Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Херонеа
Author Message
barba Offline
שמע ישראל
****

Posts: 589
Joined: Jul 2011
Reputation: -8
#1
1xclaim 
Ало! Слепци низаедни! Опулете се околу вас! Нема веќе Македонци со прекршен ‘рбет. Нема чокалии, скопјанос, егејчишта, раја, македоноиди, вмровци и комуњари. Сите, фала богу, сме Македонци. Менувајте музика, оти ние не се тргаме од патот

[Image: mirka-velinovska-1[17].jpg]

Септември 2011-та за Македонците и нивната земја беше убав месец. По сите обиди за делби, по жестоки пропагандни кампањи со намера да бидат убиени во поим за никогаш повеќе да не пркнат, на најубав можен начин си покажаа себеси, на соседите, на светот дека постојат и дека се свесни за тоа. Благодарение на кошарката гледаме масовки речиси секоја втора вечер. И сите поминуваат како демонстрација на благородна животна радост, на внатрешен мир, кој произлегува од нараснатата самодоверба, самочувство и увереност во сопствената способност да се носиме со животните проблеми. Македонците ја преминаа психолошката бариера, која две децении ги држеше заробени. Вдишаа длабоко, свесни за тоа дека се слободни луѓе, кои имаат своја држава со сите нишани. Им испратија свој одговор на НАТО и на ЕУ, кои потценувачки веќе 10 години нé убедуваат дека за нас не требало да биде важно ни кои сме ни што сме, туку само да имаме леб и путер. Оваа порака, како што знаете, секој ден ни ја испраќа и една перверзна група на политичари и активисти од Македонија, кои во разни варијанти се обидуваат да нé вратат во претходната состојба.

Можеби нема одличје што е доволно големо за да му се додели на еден народ, ама фала на прашањето, Македонците го добија од сите свои соседи токму на 8 Септември 2011-та. Никој од нив не и честиташе на Македонија државен празник! На нашите среќни фаци парираа со грд фацијален грч. Го видовме и го слушнавме преку нивните „слободни“ медиуми. Ги здоболеа и спомениците и прославата на нашата државна независност и победите на кошаркарите, а изгледа најмногу кроткиот македонски народ, кој среде растревожената балканска и европска околина зрачи со животна енергија. Во сиромашна, фрустрирана, бесперспективна Македонија народот е на улици со знамиња, а не со стапови, камења и со молотови коктели. Се радува дури и без петарди. Ма, можно ли е?

Се думав зошто токму сега паднаа маските. Изгледа зашто на нашите мили комшии им требала Македонија со скршен ‘рбет, како недоправена држава што ја управуваат неталентирани политичари со ниски животни цели, како темен вилает, балканска крчма, вукоебина, политичко-пропаганден полигон, како монета за поткусурување. Оваа нова поинаква Македонија им го растура душевниот мир, чувството на супериорност. Со ничкосана Македонија, тие секогаш ќе бидат поважни барем во свои очи. Со исправена и успешна Македонија, тие се хендикепирани. И што да се прави сега? Како да им помогнеме на господата што Македонија и Македонците ги доживуваат како одечки комплекс?

Оној несреќен грчки духовник, владиката Антимос, вика дека го нашол лекот. Побара да се измислат невидливи, нечујни и безбојни Македонци. Бара на спортските трибини ексклузивно ним да им се забрани да навиваат класично, оти така ги деконцентрираат и ги плашат другите екипи. Особено грчката. Сé си мислам дека овој Антимос поразот на грчките кошаркари го доживеал како втора Херонеа. На трибините во Литванија, наместо педесетина македонски навивачи, ја видел фалангата на Филип Втори и му излегле светки пред очите, та се онесвестил од мака.

Што му се причинило на Мирослав Грчев, кој се распосла на ХТВ за да го излие својот салиериевски бес на бездарник, не сум сигурна, но ехото на неговите интимни фрустрации допре до наши уши преку Јорго Шацимаркакис. Обајцата дефинитивно ги стега умот од внатре. Заедно со Андреј Петров и Макрадули (кои, пак, нема што да ги стега ни однатре ни однадвор) промовираат талибанизам во Европа. Ќе ги демонтирале спомениците, ќе ги уривале градбите во центарот на Скопје за да докажат дека се цивилизирани. Ви се молам, тие велат дека „размислуваат“ за тоа, иако ова што го говорат е психијатриска дијагноза.

Е, ај! Баш да го видиме и тоа чудо. Тие го видоа народот како се радува и слави. Ако толку многу сакаат, ќе видат и како истиов кроток народ, кој не гази на мравка, го истура гневот кон оние што ќе се дрзнат да му ја преуредуваат куќата по сопствена „естетика“. Ало! Слепци низаедни! Опулете се околу вас! Нема веќе Македонци со прекршен ‘рбет. Нема чокалии, скопјанос, егејчишта, раја, македоноиди, вмровци и комуњари. Сите, фала богу, сме Македонци. Менувајте музика, оти ние не се тргаме од патот.

Ова важи и за „слободното“ новинарство во Македонија, кое по дефиниција е пропагандистичко-манипулативно, а не и професионално. Господинот Насер од ЗНМ тоа уште не го осознал, што се виде по соопштението на неговото „здружение“, а по повод реакцијата на Бихаќка на нашето писмо до комесарот Филе, но ќе биде и тоа. Херонеа не е само историски факт, име на место каде што се случил конкретен настан. Тоа е симбол за решеност, триумф на една идеја, кауза, визија наспроти напуваноста, снобизмот и самобендисаноста. На 5 јуни не беше поразена само идејата за ничкосана Македонија. Беа поразени и изведувачите на работите - и домашните и странските. Тие сега срамежливо и подзатскриено се обидуваат да ја воскреснат својата поразена агенда, ама тешко дека некој воопшто ги слуша. Амбиентот е целосно изменет. Прејден е Рубикон. Затоа ваквите типчиња денес изгледаат штрапани како владиката Антим. Глупо и смешно.

„Вест“ на пример, среде оваа нирвана се обиде да нé разгневи со теза дека со парите за само еден споменик можеле да се купат еркондишни за училиштата. Да. Точно е. Ама точно е и тоа дека професионален новинар нема да дозволи да биде јавно деградиран во глуп манипулатор кому сега јас ќе му ја уништам тезата со едно просто прашање: Зошто до пред пет години, кога народни пари не се трошеа ни на споменици, ни на градби, ни на болници, ни на улици, властите не купија еркондишни и клозети за училиштата? Или на што се трошеа народните пари тогаш кога немавме саглам улици, автобуси, парк, кеј, плоштад, болница? Зошто „Вест“ тогаш не се огласи? Или можеби во амбиент на тотална запуштеност, неговите „слободни“ новинари се чувствуваа убаво. Како и нашите мили комшии.

Немојте повеќе, аман! Скурдепсајте се, оти ете и Сем Вакнин, универзалниот експерт по општа пракса, кој 15 години ептен слободно дејствува во Македонија на повеќе полиња, почна да ве анализира и диференцира. Тој тоа го прави за свој грош, ама киниса работава и сé мириса на новинарска Херонеа.

Автор: Мирка Велиновска
I am that which grips the heart in fright, hearkens night and silence the light!!

Peace is lie, there is only a passion,
Trough passion i gain strength,
Trough strength i gain power,
Trough power i gain victory,
Trough victory my chains are broken.

The Force shall set me free
18-09-2011, 12:43 PM
Reply
barba Offline
שמע ישראל
****

Posts: 589
Joined: Jul 2011
Reputation: -8
#2

jordan, kogo sega ke go pratis da go unisti i ovoj topic???
I am that which grips the heart in fright, hearkens night and silence the light!!

Peace is lie, there is only a passion,
Trough passion i gain strength,
Trough strength i gain power,
Trough power i gain victory,
Trough victory my chains are broken.

The Force shall set me free
18-09-2011, 12:49 PM
Reply