Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
20 години НЕЗАВИСНА и СУВЕРЕНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!!!
Author Message
TEODOR Offline
Member
***

Posts: 59
Joined: Aug 2011
Reputation: 3
#21

(09-09-2011, 11:11 AM)alexdgreat Wrote: neznam dali ste go procitale ova http://www.nowpublic.com/world/republic-...-years-old ama za sekoj slucaj ke go postiram.
Sam Vaknin avtorot na ovoj tekst sekako go znaete, mu bese sovetnik na premierot

Sem Vaknin e zenet za Makedonka i cesto pati moze da se sretne po skopskite elitni kafulinja.Pisuvase mnogu kolumni vo "Fokus" so interesni tekstovi.Jas sega ja procitav ovaa kolumna vo koja sto odprilika se bavi so psihoanaliza na Mak.liderite vo politikata no i psihoanaliza na elektoratot.
E sega jas bas nerazbrav vo sto e poentata.Dali mozebi mislis deka proslavata ke bide iskoristena za mir vo kukaIcon_questionIcon_question
09-09-2011, 02:31 PM
Reply
barba Offline
שמע ישראל
****

Posts: 589
Joined: Jul 2011
Reputation: -8
#22

[Image: A545AFB08A7CBE4691167BEB2689689B.JPG]



koj velese malce bile???

[Image: CB57449FCC903643A5754F37DEB7A180.jpg]

[Image: 66D9B5958AD08B4080DF657C396346D2.JPG]

[Image: D0DA4375B294E844AE858CE2CC5B0C5E.JPG]

[Image: 29633C49FE8F374B9374490C6AFE972D.JPG]

[Image: 0B8C3B846155A64C9CF59291F0BDDA06.JPG]

[Image: EABEE99B2BB70444810A4A8BAB30AA0F.JPG]

[Image: 21B34A78539D8F4F9681FE88AC4A4E57.JPG]

[Image: 3BF285990559244888A054E63DB5112D.JPG]

[Image: 7D5EACD7F8E1E84BAD5CCA19B2C849BF.JPG]

[Image: FB50825C76E3C646980E63FF0B68080D.jpg]

[Image: 191726E2236A4B4FAABE48FA5A2803CF.jpg]

[Image: 317DC914E6AFEB44AB033515915201B3.JPG]

[Image: 76F7E6812D3D4540AA03D4D3F5D0DC84.JPG]

[Image: 52AFFB9FAD792F4CB8E3976BEFE20CB0.JPG]

[Image: 027C1382E2C2BB49B82B84D4BCA44270.jpg]

[Image: EAC3AC271C3B224BADF8F176EA0C6725.jpg]
I am that which grips the heart in fright, hearkens night and silence the light!!

Peace is lie, there is only a passion,
Trough passion i gain strength,
Trough strength i gain power,
Trough power i gain victory,
Trough victory my chains are broken.

The Force shall set me free
09-09-2011, 05:04 PM
Reply
barba Offline
שמע ישראל
****

Posts: 589
Joined: Jul 2011
Reputation: -8
#23

Quote:Цел Балкан пишува за прославата во Македонија, во Грција молк

Светските, а особено медиумите на Балканот, не пропуштија во своите изданија да ја доловат атмосферата која вчера го преплави Скопје.


За софиски ЕХО сосема се разбирливи емоциите со кои беа обземени Македонците со грандиозната прослава на 20-годишнината од независноста на Македонија. Грандиозност е клучен збор и во репортажите во српските медиуми, кои по подолго време со наклонетост пишуваат за настанот, не експлоатирајќи го притоа спорот за името со Грција.

Медиумите во Косово имаа заблешка околу националниот карактер на прославата која според нив не содржела мултиетнички карактер и тоа било причината албанската опозиција да ја бојкотира манифестацијата.

Државната хрватска телевизија вчера известуваше директно од плоштадот. Репортерот кој не трошеше многу зборови за содржината и причината за прославата, си постави прашање дали споменкот на Воинот преставува нова провокација за Атина. При тоа констатираше дека Македонија ќе мора да избере помеѓу споменикот или ЕУ.

Ал Џезаира во извештајот вели дека историјата на Македонија се протега одамна, пред последниве 20 години, уште од времето на Александар Македонски, а токму тоа е факт кој ги иритира Грците.

За разлика од медиумскиот интерес во целиот свет, во Грција денеска само молк за вчерашното славење во соседството.

Сања Сеизова Мрмова



jas bi dodal Grcija i Jordan molcat
I am that which grips the heart in fright, hearkens night and silence the light!!

Peace is lie, there is only a passion,
Trough passion i gain strength,
Trough strength i gain power,
Trough power i gain victory,
Trough victory my chains are broken.

The Force shall set me free
09-09-2011, 08:24 PM
Reply
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,471
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#24

Тој Би сакал, но поради стравот од неговиот Фирер не може.
Бучковски е во право, но оние кои ја остварија првична акумулација на капитал и те како имаат за што да се плашат, а и сам знае дека тоа не е можно затоа и генерализира ставајќи ги криминалците од СДС заедно во категоријата граѓани, кој да не се плаши граѓаните или оние лоповите?
Затоа и не можат да му ја запушат устата околу обединувањето.



Quote:Згреши ли СДСМ што не дојде?
[Image: 92BFEEFC9BEE824587C66808FE04ECE5.jpg]

Опозицијата остана надвор не само од централната прослава, туку и подалеку од своите граѓани

Светлана Унковска

Одбележувањето на 20-годишнината од независноста на Македонија помина во свечена атмосфера, но не може да се заобиколи отсуството на опозицијата. Владата не успеа да се надмине себеси и заедно со опозициските партии да го договори сценариото на прославата, ниту, пак, опозицијата најде сили да премине преку тоа и да дојде на свеченоста на која имаше масовно присуство на граѓани. Нашите политички претставници не успеаја да манифестираат заедништво и единство барем при одбележување значајни датуми од поновата историја на нашата земја.

Опозицијата остана подалеку не само од локацијата на централната прослава, туку и од своите граѓани. Требаше ли можеби, сепак, да ги остави настрана незадоволството и кавгите и да им се придружи на илјадниците граѓани на свеченоста по повод две децении државност.

Поранешниот премиер од СДСМ Владо Бучковски, кој ден пред прославата изјави дека опозицијата треба да биде присутна на одбележувањето на јубилејот на македонската државност, и по прославата е со истиот став. Бучковски, сепак, ни кажа дека и тој самиот не отишол на прославата на плоштад, поради тоа што сакал да ја почитува одлуката на неговата партија. „Се' уште сум убеден дека тоа можеше да се направи поинаку, а не да не се појавуваме на одбележување на еден таков голем државен јубилеј.

Само даваме повод кај македонските граѓани да се создаде перцепција дека не можеме да ги потиснеме суетите и да се издигнеме над се', особено кога се работи за еден од најбитните датуми за денешна Македонија. Самите оставаме простор да бидат присвоени заслугите што ги има СДСМ, заедно со првиот претседател Киро Глигоров, уште во самите почетоци на нашата државност. СДСМ потоа 10 години ја предводеше Владата. Затоа мислам дека требаше да се најде начин тоа што создава проблем да се надмине и опозицијата да се гордее заедно со македонскиот граѓанин“, вели Бучковски.

Тој вели дека врвот на СДСМ требаше да отиде на прославата а ако не сакале не морале да поминуваат под триумфалната порта, ниту да одат до Музејот бидејќи се противат таму да биде чувана Декларацијата за независност.

И во оваа пригода македонскиот државен врв повика на заедништво, на обединување, да нема делби, да нема кавги. Претседателот Ѓорге Иванов од пред Музејот на ВМРО, а премиерот Никола Груевски од плоштадот повторно побараа национално и историско помирување. Јавно беше упатен повикот, но остана прашањето колку во тие зборови има вистинска волја и подготвеност за заедништво, кога не можат да се надминат политички разлики барем за еден ден и кога секому му е јасно дека политичката култура не значи дека си му попуштил на противникот.

Но СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и вчера, еден ден по прославата веднаш продолжија со кавгите. Социјалдемократите преку писмена реакција го нападнаа Груевски дека неговиот повик за обединување е лицемерие.

„Не постои поголемо лицемерие што Никола Груевски повикот го упати токму од симболот на македонските поделби и длабоки разлики - ’Скопје 2014’. СДСМ е за обединување, за вистински патриотизам, за евроатлантските интеграции, за подобра економска состојба. СДСМ е за обединување во градење на демократска држава во која граѓаните ќе живеат слободно и без страв. За Груевски овие вистински вредности и политики се само обични флоскули во говор на партиски собир“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ одговорија дека жалат што социјалдемократите „продолжуваат да се гушат во искривениот вредносен систем на нивниот доживотен претседател“. „Ајде да го надминеме ова. ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш ја повторува пораката за обединување. Доста е со поделби, навреди и препукување. Апелираме за национално и политичко помирување. Тоа и' е потребно на Македонија“, се вели во писмената реакција на ВМРО-ДПМНЕ

Бучковски се согласува со СДСМ дека повикот на Груевски за обединување е повеќе декларативен, отколку искрен. „Сепак во вакви околности мора да се признае дека СДСМ остана со затворени усти, зашто кога нема да се појавиш и нема да чествуваш заедно, тогаш оставаш впечаток дека ти си тој што не оставаш простор за обединување“, оценува Бучковски. (Св.У.)
An inch today is tomorrow’s mile.
10-09-2011, 12:30 AM
Reply
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,471
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#25

Па знаеш што Ахмети никогаш не е доцна.
Се додека знаеш и си свестен колку луѓе умреле поради погрешни одлуки.
Се надевам дека некој утре ќе биде попаметен(и повеќе ќе ги почитува правото на живот на другиот) од сите вас кои сите овие 20 Години сте ги “претставувале/застапувале“ Албанците во Македонија.
Quote:Албанците требаше да бидат дел од референдумот


[Image: 774E56EC6B12CA4887CCC09B864C096C.jpg]

Али Ахмети, лидер на ДУИ

Жаклина Хаџи - Зафирова


Македонија ја одбележа дваесетгодишнината од независноста. Колкаво е значењето на овој настан за ДУИ, пред се' за Вас лично, бидејќи Албанците го бојкотираа референдумот во 1991?

Независноста како настан е голема работа. За независноста сите народи и нации платиле висока цена и независноста не е секојдневен настан. И 20-годишнината од независноста на Македонија е настан кој сам по себе бара почит и специјален пристап. Вашето прашање е специфично. Кога прашувате како го доживуваме овој јубилеј треба да направиме една дигресија-Македонија по 2001 и Македонија пред 2001 година, бидејќи со правата што Албанците ги добија, почнаа да ја чувствуваат Македонија како сопствена држава. Пред 2001 година ним им беа ускратени најосновните права, како тоа за употреба на мајчиниот јазик или за националните симболи. Охридскиот рамковен договор направи и Албанците да ја чувствуваат Македонија како сопствена држава и овој јубилеј да го слават како јубилеј на сопствена држава.

Ќе изнесам еден мој личен став по 20 години, на кој секако влијание има и сегашноста. Мислам дека тогашната албанска политичка елита требаше да биде дел од историските процеси и требаше да учествува и во актот за прогласување на независноста на Македонија, бидејќи со тој чин стануваш дел од процесот, историскиот настан за формирање на заедничката држава и со тоа добиваш право да ги бараш сопствените права. Ова е мое лично мислење од сегашна гледна точка за настани кои се одвивале пред 20 години. Целото интервју

А зошто не ја чувствувале како своја држава ќе мораме и самите ние да расправиме меѓу себе.
An inch today is tomorrow’s mile.
10-09-2011, 12:46 AM
Reply