Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 14 Vote(s) - 3.21 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Името на државата и идентитетот
Author Message
Nikola Offline
Senior Member
****

Posts: 512
Joined: Dec 2010
Reputation: 12

(18-02-2011, 04:16 AM)МрачниотКоњаник Wrote: Интересно како случајно ли, намерно ли, веста за интервјуто на Ахмети за Катимерини и сите негови “предлози“ слабо се пренесе и искоментира низ медиумите, иако таквата вест има потенцијал да понесе со себе извесна тежина сега кога се преиспитуваат многу работи од функционирањето на владината коалиција, претстојното (барем најавено) финиширање со преговорите за името, меѓуетничките односи не само во светлина на настаните на Кале туку и претстојниот попис и претстојните редовни избори.
Што се` им изнакажа Али Ахмети на Грците во интервјуто за Катимерини
Quote:Славомакедонија и Етничка Република македонија се неприфатливи предлози за ДУИ, но Северна, Горна или Вардарска Македонија би можело да биде новото име на земјава – дали овој став на Али Ахмети ќе промени нешто на релациите Скопје-Атина? Лидерот на ДУИ за прв пат во грчки медиум ги претстави своите позиции.

Говорејќи за “Катимерини“ вели дека е против име кое ќе вклучува славомакедонска одредница, бидејќи така би се изгубил мултиетничкиот
карактер на земјата. Дали можеби ова ќе биде новата црвена линија на македонската влада?

Јас памтам дека дпмневците беа заколнати чувари на името...Ама сега масовно ја менуваат реториката, се спремаат за нешто, дефинитивно.
18-02-2011, 04:33 AM
Reply
Gnoj Offline
кабадаја
*****

Posts: 1,169
Joined: Feb 2010
Reputation: 33

Еднаш имав изнесено една алтернативна идеја за решавање на името: Без разлика на какво име би биле подготвени да се согласиме во преговорите со Грција, таа промена да ја извршиме еднострано, без воопшто да постигнеме договор со Грција, со што и преговорите би изгубиле смисол. Со тоа би се фрлил костенот во грчки раце и би се пратила пораката „Еве, сега се викаме Северна Македонија, еве ја географската одредба која за вас беше прифатлива, името повеќе не претставува проблем и ваш аргумент да нѐ блокирате“. Истовремено самите да поднесеме иницијатива во ООН за промена на името под кое сме примени, а влез во ЕУ и НАТО да побараме под новото име „Северна Македонија“, кое сами сме си го избрале. Па тогаш да видиме дали Грција ќе нѐ блокира и под каков изговор.

Придобивки од ваквиот чекор:
1. На ваков начин барем ќе ги отежнеме обидите името на нацијата и јазикот да бидат ставени во ист пакет со промената на името на државата, или барем тоа ќе се одложи за некоја идна етапа, но барем ќе биде услови на веќе одмрзнати преговори со ЕУ и можеби веќе остварен влез во НАТО.
2. Друга придобивка е што едностраната промена на името нема да потегне никакви обврзувања спрема Грција и заштитни клаузули кои со сигурност би постоеле во случај на договор и кои би ни забраниле некогаш во иднина, во поблагопријатни за нас услови, или во случај на нова блокада од страна на Грција, да го вратиме старото име. А ако воопшто некогаш бидеме притиснати да се обврземе да не го враќаме старото име, барем ќе оставиме отворена можност на тоа да се обврземе во некоја понапредна етапа на интеграцијата во ЕУ, на пример при потпишување на договор со ЕУ за присоединување, нешто во формата на: „Република Северна Македонија, во овој договор за членство во Европската Унија, се обврзува да не го менува името, во спротивност нејзиното членство станува неважечко“. Во случај на исфрлање од Унијата или нејзино распаѓање, важноста на ваквиот договор би престанала, а со тоа и нашата обврзаност да не го враќаме старото уставно име.
Let me hear you make decisions without your television.
(This post was last modified: 18-02-2011, 06:34 PM by Gnoj.)
18-02-2011, 06:29 PM
Reply
Makedonec Offline
Senior Member
****

Posts: 406
Joined: May 2010
Reputation: 8

Види Дојкар,убаво си напишал ти се,ама тоа е во случај да имаме две држави-татковини,па ај едната да ја жртвуваме заради педерски(ниско морални) организации!

Ти сакаш преку твојот пример да ни ја претставиш сликовито и да ни покажеш дека е вистинита и добронамерна изреката "абе ај, од еднаш не се станува педер"!

Дојкар искрено ти посакувам среќна промена на името на државата ама во твоите соништа,таму ако сакаш и крсти ја "Република Дојкар"

И уште еднаш ќе повторам не се заебавајте и не ја испробувајте во пракса изреката "абе ај, од еднаш не се станува педер"

поздрав
18-02-2011, 07:07 PM
Reply
Gnoj Offline
кабадаја
*****

Posts: 1,169
Joined: Feb 2010
Reputation: 33

(18-02-2011, 07:07 PM)Makedonec Wrote: Види Дојкар,убаво си напишал ти се,ама тоа е во случај да имаме две држави-татковини,па ај едната да ја жртвуваме заради педерски(ниско морални) организации!

Ти сакаш преку твојот пример да ни ја претставиш сликовито и да ни покажеш дека е вистинита и добронамерна изреката "абе ај, од еднаш не се станува педер"!

Дојкар искрено ти посакувам среќна промена на името на државата ама во твоите соништа,таму ако сакаш и крсти ја "Република Дојкар"

И уште еднаш ќе повторам не се заебавајте и не ја испробувајте во пракса изреката "абе ај, од еднаш не се станува педер"

поздрав

Овде метафори нема да ти помогнат многу. Мојата порака е: Ако веќе го менувате името, барем најдете полукав и помалку мазохистички начин, и притоа да спасите што е можно повеќе од она што ни е загрозено. Бујрум, еве ви идеја во таква насока. А ако не го менувате името, зафатете се со работа и решавајте ги вистинските проблеми на народов, наместо да поставувате споменици секоја седмица и 24 часа на ден да слушаме само за името, наместо за истите тие вистински проблеми. Или џа или бу, третава опција што ја живееме не ја прифаќам и точка. И нема никакво оправдување да се одржува. Смачено ми е да слушам секој ден за Грција, некој дома треба да почне да си ја врши работата за која е платен. Без разлика на мојата желба, јас мислам дека порано или подоцна промена на името ќе биде извршена, па ако е тоа така, барем да се извлече возможниот максимум од тоа. Ти можеби не веруваш дека ќе се случи такво нешто, но ако сепак се случи ќе бидеш затекнат. Тогаш шо прајме? Политичка мудрост и разум е да разгледуваш варијанти и алтернативни планови, дури и за ситуации кои не ги посакуваш, а не да се правиш на три и пол, исто како да одбиваш да се вакцинираш затоа што не планираш да бидеш болен, или да одбиваш да напишеш тестамент затоа што ти е страв од помислата дека некогаш ќе умреш. Всушност на крајот може слободно да не ги читаш овие идеи, а да ми забраниш да размислувам не можеш.
Let me hear you make decisions without your television.
(This post was last modified: 18-02-2011, 07:39 PM by Gnoj.)
18-02-2011, 07:34 PM
Reply
Makedonec Offline
Senior Member
****

Posts: 406
Joined: May 2010
Reputation: 8

Хаха...ако ти можеш да се помириш со фактот менување на име заради ЕУ и НАТО...тогаш не треба повеќе муабет,бидејќи и едната и другата не се постари од 60год,а сакаш да промениш историја која е во период поголем од 5000 год!

И нема затекнување-незатекнување....за мене секоја додадена буква е промена,и тачка,таа влада што ќе го смени името нема да ја гласам јас и моите наредни 10 поколенија....е сега ако секој граѓанин размислва како мене,тогаш политичарите ќе имаат на знаење дека не смеат да помислат промена,а камо ли оправдување за истата!

п.с До пред 10 години можевме да се лажеме со ЕУ и НАТО,ама после банкротот на Грција,Ирска,Шпанија,Исланд,Португалија...и плус Ирска со ИРА,и Шпанија со ЕТА...мислам дека се губи смислата на ЕУ и НАТО и нивната светост и чесност...зар уште веруваш дека ЕУ и НАТО ќе ни променат нешто освен името???
(This post was last modified: 18-02-2011, 07:50 PM by Makedonec.)
18-02-2011, 07:45 PM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1

Интересно видување дојкар, само тоа веќе еднаш е направено со прифаќање на кратенката ФИРОМ. И токму како што ти опиша, фиромизирањето се изврши како едностран чин. Грците никогаш не ни го ратификувале договорот со нас. Но на Грција спорот со името и` е само изговор за нешто малку поголемо.
Туку еве малку хипотетички, да речеме дека утре почнуваме преговори за влез во ЕУ. Како ли тие преговори ќе изгледаат со Грција? Уште кои услови тие ќе ги изм`кнат од под задникот пред да ја добиеме нивната поддршка АКО ЈА ДОБИЕМЕ ВООПШТО? Со оглед на длабоко вкоренетите заблуди меѓу нивните политичари, колку е веројатно дека ние воопшто би влегле?
И уште повеќе: се прашувам колку ние би профитирале со зачленување во ЕУ, со оглед на сите внатрешни превирања меѓу членките по прашањето на покривањето на долговите а со тоа и иднината на еврото. Ќе стигнеме ли во време кога касите се испразниле? Колку тогаш вреди секакво и најмало обезличување?
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
(This post was last modified: 18-02-2011, 08:20 PM by МрачниотКоњаник.)
18-02-2011, 08:17 PM
Reply
Gnoj Offline
кабадаја
*****

Posts: 1,169
Joined: Feb 2010
Reputation: 33

(18-02-2011, 07:45 PM)Makedonec Wrote: Хаха...ако ти можеш да се помириш со фактот менување на име заради ЕУ и НАТО...тогаш не треба повеќе муабет,бидејќи и едната и другата не се постари од 60год,а сакаш да промениш историја која е во период поголем од 5000 год!

Зошто тресеш од ракав 5000 годишна историја?!?! Зарем се откажуваш од дополнителните 2 илјади години историја (поточно 2371) пред тоа, или тие според тебе не се македонска историја?
Let me hear you make decisions without your television.
18-02-2011, 09:11 PM
Reply
Gnoj Offline
кабадаја
*****

Posts: 1,169
Joined: Feb 2010
Reputation: 33

(18-02-2011, 08:17 PM)МрачниотКоњаник Wrote: Интересно видување дојкар, само тоа веќе еднаш е направено со прифаќање на кратенката ФИРОМ. И токму како што ти опиша, фиромизирањето се изврши како едностран чин. Грците никогаш не ни го ратификувале договорот со нас. Но на Грција спорот со името и` е само изговор за нешто малку поголемо.
Туку еве малку хипотетички, да речеме дека утре почнуваме преговори за влез во ЕУ. Како ли тие преговори ќе изгледаат со Грција? Уште кои услови тие ќе ги изм`кнат од под задникот пред да ја добиеме нивната поддршка АКО ЈА ДОБИЕМЕ ВООПШТО? Со оглед на длабоко вкоренетите заблуди меѓу нивните политичари, колку е веројатно дека ние воопшто би влегле?
И уште повеќе: се прашувам колку ние би профитирале со зачленување во ЕУ, со оглед на сите внатрешни превирања меѓу членките по прашањето на покривањето на долговите а со тоа и иднината на еврото. Ќе стигнеме ли во време кога касите се испразниле? Колку тогаш вреди секакво и најмало обезличување?

Има разлика, БЈРМ е привремено име. Проанализирај си ја подобро идејата.
Let me hear you make decisions without your television.
18-02-2011, 09:12 PM
Reply
Makedonec Offline
Senior Member
****

Posts: 406
Joined: May 2010
Reputation: 8

(18-02-2011, 09:11 PM)Dojkar Wrote:
(18-02-2011, 07:45 PM)Makedonec Wrote: Хаха...ако ти можеш да се помириш со фактот менување на име заради ЕУ и НАТО...тогаш не треба повеќе муабет,бидејќи и едната и другата не се постари од 60год,а сакаш да промениш историја која е во период поголем од 5000 год!

Зошто тресеш од ракав 5000 годишна историја?!?! Зарем се откажуваш од дополнителните 2 илјади години историја (поточно 2371) пред тоа, или тие според тебе не се македонска историја?
Има и 10.000години...само заокружив на 5000год за да не звучам претенциозно(оти знаев дека ќе се закачи некој за годините)!

п.с Познаваш во ЕУ некој народ што е со историја 5000+ години традиција и култура ???
(This post was last modified: 18-02-2011, 09:40 PM by Makedonec.)
18-02-2011, 09:38 PM
Reply
Solenik Offline
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23

(18-02-2011, 09:38 PM)Makedonec Wrote:
(18-02-2011, 09:11 PM)Dojkar Wrote:
(18-02-2011, 07:45 PM)Makedonec Wrote: Хаха...ако ти можеш да се помириш со фактот менување на име заради ЕУ и НАТО...тогаш не треба повеќе муабет,бидејќи и едната и другата не се постари од 60год,а сакаш да промениш историја која е во период поголем од 5000 год!

Зошто тресеш од ракав 5000 годишна историја?!?! Зарем се откажуваш од дополнителните 2 илјади години историја (поточно 2371) пред тоа, или тие според тебе не се македонска историја?
Има и 10.000години...само заокружив на 5000год за да не звучам претенциозно(оти знаев дека ќе се закачи некој за годините)!

п.с Познаваш во ЕУ некој народ што е со историја 5000+ години традиција и култура ???

Прашај го дечково, тој е екперт по древна историја и цивилизација. Еден абдал од нивната тајфа (Ристо Стефов) те надмаша и тебе, вели македонската традиција била 40.000 години стара. Море Паско ни вода не може да им носи!!

(18-02-2011, 09:26 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote:
Quote:Meto Koloski

[Image: 161506_568540926_6700635_n.jpg]

Живее во Washington, District of Columbia Зборува Ancient Macedonian, Macedonian, American English, French, Russian Од Garfield, New Jersey

Извор

18-02-2011, 10:10 PM
Reply
Gnoj Offline
кабадаја
*****

Posts: 1,169
Joined: Feb 2010
Reputation: 33

(18-02-2011, 09:38 PM)Makedonec Wrote:
(18-02-2011, 09:11 PM)Dojkar Wrote:
(18-02-2011, 07:45 PM)Makedonec Wrote: Хаха...ако ти можеш да се помириш со фактот менување на име заради ЕУ и НАТО...тогаш не треба повеќе муабет,бидејќи и едната и другата не се постари од 60год,а сакаш да промениш историја која е во период поголем од 5000 год!

Зошто тресеш од ракав 5000 годишна историја?!?! Зарем се откажуваш од дополнителните 2 илјади години историја (поточно 2371) пред тоа, или тие според тебе не се македонска историја?
Има и 10.000години...само заокружив на 5000год за да не звучам претенциозно(оти знаев дека ќе се закачи некој за годините)!

п.с Познаваш во ЕУ некој народ што е со историја 5000+ години традиција и култура ???

Yea Хахахаха, знаев дека ќе се фатиш на јадицата. Јасно ми е сѐ, секоја теорија која ќе ти се допадне, ја прифаќаш безусловно. Особено ако оди во насока на колку што може подолга историја. Ако ти пуштев мува за 30-годишна македонска историја, сигурно ќе ја помножеше со 2. Убаво, а можеш ли да ја докажеш таа 2, 5, 7 или 10 илјади годишна македонска историја, или е некоја нова религија во која треба да поверувам на „жими мајка“?
Let me hear you make decisions without your television.
18-02-2011, 11:11 PM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1

(18-02-2011, 09:12 PM)Dojkar Wrote: Има разлика, БЈРМ е привремено име. Проанализирај си ја подобро идејата.
15+ години за тебе е привремено?
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
18-02-2011, 11:19 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33

(18-02-2011, 07:45 PM)Makedonec Wrote: Хаха...ако ти можеш да се помириш со фактот менување на име заради ЕУ и НАТО...тогаш не треба повеќе муабет,бидејќи и едната и другата не се постари од 60год,а сакаш да промениш историја која е во период поголем од 5000 год!

И нема затекнување-незатекнување....за мене секоја додадена буква е промена,и тачка,таа влада што ќе го смени името нема да ја гласам јас и моите наредни 10 поколенија....е сега ако секој граѓанин размислва како мене,тогаш политичарите ќе имаат на знаење дека не смеат да помислат промена,а камо ли оправдување за истата!

п.с До пред 10 години можевме да се лажеме со ЕУ и НАТО,ама после банкротот на Грција,Ирска,Шпанија,Исланд,Португалија...и плус Ирска со ИРА,и Шпанија со ЕТА...мислам дека се губи смислата на ЕУ и НАТО и нивната светост и чесност...зар уште веруваш дека ЕУ и НАТО ќе ни променат нешто освен името???

Само 5.000 години? Ке излезе дека амебите се порано создадени од Македонија, што не оди со атрибутите “ света и библиска Македонија“, а за македоноидите и да не зборуваме SmajlitoSmajlitoSmajlito

18-02-2011, 11:25 PM
Reply
Gnoj Offline
кабадаја
*****

Posts: 1,169
Joined: Feb 2010
Reputation: 33

(18-02-2011, 11:19 PM)МрачниотКоњаник Wrote:
(18-02-2011, 09:12 PM)Dojkar Wrote: Има разлика, БЈРМ е привремено име. Проанализирај си ја подобро идејата.
15+ години за тебе е привремено?

Договорот за тоа име е од привремен карактер. Гледам дека и ти слабо разбираш. Го прочита ли воопшто постот со мојата идеја и ќе се потрудиш ли да анализираш дел по дел, или ќе се дообјаснуваме тука на празно?
Let me hear you make decisions without your television.
18-02-2011, 11:28 PM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1

(18-02-2011, 11:28 PM)Dojkar Wrote:
(18-02-2011, 11:19 PM)МрачниотКоњаник Wrote:
(18-02-2011, 09:12 PM)Dojkar Wrote: Има разлика, БЈРМ е привремено име. Проанализирај си ја подобро идејата.
15+ години за тебе е привремено?

Договорот за тоа име е од привремен карактер. Гледам дека и ти слабо разбираш. Го прочита ли воопшто постот со мојата идеја и ќе се потрудиш ли да анализираш дел по дел, или ќе се дообјаснуваме тука на празно?
Основната идеја од она што ти го напиша е еднострано менување на името од наша страна, што и беше направено. Тоа што Спогодбата се вика Привремена не е никаква гаранција дека нема да биде трајна и всушност е прижелкувана кај дел од нашите власти како име со кое влегуваме во НАТО. Таа Спогодба ја прави еднострана тоа што Грција никогаш не ја ратификувала истата.
Ако твоето хоби е да лупнеш нешто зелено па после да се расправаш со сите кои ќе ти одговорат, пријатна забава.
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
18-02-2011, 11:34 PM
Reply
Solenik Offline
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23

18-02-2011, 11:58 PM
Reply
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,469
Joined: Aug 2010
Reputation: 30

(18-02-2011, 11:25 PM)hristo Wrote:
(18-02-2011, 07:45 PM)Makedonec Wrote: Хаха...ако ти можеш да се помириш со фактот менување на име заради ЕУ и НАТО...тогаш не треба повеќе муабет,бидејќи и едната и другата не се постари од 60год,а сакаш да промениш историја која е во период поголем од 5000 год!

И нема затекнување-незатекнување....за мене секоја додадена буква е промена,и тачка,таа влада што ќе го смени името нема да ја гласам јас и моите наредни 10 поколенија....е сега ако секој граѓанин размислва како мене,тогаш политичарите ќе имаат на знаење дека не смеат да помислат промена,а камо ли оправдување за истата!

п.с До пред 10 години можевме да се лажеме со ЕУ и НАТО,ама после банкротот на Грција,Ирска,Шпанија,Исланд,Португалија...и плус Ирска со ИРА,и Шпанија со ЕТА...мислам дека се губи смислата на ЕУ и НАТО и нивната светост и чесност...зар уште веруваш дека ЕУ и НАТО ќе ни променат нешто освен името???

Само 5.000 години? Ке излезе дека амебите се порано создадени од Македонија, што не оди со атрибутите “ света и библиска Македонија“, а за македоноидите и да не зборуваме SmajlitoSmajlitoSmajlito

Сега Христо ќе ни каже дали била кокошката или јајцето постаро

An inch today is tomorrow’s mile.
19-02-2011, 12:09 AM
Reply
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,469
Joined: Aug 2010
Reputation: 30

Да не забегам ниту јас ниту некој друг, никој нема право на менување, ниту Амети ниту па ние самите.
Она што можеме е или да се иселиме во некоја друга држава па таму вашите деца да можат да се идентификуваат со таа држава, или да си го промениме или презимето или верата.
Се погоре споменато е човечки начин, се друго е злочин.
Да се разбереме, Ахмети може да ни бил комшија некогаш, но тој не ни бил Кум, ниту ќе биде.
Е сега, доколку се случи уште една војна како од 2001-ва па пак да изгубиме може да се случи да ни бидат тој, некој Србин и некиој Грк Кумови(а и некој СДС-овец од УДБашка линија, а ДПМНЕ ќе му дојде како декор да заличи дека пак војната избила во нивно време).
An inch today is tomorrow’s mile.
19-02-2011, 12:18 AM
Reply
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,469
Joined: Aug 2010
Reputation: 30

(19-02-2011, 12:18 AM)montehristo Wrote: Да не забегам ниту јас ниту некој друг, никој нема право на менување, ниту Амети ниту па ние самите.
Она што можеме е или да се иселиме во некоја друга држава па таму вашите деца да можат да се идентификуваат со таа држава, или да си го промениме или презимето или верата.
Се погоре споменато е човечки начин, се друго е злочин.
Да се разбереме, Ахмети може да ни бил комшија некогаш, но тој не ни бил Кум, ниту ќе биде.
Е сега, доколку се случи уште една војна како од 2001-ва па пак да изгубиме може да се случи да ни бидат тој, некој Србин и некиој Грк Кумови(а и некој СДС-овец од УДБашка линија, а ДПМНЕ ќе му дојде како декор да заличи дека пак војната избила во нивно време).

Да го појаснам ова последното, На СДС на почетокот му беше крив народот(со референдумот), потоа му беа криви Албанците на Битпазар, па им беше крив Глигоров, па му беше крив Октоподот, па пак им беа криви Албанците во Гостивар и Тетово, па им беше криво Дпмне во 2001, па им беше крив Трајковски,....
уф се уморив од набројување..

Пазете да не бидете следните на списокот, оти СДС ќе ве фати на некоја кривина, криви ќе им бидете
An inch today is tomorrow’s mile.
(This post was last modified: 19-02-2011, 12:33 AM by montehristo.)
19-02-2011, 12:29 AM
Reply
Душан Јордан Петровски II Offline
Member
***

Posts: 220
Joined: Apr 2010
Reputation: 3

(19-02-2011, 12:29 AM)montehristo Wrote: Да го појаснам ова последното, На СДС на почетокот му беше крив народот(со референдумот), потоа му беа криви Албанците на Битпазар, па им беше крив Глигоров, па му беше крив Октоподот, па пак им беа криви Албанците во Гостивар и Тетово, па им беше криво Дпмне во 2001, па им беше крив Трајковски,....
уф се уморив од набројување..

Пазете да не бидете следните на списокот, оти СДС ќе ве фати на некоја кривина, криви ќе им бидете

У мој крај викав "За добру свињу нема лошо помије"....
19-02-2011, 12:34 AM
Reply