Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 8 Vote(s) - 3.38 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ЧУВАРИТЕ НА КОМУНИЗМОТ
Author Message
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,471
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#41

Quote:Јас, комунистка
(втор дел)



До неодамна имаше таа многу поубав трик „Фати го дрвото за корен“, тврдејќи дека името е цена за членство во ЕУ и НАТО, ама откако ја фати дијаспората на дело со „прекарот“ за Македонија, го напушти ова тврдење.

Дека СДСМ и Велиновска играат за иста цел(болеста комунизам), говори и трикот лажна дилема(англиски false dilemma). Описот на овој трик изгледа вака:две можности прикажуваме како единствени кои што можеме да ги избереме, иако во стварност ги има повеќе. Пример може да биде:или си со мене, или си против мене. Варијанта од ова дилема е она што го пласира СДСМ:„Или ќе станеме членка на ЕУ и НАТО, или ќе пропаднеме. “Ова лажна дилема, многу лесно ја побива Велиновска со својот текст, бидејќи и ЕУ и НАТО имаат многу проблеми, а Велиновска ги слика со хиперболи. Освен тоа, постои и трета можност.

Но, доколку се постави дилема:или членство во ЕУ и НАТО, или застој во демократизацијата на Македонија, тогаш Велиновска има проблем да ја уништи ова вистинска дилема.

Мене, не може да ми се префрли дека околу 70% од граѓаните не сакаат влез во ЕУ и НАТО со променето име, бидејќи и самиот спаѓам во нив. Од друга страна, покрај Јанев сум втор што направил правен силогизам како Македонија да стане членка на ЕУ и НАТО без да го промени името. Но, Владата и Велиновска, не сакаат да го применат. Повеќе сакаат да кукаат, особено Велиновска.

Меѓутоа и за кукањето има лек:

„Во стварност, ние долго кукаме или се жалиме, само тогаш, кога ќе се понадеваме дека со тоа ќе делуваме на други, или самите себе ќе се поттикнуваме на невиден напор.Но и децата и возрасните добро знаат како да се задоволат, штом јасно ќе увидат дека стварите се онакви, какви што се…(Шопенхауер, „Светот како волја и претстав“, прв том).“

На ова голема премиса, одлично одговара однесувањето на Владата. Како што фатени слонови, со денови се борат и беснеат, се додека не увидат дека тоа не води кон ништо и тогаш наеднаш спокојно го подметнуваат вратот, така и Владата по Букурешт беснееше и вложи тужба за исполнување на Привремената согласност, а сега, кога виде дека тоа беснеење со тужбата никаде не води, кротко ја подава главата за „прекарот“ што го подготвува Велиновска.

Уште не е доцна. Наместо слоновско беснеење, она што го предложив во колумната „Последна шанса за одбрана на името“.

Невозможно е да не се сеќавате на Јуруј Густинчич. Беше, според многумина, најдобриот новинар во СФРЈ. Беше допсиник од Лондон и Њујорк, а пишуваше и за најугледниот неделник НИН. Ортодоксен комунист, како и Велиновска, но Велиновска не му беше ни до колена. Татко му на Голи оток, брат му излегува од партија уште за време на СФРЈ, но тој и денес си е комунист. Годинава наполни деведесет години, но уште работи за телевизија Словенија и пишува колумни за најпродаваниот неделник во Словенија.

Дури и овој најпознат комунистички новинар во својата колумна „Јас, комунист“, за комунизмот говори само во минато време. Најдалеку оди со изјавата дека не треба да се срамат бившите комунисти. Но, признава дека сите се срамат во Словенија.

Кога би знаел македонски, не само што би се утешил со текстовите на Велиновска, туку би помислил дека овој вампир(комунизмот) има свој замок во Македонија и редовно им ја пие крвта на Македонците.

Толку се сожалив на следното ламентирање над комунизмот на Густинчич, што помислив да му преведам неколку текстови на Велиновска, со број на кликнувања, како и со позитивни коментари:

„Навистина, откако ја нема `партијата`, се чини како никогаш да ја немало. Бројни нејзини, некогаш активни членови одат наоколу како идеолошки свежо бојадисани месечари. Луѓе без минато. Или пак, за тоа минато зборуваат таинствено.

Партија?Во неа, во најдобар случај залутале. Не, не биле долго… Кај нас има дури и странка за која што други мораат да кажат, дека е наследничка на партијата. Сама тоа никогаш не го вели(http://www.mladina.si/tednik/200238/clanek/jurij38/, превел М.П.).“

Но, Густинчич не би бил најголем, доколку и денес не отиде чекор пред сите. Тој за разлика од Велиновска, која што го довикува вампирот(комунизмот), тврди дека тој успешно се размножил. Не, туку дека:„Европа, едноставно е преполна со бивши комунисти, кои што енергично и надарено го длабат патот за глобалниот капитализам и тука и таму, јавноста весело ја потсетуваат, дека глобализмот во стварност прв го опишал Маркс во Комунистичкиот манифест(истата колумна, горната референца).“

Од цитатот на најголемиот комунистички новинар во СФРЈ произлегува дека Велиновска многу назадувала, или поточно останала во минатото. Според комунистот Густинчич;глобализмот е на Маркас, а ЕУ ја водат комунисти.

И?Што правиме сега госпоѓо Велиновска. Вие тврдите дека Западот е гнил и кај и да е ќе даде душа, а најголемиот комунистички новинар вели дека глобализмот бил марксизам и дека Западот е цврсто в седло, затоа што го водат комунисти.

Меѓутоа, не е само Западот, не е само името, не е само обрзованието, не е само економијата. Велиновска знае се и пишува за се и доколку ги читате само нејзините текстови, добивате впечаток, дека таа ја води државата.

„По стрмен, каменлив и нерамен пат
шест коњи в горештина, ко секојпат
ја влечеа поштенската кола по нагорнината.
Слегоа сите:мажи, жени и попот здрав,
зашто крцкаа тркалата покриени со прав.
И долета една мува во горештината
и со брмчење почна тие коњи добри
да ги апе, мислејќи дека ги бодри
и дека таа тркалата ги движи,
кацна врз носот на коларот полн со грижи;
и кога колата не запре,
а патниците си врвеа напред,
мувата на себе си ја припиша таа слава.
Скока ваму, скока таму, фрчи, прета,
како сержантот кој во бојот лета,
борците ги сили, за победа да дадат и глава.
Но, во општата несреќа, во таа драма,
мувата се жали дека дејствува сама,
дека на коњите не им помага никој,
попот, глеј, во требник чита стихој,
а една дама пее со весел глас,
божем за песни е време во тој тежок час!
Тогаш и таа својот глас го дигна
и во ушите на патниците почна да дува.
И кога по многу труд колата на врвот стигна:
`Да здивнеме најпосле-рече гордата мува-
со мака ја дотерав горе вашата спрега,
еј, господа коњи, па платете ми сега.`

Многу луѓе така во трудот наш
се мешаат непоканети и глуви,
но тие здодевни, ко досадни муви,
треба да се тераат секогаш (Лафонтен, „Басни“, Поштенската кола и мувата, Матица македонска, Скопје, 2002).“
An inch today is tomorrow’s mile.
24-08-2011, 02:24 AM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#42

Колку што се разбирам во поезија, Мирка Велиновска, во Котле од милост наречена Мирка “ партизанка“ , е мувата.Smajlito
24-08-2011, 09:17 AM
Reply
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,471
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#43

Quote:Гледањето не е секогаш предност

[Image: 98A92F5C7918C143801296FF9A95DA3B.jpg]Ѓорѓи Спасов
Ослепувањето денеска се врши преку затворање на опозициските медиуми и замолчување на критичарите на власта

Во своето дело ,,Гутембергова галаксија“ Маршал Маклуан раскажува една приказна, чија поента е дека ,, способноста за гледање,, не е секогаш предност. Според приказната, авионот на некој пилот се расипал токму над една џунгла во Јужна Америка. Пилотот бил принуден да скокне со падобран и се спуштил сред едно племе во кое забележал дека сите се слепи. Почнал пилотот да им објаснува на жителите од племето дека тие се слепи. Дека има ден и ноќ. Дека шумата е зелена, реката сина животните имаат убави бои. Им раскажувал постојано работи кои тие не биле во состојба да ги видат. Еден ден се состанал племенскиот совет да разговара за човекот што им паднал од небо. Едногласно заклучиле дека дојденецот е сериозно болен. Сите се согласиле дека тој зборува за работи кои не постојат и кои никој не може да ги види. Тој халуцинира. Дошле до ,,сознание“ дека неговата болест произлегува од една деформација што се наоѓа во две дупки на неговата глава, кои дојденецот ги нарекува очи. За да се излекува од таа страшна болест и да биде нормален како нив, било потребно да му ја отстранат таа деформација, односно да му ги извадат очите. Само на тој начин, заклучиле дека тој ќе оздраве и ќе му биде јасно дека халуцинирал. Со таквата операција слепите го вратиле човекот во нормалноста за која единствено знаеле.

Авторот на најдобрите книги од областа на комуникологијата и на синтагмата за ,,светот како глобално село“ ја наведува оваа приказна како пример за огромните тешкотии со кои се пробива вистината кога таа е во малцинство и за последиците со кои можат да се соочат оние што укажуваат на нешто што не го гледаат другите или, што уште пострашно, едноставно не сакаат да го видат.

,,Ослепувањето“ во денешно време се врши преку затворање на опозициските медиуми, замолчување на критичарите на власта и преку медиумска пропаганда, која постојано ја нагласува разубавената слика на општеството.

„Кај заслепените толпи не победува секогаш вистината затоа што заслепеноста за нив е состојба на нормалноста“, ќе заклучи Ле Бон во „Психологија на толпите“.

Општествата што не оставаат доволно простор за расправа како начин на доаѓање до вистината и во кои индивидуата е во опасност ако застапува мислење различно од мнозинското немаат голема перспектива за прогрес и бавно напредуваат.

Наспроти мнозинствата и нивните водачи кои низ историјата правеле се' за да се заштитат од појавата на факти што ја доведуваат во прашање нивната религиозна или идеолошка позиција, се појавувале храбри поединци кои слободата на говорот и на печатот ги ставиле во центарот на можностите за доаѓање до вистината и ги промовирале како единствен инструмент во општеството со чија помош мнозинствата и нивните водачи можат да се спасат од погубните заблуди, кои на крајот доведуваат и до пропаст на заедницата. Правото на различно мислење, правото на јавно расудување или на „јавна употреба на умот“ од страна на поединецот, кој не се согласува со доминантното мислење во општеството се обидел да го заштити уште Џон Милтон во својата „Аеропагетика“ (1644), тврдејќи дека „човекот е суштество создадено од Бога и Бог на тоа суштество му подарил разум, а со тоа и способност самиот да избира што сака да чита, а во согласност со неговата совест за тоа што е добро а што е зло“. Оттука, според него, не може некој со помош на цензура (од различен вид) да ви го одземе тоа право што ви е дадено од Бога или, со други зборови, кои се тие богови на Земјата што знаат подобро од вас што е тоа добро, а што е лошо за вас и што треба да читате и да гледате, а што не треба да читате, бидејќи тоа би можело да биде штетно за вас како поединец.

Џон Лок и Метју Тиндал во (1704) ќе забележат дека ,,низ цела Европа државите ги замолчуваат своите поданици со помош на дворскиот јазик. Со помош на своите послушници кои се вечно подготвени да смислуваат оправдувања за однесувањето на државната власт, „позлатувајќи ги нејзините најлоши постапки и прикажувајќи ги нејзините најизопачени намери во најдобра светлина“. Наспроти таквите тежненија на власта, во своето дело ,,Причини против ограничувањата на печатот“, Тиндал вели: „Поединците се овластени своите природни права да ги остваруваат слободно без оглед на власта. Слободата на печатот е најзначајното од тие права. Како верен стражар, слободниот печат го спречува секое изненадување и навреме укажува на секоја надоаѓачка опасност“.

За Џереми Бентам, слободата на печатот и јавната расправа се единствениот ефикасен механизам за спречување на злоупотребата на власта и за навремено спречување големи штети што би можеле да и' бидат нанесени на заедницата од неодговорни поединци на власт. Во своето дело: „За слободата на печатот и јавната расправа“, тој вели: „Власта секогаш се раководи од своите сопствени интереси. Природата на човекот е таква што кога ќе стекне власт, сите оние злодела што не ги направил дотогаш сигурно има намера да ги направи, а ако во тоа не го спречи стравот од тоа што јавноста мисли и што може да му направи, можеби тие дела и ќе ги направи. Жедта за произволна власт мора да се ограничува со механизмите какви што се проширеното право на глас, тајното гласање и чести избори. Слободата на печатот е извонредно важна, бидејќи без неа изборите не можат да се сметаат за слободни и делотворни во изразувањето на волјата на избирачите. Слободниот печат е противтежа на деспотската власт.

А Џон Стрјуарт Мил во своето дело за слободата упатува на фактот дека без слободна јавна расправа, нема можност да се дознае вистината и таму кај што не постојат услови за слобода на говорот и слобода на печатот, општеството може долго да остане во канџите на религиозни или идеолошки догми, кои можат многу да го забават неговиот развој. Според него, доаѓањето до вистината е можно само низ слободна јавна расправа. Постојат три причини за тоа. Прво, секое мислење кое власта или граѓанското општество се обидуваат да го замолчат како наводно погрешно може да испадне дека е точно. Претпоставката за непогрешивост значи задушување на вистината. (Џордано Бруно бил запален на клада затоа што тврдел дека Земјата се врти) Второ, ако некое мислење се покаже дека е погрешно, тоа често во себе содржи зрно на вистина. Доминантното мислење често не ја содржи целата вистина. И, трето, ако некое мислење е целосна вистина и само вистина, ама ако не биде соочено со оспорување, тоа набргу ќе се претвори во предрасуда, во мртва догма, а не во жива вистина. Историските епохи не се помалку склони кон грешки отколку поединците и групите.

Изгледа застрашувачки кога во Македонија по толку векови борба за слобода на говорот и слободен печат мора да се повторуваат аргументите за неопходноста од таа слобода. Кај се' поголем број луѓе надвладува стравот дека ако почнат да го кажуваат јавно тоа што вистина го гледаат во својата партија или во општеството во целина, можат лесно да завршат како оној пилот од приказната на Маршал Мак Луан.

(Авторот е универзитетски професор)

Се надевам дека ќе го постават мојот коментар:
Quote:Вие Господине Спасов не само што сте слепи туку и патите од амнезија.
Ајде тогаш јас да ви го цитирам Карл Саган.
Во неговата книга Космос наведува случај на еден врач кој стоел неколку денови на плажата на која подоцна се искрцале Конквистадорите.
И така гледал во бродовите но бидејќи не знаел што е тоа брод во неговиот појмовник, внатрешен речник немало концепт за брод тој воопшто не ги ни видел првите денови.
Гледал, знаел дека гледа нешто, но бидејќи не знаел во што гледа неговиот мозок не го перцепирал тоа, сето тоа останало на нивото на подсвеста.
Вие и таквите слични на вас од онаа партија наследничка на СКМ навистина добро перцепирате дека има “Режим“ затоа што само тоа вам ви е нормала, додека вие владеевте немаше демократија.
Она што е пострашно е дека вие сте слепи за сите декларации на Советот на Европа за осудување на Комунистичките Режими.
Затоа и додека вашата партија беше на власт 2002-2006 не се потруди ни да ја преведе декларацијата, затоа што не ја видовте.
An inch today is tomorrow’s mile.
27-08-2011, 09:50 PM
Reply
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,471
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#44

Quote:Од: respekt
Датум: 27.08.2011 00:51:43

Za zal denes vo Makedonija ima mnogu slepci, malku ednooki, i uste pomalku so normalen vid. Ako ovaa vlast vladee cel mandat, site ke bidat slepi.Na slednite izbori, koj i da pobedi, liderot ke bide slep.Taka ke si ziveeme srekno vo zemja MORONIja



Quote:
Од: milko
Датум: 27.08.2011 03:54:29

profesore i ako vasata namera e jasna sepak pred drugite da pocnak da se prepukuvaatpartiski, vladini ili opozicionerski da vi ukuzam na nekoj golemi propusti vo tekastot. koga stanuva zbor za slobodno mislene e edno,tvrdene e sosema drugo a tresene gluposti e sosema treto.demokratija ne podrazbira tresene gluposti bez nikakva odgovornost.kaj nas tokmu toa se pravi.moze da tresis gluposti kolku sakas i da se kries za slobodata na mediumite.e toa nigde nee dozvoleno.novinarot treba da stoi zad ona sto go objavil a ne da se krie zad slobodata na mediumite. svedoci sme deka ima naracani tekstovi,kolumni, duri i komentari no do koga?se do onoj moment koga nekoj ke rece e sto e mnogu mnogu e..NE MOZE NEKOJ CEL ZIVOT DA PLACA DANOK A NEKOJ DA RABOTI ZA KESH,I DA SE KRIE ZAD SLOBODATA NA MEDIUMITE,POZ.



Quote:
Од: nebojsa
Датум: 27.08.2011 07:02:22

Бевте ли вие „паднатиот пилот “ од книгата, во СДСМ? Ве ослепеа тогаш или сега? За да упатите и најблага критика на хаваријата што ја направи оваа власт врз демократијата во Македонија, не е потребно да цитирате пола библиотека! Освен ако не сакате на власта да и пратите порака дека и Вие сте„ слеп“.




Quote:Од: Мето
Датум: 27.08.2011 07:06:09

Професоре, Вие го кажавте слободно тоа што сакавте да го кажете, а ние читателите тоа слободно го прочитавме. Зар со ова не се негира целата Ваша колумна? Македонскиот проблем не е во неслободата туку во јаловото користење на истата. Наместо да се искористат ‘опозициските‘ медиуми за промоција на опозицискиот светоглед, тие се користат само за негација на позицијата. Или поинаку кажано толку што лошо прават другите туку многу повеќе што и како Вие ќе направите подобро.




Quote:Од: todor
Датум: 27.08.2011 08:06:35

Odlicno profesore no ve molam kazete ni vie ili nekoj ako moze dapronajde barem edna slicna columna sto ste ja napisale koga bevte vie del od Vlasta ili koga gi uzivavte blagodetite na vlasta.Ne veruvam deka site ovie knigi ste gi procitale vo poslednive godini koga VMRO e na vlast.Ako e taka togas vo narednite godini vie uste mnogu ke se DOOBRAZUVATE...




Quote:Од: Трпе
Датум: 27.08.2011 08:08:24

Читајки го мислењето на професорот Спасов,морав да се напијам еден Апаурин од 5 милиграми.Гледам професорот започнал да заздравува.Ова мислење нешто се разликува од претходните.Интересно четиво за младите генерации.




Quote:Од: Коста Стоименовски
Датум: 27.08.2011 09:06:45

Актуелната власт постојано потсетува колку пати победила на изборите во последните пет години, со јасна алузија дека додека победува може да прави што сака! Постојат многу докази за амбициите и желбите на власта за тоталитарно владеење. Меѓутоа, изненадува фактот што власта не е способна да го регистрира забрзаниот пораст на нерасположението кај народот од нејзиното владеење! Власта се занесува со илузии доколку мисли дека со ликвидирањето на опозициските медиуми може да го спречи опаѓањето на нејзиниот рејтинг! Ваквите постапки ќе и се вратат како бумеранг на наредните избори! Проблемот на Македонија сепак не е во медиумите, туку во неверодостојната, неинвентивна, неорганизирана и неспособна опозиција да ги разоткрива грешките, гафовите и глупостите на власта!




Quote:Од: ФЕЛИКС
Датум: 27.08.2011 09:57:53

Неинвентивен напис и божемна загриженост за некаква медиумска слобода.Како прво кога се споменуваат медиумите се мисли секогаш на А1 и А2 при тоа се дебело се заборава за фининсиската криминогеност на истите.Зошто не се тормози АЛФА,Утрински и др. кои се критизерски настроени кон власта-оти своите обврски редовно ги подмируваат.Инаку нема во нормалниот медиумски свет да политичка партија е во тесни врски со еден медиум(за тоа искрено пишува г-дин Бучковски во денешен Дневник)Затоа ептен иритира ,,искрената,, грижа за медиумската слобода на почитуваниот професор.Подобро е да се нафати со сеопфатна анализа на изборниот пораз на на неговитендали сегашни или бивши сеедно.




Quote:Од: zrak
Датум: 27.08.2011 12:27:40

jas ke gi pozravam KOMENTARITE na ovaj tekst,a ovaj i jas ke go prasam koga progleda i dali e tolku bezobrazen sto misli deka rajata e glupava i ne znae deka i toj koga bese vo vlada nitu slusase nitu gledase i A ne mu prigovore na papata b.c.ili toj e bezgresen,ili togas te vozea vo sluzben avto...SRAM DA TI E uste ke prodavas magla.




Quote:Од: Слепиот
Датум: 27.08.2011 14:16:19

“Читањето не е секогаш предност “ Многу прочитани и изнесени на јавноста, книги, изгледа го спречуваат авторот малку да размисли, колку е несоодветна понудената аналогија на актуелната наша политичка реалност со слепото племе и пилотот ( Спасов). Пред некое време беа избори и некои се покажаа “слепи”. Тие излегоа дека се повеќето, но за среќа не се такво мнозинство за да се објаснува политичката констелација со некаква патологија на нормалното ( Фром). На несреќа на Спасов, за правилата на демократска игра, доволно ги имаше за да владеат со нас, а и со него. Е, тука нема помош и што да се каже: Издржи професоре и фрли им се на книгите! Досега изгледа не си наишол на вистинската што може да ти(ни) помогне. Можеби, еден убав ден и тоа ќе ти(ни) се случи.



Quote:Од: Regan
Датум: 27.08.2011 14:27:05

Во секоја колумна професоров фрла дрвја и камења по власта,а зборува дека нема слобода на говорот.Сепак,мислам,дека неговите писанија имаат друга цел.Тие треба да покажат колку нашиов професор е начитан.Погледајте колку автори цитира само во оваа колумна.




Quote:Од: Реалист
Датум: 27.08.2011 15:05:00

Во врска со текстот на Спасов: Проблемот е професоре да се утврди кој ја зборува вистината. Замислете племето од приказната навистина да е "нормално" а пилотот со себе да си носел кесичка ЛСД за не-дај-боже и навистина да забегувал во халуцинации. Се зависи од тоа кој е човекот кој ја пренел приказната - пилотот или некој од племето? Сепак, еден од наједноставните начини за разумен човек да определи која е вистината е - да бара контрадикторности. На пример, една контрадикторност на десните е дека ако одиш во Грција на одмор си предавник, а ако си пратеник од нивните редови или ако купуваш куќа од 500,000 Евра во Грција, тогаш тоа е патриотски. Друг пример, една контрадикторност на левите е дека БЦ не барал избори, а во Декември рече "ајде на избори ако си маж" (и ја пушти Македонија низ вода). Барај контрадикторности и ќе видиш кој лаже, бидејќи најголем проблем на лажговците е што не паметат што точно лажеле!




Quote:Од: mariovec
Датум: 27.08.2011 21:11:20

Feliks se slusas li sto zboris [ pisuvas].Teski gluposti tropas.




Quote:Од: montehristo
Датум: 27.08.2011 22:40:17

Вие Господине Спасов не само што сте слепи туку и патите од амнезија. Ајде тогаш јас да ви го цитирам Карл Саган. Во неговата книга Космос наведува случај на еден врач кој стоел неколку денови на плажата на која подоцна се искрцале Конквистадорите. И така гледал во бродовите но бидејќи не знаел што е тоа брод во неговиот појмовник, внатрешен речник немало концепт за брод тој воопшто не ги ни видел првите денови. Гледал, знаел дека гледа нешто, но бидејќи не знаел во што гледа неговиот мозок не го перцепирал тоа, сето тоа останало на нивото на подсвеста. Вие и таквите слични на вас од онаа партија наследничка на СКМ навистина добро перцепирате дека има “Режим“ затоа што само тоа вам ви е нормала, додека вие владеевте немаше демократија. Она што е пострашно е дека вие сте слепи за сите декларации на Советот на Европа за осудување на Комунистичките Режими. Затоа и додека вашата партија беше на власт 2002-2006 не се потруди ни да ја преведе декларацијата, затоа што не ја видовте.
An inch today is tomorrow’s mile.
28-08-2011, 03:12 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#45

[quote='ЈорданПетровски' pid='42974' dateline='1313757457']
[quote='Cesen Makedonec' pid='42955' dateline='1313733222']
Prasanje e zosto Jordan go pravi ova sto go pravi. Mailot od Belgrad upaten donego voopsto ne ukazuva deka dosieata se vo Belgrad. Sega konechno toa se razluchi so mailot koj go postavi gorniot gostin. Jordan nitu ima dobieno nekoe dosie od Belgrad nitu pak ima bilo kakvi indikacii deka ima dosie. Si interpretira toa sto saka a koga BG jasno ke se izjasni togas tie LAZAT. Poveke od jasno e deka nema tamu dosie inaku ke go postirase segde. Pak sega imalo nekoj drug email so slobodna interpretacija negova.
[/quote]



Незнам што не е јасно. ??
Еве го мелот со кој барам известување дали имам досие во Белград.


[quote='ЈорданПетровски' pid='41946' dateline='1312754278']


Poshtovana Godspodo,

obracam se ovim pismom u nadi da ce te mi pomoci. Imeno radi se o tome dali u vashem Arhivu postoi moje dosije. Ja sam jedan deo dosija dobio od Makedonskog minnistarstva unutrashnjih poslova 2000 godine. Obim i nedostatci dosiea ukazuju na tome da nisam dobio kompletni dosije.
Ja se zovem Jordan Petrovski rodjen sam u Kumanovu 1951 godine, gde sam i ziveo do decembra 2000 godine. Od decembra 2000 dodine zivim u Kanadi.

pozdrav Jordan Petrovski.
[/quote]



Еве го одговорот на Архивот на Србија:


[quote='ЈорданПетровски' pid='41781' dateline='1312562811']

U vezi sa Vašim pismom od 30. novembra 2009. godine, obaveštavamo Vas da je potrebno da nam dostavite dopunu podataka koje tražite, gde ste bili zaposleni, zanimanje i dr, kako bi smo nastavili sa istraživanjem i dostavili Vam informaciju o traženom dosijeu ukoliko se nalazi u našim fondovima.

[/quote]


Прашање до Cesen Makedonec зошто и јас не сум го добил истиот одговор како Gostot.


[quote='Guest' pid='42898' dateline='1313680894']

U vezi sa Vašim pismom od 8. avgusta 2011. godine kojim tražite informaciju vezanu za personalna-dosijea iz Republike Makedonije, obaveštavamo Vas da Arhiv Jugoslavije nije nikada bio nadležan za arhivsku građu organa i organizacija iz Republike Makedonije pa i nije mogao istu ni preuzimati.
Vaš personalni dosije možete potražiti u instituciji u kojoj ste bili zaposleni ili u nadležnom arhivu u Republici Makedoniji koji je preuzeo predmetnu dokumentaciju.
Takođe Vas obaveštavamo da Arhiv Jugoslavije čuva građu centralnih (saveznih) državnih organa za period od 1918. godine do 2006. godine.



V.D. DIREKTORA


Miladin Milošević

[/quote]


Мелиот, одговорот на побараната доплонна на податоците за мене од страна на архивот на Србија, за кој велам дека го имам, исто така не ја содржи порактата : obaveštavamo Vas da Arhiv Jugoslavije nije nikada bio nadležan za arhivsku građu organa i organizacija iz Republike Makedonije pa i nije mogao istu ni preuzimati.

Зошто во трите меил одговора не ме известиле дека во Србија нема досиеа од Македонија.
[/quote]



За оние кои се сомневаа и сомневаат во веродостојнота на напишаното во меилот дека МАКЕДОНСКИТЕ ДОСИЕА ОД 1918 ДО 2006 година се во Белград.



[quote='ЈорданПетровски' pid='45989' dateline='1318708649']
[quote]
АЏИЕВ НЕКА СЕ ОБРАТИ ДО СРЏАН КЕРИМ ЗА ДОСИЕЈАТА ЗА ЛУСТРАЦИЈА
Сабота, 15 Октомври 2011 09:00


Имено постоеше служба за Државна безбедност (СДБ), војна служба КОС , овие служби работеа паралелно и во корелација и извештај поднесуваа кај Претседателот Тито ,а покасно по неговата смрт кај Претседателот на претседателството на СФРЈ. Но тоа не е се од службите . Има и Трета обавештајно безбедносна служба формирана лично од Тито која ги контролираше и КОС и СДБ. Таа служба се викаше СИД која работеше во состав на тогашниот СОЈУЗЕН СЕКРЕТАРИЈАТ ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ . СИД е активна се до 2006 година се до распадот на заедничката држава на Србија и Црна Гора .Во посед на СИД беше најголемата архива на досиеја како цивилни така и војни , зошто во Македонија никој не ја споменува оваа безбедносна служба?

[/quote]

17-10-2011, 01:26 PM
Reply