mara-popara
Posting Freak
    
Posts: 769
Joined: Dec 2009
Reputation:
6
|
(12-02-2010, 09:41 PM)mara-popara Wrote: Videte ja manipulacijata. Vranishkovski ne podnesuva kkrivichna prijava za kleveta. Znachi priznava deka e shiun.
Quote:Раколникот, отпадникот и српско-грчкиот шпион Јован Вранишковски поднесе кривична пријава против Јанко Бачев
Информација до Jавното обвинителство во врска со изјавата на г. Јанко Бачев
Протокол бр. 85 од 09 Февруари 2010
Информација до Jавното обвинителство во врска со изјавата на г. Јанко Бачев
Протокол бр. 85 од 09 Февруари 2010
До Јавниот обвинител на Р. Македонија
Предмет: Информација за предизвикување на верска омраза и поттик за насилство
Почитуван Јавен обвинител на Р. Македонија,
Сигурни сме дека по службена должност сте информирани за изјавите на некои јавни личности во Р. Македонија во последниве неколку денови, а во врска со враќањето на Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован во неговата татковина.
Сепак, како директно затекнати од говорот на омраза, и особено во заштита на сигурноста на Неговото Блаженство, Архиепископот Јован, ја упатуваме до Вас оваа информација за којашто приложуваме и соодветни докази.
Во повеќе средства за информирање се пренесе следнава изјава од г. Јанко Бачев, претседател на Народното движење за Македонија (НДМ): „Доколку изостане реакцијата на надлежните државни органи, НДМ ќе ја преземе улогата да му ги симне мантијата и црковните обележја на Вранишковски во секое време и на кое било место и на тој начин да ги спречи неговите активности со кои Републиката е посрамена и понижена на јавна сцена.“ (цитатот е од „Време“, број 1890, од 09.02.2010).
Само за потсетување, Јавното обвинителство од Битола поднесе кривична пријава против Архиепископот Јован во 2004 г., за кривично дело „распалување национална и верска омраза”, а потоа тој беше и осуден на двеипол годишна затворска казна, само затоа што недокажано беше прифатено од судот оти во црковен календар напишал дека: „Македонската Православна Црква е последниот бастион на комунизмот”.
Архиепископот Јован со ниту една изјава до сега не повикал на насилство, а сепак доби крвична пријава и беше осуден и затворен, а во горенаведениот случај, пак, имаме јасен повик за насилство и омаловажување по верска основа, не само врз Архиепископот, туку преку него и врз целата Црква што тој ја претставува, а сè уште не видовме дека Јавното обвинителство реагирало.
Затоа слободни сме со прилогот што го испраќаме да ја допотполниме Вашата информација после којашто очекуваме соодветно да реагирате.
Патем, Ве известуваме дека оваа информација што ја испраќаме до Вас и евентуалниот Ваш одговор ќе бидат доставени до повеќе познати меѓународни институции, коишто се занимаваат со верските права и слободи.
Со почит,
ЕПИСКОП стобиски и Местобљустител
струмички Давид
Прилог:
Македонска Радио Телевизија, 08 Февруари 2010
дневен весник „Време“, број 1890, 09.02.2010
дневен весник „Вечер“ 09.02.2010 Бр. 14317
Eve go orginalnoto soopshtenieto na Janko Bachev, na koe ja bazira prijavata Vranishkovski:
Quote:___________________________________________________________
Народно движење за Македонија, ул. „Даме Груев„ бр.10, Скопје, 1000 тел: (02) 310 19 99; 310 19 98; 075 23 12 20; 070 387 171
До Средствата за јавно информирање
Народно движење за Македонија во врска со вчерашната богослужба во т.н. Јованова црква во Нижеполе на расколникот, отпадникот и српско-грчки шпион Зоран Вранишковски која е еден од методите да се уништи МПЦ како главен столб на македонското опстојување, уште еднаш ги повикува надлежните државни органи да постапат согласно своите уставни надлежности и во корен да ги пресечат овие противуставни активности од значење не само за Црквата и за народот, туку и за државата. Да потсетиме дека на тоа ги обврзува Одлуката на Синодот на МПЦ од 9-ти јули 2003 за расчинување на Вранишковски и неговото враќање во редот на мирјаните со световното име Зоран, како и одлуките на надлежните судови со кои се одбива барањето за регистрација на т.н. Јованова црква.
Истовремено, НДМ изјавата на Вранишковски во која вели дека е јавна личност и дека не е кодош на странски служби бидејќи шпионите наводно работеле само конспиративно, ја смета за негов очајнички обид за да ја прикрие својата поданичка и јаничарска улога на тереност за сметка на интересите на српската и грчката разузнавачка служба. Заради подобро запознавање на јавноста сакаме да истакнеме дека сите разузнавачки служби во својата работа се користат со тајни, прикриени и легални методи, а доделената улога на Вранишковски на теренот од неговите странски разузнавчки ментори е да настојува најповеќе преку легални, односно психолошко-пропагандни дејствија да ја врши својата субверзивна улога во чија основа во заднина стои класична разузнавачка работа на споменатите странски разузнавачки структури кои му ја обезбедуваат целата логистика, пред се, толку потребната финасиска подршка преку отворените сметки во три грчки банки.
Сакаме да предупредиме дека Народно движење за Македонија не може да стои настрана во овие опасни игри за татковината со кои се девалвира нејзината институционална позиција и се задира во националниот идентитет на македонскиот народ и македонската држава, и затоа доколку изостане реакцијата на надлежните државни органи, НДМ ќе ја преземе улогата да му ја симне мантијата и црковните обележја на Вранишковски во секое време и на било кое место и на тој начин да ги спречи неговите активности со кои Републиката е посрамена и понижена на јавна сцена и со кои длабоко ги навредува и повредува националните и верските чувства на сите Македонци.
Дел.број 004/2010
Народно движење за Македонија
08 февруари 2010 година Претседател
Скопје Јанко Бачев
Eve gi i novinarskite izveshtai na koj se povikuva Vranishkovski:
Quote:Народното движење за Македонија бара сузбивање на дејноста на Вранишковски
Скопје, 8. февруари (ИНПРЕС)
Народно движење за Македонија, во врска со вчерашната богослужба во т.н. Јованова црква во Нижеполе на Зоран Вранишковски, побара од надлежните органи да ја сузбијат активноста на Вранишковски.
„На тоа ги обврзува Одлуката на Синодот на МПЦ од 9-ти јули 2003 за расчинување на Вранишковски и неговото враќање во редот на мирјаните со световното име Зоран, како и одлуките на надлежните судови со кои се одбива барањето за регистрација на т.н. Јованова црква“, стои во соопштението од НДМ.
Изјавата на Вранишковски во која вели дека е јавна личност и дека не е кодош на странски служби бидејќи шпионите наводно работеле само конспиративно, Народното движење ја смета за негов очајнички обид за да ја прикрие својата поданичка и јаничарска улога на тереност за сметка на интересите на српската и грчката разузнавачка служба.
„Заради подобро запознавање на јавноста сакаме да истакнеме дека сите разузнавачки служби во својата работа се користат со тајни, прикриени и легални методи, а доделената улога на Вранишковски на теренот од неговите странски разузнавчки ментори е да настојува најповеќе преку легални, односно психолошко-пропагандни дејствија да ја врши својата субверзивна улога во чија основа во заднина стои класична разузнавачка работа на споменатите странски разузнавачки структури кои му ја обезбедуваат целата логистика, пред се, толку потребната финасиска подршка преку отворените сметки во три грчки банки“, се вели меѓу другото во соопштението од Народното движење за Македонија. (Крај)
НДМ ќе му ја симне мантија и црковните обележја на Вранишковски
Народното движење за Македонија предупредува дека ако надлежните државни служби не преземат нешто околу случајот на Зоран Вранишковски тогаш тие ќе му ја симнат мантијата и црковните обележја.
“Сакаме да предупредиме дека Народно движење за Македонија не може да стои настрана во овие опасни игри за татковината со кои се девалвира нејзината институционална позиција и се задира во националниот идентитет на македонскиот народ и македонската држава, и затоа доколку изостане реакцијата на надлежните државни органи, НДМ ќе ја преземе улогата да му ја симне мантијата и црковните обележја на Вранишковски во секое време и на било кое место и на тој начин да ги спречи неговите активности со кои Републиката е посрамена и понижена на јавна сцена“, велат од НДМ.
Партијата го обвинува Вранишковски дека е работи за српските и грчките разузнавачки служби и велат дека тие ја финансираат неговата работа во Македонија, а изјавата на Вранишковски дека е јавна личност ја сметаат за “негов очајнички обид да ја прикрие својата поданичка и јаничарска улога.“
Денеска за случајот со Вранипшковски беше прашана и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, која одговори дека МВР нема информации дека Вранишковски работи за некој странска разузнавачка служба.
Автор на веста: Нетпрес
Објавена на 08.02.2010 14:01:39
_______________________________________________________________________________________
ВРЕМЕ, 09.02.2010
ЗАКАНА ДО РАСЧИНЕТИОТ ВЛАДИКА
Бачев ќе му ја симнувал мантијата на Вранишкоски
Ако надлежните државни служби не преземат нешто околу случајот на расчинетиот владика на МПЦ Зоран Вранишковски, тогаш Народното движење за Македонија на Јанко Бачев ќе му ги симне мантијата и црковните обележја. Такво предупредување упати вчера партијата откако министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска ниту ги потврди ниту ги отфрли минатонеделните тврдења на НДМ дека Вранишкоски е шпион на грчките и на српските разузнавачки служби и дека поседува оружје со дозвола добиена од овдешни надлежни органи.
- Сакаме да предупредиме дека НДМ не може да стои настрана во овие опасни игри за татковината со кои се девалвира нејзината институционална позиција и се чепка во националниот идентитет на македонскиот народ и на македонската држава. Затоа, доколку изостане реакцијата на надлежните државни органи, НДМ ќе ја преземе улогата да му ги симне мантијата и црковните обележја на Вранишковски во секое време и на кое било место и на тој начин да ги спречи неговите активности со кои Републиката е посрамена и понижена на јавна сцена - велат од НДМ.
Партијата го обвини Вранишковски и дека како работник на српските и на грчките разузнавачки служби, користи нивни пари за дејствување во Македонија. Јанкулоска, која одговори дека МВР нема информации дека Вранишковски работи за некоја странска разузнавачка служба и дека не е запознаена дали добил дозвола за носење оружје. - МВР не би требало и не би смеело да се впушти во реплики на секоја политичка партија. Прашањата кои се од значење за безбедноста на Македонија се наша секојдневна работа и ние со нив се занимаваме во редовна процедура - рече Јанкулоска.
Инаку, Вранишкоски завчера држеше богослужба во црквата во Ниже Поле, само два дена откако судот повторно го одби барањето за регистрација на неговата ПОА.
______________________________________________________
ВЕЧЕР, 09.02.2010
МВР НЕ ГИ КОМЕНТИРА ПАРТИСКИТЕ НАВОДИ ДЕКА ЈОВАН Е СТРАНСКИ ШПИОН
НДМ: Ние ќе му ја симнеме мантијата на Вранишковски
Од партијата на Јанко Бачев, вчера се заканија дека ќе му ја симнат мантијата и црковните обележја на Вранишковски доколку надлежните државни служби не преземат нешто против неговите опасни игри со кои државата е посрамена и понижена на јавна сцена
Министерството за внатрешни работи не ги коментира партиските наводи дека расчинетиот владика Јован Вранишковски е странски шпион. Министерката Гордана Јанкуловска вели оти полицијата нема да се впушти во реплики на политички партии.
- Прашањата кои се од значење за безбедноста на државата се наша секојдневна работа и со нив се занимаваме во редовна процедура. Доколку оцениме дека има потреба да ја информираме јавноста кога станува збор за државната безбедност, тоа ќе биде направено, но не врз база на прозивки на политички партии и меѓусебни обвинувања, рече Јанкулоска. Таа не е запознаена дали Вранишкоски добил дозвола за носење оружје од Битолската полиција, како што обвини Народното движење на Македонија.
Од партијата на Јанко Бачев, пак, вчера се заканија дека ќе му ја симнат мантијата и црковните обележја на Вранишковски доколку надлежните државни служби не преземат нешто против неговите "опасни игри со кои државата е посрамена и понижена на јавна сцена". Вранишкоски завчера на собир во Нижеполе негираше дека е соработник на српските и грчките тајни служби.
Во меѓувреме, претседателот на Демократската партија на Србите Иван Стоилковиќ со писмо реагира на обвинувањата дека тој се меша во црковниот спор меѓу МПЦ и СПЦ, поддржувајќи го расчинетиот Вранишковски. Нападот врз него стигна по присуството на т.н. поглавар на ПОА на скопската Академија по повод српскиот празник Свети Сава. Стоилковиќ вели дека на слава се поканети сите, но некои медиуми и владиката на МПЦ Агатангел го искористиле тоа за негово оцрнување.
- Со поканата за присуство на Светосавската Академија не само на "непосакуваниот" Владика Јован - поглавар на ПОА, како што ни се припишува и како што е вистина, туку и на поглаварот на Македонската православна црква-ПОА г.г. Стефан, како што повторно е вистина, а што не ни се припишува, ние исто како и минатата година по ист повод го потврдивме нашето почитување, уважување и славеничка љубов без поделби и предрасуди, без пребројување кој зад кого оди и кој кого го предводи. Ние така ја доживуваме Христовата љубов и така и се однесуваме, а оној што гледа може многу лесно тоа да го види. Но, ако треба и дополнително да објаснуваме и на тоа сме подготвени, со чист образ и мирна душа, имајќи предвид дека Србите во Македонија се своевидни жртви и заложници на продолжениот црковен раскол, кој ниту сме го создале ниту пак го негуваме, стои во отвореното писмо на Стоилковиќ.
Тој вели дека, почитувајќи ја секуларноста на државата, максимално се залагал за конструктивно разрешување на црковниот спор меѓу МПЦ и СПЦ. Но, во рамките на таквите заложби е и тежнеењето за обезбедување на полни верски права и слободи за Србите кои живеат во Македонија, "без диригирано менторство и туторство од која било страна".
(Д.М.)
#
Статијата е прочитана 2714 пати.
|
|