Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 6 Vote(s) - 3.17 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
НОВ МАКЕДОНСКИ КОДОШ-ДРАМАТУРГ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,948
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(30-08-2011, 07:03 PM)МрачниотКоњаник Wrote: Кога за еден Милчин фатија да извираат досега непознати документи, па какви ли чудеса ќе излезат за Фрче кога тој ќе дојде на ред за лустрација...



Фрчлонина може да го спаси само ако донесе документ дека не бил министер.
30-08-2011, 08:50 PM
Reply
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,471
Joined: Aug 2010
Reputation: 30

(30-08-2011, 08:50 PM)ЈорданПетровски Wrote:
(30-08-2011, 07:03 PM)МрачниотКоњаник Wrote: Кога за еден Милчин фатија да извираат досега непознати документи, па какви ли чудеса ќе излезат за Фрче кога тој ќе дојде на ред за лустрација...



Фрчлонина може да го спаси само ако донесе документ дека не бил министер.

PosPos23Pos
An inch today is tomorrow’s mile.
31-08-2011, 02:28 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,948
Joined: Mar 2010
Reputation: 36


Quote:УБК не ја интересира вашето здравје

Членот на Комисијата, историчарот Ѓорѓи Малковски, кој две децении работел токму на досиејата во Институтот за историја, вели дека има критериуми по кои се утврдува дали некој бил соработник на службите.

- Ако за некој има досие, се анализира дали има соработнички статус, значи дали е ставен на листите на тајните служби - УДБА, ОЗНА, УБК... Ако е така, тогаш за него било определено службено лице, инспектор, кој со него соработувал и му земал информации. Инспекторот од тие информации составувал извештаи кои оделе во погорните структури на службите, а некогаш и до политичкиот врв. Врз основа на тие извештаи се носеле заклучоци дали некој е непријател на државата, дали бил против социјализмот, дали бил ванчомихајловист, дали работел за странски служби. Дел од информациите од соработниците е или неточен или е само делумно точен и се дава само затоа што соработникот сака да им се додвори на повисоките структури - објаснува Малковски.

Зависно од областа за која е „специјализиран“ (стопанство, култура, уметност, новинарство, војска, спорт...), соработникот дава информации за луѓето од тој општествен сектор.

- Од сето тоа се прави досие, повеќе за злоупотреба отколку за добро, искодошениот да не добие позиција и да не напредува, а кодошот изненадувачки да биде поставен на повисока функција или да напредува во кариерата, без оглед дали станува збор за лекар, војник, професор... Кога ќе се направи споредба на сето тоа со службените белешки од разговорите со соработникот, се добива комплетна претстава за с`. Никој никого не може да натера да соработува со службите. Но, ако седнете да разговарате со инспектор од УБК, тој сигурно нема да ве праша за здравјето. Има случаи каде што самите луѓе се нуделе да бидат соработници, да даваат информации заради погодностите што им следуваат од тоа. На некои им биле давани пари, а тие од добростоечки семејства, добивале функции - вели Малковски.

И кога некој од тие соработници, по 5, 10, 15 години соработнички стаж, ќе дојде до повисока функција, службата го дерегистрира оти веќе нема интерес од него да зема информации бидејќи тој станува фактор кој бара информации.

- Има случаи кога одредени лица биле обработувани од тајните служби, а по извесен период добиле високи политички функции, што укажува дека од жртви станале соработници. Но има и случаи каде што луѓето одбивале да соработуваат со службите. И тие се по правило тргнати настрана, не напредувале во кариерите. Сложен е системот на работа на службите, а методите се перфидни. Има случаи и кога соработникот освен за едно, почнува да дава информации и за второ, трето, четврто лице, се шири кругот - вели Малковски.

Тој потенцира дека сите соработници имаат псевдоними во соработничкиот картон, и секогаш кога инспекторот ги спомнува тоа го прави под нивното кодно име, но вистинското име е секогаш евидентирано во документациите на службите.
31-08-2011, 10:41 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,948
Joined: Mar 2010
Reputation: 36







Quote:ДОСИЕ 25630 (7)


Од Управниот суд ни глас, ни абер - веќе цел месец. Мојата тужба против решението на т.н. Комисија за верификација на факти ја поднесов на 12 август 2011 година. Законот вели дека надлежниот суд треба „во рок од 5 дена да покрене постапка која е итна“. Но, во земјата на т.н. „Обединител на нацијата“ законите се како тенгала. Неправдата е брза како молња, правдата е бавна како полжав. Меѓувремено, од 12 август до 13 септември, преку телевизијата Алфа, која редовно известува за нашата неславна лустрација, разбрав дека Уставниот суд есенва ќе расправал за уставноста на Законот за дополнителен услов за извршување јавни функции. Разбрав и дека Управниот суд ја препратил мојата тужба до Комисијата во која меѓувремено стигнало известие од УБК дека јас не сум бил соработник на службите. Не знам колку граѓани го разбраа тоа, зашто веста беше главно премолчана. И, на крајот, разбрав дека Комисијата ме осудила без каков било документ, без каков било факт. Во земјата на т.н. „Обединител на нацијата“ неправдата напаѓа со татнеж, а правдата се влечка со шепот. А главниот „ловец на кодоши“ веќе осум месеци е без мандат. Тоа не му пречи да го гази законот и да ништи луѓе. „Ловецот на кодоши“ не престанува да кодоши.



Полициски портрет на режисерот во младоста



Службената белешка од 11.04.1978 година зборува за разговорот што инспекторот (името е покриено со црно, м.з.) го водел со изворот (името покриено со црно, м.з.) во ресторанот „Победа“ од 8.30 до 10.00 часот. Целта на разговорот била „да се добијат сознанија за драмата на (името покриено со црно, м.з.) и за либералистичко-анархиското во работењето на ПОО „Драматург“. Значи, овој пат предмет на интерес не сум бил само јас, туку и еден драмски автор. „Материјалот е добиен писмено“, подвлекол инспекторот, што се гледа и од директната монолошка форма на извештајот поднесен од соработникот на СДБ.



„ПОО 'Драматург' го следам уште како студент во Белград. На анархо-либералистички план тој се пројавува уште во тој студентски период, познатите настани со демонстрациите во 1968 година каде ПОО 'Драматург' е член на иницијативниот одбор во Белградските демонстрации. Познат му е интересот за анархо-либералистичко критизирање и опседнатоста од идеи во кои на револуцијата гледа од циничен аспект и како на средство за кариеризам и личен успон.



Ако ги оставиме на страна неговите полуаматерски, полупрофесионални дејности, неговата работа во професионалните театарски куќи се сведува речиси исклучиво на погоре посочените идеи. Комплетниот неуспех на неговите претстави покажува дека пошироката културна јавност не е заинтересирана за неговите анархолибералистички преокупации, освен една мала група од млади интелектуалци, главно студенти на Филозофскиот факултет, посебно на оние што се блиски на така наречената 'Естетичка лабораторија'.



Меѓутоа, кога би сме пошле по ред, уште пред дипломирањето на Академијата во Белград, ПОО 'Драматург' на сцената на Драмскиот театар во Скопје ја постави пиесата на Питер Војас (Петер Вајс, м.з.) 'Балада за лизиданското (лузитанското, м.з.) страшило' во која поимот на револуционерот е сведен на гротеска и на насилство (некој што ја читал белешката ги подвлекол овие два збора, м.з.). Веднаш потоа доваѓа и неговата дипломска претстава 'Пантаглеза' ('Пантаглез', м.з.) од Мишел де Гелдорид (Мишел де Гелдерод, м.з.), исто така поставена во Драмскиот театар во Скопје, во која поимот револуција е претставен во ругло, а на некои места има и директни алузии на Октомвриската револуција за што парцијално пишуваше и покојниот Иван Мазов во весникот 'Нова Македонија'.



Доваѓајќи на работа во МНТ, тој го постави како прво исклучиво критизерскиот текст на Русомир Богдановски 'Балада за храбриот Науме', а потоа познатиот текст на Банд (Едвард Бонд, м.з.) „Тесен пат кон далечниот север“ што исто така е протест – фарсично прикажување на револуцијата. Оваа тема како да му е опсесија на ПОО 'Драматург'. Тој меѓу првите во светот (мислам втор) се зафати со делото на Питер Вајс 'Хелдерлин', а претставата имаше претензии да покаже дека помрачениот ум (лудилото) е попозитивно во револуцијата од умовите како Гете, Хегел, Шилер и др. Алузии на современоста тој прави и во претставите како што се 'Господа Глембаеви' од Мирослав Крлежа.



Моментално ПОО 'Драматург' работи на реализација на делото на (име или псевдоним покриено со црно, м.з.) 'Алексијада', во чиј поднаслов авторот внел дека е историска траверсија (травестија, м.з. - и ова жанровско определување е подвлечено, м.з.). Веќе поднасловот укажува на тоа дека историскиот приод треба да послужи како повод за критички однос (а вероватно и критизерски по некои индикации) кон универзални појави, во случајов, критичен однос кон проблемот на власта и владеењето.



Историскиот фон го опфаќа владеењето на византискиот император Алексеј Комнен во првата половина на 12 век. Период на пороци, суровост, насилство и потиснување на секаква демократија и демократска идеа, тотално деградирање на човечноста во човекот и на моралните вредности, а исто така со асоцијации на нашава денешница (овој дел од белешката е подвлечен со две линии, м.з.)



На првите проби (псевдоним покриен со црно, м.з.) и 'Драматург' во своите експликации, со кои се фундира концепцијата на идната претстава, недвосмислено укажале пред колективот дека цел им е да ја прикажат суровоста на борбата за власт, дури и во современиов социјализам и со посебни асоцијации на Сталинизмот. Притоа авторот изнел дека првата верзија на ова дело 'Алексијада' (испуштен е глаголот 'ја напишал', м.з.) уште како ученик во гимназија. Иако звучи парадоксално, за исправноста на своите идеи во однос на оваа претстава, ПОО 'Драматург' се повикал и на најновата книга на Е.Кардељ.



Мој заклучок е дека се работи барем за сега, дека (име или псевдоним покриен со црно, м.з.) нашол во делото на ПОО 'Поет' (претпоставувам дека ова е псевдонимот на писателот Богомил Ѓузел, м.з.) солидна почва за спроведување на своите идеи, за што стана веќе збор погоре“.



Во оперативната забелешка на инспекторот пишува: „Изворот е стручно квалификуван за давање оценки во оваа област. Досега СДБ во повеќе прилики во таа смисла го користела. Сметам дека презентираните сознанија го заслужуваат вниманието на СДБ. Во таа смисла ќе бидат ориентирани и други наши оперативни позиции. Од поединци, квалификувани критичари, треба да се прибават дополнителни мислења за изнесените од изворот сознанија.



Во меѓувреме оперативно ќе се следи активноста на споменатите со цел да се приберат сознанија за нивните анархолибералистички гледања, како што е изнесениот случај за време на првите проби на драмскиот текст 'Алексијада'“.



Без оглед на полуписменоста на „стручно квалификуваниот“ извор кој тврди дека ме следел уште од студентските денови во Белград, оваа белешка за мене претставува скапоцено сознание како на мене гледала полициско-културната чаршија при крајот на седумдесеттите години. Во обидот да ме оцрни, изворот го одбележал континуитетот во мојот младешки и критички театарски ангажман. Не си спомнувам дека критичарот Мазов во „Пантаглез“ видел алузии на Октомвриската револуција, но си спомнувам дека еден професор по литература јавно ме наклевети дека во мојата фарсична претстава за револуцијата се вееле југословенски знамиња. Излажа. Во таа претстава се вееја црни знамиња.




Илинден во Хавана 1978



Следниот документ во досието 25630 е извештај од 15.06.1978 година. Изворот е одново покриен со црно, како и името на инспекторот:



„На 14.06.1978 година одржав контакт со изворот. Разговорот е обавен по негова иницијатива во неговиот стан. Сознанијата ги презентира усмено. Цел на разговорот беше да информира во врска со заминувањето на ПОО 'Драматург' во Хавана – Куба. Добиени сознанија: Од 27.07. до 08.08.1978 година во својство на главен режисер на југословенската програма В.Милчин ќе престојува во Хавана на Меѓународниот младински фестивал. Покрај него од Скопје ќе заминат уште 7-8 лица меѓу кои и Илинка (некој допишал Илинденка, м.з.) Петрушева, филмски работник во Домот на младите '25-ти Мај'. Со оглед да требаше да замине и вокално инструменталната група 'Леб и сол' од Скопје, по тој повод имав можности да дознаам дека заминувањето на В.Милчин е (следниот збор е напишан со рака, м.з.) протежирано од Белград. Интересно е што В.Милчин ваквите манифестации редовно ги следи и успева да се вклопи во истите“.



Во оперативните забелешки на инспекторот стои: „Податокот од изворот ќе биде проверен. Во колку 'Драматург' замине за Куба ќе бидат преземени мерки за оперативен увид – преку изворот (име или псевдоним покриен со црно, м.з.) и други наши оперативни позиции кои ќе престојуваат во Куба“.



Не знам каков бил оперативниот увид на СДБ за мојот придонес за југословенското учество на Фестивалот на младите и студентите во Хавана 1978 година. Организатор на југословенското учество беше Сојузот на социјалистичка младина на Југославија. Поканата јас да бидам еден од двајцата режисери на културната програма (другиот беше Благота Ераковиќ од Црна Гора) ми ја соопшти тогашниот претседател на Сојузот на социјалистичка младина на Македонија (името сум го заборавил, но беше кумановец). Но паметам дека претседател на Сојузот на социјалистичка младина на Југославија беше Азем Власи, а Срѓан Керим беше надлежен за меѓународната соработка на ССМЈ.



Моја посебна задача беше да го подготвам одбележувањето на празникот Илинден. За составување на програмата, јас и Благота ги имавме на располагање КУД „Орце Николов“ од Скопје, хорот „Колегиум музикум“ од Белград, музичките групи „Индекси“ од Сараево, „Септембар“ од Љубљана и џез-рок групата на Игор Савин од Загреб, ансамбл за модерен балет од Љубљана, еден фолклорен дует од Косово и еден поет од Војводина... Има ли смисла на денешниве новокомпонирани патриоти да им раскажувам за бесот на советникот на бугарската амбасада кога ни ја врати поканата за Илинденската вечер заедно со маицата со ликот на Гоце Делчев на која беше испишана неговата максима: „Светот го разбирам како поле за културен натпревар“? Има ли смисла да раскажувам за шокот на дипломатите од земјите на Варшавскиот пакт на централната трибина кога скопјанецот Тихомир Поп Асановиќ, клавијатуристот на легендарната група „Тајм“, во придружба на хорот „Колегиум музикум“, играорците од КУД „Орце Николов“ и рокерите од Љубљана, Загреб и Сараево, се симна од нашето карневалско возило и ги засвири првите акорди од „Македонија“ на Дадо Топиќ. Ечеше песната од моќното рокерско озвучување донесено со „Боингот“ со кој летавме до Хавана. Камерите на Интервизија (источниот пандан на западната Евровизија) директно ја пренесуваа песната за земјата на сонцето, разиграното живописно „Повардарие“, радоста на педесетината млади во маиците со Делчев и неговата максима. Доцна во ноќта, во резиденцијата на југословенскиот амбасадор, се славеше со мохито. Со нас беше и таткото на Че Гевара. Амбасадорот Смоле неколку пати ни го опишуваше бесот на бугарскиот амбасадор кој демонстративно ја напуштил централната трибина поради „присвојувањето“ на Илинден и Делчев.



Илинден беше на сет глас прославен во Хавана пред илјадници Кубанци и пред милионите гледачи на Интервизија. Се разбира, тоа го нема во досието 25630.



Тревога поради „Свечената вечера“



На 28.4.1980 година (една недела пред смртта на Јосип Броз, м.з.) составена е службената белешка од некој инспектор (името покриено со црно, м.з.) од испоставата на СДБ во Битола: „Предмет: Новата пиеса во Народниот театар во Битола. На ден 23.4.1980 година обавивме информативен разговор со Благоја Стефановски, артист во Народниот театар-Битола, во врска со подготовките на најновата претстава „Свечена вечера во погребното претпријатие“ од Иво Брешан. Благоја притоа истакна дека новата претстава што се подготвува всушност се нафрлала врз некои аномалии во нашето општество. Основна поента била грамзливоста на некои функционери во некое мало гратче, кои се неоткриени усташи и четници, моќта на парите и т.н. Во однос на политичкиот аспект оваа претстава била далеку покритичка од забрануваната „Свадбата на Мара“ од Владимир Костов. Подготвувањето на овој текст според Стефановски значело отворање на битолскиот театар кон современите театарски текови, смело и отворено пристапување кон општествените проблеми, а не занимавање само со стари и познати текстови.



Разговорот со Благоја Стефановски го обавивме под форма на случајна средба и неврзан разговор, така што не можевме подетално да добиеме вистинска слика за претставата „Свечената вечера во погребното претпријатие“ од Иво Брешан.



Со оглед дека беа добиени сознанија за проблематичност на овој текст, а овој разговор донекаде ги потврди ваквите сознанија, се налага потребата од нови контакти со лица кои би можеле поподробно да нѐ информираат за овој текст на Иво Брешан“.



Во горниот десен агол некој напишал: „Да се искористи заедно со другите материјали за драмата!“ Благоја Стефановски очигледно не знаел каква намера имал инспекторот и не бил свесен дека случајната средба ќе биде оквалификувана како информативен разговор во службената белешка.



Веќе следниот ден, 29.4.1980 година, истиот битолски инспектор составил нова службена белешка за истиот предмет: „На ден 28.4.1980 година обавивме информативен разговор со (име покриено со црно, м.з.), новинар и преведувач од Битола, (неколку збора покриени со црно, м.з.) во врска со подготовките на најновата претстава „Свечената вечера во погребното претпријатие“ од Иво Брешан. (Овде името и презимето на изворот не е покриено со црно, но јас не го објавувам зашто е починат, м.з.) притоа истакна:



Текстот на Иво Брешан 'Свечената вечера во погребното претпријатие' јас го преведов од хрватски на македонски јазик. Уште во текот на преведувањето дојдов до заклучок дека се работи за неподобен текст кој криво ја одразува нашата општествено-политичка стварност. Всушност се работи за текст кој има за цел да ги денунцира нашите функционери и да покаже дека нашето општество нема сили да им се спротивстави на некои појавени аномалии. Најчудно во целиот текст е што за разлика од корумпираните функционери во едно мало градче каде е сместена фабулата на драмата и немоќните непосредни производители пред бирократизмот, најчиста и најсветла личност која се обидува сево ова да го разобличи е еден информбировец кој за себе тврди дека е невино осуден, односно намерно поткажан од некого за време на РИБ (Резолуцијата на Информбирото од 1948 година, м.з.). Меѓутоа тој умира од инфаркт и не успева да ги изведе работите на чистина, а функционерите ги заташкуваат нечесностите и сѐ продолжува по старо. Тоа е и завршницата на драмата, а пораката е повеќе од очигледна.



Инаку, текстот е предложен од страна на режисерот Владимир Милчин, кој ја режира оваа претстава. Карактеристично е за битолскиот театар без поговор да се прифаќа секаков текст што ќе го понудат надворешните режисери. Претходно од Милчин беше предложен текстот 'Смртта на претседателот на куќниот совет' од истиот автор, бидејќи 'Свечената вечера во погребното претпријатие' ја подготвуваше Југословенското драмско позориште во Белград. Меѓутоа, во меѓувреме белградскиот театар ја прекина работата врз овој текст. Милчин веднаш преку авторската агенција стапил во контакт со Брешан и авторот се согласил Битолскиот народен театар да ја изведе како праизведба 'Свечената вечера во погребното претпријатие'. И покрај тоа што во текот на работењето врз овој текст се вршат отфрлувања на одредени делови сепак во претставата остануваат многу проблематични работи, а особено ликот на информбировецот Микац. Напоменувам дека овој текст има добиено Гавелина награда во времето на либерализмот“.



На крајот од белешката битолскиот инспектор пишува: „Разговорот со (името покриено со црно, м.з.) го обавивме заради добивање попрецизни сознанија за текстот 'Свечената вечера во погребното претпријатие' од Иво Брешан. Од изнесеното на (името покриено со црно, м.з.) очигледно е дека се работи за текст кој тенденциозно и карикирано ја слика нашата општествено-политичка стварност и припаѓа кон оние текстови кои имаат за цел да ги прикажат информбировците како чисти и прогресивни луѓе и на тој начин да ја искриват или скријат правата вистина и природа на нивното дејствување“.



Само една недела подоцна, на 6.05.1980 година инспектор од УСДБ-Скопје пишува службена белешка за лицата ПОО „Драматург“ и Димитар Станковски - „Дебелото“, режисер. Изворот е оперативната врска (името покриено со црно, м.з.). Состанокот е одржан на 30.04.1980 година во ресторанот „Победа“ од 18-19 часот на иницијатива на инспекторот. Оперативните трошоци изнесувале 50 динари. Цел на состанокот биле сознанија од интерес на СДБ за годинашното „Стериино позорје“ (фестивал на југословенската драма и театар, м.з.)“. Еве што известил изворот:



„На овогодишните театарски игри 'Стериино позорје' во Нови Сад во еден ресторан пред почетокот на претставата (не пишува која, м.з.) повеќе артисти и театарски работници од други републики водеа разговор за драмата на Иво Брешан 'Свечената вечера во погребалното претпријатие'. Еден од артистите имаше и книга драми од Брешан во која се наоѓа и спомнатата драма. Во дискусијата се раскажувале некои поединости од содржината, а разговорот го следеше и еден драматург од Словенија. После извесно време тој се вкључил во разговорот и на 'дискутантите' им кажал дека воопшто не ја разбрале драмата. По него драмата е општествено опасна со доста искривено прикажување на нашата политичка стварност и всушност претставува политички памфлет. Истовремено им замери на младите луѓе што не успеале да ја демаскираат и разберат.



По враќањето во Скопје разговарав со Владимир Милчин околу тоа и тој ми рече дека наскоро во негова режија како праизведба драмата од Брешан ќе ја постави во Битолскиот театар, а дека истовремено е предвидена во програма за 1980 година во Драмски театар во Скопје во режија на Димитар Станковски 'Дебелото'. Додаде и тоа дека за прв пат истата драма е објавена во театарското списание 'Пролог' од Загреб, пред година и пол, а пред 3-4 месеци во комплет со други драми. Инаку, истакна Владо, драмата почнал да ја режира пред два месеца Коста Спајиќ во Хрватско народно позориште во Загреб и прекинал режирање од здравствени причини (доживеал инфаркт)“.



Во оперативната забелешка, инспекторот запишал: „Податоците од изворот ги сметам за точни. Врз основа на досегашните податоци драмата 'Свечената вечера во погребалното претпријатие' претставува интерес. Заради потврдување на добиените сознанија превземени се оперативни зафати со цел да се добие квалификовано мислење за драмата. Досегашните податоци покажуваат дека драмата 'Збирка драми' не се продава во салоните на книгите во Скопје, а не ја поседуваат ни други лица освен режисерите ПОО 'Драматург' и Димитар Станковски - 'Дебелото'. Од наша страна, преку оперативна позиција ќе се настојува да се обезбеди назначената драма и стручни мислења за неа“.



Какво олеснување, каков успех на службата! Утврдила дека опасната книга не се продава во нашите книжарници! Што ли ќе преземела службата доколку се продавала? Ќе ја запленеле книгата? Ќе ги апселе оние што ќе сакале да ја купат?



„Свечената вечера во погребалното претпријатие“ предизвикала тревога во СДБ. За службената белешка од 27.05.1980 година инспекторот користел ДВАЈЦА соработници и ДВЕ оперативни врски (имињата се покриени со црно, м.з.). Во десниот горен агол со ракопис некој запишал: „Да се разговара со (име/псевдоним покриен со црно, м.з.) дали оваа драма е некаде изведувана: каде и кога“. Потоа друг допишал: „За овој проблем иницирав индикативна и спец. информација“. Одржале ПЕТ состаноци со соработниците и оперативните врски. Цел на состаноците била да се добијат квалификувани мислења и оценки за драмата „Свечена вечера во погребалното претпријатие“ од Иво Брешан која во Народен театар во Битола во режија на ПОО „Драматург“ требало да доживее своја прва праизведба.



Какви сознанија добил инспекторот?



Соработникот (име покриено со црно, м.з.): „Авторот на назначената драма поставена како гротеска, преку моралните вредности на ликовите врши исмејување на општествено-политичките структури кои моралната дисквалификација ја доживуваат низ целата драма. Истите се представени како некогашни припадници на разни квислиншки и предавнички групи кои после ослободувањето се приклучиле кон народната власт. Инаку, од алчноста за парите и лесно подлегнување на корупцијата губат секаква принципијалност и паѓаат сѐ подолу од еден неморал во друг неморал, наседнувајќи на скроените измами на двајцата дојденци. Единствено нешто светол лик е еден информбировец, инаку за време НОБ комесар, кој сфаќа дека се работи за измама, но им остава на измамниците да ја спроведат замислата со цел да ги исмеје представниците на општествено-политичкиот живот.



Драмата е исклучително црна слика на односите во општеството и лично сметам дека не треба да се изведува. Во програмата за 1980 година на Драмски театар во Скопје предвидена е во режија на Димитар Станковски „Дебелото“, и во разговорот со него дознав дека на есен ќе почне со припремите“.



Оперативна врска (име покриено со црно, м.з.): „Во извонредна драматуршка лабораторија, авторот во драмата 'Свечената вечера во погребалното претпријатие' ни покажува како пред неговото величество домарот (веројатно доларот, м.з.) секој може да подлегне. Невообичаено и неочекувано и носителите на власта, на општествениот и политичкиот живот, каде освен тоа авторот прикажува нивна похлепа, алчност за пари и корумпираноста, сликајќи го неморалот како главните и единствените својства на луѓе во кои е олицетворен системов на социјалистичкото самоуправување, на наш позитивен живот. Се добива впечаток на тенденциозно прикажување на најцрните слики и состојби меѓу луѓето и односи во општеството. Според авторот, лакомоста кон парите е појака од секаков морал и секаква идеологија, или луѓе со различни идеологии пред парата стануваат еднакви, без идеологија, а тоа е покажано низ ликовите на представниците на општествениот и политичкиот живот и ликот на попот со религиозна идеологија кои губат секакви морални критериуми и принципи кога од двајца измамници беа понудени со баснословно богатство и нереални ветувања за да се добие што поцрна слика наведените и исмејаните лица освен попот се и членовите на партијата, додека единствен почесен и позитивен лик е еден информбировец кој прави напори да ги разоткрие махинациите и да ја каже вистината за неморалот и постапките на главните протагонисти, корумпирани и подмитени.



Мое лично мислење е дека драмата, независно од тоа кој ќе ја режира, е обид на авторот да ги прикаже на најцрн и најгруб начин и најпосле исмее лица кои се дадени како општествено-политичките и носечките структури во кои нема ништо прогресивно, дури назадно. Според моите гледања драмата не би требало да се изведува, поготово не во овој момент кога секојдневно се постигнуваат добри резултати, зголемено производство и продуктивноста со крајно сериозно однесување на секој припадник на нашето општество.



Оперативна врска (име покриено со црно, м.з.): „Во разговорот изворот истакна дека во текстот нема ништо асоцијативно и негативно и дека Владимир Милчин би можел да направи добра претстава од тој текст, но се плаши дека Димитар Станковски „Дебелото“ би можел да ја изврти и направи негативна драма. Во оперативна забелешка ќе биде објаснет ваков став на 'Букет'“.



Соработникот (име или псевдоним покриен со црно, м.з.): „Драмата е извонредно добро драматуршки обработена, во Нушиќевскиот стил. Инаку представува политичка сатира. Тоа е направено низ договорот на добро припремена и смислена стратегија на двајца измамници со целта на авторот да се исмее општествено-политичкото раководство во едно мало гратче во Далмација. Авторот сакал да каже дека сме типично стоковно-потрошувачко општество, дека заради пари го губиме моралот, дека сме многу лабилно општество кое може секој да го изигра заради парите, особено долари, секој пробисвет. Ова е карикирање на нашето општество, во најцрна смисла на зборот, општеството во целина, работничкото самоуправување. Работниците имаат димензија на најобични примитивци. Работничката класа и не е толку слаба, но сепак е немоќна, оти сѐ во свои раце држи раководството. Потоа, прикажан е судир на националистички план – помеѓу домобраните и четниците (од времето на НОБ) остро поставен како да е тоа денес проблем број еден. Тоа е хрватско-српски национализам кого авторот сакал изричито да го прикаже. Позитивната личност е единствено еден информбировец, кој единствено знае да одреди морално-политичка и психолошка дијагноза на општеството и неговата перспектива виза-ви, постоечкото и легалното општествено и партиското раководство. Со другите зборови тој информбировец сака да каже – сите вие кои сте дојдени после мене сте ја продале оваа земја за долар. Главната неморална игра ја играат: директор на погребалното претпријатие, претседателот на месната заедница, секретар на месната партија и поп. Авторот сакал да каже дека сме ние идеолошки недефинирано општество, морално искварено. Информбировецот е чист поради тоа што авторот смета дека се тие единствено чисти, со здрава идеологија, кои се против стоковно-потрошувачкиот менталитет, и на крај на свечената вечера него сите му плескаат, т.е. му даваат за право, го поддржуваат. Тој како носител на идејата со некогашните сталинистички позиции??



Како што реков ова е политичка сатира, политички театар, или поточно општествено-политичка сатира: сѐ што се работи е низ политичка призма, низ политичките проблеми, ова е идеолошко-политичка сатира (а сатира е вид драма или прозното кажување во кое на остар начин се критизира или се подвргнуваат на критика одредени општествени појави во одредените пошироки и поуски општествени асоцијации).



Идеолошки ова е една деструкција на сите пори, на сите структури на општественото битие, идеолошки црна димензија на свеста особено на членовите на партијата и претставниците на општествениот и политичкиот живот. Тоа е карикатура на односите помеѓу луѓето, нивен морал поточно нивен неморал. Тоа е едно буниште на кое цветаат (метафорички кажано) аморални доларски апетити, на кои цветаат деструктивците“.



Во оперативната забелешка инспекторот напишал: „Податоците од изворите ги сметам за објактивни и квалификувани освен на (име или псевдоним покриен со црно, м.з.) кој бил пристрасен и не кажал ништо за драмата за што имаме и објаснување кое ќе го изнесам подолу. Драмата 'Свечената вечера во погребалното претпријатие' од Иво Брешан, ПОО 'Драматург' ја поставува во Народен театар во Битола и со неа смета, односно е предвидена за театарските игри 'Војдан Чернодрински' кои ќе се одржат во првата половина на јуни месец оваа година. Истата драма е предложена во репертуарот на Драмски театар – Скопје за 1980 година во режија на Димитар Станковски - „Дебелото“ кој во разговорот со соработникот (име или псевдоним покриен со црно, м.з.) изнел дека со припремите ќе отпочне на есен оваа година додека директорот на Драмскиот театар, Ристо Стефановски, исто така на (име или псевдоним покриен со црно, м.з.) му рекол дека ќе размислат дали ќе ја припремаат не наведувајќи ги причините за тоа. Соработникот (име или псевдоним пориен со црно, м.з.) даде писмено мислење за драмата но истото не содржи најдобри сценски квалификации бидејќи во извештајот повеќе акцент е ставен на драматуршките, содржинските и уметничките страни на драмата. Но делумно во писмениот извештај, а повеќе во усменото раскажување низ дијалогот што го водевме од (име или псевдоним покриен со црно, м.з.), заокружено, е добиено мислење наводно во добиените сознанија.



Оперативната врска (име или псевдоним покриен со црно, м.з.), мое мислење, го разбрал текстот најверојатно како и другите наши позиции, но поради потесна соработка со ПОО 'Драматург', единствената поддршка што ја има од еден режисер, и конфликти со управата на МНТ, не ни дал мислење. Тука треба да се земе во предвид дека (име или псевдоним покриен со црно, м.з.) поради ваквите и други однесувања представува интерес на СДБ, а истовремено претпазливо се користи како извор.



Соработникот (име или псевдоним покриен со црно, м.з.) поради итноста, даде усмено мислење, а накнадно ќе даде и стручна писмена рецензија“.



Тревогата околу „Свечената вечера во погребалното претпријатие“ резултираше со „визитата“ на членовите на Идеолошката комисија на ЦК СКМ и нивниот обид по одгледаната генерална проба да ги убедат битолските актери да ја „самозабранат“ претставата. Но за тоа во следното продолжение на фељтонот.



Владимир Милчин




Имам една нејаснотија, имено досието на Милчин е под број: 25,630 и е отворено на 9.10.1976 . Моето е под број 26 452 и официјално е отворено на 13.04.1993 година.
Моето досие е само 822 броја зад досието на Милчин а временската разлика е скоро 17 години.
15-09-2011, 07:44 PM
Reply
Makedonec Offline
Senior Member
****

Posts: 406
Joined: May 2010
Reputation: 8

(15-09-2011, 07:44 PM)ЈорданПетровски Wrote: Имам една нејаснотија, имено досието на Милчин е под број: 25,630 и е отворено на 9.10.1976 . Моето е под број 26 452 и официјално е отворено на 13.04.1993 година.
Моето досие е само 822 броја зад досието на Милчин а временската разлика е скоро 17 години.

Сакаш да кажеш,дека сега Фрчко може да те тужи што лажно го обвинуваш за 4000досиеја ??
15-09-2011, 08:25 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,948
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(15-09-2011, 08:25 PM)Makedonec Wrote:
(15-09-2011, 07:44 PM)ЈорданПетровски Wrote: Имам една нејаснотија, имено досието на Милчин е под број: 25,630 и е отворено на 9.10.1976 . Моето е под број 26 452 и официјално е отворено на 13.04.1993 година.
Моето досие е само 822 броја зад досието на Милчин а временската разлика е скоро 17 години.


Сакаш да кажеш,дека сега Фрчко може да те тужи што лажно го обвинуваш за 4000досиеја ??



Бројката за 4 000 досиеа од 1992 до 1998 година, не е моја, ја дал човек кој е овластен, директорот на Архивот на Македонија Доктор Зоран Тодоровски.

Мислам дека има уште нелогичности:

Quote:"На 9.10.1976 УСДБ – Скопје „заради проверка на добиени податоци што укажуваат на можност за постоење на непријателско дејствување“ предлага „ЗАВЕДУВАЊЕ НА ПРЕТХОДНА ОПЕРАТИВНА ОБРАБОТКА на лицето Милчин Илија Владимир. Предметот го носи псевдонимот Драматург. ПОДАТОЦИТЕ КОИ УКАЖУВААТ ЗА ПОСТОЕЊЕ НА НЕПРИЈАТЕЛСКА ДЕЈНОСТ СЕ ОДНЕСУВААТ НА: Порано беше интерес на СДБ поради анархолибералиситчки истапи и однесување; како студент на Академијата за театар, филм и РТВ во Белград учествува во студентските демонстрации /член на иницијативниот одбор/ во јуни 1968 година; соработувал со весникот „Студент“ /екстремна редакција/ (овде излажале, јас никогаш не сум пишувал во тој весник, иако не би се срамел поради тоа, напротив, м.з.); еден од основачите на весникот „Фокус“ од Скопје; основач на \\\\\\\'авангардниот\\\\\\\' театар \\\\\\\'Св. Никита Голтарот\\\\\\\'."


Не е можно Милчин да нема ДОСИЕ ОД ТОА ВРЕМЕ, од времето на протестите 1968 година.
Јас исто би требел да имам досие од 1969/70 година, студирав во Сплит и бев близок со студенските водачи на МАСПОК или Хрватската Пролет.



(This post was last modified: 15-09-2011, 08:55 PM by ЈорданПетровски.)
15-09-2011, 08:54 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,948
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:ДИПЛОМЦИ ЦРВЕНОГ УНИВЕРЗИТЕТА СА СВОГА ПУТА НЕ СКРЕЌУ


„Правото на избор ми е многу важно, бидејќи слободата да избирам е потребна за моето чувство на личност; оваа слобода е важна и за општеството, бидејќи само преку спротивставувањето на идеи можеме да се надеваме дека ќе го постигнеме идеалот на вистината.“ ~ Френк Чодоров (Американски филозоф)

Пишува Јордан Петровски

Пред извесно време имав мала приватна преписка со господинот Бранко Героски на темата „лустрација.“ Бидејќи преписката е интересна го замолив господинот Героски за дозвола—која ја добив—да објавам дел од неа, пред сѐ бидејќи содржи некои забуни кои се шират во македонската јавност. Се надевам дека Героски ќе се согласи дека ништо од неговите мисли не е извадено од контекст. Моја цел е да им појаснам на г. Героски и останатите што е нашето недоразбирање во врска со овој многу важен процес, кој ние го нарекуваме „лустрација.“

На мојата понуда г. Героски да го објави текстот „Лустрациски предлог до Собрание на Р Македонија“—предлог на Комитетот за демократизација на РМ (КДРМ), го добив следниов зачудувачки одговор:

Господине Петровски. Мислам дека Вашите ставови за законско решение за лустрацијата се апсолутно ирелевантни во контекст на Вашите „пресуди“ за тоа кој се е „кодош“ во Македонија. Каква смисла би имало да се расправа на темата лустрација, кога Вие веќе сте пресудиле дека Милчин, Ѓунер и многу други се „кодоши“? Имено, тоа го видов во повеќе Ваши коментари на ФБ, од кој се сеќавам на оној кај Миленко, на пример.

Прво, што се однесува до носење на неосновани „пресуди,“ ќе ги потсетам г. Героски и македонската јавност дека во 2010 година токму тој донесе „пресуда“ против МВР дека ги монтирало снимките во кои неговиот тогашен шеф Велија Рамковски зборуваше за неговото неколкукратно противзаконско работење. Озгора, откако излезе дека снимките биле автентични и неизменти, г. Героски не се произнесе со извинување за забуната која ја створи.

Второ, како едниствениот политички азилант од Македонија токму поради работењето на СДБ/ДБК низ 90-тите години на минатиот век, моите и ставовите на моите синови, се и тоа како релевантни во однос на темата лустрација! Доколку г. Героски има трошка почит кон Западните демократии, тогаш не би ме маргинализирал на овој начин!

И трето, доколку г. Героски го има прочитано текстот кој му беше испратен, ќе забележеше дека зборот „кодош“ воопшто не е спомнат. Напротив, ние не се залагаме за линч т.е. квазилустрација на „кодоши,“ туку се залагаме за изведување на подгазувачите на Уставот на РМ пред лицето на правдата—и македонското право! Јас, можеби наивно, мислев дека барем принципиелно моите и залагањата на г. Героски, тука се совпаѓаат. Ние (КДРМ) зборуваме за „лустрација“ која би значела ништо повеќе и ништо помалку од давање прилика на оние чии Уставни и човекови права биле подгазени низ работењето на СДБ/ДБК да можат да отпочнат судски процеси против оние за кои оштетените сметаат дека се виновни; па обете странки да се докажат на суд. Односно, нашиот „Лустрациски предлог до Собрание на РМ“ воопшто не е „пресуда“ за тоа кој сѐ е „кодош“ во Македонија.

Во најмала рака, очекувавме дека оние кои најмногу стравуваат од лустрација по теркот на Груевски, која како што сме сведоци, е ништо повеќе од средство за негова пресметка со оние кои моментално му пречат во остварувањето на неговите мегаломански фантазии, ќе го видат нашиот предлог како начин ем да се задоволат препораките на ЕУ во однос на расчистување со духовите на комунизмот, ем процесот да не се снижи на ниво на комунистичка чистка. Јас мислам дека оние чија совест е чиста, немаат зошто да стравуваат од судско докажување на својата невиност.


БЕЗ НАЛОГОДАВАЧИТЕ НЕ ЌЕ ПОСТОЕЈА „КОДОШИТЕ“!!

Но, бидејќи и подржувачите и противниците на лустрацијата во Македонија во главно ја темелат дискусијата околу „кодошите,“ практично ќе е првин да го разјасниме поимот „КОДОШ.“

Од моето искуство—а сепак сите работи кои се случија ми се во многу добро сеќавање, а и голем дел од нив се докуметирани на еден или друг начин—моите видувања треба да се со доста висок степен на веродостојност. Имињата на „кодошите“ кои полициско-политичкото подземје сакало да ги подметне се наоѓаат на првата страница од досието („Образец бр. 9“) кое ми беше дадено кога постапив согласно со Законот за постапување со досиеја. Овие луѓе СДБ/ДБК воопшто не се обидела да ги заштити: напишани им се полните имиња и презимиња. Но, всушност станува збор за луѓе кои биле оценети како неподобни за соработка со СДБ/ДБК.


[Image: scan0463_2.jpg]
[Image: scan0463_1.jpg]

Овие луѓе се нашле во моето досие, не по своја волја туку по волја на службениците во СДБ/ДБК. Луѓето чии што имиња се вметнати во „Образец бр. 9,“ односно „кодошите“ кои СДБ ми ги мести не се луѓето кои имале врска со вистинскиот проблем: овие луѓе не издавале налози за мое следење, тајна контрола на моите телефони, проучување на моите деловни врски, и слични задачи. Службениците во Министерството за врнатрешни работи биле тие кои го отпочнале и наредувале систематското прекршување на моите граѓански права.

Подметнувањето на дадените имиња во „Образец бр. 9“ е ништо повеќе од игра—обид да се дисциплинираат и казнат луѓе кои одбиле вистински да соработуваат со ДБК. Тие луѓе биле повикувани на информативни разговори и биле испрашувани за мене. На дел од нив по сослушувањата им биле „поставени задачи,“ (да го употребам вернакуларот на СДБ/ДВК) кои тие не ги извршиле. Сите тие луѓе во многу краток период откако биле повикани на сослушување ги прекинаа контактите со мене. Тие на сослушувањата зборувале за мене онака како што тие ме гледале, како што тие ме познавале; но ништо не лажеле, не правеле приказни дека јас сум подарил мебел за Универзитетот во Мала Речица, дека атентатот на Глигоров сум го договарал кај мене во ресторан со некои Бугари и сл.

Сега онаа битното, ако јас навистина сум имал група со која сум подготвувал насилно рушење на Уставниот поредок, дали ако некој од повиканите на сослушувањата го изнел тој податок, ќе е„кодош“? Јас велам: не, тој ќе бил само лојален граѓанин кој си ја исполнил задачата во зачувување на државата, т.е. Уставниот поредок.


АНАРХО-КОЛЕКТИВИСТИ

Дали „ДАРАМАТУРГ“ бил „кодош“? Тој морал да биде многу, многу повисоко во хиерархијата на чуварите на КОМУНИСТИЧКИОТ ПОРЕДОК. Владимир Милчин бил следен после Студентските протести од 1968 година, кои беа протести против Тито и „Црвените буржуи.“ Но, клучно протестите во ’68 не беа барања за демократија, човекови и пазарни слободи, и наптревар во кој способните ќе одат напред. Напротив, „68-машите“ протестираа против Титовото „скренување“ од марксистичкиот пат на еднаквоста во сиромаштијата, каде неспособните ќе бидат еднакви со способните.

Во времето кога Милчин го оспори Законот за лустрација пред Уставен суд, законот не вредеше ни пет пари. Клучно, Милчин не ги оспори слабостите на законот, ниту пак вистински антиуставниот дел од Законот: Комисијата како пара-суд. Напротив, тој ја оспори примената на Законот после 1991 година тврдејќи дека:

„Создавањето на Република Македонија како држава во состав на федерална држава Југославија во 1944 година, нејзиниот полувековен развој со јасни белези и атрибути на ДРЖАВА, несомнено е најзначајната алка во историскиот развој на борбата за македонска современа државност.

Според тоа, органите на државна безбедност и нивните соработници, информатори работеле во согласност наведените прописи како и налозите и ПОТРЕБИТЕ НА ВЛАДИТЕ(м.з). Што е, впрочем, иста ситуација и сега!“

Нема да има ништо спорно доколку органите и нивните соработници работеле во согласност на сите прописи. Но, доколку работеле надвор од прописите, тогаш ќе треба да се гонат за пречекорување на службените овластувања и ќе треба да сносат одговорност по постоечките закони кои предвидуваат санкционирање на пречекорувањето на службена должност.

Меѓутоа, овдека има уште поголем проблем: во 90-тите години на минатиот век, кога биле отворени/водени околу 4.000 досиеја, зборуваме за носење на прописи и уредби од страна на ВЛАДИТЕ на РМ кои се косат со Уставот на РМ, и кои биле за ПОТРЕБА НА ВЛАДИТЕ (како што вели Милчин), значи, зборуваме за ЗЛОУПОТРЕБА НА ИНСТИТУЦИИ НА ДРЖАВАТА ЗА ЗАЧУВУВАЊЕ НА ВЛАСТ на една партија или една идеологија!

Конечно г. Милчин го прескокнува делот од член 7 на Резолуција 1096 на Советот на Европа која се однесува на злоделата на комунистичките режими кој вели: „До толку повеќе; доколку лицето ги прекршувало човековите права, неговиот приговор дека само извршувал наредби не ја исклучува ниту противправноста, ниту неговата индивидуална вина.“

Владе Милчин себе си се претставува како „либерал,“ но тој е чист колективист. Јас не го сметам за „кодош,“ туку за еден од идеолошките предводници на прогонот спроведен од страна на СДБ/ДБК за време на 90-тите години на минатиот век. Тој, како член на претседателството на СДСМ во овој период не можел, а да не биде дел од одлуката да се фрли во заборав штотуку прогласениот „хуриет“ и изгласаниот Устав. Но, не е мое да „пресудам“ дека бил тоа, исто како што не е и на г. Героски да „пресуди“ дека не бил тоа, сѐ додека не се направи една здрава истрага во работењето на СДБ/ДБК.


СОРАБОТНИКОТ МИЛЧИН

Како што веќе имам пишувано, доколку треба кривично да се гонат цивилни лица, односно лица кои не биле припадници на МВР, во врска со антиуставното работење на СДБ/ДБК, тоа се соработниците. Тие се луѓето кои се изоставени од досиејата, но нивните дејствувања за периодот комплетно се совпаѓаат со плановите за „мерки и активности“ на СДБ/ДБК во однос на преметите на обработка. Еден таков за кој имам пишувано е кумановчанецот Предраг Димковски носител на Оперативна обработка „РИМЉАНИН,“ (познат како „Пепи Дебел“) кој иако ми беше верна сенка во годините кога ми е водено досието никаде не се споменува како испрашуван. Но, Службена белешка ев. бр. 363 од 19.04.1995 год. информира дека СДБ „обавила“ разговор чија цел била „добивање на сознанија за активноста* на ОО ‘РИМЉАНИН’.“

Овој „Римљанин,“ и покрај мојата крајна незаинтересираност и неминовно одбивање, не испушташе прилика да на секое наше патување во Софија, се обиде да ме однесе на посета кај Красимир Каракачанов во штабот на ВМРО СМД. Слично, во споменатата Службена белешка, испрашаникот информирал дека „забележал дека Предраг ХХХХХХХХХ редовно ја напаѓал постојната власт, нарекувајќи ја со погрдни зборови, дури рекол дека ќе мора да се вооружаат, за да можат власта да ја земат со сила, бидејќи по мирен пат [ВМРО ДПМНЕ, м.з.] немаат шанси да ги добијат изборите“ (мое налгасување).

Причината за ваквото однесување на оперативецот „Римљанин“ е да ѝ дава изговор на СДБ/ДБК дека помеѓу членовите и симпатизерите на ВМРО ДПМНЕ имало лица блиски до ВМРО СМД—„бугараши“—како и радикали кои биле поготвени насилно да го срушат Уставниот поредок на Републиката. На тој начин соработникот на Службата, на Службата ѝ давал оправдување за својата работа. Но, едниствениот начин на кој можеме да стасаме до изведувањето на овие заштитени соработници на СДБ е низ спроведување на судски постапки против оние кои не се сокриени, а се запознаени со работата на соработниците: службениците и функционерите на МВР.

Истово ова—„местење волеи“ на Службата—го стори и Владимир Милчин со неговата претставка пред Уставен суд на РМ кога на неговите колеги поддржувачи на апсолутизмот во Македонија им даде оправдание да ја поништи лустрацијата по 1991 година. Како и во случајот кога „Римљанин“ бил „радикалот,“ при што немало реален основ за гонењето на оние околу него; така и фактот што темелот на претставката на оперативецот „Драматург,“ дека „органите на државна безбедност и нивните соработници, информатори работеле во согласност наведените прописи како и налозите и потребите на владите,“ иако се коси со самиот Устав, беше доволна причина за Уставен суд да ја квазилегитимизира својата претходно донесена одлука.


НЕ ТРЕБА ДА СЕ СРАМИМЕ ОД ТОА ШТО СМЕ

И сега доаѓаме до она суштинското што Македонија ја држи цврсто прикована на дното. Тоа не се ниту Груевски, ниту Црвенковски самите по себе. Напротив, клучен проблем за интелектуалната стагнација на Македонија е фактот што пропагандистите на едноумието се претставуваат како „новинари“ и „непартиски интелектуалци.“ Исто како што Милчин лажно се претставува за либерал, така и г. Героски и останатите новинари и „интелектуалци“ се промовираат како бескомпромисни борци за демократија и за македонското интегрирање во ЕУ и НАТО. Но, на дело критериумите за демократија на западниот свет (на ЕУ и НАТО), како и клучните постулати на слободното општество—правото на лична слобода и лична сопственотст на секој поединец—де факто не ги признаваат и не ги почитуваат.

Конкретно Героски дозволува во весник на кој е заменик на главниот уредник, колумнист да е човек за кого е докажано дека ги кршел човековите и Уставните права и слободи. Зборувам за уште еден лажен либерал: Љубомир Далниов Фчркоски, под чија палка биле отворени барем две (моето и она на Б. Стојаноски) досиеаја од „политички и идеолошки причини,“ односно за потребите на тогашната Влада на РМ. Господинот Фрчкоски е на слобода и не е осуден од суд за своите кривични дела, не поради тоа што тој се докажал како невин, туку поради тоа што СДБ/ДБК, Јавното обвинителство и судството вешто го штитат и му даваат прилика тој да го избегнува соочувањето со правдата, како и правилата на македонското општество, кои тој самиот ги напишал!

Сите ние имаме право на различни гледања на светот. Тоа ги вклучува и колективистите за лична потреба Милчин и Фрчкоски. Не е проблем ниту тоа што и Героски има слична политичка идеологија со нив. Проблемот е што тие погрешно се претставуваат како застапници на идеологијата на слобода, пазарно општество и еднаквост пред законите; кога тие всушност се застапници на идеологијата на насилен грабеж „за потребите на владата,“ еднаквост (на народот) во сиромаштија и елитизам изразен преку првилегираност пред законите за едни, а подгазување на други.

Проблемот е што она што официјално се претставува за опозиција и опозициско новинарство во Македонија се жали за апсолутизмот на Груевски, но има проблем само со Груевски, а не и со апсолутизмот воопшто! Напротив токму Фрчкоски, Исмаил и Милчин—кои Героски ги зема во заштита—го одржаа апсолутизмот во живот и после официјалното напуштање на комунизмот. Сето нивно противење на лустрацијата како идеја, а особено за „лустрација“ каква што КДРМ предлага—е само нивни напор за продолжување на истиот тој тоталитаризам; со едниствена желба, тие еден ден да се вратат на врвот на апсолустичката пирамида.



*Она што го издава „Римљанин“ за соработник на СДБ е користењето на уникатната фраза „добивање на сознанија за активноста на ОО ‘Римљанин’.“ Имено, доколку „Римљанин“ бил следен како предмет на обработка, јазикот што се користи во таа пригода е следниов: „Разговорот имаше за цел добивање безбедносно интересни сознанија и податоци во врска со ПО ‘Црни’.“ (СБ; I Управа УДБК Куманово, ев. бр. 1746; 22.12.1995 год.)



Авторот е претседател на Комитет за демократизација на Р Македонија
(This post was last modified: 15-04-2012, 07:28 PM by ЈорданПетровски.)
15-04-2012, 07:23 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,948
Joined: Mar 2010
Reputation: 36


Quote:Branko Geroski

Thursday at 03:58 ·
Со мало задоцнување, да го пријавам овде мојот одговор на нападите од провладините медиуми врз Плусинфо и врз мене лично. Синоќа вечерта ѝ ја посветив на Треска и немав време, ни желба, а ниту саглам интернет конекција, за да се занимавам со идиотиве што ме хејтаат на профилот кај Илија Димовски. Гледам, побрзал и Африм алијас Миленко да направи листа на бесење и мене ме ставил на второ место, веднаш зад Владе Милчин. Навистина, што може човек на овие кретени друго да им каже, освен - море марш таму, абдали едни!

Плусинфо не е Курир на полицијата
http://www.plusinfo.mk
Во либералните општества, медиумите се срамат кога се курири на полицијата, а се гордеат кога се верни чувари на демократијата, на слободата и на правдата - Македонија, додуша, е неслободно општество, но затоа ние сме слободен медиум, кој му пркоси на дунстерајот на пропагандистите на власта.
2Like · · Unfollow post · Share
Vlade Gjorcev, Nančo Nikolov and 27 others like this.


Quote:Goce Jovcev

Ine treba da bide
Thursday at 04:14 · Like


Quote:Dimitar Skopje

Геро, сосем ок е текстов, за секого важи правилото невин додека не се докаже спротивното, па и црн гавол да е. Едно прашање: исто ли известуваше и беше воздржан плусинфо и за невиноста на полицаецот кој убо двајца сограгани во Гостивар? Однапред фала за одговорот.
Thursday at 04:44 via Mobile · Like


Quote:Branko Geroski

Димитар, Плусинфо, како и другите медиуми, ја пренесдоа приказната на полицаецот, за тоа како го нападнале, за девојчето кое било престрашено итн. Инаку, за разлика од овој кејс, полицаецот веднаш призна дека ги убил двајцата во Гостивар. Според тоа, одговорот е - да, Плусинфо коректно известуваше за тој настан.
Thursday at 06:37 · Like


Quote:Dimitar Skopje

Ете, така мислите, ок. Не мислат сите така, тоа е и убавината на демократијата. ДА, полицаецот призна, но се користеа зборови (а за вас новинарите зборот е оружје) како „МОМЧИЊА“ за мажи од 30 год, како и УБИЕЦ за неосудениот. Не знам дал знаеш, самото признание не значи и дефинитивна вина,има секакви приказни, знаат луге од таа фела.
Thursday at 07:07 · Like


Quote:Jordan Petrovski

Господине Геровски, Курир е "курир'на плицијата а вие чиј "кирир" сте?
И за вас постои само една вистина вистината на Милчин & Co ?
Ја објавувате само нивната "вистина" за лустрацијата ... за препораките од советот на Европа.
Thursday at 09:26 · Like


Quote:Miroslav Pop-Nikolovski

Vistinata e samo EDNA , sekako za tie sto razmisluvaat so svoj um, dodeka za podlizurkovcite i platenicite moze da postojat poveke...
Thursday at 12:13 · Like


Quote:Slavko Trpcevski

Jordan sakame zakoni a ne policiski bilteni vo novinarski kuki.Dosta me branat nekoi kvazi patrioti pa da im goltam od nivnite gnasni lagi.Spored Jankulovska bese radikalni islamisti ,denes e druga prikazna .zatoa postojat mediumi koj ne mislat kako vlasta .I ne moze nekoj da bide sud a da e minister na MVR .
Thursday at 15:31 · Like · 1


Quote:Jordan Petrovski

Во моето мислење нема никаде подршка за Јанкуловска и глупоста која ја прави, така да Славко негледам зошто ми се обраќаш како на заштитник на Јанкуловска.
Јас баш укажувам на тоа. Ако ја судиме власта на Груевски за тоталитарност и едноумие неможе +ИНФО да му дава за право на Милчин, Жарко, Најчевска кога ко бранат едноумито и тоталитарноста на власта на Црвенковски со глуподста дека Уставот донесен 1991 година бил демократски. Па тој устав и денеска.
Неосудувањето на постапките на Фрчковски, Чокревски не му дава право на +ИНФО да ја напаѓа Јанкуловска.
Thursday at 16:24 · Like


05-05-2012, 01:27 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,948
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Branko Geroski

Почитуван Јордане, сакам да ви кажам дека претерувате. Прво, го објавив Вашиот став за лустрацијата и немам намера да ги објавувам Вашите собрани дела на таа тема. Јас НЕ СУМ ВИНОВЕН што Вие, според Законот за лустрација што го поддржувате (барем генерално), сте КОДОШ! Во мојата приватна преписка со Вас, јас Ви реков дека верувам во Вашите аргументи, верувам дека сте биле изиграни и изманипулиранми еденм период да соработувате со СДБ (деталите сами ги раскажавте), но тоа не го менува клучниот факт - според нашиот закон, Вие сте кодош и кога би биле во Македонија, веројатно законот би Ве закачил. Патем, Ви дозволив да објавите дел од мојата преписка со Вас, иако Вие не го обвјавивте и овој дел, кој сџега го спомнувам. Ве молам за минимум коиректност од Ваша страна, за да можеме да останеме пријатели на ФБ. Јас сум близок со Милчин и со него имаме многу заеднички ставови за состојбите во Македонија, но Вие немате аргументи и секако, немате право да тврдите дека сум било чиј „курир“. Тоа е непристојна навреда од Ваша страна. На такво ниво, во иднина, со мене нема да може разговарате.
Yesterday at 03:16 · Like


Quote:Jordan Petrovski

Господине Героски, јас постапив коректно до крај. Текстот во кој употребив дел од нашата приватна преписка Ви го пратив на 12 април 2012, како што Ви ветив, за да Ви дадам можност да ми укажете на мој евентуаленј пропуст или злоупотреба на преписката. Од Вас немаше никаков коментар, што значи дека се согласивте со изнесеното.
+ИНФО не објавува ставови на Владата, ниту пак на трети странки, туку еклузивно се до објавувањето на ставовите на одредена групација на луѓе. Тоа го прави вашиот портал нивни гласник, и во таа смисла ништо поразличен од порталот курир.мк, или влада.гов. Ако +ИНФО е независен и објективен портал и не е ничиј „курир“ ќе го објавеше мојот текст, па споменатите во текстот ако мислеа дека текстот содржи невистини, можеа да напишат деманти, и така ќе видевме каде е вистината за тоа кој навистина ги кочи процесисте на демократизација и евроинтеграција на Македонија; како и за тоа „кој го створи Груевски.“

Текстот Господине Героски го објавивме на нашиот сајт ДИПЛОМЦИ ЦРВЕНОГ УНИВЕРЗИТЕТА СА СВОГА ПУТА НЕ СКРЕЌУ на 22 Април 2012 година. Значи десет дена сум чекал на ваша реакција.

А сега, да укажам на вашата лоша интерпретација на моите ставови околу „лустрацијата.“ Во текстот кој го имате уште од 12 Април, напишано е следново:
-,,Напротив, ние не се залагаме за линч т.е. квазилустрација на ’кодоши,’ туку се залагаме за изведување на подгазувачите на Уставот на РМ пред лицето на правдата—и македонското право! Јас, можеби наивно, мислев дека барем принципиелно моите и залагањата на г. Героски, тука се совпаѓаат. Ние (КДРМ) зборуваме за „лустрација“ која би значела ништо повеќе и ништо помалку од давање прилика на оние чии Уставни и човекови права биле подгазени низ работењето на СДБ/ДБК да можат да отпочнат судски процеси против оние за кои оштетените сметаат дека се виновни; па обете странки да се докажат на суд. Односно, нашиот ‘Лустрациски предлог до Собрание на РМ’ воопшто не е ‘пресуда’ за тоа кој сѐ е ‘кодош’ во Македонија.
Во најмала рака, очекувавме дека оние кои најмногу стравуваат од лустрација по теркот на Груевски, која како што сме сведоци, е ништо повеќе од средство за негова пресметка со оние кои моментално му пречат во остварувањето на неговите мегаломански фантазии, ќе го видат нашиот предлог како начин ем да се задоволат препораките на ЕУ во однос на расчистување со духовите на комунизмот, ем процесот да не се снижи на ниво на комунистичка чистка. Јас мислам дека оние чија совест е чиста, немаат зошто да стравуваат од судско докажување на својата невиност.“
19 minutes ago · Like


Quote:Jordan Petrovski

Околу „кодошлакот.“ Јас по ниеден закон, ни оној на Андов, ни овој што сега го подготвува Груевски неможам да влезам во рамката „кодош,“ од една проста причина: иако Службата ми задавала задачи, јас не сум ги извршувал. Тука лежи разликата помеѓу соработувањето со СДБ, т.е. „кодошењето“ и несоработката, односно добивање на тапија за „некодошлак.“
Вие иако сакате да го прескокнете тоа, факт е дека партијата ВМРО ДПМНЕ била предмет на обработка на СДБ во деведесетите години на минатиот Век. Тоа го потвредуваат самите досиеја, и истото беше наведено во текстот Лустрациски предлог до Собрание на Р Македонија, кој вие одбивте да го објавите за да не допре до дел од јавноста, јавноста која вие ја држите под информативна блокада прикажувајки ја Милчиновата "вистина" како едниствена.
Службата после Кичевскиот конгрес имала планови за кадровско и идејно „рекомпонирање“ на ВМРО ДПМНЕ. За моја несреќа, но за уште поголема несреќа на УДБа и нејните први луѓе во Македонија: Фрчкоски, Јаначковиќ, Верушевски, Аврамовски и др. сум бил виден како подобен за една од главните улоги во нивната игра, за која УДБа со нејните аргати од Македонија ме подготвувала неколку години.

На „тестот“ дали сум достоен за помошник на Шутурков и главен трансмисер на парите на УДБа кои треба да влезат во ВМРО ДПМНЕ и конечно да се купи Љубчо Г сум паднал. Планерите на УДБа згрешиле во проценката на моите карактерни особини—сепак не сум бил пачавра која се продава за ќесе пари, како што тоа го стори Даравелски. Од моментот кога паднав на „тесто“, почнува показната вежба дека УДБа не може да згреши. За таа цел се прави нов план со кој ќе треба да се докажат ИНДИЦИИТЕ заради кои ми е отворено досието, како и гласините дека ВМРО ДПМНЕ се финансира од Бугарија.

Дали треба да го земам вашиов коментар (и емаилот) како индикација дека вие го објавивте мојот текст во +ИНФО со цел да го спинувате она што СДБ/ДБК/МВР го немаат демантирано 14 години? Доколку сум „кодошел“ јас би бил заведен во нечие досие како давам отчет за „постапување по договорените задачи.“ Понатаму, мојот „кодошлак“ требало/треба да го има во досието на партијата ВМРО ДПМНЕ. Тоа можете Господине Геровски и Вие да го проверите доколку појдете во архивот и го прочитате досието на партијата. Ако го нема таму моето „кодошење“ еве ќе го најдете во текстот „ПОЛИЦИЈА И ПОЛИТИКА“ ПОЛИЦИЈА И ПОЛИТИКА, објавен на 28.05.1998 година. Јас кога „кодошам,“ тоа го правам јавно со цел да им давам шанса на „кодошените“ да ме демантираат.

Вашите закани дека ќе ме отстраните оти имаме различни гледања не придонесуваат ништо кон целта да се исправата грешките во македонското општество.
П.С. побарајте го досието на Ристо Шишков и прочигтајте го, па тогаш ќе видите што значи зборот кодош и кои привилегии носел и за жал сѐ уште носи кодошлакот.
4 minutes ago · Like
05-05-2012, 01:38 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,948
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Милчин: Сите живеат во илузија дека власта нема да им тропне на врата











Власта на која беше дел Милчин, "тропаше на врати" на оние кои и беа идеолошки противници. Бидејки тогаш Мичин и оние кои наводно беа борци за заштита на човековите права тоа тропање го одмолчаа, сега негледам кредибилитет кај Мичин да повикува на осуда на таквото однесување на производот на неговото молчење, власта предводена од Груевски.
27-07-2012, 12:22 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,948
Joined: Mar 2010
Reputation: 36


Quote:Jordan Petrovski

Власта на која беше дел Милчин, "тропаше на врати" на оние кои и беа идеолошки противници. Бидејки тогаш Мичин и оние кои наводно беа борци за заштита на човековите права тоа тропање го одмолчаа, сега негледам кредибилитет кај Мичин да повикува на осуда на таквото однесување на производот на неговото молчење, власта предводена од Груевски.
50 minutes ago · Like



Quote:Dame Chkatroski

pa neka go osudat drugi ,sto cekaat .Kup intelektualci
48 minutes ago · Like



Quote:Dame Chkatroski

Vlasta vo koja bese Milcin ,toa e dolga rabota za diskusija ,taka da nema da vlezam vo neze sega .
47 minutes ago · Like



Quote:Jordan Petrovski

Даме, по се оние слободоумни интелектуалци кои ги повикуваш да реагираат, гледаат сеир, пресметката е внатре во фамилијата чувари на едноумието. Милчин не го "суди" Грујо како слобоумен интелектуалец, ако бил таков Милчин ке го осудел и Бранко, кој наместо да воведе демократија го продолжи бившојугословенското едноумие.
34 minutes ago · Like



Quote:Dame Chkatroski

Jordane se te razbiram ama ova e 2012 i situacijata e daleku pokomplicirana od 1992
33 minutes ago · Like



Quote:Dame Chkatroski

i Makedonija isto taka
29 minutes ago · Like



Quote:Jordan Petrovski

Даме по прашање на човекови права и употреба на тајната полиција во партиски цели ситуацијата е иста. Затоа пак ке повторам, се работи за пресметка внатре во фамилијата. Дека незборам од ракав зборува тоа што еден од троицата главни чувари на едноумниот систем и бивш министер на МВР во владата на Црвенковски, Силјан Аврамовски е заменик на Сашо Мијалков.
22 minutes ago · Like



Quote:Dame Chkatroski

Iskreno ,postot e so sosema druga priroda.Znaci covekovite prava se vo takva mera dovedeni vo prasanje da e sistemsko vejke resenie ,a ne perosnalno i subjektivno.Koga Partija se samo/proglasi deka preminuva vo Dvizenje ,a iskreno mene ne me interesira personalni resenija togas .Stavigo koj sakas i nema da se ogradi ,igra i toj poedinec vo sistemot,taka da rabotata so intelektualci stanuva ...interesna
13 minutes ago · Like



Quote:Jordan Petrovski

Јас исто зборувам за системските пропусти Даме. Ако куќата ја утнеш во темелот, нема да земеш ниту совет а не пак да му дозволиш да ја исправа грешката истиот "мајстор".
3 minutes ago · Like
27-07-2012, 01:24 AM
Reply