poprushev
Super Moderator
     
Posts: 157
Joined: Dec 2009
Reputation:
-3
|
Грчки новинари осудени за навреда кон Воскопулос
Пресудата на солунскиот суд за двајцата новинари е мал прозорец кон вистинска демократија во Грција, вели за Макфакс членот на претседателството на Виножито, Павле Воскопулос.
Двајца грчки новинари се осудени од судот во Солун на пет месеци затвор - три години условно заради клевета. Директорот Димитрис Капселис и новинарот Кокос Телемахос од грчкото национално радио се осудени поради емисија на грчкото државно радио во 2005 година, во која Воскопулос е наречен „агент на Скопје“, „анти-грчки платеник“ и „сепаратист“.
„Однесувањето на една држава кон човековите и малцинските права се отсликува не само на политичко ниво и преку имплементацијата на политичките одлуки, бидејќи важен сегмент во организацијата на една држава е начинот на судењето.
Начинот на судењето го покажува нивото на демократија во една држава. Поради тоа што “независното судство“ во Грција индиректно и директно ја следи политичката идеологија во поглед на малцинските права, случајот во Солун може да се нарече мал прозорец кон вистинската демократија“.
Причина за спорниот настап на новинарот Капселис било емитувањето на документарецот „Патувајќи во Грција“, во кој новинарката Маја Цакли вели дека “луѓето што живеат во околина на Лерин претпочитаат да говорат македонски јазик, иако исто така говорат грчки“.
Судскиот процес против Капселис и Телемахос, Воскопулос го покрена во 2007 година.
|
|
29-01-2010, 07:18 PM |
|
toni_a
1 - 2 + 3 - 4 + ...
   
Posts: 610
Joined: Jan 2010
Reputation:
12
|
има фундаментални разлики во правната филозофија и концепт помемеѓу европа и америка.
можат да го земат како пример или аргумент, ама не како правило. како помош при интерпретација. никој не гарантира дека судот ќе пресуди спротивно, особено друг суд во државата, освен ако се работи за највисоките инстанци кога судот дава принцип за интерпретација на одреден закон.
тужба во Стразбург се поднесува откако ќе се исцрпат националните инстанци. тоа е веќе поразлично...и тука веќе самите држави имаат интерес вс. обврска. обврска бидејки се потписнички на конвенција.
бтв, Стразбург континуирано ја развива заштитата на човековите права, и тоа го прави на основа индивидуални тужби/дела. тука веќе се доближуваме до англо-американскиот систем.
Павле има добиено дело во Солун, а не во Стразбург. сепак, пресудата во Солун е охрабрувачка и се надевам дека е предвесник на нешто многу поголемо.
пс - сепак, не се глупи грците да дозволат некои работи...реномето им е крахирано, а знаат дека Павле ќе ги одвлечеше до Стразбург. тоа не го дозволија за да имаат и во уднина “маневарски простор“...
(This post was last modified: 18-02-2010, 05:55 AM by toni_a.)
|
|
18-02-2010, 05:51 AM |
|