Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 3 Vote(s) - 2.67 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
РОБЕРТО БЕЛИЧАНЕЦ: НЕЗНАЕЊЕ, МАНИПУЛАЦИЈА ИЛИ ТОЛКУ МУ ДАЛ ГОСПОД
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,948
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Денеска барајки некои работи за Беличанец налетав на оваа негова папазјниа, замена на тези и поими кој не би си дозволил да напише ни осмооделенец:




[Image: nkvd-vlast_LRG.jpg]

Quote:СРМ – Злосторничка држава?

октомври 10, 2010 | | 76 коментари

Целиот процес на лустрација во Македонија во себе крие едно суштинско прашање, кое ако остане без одговор и од политичката и од стручната јавност, во суштина го дисквалификува целокупниот процес и го претвора во обичен лов на вештерки.

Прашањето е многу е едноставно и гласи – “Дали СРМ (Социјалистичка Република Македонија) беше злосторничка држава“?

Доколку одговорот на прашањето е “да“ - процесот на лустрација е оправдан ако таа се спроведува врз оние кои што правеле систематско кршење на човековите права до 1991 година.

Доколку одговорот е “не“ – тогаш лустрацијата е обична хајка.

Прашањето и одговорите изгледаат едноставни, но воопшто не се.

Еве и зошто. Основниот предуслов за да се изврши лустрацијата е масовно кршење на човековите право кое е систематски правено од страна на тајна полиција и други полициско-партиски тела. Во пракса тоа значи дека државата е само фасада зад која што владеат и дивеат тајните служби. Односно дека државата е организирана на злосторнички принцип. Кога се работи за земјите со т.н.р. тврд социјализам тоа лесно се утврдува. Токму затоа тие ги започнаа и ги завршија своите лустрации во деведесетите години (со мали исклучоци). За да утврдиме дали во Македонија (а во тој контекст и во сите бивши ју републики) воопшто може да се спроведе лустрација, еднопартискиот комунистички систем не е доволен услов – потребено е да се докаже дека во суштина со Југославија владееле тајните служби и дека темелот на власта се базирал врз масовно кршење на човековите права. Моето мислење за тој режим е апсолутно ирелевантно, карактерот на режимот мора да биде пропуштен низ солиден научен инструментариум кој ќе ја потврди или отфрли тезата дека политичкиот систем на таа држава (вклучително и на СРМ) бил злосторнички. Доколку тоа се докаже – лустрацијата е оправдана. Доколку тоа не се докаже – таа е излишен и опасен процес.

Во случај да се докаже дека карактерот на режимот не бил злосторнички – жртвите на тајните служби треба да се обесштетат и да се рехабилитираат во поединечни постапки. Тие постојат, но такви жртви има во речиси сите општества вклучително во демократските западни земји особено во периодот на студената војна (пример е макартизмот во Америка, па никој во Америка не бара лустрација).

Но, ние не би биле чудо, ако не закашкаме до крај.

Од базичното прашање поставено горе и неговите можни одговори произлегуваат неколку страотно битни потпрашања.

а) Ако процесот на лустрација се однесува само на перидот во кој државата била организирана (претпоставка) на злосторнички начин – зошто двете најголеми политички партии се сложија да се лустрира до моментот на донесување на законот? Дали со тоа признаваат дека Македонија под нивна наизменична власт и после 1991 е организирана на злосторнички начин?

б) Ако априори го прифаќаат периодот од 1945-1991 како период на злосторничко владеење со Македонија дали суштински признаваат дека Македонија е родена како чедо на злосторнички заговор и дека АСНОМ во суштина претставува лулка на тој злостор.

ц) Дали се свесни дека со таквото тврдење во суштина им одат на рака и на грчките и на бугарските националисти?

д) Дали со тоа признаваат дека и во периодот од 1991-2010 институциите на демократската држава се задушени од страна на тајните служби и дека формалниот поредок во Република Македонија е параван за дејствување на подземна држава во која суштинската власт е трансферирана и тие немаат контрола врз државата?

Клучното прашање е – “Дали СРМ беше злосторничка држава?“ – да го видам тој што ќе има храброст да навлезе во Авгиевата штала на ова прашање.
Автор на комуљарска манипулација е Роберто Беличанец


Државата неможе да биде злосторничка. Злосторнички може да биде само РЕЖИМОТ. Оваа навидум ситна грешка, не е ниту ситна а ните е грешка, туку прозвод од кујанта на полициско политичкото подземје e нов обид сите кои се за лустрација да се прогласат дека работат против државата. Можеби и јас не би обрнал внимание на оваа интелектуална направија на Роберто Беличнец да не зачестија во последните неколку месеци нападите кон мене дека со политичкиот азил сум и нанел срам на државата Македонија и дека се работи за предавство. Таквите обвинувања доаѓаа и од страна на ДПМНЕ и од страна СДСМ. Неколкупати се обидов да објаснам на ДПМНЕ-овци дека преку мојот азил режмот на Бранко Црвенковски е оквалификуван како недемократски и дека тоа нема врска со Државата ама без успех.
(This post was last modified: 13-08-2011, 03:34 AM by ЈорданПетровски.)
13-08-2011, 03:30 AM
Reply
toni_a Offline
1 - 2 + 3 - 4 + ...
****

Posts: 610
Joined: Jan 2010
Reputation: 12
#2

може државата да биде злосторничка, доколку е раководена од злосторнички РЕЖИМ.

треба да се разликува меѓу злосторничка држава и режим вс. НАРОД!

еден народ како целина неможе да биде злосторнички, без разлика што РЕЖИМОТ секогаш си се самооправдувал „во име на/за народот“.

тоа што „феноменов„ од погоре се обидува да истовети (колективна вина) и оправда (амнестира) во име на народот (сите нас) е страшното!
(This post was last modified: 13-08-2011, 04:14 AM by toni_a.)
13-08-2011, 04:09 AM
Reply
toni_a Offline
1 - 2 + 3 - 4 + ...
****

Posts: 610
Joined: Jan 2010
Reputation: 12
#3

по просто кажано: „те самари“
ти вели: или и ти ќе го носиш товарот, или поубаво не се занимавај па ќе ти е полесно.

13-08-2011, 04:22 AM
Reply
guest
Unregistered

 
#4

Tolku um mu dal dedo Boze, ama zatoa, soglasno negovoto poteklo ima premnogu manipulativni sposobnosti kaj detevo. Baska, drcno e za pari, a r'betniot stolb mu e pomek od zhele...Se na se, figurinka koja ne e vredna za gubenje vreme tuka na forumov ili voopsto kade bilo
13-08-2011, 06:44 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,948
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

(13-08-2011, 06:44 PM)guest Wrote: Se na se, figurinka koja ne e vredna za gubenje vreme tuka na forumov ili voopsto kade bilo



Со оваа болдирново не би се сложил. Причината е, ако не реагираме и не укажеме на подметнувањата кои ги прават Беличанец и тајфата негова дел од луѓево ке мислат дека тие се во право и така нивната пропагандна мисија во корист на враќањето на Црвените Кмери на власт ке биде успешна.


13-08-2011, 08:11 PM
Reply
REX Offline
Member
***

Posts: 63
Joined: Dec 2010
Reputation: 6
#6

(13-08-2011, 08:11 PM)ЈорданПетровски Wrote:
(13-08-2011, 06:44 PM)guest Wrote: Se na se, figurinka koja ne e vredna za gubenje vreme tuka na forumov ili voopsto kade bilo



Со оваа болдирново не би се сложил. Причината е, ако не реагираме и не укажеме на подметнувањата кои ги прават Беличанец и тајфата негова дел од луѓево ке мислат дека тие се во право и така нивната пропагандна мисија во корист на враќањето на Црвените Кмери на власт ке биде успешна.

Јордане со ова твоја теза не се согласувам. Ниту Беличанец, ниту Милчин ниту кој било од тајфата нема шанси да придонесе за враќањто на Црвените Кмери на власт. Нив на власт ќе ги врати Груевски, ДПМНЕ и неговата тајфа. Меѓутоа овие од актуелната власт очигледно неможат или не сакаат да го разберат тоа. Кога ќе разберат ќе биде доцна.

Во врска со текстот на Беличанец, пак мислам дека неговаото прашање дали СРМ била злосторничка држава, треба да биде поинаку поставено, односно треба да гласи дали СФРЈ била злосторничка држава? Дотолку повеќе ако се знае дека тајните служби на секоја држава се управуваат централизирано, ана оние во Македонија пред 1991 година биле раководени од Белград. А дека државата ја претставуваат институциите тоа е факт. Ако институциите на некоја држава вршеле злосторства тогаш и таа држава е таква.
13-08-2011, 10:34 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,948
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

(13-08-2011, 10:34 PM)REX Wrote: Јордане со ова твоја теза не се согласувам. Ниту Беличанец, ниту Милчин ниту кој било од тајфата нема шанси да придонесе за враќањто на Црвените Кмери на власт. Нив на власт ќе ги врати Груевски, ДПМНЕ и неговата тајфа. Меѓутоа овие од актуелната власт очигледно неможат или не сакаат да го разберат тоа. Кога ќе разберат ќе биде доцна.

Во врска со текстот на Беличанец, пак мислам дека неговаото прашање дали СРМ била злосторничка држава, треба да биде поинаку поставено, односно треба да гласи дали СФРЈ била злосторничка држава? Дотолку повеќе ако се знае дека тајните служби на секоја држава се управуваат централизирано, ана оние во Македонија пред 1991 година биле раководени од Белград. А дека државата ја претставуваат институциите тоа е факт. Ако институциите на некоја држава вршеле злосторства тогаш и таа држава е таква.




Неможе држава да биде злосторничка. Судот бил суд: во времето на Хитлер и денеска во времето на Меркел. Прашање е како по кои закони судел а законите ке се сложиш ги носи Власта.
13-08-2011, 11:57 PM
Reply