Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 13 Vote(s) - 2.38 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
PIVO
Author Message
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#5

Otkako ovaa go procitav donesov odluka sekoj den da si pijam po edna casa pivo. Pa toa navistina bilo mnogu zdravo.


Пијалак за уживање и здравје


[Image: F2CC16E62AB218429413677C9B9180FB.jpg]



Пивото не е само добар пијалак. Бројни стручњаци ги фалат неговите позитивни својства, па така доколку не сте знаеле, пивото ја спречува појавата на камен во бубрезите, помага при несоницата и доколку се пие умерено, не дебелее. На здравје!

Дебелее ли пивото?

Во споредба со другите алкохолни пијалаци, пивото е нискокалорично. Така, околу 200 мл пиво содржи 75 калории, а истот количество шампањот има 160 калории. Но ретки се оние кои се задржуваат на дозата од 200 мл, што значи дека проблемот не е во пивото туку во количеството.

Пивото помага да спиеме подобро?

Едно пиво опушта и смирува благодарение на хмељот. Хмељот е во далечно сродство со канабисот, а поради неговото дејство доаѓа до опуштање на мускулите. На благата поспаност делува и малиот процент на алкохол. Сепак, внимавајте при дозирањето.

Помага кај настинката?

Половина литар млако пиво пред спиење ги намалува кашлицата и течењето на носот. Минералите цинк и магнезиум го јакнат имунолошкиот систем. До тие заклучоци дошла студијата спроведена на универзитетот во Инсбрук. Но внимателно - пивото на овој начин не делува кај сите луѓе.

Ги чисти ли бубрезите?

Чешките лекари понекогаш препишуваат пиво како терапија за лекување на камен во жолчката. Едно пиво дневно ја намалува појавата на камен во жолчката за 40 отсто, тврди една финска студија. Имено, пивото содржи многу вода, па го прочистува организмот, а освен тоа има и антибактериско дејство.

Со пиво до пивски стомак

Бројни истражувања покажале дека проблемот не лежи директно во пивото, туку во начинот на живот и процесот на стареење. Со текот на животот метаболизмот се забавува и некогашната доза на пиво доведува до проблеми со тежината. Или намалете го количеството пиво или едноставно активирајте се физички.
30-09-2010, 03:33 AM
Reply


Messages In This Thread
PIVO - by mence - 02-02-2010, 02:38 PM
RE: PIVO - by Solenik - 03-02-2010, 01:34 AM
RE: PIVO - by mence - 06-02-2010, 12:40 AM
RE: PIVO - by mence - 22-06-2010, 03:47 AM
RE: PIVO - by mence - 30-09-2010, 03:33 AM
RE: PIVO - by inmate1807 - 08-01-2011, 05:09 PM
RE: PIVO - by acko - 08-01-2011, 05:46 PM