Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Poll: Дали и е потребен Специјален Суд за Лустрација и Транзиција?
This poll is closed.
Да
80.00%
4 80.00%
Не
20.00%
1 20.00%
Total 5 vote(s) 100%
* You voted for this item. [Show Results]

Thread Rating:
  • 4 Vote(s) - 2.75 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ДАЛИ И Е ПОТРЕБЕН НА МАКЕДОНИЈА СПЕЦИЈАЛЕН СУД ЗА ЛУСТРАЦИЈА?
Author Message
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,471
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#1

Quote:Лустраторите бараат кодоши меѓу академиците

Дали четворицата академици имале досиеја на обработувани лица или, пак, на соработници, лустраторите допрва ќе утврдуваат

[Image: MANU22.jpg]

Две имиња на историчари и двајца писатели, сите членови на Македонската академија на науките и уметностите, се појавуваат во досиејата на тајните служби. Но дали се работи за досие на обработувано лице или, пак, на соработник, лустраторите допрва ќе утврдуваат.

Сепак комисијата засега не ги открива имињата на четворицата академици што се појавуваат во досиејата на тајните служби. Проверката ќе оди побавно, бидејќи вработените од Државниот архив што треба да им ги достават документите на лустраторите биле на одмор.

Во меѓувреме режисерот Владимир Милчин вчера во писмена изјава до медиумите најави дека во законски предвидениот рок ќе поднесе тужба до надлежниот суд, со која ќе го оспори решението на комисијата за верификација на фактите со кое се констатира дека во минатото бил соработник со тајните служби.

Решението од комисијата за лустрација што му било врачено во петокот, како што наведува Милчин, било „паушално, без никакви докази, со наводи намерно и извртено интерпретирани и извадени од контекст, а со цел лажно да се прикаже дека соработувал со СДБ“.

- Јас и понатаму тврдам дека на власта и пречат моите ставови со кои се застапувам за демократско општество. Затоа комисијата за верификација на фактите е искористена за нарушување на мојот личен авторитет - вели Милчин.

Комисијата за верификација на фактите на седница во четвртокот ја разгледа жалбата на Милчин и констатира дека тој бил соработник со тајните служби.

Тој е професор на Факултетот за драмски уметности и директор на невладина организација.




Автор: А.Ср.

Вработени во архивот одат на одмор, лустраторите не знаат што со премногу време на своите раце?
Слободно гласајте за тоа дали ни е потребен Специјален Суд за Лустрација, борба против транзиционерскиот криминал.
Каков критериум е потребен за да бидеш судија а каков да бидеш лустратор?
An inch today is tomorrow’s mile.
(This post was last modified: 07-08-2011, 02:48 AM by montehristo.)
07-08-2011, 02:45 AM
Reply
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,471
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#2

Погорниот пост е причина поради која поставив и гласање дали и е потребен на Македонија еден ваков суд.
Бидејќи Комисијата е од затворен тип, јавноста не е во можност да дознае какви критериуми користат лустраторите.
Дали е навистина Лустрација или е Диференцијација тоа допрва ќе го видиме во наредните години.
Од друга страна ми остава впечаток една работа што Јоцо ја спомна на некој друг пост мислам дека беше на Фејсбук, а тоа е следното:
Тоа кога го читал своето досие и кога се смеел, а потоа кога некој друг му го растумачил самото досие, и начинот на работа на службата.
Дали лустраторите имаат стручна помош за да можат да растумачат што значи во еден случај некој збор, или извештај, која е терминологијата која се употребува во службата, потоа методите на собирање податоци рекла-казала, понатаму, пак како што напомена Јордан дека е можно да имало вметнати имиња за да се сокријат вистинските соработници.
Како може тоа да се заклучи, без соочување со самата жртва која навистина би можела да потврди или негира дека тоа што го рекол го рекол во присаство на овој или оној, или некој трет кого го нема во досието.
An inch today is tomorrow’s mile.
07-08-2011, 03:02 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

(07-08-2011, 02:45 AM)montehristo Wrote: Вработени во архивот одат на одмор, лустраторите не знаат што со премногу време на своите раце?
Слободно гласајте за тоа дали ни е потребен Специјален Суд за Лустрација, борба против транзиционерскиот криминал.
Каков критериум е потребен за да бидеш судија а каков да бидеш лустратор?



Темата е полн погодок, само се сомневам дека ке има дискутанти.
Во јануари оваа година направивме договор: Јас, Боцевски Ивица, Дамовски Александар, Поповски Дане, Трајановски Жарко се јави и Госпоѓа Ачкоска и таа даде согласност да зпочнеме. Ние поставивме неколку текста и рамка за што треба да опфати лустрацијата. Освен еден текст на Господинот Боцевски никој друг не кажа збор. Причината е можеби во подолу опфатеното. Дека е така сум се повеке уверен од дискусиите на ФБ за досието ДРАМАТУРГ. сите се плашат да проговорат за вистинскиот проблем . Вистинската причина за прогонот: Прогонот по национална основа



(21-01-2011, 09:03 PM)ЈорданПетровски Wrote: За да тргнеме од мртва точка треба да дефинираме што бараме од "лустрацијата"

I. Кого ке опфати "лустрацијата":

Наше видуваш:

1. Соработниците
2. Извршителите
3. Налогодавачите

II. Кој дела треба да ги обработи

1. Прогонот по идеолошка основа
2. Прогонот по национална основа
3. Трансвормациата на општествениот капитал, бидејки за тоа постојат докази дека е идеолошка одлука која е донесена да се сочува комунистичкиот систем како општествено уредување.

III.Како да се спроведе:

1. Преку СПЕЦИЈАЛЕН СУД-НЕ ПРЕКУ КОМИСИЈА

IV. Кој да ја спроведе

1. Стручни лица во областа на правото.
(This post was last modified: 07-08-2011, 04:03 AM by ЈорданПетровски.)
07-08-2011, 04:02 AM
Reply
Guest
Unregistered

 
#4

Не треба лустрација треба БЕСЕЊЕ НА ПЛОШТАД ко у Иран Кина Палестина итн.
Со нивни камен по нивна глава штом поддржуваат такви прогони и убиства.
07-08-2011, 05:50 PM
Reply
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,471
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#5

(07-08-2011, 05:50 PM)Guest Wrote: Не треба лустрација треба БЕСЕЊЕ НА ПЛОШТАД ко у Иран Кина Палестина итн.
Со нивни камен по нивна глава штом поддржуваат такви прогони и убиства.

Напротив, Гостине.
По што ќе бидеш ти различен од нив?
Каков пример ќе им дадеш на идните генерации?
Забораваш дека Лустрацијата не е само поради минатото, туку и поради иднината.
Да цитирам:

Потребен е долготраен напор во борбата против злата што не се прекинуваат и обилни се, не за тие да престанат, туку да не победат (Сенека, „За гневот“)

„Тешко на она поколение, чиишто судии заслужуваат да им се суди“ – (Арапска поговорка)

„Кога татковината со својот бес ќе ја заробиш, зарем може таа да ти биде сојузник?“
(Есхил, „Седумтемина против Теба“)


ниеден пример не ја потенцира толку сличноста помеѓу мафијата и УДБА, како вистинскиот настан, според судијата Фалконе (убиен од мафијата). Кога Фалконе го прашал тукушто затворениот Френк Копола што е мафија, мафијашот му одговорил: „Има три кандидати за местото јавен обвинител. Првиот е необично прониклив, признаен и почитуван стручњак. За другиот се договориле странките на владејачката коалиција. Третиот е идиот. Службата ја добива третиот. Тоа е мафија, господине

Тука само да го споменам Аристотел и неговата Никомахова Етика: многу негови преведувачи “праведноста“ ја преведуваат како некое чувство или наклонетост кон правда, НАПРОТИВ тоа е активен напор кој те прави да бидеш “неподвижен“ за разни влијанија кои се кон тебе применети, страв, уцена, притисок, сила, закана со смрт кон тебе или кон твои блиски.
Понатаму да продолжам со цитат:
Quote:Денес е познато дека таа служба не се занимавала само со разузнавачки задачи, туку и сама организирала разни криминални активности, плански ги изведувала, па дури и конструирала постоење на кривични дела и одговорност за нив. За таа цел фалсификувала, фабрикувала или подметнувала обвинувачки докази. Жртвите на таквите активности, по правило политички противници, или поинаку мислечки, во периодот на тогашниот режим немаа можност да ги разоткријат конструктите на УДБА и да бидат рехабилитирани“.

Дека е така сведочи еден удбаш. И тоа не кој било, туку помошникот на шефот на УДБА за Словенија, Алберт Светина, во својата книга „Од ослободителна борба до бандитизам“: „Во Ослободителниот фронт и во партијата се вклучив заради борба за национално ослободување, а по крајот на војната завршив во ОЗНА, во бандитизам. Баш во бандитизам, и тоа поради противзаконски дејства, кои ОЗНА илегално ги изведуваше надвор од законската власт и од судството. Се занимаваше со работи што се карактеристични за бандитизам. Зарем не е бандитизам доколку им крадете на луѓето и ги крадете претпријатијата во странство, имотот илегално го префрлувате преку граница и со него управувате илегално, надвор од државните институции. Нејзините припадници во Трст, малку по војната, меѓу другото украдоа и пари, кои беа наменети за месечна плата за работниците и ги донесоа во Љубљана. Од друга страна, ОЗНА одземаше приватна сопственост без секаква основа. Доколку на озновците, или на членовите на ЦК им се допаднеше некој стан или куќа, сé заедно едноставно ќе запоседнеа, а сопствениците ќе ги сместеа зад решетки, доколку не одеше поинаку“.

За првиот шеф на УДБА за Словенија, Иван Мачек, вели дека имал само четири одделенија основна школа. Во борбата со Зденка Кидрич за шеф на УДБА победил заради поголемата суровост. Член на УДБА се станувало со посебна проверка од раѓањето па до денот на приемот. Бидејќи бил во позиција да прима удбаши, Светина вели дека при изборот за него било најважно кандидатот да е вистински комунист и да е подготвен да го ликвидира непријателот. Не на фронт со оружје, туку во својата околина или каде било на друго место. Удбаши станувале обични луѓе, но подготвени да убијат, без разлика дали се работи за роднина. Според него, удбаш е човек без душа, кој е подготвен да изврши сé што УДБА ќе побара. Поради тоа, во своите редови прибирала убијци. Крвници биле срж на УДБА, а меѓу нив се истакнувале Море и Шилих, кои уживале дури и кога убивале партизани. Според Светина, ОЗНА (подоцна УДБА) била банда на убијци, натопена со болшевизам и сталинистичка бездушност.

Многу корисно за македонските услови е сведочењето на Светина дека удбашите што биле дисциплински казнувани, завршувале како директори во стопанството во странство. Тие шверцувале дрога, цигари и алкохол.
И да прашам: Доколку не направиме разлика помеѓу нив и нас, дали мислиш дека како луѓе ќе живееме поправедно и подобро?
Напротив, мое мислење е дека ќе се вратиме онаму каде тие не ставија, а тоа е во малограѓанштина каде не смее никој да штрчи, каде сите ќе мораме да бидеме ко од еден калуп направени, значи , ќе им докажеме дека биле во право.
Ние мораме да бидеме подобри од нив, поправедни и секако по немилостиви према нивните гревови, а не да гледаме како се шетаат слободно поради застареност или некои други намерни дупки во законите.
An inch today is tomorrow’s mile.
07-08-2011, 09:58 PM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1
#6

... или со други зборови криминализација на соработката со тајната идеолошка полиција. Праведно. Но дури тогаш ќе нема откривање кодоши во јавноста. Тогаш и овие сите двајца кодоши досега откриени ќе бидат пуна капа.
Кој ќе им суди на кодошите кога се има предвид реалноста во македонското судство дека и понекој од судиите има шанса да се најде на лустрацијската обвинителна клупа?
И понатаму, Јордан на една друга тема за лустрацијата посочи можна причина за неучеството на некои јавни личности кои претходно заземале став дека се за лустрацијата- прогонот по национална основа. Дали на пр. и колку на лустрација ќе бидат подложни малцинствата, посебно албанското? Дали воопшто има шанси освен Македонци да бидат седнувани на обвинителна клупа лица од етничките заедници?
И уште повеќе, кога и дали ќе бидат гонети соработниците на странските служби во Македонија во склоп на лустрацијата? Мислам ако веќе сме тргнале да го криминализираме кодошлукот...
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
08-08-2011, 05:03 PM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#7

(08-08-2011, 05:03 PM)МрачниотКоњаник Wrote: И уште повеќе, кога и дали ќе бидат гонети соработниците на странските служби во Македонија во склоп на лустрацијата? Мислам ако веќе сме тргнале да го криминализираме кодошлукот...

За соработници на странски служби не треба лустрација... Си има закон и прописи како институциите треба да делуват по тоа прашање.

08-08-2011, 05:15 PM
Reply
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,471
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#8

(08-08-2011, 05:15 PM)acko Wrote:
(08-08-2011, 05:03 PM)МрачниотКоњаник Wrote: ... или со други зборови криминализација на соработката со тајната идеолошка полиција. Праведно. Но дури тогаш ќе нема откривање кодоши во јавноста. Тогаш и овие сите двајца кодоши досега откриени ќе бидат пуна капа.
Кој ќе им суди на кодошите кога се има предвид реалноста во македонското судство дека и понекој од судиите има шанса да се најде на лустрацијската обвинителна клупа?
И понатаму, Јордан на една друга тема за лустрацијата посочи можна причина за неучеството на некои јавни личности кои претходно заземале став дека се за лустрацијата- прогонот по национална основа. Дали на пр. и колку на лустрација ќе бидат подложни малцинствата, посебно албанското? Дали воопшто има шанси освен Македонци да бидат седнувани на обвинителна клупа лица од етничките заедници?
И уште повеќе, кога и дали ќе бидат гонети соработниците на странските служби во Македонија во склоп на лустрацијата? Мислам ако веќе сме тргнале да го криминализираме кодошлукот...

За соработници на странски служби не треба лустрација... Си има закон и прописи како институциите треба да делуват по тоа прашање.

Коњанику, во Македонија владеат неспособните врз способните.
Се здружиле неспособните за работа преку кодошење по пример на првиот меѓу кодошите од кого гледале и учеле, и на рамниште на Југославија и на рамниште на Македонија( Тито и неговото милениче Господинот Сива Еминенција Кодошка Колишевиќ).
Во осумдесетите најголема сеча на техноменаџерите ја имаат спроведено по негова желба, поради неговата завист и полтроните во партиското судството.
Против природата е да ако сум јас на едно ниво а ти на друго, и ако си ти на повисоко ниво на развој да ти бидеш тој кој се спушта на мое ниво( во тој случај ти назадуваш заедно со мене), НЕ, токму спротивното треба да биде, да јас да треба да се потрудам да стигнам до твоето или повисоко ниво, притоа да не се натпреварум со тебе дали ќе бидам подобар од тебе, туку да бидам подобар од себе.
Токму тоа е поентата на кодоштвото во Македонија, колку и да си ти уценет, зошто твојата лична срамота да повлече некој друг во пропаст, а покрај тоа и зависта е една нова причина, која со лустрацијата би требало да биде една голема опомена дека ако си завидливец дека тоа нема да ти се исплати со кодошење.
Ако си направил нешто срамно а не криминално, и да се дознае во јавноста само срам ќе претрпиш, оговарање сто посто, и можеби друштвена изолација од некои кругови, оние кои ти се блиски нема така лесно да го променат својот поглед кон тебе, во најчест случај ќе те прифатат таков каков што си со сите свои мани.
Но доколку, под притисок на уцена потклекнеш, поради што некој друг ќе биде оштетен(материјално, емоционално,интелектуално, здравствено,итн,итн), тогаш брате, ти имаш и кривично дело направено.
Е сега, поентата не е во тоа дека на кодошите името ќе им било оцрнето ако им биде објавено во јавноста, бидејќи кога почнале да кодошат не само што им името биднало црно, НЕ, нивното срце постанало црно, како што вели Мигел Руиз, сите ние сме гласници, сите ние имаме некоја порака која сакаме да ја пренесеме.
Какви гласници се и каква порака имаат да кажат кодошите?
Дали е тоа порака на вистината и правдата и праведноста?
И сега се сака тие гласници на Комунистите да се заштитат.
Да, повеќето нив можеби биле жртви, но тие жртви предизвикале да има нови жртви, и во тој дел мораат да си ја сносат одговорноста.
Најмала казна за тоа ќе им биде да се обзнанат, за се повеќе по мое мислење и убедување само специјален суд ќе може да заврши работа, баш поради она кое ти го спомена дека може некој судија да се најде на обвинителна клупа.
Тој суд мора да биде вон овој сегашен судски систем, да биде над него во делот на лустрација, приватизација, корупција.
И секако, судиите и обвинителите кои ќе заслужат да се најдат во овој суд да бидат заштитени како бели мечки со 24 часовна заштита.
Иако денеска е демократија, тоа не му помогна на Глигоров да биде еднооки, така да сите знаеме дека опасноста е реална, оние што изнеле пет па и повеќе милијарди од Македонија нема да седат со скрстени раце за да се заштитат себе си.
Повеќето оние кое помогнале делата во дел на лустрација, приватизација и посебно корупција се од високата политика, тајната полиција и судии и правници со долгогодишни и генерациски семејни адвокатски канцеларии и судски кариери.
Од тато на синче и од мама на ќерче, како да се наследни тие фотељи.
Од друга страна, има многу кодоши кои ги нема никаде во системот на досиеја, никаде.
Затоа треба досиејата да се објават, за како што и Јордан има приметено дека некои кодоши ги нема во неговото досие, а се гледа дека некој близок во тоа време го кодошел.
Денеска постојат бази на податоци кои со дата мајнинг може многу повеќе да откријат, да се види кои агенти во тоа време работеле на нечиј случај, кој бил тој круг на наводни пријатели на жртвата, кои се тие што се изоставени, значи кои се тие кои агентот ги контролирал а не се заведени а кои кодошеле.
Ако се знае дека повеќе илјади досиеја се отворени од деведесет и втората, лесно може да се заклучи дека процесот на лустрација и процесот на приватизација се испреплетени, така да цел еден финансиско-олигархиски систем ќе падне во вода а со тоа цело едно ново идризово ќе мора да се наполни, па можеби и две.
Тој олигархиско-криминално-политички систем е тој кој ја има фатено Македонија за врат и ја гуши со свои пипци раширени насекаде, така да тоа не е само прашање на национално гонење туку и масивно злочинско здружување од чисто економски причини.
Тука законот за наследство ќе мора да претрпи длабоки измени и би треба да се размисли, дали може да се наследи криминално стечен имот, и дали е тоа соучесништво.
Зошто?
Тука мора да се направи една паралела со оној закон кој вели дека ако на пат наидеш на сообраќајка и си продолжиш без да застанеш да помогнеш да можеш да бидеш криминално гонет.
Во овој случај, доколку наследникот е возрасен да знае дека има избор дека ако го прифати наследството може да биде гонет кривично, а доколку е малолетен, тогаш би можело казната на родителот кој со тој начин сака да си ја заштити криминално стечената инвестиција додатно кривично да одговара поради вовлекување во криминал на малолетник, каде малолетникот ќе се заштити како жртва.
Сите знаат дека тука мислам на Штерјов постариот и неговите синови, камо среќа да се само тие.
Но попознат случај од овие е случајот со Берни Мадоф, и со неговите синови каде тие самите го пријавиле татко си за криминал.
Тие иако му биле синови, знаеле што е криминал и знаеле дека тој оштетува многу луѓе.
Како може да компанија која 50 проценти по оној закон на Анте Марковиќ морал да биде во сопственост на Македонски железници, сега да го поседува меѓународното стовариште на самата железница?(ако грешам би го замолил било кој кој има повеќе податоци да ме исправи).
За сега толку, само малку да дојдам до здивIcon_smile.

An inch today is tomorrow’s mile.
09-08-2011, 01:13 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#9

(09-08-2011, 01:13 AM)montehristo Wrote: во Македонија владеат неспособните врз способните.




Не тие добар изразот. Нема логика Монтехристо. Способните ако биле способни нема да го дозволат тоа. Со нив да владеат неспособните.
09-08-2011, 02:36 AM
Reply
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,471
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#10

Добро Јордане,
Тој Далавера во својот живот дали бил способен нешто со поштен труд да створи?
Да биле луѓето околу тебе поштени, ова се низ шти си прошол би ли ти се случило или не?
Да, биле способни, само за што, за поштен труд секако не, за засукување раце и работење додека плускавици не ти се појават?
An inch today is tomorrow’s mile.
09-08-2011, 03:10 AM
Reply
barba Offline
שמע ישראל
****

Posts: 589
Joined: Jul 2011
Reputation: -8
#11

Уште 20-тина поранешни функционери - соработници на тајните служби?
Ѓунер Исмаил не поднел изјава за лустрација и се соочува со казна. Вели-нема да платам ни цент. Чашуле бара да го почитува законот или да го врати македонското државјанство. УБК ја известила комисијата за лустрација дека во архивите и на микрофилмови има 20-тина поранешни функционери обврзани да ја поминат лустрацијата.

Нови 20-тина функционерски имиња во архивите на тајната служба. Со писмо од Управата за безбедност и контраразузнавање, Комисијата за лустрација вчера е известена дека во архивите на тајната полиција се најдени податоци за повеќе од 20 поранешни функционери кои имале обврска да дадат изјави дека не биле соработници на тајните служби.

Комисијата за лустрација е известена за откритието и треба да ги провери наодите кој од поранешните судии, директори, политичари и функционери бил кодош за потребите на тајната полициска служба.

Од Комисијата за лустрација велат дека од УБК ги известиле за податоци во пишани досиеја или на микрофилм најдени во архивата на тајната служба. Процесот на проверка ќе почне наредната недела.

Повеќе илјади поранешни функционери имаат обврска да дадат изјава дека не соработувале со тајните служби. Меѓу нив се и овие двесетина откриени во архивите на УБК.

Денеска повеќе медиуми објавија дека Ѓунер Исмаил не ја исполнил таа своја обврска. Претседателот на комисијата за лустрација изјави дека многу повеќе поранешни функционери иако имале обврска не доставиле изјави како Исмаил.

Ќе се знае колку се и кои се, кога ќе се направи проверка на сите информации за сите поранешни функционери добиени од државните институции.

Исмаил и порано јавно тврдеше дека нема да ја исполни обврската бидејќи смета дека лустрацијата ја изгубила првичната цел и се претворила во пресметка со неистомисленици на актуелната власт. Поранешниот министер за култура го повтори и денеска истото во повеќе медиуми и дека нема да плати нуту цент од казната. Од друга страна поранешниот министер за надворешни работи Слободан Чашуле преку јавна изјава му порача доколку не ги почитува законите да го врати македонското државјанство.

За сите што нема да ја исполнат обврската и не потпишат изјава следува прекршочна пријава и парична казна од 3 до 4 илјади евра.

Комисијата за лустрација ја очекуваат и проверки на досиеја во државниот архив во кои се најдени имиња на 4-ца академици на МАНУ. Кога ќе заврши одморот на одговорните во Архивот, тогаш 4-ца членови на Комисијата ќе проверат каква улога имале академиците во списите, дали биле жртви или кодошеле пред тајните агенти. Канал 5 веќе објави дека станува збор за двајца писатели и двајца академици од областа на историските науки.

Миомир Серафиновиќ
I am that which grips the heart in fright, hearkens night and silence the light!!

Peace is lie, there is only a passion,
Trough passion i gain strength,
Trough strength i gain power,
Trough power i gain victory,
Trough victory my chains are broken.

The Force shall set me free
09-08-2011, 07:15 PM
Reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,133
Joined: Dec 2009
Reputation: 17
#12

Се согласувам со Монтехристо и Црни, од следниве причини:

1.Ако на Груевски му беше мило да спроведе лустрација,тој ќе го изготвеше законот,па и овој закон за Лустрација ќе го спроведеше.
Засега можам да кажам дека се спроведува само Диференција,а целта на сево ова е процесот на Лустрација да се забошоти.

2.Имено,тужбата на Јордан Петровски против Фрчко,стои замрзната, судијата и судиите во Скопје,одбиваат да го отпочнат судењето на Фрчко. Само се измислуваат нови техникалии со кои се обидува процесот да не се одржи.

3.Процесот на Лустрација е со цел да се утврди дали во поранешниот систем на владеење и сегашниот,дали нечии политички, економски или социјални права се прекршени. Имено во книгата на Венко Марковски "Голи Оток" е опишана суровоста на Титовизмот.

4.Имено и самиот Јован Капичиќ,во едно интервју на Србската телевизија, не даде дефиниција на тоа што е тоа Сталинизам или Национализам. Ниту пак даде одговор на тоа зошто 800 Македонци биле праќани на Голи Оток. Тој вели дека само ја добил наредбата од Тито и Ранковиќ и ја извршил. Имено треба самиот Јован Капичќ да објасни зошто не побарал разјаснување,туку станал најсуровиот гонител. Истото се однесува и за нашите челници.

5.Во филмот "Недопирливи" со Кевин Костнер и Шон Конери, се среќаваат Елиот Нес и Полицаецот. Полицаецот му вели на Елиот Нес на погрешно место бараш криминал т.е. Ал Капоне си правел алкохол пред самите очи на Полицијата,а полицијата во Чикаго не го санкционирала. Имено полицаецот истотака му рекол да не верува на никого во полициската станица.
"He who controls the present, controls the past. He who controls the past, controls the future." -- George Orwell
"Тој што ја контролира сегашноста,тој го контролира минатото.Тој што го контролира минатото ја контролира иднината." Џорџ Орвел
_____________________________________________________________

http://www.cd-macedonia.com
12-08-2011, 02:30 PM
Reply
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,471
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#13

Дали Западот УДБА си ја третира како своја?
Ако е тоа така тогаш ништо чудно што нема Лустрација низ цела Југославија, барем не правосилно.
Тоа значи дека убиецот и налогодавачот на убиството на Шамбевски ќе остане неказнет.
А тоа исто значи дека: Доколку пишувањето на http://106brigada.blog.hr/ за банките во Австрија не се случајни а и одлуката за перењето на пари преку странските сметки од Стопанска и Комерцијална Банка ќе остане неказнето, и од едната и од другата страна се покриени комуњарите.
Па тогаш,кому му е потребна оваа спрдачина која ја викаат Лустрација во Македонија?
Кому ако не на Комуњарите оние кои после ’45-та заседнаа во туѓи имоти, кои јадеа туѓа храна, кои се греја на туѓо огниште?
Што имаат тие стекнато сами?
Се што е стекнато после ’45-та е стекнато од народот а не од нив.
Се што имаат тие изнесено е украдено од народот.
За тоа господа нема Лустрација по ваш начин.
Или правосудно и правосилно, или улична лустрација.
Затоа, подобро е само вие да одговарате одколку со вас и вашите фамилии.
Господа Другари и Другарки во Навара се умирало и од срам.
Но вие срам немате, затоа што не сте луѓе, вие сте достојни само за мојот презир, ништо помалку.
An inch today is tomorrow’s mile.
15-08-2011, 03:45 AM
Reply
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,471
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#14

Quote:И судиите ги кријат имотите

Откако се откри дека 30 судии и јавни обвинители дале неточни податоци во анкетните листови, УЈП треба да утврди колку точно имот имаат, неговото потекло и дали постои основа за поведување постапка против нив


Дали поради трајниот мандат или поради занемарливите казни, судиите продолжуваат со практиката да пријават имот во пет до дванаесет или, пак, воопшто да не пријават промена на имотната состојба кога преминуваат од една на друга функција. Судиите и јавните обвинители не се плашат ниту да пријават лажни податоци за тоа со каков и колку вреден имот вистински располагаат. Според податоците на антикорупциската комисија, од 651 судија, 18 не доставиле анкетни листови при стапувањето на функцијата. Седуммина се од Апелацискиот суд Скопје, шестмина од Апелацискиот суд Штип, двајца се судии на Врховниот суд, а по еден има во основните судови во Куманово, Гостивар и Кривичниот суд Скопје 1.

Претседателот на антикорпуциската комисија Воислав Зафировски вели дека комисијата единствено што може да направи е да поведе иницијатива за испитување на вистинската состојба за потеклото на имотот.
- По случаен избор, комисијата изврши проверка на податоците прикажани во анкетните листови на стотина функционери од судската власт. Констатиравме дека во 30 случаи, тоа што е пријавено во анкетните листови отстапува од фактичката состојба. Сега УЈП треба да испита дали постои основа за отворање постапка против сите триесет функционери - вели Зафировски.

Од Управата за јавни приходи објаснуваат дека постапката за утврдување на потеклото на имотот на функционерите е иста како и за сите други граѓани и дека во зависност од тоа со колку и со какви докази располагаат, таа може да трае и една година.

- Доколку УЈП утврди дека имотот на функционерот не е во согласност со неговите примања, тој ќе треба да докаже дека е стекнат законски, како подарок или по пат на наследство. Ако не докаже, тогаш управата наплаќа 70 отсто данок на добивка. Доколку тоа било пријавено во законска процедура, тогаш функционерите би платиле само 10 отсто данок. Ако пак УЈП се посомнева во кривично дело, тогаш наша задача е да ги информираме МВР и обвинителството - вели портпаролката на УЈП, Весна Новаковиќ.
Од 201 јавен обвинител, колку што се заведени во списокот на антикорупциската комисија, петмина не поднеле извештај за имотната состојба.

Досега во јавноста познати се два случаи кога УЈП по испитувањето на потеклото на приходите во 2009 година утврдила дека поранешен претседател на тетовскиот суд и една судијка не можеле да докажат од каде им се по околу 40.000 евра.

Автор: Искра Опетческа
An inch today is tomorrow’s mile.
18-08-2011, 02:51 PM
Reply
Илиян_Луков Offline
Senior Member
****

Posts: 456
Joined: Aug 2011
Reputation: 6
#15

Проблема на бившите комунистически страни или даже тоталитарни е много прост ... старите кадри от тоталитаризмът си останаха на власт. Бех чел една много малка книжка с мисли на Наполеон ... първата мисъл в книжката започваше така или нешо подобно ... за да промениш системата , требва да избиеш всички, които са част от нея ... или в днешен аспект - да се изолират от властта тези, които са били част от старата система. Жестоко, ама необходимо ... ние българите си патиме вече 20 години от "мирния" преход към демокрация
18-08-2011, 02:57 PM
Reply