Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Пробајте да не пцуете
Author Message
Makedonec Offline
Senior Member
****

Posts: 406
Joined: May 2010
Reputation: 8
#1
1eek 
ТАЖНИ ЛУЃЕ КОИ НЕ ЗНААТ ДА СЕ РАДУВААТ


Соросидите против кошаркарите


Видете, спортот е супер работа и навивањето и победите. Ама да наречеш некого херој и да дадеш медаља за заслуги за народ???? - стои на профлиот на Најчевска

Еуфоријата од успехот на македонската кошаркарска репрезентација која ги зафати граѓаните прескокна една мала група "интелектуалци", кои деновиве очајнички се обидуваат да го деградираат успехот на нашите спортисти повикувајќи се на наводното фашистичко значење на навивачката песна "Излези, момче, право на тераса".
На нивните профли на социјалната мрежа Фејсбук може да се видат статуси во кои тие тврдат дека навивачката химна е малоумна и дека навивачите, а и воопшто сите луѓе кои ги слават победите на кошаркарите со оваа песна, се шовинисти, хулигани, нацисти, збунети или подведени. Очигледно овие докажани и проверени експерти во дузина полиња, набрзина докторирале и на темата навивачка супкултура, а во меѓувреме посетиле и десетина натпревари заедно со неколку гостувања на гостински терен.

Нивните тврдења предизвикаа лавина реакции на Фејсбук, а во коментарите може да се забележи дека преовладува мислењето оти тоа е глупост и провиден обид за нарушување на победничкиот метнатлитет и патриотската еуфорија која ја зафати државата.
- "Излези, момче, право на тераса" е шовинистичка, неонацистичка и малоумна навивачка химна. Таа е одличен начин да покаже колку сме забегале и кој се е врзан во навивачките групи коишто ја срамат државата и го намалуваат впечатокот што спортистите го оставаат, вели во својот статус експертот по сите прашања Роберто Беличанец.

[Image: 38FF4E13BBBAC043B5E25E47F5B2E033.jpg]

Ништо покуса не е ни поранешната претседателка на Хелсиншкиот комитет и експерт за човекови права", која тврди дека нашите кошаркари не се вредни за награди.
- Видете, спортот е супер работа и навивањето и победите. Ама да наречеш некого херој и да дадеш медаља за заслуги за народ???? - стои на профлиот на Најчевска.

[Image: FBBD4EE31B50AD42B17531ED8B522AF7.jpg]

Тука негде е и Жарко Трајаноски, кој пак во три реченици го објаснува животот и делото на Гоце Делчев и грешките во тезите на навивачката химна.
- Гоце Делчев бил социјалист, а не национал-социјалист. Гоце го разбирал светот како поле за културен натпревар, а не како поле за шовинистички натпревар. Меѓу народите, не меѓу расите, пишува Трајаноски.

[Image: 9F958F8E1A99FB42878A7ADB03A3F773.jpg]

Во одбрана на нивните тези е дописничката Тања Милевска, која смета дека целата еуфорија е вештачки продуцирана и дека е пренапумана. Таа повикувајќи се на своите искуства во странство, каде е и во моментот, тврди дека на пример во Франција по секоја победа на нивниот национален тим граѓаните се радувале по две минути, а прилозите на вестите не биле подолги од десетина секунди. Во врска со македонската кошаркарска репрезентација Милевска тврди дека нашите херои не биле доблесни оти не се понудиле паричната награда од Владата да ја понудат како инвестиција во Македонија. Таа веќе неколку пати го стори тоа со својот дописнички хонорар...

[Image: 24732DFC84E8EE4EAF63DB5986A1B1FF.jpg]

Последна, но не и најтивка е поранешната новинарка во А1, Билјана Секуловска, која во својата колумна во еден дневен весник, вели дека навивачката песна е "фрустрирачка и недоволно амбициозна за оваа раса над расите", "Гордоста на нашите кошаркари ја помати едно друго разочарување, песната посветена на победите".

Само за илустрација, победата над домаќинот Литванија, по кој договорено или не, почнаа да никнуваат овие статуси, ја прославија над 50.000 луѓе на плоштадот во Скопје, но и на плоштадите во сите градови во државата. Славјето продолжи и по херојската борба со шампионот Шпанија, но не и кај оваа "елита", која со несмален интезитет продолжи со своите јадикувања по социјалната мрежа.

За нив, спорната песна "Гоцева раса" е самопрогласена навивачка химна и постои веќе 25 години, а зад оваа песна стои навивачката група "Комити". Песната ја пеат безмалку сите македонски навивачки групи на секој натпревар на државните репрезентации во кошарка, фудбал, ракомет.

[Image: EA3F43E16E6C3F4FB9CD8972E10593D5.jpg]
Кошаркарите гинат на терен за дебели пари и лична слава, а не за државата, нацијата или народот.
Мирјана Најчевска

http://vecer.com.mk/?ItemID=0D3927E9E176...7FB7E94CD5
(This post was last modified: 19-09-2011, 01:21 AM by Makedonec.)
19-09-2011, 01:19 AM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1
#2

На овие ретардираниве “интелектуалци“ таа песна ќе им ја пеам за серенада под џам, сосе оркестар народни инструменти и тапани.
Што ќе наштракаа на профил ако Србија играше во финале?
Па на крајот заклучокот дека играле за дебели пари, Докузовски верувам има што да каже и докаже на госпожава...
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
19-09-2011, 01:29 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Оваа се дел од луѓето кои го креираа МАКЕДОНСКОТО јавното мнение во овие дваесетина години. Луѓе кои беа на челни позиции во организација кои требаше да помогнат Македонија да се ослободи од комунизмот и да се демократизира. Тие луѓе пракјаа извештаи до меѓунардони центри на институциите кои ги преставуваа. Сега МАКЕДОНСКАТА ЈАВНОСТ ИМА МОЖНОСТ да осознае како ја представувале Македонија и како е представена ВМРО ДПМНЕ и нејните симпатизери и членови.
Обидете се да дискутирате со нив на нивните профили и да укажете со факти на нивната погубна улога во демократизацијата на Македонија па ке осознаете колку се демократи. Имам впечаток дека секој од нив е клон на Сталин и Берија.
(This post was last modified: 19-09-2011, 01:34 AM by ЈорданПетровски.)
19-09-2011, 01:33 AM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#4

Поздрав од ХЕРОИТЕ до ситните ’интелектуални’ души!!!




19-09-2011, 02:23 AM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1
#5

Е тоа е тоа дечки, некои очекуваа под триумфалната капија да помине Јосип Броз а тоа таму да ти биле некои си кошаркари...
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
19-09-2011, 06:14 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Што пеат Макрадули и Андреј Петров
????


[Image: 98BC81C6FBF74C428DA32BBADD33C524.jpg]



Сигурно не ја пеат Друже Тито љубичице бела ... SurrenderSurrenderSurrenderSurrenderSurrenderSurrenderSurrenderSmajlitoSmajlitoSmajlitoSmajlitoSmajlito
19-09-2011, 08:55 PM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1
#7

Oh shit! In flagranti!
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
19-09-2011, 09:46 PM
Reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,133
Joined: Dec 2009
Reputation: 17
#8

Проблемот со постигнатиот успех на Македонските кошаркари на нашите инТелектуалцие е во тоа што коашркарите успеа да создадат вистинска Македноска гордост и патриотизам. Додека нивниот неуспех се бележи во тоа што не ја пеат "Ој Козаро" и Друже Тито ми ти се кунемо да са твога пута не скренемо. А кој е тој Титов пат?Ако може да се ценкаме со се само тие да добијат пари и сигурност дека тие ќе останат на власт до крајот на својот живот.
"He who controls the present, controls the past. He who controls the past, controls the future." -- George Orwell
"Тој што ја контролира сегашноста,тој го контролира минатото.Тој што го контролира минатото ја контролира иднината." Џорџ Орвел
_____________________________________________________________

http://www.cd-macedonia.com
21-09-2011, 02:56 PM
Reply