(06-02-2010, 10:00 PM)Славјански Wrote: ацко, Александар Македонски е поим за светот и на него не му доликува друго место освен плоштадот на престолнината на Македонците.
Временската рамка на игра улога.
Тој како таков не ги негира македонскире револуционери во кои голем дел од нив и се повикуваат на него.
Погледни го повикот на разловечкото востание таму повторно ќе го најдеш Александар Македонски.
Зошто јас да се дистанцирам од Македонец кој бил толку славен ?
Затоа што иритирало некого, не разбирам.
Ако е лик од типот на Хитлер, да, не му е место никаде освен за осуда, но за еден великан кој го разнел името Македонија низ светот да дебатираме дали му е местно на плоштадот на престолнината на Македонија е само недостиг на самосвест и национално чуство, ништо друго.
За Скопје и градбите.
Скопје неможеш да го градиш во охридски стил со познатата македонска куќа.
Туку земен е урнек од репрезентативни градби од пред земјотресот и врз база на тој стил направен е концепт.
Е сега некому му се допаѓа некому не, ама да се сатанизира ова дело е невкусно и не враќа во едно старо време.
Тоа мене ме иритира.
Добро, ќе почнеме да се повторуваме...
Но, кај мене не е проблемот со Александар дали некого ќе иритираме, или како што пишуваш во претходниот пост ќе не нарекле националисти... Тоа скоро воопшто не ми е битно... Ти кажав имам проблем со ваквиот начин на изразување, па и проблем со тоа на Александар да му се даде најголмо внимание, не дозволувам никој да биде пред ВМРО... И зошто ти би се дистанцирал од Алексадар, зарем ние се дистанцираме од тие на кои што нема да им направиме толкав споменик на плоштад?!

Секој што не е за огромен споменик на Александар на плоштад тој е и против него и ни го брише од историјата?! Не ти држи логиката...
А, зошто е невкусно да се сатанизира ова дело? И во кое време не враќа? Не ти ги разбирам тие празни фрази... па токму со такви фрази ти не сатанизираш сите нас што не се сложуваме со овој проект! Навистина не ми е јасно на што мислиш...
И никој не бара градби од охридски тип, туку да не не убедуваат дека со Офицерски дом го заштитуваме македонскиот идентитет кој претходно бил обезличен... Тоа е употребување на тешки зборови за полесно да се манипулира... Ќе излезе дека секој што не е за Офицерскиот дом (и другите градби) е против македонскиот идентиет...
П.С. Сите големи луѓе (и нивните проекти), се толку големи затоа што биле пред времето, направиле нешто ново, дотогаш не видено, останало и сега сведочи за нив... Ние не сакавме да се потрудиме да бидеме чекор пред времето, него се убедуваме дека и на други плоштади имало коцка, дрвце, џамија, катедрала, градба од барок, класицизам, неокласицизам, па да си го оправдаме тоа што ке биде кај нас... Сосема погрешен пристап...
П.П.С. Како ни на еден од ДПМНЕ не му засметаа барем премногуте градби, или некоја ситница, како сите исти вкусови да имаат!?