Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 2 Vote(s) - 3.5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
КАКО НАЈЛЕСНО ДА ОТКРИЕТЕ СОРАБОТНИК НА УДБа-КОДОШ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Ме испровоцира интервјуво на Стево Пендаровски да отворам тема како се станува СОРАБОТНИК. Имам впечаток дека сакаат да го покријат/елиминираат онаа што го напишав во дискусиите со Милчин и Исмаил. Жалам само што никој од наводните експерти нема да се вклучи во дискусијата.



Quote:Жртвата не може во исто време да биде и кодош

[Image: C47EFAAB5971A446985068092A12A018.jpg]

Професорот Стево Пендаровски вели дека македонската лустрација е уникатна, таа се справува со неистомисленици

Гордана Дувњак

Македонската лустрација по многу нешта е уникатна и се разликува од сите досегашни спроведени слични процеси во посткомунистичките земји. Македонскиот концепт е тотално погрешен, бидејќи не постои држава што има толку широк временски опсег, со толку голем број опфатени категории, како и со толку исполитизирана и нестручна комисија, која не прави разлика меѓу следени лица и соработници на службите.

Ова го тврди Стево Пендаровски, експерт за безбедносни прашања, кој вели дека досегашната практика од спроведувањето на лустрацијата покажала многу аномалии, но и злоупотреби на целиот процес во партиски цели.

„Не сум чул дека во некоја земја се опфатени над 100.000 луѓе, поранешни и сегашни функционери, па дури се планираат и новинари од приватни медиуми. А уште помалку ја гледам смислата зошто лустрацијата би важела и по периодот од 1991 година, па се' до 2019 година. Зошто тогаш да не е до бесконечност“, прашува иронично Пендаровски.

Тој подвлекува дека целиот процес е изместен, бидејќи целта на лустрацијата секаде е државата да ги исчисти „гревовите од претходниот систем“, а не да се справува со неистомисленици. За него е несфатливо кодошите да ги нема во структурите на владејачките партии, туку само во редовите на опозицијата. Потсетува дека секаде во посткомунистичките земји лустратотори се личности со висок морал и со углед во својата средина, а не анонимуси, кои примаат политички наредби од партиските штабови.

Според Пендаровски, постојат правила во службите околу начинот на кој се врбуваат соработници, кои не даваат можности за интерпретации и толкувања дали некој треба да се вброи во редот на следени лица или кодоши. „Тоа се две различни оперативни постапки. Можно е едно лице во определен период да било следено, а потоа да станало соработник, но тоа мора да биде добро аргументирано и архивирано“, подвлекува Пендаровски и додава дека инспекторот мора да ги убеди своите надредени (најмалку двајца шефови) дека лицето што било третирано и под полициско надгледување е подготвено свесно, доброволно и со определена цел да соработува и да прибира квалитетни информации.

Најчестите основи за врбување соработници се компромитацијата и патриотските побуди. Дали со помош на добиените информации од текот на следењето или, пак, од претходни сознанија, на лицето кое се планира да му се понуди соработнички статус му се приложуваат докази што би можеле него лично или член од фамилијата да го дискредитираат во околината или во семејството. Во најголем број случаи тоа е прељуба, наркоманија или некое однесување, кое отстапува од општоприфатените норми. Но, постојат и луѓе кои доброволно се нафаќаат да кодошат од патриотски или идеолошки причини.

Инспекторот во посебен формулар мора точно да ги наведе мотивите зошто едно лице се предлага да биде соработник, а кога ќе се добие согласност од надлежните, да се формира посебно соработничко досие, кое е различно од она на следено лице.

„Новиот соработник прифаќа писмено да соработува и веднаш добива ново кодно име, кое се разликува од она што го имал како следено лице. Во сета натамошна комуникација никаде не фигурира неговото вистинско име, бидејќи довербата е нешто што е многу важно за засновање еден ваков однос“, вели Пендаровски.

Тој тврди дека е исклучително тешко да се изгради квалитетна соработничка мрежа, бидејќи не е битно да се врбуваат колку што е можно поголем број лица, туку да се добијат квалитетни информации што можат да се исползуваат.

Пендаровски објаснува дека постојат три типа регистри на соработници, кои се внимателно архивирани со сите потребни списи и податоци.

Во МВР постои регистар на активни соработници, каде што точно може да се види кој соработник како работел, какви извештаи доставувал и колку од тие информации биле користени во планирање некои акции. Регистарот на пасивни соработници, пак, се однесува за оние лица кои по одреден период од најразлични причини престанале да доставуваат информации. А третиот вид досиеја се за дерегистрација, кој ги содржи податоците за оние соработници чии услуги не можат повеќе да се користат или не се повеќе интересни за службите.

Службите за безбедност прават разлика и меѓу информатор и соработник. Информаторот собира само податоци, а соработничкиот статус е повисок и подразбира поголем степен на доверба, па дури и учество во планираните активности. Но, по правило, соработникот никогаш не учествува во планираните акции, бидејќи нема правен статус, туку тоа е работа на полициските инспектори. Постои и категорија „пријателска врска“, но по правилата на службите, тоа не се соработници, туку лица кои од свои побуди доброволно даваат информации, без да имаат третман на кодош.

На крајот, професорот Стево Пендаровски уште еднаш потенцира дека „следено лице не може да биде во исто време и соработник“. Според него, тоа се коси со принципот на доверба и доброволност, на што се базира соработничкиот статус.



Прочитајте го интервјуто и мојот текст од денешниов број на ИЗГРЕЈ ЗОРА НА СЛОБОДАТА
18-08-2011, 01:53 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:ПАНИКА ОД ЛУСТРАЦИЈАТА

Став

ПАНИКА ОД ЛУСТРАЦИЈАТА


[Image: cqs1313629642h.jpg]

Откако Марксистите сватија дека приказната со фашизмот за одбрана на себе си и на „ДРАМАТУРГ“ не поминува, тргнаа од Милчин да прават жртва. Милчин тоа го работи преку фељтонот во кој објавува селектирани реченици и делови од досието; Жаре Т., Геро, Фрчко, Гелевски и друштвото, со свои дробеници наречени колумни потоа се обидуваат преку дискусии со истомисленици да ги рашират на социјалните мрежи.


Јордан Петровски

Марксистите ги фати паника откако Груевски удри во центарот на моќта на марксистичкатабанда, во групацијата „ФОРУМ“. Прашање е само до каде ќе оди? Ако судиме по оние кои сé се јавија со колумни распослани по социјалните мрежи во кои ни ги објаснуваа фашизмот и недемократичноста на Груевски, тогаш може да се претпостави дека ќе биде битка до последниот. Односно, Груевски ќе ги „ДИФЕРЕНЦИРА“ сите кои не му искажаа верност. Најгласни се оние кои се препознаа, оние кои си ја имаат мувата на капата, односно до кого стасал аберот дека ќе биде диференциран. Го нема само човекот во чие време македонската телевизија (МТВ) го доби името „Лажовизија“. Набргу ќе разбереме дали Службата донесе решение како најдобар во изведбата на бацување газови, да „промени страна“ па сега гледа сеир на старото друштво.


Промашена е суштината на лустрацијата


Откако Марксистите сватија дека приказната со фашизмот за одбрана на себе си и на „ДРАМАТУРГ“ не поминува, тргнаа од Милчин да прават жртва. Милчин тоа го работи преку фељтонот во кој објавува селектирани реченици и делови од досието; Жаре Т., Геро, Фрчко, Гелевски и друштвото, со свои дробеници наречени колумни потоа се обидуваат преку дискусии со истомисленици да ги рашират на социјалните мрежи.

Мојот скромен придонес кон откривањето на лагата со Милчин и со неговите дрвени адвокати, Исмаил, Јордановски, итн. (се извинувам на неспоменатите), е сосема конкретен. Имено, се обидов да полемизирам околу нивниот главен аргумент дека Милчин не е соработник на службите, бидејки немало потпишана „пристапница“ од Милчин за „тимот на УДБа.“
По правило, полемиката секогаш беше прекинувана и блокирана од нивна страна во моментот кога ќе дојдевме до клучните докази, кога ќе немаа одговор на доказите изведени од принципите на работењето на Службата.


[Image: bwy1313630364g.jpg]


Суштината на македонската Лустрација постојано се промашува. Имено, во Македонија судирот на Службата со Народот не беше ИДЕОЛОШКИ, десница против левицата, како во другите Источноевропски држави. Кај нас судирот пред и после 1991. год., беше помеѓу Југословените—уметничкото име на УДБа за ВЕЛИКОСРБИТЕ—и МАКЕДОЦИТЕ, во борба за МАКЕДОНСКО НАЦИОНАЛНО ОСЛОБОДУВАЊЕ. Прогонот и по 1991. год. е правен врз оние кои се обидувале да направат самостојна, суверена и демократска Македонска држава. Оваа непобитна вистина го подгрева сомнежот во искреноста на „прочистувањето / лустрацијата“ како што Груевски ја спроведува.
Досега многу пати сум презентирал дел од доказите дека МАКЕДОНСКИТЕ ДОСИЕА и по 1991. год. завршувале во Белград, главниот град на Република Србија. Ова, самото по себе, дава еден можен одговор на прашањето зошто ја нема „пристапницата“ на Милчин во Скопје. Кон ова треба да ја додадеме и Милчиновата дејност: „УЈДИ“, Фондација Отворено Општество, следена низ неговите активности околу осамостојувањето, неговите решенија за името, трибините кои ги финансира, рушењето на Законот за лустрација—сите до една, активности кои укажуваат на континуирано попречување на МАКЕДОНСКОТО ОСАМОСТОЈУВАЊЕ.

„Пријатели“ - најстрашниот метод на УДБа

Фактот што од вистинска Лустрација во Македонија нема ни абер, дава сложен предизвик во откривањето на методите на УДБа. Поради тоа, потребно е поврзување на оние работи кои ни се познати. Како и многу пати во минатото ќе се послужам со конкретни примери од моето досие, со цел да ја насликам состојбата за која зборувам. Имено, читајќи го моето досие (но, и она на Блажо Стојаноски), не може да се видат, ниту да се претпостават имињата на ГЛАВНИТЕ СОРАБОТНИЦИ на УДБа.

Во планот за работа, покрај другите мерки пишува:
„5. Продолжување со откривање и проучување на неговите деловни и други врски во Р. Македонија;
6. Продолжување со откривање и ПРОДОЛЖУВАЊЕ на неговите врски во Р. Бугарија, поготово од редовите на ВМРО-СМД, деловни и др. врски;
7. Примена на мерката Следење во земјата, кога патува надвор од Куманово;
8. Примена на мерката Следење за времето на негово патување и престој во Р. Бугарија.”
Кај мене, за среќа, времето од прогонот до моментот на добивање на досието беше кратко, така што сеќавањето на сите настани ми беше свежо. Барајќи го логичниот одговор на прашањето: како можеле сигурно да ме следат, дојдов до одговор за методите. Сигурно не оделе со друга кола зад мене. Нив (УДБа) не ги инересирало во кој град ќе одам и во која зграда ќе влезам, УДБа ја интересирало со кого ќе се сретнам. Значи некој секогаш патувал со мене. УДБа не можела да ми „наметнува“ на секое патување нов човек. Во мојот случај УДБа користела двајца: Димковски Предраг и Даравелски Драган. Тие двајца ми станаа нераздвојни „пријатели“: првиот од 1991. до 1995. год., а вториот во периодот 1994./1995. год., но нив ги НЕМА ВО ДОСИЕТО! Нивните досиеа ги нема во Македонија, ниту пак има нивни потпис на соработнички образци со кои би можел да докажам дека биле соработници на УДБа.

[Image: arx1313630913z.jpg][Image: Filip_Petrovski.JPG]
"П Р О Г О Н У В А Н И"

И покрај отсуството на соработничка „пристапница“, докажувањето дека некој бил, или е соработник на УДБа е многу едноставно. Имено, покрај препознавањето на „фластерот“, постои уште еден еден начин од кој се добива непобитен доказ: кариерата и животниот пат на сомнителното лице. Тој доказ кај Милчин е најизразен:
„Србокомунизмот кон своите вистински противници, НАЦИОНАЛДЕМОКРАТИТЕ, секогаш бил немилосрден: ликвидации, прогон, затвори, атентати на кариери, економско уништување, бришење на секаква трага за постоење на такви луге… Запрашајте се, колку години не знаевте за Ченто, колкумина од вас слушнале за ВМРО ПРАВДА, за нејзините основачи, за бомбашите...“


Како завршија Ј.Котески и Ф. Петровски



Ќе направам две споредби. Првата: Владимир Милчин со поетот Јован Котески. За Милчин индициите за кои е отворено досието се ДОКАЖАНИ, ама кај него нема судски процес. Кариерата му оди по нагорна линија до денешен ден. Животниот пат не му бил попречен ни една секунда со прогон, судења, затворања.
Поетот Јован Котески, националист и критичар на комунистичкиот систем, без докази, во наместен судски процес е осуден на затворска казна и по издржаната казна УДБа продолжила да го следи и прогонува.

[Image: EF40AA936FA1B34E980FFBEB4202CD09.jpg][Image: jordan_fotka_tif.jpg]
И П Р О Г О Н У В А Н И


Втората споредба: Филип Петровски и јас, Јордан Петровски.
За Филип Петровски индициите за кои е отворено досието СЕ ДОКАЖАНИ, ама нема судски процес. Кариерата на Филип П. оди по нагорна линија.
Кај мене индициите за кои е отворено досието не се докажани. Во досието пишува дека сум „ДЕРЕГИСТРИРАН“, ама моето досие сé уше е активно. Доказ за тоа е фактот што досието (ПО. „ЦРНИ“) ГО НЕМА ВО АРХИВОТ НА МАКЕДОНИЈА, а го нема ни во архивот на Србија. Од Архивот на Србија добив одговор дека моето досие не е во нивна надлежност.

Намножување на кодошлукот-главна цел на УДБа



[Image: viu1313631091y.jpg]


Во следново толкување за работата на службата лежи клучот на успешната лустрација на македонското општество:
Службата има еден специфичен начин на работа. Имено, прогонот не го прави за да на прогонетиот („Предмет на Обработка“) му ги докаже наводните индиции кои формално послужиле како покритие за отворање на досието, и конечно да го уапси и осуди осомничениот. Тоа Службата не го прави од неспособност или од незнаење, туку заради тоа што целта на системот на работа е да се здобие со нов кодош—при што, од секој „противник“ прави свој човек, бидејќи, целта е, нели, Едноумие! За да се здобие со нов кодош, УДБа не избирала средства или начини. Нудела награди, кариери, пари, титули, но и уцени. Уцени со нешто од што жртвата, „Предмет на обработката“, се плашела да излезе во јавноста—прељуба, ситен криминал, лична тајна и слично; како и местенка на некој проблем, за кој Службата на „Предмет на обработката“ ќе му понуди помош за решавање. Оние кои одбиле биле прогонувани до гроб, а прашање е дали тука завршил прогонот. Според она што сретнав во неколку досиеа, прогонот продолжувал и врз идните поколенија. Секаде стои фразата: „Предметот на Обработка потекнува од НЕПРИЈАТЕЛСКО СЕМЕЈСТВО...“ Оттука и заклучокот дека оние кои не се чувствуваат „тангирани“ од недостатокот на Лустрација, можеби и не треба да се толку ноншалантни кон овој толку нужен процес.
18-08-2011, 02:44 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Ке издвојам неколку коментари под текстот во Утрински, коментари кои јасно покажуват дека тешко веке поминуваат лагите на експертутките.



Quote:Oд: Kiril

Датум: 18.08.2011 01:09:41


A kako toa Milcin e zrtva? Go apsea? Mu ja unisitija karierata? Mu go progonuvaa semejstvoto? Imal dosie? Koj vo toj sistem nemal dosie? Go imal i Tito. Reziser koj nikogas ne napravil uspesna rezija (sporedi so Unkovski, Georgievski), go dostignal vrvot na admnistrativna-akademska kariera, dekan, profesor, vrv na oliticka kariera-clen na rakovodstvoto na partijata koja ja imala vlasta i koja mu go otvorila i mu go polnela dosieto! Prestanete da gi tretirate vasite citateli kako mentalni retardi. Se prasuvam, kako toa so site pari so koi raspolaga, Milcin ne e vo sostojba da najde eden svoj vrsnik, afirmiran profesionalec so zapazen avtoritet i dostoinstvo vo opstestvoto da zastane vo negova odbrana? Kako misli toj, a i vie, deka partiski vojnici i samite bez dostoinstvo kako ovoj, mozat da mu go vratat dostoinstvoto?



Quote:Од: da_mi

Датум: 18.08.2011 06:03:35
Oд кога па Стево стана експерт за безбедносни прашања!? Која е логиката дека жртвата не може да биде и кодош, кога праксата покажува дека најчесто е случај спротивното! И зошто се додека не почнаа да се вадат валканиците на виделина, никој не реагираше дека комисијата е нестручна или исполитизирана, најверојатно бидејќи им одговараше на кодошите и нивните поддржувачи, комисијата ништо да не работи!


Quote:Од: Кодошот не може да биде жртва

Датум: 18.08.2011 07:52:07
Сите земји кои го отфрлија комунизмот извршија лустрација. Само кај нас се уште типови како Пендаровски се противат на тој процес. Можеби и тој си ја има мувата на капата оти сите знаеме како напредуваше во кариерата.


Quote:Од: malo crnice

Датум: 18.08.2011 08:13:23
Stevo, bleskava kariera u bivsiot sistem bez podrska na sluzbata za drzavna bezbednost ne e mozna, toa go zaaat i mali deca. A za te podrzi DB moras i ti da ja podrzis nejze. Pouabvo e covek da e iskren i da priznae deka sorabotuval posto takvi bile vreminjata za site, nego da izlaga pred kameri i da tvrdi deka ne bil sorabotnik a site znaeme deka laze-susi. Ko prizna pola mu se prasta. Icon_razz


Quote:Од: kameleon

Датум: 18.08.2011 08:33:33
Zrtvata ne moze istovremeno da bide kodos. Kako sto ne moze prvo da si pomosnik minister vo MVR na Dosta Dimovska (koga se prislusuvase, apsese itn) pa pretsedatel na DIK predlozen od Gruevski, pa sovetnik na Boris Trajkoski, pa na Branko Crvenkovski. Uste Ahneti ti ostana za sovetuvanje. Bas bi sakal tebe da te vidam na ulica kako protestiras ili po selata kako sobiras glasovi vo kosulceto so manzetni, zalizan i da im zboris za imeto, bezbednost itn.


Quote:Од: Dejan

Датум: 18.08.2011 09:19:17
Да не е смешно би било трагично. Абе жртва е жртва, и точка! Неможе една личност да биде жртва, а истовремено и декан, директор, управник, прецедател и тн. Неможе да биде жртва и истовремено сметката да му се пумпа од државната каса за сторени услуги. Неможе да биде жртва а истовремено да дава информации, читај - кодоши, за други луге, веројатно оние правите жртви кој што трагично завршиле. Каква е таа жртва до ден денешен топ ситуирана, без ниту еден удрен пендрек по грб, без ниту еден ден затвор, цел живот во канцеларија, потешко од пенкало нема дигнато?! Они биле жртви...Смешноо.. кој не би посакал да биде жртва како Трендафил или пак да речеме како Ѓунер или Милчин. Државни станови, државни функции, државни проекти и плати. Вие сте жртви да, но на денешниот систем! Стапот има два краја, кој што си дробел, тоа и ќе си срка!!! Епа се сменија вашите времиња, време на жртви, сега дојде денот да се ослободите од стегите на минатото. Такво е времето, тешко...тешко вас сиротите...


Quote:Од: Горан - М. Каменица

Датум: 18.08.2011 09:53:13
Еве го најновиот експерт за се и сешто во државата.Класичен пример како тајните служби преку „независните новинари“ лансираат контролирано влијание на масата.Следно од него ќе биде апокалипсно сценарио за Македонија од владеењето на оваа влада.



Quote:Од: teatar

Датум: 18.08.2011 09:55:56
Onoj koj vo bivsiot rezim ne bese vo klanot na Milcinovci ne moizese da napreduva. Toa e mnogu poznata rabota za progonetiov.




Quote:Од: tihi

Датум: 18.08.2011 11:19:25
Ochigledno deka se raspagja sistemot koj kodoshite go napravija vo Makedonija i mislea deka vechno kje im trae.Im se nazira krajot i zatoa se tolku vozbudeni.Pa ushte ima i shiledginja shto pretat ,demek pazete se koga nie povtorno kje dojdeme na vlast.E malo morgen.



Ке издвојам еден од бранителите на експертуткава


Quote:Од: dejan breskovski

Датум: 18.08.2011 02:01:01
Zivi cirkusi od VMRO ili podobro receno VBRO (vnatresna bugarska revolucionerna sto i da e ) .Cel zivot rabota za bugarija ....ce dojde i naseto vreme no koga nie ce sudime ce bide kako vo 1946 godina .
18-08-2011, 01:31 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4



Една прашање до Пендаровски и останатите подржувачи на оваа што го изнесе Пендаровски: колку од 4 000 досиеа отворени после 1991 година добија судска завршница и колку од досиеата сеуште се отворени. Кога Пендаровски ке ја соопшти таа бројка ке знаеме точно колку СОРАБОТНИКА добила УДБа од 1991 година па навака.
18-08-2011, 01:37 PM
Reply
Guest
Unregistered

 
#5

Jas dlaboko se izvinjavam no doticniot Jordan bese registriran sorabotnik na UBK od 1990 -1996 .Pa go zamoluvam da si go pobara dosjeto "Kafeana-Kumanovac" a ne toa dosjeto koe go soopstuva.Jordane jas go imam dosjeto tvoe i ke ti go pusta po e-mail.Javno ne go davam.
Penzioner od Butel

18-08-2011, 03:23 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

(18-08-2011, 03:23 PM)Guest Wrote: Jas dlaboko se izvinjavam no doticniot Jordan bese registriran sorabotnik na UBK od 1990 -1996 .Pa go zamoluvam da si go pobara dosjeto "Kafeana-Kumanovac" a ne toa dosjeto koe go soopstuva.Jordane jas go imam dosjeto tvoe i ke ti go pusta po e-mail.Javno ne go davam.
Penzioner od Butel


Не е чесно да ми го пратиш само на мене. Обзнани го јавно. Ти гарантирам дека нема да биде симнато од форумов.
(This post was last modified: 18-08-2011, 03:36 PM by ЈорданПетровски.)
18-08-2011, 03:31 PM
Reply
barba Offline
שמע ישראל
****

Posts: 589
Joined: Jul 2011
Reputation: -8
#7

Guest ili pustaj tuka na forumov ili molci... treto nema!!!
I am that which grips the heart in fright, hearkens night and silence the light!!

Peace is lie, there is only a passion,
Trough passion i gain strength,
Trough strength i gain power,
Trough power i gain victory,
Trough victory my chains are broken.

The Force shall set me free
18-08-2011, 03:35 PM
Reply
sokoli Offline
Senior Member
****

Posts: 620
Joined: Feb 2010
Reputation: 27
#8

gospodinot penzioner bi go zamolille neka gi isprati tie dokumenti i na email kaj gospodinot jordan a jas veruvam deka toj ke gi postira so sigurnost.

Inace jas eden aktiven kodosh koj e deneska vo slluzhba odmah go prepoznavam.Ako mi kazhe deka allbancite vo makedonija se obezpraveni, eksploatirani, ugneteni, deka mie sme vselenski narod , deka so makedonci ne se mozhe zaedno,deka treba site makedonci da gi zakolime, deka treba vo sekoj del na makedonija da vee allbanskoto zname bideiki toa e sveto zname, jas samo ke se nasmeam i ke kazham lele i vakvi hajvani li angazhirat vo slluzhbi.
19-08-2011, 09:58 PM
Reply
sokoli Offline
Senior Member
****

Posts: 620
Joined: Feb 2010
Reputation: 27
#9

(18-08-2011, 01:37 PM)ЈорданПетровски Wrote: Една прашање до Пендаровски и останатите подржувачи на оваа што го изнесе Пендаровски: колку од 4 000 досиеа отворени после 1991 година добија судска завршница и колку од досиеата сеуште се отворени. Кога Пендаровски ке ја соопшти таа бројка ке знаеме точно колку СОРАБОТНИКА добила УДБа од 1991 година па навака.

Vo knigata cuvari jugosllavije od 3300 dosiea koi gi otkri hrvatskata tajna slluzhba 900 ne se obznanija.Znaci istite se vo slluzhba vo hrvatskata tajna slluzhba a toa e okollu 30% .

19-08-2011, 10:02 PM
Reply