да се дојде до тој долгоочекуван консензус, кој е неопходен за членство на Македонија во Алијансата.

„И покрај тоа што нашите очекувања не се исполнија на Самитот на НАТО во Чикаго, сакам да нагласам дека ние не сме обесхрабрени, продолжуваме со сето она што е наша обврска кон НАТО, исполнувајќи ги сите критериуми и стандарди“, рече Иванов.

Претседателот упати покана до како што рече пријателите од Атина да седнат и да разговараат за заеднички да се дојде до решение на проблемот. Расмунсен, пак, ја повтори одлуката на Алијансата од Самитот во Букурешт во 2008 година.

„Ние донесовме одлука на Самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година, а тоа е дека сме подготвени да и дадеме покана за почеток на пристапни преговори на вашата земја, веднаш кога ќе биде донесено заедничко прифатливо решение за прашањето за името. Ние сме подготвени тоа да го исполниме. Процесот се одвива меѓу Скопје и Атина и одлуката на НАТО во Букурешт беше поддржана од сите членки на Алијансата. Сите одлуки во НАТО се носат со консензус и ни треба согласност од сите членки за почеток на преговори за членство“, истакна Расмусен.

Посетата на Иванов и Попоски во Брисел продолжува. Таа е редовна и е во пресрет на октомврискиот извештај за напредокот на земјата, како и пред посетата на Филе во Скопје. Од разговорите во Брисел аналитичарите не очекуваат поголеми поместувања како во поглед на прашањето за името, така и во поглед на нашите шанси за добивање датум за почеток на преговорите, но сепак додаваат дека каков било контакт со Брисел, не треба да се потцени.
04-09-2012, 10:54 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33

(04-09-2012, 10:54 PM)ЈорданПетровски Wrote:

Рљаботите се јасни. Само нашите се прават наглуви. Светот едно ни зборува а ние си ги повторуване нашите мантри.

05-09-2012, 09:27 AM
Reply
pina Offline
Junior Member
**

Posts: 36
Joined: Nov 2011
Reputation: 0

(05-09-2012, 09:27 AM)hristo Wrote:
(04-09-2012, 10:54 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:Потребни се и реформи и решавање на спорот за името

Рљаботите се јасни. Само нашите се прават наглуви. Светот едно ни зборува а ние си ги повторуване нашите мантри.

Nikoj ne se pravi gluv. Uslovot e Makedonija da go smeni imeto, pa ke poteche med i mleko niz Vardar.

Imeto ke go smenat naskoro, a za medot i mlekoto "malo morgen".

Prijatno Makedonijo, kade i da si. Iconwaveea9
05-09-2012, 08:29 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,946
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(05-09-2012, 08:29 PM)pina Wrote:
(05-09-2012, 09:27 AM)hristo Wrote: Рљаботите се јасни. Само нашите се прават наглуви. Светот едно ни зборува а ние си ги повторуване нашите мантри.

Nikoj ne se pravi gluv. Uslovot e Makedonija da go smeni imeto, pa ke poteche med i mleko niz Vardar.

Imeto ke go smenat naskoro, a za medot i mlekoto "malo morgen".

Пина проблемот е кај граѓаните на Македонија, гласачите. Бранко и Љупчо се изјасниа, како замена на FYROM тие прифаќаат име со географска одредница. Aко победат на изборите значи граѓаните им даваат мандат да го сторат тоа.

Груевски вели име не менуваме, мисли на FYROM, а од другастрана вели бараме фер компромис во преговорите со Грција. Дали разбираш кој е негов став. Јас не разбирам. Ако Груевски сака да го врати името Македонија, ке ја отфрли Времената Спогодба, ке ги отфрли Резолуциите 817 и 845.

ЕУ и САД велат РЕШЕТЕ спорот со Грција.
05-09-2012, 09:30 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33

(05-09-2012, 08:29 PM)pina Wrote:
(05-09-2012, 09:27 AM)hristo Wrote:
(04-09-2012, 10:54 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:Потребни се и реформи и решавање на спорот за името

Рљаботите се јасни. Само нашите се прават наглуви. Светот едно ни зборува а ние си ги повторуване нашите мантри.

Nikoj ne se pravi gluv. Uslovot e Makedonija da go smeni imeto, pa ke poteche med i mleko niz Vardar.

Imeto ke go smenat naskoro, a za medot i mlekoto "malo morgen".

Пина, до крај не ги следам 100% сите работи околу името, но чинам проблемот беше во промена на тековната референца ( ФИРОМ). Е, сега, како што разбирам, Грците сакаат да тоа име што ке се реши, да влезе и во Уставот, а нашите тоа не го дозволуваат. Инаку, нормално, преку ноќ нема да потече мед и млеко низ Вардар, но ке започне процес на поквалитетно уредување на држвата по сите нишани.

06-09-2012, 09:21 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,946
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Кој не го разбра ЗАКЛУЧОКОТ , Аврамопулос објасни :

Quote: „Во заклучоците што ги усвоивме денес, постигнавме значителен напредок, кој може да дејствува како катализатор. За прв пат решавението на прашањето за името е поставено јасно со едногласна одлука на Советот, како предуслов за отворањето на пристапните преговори за ФИРОМ. Прашањето за името веќе е клучен елемент со јасни услови, за исполнување на
критериумите за добрососедски односи. Поконкретно, како што е наведено во заклучоците, Советот ќе даде оценка, врз основа на извештајот на Комисијата, не само за чекорите за исполнување на критериумите за добрососедски односи, туку и за постигнување решение на прашањето за името во рамките на преговорите под покровителство на Обединетите нации. Со постигнувањето решение, Советот ќе одлучи да даде наредба на Комисијата да подготви преговарачка рамка за почеток на пристапните преговори со ФИРОМ.“
12-12-2012, 07:59 PM
Reply