Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 7 Vote(s) - 2.43 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ДРАГАН БОГДАНОВСКИ
Author Message
Playboytaxi Offline
Senior Member
****

Posts: 614
Joined: Jun 2010
Reputation: 24
#81

Тие документи само покажуват како е создадена Мк нациjа после 1944. Моjoт адаш Dragan Bogdanovski е жертва на тоjа srbo-komunisto-македониzм исто како и целиот Мк народ од сите националности,а наj много Булгарите.
My Blog with hundreds of original VMRO and other old documents related to Macedonia:
http://macedoniandocuments.blogspot.com/...lchev.html



08-08-2010, 07:25 PM
Website Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,135
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#82

(21-12-2010, 01:51 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote:
Quote:Колку УДБ-а беше нашата судба (10)

[Image: D417D5E3AFD3204E878D66AECCB95526.jpg]

[Се бореше за обединета и самостојна Македонија, но искрено не веруваше дека тоа може да се оствари, вели неговиот пријател Мане Јаковлески: Драган Богдановски]

Богдановски починал разочаран и сам

Мртвото тело на најпознатиот македонски политички емигрант го пронашле во возот со кој патувал од Шведска за Германија

Виктор Цветаноски


Драган Богдановски беше еден од најпознатите македонски политички емигранти, кој беше најмногу следен од УДБ-а, а во 1977 година киднапиран од Франција и тајно доведен во Македонија. На судскиот процес зад затворени врати е осуден на 13-годишна робија.

Кој е, всушност, Богдановски? Дали навистина бил толку голем непријател на Титова Југославија за УДБ-а да преземе таква спектакуларна акција и да го доведе во Македонија за му му се суди?

Според луѓето што контактирале со него во странство, Богдановски се борел за остварување на македонските илинденски (Гоцеви) идеали за ослободување и обединување на сите делови на Македонија. Меѓутоа, и самиот тој лично не верувал дека таа цел може реално да се оствари.

„Богдановски јавно ми го призна тоа. За време на една средба ме праша во доверба: ’Војводо‘, тој секогаш така ми се обраќаше, ’сакам искрено да ми кажеш. Дали веруваш дека можеме да создадеме самостојна, обединета македонска држава. Му реков дека не верувам. ’И јас мислам така, ама ние се бориме за да оставиме за идните поколенија да знаат дека имало луѓе што многу ја сакале Македонија и се бореле за неа, за и тие да се борат и да ја сакаат’. Бевме свесни дека до обединување не може да дојде. Во тогашно време Југославија беше неврзана, Бугарија членуваше во Варшавскиот пакт, а Грција во НАТО. Ние гледавме на состојбите реално и не мислевме дека можеме да ги прекроиме границите што веќе ги создале големите сили. Тогаш дури и не верувавме дека ќе се распадне комунизмот и ќе се создаде самостојна македонска држава на еден дел на етничка Македонија. Меѓутоа, се случи и тоа“, раскажува Мане Јаковлески, тогаш познат македонски угостител во Германија, кој бил многу близок со Богдановски.

Според него, Богдановски првпат ќе биде оквалификуван како противник на Југославија по еден состанокот со Владо Дапчевиќ, најпознатиот информбировец, кој тогаш со поддршка на тогашен СССР во странство формирал нова партија - Нова КПЈ, со цел Југославија да ја приклучи кон Варшавскиот договор. Така, УДБ-а започнува постојано да го следи преку свои луѓе или, пак, преку гастарбајтери од кои барала да соработуваат со неа. Иван Бабановски, кој во тоа време работел во СДБ, признава дека покрај тоа што го следеле во странство, многу луѓе со кои имал контакт во Македонија, соработувале со службите. Според него, 95 отсто од луѓето што биле околу Богдановски и имале некакви врски со него ги информирале, некои од материјални причини, други поради привилегии, а некои од патриотски побуди.

Македонските тајни служби толку многу биле инволвирани меѓу нашата емиграцијата што дури успеале преку свои агенти да ги напишат текстовите за списанието „Македонска нација“ на ДООМ и да го отпечатат во Скопје.

„Еден нивни агент дојде кај нас во Берлин во 1975 година од Австралија. Ни се претстави како голем македонски патриот. Сиот беше накитен со македонски симболи и вооружан со пиштоли. Бевме среќни кога ќе дојдеше кај нас таков човек, а него го сметавме за голем Македонец и дури го зедовме кај нас дома, го прифативме како наше дете. Работеше на шанкот во нашиот ресторан ’Ново Скопје‘ и постојано зборуваше за Македонија. Со него се зближивме многу. Неколкупати од Австралија ни се јавуваа и не' предупредуваа да бидеме претпазливи со него. Тврдеа дека тој е уфрлен кај нас од УДБ-а. Но, ние не го прифаќавме тоа, мислејќи дека нивните процени се погрешни. Самиот тој ни раскажуваше дека бил во Австралија и дека таму им растурил некој антимакедонски собир на Грците. Многу ни помогна во 1976 година во Берлин да организираме на Илинден голема македонска прослава, без фотографии на Тито и југословенската химна. Незамисливо беше во тогашно време да се организира таква прослава. Дојдоа повеќе македонски емигранти и тогаш јасно покажавме кои сме“, раскажува Јаковлески за човекот што им го уфрлила УДБ-а.

Меѓутоа, кај нив се' почесто почнале да им се јавуваат од Австралија, а дознале дека и германските тајни служби го следат и сакале да го апсат. „Дури тогаш сфативме дека човекот кому најмногу му верувавме е човек на УДБ-а. Тогаш украде еден автомобил и со него замина во Минхен каде што ги испокрши македонските букви во печатницата во кои се печатеше ’Македонска нација’. Додека беше кај нас, по негово инсистирање, два броја на списанието беа печатени во Скопје“, раскажува Јаковлески.

Како што тврдат неговите приврзаници, македонските тајни служби во прво време не ќе сакаат целосно да го елиминираат Драган Богдановски, бидејќи тој со своите активности бил голема брана против пробугарските и прогрчките пропаганди меѓу македонските печалбари.

„Имав можност да го читам неговото досие и досието на брат ми Гојко и од нив заклучив дека македонската УДБ-а имала поголема полза од активноста на ДООМ отколку штета, затоа што оваа организација беше против Ванчо Михајлов. Доколку не беше ДООМ, многумина македонски емигранти можеа лесно да потпаднат под влијание на Михајлов. Богдановски беше против МПО и во ’Македонска нација‘ често пишуваше против оваа пробугарска организација“, објаснува Јаковлески.

Според него, ДООМ не била многу голема организација. Македонците во странство се плашеле да се зачленуваат во неа, затоа што се изложувале на голема опасност. Оној гастарбајтер што ќе сакал да стане нејзин член, однапред ризикувал да биде цел живот следен од УДБ-а. Во ДООМ членувале македонски патриоти што ја сакале Македонија и што јавно кажувале дека се за нејзино осамостојување и обединување, но никогаш не презеле никакви конкретни активности против Југославија

Јаковлески кога говори за познатиот македонски политички емигрант ни открива и една тајна, која, како што вели, за првпат ја соопштува пред јавноста. Во 1991 година Богдановски, Стојче Наумов и човек на Љупчо Георгиевски заедно заминале во Софија за да се сретнат со тогашното бугарско раководство. Биле примени на највисоко ниво од бугарскиот претседател Жељу Желев и од премиерот Попов. Побарале Бугарија да ја признае Македонија и таму да се организираат протести за нејзина независност.

„Побаравме Бугарија да преземе нешто ако биде нападната Македонија од Југословенската армија. Тогаш Желев и Попов ни ветија дека ќе добиеме се' што ќе побара македонската влада. ’Ние ве разбираме и ве поддржуваме, но не можеме да ве признаеме ако не го побараат тоа официјално од Скопје. Ако македонската влада достави барање, ние истиот ден ќе ве признаеме. Ако бидете нападнати од Србија и ако македонската влада побара помош, и тоа ќе ви го дадеме’. Во тоа време во Бугарија се пријавуваа доброволци да се борат на страната на Хрватска против Србија. Ни го покажаа огромниот список со нивните имиња. ’А што мислите, колку доброволци ќе се јават ако Македонија биде нападната?’, не' запрашаа тие“, раскажува Јаковлески.

Драган Бодановски е роден во 1929 година во село Клечовце, Кумановско. Неговиот дедо бил комита во четата на Атанас Бабата. Студирал во Белград на Факултетот за земјоделство и шумарство. Бил иницијатор за формирање „Македонски студентски клуб“ за што бил казнет на 4 месеци затвор и бил исклучен од факултетот. Пролетта 1950 година со уште неколкумина студенти пребегал во Грција, а оттаму заминал во Аргентина и во Бразил каде што останал до 1954 година. Потоа се вратил во Европа и во Париз, на Сорбона се запишал на Факултетот за политички науки и новинарство. Во 1958 година се оженил со Норвежанката Брита, ќерка на тогашниот главен архитект на Осло, со која има двајца синови, а неговите активности меѓу македонската емиграција биле главната причина да се разведе од неа. Неговите приврзаници велат дека таа пред да се разведе, му рекла: „Ти си венчан за Македонија, а не за мене“. Додека бил в затвор, синовите дошле во Скопје да го видат, но не им било дозволено.

Ве емиграција издавал неколку весници и бил иницијатор за формирање политички организации. Во 1963 година бил формиран Ослободителниот комитет на Македонија, кој десетина години подоцна се трансформирал во ДООМ -Движење за ослободување и обединување на Македонија.

Богдановски по излегувањето од затвор во 1989 година, извесно време живеел во Скопје, а по добивањето патна исправа, заминал во Шведска. Во 1990 година во Минхен заедно со Љупчо Георгиевски, Гојко Јаковлевски Владо Транталовски и Борис Змејковски ја формирале ВМРО-ДПМНЕ. На првиот конгрес одржан во Прилеп во 1991 година е избран за почесен претседател на партијата. По две години, ја напуштил ВМРО-ДПМНЕ разочаран од нејзиното раководство и повторно се вратил во Шведска. Починал на 31 мај 1998 година. Неговото мртво тело било пронајдено во возот со кој патувал за Германија. За смртта на Богдановски не се знаат многу детали. Шест месеци пред тоа со него се видел Гојко Јаковлески, кој го посетил во Шведска и заедно ја прославиле Нова година. Погребан е во Куманово два месеца подоцна.



(Продолжува)
22-12-2010, 10:38 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,135
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#83

(22-12-2010, 12:42 PM)montehristo Wrote:
Quote:Колку УДБ-а беше нашата судба (11)


[Image: 3B1656067BC4DB4DA41942E617BE3E65.jpg]

Како беше киднапиран Богдановски од Париз


Познатиот емигрант откако бил опиен, бил донесен на Љубљанскиот аеродром со дипломатски автомобил и со пасош преку Германија

Виктор Цветаноски


Екстремната југословенска емиграција и УДБ-а воделе вистинска војна неколку децении. Убиствата и на едната и на другата страна биле многу чести. Во жестоката пресметка страдале и амбасадори и конзули, а биле ликвидирани и видни емигранти. На списокот опасни емигранти бил ставен и Драган Богдановски, иако тој и ДООМ, организацијата на чие чело се наоѓал, не презеле ниту една конкретна акција против Титова Југославија.

Мане Јаковлески, кој долги години бил со него, вели дека Богдановски бил киднапиран и доведен во Македонија да му се суди за да им се докаже на другите републики, дека еве и ние преземаме нешто против нашата емиграција. Според него, по познатата хрватска пролет, имало големи реакции зошто на удар била само хрватската емиграција, по што Србите почнале да ги убиваат и да ги грабнуваат своите, а македонската УДБ-а решила да се пресмета со тогаш двајцата најпознати македонски емигранти - Драган Богдановски и Гојко Јаковлевски, кој бил за самостојна и обединета Македонија и финансиски го помагал ДООМ.

„Според информациите на некои луѓе што тогаш работеа во УДБ-а, најпрво се планирало да бидат ликвидирани двајцата, но на тоа се спротивставил академикот Илија Васков, кој бил на состанокот кога се договарало што да се преземи. Тогаш тој предложил Драган да биде грабнат, а Гојко да се остави намира. Васков сметал дека ликвидирањето или грабнување на Гојко можело да предизвика инцидент со Германија поради тоа што тој таму имал емигрантски статус, а и свој бизнис во Берлин.

Драган Богдановски бил киднапиран во 1977 година. Еве што за тоа раскажува новинарот Киро Кипроски, кој имал повеќе средби со него откако излегол од затворот во Идризово.



„УДБ-a го киднапирала додека престојувал во Париз. Некој негов пријател, струмичанец, му се јавил преку телефон и го поканил во ресторан за да се види со него, но и со некои гости што дошле од Македонија и барале да се сретнат со него. Имал целосна доверба во струмичанецот и се согласил без да се распрашува за поединости. Кога влегол во ресторанот го забележал ’пријателот‘ со двајца луѓе како пијат. Пред нив на масата имале извадено и струмичка мастика. Откако се запознал со дојденците, седнал сон нив и наздравил за Македонија, за нејзиното обединување и осамостојување, сметајќи дека се негови истомисленици. Ни на крај памет не му паднало дека со него пијат агенти на УДБ-а, која подолго време кроела планови како да го донесе во Македонија. Откако се поднапиле, еден од нив станал, наводно, за да оди во ВЦ и поминувајќи крај Богдановски го удрил по глава по што тој паднал во бессознание. Се разбудил на љубљанскиот аеродром“, раскажува Кипроски.

Богдановски не се сеќавал како стасал до Љубљана, бидејќи за цело време бил во бессознание. На моменти се будел, меѓутоа веднаш бил успиван. Успиениот Богдановски го носеле со дипломатски автомобил, а му подготвиле и дипломатски пасош. Кога ќе стасале на некој граничен премин, агентите на УДБ-а и' објаснувале на полицијата дека „амбасадорот“ е уморен и спие. Во Љубљана го качиле на авион, а од Скопје го однеле на Солунска Глава со хеликоптер.

Мане Јаковлески вели дека Богдановски со врзани очи бил одведен во полициски објект во близина на Македонски Брод каде што започнала долга, 18-месечна истрага. Како што му раскажувал, цело време бил врзан со синџири. Го испитувале повеќемина инспектори, но најмногу Тодор Шкартов, тогаш прв човек на УДБ-а за македонската емиграција.

„Ни раскажуваше дека не го малтретирале и дека биле коректни спрема него. Само еднаш Шкартов му удрил шлаканица, што го заболело повеќе од што било друго. Тоа не можеше да му го заборави зашто заедно работеле во ’Нова Македонија‘. Шкартов бил еден од петтемина уредници на весникот, а Богдановски работел како новинар. По истрагата, го изведоа пред суд. Судскиот процес беше зад затворени врати, а го осудија на 13 години затвор. Одлежа 11 години“, раскажува Јаковлески.

Според Иван Бабановски, кој во тоа време работел во Службата за државна безбедност и кој бил во тек со грабнувањето, Богдановски избегал во странство не поради неговите политички определувања, туку бил фатен во кражба.

„Една работа мора на сите да ни биде јасна, тоа треба да го имаат на ум сите што денес формираат нови партии и што манипулираат со националните чувства на народот, а тоа е дека ниту една држава, колку таа да е демократска, не дозволува формирање и дејствување на организации на своја територија од други земји, без тие луѓе што се инкорпорирани во тие активност не прифатат соработка или со криминалната полиција или со тајните служби на таа држава. Сите задгранични комитети на наши луѓе што ги имало, а и сега ги има, во другите држави морале да прифатат соработка“, подвлекува тој, нагласувајќи дека Богдановски во секоја држава во која престојувал и формирал организација морало да соработува со нејзините тајни служби ако сакал да опстане таму.

Според него, проблем на Богдановски бил што тој добро живеел на Запад, а преку наши гастарбајтери или преку некои луѓе со кои имал контакти во Македонија постојано настојувал да формира организација со јасни сепаратистички цели и тенденции, на антикомунистичка и антијугословенска платформа. „Во тоа време таквите активности се квалификуваа како кривично дело против народот и државата. И токму поради тоа, во рамките на политиката што тогаш се водеше, тој беше прогонуван и киднапиран“, објаснува Бабановски.

Базата за грабнувањето на Богдановски ја обезбеди оперативец што работел кај него, преку Албанец во странство. Тој не бил донесен директно од Париз, туку преку Германија каде што бил обезбеден стан, во кој бил сместен по грабнувањето. За време на истрагата, Богдановски не бил малтретиран.

„Со него се постапуваше многу коректно. Неговото киднапирање и истрагата се изведуваа во апсолутна тајност. Јас тогаш бев началник на сектор и не смеевме да зборуваме ништо меѓу себе за целата акција за да не дознае јавноста. Сметам дека казната од 13 години беше голема и тоа беше голема грешка. Богдановски многу ни помогна и многу работи и' ги разјасни на службата. Во периодот кога беше тука, многу повеќе направи за Македонија отколку како емигрант во странство“, оценува Бабановски.

Новинарот Киро Кипровски говори за деновите кога Богданоски бил пуштен од затвор. Тој и Мане Јаковлевски го однеле со автомобил од „Идризово“ во Зубовце, родното место на Мане, а утредента го прошетале во Маврово.

„Седнавме да ручаме во ресторанот на ’Макпетрол‘. Богдановски, човекот што го имаше прошетано цел свет, кој ги познаваше сите манири на бонтонот, не се служеше со приборот за јадење. Ни велеше, во затворот јадевме само со лажица и сега ми е полесно така да јадам. По 11 години поминати во ’Идризово‘, целосно беше уништен, и физички и психички. Затворот на него имаше оставено страшни последици. За разлика од порано, по излегувањето од ’Идризово‘ беше многу тивок, не говореше ништо за годините поминати таму. Не се пожали на ништо ниту, пак, расправаше за неговата вечна тема – Македонија. Зборуваше за безначајни работи за тоа како е убаво Маврово, за обични човечки нешта“, се сеќава Кипроски.

И по излегувањето од затвор Службата за безбедност постојано го следела. Кипроски неколку пати го посетил и во станот во Скопје.

„Откако ќе се качев во станот Богдановски ќе ми речеше: ’Ајде да излеземе некаде надвор да поразговараме како луѓе, затоа што овде секое ѕитче има микрофонче‘. Не можеше да го издржи големиот психолошки притисок. Се жалеше дека постојано го следат. ’Било кога да се вратам навечер секогаш пред лифтот или пред вратата на станот забележувам некој човек‘, ми раскажуваше. И јас лично можев да се уверам во тоа. Кога бев во друштво со него, често гледав како непознати луѓе дискретно го следат“, раскажува Кипроски.

Мане Јаковлески додава дека неговиот брат Гојко на луѓе од МВР им дал 40. 000 германски марки за да му купат стан на Богдановски, откако ќе излезе од затвор. Кога го побарале купопродажниот договор им било речено дека таков договор нема. Богдановски, всушност, бил сместен во стан на Службата за државна безбедност, а веднаш до него, како што тврдат некои, живеел еден од агентите што го киднапирале во Париз. На Гојко Јаковлески парите подоцна му биле вратени, но не целата сума, туку само 28.000 германски марки.
22-12-2010, 10:50 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,135
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#84

Eдно несовпаѓање со фељтонот.



Quote:Во 1998 година, почина почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Драган Богдановски. Неговото вистинско презиме е Станковски. „Богдановски почина на 1 јули од излив на крв во мозокот во данската болница Фредеришија“ - изјави шведскиот конзул Нимис Гренбори во Колдинг. Болницата Фредеришија се наоѓа во непосредна близина на истоимениот град, а тука се наоѓаат канцелариите на шведскиот конзулат.
23-12-2010, 02:47 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,135
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#85

(22-12-2010, 10:38 PM)ЈорданПетровски Wrote: Колку УДБ-а беше нашата судба (10)





Според него, Богдановски првпат ќе биде оквалификуван како противник на Југославија по еден состанокот со Владо Дапчевиќ, најпознатиот информбировец, кој тогаш со поддршка на тогашен СССР во странство формирал нова партија - Нова КПЈ, со цел Југославија да ја приклучи кон Варшавскиот договор. Така, УДБ-а започнува постојано да го следи преку свои луѓе или, пак, преку гастарбајтери од кои барала да соработуваат со неа. Иван Бабановски, кој во тоа време работел во СДБ, признава дека покрај тоа што го следеле во странство, многу луѓе со кои имал контакт во Македонија, соработувале со службите. Според него, 95 отсто од луѓето што биле околу Богдановски и имале некакви врски со него ги информирале, некои од материјални причини, други поради привилегии, а некои од патриотски побуди.

Македонските тајни служби толку многу биле инволвирани меѓу нашата емиграцијата што дури успеале преку свои агенти да ги напишат текстовите за списанието „Македонска нација“ на ДООМ и да го отпечатат во Скопје.

11-07-2011, 10:35 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,135
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#86


Quote:Сеќавање на основачот на ВМРО-ДПМНЕ, 13 години по погребувањето во Куманово

Сите заборавија на „осамениот воин“ за Македонија!


[Image: 7AED4E1B070489429921BD79044E9AA6.jpg]
Поддржуван, почитуван, но и оспоруван, Драган Богдановски никогаш не потклекнал во своЈата борба и стреме за остварување на своите идеи. Ниту кога го „кодошеле“, ниту кога го затворале и физички и психички го малтретирале по тогашните затвори, ниту кога немал за леб, тој не се откажувал, Често изјавувајќи дека не му судат нему лично. За овој македонски национален борец и патриот многу се пишувало и веројатно уште повеќе ќе се пишува во иднина. Многу се знаело, а како ништо да не се знае, зашто безмалку сета документација е складирана во полицискиот архив

Семејството и најдоследните почитувачи на личноста и делото на Драган Богдановски, најпознатиот македонски политички емигрант и основач на партијата ВМРО-ДПМНЕ, на 1 август ќе чествуваат пред неговиот гроб на Градските гробишта во Куманово, одбележувајќи ја 13-годишнината од неговиот погреб. Во 1998 година, два месеца по смртта на 69-годишниот Богдановски, тој беше донесен на вечна почивка во својот роден крај. За првпат годинава е реализирана иницијативата на неговата партија, Месниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во неговото родно село Клечовце, Кумановско, да го носи неговото име. Драган Богдановски се очекува да биде патрон и на една спортска сала во Куманово, а ќе се најде место за неговите дела и во Музејот на македонската борба во Скопје.

Како што целиот живот го поминал во патувања заради ширење на своите идеи, пишување, објавување на патриотски политички текстови во списанија за македонската дијаспора, Богдановски смртта го затекнала на 31 мај 1998 година, во воз, во местото Федериција (Данска), на пат од Шведска за Германија. Два месеци подоцна, поради административните процедури, идентификување на лешот на човекот што бил шведски државјанин, но кој живеел без семејство и немал оставено тестамент, на аеродромот во Скопје поради ненамерен пропуст на шведските служби, била неопходна согласност од македонската Влада. По добиеното одобрение од Владата, Богдановски е погребан во родната земја и како што живеел тивко и скромно, погребан е исто така, во пресрет на големиот македонски национален празник Илинден. Во присуство на најблиските, без никаков публицитет.

Во времето кога во нашата држава е актуелна лустрацијата на кодошите, Драган Богдановски е посебно интересен, бидејќи тој е една од жртвите на континуирано кодошење и полициско следење.

Тој е еден од најпознатите политички емигранти по Втората светска војна, кој својот живот го посветил на активностите во борбата за остварување на идеалите на Гоце Делчев. Неуморно и незапирливо и по цена на сите полициски тортури и судски процеси од поранешниот режим, до крајот на својот живот, Богдановски не ги напуштил идеите за ослободување и обединување на сите делови на Македонија. Уште на 20-годишна возраст, тој се оддалечил од најблиските „талкајќи“ по светот и обединувајќи ги неговите истомисленици и поддржувачи. Неговите добри пријатели, го нарекле „осамениот воин“.

Поддржуван, почитуван, но и спорен, Драган Богдановски никогаш не потклекнал во својата борба и тежнеење за остварување на своите идеи. Ниту кога го „кодошеле“, ниту кога го затворале и физички и психички го малтретирале по тогашните затвори, ниту кога немал за леб, тој не се откажувал, често пати изјавувајќи дека не му судат нему лично. За овој македонски национален борец и патриот многу се пишувало и веројатно уште повеќе ќе се пишува во иднина. Многу се знаело, а како ништо да не се знае, зашто безмалку сета документација е складирана во полицискиот архив. Познавачите на личноста и делото на Богдановски сметаат дека неговото полициско досие за следење и обработка е најтешко. И по бројот на испишаните страници и по бројот на неговите книги и материјали, пишани документи поместени во 18 тома (кутии).
01-08-2011, 03:19 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,135
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#87



Quote:Во родното село на Драган Богдановски

Богдановски е маркантна фигура во македонската современа историја. Тој целиот живот го живеел скромно, далеку од најблиските, а со голема пожртвуваност во борбата за илинденските идеали. Исто така мирно, тивко и необележано е и неговото родно место, кумановското село Клечовце. Тивко и мирно е по тесниот селски пат над кој од двете страни се разграниле високи дрвја и зелено поле, необработени ниви. Летната тишина ја нарушуваат единствено птиците што безгрижно си ги пеат своите песни и по некој петел кој гласно за миг ќе се извика од дворовите во близина на некогашниот дом на родителите на Драган Богдановски.

- Знам дека оваа куќа е негова. Сум слушнал за него, но не сум го видел никогаш - вели жител на Клечовце, чиј двор гледа кон старата и руинирана куќа на Богдановски. На прашањето што знае за Драган, срамежливо, безмалку нечујно, човекот вели: „Тој бил главен на ВМРО-ДПМНЕ. Но, зошто ме прашувате?“.

Драган Петковски од Куманово, син на Стана, единствената сестра меѓу двајцата други браќа (Јован и Раде) на Богдановски, вели дека куќата во која е роден неговиот вујко веќе не постои.

- Оваа руинирана куќа, што не е ниту цела, дедо ми ја купил откако вујко ми Драган заминал од селото. А, ова што за него не зборуваат значи дека со децении неговото име било табу-тема. Тоа с` уште е така - вели Петковски.

Сосетка која на ниско столче седи во дворот одмавнува со раката и вели дека не знае ништо, оти таа тука е снаа. Сегашните клечовчани не гледаат интерес, па селото дејствува многу пасивно.

Лепа Салтировска вели дека од 1969 година е тука. На времето зафатена со обврските на нива, таа немала време да слуша дали некој нешто зборува за Богдановски. Вели дека никогаш не го видела познатиот Македонец.

- Не знам ништо. Откако сум тука, слушнав дека еднаш дошол и ми рекоа дека сите ги гушкал. Тие му се радувале, ама јас не го познавав. Ги знаев само мајка му, татко му и сестра му. Не се плашам да кажам дека тој е наш, ама јас ништо не разбирам - вели оваа жена и ја менува темата на разговорот.

Семејството било под полициска присмотра

Раде Станковски, кој е десет години помал брат на Драган Богдановски, вели дека колку се гордеел со својот брат од кого многу работи научил, исто толку и тагувал заради неговиот живот.

- Драган беше многу лично момче. Атлетски развиен. Тој многу читаше. Земаше книги и од селската библиотека. А, и многу го сакаше дедо Богдан. Тој му раскажувал за неговите комитски денови - се сеќава Раде.

Годините кога неговиот брат бил во емиграција за целото семејство биле тешки. Често пати и по неколку години немале никаков абер од него.

- Тој знаеше дека неговата политичка работа може нам да ни штети и со неговото дистанцирање од нас сакаше да не заштити - вели Раде.

Но, кога Драган цели 11 години бил во затвор во Идризово, Раде, со другиот брат Јован и сестрата Стана, еднаш месечно оделе да го посетат. Кога се враќале оттаму, тој вели дека секогаш биле викани во полиција на информативен разговор. Тој забележал дека од 1963 година, околу 70 пати бил на разговор во МВР и го испрашувале тројца инспектори.

- Едно претпладне бев повикан во хотелот „Кристал“. Таму беше еден инспектор од Куманово со кого се познававме и уште двајца други. На масата имаше многу списанија и книги. Ми рекоа: „Раде, гледаш ли што се напишал брат ти? Сите новинари заедно во Македонија не напишале толку за Македонија. Тоа е добро, ама не е добро што тој е против Тито и Југославија“ -се сеќава Раде, додавајќи дека пред да дознаат дека Драган е во Идризово, тој долго време се допишувал со Брита, сопругата на Драган, која му кажувала дека Драган потрошил многу семејни средства за списанијата за Македонија.
01-08-2011, 03:21 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,135
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#88


Quote:За политиката со семејството не разговарал

Раде раскажува дека Драган со него не зборувал за политика, но само му одговарал на поставените прашања.

- Не сакам да зборувам за политика, вие доста сте малтретирани и не сакам да ги имате моите проблеми“ - му одговарал Драган.

- А, во полицијата прашањата беа формулирани зависно од тоа каде е Драган. Кога беше во затвор во Идризово, ме прашуваа дали на нешто се жали. А, јас таму кога го гледав ми беше многу тешко. Тој беше далеку од оној човек што го видов во Париз и во Минхен. Многу беше пропаднат, ја влечеше ногата, беше пожолтен, блед. Бев горд од една страна затоа што тој прави нешто што многумина не можат, но и разочаран зашто тој со неговото знаење беше многу понапред од неговите другари, а тие беа на многу подобри позиции и имаа убав живот - раскажува Раде и притоа солзи му ги полнат очите.

- Зошто толку се бориш кога таа твоја идеја, Македонија да се обедини, не може да успее! Тоа зависи од големите сили - му велел Раде на својот брат, кој му одговарал: „Знам дека е тешко, но мора да се почне, а јас имам поддршка од Америка!“. На прашањето, пак, зошто толку го напаѓа Тито, Богдановски одговарал: „Затоа што Тито не се однесува еднакво со сите. На Хрватите и на Словенците кои живеат во соседните земји им помогна да си ги остварат своите права, а за Македонците воопшто не се ангажира!“.

- Тој беше мирен, не беше насилен. Само критикуваше. Но, не го судеа за вербални деликти, туку како да е најголем терорист - вели Раде.

За книжевното творештво на Богдановски малку се знае

Киро Кипроски, долгогодишен новинар и пријател на Богдановски, вели дека по 11 години поминати во затвор во 1987 година, Драган бил многу пропаднат.

- Почна повторно да учи да јаде со прибор за јадење. Како мало дете - се сеќава Кипроски, кој раскажува дека додека Драган живеел во Скопје, повеќе сакал да шета со пријателите, отколку да остане во станот. Внукот на Богдановски, Драган Петковски вели дека освен што со вујко му оделе на прошетки, тој на секоја средба му давал книги за читање.

- Вујко ми имаше многу книги што ми ги даваше, а откако ќе ги прочитав му ги враќав. Тогаш тој ми велеше: „Многумина земаат книги од мене, но ти си единствениот што ми ги враќаш“. Откако тој замина од Скопје, а потоа и почина, на неговите книги им се загуби трагата. Сега ми е мака што му ги враќав - се сеќава внукот што го носи неговото име.

Новинарот Кипроски вели дека многу е пишувано за Драган Богдановски, но дека е вистинска штета што никој до сега не се обидел да направи осврт на неговото уметничко и литературно творештво.

- Тој не беше голем оратор, но беше многу добар и надарен пишувач. Има издадено неколку книги поезија. Книгата „Копнеж“ на пример, издадена е 1963 година. Има и романи. Книгите се печатени, а три романи во ракописи се одземени од полицијата. Списанието „Камбани“, кое Драган го издаваше, беше за литература и култура. Таму тој прави и критички осврт на поезијата на Венко Марковски и на други поети. Драган бил и новинар во „Нова Македонија“. Тодор Чкартов, еден од петте редактори на весникот, велеше дека во тие години, Драган Богдановски бил еден од ретките со таков творечки капацитет - забележува Кипроски.

„Идеал на ВМРО-ДПМНЕ е Гоце Делчев, а не јас!“

Поради големото патриотско дело, Драган Богдановски, македонски емигрант и борец за македонската кауза, во полициското досие бил забележан како македонски дисидент број еден. Својот живот го посветил на борбата за независност и обединување на Македонија, плаќајќи со политичка жртва на својата лична слобода, жигосан како државен непријател на РМ во рамките на комунистичка Југославија. Неговата борба била единствено преку пишување, говорење и обединување на Македонците во дијаспората, но и на Македонската православна црква. Како новинар на Радио Слободна Европа од Париз, тој ги посетил државите на Блискиот Исток, САД, Канада и земјите на Западна Европа. Но, го следел печатот и с` што се случува во Југославија. Тој бил уредник и издавач на многу списанија и весници на македонски јазик во дијаспората. Во интервјуата за македонските медиуми во земјава и во дијаспората, Богдановски изјавувал дека, без оглед што го етикетираат како бугарски агент или агент на УДБ-а, тој ~ слугува само на македонската нација и дека три децении работи за нејзината ослободителна кауза. Богдановски длабоко верувал во она што го работел за својата татковина.

- Луѓето можат да мислат што сакаат за мене, тоа не е моја работа, но јас се чувствувам како обичен војник на фронтот на македонската ослободителна и обединителна национална револуција. Немам никакви кариеристички претензии и да бидам искрен, мене ми е смешно кога луѓето создаваат култ кон моето име. Идеологот на ВМРО-ДПМНЕ е Гоце Делчев, а не Драган Богдановски. Јас сум само еден доследен и искрен борец за остварување на Гоцевиот идеал - изјавил во интервјуто на новинарите Владо Мокров и Киро Кипроски, за весникот „Нова Македонија“ на 11 август 1990 година.

Тој својот македонски патриотизам го стекнал преку дедо му кој бил комита и тоа било пресудно за неговите определби. А, со својата активност започнал на само 20-годишна возраст во студентските денови во Белград.

Три децении бил предводник на патриотската македонска емиграција и еден е од главните основачи на македонската национална партија ВМРО-ДПМНЕ. Пред да замине на студии во Белград, на 18-годишна возраст, своето семејно презиме Станковски, Драган официјално го сменил во Богдановски од голем пиетет и љубов кон дедото-војвода Богдан. Уште во третиот семестар на студиите на Факултетот за земјоделство и шумарство во Земун, Драган бил иницијатор за формирање Македонски студентски клуб, поради што бил затворен и осуден на казна затвор од четири месеци во озлогласениот затвор на Обилиќев венац. По издржувањето на затворската казна, тој бил исклучен од факултетот со строга забрана за упис на сите факултети во тогашна Југославија.

Оваа мерка на факултетските власти е главната причина поради која Богдановски ја напуштил земјата. Пролетта во 1950 година, со неколкумина свои колеги, кај Гевгелија ја преминал југословенско-грчката граница. По задолжителен престој во логор за бегалци, кон крајот на истата година, тој заминал за Јужна Америка, каде што во Аргентина и Бразил поминал четири години. Но, желбата за наука го вратила во Европа и во Париз, на Сорбона запишал Факултет за политички науки и журналистика. Во исто време, тој започнал и со политичко делување.

Богдановски ја формирал организацијата Македонски национален фронт и го издавал весникот „Македонска искра“. По неколку изданија, а по интервенција на југословенската и грчката амбасада, весникот згаснал.

Во 1958 година, тој се оженил со Норвежанката Брита, ќерка на тогашниот главен архитект на Осло и заминал да живее во Норвешка. Со неа има два сина, Пер-Арне и Иван. Во Осло, Богдановски оспособил печатница на кирилско писмо и преку пишан збор со својата национално-политичка активност ја продолжува борбата за обединување на Македонија. Истата година, тој покренал издавање на повеќе весници, списанија и книги за Македонија и македонското дело. Во Осло го издава списанието „Македонска лоза“, „Слободна Македонија“, го печати весникот „Македонија“, списанието „Македонска нација“ итн. Гласилата наидуваат на голем одек кај македонската емиграција, со што започнува и будењето на Македонците и македонството во светот.
01-08-2011, 03:23 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,135
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#89


Quote:Ја основаше и со тешко срце ја напушти денес владејачката партија

Во 1963 година, формирана е првата Македонска национална организација ОКМ (Ослободителен комитет на Македонија), која во 1972 година се трансформира во ДООМ (Движење за ослободување и обединување на Македонија). На чело на оваа организација Драган е уште од 1967 година. ДООМ била широко прифатена од Македонците, кои во 60-те години на минатиот век масовно ја напуштиле својата татковина од економски и од политички причини, поради што тогашната Служба за државна безбедност (СДБ) ги следела и повремено ги попречувала активностите на Богдановски. Притоа, била организирана кражба на неговата печатница во Минхен (од Осло пренесена во Брисел, па во Минхен), во која се печатело списанието „Македонска нација“.

Сепак, СДБ не презела акции за целосно уништување на делувањето на Богдановски, зашто тој со својата борба го спречувал делувањето на разните странски пропаганди, политички или црковни институции што Македонците на печалба ги опсипувале со прогрчка, пробугарска и друга пропагандна активност, каква што била „Панмакедоники“, МПО на Ванчо Михајлов,“Славјански комитет“ на НБР и други институции на соседните земји на Македонија. Како голем борец против сите што го негирале постоењето на македонската нација и македонскиот идентитет, во периодот од 1958 до 1977 година, Богдановски најголема битка водел против МПО на Ванчо Михајлов.

Како противник на Југославија, Драган првпат е оквалификуван по состанокот со Владо Дапчевиќ, еден од творците на „Нова КПЈ“, формирана со поддршка на тогашниот Советски Сојуз, кој имал намера да ја преведе Југославија во тогашната социјалистичка заедница и Варшавскиот договор. Во акцијата за расчистување со „опасните емигрантски кругови“, донесена била одлука за доведување на Драган во Југославија и негово судење. Како раководител на ДООМ во 1977 година, Драган е киднапиран во Париз и доведен во Југославија. Го киднапирале припадници на тогашната СДБ и во тоа учествувал човек кого Драган го сметал за доверлив. Со дипломатско возило, тој бил пренесен во Љубљана, а подоцна и во Скопје. Во полициски објект во близина на Македонски Брод, Богдановски минал 18 месеци под истрага. Судскиот процес против него бил организиран под силно полициско обезбедување и зад затворена врата. Тој бил осуден на 13 години затвор, од кои одлежал 11 години. По излегување на слобода, Драган извесно време живеел во Скопје, а кога добил патна исправа, заминал во Шведска, каде што ја подготвил програмата за формирање национална политичка партија во Македонија. Политичката програма била отпечатена во весникот „Млад Борец“.

Според Богдановски партијата требало да се вика Демократска партија на македонско национално единство (ДПМНЕ).

Како голем интелектуалец, кој говорел повеќе од шест странски јазици и визионер за иднината на политичката акција во Македонија, во 1990 година, Богдановски, заедно со Гојко Јаковлевски од Берлин, се состанале во Минхен и одлучиле да формираат партија со предзнак ВМРО. На тој состанок присуствувале и Владо Транталовски од Ресен, Борис Змејковски и Љубчо Георгиевски и партијата била регистрирана во Македонија.

На првиот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, одржан на 6 и 7 април 1991 година, Драган Богдановски бил избран за почесен претседател на партијата, а од 1991 до 1993 година е претседател на Задграничниот комитет на оваа партија за Европа. Меѓу првите, Богдановски ја согледува својата заблуда околу изборот на Георгиевски за претседател на партијата. Иако бил директен основач и идеолог на ВМРО-ДПМНЕ, во 1993 година тој се разделува од партијата која самиот ја основал и во која го внел македонскиот дух. Разочаран, но не и деморализиран, Богдановски се вратил во Шведска и продолжил да работи на идејата за која го жртвувал и целиот свој живот, што го завршува пет години подоцна.

Сите пари ги даваше за Македонија, а одеше во искинато палто!

Последниот пат Раде и сестрата Стана Станковски, со Драган се виделе пет години пред неговата смрт. Тогаш Раде и Драган отишле во печатницата „Просвета“ во Куманово, за Драган да плати за печатење на списанието „Република“.

-Тој изброи три илјади марки и ги даде за списанието, а јас му ја гледам облеката, стариот и изветвен капут и палто и ми падна многу тешко. Кога излеговме му реков: „Брате, толку пари даде за списанието, а нели можеше само 300 марки да дадеш па да купиш нов капут и палто?“. Тој, како да го очекуваше моето прашање и веднаш ми одговори: „А,не може тоа така. Овие пари се од спонзори за списанието и јас треба да им поднесам сметка!“. Таков беше Драган - вели неговиот брат Раде Станковски.

Македонскиот Солженицин

Од збирката „Комитски копнежи“ издадена 1964 година во Франкфурт, Германија

Ај со здравје мое родно село

Ај со здравје мое родно село!

Ај со здравје, јоргованче бело!-

Ај со здравје, скоро да те видам,

Те напуштам во туѓина идам.

Волно детство и немирна младост

Јас во тебе поминав со радост-

Родно село в срце ќе те пазам

Се додека жив по земја газам.

Ај со здравје работни селани!

Годинава пак ќе паѓат слани,

Црна ламња бериќет ќе бере

И порезник кожа ќе ви дере.

Ај со здравје ви другари мили,

Не тажете, не губете сили!

Скоро другар абер ќе ви прати

И во село с пушка ќе се врати.

Ај со здравје девојки калеши!

Знаме китно,навесете ситно!

Ден ќе дојде кога ќе се вее

И под него песна ќе се пее.

Ај со здравје моја стара мајко!

Син ти ита, тиранин го гони,

Нема време збогум да ти каже,-

Мило мајко ти солзи не рони.

Светлана Антиќ-Јовчевска
01-08-2011, 03:26 AM
Reply
Guest
Unregistered

 
#90

(01-08-2011, 03:26 AM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:Ја основаше и со тешко срце ја напушти денес владејачката партија

Во 1963 година, формирана е првата Македонска национална организација ОКМ (Ослободителен комитет на Македонија), која во 1972 година се трансформира во ДООМ (Движење за ослободување и обединување на Македонија). На чело на оваа организација Драган е уште од 1967 година. ДООМ била широко прифатена од Македонците, кои во 60-те години на минатиот век масовно ја напуштиле својата татковина од економски и од политички причини, поради што тогашната Служба за државна безбедност (СДБ) ги следела и повремено ги попречувала активностите на Богдановски. Притоа, била организирана кражба на неговата печатница во Минхен (од Осло пренесена во Брисел, па во Минхен), во која се печатело списанието „Македонска нација“.

Сепак, СДБ не презела акции за целосно уништување на делувањето на Богдановски, зашто тој со својата борба го спречувал делувањето на разните странски пропаганди, политички или црковни институции што Македонците на печалба ги опсипувале со прогрчка, пробугарска и друга пропагандна активност, каква што била „Панмакедоники“, МПО на Ванчо Михајлов,“Славјански комитет“ на НБР и други институции на соседните земји на Македонија. Како голем борец против сите што го негирале постоењето на македонската нација и македонскиот идентитет, во периодот од 1958 до 1977 година, Богдановски најголема битка водел против МПО на Ванчо Михајлов.

Како противник на Југославија, Драган првпат е оквалификуван по состанокот со Владо Дапчевиќ, еден од творците на „Нова КПЈ“, формирана со поддршка на тогашниот Советски Сојуз, кој имал намера да ја преведе Југославија во тогашната социјалистичка заедница и Варшавскиот договор. Во акцијата за расчистување со „опасните емигрантски кругови“, донесена била одлука за доведување на Драган во Југославија и негово судење. Како раководител на ДООМ во 1977 година, Драган е киднапиран во Париз и доведен во Југославија. Го киднапирале припадници на тогашната СДБ и во тоа учествувал човек кого Драган го сметал за доверлив. Со дипломатско возило, тој бил пренесен во Љубљана, а подоцна и во Скопје. Во полициски објект во близина на Македонски Брод, Богдановски минал 18 месеци под истрага. Судскиот процес против него бил организиран под силно полициско обезбедување и зад затворена врата. Тој бил осуден на 13 години затвор, од кои одлежал 11 години. По излегување на слобода, Драган извесно време живеел во Скопје, а кога добил патна исправа, заминал во Шведска, каде што ја подготвил програмата за формирање национална политичка партија во Македонија. Политичката програма била отпечатена во весникот „Млад Борец“.

Според Богдановски партијата требало да се вика Демократска партија на македонско национално единство (ДПМНЕ).

Како голем интелектуалец, кој говорел повеќе од шест странски јазици и визионер за иднината на политичката акција во Македонија, во 1990 година, Богдановски, заедно со Гојко Јаковлевски од Берлин, се состанале во Минхен и одлучиле да формираат партија со предзнак ВМРО. На тој состанок присуствувале и Владо Транталовски од Ресен, Борис Змејковски и Љубчо Георгиевски и партијата била регистрирана во Македонија.

На првиот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, одржан на 6 и 7 април 1991 година, Драган Богдановски бил избран за почесен претседател на партијата, а од 1991 до 1993 година е претседател на Задграничниот комитет на оваа партија за Европа. Меѓу првите, Богдановски ја согледува својата заблуда околу изборот на Георгиевски за претседател на партијата. Иако бил директен основач и идеолог на ВМРО-ДПМНЕ, во 1993 година тој се разделува од партијата која самиот ја основал и во која го внел македонскиот дух. Разочаран, но не и деморализиран, Богдановски се вратил во Шведска и продолжил да работи на идејата за која го жртвувал и целиот свој живот, што го завршува пет години подоцна.

Сите пари ги даваше за Македонија, а одеше во искинато палто!

Последниот пат Раде и сестрата Стана Станковски, со Драган се виделе пет години пред неговата смрт. Тогаш Раде и Драган отишле во печатницата „Просвета“ во Куманово, за Драган да плати за печатење на списанието „Република“.

-Тој изброи три илјади марки и ги даде за списанието, а јас му ја гледам облеката, стариот и изветвен капут и палто и ми падна многу тешко. Кога излеговме му реков: „Брате, толку пари даде за списанието, а нели можеше само 300 марки да дадеш па да купиш нов капут и палто?“. Тој, како да го очекуваше моето прашање и веднаш ми одговори: „А,не може тоа така. Овие пари се од спонзори за списанието и јас треба да им поднесам сметка!“. Таков беше Драган - вели неговиот брат Раде Станковски.

Македонскиот Солженицин

Од збирката „Комитски копнежи“ издадена 1964 година во Франкфурт, Германија

Ај со здравје мое родно село

Ај со здравје мое родно село!

Ај со здравје, јоргованче бело!-

Ај со здравје, скоро да те видам,

Те напуштам во туѓина идам.

Волно детство и немирна младост

Јас во тебе поминав со радост-

Родно село в срце ќе те пазам

Се додека жив по земја газам.

Ај со здравје работни селани!

Годинава пак ќе паѓат слани,

Црна ламња бериќет ќе бере

И порезник кожа ќе ви дере.

Ај со здравје ви другари мили,

Не тажете, не губете сили!

Скоро другар абер ќе ви прати

И во село с пушка ќе се врати.

Ај со здравје девојки калеши!

Знаме китно,навесете ситно!

Ден ќе дојде кога ќе се вее

И под него песна ќе се пее.

Ај со здравје моја стара мајко!

Син ти ита, тиранин го гони,

Нема време збогум да ти каже,-

Мило мајко ти солзи не рони.

Светлана Антиќ-Јовчевска

Jordane Dragan Bogdanovski bese seljak od Klecovce tolko ga maltretirase Jugoslavija pa mu dade stupendiju za Beograd e more Jordane kako ne ve sram da lzete .Nego kako e drugar ti Taso ( eks nacalnik u miliciju ) kude e sga .Ti si bre Jordane sram za srpsko Kumanovo mislis deka ako im se ulizues na ljudi ce dobies nesto .

11-08-2011, 02:11 PM
Reply
barba Offline
שמע ישראל
****

Posts: 589
Joined: Jul 2011
Reputation: -8
#91


[Image: __copy.jpg]

Драган Богдановски, од татко Наско и мајка Невенка, роден на 18.9.1929 година во село Клечовце - Кумановско, Македонец, државјанин на СФРЈ, женет - разведен, со завршено средно ветеринарно училиште, без стално занимање и без стално место на живеење...

[Image: dragan-bogdanovski-1.jpg]

[Image: dragan-bogdanovski-2.jpg]

[Image: dragan-bogdanovski-3.jpg]

[Image: dragan-bogdanovski-4.jpg]

[Image: dragan-bogdanovski-5.jpg]

[Image: dragan-bogdanovski-6.jpg]


I am that which grips the heart in fright, hearkens night and silence the light!!

Peace is lie, there is only a passion,
Trough passion i gain strength,
Trough strength i gain power,
Trough power i gain victory,
Trough victory my chains are broken.

The Force shall set me free
24-08-2011, 06:37 PM
Reply
poprushev Offline
Super Moderator
******

Posts: 157
Joined: Dec 2009
Reputation: -3
#92










16-10-2011, 09:30 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,135
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#93

Quote:Досието „Богдановски“ зрело за лустрациска обработка


[Image: 7D1400EB1626DD438A42EF9F6138380B.jpg]

Дел од поткажувачите се' уште се политички активни, тврди писателот Миневски, кој го истражувал досието на основачот на ВМРО-ДПМНЕ

„Не го познавав Драган Богдановски лично, но од досието на УДБА, од околу 10.000 страници, кое имав шанса да го видам, може јасно да се види дека тој бил подложен на ужасна тортура, која завршува со загадочна смрт во возот со кој патува од Малме за Копенхаген“. Со овие зборови писателот и новинар Блаже Миневски го најави својот се' уште ненапишан роман за идеологот и еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ, Богдановски, на панел-дискусија по повод 14 години од неговата смрт, што се одржа во Музејот на македонската борба.

Миневски, трогнат од она што пишувало во досието на Богдановски, потенцираше дека доколку се следат внимателно белешките (во кои, како што вели, стои и точното време кога купувал жилети) и на кој начин тие се исреплетуваат, може лесно да се дојде до имињата на луѓето кои работеле на овој случај.

„Лично дознав кои се некои од кодошите. Некои од нив се' уште се активни на политичката сцена, а некои дури водат и институции“, вели Миневски, кој, практично, со вакви тврдења открива дека досието „Богдановски“ е плоден терен за лустрациска обработка. Со тоа, тој, веројатно несвесно, се стави на страната на познавачите на оваа проблематика кои упорно тврдат дека овој процес отстапи од првичната замисла и се претвори во партиска борба, во која беше на суров начин извалкано името на некои видни личности од општествениот живот.

Според Миневски, животот на Богдановски е филм кој не може да се замисли. „Затоа нема ништо да измислувам тука, само ќе го пренесам тоа што се случувало. Ќе се обидам да ја реконструирам таа атмосфера. Неговото киднапирање во Париз, потоа носењето во Љубљана, каде што го пречекува човек на УДБА со тиквешки акцент, пренесувањето во Македонија, држењето две години во изолација во Јасен, 11 години затвор во ’Идризово‘, сето тоа ме потсети на романите на Агата Кристи“, посочи Миневски, а директорот на Државниот архив, Зоран Тодоровски, потсети дека судскиот процес го водел Јован Трпеновски, бивш министер за внатрешни работи, а сега адвокат.

Сето ова внимателно го слушаше и Гојко Јаковлески, еден од најблиските соработници на Богдановски, со кого, како што вели самиот тој, го споила заедничката идеја и цел - Македонија да биде самостојна и обединета.

Тој. дефинитивно. беше главна ѕвезда на собирот. Пред да го „нападнат“ присутните на дискусијата за заедничка фотографија, Јаковлевски потсети на ликот и делото на Богдановски.

„Тој е главен визионер за самостојноста на Македонија. Беше во првите редови на македонската патриотски ориентирана емиграција и неуморно и бестрашно се ангажираше за оживотворување на илинденските идеали, чија основа и крајна цел е обединување на Македонија и создавање самостојна држава“, рече Јаковлески, кој тврди дека Богдановски бил реалист и не се занесувал дека во време на современите политички констелации може да се обединат трите дела на Македонија.

„Обединувањето на Македонија го гледаше во рамките на обединувањето на Европа. Како, да речеме, Германија и Франција. Двете држави воделе жестоки војни, а сега меѓу нив практично нема граници“, додаде Јаковлески, кој речиси по секоја своја мисла добиваше громогласен аплауз.

Но, звукот од дланките на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, ниту, пак, на некој од неговите најблиски соработници не можеше да се слушне во салата, од проста причина што никој од нив не оцени дека е потребно да дојде во Музејот на македонската борба.

Нивното отсуство, иако добивме информација дека премиерот Груевски бил известен за дискусијата и за нејзината техничка организација, која целосно ја одобрил, несомнено претставува уште една цигла во контроверзниот ѕид меѓу ВМРО-ДПМНЕ и неговата, како што ја окарактеризираа дискутантите, чиста икона Богдановски.

Таквото воочливото партиско дистанцирање и релативизирање на дисидентскиот ангажман на Богдановски го иницираше нашето прашање до Јаковлески дали денешново ВМРО-ДПМНЕ го чувствува како континуитет на идејата за која се залагале тој и Богдановски.

„Тогашните водачи на ВМРО-ДПМНЕ го изолираа Богдановски откако оценија дека ја постигнале целта, ја освоиле власта. Никогаш не сум бил заинтересиран за политиката како професија. Повеќе сум бил врзан за идејата. А денеска таа ја губи борбата со бизнисот и профитот. Ни се случува среброљубие, непотизам, делење функции по некакви семејни линии. Тоа нема врска со она за што ние се залагавме“, емотивно искоментира Јаковлески во нашиот неврзан муабет по дискусијата.


04-06-2012, 10:31 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,135
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#94



[Image: DBs-doverlivo-1.jpg]


[Image: DBs-doverlivo-2.jpg]
18-08-2012, 05:42 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,135
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#95



[Image: DBs-doverlivo-3.jpg]


[Image: DBs-doverlivo-4-1.jpg]


[Image: DBs-doverlivo-5.jpg]
18-08-2012, 05:44 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,135
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#96


[Image: DBs-doverlivo-1-1.jpg]

[Image: DBs-doverlivo-1-2.jpg]
18-08-2012, 10:56 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,135
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#97



[Image: DBs-doverlivo-1-3.jpg]


[Image: DBs-doverlivo-1-4.jpg]
18-08-2012, 10:58 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,135
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#98


[Image: DBs-doverlivo-1-5.jpg]


[Image: DBs-doverlivo-1-6.jpg]
18-08-2012, 11:00 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,135
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#99


[Image: DBs-doverlivo-1-7.jpg]



[Image: DBs-doverlivo-1-8.jpg]
18-08-2012, 11:03 PM
Reply