Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 3 Vote(s) - 3 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ПАТОТ КОН НЕЗАВИСНОСТА
Author Message
toni_a Offline
1 - 2 + 3 - 4 + ...
****

Posts: 610
Joined: Jan 2010
Reputation: 12
#41

(24-01-2012, 11:58 AM)Илиян_Луков Wrote: Я обесни малко по-подробно мислълта си по тези изречения, щото така като ги чета ми се струват абсолютна глупост ...

не се глупости, факти се!
(од учтивост по редослед) Македонија и бугарија неможеа да потпишат и договорат било што (до пред скоро), затоа што на бугарија и’ беше проблем Македонскиот јазик и идентитет. токму поради тоа се измисли некаква „гимнастика„ и истата се продаде како успех...

ете ти уште една „глупост„!
признаваш нација или не ја признаваш.
тоа што го кажувам доста често - западњачкото ДА, НО/АМА со опашка.

со турците први воспоставуваме дипломатски односи. без никакво НО или АМА.

постот се однесува и кон Татар.
0+0+0=60%
(This post was last modified: 26-01-2012, 04:39 AM by toni_a.)
26-01-2012, 04:34 AM
Reply
Илиян_Луков Offline
Senior Member
****

Posts: 456
Joined: Aug 2011
Reputation: 6
#42

Илиян_Луков Wrote:
toni_a Wrote:незнам дали сите сте на јасно што значи прекин на дипломатски односи => војна.

турција е првата која де факто и официјално на Македонија , како рамноправен партнер,нуди и воспоставува мир.
она физички те легитимира прва.

Турците први ни дозволуваат да поставиме сопствена државност/националност на нивно тло/територија.

toni_a Wrote:[quote='Илиян_Луков']


Я обесни малко по-подробно мислълта си по тези изречения, щото така като ги чета ми се струват абсолютна глупост ...

не се глупости, факти се!
(од учтивост по редослед) Македонија и бугарија неможеа да потпишат и договорат било што (до пред скоро), затоа што на бугарија и’ беше проблем Македонскиот јазик и идентитет. токму поради тоа се измисли некаква „гимнастика„ и истата се продаде како успех...

ете ти уште една „глупост„!
признаваш нација или не ја признаваш.
тоа што го кажувам доста често - западњачкото ДА, НО/АМА со опашка.

со турците први воспоставуваме дипломатски односи. без никакво НО или АМА.

постот се однесува и кон Татар.

1. Излиза,че ние сме били във война с вас преди да имаме договор?

2. Това с признаването е толкова дъфкано,че е вече досадно на всеко македонче да му се обесняват елементарни работи ... дръж си комплексите за непризнаване на език и народ в бановината ...

3. Всеки сам при преценява при какви условия,ще осъществи дипломатически отношения с друга страна ... ако не ти харесват условията на България, може да ги прекъснеш ...

4. Вашиот иденитет е непонятен за самите вас, па камо ли за останалия свет ... това да знаеш от мене ....



П.С. Имена на държави се пишат с главна буква ...



(This post was last modified: 26-01-2012, 12:00 PM by Илиян_Луков.)
26-01-2012, 11:59 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,948
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#43

Quote:Македонија Полицијата беше браник на самостојноста на Македонија

Американците имаа план за брза интервенција во Македонија за да создадат тампон зона со Србија, ако ЈНА извршеше воен удар за да ја спречи самостојноста, вели во интервју за ДВ, Павле Трајанов, пратеник и екс-министер.

[Image: 0,,15440624_4,00.jpg]
Павле Трајанов

На почетокот од 90-тите, во штабот на МВР, беше скроен план за иницирање востание, општонароден отпор, доколку политичкото раководство не организираше референдум и оддолговлекуваше со одлуките за независна држава. Во еден период имаше колебање и кај претседателот Глигоров, особено кај Андов, околу постапките за одвојување од режимот на Милошевиќ, дали е можна самостојна држава, но и стравување од Третата армија чија команда беше во Скопје, вели во интервју за Дојче Веле , Павле Трајанов.

МВР беше организирано и патриотски определено

„ Претседателот Глигоров беше внимателен, па и колеблив, дали треба да се избрза со Декларацијата за независност, со референдум, со носење на Устав на независна Македонија. За разлика од него Стојан Андов и некои други блиски до неговата партија беа цврсто определени да се остане во рамките и на редуцираната федерација. ВМРО-ДПМНЕ, со Љубчо Георгиевски и Борис Змејковски беа за прогласување самсотојност и тоа јавно го говореа. На 2 август 91-ва бевме во станот на Змејковски, заедно со Доста Димовска, Слободан Богоевски и јас тогаш, пред нив, предложив да организираме востание, општонароден отпор доколку раководство не се согласи да се оди на референдум, зашто се сомневаа во неговиот успех. Сомничевост во позитивен исход се појави и во раководството на ВМРО“, вели Трајанов, тогаш висок полициски функционер.

Две децении по драматичните мигови на дисолуцијата од Југославија и заминувањето на ЈНА Трајанов открива интересни детали што имаат превез на тајност.

„ МВР беше најорганизираната сила и патриотски определена, со мали исклучоци. Пројугословените беа останати во ЈНА и тогашното министерство за одбрана. Ако ние чекавме на одлука на владата или на решенија од претседателот Глигоров кои беа внимателни и тактизираа немаше да се одземат ниту списоците од ЈНА за регрутирање на војници за воените жаришта. Формално таква одлука никој не соопшти, но МВР ја организираше акцијата“.

Американски план за експресен десант

Трајанов смета дека ЈНА немаше одлука за државен удар во Македонија ако се отцепиме, но имаше план за апсење на македонското раководство.

„ Во тоа време Генералштабот на ЈНА знаеше за нашите планови да ги апсиме југогенералите, да ги блокираме становите на воените старешини, касарните, да изведеме луѓе на улица, а бевме и наоружани за евентуален судир. Но во МВР тогаш имаше и американски специјалци кои, заедно со нас, подготвија план за експресен десант на американски војници кои би обезбедиле тампон зона со Србија доколку се реализираа заканите против македонското раководство и самосотојна држава. За овие разговори, планови и договори, не знаеше тогашното државно раководство зашто постоеше опасност да се открие американскиот план за заштита на Македонија“, вели Трајанов.

Нашиот соговорник, со својот пријател Слободан Богоевски, тогашниот шеф на тајната полиција, беа влијателни професионалци, но во сенка на министрите Јордан Мијалков и Љубомир Фрчкоски. Конечно, во владата на Георгиевски, Трајанов застана на чело на МВР, со две важни задачи- организација и справување со бегалскиот бран на албанците од Косово и појавата на УЧК во Македонија. Тој особено ја потенцира ангажираноста на македонската влада во соравувањето со бегалската криза, кога од Косово во Македонија пребегаа 330 илјади официјално, а уште 200 илјади Албанци кои илегално ја преминаа границата.

Странците само говореа за солидарност во бегалската криза

Трајанов негира дека македонската полиција ликвидирала илјаднци косовци, со наводното исчезнување на колоната автобуси што ги разместувала Албанците по домовите во Гостивар, пред се Тетовско и Кичевско, зашто привремените кампови биле претесни за налетот од бегалци.

„ Прво ги прифатиме бегалците, второ се ставивме на страна на НАТО, што беше одличен стратешки потез. Најбитно е дека немаше ниту една жртва при приемот и опстојувањето на камповите или при нивното враќање, а беа сместени под целосна безбедносна мрежа. Странците ни говореа за солидарност, но одбиваа да примат Албанци- од бегалските прифатилишта. Дури дојде и министерот Цохазопулос кој ми пренесе дека Атина ќе ни помогне што сакаме, но дека Грција нема да прими ниту еден бегалец од Косово“.

Албанците во Македонија немаа сепартистички тенденции на почетокот од самостојноста, зашто не беше најјасна судбината со Косово, вели Трајанов.

Георгиевски и Џафери начелно договарале поделба на Македонија

Тој не открива дали идејата за „Илирида“ и референдумот за автономија на Албанците во Македонија биле проекти конторлирани или водени од штабови на македонската тајна полиција, но тврди дека МВР располагало со информации за формирањето на теористички ќелии на УЧК на границата со покраината, уште со прифатот на Албанците од Косово, во бегалските логори на потегот Блаце-Стенковец во 1999 година.

„ Ние имавме одлични информации и од пријателските разузнавачки служби, посебно американските, за појавата на УЧК во Макдонија и нивно распоредување на границата со Косово, уште во текот на 2000 година. За тоа го информиравме државниот врв, Владата и посебно и лично премиерот Љубчо Георгиевски. Но дали тогашниот владин тандем Георгиевски-Џафери не заговараше и работеше за поделба на Македонија? Дали тие свесно не ги направија експресните промени во полицискиот врв и ја зпочнаа разработената стратегија како преку контролирана нестабилност да се всади страв и да се создаде амбиент дека Македонците и Албанците неможат да живеат заедно? Таков начелен договор постоел. Во неколку наврати и самиот премиер Георгиевски ми велеше дека во тоа наводно се разговарало со некои американски ниски ешалони, но дека подоцна стигнал јасен сигнал од Вашингтон дека не доаѓа во предвид демонтажа на Македонија“.

Прв проговори за организираниот криминал

Трајанов денеска е пратеник на владејачката коалиција. Блокадите од Грција и Србија овозможи неколку стотици милиони марки да завршат на приватни конта на неколку менаџери и политичари од Скопје. Ова за ДВ го вели Павле Трајанов, лидер на Демократскиот сојуз што е владин партнер, екс-министер за внатрешни во владата на Георгиевски.

Пред 15 години тој беше првиот кој јавно проговори дека во Македонија постои организиран криминал, спрега на политичките елити со подземјето, а беше дел од позната група полицајци, таканаречени осумтемина , кои пред плурализмот бараа демократски промени во Македонија. Не порекнува дека и на оваа власт и претстои сериозна битка со криминалот и корупцијата, со обидите да се формира нова партиско- бизнис олигархија.

„Владата на Црвенковски донесе одлука за пробивање на економските блокади кон Македонија од Грција и кон Србија, со делумна согласност на УНПРЕДЕП (мировните сили на ОН). Познати се шверцовите со нафта, храна, цели фабрики се носеа. Но сиот тој илегален бизнис им беше препуштен на една шпедитерска фирма и неколку нејзини бизнис компањани. Малку од сретствата се слеваа во државната каса, а неколку стотини милиони марки отидоа во таа компанија“, вели Трајанов.

Поради шверцот Македонија не доби репарации

Тој додава: „Но кога МВР доби јасни информации дека дел од приходите, во вреќи се делат меѓу бизнисмени и највисоки функционери во државата, тогаш јас напишав една тајна информација која ја доставив до Американците и стигна одговор од Стејт департментот дека нема да бидат дозволени натамошни упади во блокадите кон СРЈ“.

Затоа Македонија не доби ништо од ОН како репарација од воведените блокади, но затоа останаа формирани спрегите на балканските мафии и политичките врвови во Македонија, Србија и Црна Гора, констатира во интервју за ДВ, Павле Трајанов, политичар и полицаец со голем фонд на сознанија што се’ уште имаат карактер на државна тајна.

Автор: Александар Чомовски

Редактор: Симе Недевски
13-04-2012, 08:57 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,948
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#44


Quote:Денарот шверцуван преку Албанија

Љубе Трпески и Томе Неновски, директни учесници во монетарното осамостојување на нашата земја, за „Нова Македонија“ откриваат детали од процесот на воведување на првата македонска парична единица - денарот



[Image: nasl%5B110%5D.jpg]

Дваесет години од воведувањето на првата валута

Во услови на воена агресија, но и на монетарна војна што пред дваесет години се водеа на просторот на поранешна Југославија македонскиот народ ја заокружи независноста на својата држава со воведувањето на првата македонска валута - денарот. Во тајност и под закана на воена интервенција од ЈНА, чии трупи сѐ уште беа присутни во Македонија, тогашниот државен врв, во соработка со Народната банка и неколку реномирани домашни академици и универзитетски професори, бараше име и начин како да се отпечати првата македонска парична единица и како најбезболно да се спроведе монетарното осамостојување на нашата земја.

- Политичките и економските услови во времето непосредно по политичкото осамостојување во Република Македонија беа мошне сложени. Земјата беше во вителот на хиперинфлацијата, предизвикана од високата монетарна експанзија на Народната банка на Југославија, преку која се финансираше војната што ЈНА ја водеше во Хрватска и во Босна и Херцеговина. Всушност, хиперинфлацијата доби замав пред да почне војната, со познатите „упади“ во монетарниот систем на СХС-републиките - раскажува Љубе Трпески, професор на Економскиот факултет, поранешен гувернер на Народната банка и директен учесник во процесот на монетарното осамостојување.

Улични дилери

Тој додава дека во декември 1990 година Народните банки на Србија и Војводина, заедно со Службата за општествено книговодство и Министерството за финансии на Србија, прекуноќ емитувале околу 18,3 милијарди динари (1,5 милијарда долари). За читателот да добие претстава, за размерите на таа „дива“ емисија на пари ќе изнесеме дека тоа претставуваше всушност 50 отсто од вкупната примарна емисија планирана од страна на НБЈ за 1991 година.

- Таквиот упад претставуваше сигнал и за другите две „северни“ републики да најдат начини за „сива“, односно за „дива“ емисија. Ако се соберат сите „диви“ емисии износот надминува 2 милијарди долари. На тој начин се влезе во хиперинфлациски хаос, а војната што почна беше само долевање масло на огнот. Курсот на динарот во однос на марката и доларот секојдневно депрецираше. Разликата меѓу официјалниот и „црниот“ курс беше огромна. Народот се обидуваше да се заштити од обезвреднетиот динар на тој начин што, штом ќе го добиеше, веднаш трчаше да го замени за некоја конвертибилна валута. Уличните дилери беа најважните личности во тоа време - вели Трпески.

Како ќе реагира ЈНА?

Трпески вели дека таквата ситуација налагала што побрзо да се воведе стабилна валута, за да се извлече земјата од зоната на хиперинфлација.

- Од друга страна, постоеја фактори што предупредуваа на крајна внимателност во реализацијата на овој проект. Бевме свесни дека секое брзоплето решение, без сериозни подготовки, може да се врати како бумеранг и народот да не ја прифати новата валута. Како крупен проблем што се наметна беше присуството на ЈНА на територијата на Република Македонија. Не беше толку поставувано прашањето како таа ќе реагира на воведувањето македонски пари, туку повеќе како технички ќе го извршува своето финансиско работење, односно во која валута старешините ќе примаат плати во моментот кога динарот ќе престане да биде законско средство за плаќање на територијата на Република Македонија - вели Трпески.

Воедно, сите анализи тогаш покажувале дека Македонија ќе се најде во сериозни платно билансни тешкотии непосредно по монетарното осамостојување и може да се доведе во ситуација да нема девизни средства за купување на основните, виталните производи, како што се храна, лекови, нафта и сл.
- Имаше дискусии, сѐ додека може да се купуваат девизи од НБЈ по официјален курс за увоз на овие стратегиски производи, да не се избрзува со монетарното осамостојување. Исто така, се поставуваше прашањето на кој начин да се обезбедат почетните девизни резерви што се неопходни за непречено функционирање на економијата во првите месеци по воведувањето на новата валута. Трето, се поставуваше прашањето како ќе реагира меѓународната заедница, односно главните доверители, на чинот на монетарното осамостојување. Дали ќе бараат веднаш да им се исплати долгот на Република Македонија спрема нив или не, дали пред да ја воведеме сопствената валута да го отвориме ова прашање со нив, или не? Четврто, како ќе реагира остатокот од Југославија, особено Србија, дали економски ќе нѐ блокира или ќе продолжи да тргува со нас. Во случај на економска блокада, кои алтернативни излезни решенија ги имаме - раскажува Трпески.

Една изјава - непоправлива штета

Трпески вели дека државниот врв увидел дека пред да се воведе домашна валута требало да се подготват потребните закони со кои ќе се овозможи монетарен суверенитет, како што се Законот за парична единица, Законот за централна банка итн.

- Бевме свесни дека сите овие подготовки треба да се изведуваат во најголема тајност за да не предизвикаме сомневање во Белград и да преземат контрамерки од нивна страна, со што би ѝ нанеле штети на Македонија. Беше договорено гувернерот да продолжи да оди на седниците на Советот на гувернерите во Белград и да ги одвраќа сите можни сомневања дека и ние ќе го следиме патот што го одбраа Словенија и Хрватска, кои веќе во тоа време беа монетарно осамостоени. За жал, оваа потреба, сите подготовки да се одвиваат во тајност, беше пробиена од некои членови на Владата во почетокот на 1992 година. Имено, на новинарското прашање дали и кога Македонија ќе воведе сопствена валута беше речено дека „наскоро папочната врвца од југословенскиот монетарен систем ќе биде пресечена“. Сѐ уште не е време да се каже колку ја чини Македонија таа една реченица, односно каква штета ѝ нанесе на државата. Од една подалечна временска дистанца ќе се соопштат и тие бројки, за што во Народна банка постојат прецизни податоци - вели Трпески.

Хартија од Словенија

Томе Неновски, професор на Американ-колеџ, поранешен вицегувернер и директен учесник во процесот на монетарното осамостојување, вели дека откако било договорено да се почне со печатење на првите македонски пари, НБМ веднаш пристапила кон реализација на таа одлука.

- Се набави колку–толку заштитена хартија за печатење пари од Радече, Република Словенија. Се одлучи парите да се печатат во печатницата „11 Октомври“ во Прилеп, која претходно покажа подготвеност и потребно основно ниво на знаење за печатење пари. Парите се печатеа под силно полициско обезбедување. Бидејќи сѐ уште не се знаеше името на новата македонска парична единица и бидејќи беше јасно оти првите пари ќе имаат краткотрајна употреба, беше одлучено тие да се печатат во форма на вредносни бонови, кои во рок од една година требаше да се заменат со вистински (технички заштитени) пари - вели Неновски.

Еден од проблемите бил како хартијата да се донесе во Македонија. Ако се транспортира преку Хрватска и Србија, постоела опасност камионите да бидат запрени од српската полиција и целиот процес да биде стопиран. Затоа, хартијата била пренесена од Словенија до Албанија, па оттаму до Скопје. Вредносните бонови биле отпечатени и подготвени за пуштање во оптек веќе кон средината на март 1992 година.
- Потребните закони за прогласување на чинот на монетарното осамостојување беа подготвени. Значи, кон крајот на март 1992 година сѐ беше подготвено за реализација на тој чин. Се чекаше само единиците на ЈНА да ја напуштат територијата на РМ. Тие тоа го направија на 15 април 1992 година. Десетина дена подоцна, на 26 април 1992 година, со благословот на Христовото воскресение, се роди македонското валутно новороденче – денарот. РМ почна да гради сопствена монетарна куќа и на тој начин ги заокружи сопствената независност и државност - раскажува Неновски.

Динар или лав

Трпески раскажува и како првата македонска валута го доби името денар.

- Од зачуваните белешки од тој состанок ја изнесувам мојата дискусија по тоа прашање: „Па ако се оди по примерот на Хрватска, новата валута треба да ја именуваме - македонски динар“. Веројатно утре и Босна и Херцеговина, кога ќе воведе своја валута, ќе ја именува босански динар. На тој начин би имале зона на динар, како што постои зона на францускиот франк или зона на англиската фунта.

Ако нашата валута ја наречеме македонски динар, тоа би било лесно прифатливо од народот, бидејќи во основа не се менува името на постојната валута, туку само се додава придавката - македонски, со што практично се означува новата реалност - постоењето на новата валута. Лошата страна на ова име е што народот ќе продолжи да ја вика новата валута само со второто име - динар и ќе внесува доста забуни. Мојот предлог преостанатите членови на комисијата ниту премногу ги изненади ниту премногу ги воодушеви, бидејќи беше вообичаен и некако логичен - вели Трпески.

На состаноците со тогашниот државен врв тој посочил и дека ако се следи традицијата на една друга група земји од Балканот, како што се Романија и Бугарија, чии валути носат име леј, односно лев што на романски, односно бугарски јазик означува лав, и Македонија би можела да има валута со име лав, со што би се создала зона на земји со име на својата валута - лав.

- Ако ништо друго, на таа седница на комисијата се разјасни дека на првите пари што ќе се отпечатат и ќе се пуштат во промет нема да има име на парите, затоа што името треба да се усвои од парламентот, со усвојувањето на Законот за парична единица, а законот треба да се усвои на денот кога треба да се пуштат парите во оптек. Од тие причини на првите македонски пари нема обележано име, бидејќи, логично, тие се отпечатија пред Собранието да го усвои законот со кој нашите пари добија име - вели Трпески.

Тој вели дека на една од наредните седници на комисијата, академикот Ксенте Богоев повторно го покренал тоа прашање и истакнал дека се консултирал во академијата со академикот Илиевски, кој е најистакнат авторитет во Македонија по таа проблематика и по негов предлог (на академик Илиевски) нашата валута се именувала со името денар.

- Името денар потекнува од римските сребрени пари - денариус – и под разни форми е влезено и во другите јазици, меѓу кои и во некои словенски јазици. Сите членови на комисијата се согласивме дека името денар е посоодветно од името македонски динар затоа што е составено од еден збор, лесно е за привикнување на народот бидејќи само во една буква се разликува од името на поранешната валута, а сепак е друго име.

И навистина, обичниот граѓанин многу лесно се привикна на името и тоа без тешкотии се одомаќини - вели Трпески.




Quote:Национална еуфоричност

Трпески и Неновски велат дека пуштањето во оптек на првите македонски пари било проследено со чувство на радост и еуфоричност.
- Самиот чин на замена на динарите за денари, по моја оцена, се изврши релативно добро, без некои поголеми турканици по шалтерите. По првомајските празници населението најнормално почна да ги употребува новите пари, како да биле отсекогаш во употреба. Јас не знам како го доживуваа тоа преостанатите непосредни актери на монетарното осамостојување, но јас се радував како дете првите денови, кога гледав како народот купува продукти во продавниците со македонските пари, како со години да ги користел - вели Трпески.
Неновски вели дека заокружувањето на независноста кај него побудило чувство на национална еуфоричност.
- Знаев колкави се тежината и значењето на чинот на монетарно осамостојување на РМ, но и колкава одговорност, обврски и неизвесности носи тој чин ако не се реализира без поголеми проблеми. Таквите чувства и мисли ме преокупираа, особено вечерта на 26 април 1992 година, кога Собранието на РМ го прогласи монетарното осамостојување на државата. Гордоста да се биде дел од тој чин беше неопислива.
Сиот тој неколкумесечен период на подготовки на монетарно осамостојување на РМ беше динамичен и ентузијастички. Секојдневните редовни активности на работното место беа продолжувани до доцните ноќни часови во Трезорот на НБРМ, каде што тогаш сите вработени во НБРМ (од хигиеничар до заменик на гувернерот) работеа во три смени за да се подготват вредносните бонови за пуштање во оптек. НБРМ тогаш претставуваше големо, ентузијастички настроено семејство - вели Неновски.



При председател на државата и Влада избрани по диктат на Белград, Трпески у Неносвки ни зборуваат дека монетарното осамостојување било тајба за Белград.
23-04-2012, 12:37 PM
Reply