Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 8 Vote(s) - 2.75 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
НИКОЛА ПОПОBСКИ-МИНИСТЕР НА ГРУЈО?? ЗА ПОНАДВОР
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,567
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

КОЈ Е ЧОВЕКОВ !!!!????? ЧИЈ ИЗБОР/ПРЕПОРАКА Е !!???


[Image: images?q=tbn:ANd9GcQPKaqaZLvVqsfsTQZ9hf1...4eg7cn6WBJ]


Треба да го води најбитното министерство во следната година а за него незнаеме скоро ништо.
Велат дека Грујовистиве случајно го откриле како службеник во ЕУ.

Дали навистина го откриле како службеник во ЕУ ???
23-07-2011, 03:46 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,567
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2




Quote:КАВ­ГА МЕЃУ ДИРЕКТОРИ НА КОНТРОЛАТА НА ЛЕТАЊE


Ме плисна со чаша вода зашто не мислам како него

[Image: BACE3DEAB044174F856FE69BDABE443F.jpg]
Вест, 23.02.2010

Член на Управниот одбор на М-НАВ, поранешната Контрола на летање, го плис­нал со чаша вода претседателот на Управниот одбор, кој не се согласувал да би­де разрешен еден од вработените

Ми­на­ти­от петокот, еден од членовите на Управниот одбор на М-НАВ, поранешната Кон­тро­ла на летање, го плиснал со чаша вода претседателот на Управниот одбор. Бе­ким Незири го искапел Живко Поповски во жарот на расправата за раз­ре­шу­ва­ње­ на еден од вработените во секторот за безбедност. Случката деновиве ја пре­рас­ка­жу­ва­ат од контролори на летање до административци во М-НАВ, до­да­вај­ќи дека непосредниот повод само покажал оти односите во тричлениот ме­наџ­мент на давателот на услуги во воздухопловна навигација се стигнати до точка на ври­е­ње.
Прет­се­да­те­лот на УО Поповски, во изјава за "Вест" потврди:
"Точ­но е тоа што сте го слушнале. Разговаравме за предлогот на Незири да биде раз­ре­шен еден од вработените. Јас се спротивставив, со забелешка дека тоа е до­бар работник, на што Незири ми рече дека тој одлучувал за 'неговите' . Му реков де­ка безбедноста на летањето е неделива, нема 'наши' и 'ваши'. Продолжението го зна­е­те, ме плисна со вода", ни рече вчера Поповски.
За случката бил информиран и Надзорниот одбор на М-НАВ. Претседателот Дра­ган Андриевски ни изјави:
"И јас бев информиран за настанот, но веднаш кажав дека ние како Надзорен од­бор немаме ингеренции да го решиме проблемот. Цел УО треба да се обрати до Соб­ра­ние или Влада, таму треба да се расчисти. За такви проблеми има ре­ле­ван­тни институции", изјави Андриевски.
Се­пак, Беким Незири, членот на УО, негираше дека имало конфликт кој кул­ми­ни­рал со плискање со вода.
"Кав­ги има во секој управен одбор. Но ние сме тројца директори, и секогаш не­сог­ла­су­ва­ња­та се решаваат со надгласување. Јас ќе го доставам мојот предлог до УО на гла­са­ње, и ќе го прифатам решението. Немаше никакво плискање со вода, тоа е шпе­ку­ла­ци­ја. Некој сака да ме прикаже како конфликтна личност. Не сум човек што може на 60-годишен човек да му плисне вода", ни изјави Незири.
Ес­ка­ла­ци­ја­та на односите меѓу директорите на М-НАВ стигнале и до Агенцијата за ци­вил­но воздухопловство.
"Ги преминаа сите норми на однесување. Овде некој од надлежните треба да пре­се­че и да ги среди работите, ако веќе не може Надзорниот одбор, кој е избран од Вла­да­та", коментираа вчера извори од воздухопловството. (А.С.)



Велат дека прет­се­да­те­лот на УО М-НАВ, поранешната Контрола на летање, Живко Поповски е таткото на новиот министер.
Дали некој знае со сигурност дали оваа е точно, кој му се родителите. ?? Наводно целото семејство емигрирале 1993/94 година во Франција ..
(This post was last modified: 23-07-2011, 04:09 AM by ЈорданПетровски.)
23-07-2011, 04:07 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,567
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Попоски се прогласи за министер пред изборот


[Image: 0982C3E7438A2644A2053BE714C7E78A.jpg]

Уште пред формално да се изгласа новата влада, Никола Попоски на „Фејсбук“ стана министер за надворешни работи на Македонија. Веќе со полна пареа работи страницата на „Фејсбук“ - „Никола Попоски - министер за надворешни работи“, каде што може да се видат неколку официјални слики од неговата досегашна работа во ЕУ, датумот на раѓање без некакви официјални податоци за образованието и неговото досегашно работно искуство. Страницата редовно потсетува дека не треба да се испушти собраниската седница на 27 јули на која ќе се гласа новата влада. Бројот на фановите засега е малку повеќе од 400, а секојдневно се множат коментарите со кои му честитаат за новата функција и му оставаат аманет како да се справи со спорот за името меѓу Македонија и Грција.

ИЗВОР


Дали конечно треба да се воведе првин психијатриcки преглед за кандидатите за премиер и министри.
(This post was last modified: 23-07-2011, 12:11 PM by ЈорданПетровски.)
23-07-2011, 12:10 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,567
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4



Quote:

Реакција

ВМРО-ДПМНЕ вчера реагираше на текстот во саботниот број на „Утрински весник“ под наслов „Попоски се прогласи за министер пред изборот“. Во реакцијата на партијата стои:

„Во конкретниот случај станува збор за целосна неточност и невистина, која како информација е преземена од социјалната мрежа ’Фејсбук‘, која е од отворен карактер и не е официјална страница на „Фејсбук“ на Никола Попоски, туку од профил што не соодветствува со неговото име. Фактот дека презимето на Попоски е напишано со ’в’, а неговото презиме е без ’в’, доволно говори дека ова претставува обид за груба и намерна манипулација“.


Абре овие од партијата на Грујо демантиве ги пушуваа за малоумни. Ако некој му го злоупотребил идентитетот министерчето за понадвор ке побара да му дадат од која ИП адреса е отворен профилот и ке му поднесат пријава за лажно преставување. Ама неможе да си поднесе пријава сам на себе.
25-07-2011, 11:34 PM
Reply
Guest
Unregistered

 
#5

siguren si?
26-07-2011, 12:34 AM
Reply
gostin
Unregistered

 
#6

jas da!
26-07-2011, 06:54 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,567
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

(26-07-2011, 12:34 AM)Guest Wrote: siguren si?



Во што дали сум сигурен. ??
26-07-2011, 07:12 PM
Reply
Guest
Unregistered

 
#8

Deka sam ja otvori FB stranata?
26-07-2011, 11:41 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,567
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#9

(26-07-2011, 11:41 PM)Guest Wrote: Deka sam ja otvori FB stranata?


Ваквиот несериозен демант наведува на сомневање дека сам си го отворил. Од ФБ ке добие за кратко време точна информација за ИП адресата.


26-07-2011, 11:50 PM
Reply
Guest
Unregistered

 
#10

Ke bese dobro ako nekoj drug mozi da nauci od koja IP adresa e otvorena i da se vidi koj e predplatnikot.
26-07-2011, 11:56 PM
Reply
barba Offline
שמע ישראל
****

Posts: 589
Joined: Jul 2011
Reputation: -8
#11

(25-07-2011, 11:34 PM)ЈорданПетровски Wrote: Абре овие од партијата на Грујо демантиве ги пушуваа за малоумни. Ако некој му го злоупотребил идентитетот министерчето за понадвор ке побара да му дадат од која ИП адреса е отворен профилот и ке му поднесат пријава за лажно преставување. Ама неможе да си поднесе пријава сам на себе.

gavolski e teshko od facebook da dobies informacii za IP adresa, imaat politika da ne davaat IP adresi posebno na drzavi zosto veruvaat deka sekoja drzava saka da ja ugushi slobodata na govorot a posebno amerika, edinstveno sto mozat da napravat e da go izbrishat toj profil a IP da dadat mnooogu teshko da ne recam nevozmozno!!!!
I am that which grips the heart in fright, hearkens night and silence the light!!

Peace is lie, there is only a passion,
Trough passion i gain strength,
Trough strength i gain power,
Trough power i gain victory,
Trough victory my chains are broken.

The Force shall set me free
28-07-2011, 03:40 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,567
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#12

(28-07-2011, 03:40 AM)barba Wrote:
(25-07-2011, 11:34 PM)ЈорданПетровски Wrote: Абре овие од партијата на Грујо демантиве ги пушуваа за малоумни. Ако некој му го злоупотребил идентитетот министерчето за понадвор ке побара да му дадат од која ИП адреса е отворен профилот и ке му поднесат пријава за лажно преставување. Ама неможе да си поднесе пријава сам на себе.



gavolski e teshko od facebook da dobies informacii za IP adresa, imaat politika da ne davaat IP adresi posebno na drzavi zosto veruvaat deka sekoja drzava saka da ja ugushi slobodata na govorot a posebno amerika, edinstveno sto mozat da napravat e da go izbrishat toj profil a IP da dadat mnooogu teshko da ne recam nevozmozno!!!!



Барба, ке ги добие податоците за пет минути. Само треба да ја исполни процедурата. Бидејки како што пишуваат од штабот на ВМРО ДПМНЕ се работи за кражба на идентитет.
28-07-2011, 12:36 PM
Reply
barba Offline
שמע ישראל
****

Posts: 589
Joined: Jul 2011
Reputation: -8
#13

(28-07-2011, 12:36 PM)ЈорданПетровски Wrote: Барба, ке ги добие податоците за пет минути. Само треба да ја исполни процедурата. Бидејки како што пишуваат од штабот на ВМРО ДПМНЕ се работи за кражба на идентитет.

me mrzi da baram ali vo "statement" pisuva deka facebook sekogas ke bide besplaten i sekoj korisnik e maksimalno zastiten i nitu edna negova informacija nema da bide predadena na NIKOGO.... edinstveno moze da bide isklucen problematicniot profil a da bide dadena informacija nema shansa
I am that which grips the heart in fright, hearkens night and silence the light!!

Peace is lie, there is only a passion,
Trough passion i gain strength,
Trough strength i gain power,
Trough power i gain victory,
Trough victory my chains are broken.

The Force shall set me free
28-07-2011, 02:26 PM
Reply
barba Offline
שמע ישראל
****

Posts: 589
Joined: Jul 2011
Reputation: -8
#14

najdov edna izjava :

"The privacy and security of our users’ information is of paramount importance to us. We’re not going to debate claims from anonymous sources or dated allegations that attempt to characterize Mark's and Facebook's views towards privacy.

http://www.businessinsider.com/facebook-...ims-2010-5

I am that which grips the heart in fright, hearkens night and silence the light!!

Peace is lie, there is only a passion,
Trough passion i gain strength,
Trough strength i gain power,
Trough power i gain victory,
Trough victory my chains are broken.

The Force shall set me free
28-07-2011, 02:32 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,567
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#15


Quote:Интервjу со Никола Попоски, министер за надворешни работи

Спорот за името може да се надмине ако се има добра волја


[Image: 4B526E72D49CA049B1D10E6455B539F1.jpg]
Потребно е во МНР да поттикнуваме инклузивен пристап и одготвеност за континуирани промени

Уверен сум дека е остварливо за време на мојот мандат Македонија да ги започне и да ги заврши преговорите со Европската Унија. Тоа е еден од врвните приоритети за граѓаните на Република Македонија, вели новиот шеф на дипломатијата, Никола Попоски. Во Министерството доаѓа со искуство во дипломатијата кое го стекна како амбасадор на земјава во ЕУ. Според него, со добра волја и принципиелен пристап ништо не е ненадминливо, па ни спорот, кој е кочница за евроинтеграцијата на Македонија.

Во важен момент за Македонија седнувате на министерското место од кое многу се очекува. Со кои работи ќе се зафатите на почетокот?

- Од клучна важност ќе биде да имаме континуирано највисоко ниво на проактивност. Тековното глобално окружување е исполнето со крупни предизвици. На нас останува да покажеме способност за соодветно приспособување и напредок кон остварување на стратегиските цели на Република Македонија. На практично ниво, чувствувам должност да дадам и дополнителен придонес во правец на поттикнување системски пристап во работењето. Верувам дека со целосна посветеност ќе успееме да постигнеме виден напредок во текот на претстојниот мандат.

Планирате ли да направите реорганизација на дипломатската мрежа, како и во МНР?

- Од досегашната работа имам изградено впечаток дека во МНР постои силен професионален потенцијал. Тоа е најважниот елемент за успех. Од аспект на управувањето, длабоко сум убеден во принципот дека „ништо не е можно без луѓе, но ништо не е трајно без институции“. Оттука, ценам дека е потребно да поттикнуваме инклузивен пристап и подготвеност за континуирани промени. Одлуките во секој случај ќе бидат донесени со сеопфатна анализа и согледување на можностите за дополнително унапредување на ефективноста и ефикасноста на дипломатската служба.

Поранешниот министер Милошоски вели дека Вашата задача треба да биде отпочнување билатерални проекти меѓу Македонија и Грција кои с` уште се во сенка на спорот за името. Може ли тоа да помогне да се зголеми довербата и соработката меѓу двете земји?

- Секој напор за стимулирање позитивна клима во македонско-грчките односи е добредојден. Некои од проектите што подолг период биле предлагани од наша страна не наидувале на одобрување кај нашиот сосед. Од исклучително значење е владите од двете страни да покажат посветеност во надградување на меѓусебната доверба. На тој начин соодветно би се одразиле и интересите на граѓаните и економските субјекти од двете страни. Пристапот кон проекти со прекугранична природа е секако добар индикатор за посветеност кон европските принципи. Ќе иницираме и предлагаме нови и конкретни иницијативи. Ќе бидеме отворени за разгледување на сите конкретни предлози кои би придонеле кон натамошно унапредување на практичната соработка меѓу Македонија и Грција. Истиот принцип ќе го примениме и со сите останати соседни држави.

Очекувате ли нова динамика во преговорите за името наесен?

- Она што со сигурност го очекуваме е целосна посветеност и вложување голема енергија да изнајдеме начин за надминување на тековната непродуктивна блокада. За очекување е дека и од грчка страна ќе постои реално согледување и подготвеност да се дејствува конструктивно. Верувам дека со добра волја и принципиелен пристап ништо не е ненадминливо.

Спорот за името се најде во заложништво на тешката економска криза на нашиот јужен сосед која може да трае со години. Има ли шанси да ја убедиме Грција, но и ЕУ, дека во ваква ситуација, Македонија треба да ги почне преговорите со Унијата без ова прашање како услов, затоа што немаме време за губење?

- Се надевам дека економските предизвици во Грција нема трајно да им наштетат на изгледите за изнаоѓање заемно прифатливо решение за излез од наметнатата блокада. Одлуката за почеток на преговори со ЕУ се носи со согласност од сите земји-членки. Тоа е реалност. Во интерес на сите страни - Република Македонија, Европската комисија и сите земји-членки на ЕУ, е преговорите да почнат ден поскоро. Ќе дејствуваме во правец на остварување на ваквиот заеднички интерес.

Имате дипломатско искуство. Колку контактите што ги имате остварено притоа ќе Ви помогнат во поуспешно раководење со МНР?

- Ценам дека многу согледувања и искуства од дипломатските служби на други земји можат да ни бидат корисни. Еден од параметрите според кои мислам дека ќе може да се оценува успешноста во овој мандат е степенот до кој ќе успееме континуирано да го унапредуваме начинот на кој би функционално Министерството.

Пред да станете амбасадор во ЕУ, оценивте дека за време на вашиот мандат Македонија ќе ги почне и ќе ги заврши преговорите со ЕУ. Дали сега сте оптимист дека за време на Вашиот нов мандат ќе се стигне до оваа цел?

- Да, уверен сум дека таа цел е остварлива. Тоа е еден од врвните приоритети за граѓаните на Република Македонија.

Ќе се фокусирам на работи што не` приближуваат со Грција

Што би им одговориле на вашите колеги од ЕУ ако ве прашаат зошто е поставен споменик на Александар Велики во Скопје, аргумент кој грчката власт го користи за да прикаже дека сме неконструктивни и непопустливи?

- Не би можело да се аргументира директна причинско-последична релација меѓу изградба на споменик за историски значајна личност и одлука за блокирање на евро-атлантските интеграции. Потребно е да ги имаме предвид и принципите за пропорционалност и меѓусебно почитување. Негувањето на европски дух е значајно колку за земјите-кандидати толку и за земјите-членки на ЕУ. Убеден сум дека имаме многу работи што н` приближуваат, а многу малку кои се извор на тензичност. Би предложил да се фокусираме на првата категорија.

Антонио СПАСЕВ
30-07-2011, 03:36 AM
Reply