Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 3 Vote(s) - 2.67 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ВЕСТИ
Author Message
barba Offline
שמע ישראל
****

Posts: 589
Joined: Jul 2011
Reputation: -8
#61

(25-08-2011, 01:29 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:АПЕЛ ДО ПРЕМИЕРОТ НИКОЛА ГРУЕВСКИ ПО ПОВОД ОБЈАВАТА ЗА ГРОБНИЦАТА НА ФИЛИП МАКЕДОНЕЦОТ


by Vlado Pavlov on Monday, 18 July 2011

Премиере Никола Груевски јавно ве повикуваме заедно да ја воскресниме областа Бела Зора ( теритроија Македонија , држава Паонија ) каде се навогала престолнината Бела каде е роден Александар трети Македоснки , а тоа значи денешна источна Македонија , во спротивно историјата во иднина ке ве прогласи како ,,Тројански Коњ,, на фалсификатот на Јужниот Сосед со Пела ( преместената престолнина од денешна источна Македонија од Римјаните за да не буделе сеќавања на македоснкиот цар Александар ) заедно со сите политички лидери во Македонија овие 20 год.Тит Ливиј 59год.п.н.е до 17 год.н.е. пишува ,,Кој нареди огромно мноштво на Галска Војска да крене према Бела Зора во Паонија , во престолнината Бела каде е роден Александар трети Македонски ,, додека на друго место пишува ,,Еден човек по име Илион бил наречен Бел ( кралот на Илјадите ) по кој областа подоцна го добива иметоп Бела Зора .Доказ дека Илион го викале Белиот , а местото и околијата Бела Зора , во древна Паонија .Тит Ливиј пишува - ,,Го преместуваа кралскиот дворец Бела од областа Бела Зора во Магнат - древна Паонија на еден вештачки , со зидини ,опкружен остров , што се навогал во мучуриштето ..............................во областа Јасионија , територија на Македонија на древните Јаси .Доказ дека Бела е антички град во Македонија област Бела Зора од Паонија , а тоа значи денешна источна Македонија , што Филип поради вистинската мајка на Александар Марија од Дион ја гради престолнината на место на дворецот Белана , или Минелај , дворецот на Дионис и Елена ( од кој потекнува мајката на Александар Македонски ) .Римјаните намерно го занемериле овој град Бела за да не буделе сеќавањата на македоснкиот цар , и го преместиле од Бела Зора во територија на државата Јасионија од Македонија како федерација на повеке кралски држави денес позната како Пела во Егејска Македонија ( факт кој докажува дека не е роден во Пела во денешна Егејска туку во Бела денешна Македонија од порано Паонија )
Сето ова потврдува податок дека областа Бела Зора е областа Магнат каде се навогала Бела , но и древниот Ајгај односно Еге се во денешна Македонија , односно древна Паонија ,територија на Дион и неговата жена Елена , каде не случајно Архелај први ја гради престолнината не древниот Астеба , ова ни го потврдува и птицата Гаруда - Грифонот кој е свинга чувар на гробницата на Филип Македонецот преставена како носител на севишниот , кварцна - торзо глава позади кој се крие ликот на Филип Македонецот , дводимензионална каде освен ликот на Филип постои атрибут на Пчела - Матица која го симболизира трудот за Филипова Македонија , но и богињата Елена ( Хера ) жена на Дион - Паон и нејзиниот храм , како и многу други значајни артефакти , но мораме да ги спомениме и бронзените фигури со престава на Менада , Пегаз, Дион како седи на пантер , артефакти запленети од Кочани со акцијата Фаланга кој само се дополнуваат на нашето големо откритие за гробницата на Филип Македонецот .


zosto pismovo e nejasno???
veli deka "нашето големо откритие" ja nasol grobnicata na Filip a ako vo tekstov....
koj go pisuval ova i dali e covekot so posebni potrebi???
I am that which grips the heart in fright, hearkens night and silence the light!!

Peace is lie, there is only a passion,
Trough passion i gain strength,
Trough strength i gain power,
Trough power i gain victory,
Trough victory my chains are broken.

The Force shall set me free
25-08-2011, 02:53 PM
Reply
razurnuvac Offline
Senior Member
****

Posts: 376
Joined: Mar 2010
Reputation: 6
#62



Груевски, и покрај толку јасни пораки од народот на избори, уште се дума дали да биде само безначаен транзициски политичар или конечно ќе го заземе местото на национален лидер. Ние уште ги чекаме неговите пораки. Нив ги нема. Од говор до говор чекаме да каже нешто што ќе и служи на нацијата како мисла-водилка, нешто што вреди да се смести во учебниците и во енциклопедиите, мисла што како ѕвоно ќе го означи новото време. Бескрајното повторување на работните планови и агенди на Владата и постојаното инсистирање на споредбите како било до 2006 година не ја компензираат реалната правна држава. Неа, се разбира, уште ја нема


К ога пред некој ден градоначалникот на Вилнус, качен на полициски транспортер, буквално прегази погрешно паркиран „мерцедес“, светот (а уште поважно, Литванците) прими на знаење дека локалната власт во Литванија е одлучна да реши еден комунален проблем во интерес на своите граѓани. Станува збор за порака. За слика, која заменува илјада зборови (закони, дебати, политички говоранции). Кај нас, нормално, тешко е да се замисли некој претставник на државата да испрати креативно впечатлива порака за да ја истакне својата решеност во спроведувањето на законите или на таков начин да ги соопшти своите визии.

Е сега, обидете се да си замислите некој македонски градоначалник, на пример Коце Трајановски, во некоја таква „откачена“ мисија. А, бе, има да го исечкаме на фронцли. Можеби дури и ќе го прогласиме за луд. Не дека на некој наш Коце би му паднало на памет макар и во сон да изведе такво нешто. Бог да чува! А тоа ви е сигурен показател дека и по две децении слобода, ние, со помош на тешка автоцензура, живееме во авторопство. Сме си се оковале со тешки ментални пранги и просто не умееме да поимиме што всушност значи слобода. Ние сé така си сонуваме да бидеме како другите, кои сме ги прогласиле за свои идоли, ама немаме срце еднаш да го направиме првиот голем чекор. Сакаме да летаме, но ни е страв да рашириме крила, па си павкаме со рацете во место, чекајќи позитивни извештаи од Брисел.
Македонија наводно сака да стане ефикасна правна држава. Е сака де, ама, ете, две децении не успева. Зошто? Па, зашто политичарите пимплаат. Зашто не го сфаќаат значењето на пораката. Таа е симбол во кој е сместен еден цел светоглед. Таа е водич што се следи. Национален „бенчмарк“.

Да го земеме примерот на неодамнешното интервју на Антонио Милошоски за „Гардијан“ во кое тој наводно кажал дека споменикот во центарот на Скопје е македонски одговор на грчката негаторска политика. Со други зборови, исправен среден прст на Македонците пред грчката ароганција. И што бидна? Наместо Грција, шокирани бевме ние овде. Натурално, Антонио, како колатерална генерациска жртва на долгогодишниот бирократски социјализам, кој уште го практикуваме, се исплаши и веднаш почна да се објаснува што рекол, како рекол. Толку од слободата. И во медиумите и во главата на воздржаниот Милошоски.

Значи, да се вратам на градоначалникот на Вилнус. Тој покажа што ќе прави за да го реши проблемот на паркирањето во својот град. Но, проблемот на општината во која газда Фијат има намера да го изгради својот „Космос“ стигна дури до Собранието на Македонија. Градоначалникот на Гази Баба избра да „паламуди“ на прес-конференции, да покажува документи за незаконско работење на газда Фијат, небаре е на суд, како страна во спор. Со други зборови, влезе во непродуктивна материјална расправа со еден прекршител на закони. И не е тоа крај на приказната, почна и да преговара со него, па, како „добар“ преговарач, му даде простор и време од два месеци газда Фијат сам да си го урне бесправниот објект.
Овој, нормално, реши во тоа време да ја срамни со земја правната држава. Како што претходно го одгледавме случајот на газда Велија и неговите „независни“ медиуми, кои биле критички настроени против диктатурата. Во оној случај, Македонија отиде на предвремени избори. Во сегашниов, да видиме на што ќе бидеме изложени, оти, нели, Филип Рикер веќе бил загрижен за функционирањето на правото во Македонија!? Впрочем, нели предметот на газда Фијат експресно стигна до Собранието. Веројатно некои од предлагачите на точката за расправа имаа устен договор со Цаноски да ќарат по некој екстра-стан од екстра-квадратите што државата и ние, даночните обврзници, ќе му ги подаревме на „Космос“. Во името на правната држава и законитоста. Така е тоа зашто и оваа власт во Македонија, покрај сите пропагандно исконструирани обвиненија за „антиквизација“, не ја разбрала пораката на Гордиевиот јазол. Кога си исправен пред проблем, имаш две опции како да го решиш: да пимплаш, да ѕенѕаш во место или со еден одлучен замав да го пресечеш и да одиш напред. Тоа се вика одлука. Тоа се вика кренат среден прст на оние што се мајтапат со Македонија. Така се обезбедува уважување, и дома и надвор.

А Никола Груевски изгледа има проблем кога треба да цапне на отворено. Имам впечаток дека покрај толку јасни пораки од народот на избори, уште се дума дали да биде само безначаен транзициски политичар или конечно ќе го заземе местото на национален лидер.

Ние уште ги чекаме неговите пораки. Нив ги нема. Од говор до говор чекаме да каже нешто што ќе и служи на нацијата како мисла-водилка, нешто што утре ќе биде нечиј цитат, што вреди да се смести во учебниците и во енциклопедиите, мисла што како ѕвоно ќе го означи новото време. Знам дека колумнава не е вистинскиот начин да објаснам што сé подразбира една порака. Но сакам да истакнам дека бескрајното повторување на работните планови и агенди на Владата и постојаното инсистирање на споредбите како било до 2006 година не ја компензираат реалната правна држава. Неа, се разбира, уште ја нема.

Н е мора Груевски да почне на крупно. Не мора да настапи радикално. Впрочем, тој не е тип што би се качил на оклопен транспортер за да испрати политичка порака (за буквалистите, кои по партиска задача ме читаат погрешно, да кажам дека транспортеров го употребувам ФИГУРАТИВНО) Но нека почне да вежба храброст на нешто ситно. На пример, нека побара од својата министерка Јанкуловска ефектно да си ја врши работата така што ќе ги санкционира ригорозно сега и веднаш сите цајкани (и нивните старешини) што „преговараат“ со прекршителите на сообраќајните правила. Нека не нé замајува повеќе со она „оној што ќе се фати, ќе плати“. Ја видовме таа џанам! Плаќа и се фаќа само оној што нема врски со МВР. Ако Јанкуловска не му испорача ефектен резултат, нека ја санкционира неа, со еден потез на перото. Колку и да му е блиска.

Сакам да кажам, нужна ни е демонстрација на одлучност за да осознаеме дека сме зачекориле во иднината. Инаку, џабе и „Скопје 2014“ и Македонија 2020. Ќе ни изветрее надежта. А кога еднаш пак ќе западнеме во апатијата на ниско самочувство, тешко ќе се покренеме, тамам во уште десет гипсани корита да нé ставаат.

Автор: Мирка Велиновска

26-08-2011, 12:37 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#63


Quote:Бошкоски да плати 25 илјади евра на мајката на Груевски?

среда, 31 август 2011

Бошкоски да плати 25 илјади евра на Надежда Груевска, мајката на премиерот, за изнесена клевета со настапите за извесни станови во Прага. Ваква пресуда примил Љубе Бошкоски во притворот во Шутка – тврдат за АЛФА во неговото семејство и во тимот адвокати. Тие се уште не ја прочитале, но пренесуваат дека Бошкоски самиот напишал жалба на пресудата и преку затворот ја испратил во судот. Реагирал дека судот му пресудил без да го извести за процесот.

Во кривичниот суд потврдуваат дека пресудиле во полза на Груевска, но дека сумата е значително помала од таа што ја посочува семејството на Љубе. Сега досието е во апелација. Бошкоски според судот наклеветил кога на прес-конференција прашал дали извесна Надежда Груева е сопственик на стан во елитна населба во Прага?

Семејството Бошкоски сега стравува дека ќе остане без куќата на Водно во која упаднаа крадци и го однесоа возилото и вредни предмети.

Соочен со уште десетина судски процеси за клевета чиј исход го претпоставува, очекува казните да достигнат и до неколку стотици илјади евра- оттаму и опасноста да му се одземе имотот.

Извесно е дека Бошкоски ќе стане редовен посетител на судниците низ Кривичниот суд- на 15 ти септември ќе одговара за нелегалното финансирање на предизборната кампања.

Потоа ќе следуваат судењата за клевети, откако адвокатите ќе ги примат тужбите и пресудата за Нада Груевска. Откако е притворен Бошкоски постојано прима судски писма – освен од домашните, таму ќе му биде испратена и поканата од хрватските судови за досието Раштански лозја кое е закажано за наредната година.
31-08-2011, 08:17 PM
Reply
barba Offline
שמע ישראל
****

Posts: 589
Joined: Jul 2011
Reputation: -8
#64

Како обезбедувањето претепало министер од владата на Кљусев?
Референдумот за независност, демократскиот Устав, формирањето на АРМ, воведувањето на националната валута денарот - се се тоа чекори направени во време кога Кљусев беше премиер. По референдумот Кљусев запишал дека референдумот бил остварување на шифрата на илинденскиот искон за независна Македонија. Конференција посветена на улогата на првиот премиер Никола Кљусев.

Семејството и најблиските, некогашните министри од првата влада на независна Македонија, професори и актуелни министри - се собраа да му оддадат почит на првиот македонски премиер Никола Кљусев.

Старите министри со свои сеќавања, професорите со свои анализи, семејството со драги спомени за Кљусев кој почина пред три години. Но тој беше првиот премиер избран во 1991-ва со многу важна улога во македонската историја.

„Секогаш е предизвик да се биде премиер, но несомнено во тоа време беше предизвик да се биде на таа позиција. Во таа 1991-ва година полна со предизвици“, изјави министерот за финансии Зоран Ставревски.

Референдумот за независност, демократскиот Устав, формирањето на АРМ, воведувањето на националната валута денарот, се се тоа чекори направени во време кога Кљусев беше премиер. По референдумот Кљусев запишал дека референдумот бил остварување на шифрата на илинденскиот искон за независна Македонија.

Како што вели некогашниот министер за правда во првата влада Ѓорѓи Наумов, Кљусев станал премиер од ливчето кое тој денеска го покажа. Глигоров ги одбил претходните предлози за премиер (4 имиња предложени од ВМРО-ДПМНЕ), па Наумов му однел ливче со 15 имиња меѓу кои и Кљусев кого Глигоров и го предложил за премиер.

„Глигоров сакаше да му го дадам ливчето, но јас го копирав и се уште го чувам како историски документ, изјави Ѓорѓи Наумов“,прв министер за правда во владата на Кљусев.

Наумов рече дека првата Влада некои ја нарекувале експертска, некои техничка, некои вмровска, но, според него, таа пред се, била државотворна влада.

По осамостојувањето најголем проблем било повлекувањето на ЈНА; имало закани за армиски напад врз 16 градови, но со договорот Киро Глигоров – Благоје Аџиќ 92-та проблемот бил решен, а ЈНА се повлекла. Името Македонија уште тогаш се појавило како камен за сопнување ставен од Грците.

„Грција успеа преку Јонската и Лисабонската декларација да го наметне прашањето од кое зависеше нашиот вековен и познат идентитет“, рече академик Блаже Ристевски, кој бил во владата предводена од Кљусев.

Многумина од неговите министри се сеќаваа на Кљусев како добар економист чија докторска теза за инвестициите не била почестена со Октомвриската награда затоа што жирито во времето на комунизмот го сметало Кљусев за неподобен. Интересно време и интересни настани, дури еден министер од владата на Кљусев бил натепан од владиното обезбедување.

„Доаѓа Гоце, сите го чекаме и тој на вратата распнат како Исус. Кљусев му вика онака на дијалект: Дека си. Тој одговара: Eве, ме претепаа. Сите станавме, како го претепале, министер натепан. Кој го претепал - обезбедувањето. А зошто. Е па кога дошол го виделе од обезбедување и го прашале кој е. Тој им рекол, јас сум министер. Обезбедувањето не му поверувало, тој млад човек на 20-тина години, ем облечен во фармерки, ем дошол со фиќо“, објаснуваше академик Цветан Грозданов, прв министер за култура во владата на Кљусев.

Никола Кљусев по премиерската позиција од која беше сменет летото 1992-рата беше министер за одбрана во владата на Љубчо Георгиевски. Почина пред 3 години во Скопје.

Миомир Серафиновиќ
I am that which grips the heart in fright, hearkens night and silence the light!!

Peace is lie, there is only a passion,
Trough passion i gain strength,
Trough strength i gain power,
Trough power i gain victory,
Trough victory my chains are broken.

The Force shall set me free
04-09-2011, 05:30 PM
Reply
razurnuvac Offline
Senior Member
****

Posts: 376
Joined: Mar 2010
Reputation: 6
#65








Груевски да ги избрка Индијците, Русите и Германците Останати вести

Пописот како спас за Македонците
Што славиме?

Највести
Читани Коментирани Оценувани Што славиме?
Груевски да ги избрка Индијците, Русите и Германците
Благодариме!
Полн кош со радост
ЕУ нема да го увезе проблемот за името
Никола Вапцаров - сообраќајна зона што личи на пешачка
Што славиме?
ЕУ нема да го увезе проблемот за името
Прославата на плоштадот е триумф на историскиот паганизам
Груевски да ги избрка Индијците, Русите и Германците
Полицијата двојно побогата од Армијата
Владата на Кљусев одигра историска улога во тешки времиња
Благодариме!
Груевски ја честита победата
Цел Алитус навива за Македонија
Електронските билети се паметни ако паметно се користат
Македонија со свое место во медиумскиот свет
Македонска верзија на „Господа Глембаеви“ во Драмски театар


Коментари и дебати
Дарко Митревски
Груевски да ги избрка Индијците, Русите и Германците
Груевски сигурно има уште некој инвестициски адут во ракавот. Ова што е досега не е толку опасно. Ама ако, не дај боже, тоа продолжи, пу-пу далеку било да стане некаква лавина, тогаш од тоа не може да испадне ништо добро. ...

Тони Науновски
Пописот како спас за Македонците
Искуството што дваесетина години секојдневно го стекнуваат Македонците во однос на знаците што претходат, како предупредување, дека се подготвува уште една голема деструкција на македонската држава и македонскиот национален идентитет, ...


Што славиме?
Она што ме трогна и ме замисли беа дечињата од мојата улица, кои долго во ноќта за своја душа викаа на сет глас: МА-КЕ-ДО-НИ-ЈА! ...



Печати | Прати ја страницата | Врати се назад


Груевски сигурно има уште некој инвестициски адут во ракавот. Ова што е досега не е толку опасно. Ама ако, не дај боже, тоа продолжи, пу-пу далеку било да стане некаква лавина, тогаш од тоа не може да испадне ништо добро. Ќе излезе дека навистина светската криза била проблем што во Македонија изминатите две години работите подзастанаа


Штотуку лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, обнароди дека ќе го урива премиерот Никола Груевски со помош на невладините, неутралните и пред сé загрижени за државата, а не за својот интерес, граѓански организации, работите почнаа да се менуваат таму каде што никој не очекуваше - во економијата. Такви ножеви в грб најмногу болат, ама затоа на нив мора веднаш да се одреагира.

Најпрвин беше оној квартален пораст на БДП од пет отсто. Па зголемено индустриско производство. Сега почнаа да доаѓаат и инвестиции. Некои Руси решиле да креваат фабрика за витамини во онаа пустелија од Бунарџик. Добро, Руси како Руси, понекогаш не знаат што прават. Можеби меѓу две чаши вотка го утнале местото на мапата каде што треба да им се наоѓа фабриката. Наместо во братската ни Грција, на која инвестициите сега и требаат повеќе од нам или во Албанија, за која Русите би требало да се повеќе заинтересирани за да го неутрализираат влијанието на НАТО, да не зборуваме за Србија, која стана сомничава кон топлата прегратка на „мечката“ или за Бугарија, која не сфаќа дека ако е на исток, не може да биде западна, парите ќе дојдат во Скопје. Непријатна работа за борците за слобода од ненародната власт. Ама, како што рековме, Русите си се Руси, од времето на Петар Велики никогаш не биле рационални. И затоа, сепак, не се опасни за планот. И со нив и без нив, Груевски паѓа. Особено што нивните пари и не се којзнае колку многу.

Арно, ама после се јавија некои Индијци. Го донеле луѓето гуруто во Скопје и тој им ја премерил земјата и им рекол дека тука е добро. Пет години се зборува за тој Бунарџик дека е проклет, пет години таму нема ништо освен пар Англичани на кои, како и кај Русите, може да им се прости некоја пијана ноќ, кога сега Индијци решија да ни стават ретровизор на планот за менување на власта во сиромашна Македонија, која претходно беше богата. Додека не дојде фамилијата. И згора на тоа, барале земјата да биде малку накосена на едната страна, под некој си агол, зашто само така бизнисот им одел. А вмровските предавници, како што им прилега, се согласиле да го направат тоа, ги пуштиле булдожерите и земјата на која ќе бидат фабриките сега има пад. Што симболично покажува дека сме ја свиткале кичмата.

Најверојатно кон исток или кон север (нешто не држи ова истовремено бугарско-српско етикетирање, ама за тоа другпат ќе се мисли). Со што ја поткренале земјата од спротивната страна - значи кон Албанците или Грците. Наместо да биде обратно. Ако веќе се наведнуваме.

Сепак, проблемот останува. Сега може да испадне дека Груевски навистина можел да донесе некоја инвестиција. Оти се јавија и некои Германци, кои сакале плац во Битолско за фабрика за 2.500 работници. Што, исто така, не е добро. Од времето на ТАТ поминаа 14 години, сосема доволно време за луѓето таму да научат дека парите не се сé во животот. И не се за секого. Оти тие се и отепувачка. Што е многу битна животна филозофија за да дозволиме сега некакви „Шваби“ да ни продаваат поинаков ум со небитни нешта како вработување и плати.

Згора на тоа, Груевски сигурно има уште некој ваков адут во ракавот. Ова што е досега не е толку опасно. Ама ако, не дај боже, тоа продолжи, пу-пу далеку било да стане некаква лавина, тогаш од тоа не може да испадне ништо добро. Ќе излезе дека навистина светската криза била проблем што во Македонија изминатите две години работите подзастанаа. А овој народ, таков каков што е, лесно се поведува по такви дребулии какви што се нови инвестиции. Не дека сите ќе добијат работа, ама знаете како е со надежта. Не онаа увезена од Словенија, туку оригиналната, македонска.

Затоа треба под итно нешто да се преземе, за да не останат невладините без работа, ако веќе почне да зајакнува позицијата на Груевски. За почеток, треба да се одреагира кај Германците. Не може тие тукутака да инвестираат во Македонија, откако уште пред петнаесетина години, преку нивниот „Ауди“ им беше кажано дека овде не ги сакаме. Со Македонија нема шега, таа впрочем со тоа докажува дека се одлепила од Титовата школа, која наутро зборуваше за германскиот фашизам, а попладне бараше работа за социјалистичките работници во капиталистичките германски фабрики. Но Тито барем им ги праќаше нашите таму, не ги носеше Германците тука. Впрочем, онаа Меркел нека си ја спасува Грција, што има да ни ги меша работите тука.

Потоа, да се побара забрана за инвестиции во Македонија од такви земји како Индија или Кина. Ние не сакаме да живееме врз туѓата мака. Индијците имаат милиони луѓе што живеат со помалку од неколку долари дневно и наместо да си ги чуваат парите таму, ќе правеле фабрика овде! Прво, тоа е мешање во нашите внатрешни работи, оти ако се намножат такви, тешко ќе може да се изведе народот на улица. А без народ на улица, нема демократија, тоа е барем јасно уште од времето на косовските демонстрации пред 30 години. Или земете го примерот со неодамнешните безредија во Лондон. Нема веќе бабински работи како говори во „Хајд парк“. Ако таа срж на демократијата ја изгубиме, Теута Арифи навистина ќе има проблем со европските извештаи и ќе ни раскажува приказни дека би била задоволна со средна оценка. Тоа, ако ништо друго, нé оддалечува од НАТО и од ЕУ, а ние што веќе имаме искуство од времето кога се оддалечувавме од „неврзаните“, знаеме колку болно може да биде тоа. Затоа, нема што многу да се мисли - на Индијците и на Кинезите мора да им се забрани да инвестираат во Македонија.
Понатаму, од Кинезите, како членови на Советот за безбедност, дополнително да се побара да си ја гледаат својата работа, а не да прават планови за разни долини, кои ќе го развијат Балканот. Ете им ја Грција, доволна им е, и нема што да бараат на север. Впрочем, зарем немаат Македонија и во Грција?

Згора на тоа, си имаат свои проблеми со американските обврзници. Не се тоа мали пари - три илјади и двесте милијарди долари. За толку пари Македонија мора да работи цели 320 години! Наместо да си го решаваат тој проблем, тие ни се мешаат нам.

Само така Македонија ќе се врати на вистинскиот пат. Пат што ќе овозможи „единствениот избор“ да се врати таму каде што му е местото - на чело на Владата. За инвестиции секогаш има време. Ако воопшто ни се потребни.


Автор: Дарко Митревски


Ama go utepal Nikola a namera bila da preku crn humor i sarkazam da mu se nasmee na Branko e dodeka vakvi go afirmirat DPMNE !!!!!!!!
05-09-2011, 12:31 PM
Reply
barba Offline
שמע ישראל
****

Posts: 589
Joined: Jul 2011
Reputation: -8
#66

Отворен модернизираниот аеродром „Александар Велики“
06.09.2011 - 08:51 | Македонија
Обновен и модернизиран со најсовремена технолошка опрема според сите светски стандарди и капацитет да опслужува четири милиони патници годишно е новиот лик на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, што го презентира денеска концесионерот - турски ТАВ во присуство на македонскиот државен врв и бројна бизнис турска делегација.

http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/o...i%E2%80%9C

[Image: 1aerodrom.jpg]

[Image: 2aerodrom.jpg]

[Image: 3aerodrom.jpg]

I am that which grips the heart in fright, hearkens night and silence the light!!

Peace is lie, there is only a passion,
Trough passion i gain strength,
Trough strength i gain power,
Trough power i gain victory,
Trough victory my chains are broken.

The Force shall set me free
06-09-2011, 02:36 PM
Reply
barba Offline
שמע ישראל
****

Posts: 589
Joined: Jul 2011
Reputation: -8
#67

[Image: 294117_10150313796909260_90137764259_787...3281_n.jpg]

[Image: 305407_10150313796029260_90137764259_787...1164_n.jpg]

[Image: 304352_10150313796139260_90137764259_787...2972_n.jpg]


[Image: 308607_10150313796414260_90137764259_787...8491_n.jpg]
I am that which grips the heart in fright, hearkens night and silence the light!!

Peace is lie, there is only a passion,
Trough passion i gain strength,
Trough strength i gain power,
Trough power i gain victory,
Trough victory my chains are broken.

The Force shall set me free
06-09-2011, 04:24 PM
Reply
barba Offline
שמע ישראל
****

Posts: 589
Joined: Jul 2011
Reputation: -8
#68

Орден за претседателот Иванов од Малтешкиот ред на „Свети Лазарус“

[Image: EAD14A14CFDBEB4DBCFE9271A009165F.jpg]

Шефот на државата Ѓорѓе Иванов денеска беше одликуван со највисокиот орден на Малтешкиот ред на „Свети Лазарус“ од Ерусалим.

- Денешниот чин го сметам за гест на големо признание. Македонија е древна земја, земја од дамнина посветена на Бога, во која живеат и се негуваат вистинските вредности - рече претседателот денеска по доделувањето на орденот.

Тој изрази благодарност од посветеноста на Редот на „Свети Лазарус“ во негувањето на заедничките вредности.

- Денешната чест ја сметам како залог и јас, лично, и мојата земја да се приклучиме на негувањето на ова братство на искрени пријатели и на вредностите кои нe прават вистински луѓе - нагласи Иванов.

Дон Карлос Гереда де Борбон од Редот на „Свети Лазарус“ предавајќи му го орденот на Иванов изрази задоволство што е во Македонија веднаш по прославата на 20-годишнината од независноста на државата.

- Со отворањето на нашето претставништво во Македонија вашата држава ќе биде една од позначајните мисии во светот, рече Гереда де Борбон.

Малтешкиот ред на „Свети Лазарус“ од Ерусалим постои 900 години и е еден од најстарите редови во христијанството во кои членуваат претседатели на држави, влади, кралски семејства и интелектуалци од светот.

#

I am that which grips the heart in fright, hearkens night and silence the light!!

Peace is lie, there is only a passion,
Trough passion i gain strength,
Trough strength i gain power,
Trough power i gain victory,
Trough victory my chains are broken.

The Force shall set me free
09-09-2011, 05:10 PM
Reply
toni_a Offline
1 - 2 + 3 - 4 + ...
****

Posts: 610
Joined: Jan 2010
Reputation: 12
#69

(14-08-2011, 05:16 PM)sokoli Wrote: Joj razurnuvac igenea to je zhiva bagra be brat.Sedishteto im e vo irchel i predi tri godini im napravivme renovacija na objektot za 1.5 miljoni franaka.Taia e firma na juda.Covekot sposoben nasholl nacin kako da dojde do pari i kasira.Sve na takvi fori gi povlekuvat mushteriite.A bidi siguren deka krajnata smetka ke stigne do 500 franaka


interesen muabet za reputacijata na iGenea...ama od kogo?
sepak za NAUKA stanuva zbor...

NO koja e reputacijata na Sokoli?

ps-mislam...dajte potkrepa/podloga koga tvrdite/pustate vo eter nesto...fakti,dokumenti,i sl...da ne ispadne puvesh rabotava...
(This post was last modified: 16-09-2011, 12:39 AM by toni_a.)
16-09-2011, 12:35 AM
Reply
toni_a Offline
1 - 2 + 3 - 4 + ...
****

Posts: 610
Joined: Jan 2010
Reputation: 12
#70

nego...bidejki topikot e VESTI,pa da kazam i jas edna vest:

izjava na eden (proveren i etnicki) SDSovec vo Makedonija - Ebati kosarkata koga Makedonija stigna do polufinale!
(This post was last modified: 16-09-2011, 12:50 AM by toni_a.)
16-09-2011, 12:48 AM
Reply
barba Offline
שמע ישראל
****

Posts: 589
Joined: Jul 2011
Reputation: -8
#71

Онлајн-настава по македонски јазик за учениците Македонци во Грција

„Учи македонски онјалн“ ќе организира настава по македоски јазик за Македонците на училишна возраст кои живеат во Грција. Пријавувањето е од утре, а часовите е планирано да почнат на 17 октомври.

[Image: srednoskolcijpg111_70601.jpg]

Учењето на македонскиот јазик е бесплатно. Потребно е само да се пополни формуларот за упис со личните податоци на веб-страницата

http://ucimakedonski.org
http://online.ucimakedonski.mk.

Потоа секој ученик ќе добие распоред со часови, професор, паралелка и термин за следење на наставата.

- Неа ќе ја изведуваат професорки од Македонија во мултимедијална училница во која со учениците ќе имаат аудио и видеоконтакт, според најсовремените информатички технологии за онлајн настава во светот, информира Митко Јованов, основач и раководител на „Учи македонски -онлајн" - специјализирано онлајн училиште за дополнителна настава за учениците од дијаспората.

Наставата ќе се изведува еднаш неделно во текот на учебната година во термини погодни за учениците и според официјалните наставни програми на Република Македонија. Секоја паралелка ќе има најмногу до 10 ученици. Учењето на македонскиот јазик е поделено во три степени - почетен, среден и напреден, а секој степен содржи 35 часа.

За учениците кои сакаат да имаат диплома за познавање на македонскиот јазик, „Учи македонски-онлајн“ ќе им организира полагање испит пред комисија со претставници од надлежните научнообразовни институции во Македонија.

[Image: ostvaruvame2.jpg]
I am that which grips the heart in fright, hearkens night and silence the light!!

Peace is lie, there is only a passion,
Trough passion i gain strength,
Trough strength i gain power,
Trough power i gain victory,
Trough victory my chains are broken.

The Force shall set me free
(This post was last modified: 18-09-2011, 01:00 PM by barba.)
18-09-2011, 12:59 PM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#72

Се запали Александар Палас - емирот во „магла"

Високиот гостин на Македонија, емирот од Катар, Шеик Хамад бин Калифа Ал Тани вечерва доживеа непријатен инцидент во хотелот „Александар Палас", чиј покрив ненадејно почна да гори токму над апартманите на катарската делегација.

На лицето на емирот можеше да се види шок и лутина, и иако обезбедувањето ништо не прокоментира, јасно беше дека сериозно ја преиспитуваа безбедноста на владетелот кој беше сместен во хотелот и требаше да преспие тука.

Утрински

17-10-2011, 11:02 PM
Reply