Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
СКАНДАЛ ВО БРИСЕЛ-КОЈ ТРЕБА ДА СЕ СРАМИ
Author Message
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,133
Joined: Dec 2009
Reputation: 17
#21

(21-09-2011, 03:13 PM)Илиян_Луков Wrote: Аз не знам кой е прав и затова казвам - ако се караш с некой, карай се така,че да не те разберат ...
пък сега ... вие си се оправяйте ...

Според мене това си е провокация от оня Миленко, тая Велиновска и третия ... като не си поканен и никой не те е питал за мнение що го даваш ....

Има си нормални начини на отговор на тезите, които евентуално биха произлезли от това изслушване, ама да правиш скандали не го разбирам ... излагате си страната ...
европейците ще кажат - ето гледай ги тия колко са диви ...

От друга страна пък може да се каже - ето ЕС защитава предавниците и техните манипулации, ЕС е против македонския народ и секави други интерпретации ...

Вътрешно-политическите кавги си ги пазете за вкъщи .... това казвам аз ... нема значение кой крив - кой прав

Илјан кога Миленко Неделковски ја објави таа снимка Велија му се закани.
Но сепак ако се води таква дискусија,треба да се повикне и оптужената страна да го каже своето гледиште. Со ваквиот потез тешко дека може да се каже дека постои некаква вистинска слика.
Имено новинарите (Борјан и Билјана Секуловска) кои се викнати на таа панел дискусија повикуваа на нереди,кога даночната контрола упадна во нивните простории и се обидуваа да се конфротираат со униформираната полиција.Имено полицијата упадна и во времето на Владо Бучковски (СДСМ),но беа исфрлени од страна на новинарите на А1,посебно од Александар Чомовски.
Нивниот газда Велија Рамковски има пресуда против него дека ненаменски трошел пари од Американска фондација.Имено тој е осуден од Македонските судови, а пресудата никогаш не е извршена.И поради тоа Македонија има проблем за влез во НАТО и ЕУ.Поради тоа и Американските дипломати во Македонија укажувале.
"He who controls the present, controls the past. He who controls the past, controls the future." -- George Orwell
"Тој што ја контролира сегашноста,тој го контролира минатото.Тој што го контролира минатото ја контролира иднината." Џорџ Орвел
_____________________________________________________________

http://www.cd-macedonia.com
21-09-2011, 03:25 PM
Reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,133
Joined: Dec 2009
Reputation: 17
#22

(21-09-2011, 03:15 PM)acko Wrote: Не се мутави и двете новинарски банди. Во секој случај и едните и другите добро си ја сработија задачата. Мислам дека Мирка, Миленко и Бобан беа и подобри. Јасно е дека отидоа таму за да се направи слика дека извештајот ќе биде напишен по информации на Билјана, Борјан и семејството, па затоа ќе биде лош. Мислам во делот за слободата на медиумите. Башка, сега гледав на Сител, па настанот го пренесоа како бранење на Македонија. Не сакам во последно време да споредувам со други држави и режими, но вестите им беа исто како да гледаш РТС за време на Милошевиќ. Слично и Канал 5 известуваше.

Значи, во ова борба помеѓу двете банди, победници се новинарите на власта... Многу попаметно ја сработија својата задача, веројатно имале и подобар диригент од Скопје. Џабе ’европската’ македонска елита ги исмева шест години, во Брисел тие беа насамарени. Да не збориме за штетата што им ја нанесе нивниот Шацимиркакис (или како му е точно името).

Тимот на Мирка е во водоство!!!

Се согласувам потполно со Ацко.
"He who controls the present, controls the past. He who controls the past, controls the future." -- George Orwell
"Тој што ја контролира сегашноста,тој го контролира минатото.Тој што го контролира минатото ја контролира иднината." Џорџ Орвел
_____________________________________________________________

http://www.cd-macedonia.com
21-09-2011, 03:26 PM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#23

ЗНМ: Двете групи новинари во Брисел ја посрамотија професијата



Двете групи македонски новинари кои вчера учествуваа на панел-дискусијата во Брисел целосно ја посрамотија и дискредитираа професијата, оцени вчера Здружението на новинарите на Македонија кое се огради и го осуди нивното однесување.

ЗНМ го осудува и однесувањето на европратеникот Јоргос Шацимакакис, кој вчера на дебата за состојбата на медиумите во Македонија организирана во Европскиот парламент, навреди македонски новинари со погрдни зборови.

- Сметаме дека европратеникот Шацимакакис треба да се однесува со почит кон македонските новинари како што се однесува кон секој европски новинар - нагласува ЗНМ.

Организација на новинарите во земјава смета дека скандалот е резултат на партиско новинарство која се развиваше во изминатите дваесет години.

- Наместо дебата за подобрувањето на состојбите две групи новинари се потрудија да ја дисквалификуваат работата на ЗНМ водејќи се од лични и други интереси спротивни на интересите на новинарите во Македонија. Овие новинари кои излегуваат со есктремни спротивставени ставови, не ја одразуваат реалната состојба на медиумите и новинарството, туку претставуваат исполитизирани ставови за слободата на медумите.

Најголем дел од овие наши колеги се дел од проблемот на македонското новинарство и не можат да бидат дел од решението. За нас овие скандали се очајнички обид да се одржи состојбата на статус кво во новинарството, од кое најмногу профитираат овие колеги - се потенцира во соопштението на ЗНМ.

Во реакцијата се потенцира дека нема да дозволи мала група на новинари да претстави во јавност погрешна слика дека виновни за лошата состојба на медиумите се самите новинари.

- Најодговорна за овие состојби е актуелната власт, но од одговорност не можат да се амнестираат и сите досегашни влади. Неприфатливо е при известувањето за овој настан новинарите да користат меѓусебни дисквалификации и навреди и говор на омраза.

За осуда се и повиците за линч на новинари заради сопствените ставови. Проблемите на медиумите и новинарите се решават во Македонија, а меѓународните институции можат да го помогнат процесот. Најдобар начин да се решат проблемите е да продолжи започнатиот дијалог меѓу ЗНМ и другите професионални здруженија со државните институции - се нагласува во реакцијата.

21-09-2011, 03:41 PM
Reply
Nikola Jelovac Offline
Member
***

Posts: 56
Joined: Jul 2011
Reputation: 0
#24

Вестите на Сител денес беа срамен повик на линч. Дури, може да се каже, еден вид објава на граѓанска војна.
21-09-2011, 03:45 PM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#25

(21-09-2011, 03:45 PM)Nikola Jelovac Wrote: Вестите на Сител денес беа срамен повик на линч. Дури, може да се каже, еден вид објава на граѓанска војна.

Ти до сега нели разбра што е работата? Па секако дека е објава на линч, тоа го прават и двете групи. слични повици имаше и од Фрчковски, Шекеринска (се повикуваа на улицата).

Но, власта ги работи феноменално. Знаеше дека ќе има лош извештај за слободата на медиумите (па тие самите ја ограничуваат, знаат најдобро каква е), па прво новинарите на власта го пратија она писмо као за загревање, а дебатата беше главен настан. Од друга страна наидоа на дебили кои им подадоа рака за да си го завршат своето. Гркот Шаци го фаќаше хистерија, што му требаше тоа насилничко однесување кон новинарите?! Е, како тоа добро ќе легне во медиумите што човекот е и Грк!!! Искрено да зборуваме, ова однесување на пратеникот и на другите наши новинари не беше ’европско’. Тие галамат за слобода, а на овие не им дадоа да се изјаснат, дури што се вели на клоци ги исфрлија. Повторно се појави истиот проблем, Борјан, Билјана, немаат демократски, либерален, морален капацитет да се борат против ова власт исто како што нема и Бранко. Затоа Грујчо лесно си ги работи и овие секогаш му гледаат во грб.

И го добија тоа што го сакаа. Македонските патриоти отидоа во Брисел да ја бранат Македонија од предавниците кои во соработка со Грција сакаат да и наштетат на нашата држава. Сега со тоа ќе не бомбардираат низ медиумите.

21-09-2011, 03:58 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#26

(21-09-2011, 03:41 PM)acko Wrote: ЗНМ: Двете групи новинари во Брисел ја посрамотија професијата


- Најодговорна за овие состојби е актуелната власт, но од одговорност не можат да се амнестираат и сите досегашни влади. Неприфатливо е при известувањето за овој настан новинарите да користат меѓусебни дисквалификации и навреди и говор на омраза.



Проблемот бил познат од поодамна и го знаеле и знаат сите. Нерешавањето на проблемот е битното. Тука сигурно имаат влијание соседиве од Исток, УДБа е нивна творба и работи и денеска за нивни интереси.


(31-10-2010, 08:49 PM)ЈорданПетровски Wrote: ПОЛИЦИЈА И ПОЛИТИКА


Во ваква ситуација како единствено сигурен заштитен механизам, кој веќе се формира, е граѓанска воздржаност и повлекување, инаку толку типична за недемократските држави. Не навлегувајки во социолошко-психолошката сложеност на она што ваквата состојба им го носи на граѓаните, зачудува натамошната, очигледна злоупотреба на институцијата за државна безбедност, на сметка на политичките интереси на владеачката СДС. Повеќе факти зборуваат дека речиси ништо не е сменето на релацијата политика-полиција-граѓани. “Историските” изјави на министерот за внатрешни работи, Томислав Чокревски, за тоа дека тој знае кој од пратениците се “трудни до заби” но не сака да каже, за полициско-новинарските бракови, вечната евиденција и увид на полицијата, само потврдуваат дека и понатаму функционира комунистичкиот синдром, но сега како државен проблем – политизација на полицијата. Бидејки, ако Чокревски мисли сериозно, а во секој случај треба да се сфати сериозно, тој, мочеби несвесно, но сепак помалку авторитетно а повеќе авторитарно, лоцираше “непријатели” кон Министерството што тој го води постојано ги има под контрола. Апсурдот е во заклучокот дека, според Чокревски, непријателите седат во врвот на системот. Или Чокревски има норми кои не одговараат на еден министер на полиција на парламентарна држава, или СДС преку своите министри за сметка на партиските , државните интереси ги става на страна, или најнакрај најлошото – македонскиот парламентарен систем се распаѓа одвнатре.
21-09-2011, 04:03 PM
Reply
Илиян_Луков Offline
Senior Member
****

Posts: 456
Joined: Aug 2011
Reputation: 6
#27

(21-09-2011, 03:25 PM)basilius_2 Wrote:
(21-09-2011, 03:13 PM)Илиян_Луков Wrote: Аз не знам кой е прав и затова казвам - ако се караш с некой, карай се така,че да не те разберат ...
пък сега ... вие си се оправяйте ...

Според мене това си е провокация от оня Миленко, тая Велиновска и третия ... като не си поканен и никой не те е питал за мнение що го даваш ....

Има си нормални начини на отговор на тезите, които евентуално биха произлезли от това изслушване, ама да правиш скандали не го разбирам ... излагате си страната ...
европейците ще кажат - ето гледай ги тия колко са диви ...

От друга страна пък може да се каже - ето ЕС защитава предавниците и техните манипулации, ЕС е против македонския народ и секави други интерпретации ...

Вътрешно-политическите кавги си ги пазете за вкъщи .... това казвам аз ... нема значение кой крив - кой прав

Илјан кога Миленко Неделковски ја објави таа снимка Велија му се закани.
Но сепак ако се води таква дискусија,треба да се повикне и оптужената страна да го каже своето гледиште. Со ваквиот потез тешко дека може да се каже дека постои некаква вистинска слика.
Имено новинарите (Борјан и Билјана Секуловска) кои се викнати на таа панел дискусија повикуваа на нереди,кога даночната контрола упадна во нивните простории и се обидуваа да се конфротираат со униформираната полиција.Имено полицијата упадна и во времето на Владо Бучковски (СДСМ),но беа исфрлени од страна на новинарите на А1,посебно од Александар Чомовски.
Нивниот газда Велија Рамковски има пресуда против него дека ненаменски трошел пари од Американска фондација.Имено тој е осуден од Македонските судови, а пресудата никогаш не е извршена.И поради тоа Македонија има проблем за влез во НАТО и ЕУ.Поради тоа и Американските дипломати во Македонија укажувале.

Аз не взимам ничия страна ... не ви познавам газдите, политиците (така по-подробно) ама съм сигурен,че са от едно котило ...

Има една приказка при нас ... прекалено сме малки,за да не знаеме кой - кой е ....



21-09-2011, 04:32 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#28





21-09-2011, 04:45 PM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#29

Отидоа до Брисел да направат претстава за македонските граѓани. Што ти е глобализација! Icon_razz

21-09-2011, 05:01 PM
Reply
Nikola Jelovac Offline
Member
***

Posts: 56
Joined: Jul 2011
Reputation: 0
#30

Стави ја и верзијата на Штерјо “Ич кур да не те боли“ Наков, Јордане. Таму се гледа дека Шацимаркакис им вика дека “ќе добијат збор“, ама овие ич кур не ги боли, па Мирка си продолжува да си држи монолог за “евро-талибанци“, “евро-болшевици“ и др. Па се гледа дека потоа сами излегуваат - додуша германскиов Грк донекаде им помага.
21-09-2011, 05:21 PM
Reply
Nikola Jelovac Offline
Member
***

Posts: 56
Joined: Jul 2011
Reputation: 0
#31

од друг агол снимено:

http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=57...40987&page=
21-09-2011, 05:37 PM
Reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,133
Joined: Dec 2009
Reputation: 17
#32

Проблемот е во тоа што никој нема храброст ни човечност да се засрами. Оти ако треба да се засрамиш ќе покажеш дека си човек,а полно луѓе и политичари не се тоа.
"He who controls the present, controls the past. He who controls the past, controls the future." -- George Orwell
"Тој што ја контролира сегашноста,тој го контролира минатото.Тој што го контролира минатото ја контролира иднината." Џорџ Орвел
_____________________________________________________________

http://www.cd-macedonia.com
21-09-2011, 07:01 PM
Reply
Илиян_Луков Offline
Senior Member
****

Posts: 456
Joined: Aug 2011
Reputation: 6
#33

(21-09-2011, 07:01 PM)basilius_2 Wrote: Проблемот е во тоа што никој нема храброст ни човечност да се засрами. Оти ако треба да се засрамиш ќе покажеш дека си човек,а полно луѓе и политичари не се тоа.

Много верно - за да се засрамиш требе да си човек ... евала ...

21-09-2011, 07:05 PM
Reply
Nikola Jelovac Offline
Member
***

Posts: 56
Joined: Jul 2011
Reputation: 0
#34

интересен текст на Зоран Божиновски за темава - ако е за верување: http://www.facebook.com/notes/zoran-bozi...6857099541
22-09-2011, 12:39 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#35





Quote:Миленко, Мирка и Нонковиќ ќе го тужат Шацимаркакис?

Бобан Нонковиќ, Мирка Велиновска и Миленко Неделковски синоќа без покана како гости присуствуваа на панел дискусијата во организација на една партија од Европскиот Парламент.




После толку денови излегува дека организатор е една партија од Европскиот Парламент. А таа партија случајно е од левите.
22-09-2011, 01:07 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#36





22-09-2011, 03:12 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#37


Quote:Прилози кон македонското „новинарство“

„ТЕПАЧКАТА“ ВО БРИСЕЛ Е ХУМОРЕСКА НА ПРОПАГАНДИСТИТЕ НА СДСМ И ВМРО ДПМНЕ!


[Image: rgh1316661064b.jpg]
Претставници на бандите што ја изведоа хумореската, со име и презиме се, Борјан Јовановски, Биљана Секуловска - Ива, Слободанка Јовановска - Жижи, Мирка Велиновска, Миленко Неделковски и Бобан Нонковиќ. Во Скопје логистичка поддршка им даваа Латас, Јанко, Геро и оние од порталот Sky. Сите споменати и неспоменатите околу нив се луѓе со завиден стаж, со завиден „путер на глава“ преку јавните работи, кои се се друго, освен новинарство...

пишува Владимир Костовски


Да не е трагично, би било смешно. Сите ја знаеме оваа изрека. Е, овој пат воопшто да не се тревожите, зашто нема никаква трагика во целиот настан кој сега ќе го искоментираме, оти е една голема смешка, еден невкусен хумор што ние го нарекуваме прилози кон современото македонско „новинарство“.

Станува збор за „тепачката“ во Брисел, која тука во Македонија веднаш побрзаа да ја наречат скандал!? Станува збор за кавгата или инцидентот што настанал помеѓу една и друга група новинари од Македонија, на една панел дискусија за слободата на медиумите во земјата, а која била организарана од пратеничката група на европските либерал демократи во Европскиот парламент

Што ни е тука смешно ќе се запрашате? Најмногу тоа што во таа кавга никој не е она за што се претставува. Таму во таа кавга, во убаво и скапо уредените простории на зградата на ЕП во Брисел, сите се „лажњаци“ и сите глумат лудило, искажувајќи секој од своја страна загриженост за темата, за позицијата што ја претставуваат, за Македонија!!!??? Кое лицемерие, какви лицемери и скаперници се обидуваат да ви/ни скројат јавно мислење или уште потрагично, некаква си слика за Македонија која, пази богати, требала да се најде и во делот од Извештајот на ЕК за напредокот на Македонија, во делот за слободата на медиумите. Но, да одиме по ред, со повторувањето на градивото, оти колку тие да се обидуваат да се направат глупи и слепи со својата упорност, толку ние повеќе имаме сила да ги повторуваме нештата, т.е. вистините за нив. Оттаму, ќе приповториме неколку аксиоми.


Аксиома прва: Македонија немала и нема слободни медиуми!


Во изминатите, најмалку 70 години Македонија немала, ниту денес има слободни медиуми или попрецизно зборувано, професионално новинарство што е ослободено од притисоци и стеги на сопствениците на медиумите. До пред 20 години, до 1991, тоа било така затоа што сопственици на сите медиуми во Македонија биле, иако не де јуре, комунистите, односно Сојузот на Комунистите на Македонија. Состојбата се менува по 1991. Сопственици на медиуми, номинално стануваат разни лица и компании, како и државата која преку Собранието останува да биде основач на јавниот радиодифузен сервис. Но, фактички, сопственоста врз медиумите и натаму ја имаат бившите комунисти, кои медиумите ги водат со истата комунистичка методологија што одредуваше што е вистина, а што не, и што е дозволено да знае народот, а што не. При што, јасно се отсликува и истата идеолошка матрица во нивните глави, иако замаскирана, некогаш и самозалажувана дека е демократска и плурална. Тоа е така затоа што на власт останаа префарбаните комунисти, кои, како се менуваа генерациите, власта ја дадоа на управување на нивни „деца“, а се со цел да го заокружат целиот систем на лажен плурализам и демократија во сите сфери на општеството. Па така, како што направија лажни партии и лажен повеќепартиски систем, така направија и лажен плурализам во медиумската сфера. За да остават што подобра слика од една страна, а од друга да имаат што повеќе можност за манипулација, во тој процес создадоа „илјадници“ медиуми.

Сепак има една мала разлика од времето кога комунистите владее до пред доаѓањето на „капитализмот“ на овие простори. Имено, „децата“ на кои им беше дадена власта, малку под притисок на „новото време“, на „џезот и рокенролот“, се подзанесоа, па наместо само за идеологоја, почнаа да мислат и на пари и на моќ. Оттука, освен комунизмот како идеолошка и методолошка матрица, во новите и приватните медиуми во Македонија, се подоминатно место заземаше и „капиталот“, односно нелегалниот профит, кој се повеќе се реализираше преку сојузот на политичките елити со организираниот криминал, т.е. мафијата, т.е. мафијашките испостави во Македонија на големите светски мафии. Резултатот е евидентен. Сопственици на медиуми во Македонија денес се разни луѓе, т.е. „новите дечки“ кои беа делегирани од старите комунисти да продолжат да владеат, а тие тоа го прават, како и од секогаш, со помош на тајната полиција и со помош на организираниот криминал. Значи, да заклучиме, денес, во овие 20 години, имаме малку изменета сопственичка структура. „Комунисти“ (заедно со џандари) плус Мафија. Резултатот, сепак повторно е ист како и од периодот 1945-1990, а тоа се неслободни медиуми, т.е. неслободно новинарство.

Кога на крајот ќе се сведат работите под еден именител, без никаква дилема може да се каже дека во Македонија никогаш немало и нема слободно новинарство и медиуми. Од време, на време, поради разни околности, сме имале чат-пат, делумно слободни медиуми и тоа е јасно посочено и видено од сите меѓународни тела и институции кои поради една или друга причина се занимаваат со слободата на медиумите во светот.
Оттаму, и самата идеја во ЕП да се организира панел дискусија од една група пратеници, посветена на моменталните состојби со новинарството и медиумите во Македонија е „утка“, зашто причините за таквата лоша состојба со медиумите не е од вчера или од денес, туку е од многу поодамна. Што, се разбира, не ја амнестира денешната власта на десната банда предводена од Груевски, од одговороста од нејзините силни напори таквата состојба да ја направи уште полоша.


Аксиома втора: Македонија нема професионално новинарство!


Како резултат на погоре опишаната сопственичка структура на медиумите во Македонија, во истите немало, ниту можело да се развие професионално новинарство. Таа состојба е подолготрајна, и таа исто така не е од вчера. Таа состојба е резултат на фактот што на сопствениците на медиуми не им одговорало и не им одговара во истите да имаат совесни, професионални, морално чисти и образувани новинари, оти таквите поставуваат незгодни прашања и се тешки за контрола. Па така, преку систем на делегирани и одбрани главни уредници, нивни заменици и помошници, до уредници на рубрики, преку системот на депресирани и мизерни плати и хонорари, до системот на контрола кој може да премине од еден медиум во друг, во Македонија од секогаш се негувало пропагадистичко пишување и известување. Тоа пак нема врска со вистинското новинарство, чија најважна улога е да биде чувар на демократијата преку известување за најважните процеси и настани што се случуваат во едно општество во даден миг. За да не разберете погрешно, збруваме за процес, а не за изблици на поединци, кои во даден миг ја бранеле слободата на говорот, професионалното новинарство и демократијата, т.е. слободата воопшто, со што придонеле одвреме - навреме да може да се оцени дека во Македонија има/ло, делумно слободно новинарство. Поединците кои на своите новинарски или уреднички задачи се истакнувале во овој поглед, за жал останале само поединци сместени во одделни случаи низ историјата на македонскиот журнализам, не успевајќи да го сменат системот во целина, ниту системот во кој функционира новинарството во Македонија денес, а притоа, скапо платиле за својот чесен труд.

Оттука, секое претставување на разни поединци во Брисел на некаков си панел во Европскиот парламент за „професионални новинар“, е не само смешно, туку и навреда на здравиот ум на сите граѓани, особено на оние што читаат и знаат, како и на оние шт подолго паметат. Таму немаше никакви професионални новинари, туку имавме и гледавме смешка, хумореска од две банди. Едната, бандата А, ја претставуваа пропагандистите и платениците на левата банда на СДСМ предводена од Црвенковски. Тие беа „панелисти“, јеботе, зашто „многу знаат“ и „многу читале“, а башка се многу “пропатени“.
Другата, бандата Б, ја претставуваа пропагандисти и платеници на „привремена работа“ кај десната банда, ВМРО ДПМНЕ, предводена од Груевски. Претставници на бандите со име и презиме се, Борјан Јовановски, Биљана Секуловска - Ива, Слободанка Јовановска - Жижи, Мирка Велиновска, Миленко Неделковски и Бобан Нонковиќ. Во Скопје логистичка поддршка им даваа Латас, Јанко, Геро и оние од порталот Sky.
За кого зборуваме ние? За кои професионалци? Па секој со два грама мозок, пред малите екрани или пред страниците на весниците каде работеа или работат овие „професионалци“, а да не зборувам за поупатените, знаат за какви „професионалци“ станува збор. Доволно е да видите еден нивни настап на телевизија, едно нивно водителство на некоја емисија или на вести, доволно е да прочитате еден нивен текст во весник, за да разберете дека тоа што тие го работат нема никаква врска со новинарство, иако, номинално, работат новинарски задачи. Сите погоре споменати и неспоменатите околу нив се луѓе со завиден стаж, со завиден „путер на глава“ преку јавните работи, кои се се друго, освен новинарство. Сите погоре споменати се одликуваат со завидна промена на своите круцијални ставовие во изминатите години за тоа кој ја управува и каде оди или треба да оди Македонија. Притоа, некои од нив, ставовите ги менуваат како смрдливи гаќи, значи барем еднаш неделно( во сабота кога се капат), додека барем еден од нив, најинтелигентната, Велиновска, тоа го прави малку поретко. На секоја петолетка, фигуративно би рекле.
Да заклучиме, ни во сон не станува збор за професионални новинари кои сакале да искажат две вистини во Македонија. Станува збор за полупрофесионални и професионални пропагандисти кои поради разни причини се на платен список на едната или другата банда на власт што се менуваат во Македонија. Меѓу тие разно-разни причини се наоѓа „свашта“. Од соработнички досијеа што ги имаат во УДБ-а, преку кривични дела од доменот на криминалот (измама на повеќе граѓани со цел протпивправно стекнување на имотна корист), за кои постојат и правосилни пресуди, па до најобичен простотилук и неписменост. И така, доаѓаме до следната аксиома.

Аксиома три: не може „курва“ да збори за „поштење“

Во овој морално испревртен свет има сешто. Таков лош каков што е, светот денес најчесто го управуват „курви“, кои за да го замаскираат својот курварлук, најчест зборуваат за „поштење“, т.е. чесност и потребата од чесноста за да ни бил светот подобар.
Како што видовме во првите две аксиоми, такви „курви“ ние имаме отповеќе и затоа не само новинарството и медиумите, туку и државата и општествто во целост ни се такви какви што ни се - полни со лажни стандарди и неправди од што најмногу трпат секојдневно оние што наводно суверено владеат - граѓаните. Но, такви „курви“ има и секаде низ светот, а доказ за тоа се лицата, сообено едно од нив, кое во моментов има професионална работа како пратеник не било каде, туку во Европскиот парламент.
Една таква „курва“, која се врти на името Јорго Шацимаркакис, си зема за право, заедно со уште две други такви „курви“, Јелко Кацин и Ерван Фуере, во ЕП да организираат панел дискусија за лошата состојба со медиумите во Македонија, односно да зборуваат за потребата од „поштење“ во таа сфера во Македонија.
Како што Зоран Талер, еден друг претставник од Словенија в ЕП беше фатен во корупциски сакндал тежок 100 илјади евра, а пред тоа ни солеше памет што поскоро да сме си го сменеле името, оти името не значело ништо посебно, така и Шацимаркакис беше фатен од германските медиуми годинава за плагирање, односно за кражба на туѓо знаење што го претставил како свое, при одбрана на докторската теза „Информациски глобализам“. Германските новинари, потпомогнати од т.н. ловци на лажни докторати, тврдеа дека голем дел од докторската дисертација на Шацимаркакис е изградена врз научни трудови на други луѓе, кои директно се копирани во неговата докторска теза. Како оваа работа завршила немаме информации, зашто се случи на почеток на летово што измина, но доволно е, што научната установа во Бон што му го прифатила докторатот и која му издала тапија доктор на науки, веднаш по написите во германските медиуми отворила истрага.
Да ве потсетиме и Шацимаркакис, како копретседавач на мешовитиот комитет Македонија - ЕУ, исто како и Талер, исто како и Кацин и Фуере, се отепаа убедувајќи не да си го смениме името, зашто Европската иднина ќе ни донела многу повеќе.
За жал ваквите „курвички“ како споменатите, секогаш се опкружени со други „курвички“ од нашиот медиумски простор, кои несебечно, и декларативно и физички, им даваат поддршка на секоја изговорена повраќаница, дури и кога пцујат и се расправаат како „кочијаши“ низ ходниците на ЕП!
Затоа не се тревожете. Во Брисел не се случи никаков скандал, никаква трагедија. Гледавме невкусна хумореска изведена од бандата А и бандата Б, пред бандата В!
Извор
(This post was last modified: 22-09-2011, 01:32 PM by ЈорданПетровски.)
22-09-2011, 01:30 PM
Reply
Nikola Jelovac Offline
Member
***

Posts: 56
Joined: Jul 2011
Reputation: 0
#38

втор текст на З. Божиновски на тема “инцидентот“: Мало ВИСКИ, мало КОКА КОЛА... па збогум Груевски...
23-09-2011, 02:01 AM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#39

Jelovac, тројката отиде да направи претстава за македонска употреба. Така треба да се гледа на овие случувања и да се оценува успешноста. Тројката си ја заврши работата, излезе победник и уште не бомбардираат со нивниот подвик.

23-09-2011, 03:39 AM
Reply
Nikola Jelovac Offline
Member
***

Posts: 56
Joined: Jul 2011
Reputation: 0
#40

Абе, и РТС често излегуваше “морален“ победник во девеесетите...
(This post was last modified: 23-09-2011, 11:36 AM by Nikola Jelovac.)
23-09-2011, 11:35 AM
Reply