Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 6 Vote(s) - 3.17 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
НОВ МАКЕДОНСКИ КОДОШ-ДРАМАТУРГ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#21


Quote:Нема демократија без кодоши

[Image: D2A53A66E120114696BE7D2F68018220.jpg]
Зоран ДИМИТРОВСКИ

Неверица, шок, констернација! Медиумите и Комисијата за лустрација згрмеа дека е извесно првиот човек на највлијателната невладина фондација во Македонија да ти бил кодош! Ма можно ли е? Чпиун да ти раководел со фондацијата што исконски се бори за демократија и за човекови права? Жандармски доушник да ти командувал со организацијата која искорна нокти да го жигоса, море да го ничкоса режимот на Груевски како тоталитарен, кимилсунговски, лукашенковски, милошевиќевски, хитлеровски! И сега - што? Ништо! Логично е овие лепенки за сегашниот режим да си останат, зашто тие се, нели, вистина која не смее да се доведува во прашање, а на кодошот да му се даде лавров венец за долгогодишно кодошење.
Владимир Милчин, режисер и општественик, деклариран борец за отворено општество во Македонија, делител на пет милиони евра катагодина од почетокот на 90-тите за развој на слободни медиуми, за демократија, за права на малцинствата и маргинализираните групи... со пари на милијардерот Џорџ Сорос, унгарски Евреин кој заработи на комар против фунтата и други светски валути, пред неколку месеци даде интервју за неделникот „Публика“. Таму, на мојата досетка дека Џорџ во една пригода изјави оти немало друга, алтернативна, кадарна елита, та затоа во Македонија, за разлика од другите земји на Источна Европа, ги поддржал посткомунистите - социјалдемократите, Милчин рече дека се сеќава на една друга мисла на неговиот газда. Имено, на мислата дека комунистите најдобро го знаеле режимот однатре и затоа можеле полесно да го срушат! Ашколсун! Толку добро го знаеле што неговите механизми - на кодошење, де, ги употребувале за потемелно да ја инсталираат демократијата. И да ги утврдат човековите права - на кодошите! Затоа толку гласно, цврсто и силно шефот на македонската Сорос-фондација се бореше против лустрација! Доследно.
Македонската демократија е всушност уникатен производ - ги отчукуваме, ги кодошиме недемократите, за потоа да ги уцениме да станат демократи. Сосила! Море Господ нека им е на помош ако не станат демократи. Кодошкратија!
Дваесет и две години по падот на железната завеса во Источна Европа, нашата држава е последната која с` уште не расчистила со своето комунистичко минато. Попусто Европа, и Брисел и Стразбур, тоа го бараат од нас. Ние не сакаме да се збогуваме со комунизмот. Тој ни ги даде кодошите. Ние сакаме да ги овековечиме. И Србија и Бугарија не се цвеќиња за мирисање. И во двете држави на власт с` уште се луѓе на поранешните служби. Ама Бугарите барем им се извинија на сите жртви на комунизмот и ги закачија имињата на кодошите на сите можни веб-сајтови и ги обнародија по весниците, а Србија с` уште ги лекува раните од Слобо, та не може да се раскодоши.
Ние, пак, по триста перипетии некако усвоивме закон за лустрација, во кој кодошите имаат повеќе права од кодошените. Жртвите на кодошењето и нивните семејства, како, на пример, поетот Котевски, не смеат ниту да ги пропелтечат имињата на оние што им го уништиле животот, зашто ќе одговараат на суд. Кодошкратијата царува. Кодошите се на цена. Море им расте цената. Бесценети се.
И замислете, каква мизерија. Пред неколку дена разбравме дека и организацијата што во Македонија с` уште се претставува за Хелсиншки комитет за човековите права, да не ти била автентична, туку фалц. А само пред неколку месеци обнародија дека и во неа имало кодоши. Некои од нив ги кажаа, се сеќавате нели, со име и презиме. А велат дека имало и уште. И што сега? Ништо, повторно. Човековите права најдобро се унапредувале ако се накодошеле оние што не биле борци за кодошки права. Кај меѓународната, де!
Доаѓа време за раскодошување и на новинарите, веројатно истовремено или подоцна и на поповите. Многумина упатени за лустрацијата во Македонија рекоа дека немало да сме имале држава ако сме ги раскодошеле сите кодоши. Тие да ти биле крвоток на системот, срцевина на општеството. Без нив не можело да продолжиме да постоиме. Ова да ти било држава на кодошите. Ги имало меѓу најелитните новинарски пера, меѓу врвните професори од државниот универзитет, во Академијата, во Црквата, во медиумите... Вриело од кодоши. И во мојата редакција, велат, свиле гнездо.
Волшебно! Чекам Уставниот суд, раскодошен каков што е сега по откривањето на кодошот во своите редови, резолутно да ја запре лустрацијата. Таа не смее да продолжи! Без кодоши - нема демократија, ма нема ни Македонија. Уште полошо - нема ниту Европа, ниту НАТО! А чуму ни е нам тогаш животот?
ИЗВОР
23-07-2011, 03:08 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#22


Quote:Неславен крај за комунистичкиот драматург


Драматуршки, на овој херој од нашето време на краЈот му дојде - крајот. Би рекол, доЈде краЈот на една темна, ригидна, тајно-полициска и кодошка ера во врвовите на македонската политика, невладини организации и новинарство

Чешките антикомунисти, предводени од Вацлав Хавел, го објавија легендарниот слоган: ‘Само антикомунистите се полоши од комунистите!’. Некој ќе се запраша што тоа значи? По примерите на многу посткомунистички земји во Источна Европа, тоа значи дека методот на пресметка на антикомунистите со комунистите е ист со комунистичкиот метод на пресметка со антикомунистите. Методот на елиминација на политичките противници на комунистите се состоеше во брутална политичка или физичка елиминација на своите политички противници. Но, по падот на Берлинскиот ѕид и воспоставувањето на демократија во Источна Европа, тој метод е апсолутно анахрон. Антикомунистичките теоретичари, од нивото на Хавел и Лех Валенса, подразбираат борба и судир на политички идеи, а не елиминација на своите противници!

Еден од најпознатите српски политиколози, Јовица Тркуља, во својата книга ‘Освојување на демократијата’, прецизно напиша: ‘Да ги заборавиме историските, националните, но пред с` политичките недоразбирања и да воспоставиме нов модел на демократска политичка култура’. Значи, демократијата не подразбира дефицит на политичка борба, туку суфицит на различни и спротивставени политички и идеолошки идеи. Разликата меѓу посткомунизмот во Источна Европа и оној во Србија и во Македонија е во тоа што новопоставените демократски општества во земјите како оние од Вишеградската група (Полска, Словачка, Чешка и др.) од една страна и транзициските општества во Србија и Македонија се разликуваат во својата базична основа.

Србија и Македонија, како држави од екс-СФРЈ, немаат изворен политичко-демократски легитимитет, за разлика од земјите на Вишеградската група. Наследството на земјите од оваа група е сосема различно од она на режимите кај нас и кај нашиот северен сосед. Токму затоа, посочениот професор Тркуља го објаснува поранешниот режим на Слободан Милошевиќ како плебисцитарен цезаризам, односно тоталитарен начин на владеење со апсолутна поддршка на народот!

Но, борецот за уривање на комунизмот во Источна Европа, Џорџ Сорос, за жал на целата интелектуална јавност во Македонија, кај нас и во Хрватска и Србија ги уриваше слабите и нефункционални посткомунистички режими. Но, зошто само во овие земји? Мои добри пријатели ми велат дека единствениот политички излез од мрежата на посткомунизмот во екс-СФРЈ е токму шурување и кокетирање со наследниците на таквите режими во овие земји. Милијардерот Сорос, за жал не од свои филантропски, туку од длабоко-политички причини, го спонзорираше уривањето на единствените два антикомунистички режими во екс-СФРЈ: режимот на Фрањо Туѓман во Хрватска и оној на Љубчо Георгиевски во Македонија. Но, исто така, при своето инвестирање за премин од комунизам во плурализам на сите источно-европски земји, Соросовите отворени општества инсистираа насекаде да се спроведе Закон за лустрација. Навистина чудно, само кај нас, со иницијативата на Владе Милчин и Стамен Филипов во 2008 година, соросовата испостава побара од Уставниот суд укинување на овој закон!?

За македонската јавност е важно да разбере зошто само кај нас, уривајќи го комунизмот, Сорос воспостави уште полош, досега незабележан модел каде што главните инспиратори и модератори сакаа(т) да го возобноват комунизмот. Според мене, тоа е единствен пример во посткомунистичка Источна Европа, каде наследниците на Карл Попер и најголемите заговорници на неговото слободно и отворено општество се залагаат за оживување на комунистичкиот систем на владеење.

Како што во една прилика напишав, со своето скромно 12-годишно новинарско искуство, досега се изнагледав и изнаслушав многу политичко-кафеански муабети за моите колеги и нивната поврзаност со тајните служби. Токму од тие правливи тајно-полициски-комунистички депоа, а во служба на поднесената пријава до Комисијата за лустрација, завчера на виделина излезе досието на соработникот на истите овие служби, заведен под псевдонимот ‘Драматург’. Овој живописен лик, според фото-роботот што го претставија лустраторите е познат режисер, високо-позициониран активист за граѓански права, кој од 70-тите години на минатиот век и не се знае до кога (можеби до денес?!), успешно и искрено ги обработувал своите колеги во општествено-јавниот живот со кои другарувал и соработувал.

Според официјалното известување од Комисијата на чело со Томе Аџиев: ‘Кога решението ќе стигне во рацете на соработникот, тој ќе мора да се повлече од сите функции што ги извршува!’. Драматуршки, на овој херој од нашето време на крајот му дојде - крајот. Би рекол, дојде крајот на една темна, ригидна, тајно-полициска и кодошка ера во врвовите на македонската политика, невладини организации и новинарство.
Нека ни е со среќа, до лустрирањето на следните кодоши!

Бобан НОНКОВИЌ
23-07-2011, 12:49 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#23

Се јави и Владе Милчин:


Quote:Досието „Драматург“ е монструозна конструкција поради политичка пресметка


[Image: images?q=tbn:ANd9GcQzWlTpQUqWQQhfXe5H10m...eXBGoR0UMQ]
Наводите дека јас сум бил соработник на тајните служби се монструозна конструкција заради политичка пресметка, вели во телефонската изјава за телевизија Телма лицето со досие „Драматург“. Комисијата за лустрација денеска не успеа да му го врачи решението дека не може да извршува јавна функција, бидејќи веќе еден месец престојува во Виена од приватни причини.

Како што информираше Телма тој знае дека во архивите има досие, но не како соработник. Сосема спротивно, „драматургот“ бил со години следен, прислушуван и прогонуван заради анархо-либералистички сфаЌања. Се сомнева дека вистинската цел на оваа афера е Фондацијата со која тој раководи долги години. Повеќе детали најавува по враќањето во Скопје во понеделник, кога ќе одржи и посебна прес - конференција.

Иако од Комисијата не го соопштуваат неговото име, протекуваат информации кои точно опишуваат за кого се работи. Новооткриениот соработник како што јавија, пак, провладините медиуми е поранешен декан на еден од уметничките факултети, универзитетски професор, режисер, публицист, директор на меѓународна фондација и активист во невладиниот сектор. Во 70-тите години, тој прво бил следен од тајните служби, а потоа, според нив, станал соработник.

И покрај укинувачката одлука на Уставниот суд и противењето на стручната јавност, лустрацијата стана задолжителна и за поранешните функционери, академици, професори, новинари, уредници, партиски и невладини раководители, односно за сите што извршуваат јавна функција, без оглед што не се избрани или именувани од Собранието или Владата.
23-07-2011, 01:09 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#24

(23-07-2011, 01:09 PM)ЈорданПетровски Wrote: Се јави и Владе Милчин:


Quote:Досието „Драматург“ е монструозна конструкција поради политичка пресметка


[Image: images?q=tbn:ANd9GcQzWlTpQUqWQQhfXe5H10m...eXBGoR0UMQ]
Наводите дека јас сум бил соработник на тајните служби се монструозна конструкција заради политичка пресметка, вели во телефонската изјава за телевизија Телма лицето со досие „Драматург“. Комисијата за лустрација денеска не успеа да му го врачи решението дека не може да извршува јавна функција, бидејќи веќе еден месец престојува во Виена од приватни причини.

Како што информираше Телма тој знае дека во архивите има досие, но не како соработник. Сосема спротивно, „драматургот“ бил со години следен, прислушуван и прогонуван заради анархо-либералистички сфаЌања. Се сомнева дека вистинската цел на оваа афера е Фондацијата со која тој раководи долги години. Повеќе детали најавува по враќањето во Скопје во понеделник, кога ќе одржи и посебна прес - конференција.

Иако од Комисијата не го соопштуваат неговото име, протекуваат информации кои точно опишуваат за кого се работи. Новооткриениот соработник како што јавија, пак, провладините медиуми е поранешен декан на еден од уметничките факултети, универзитетски професор, режисер, публицист, директор на меѓународна фондација и активист во невладиниот сектор. Во 70-тите години, тој прво бил следен од тајните служби, а потоа, според нив, станал соработник.

И покрај укинувачката одлука на Уставниот суд и противењето на стручната јавност, лустрацијата стана задолжителна и за поранешните функционери, академици, професори, новинари, уредници, партиски и невладини раководители, односно за сите што извршуваат јавна функција, без оглед што не се избрани или именувани од Собранието или Владата.



Господинот Милчин заборава една работа, досиеата ги проучивме ја разбравме суштината на работата на УДБа .

Комунизмот кон своите вистински противници, секогаш бил немилосрден: ликвидации, прогон, затвори, атентати на кариери, економско уништување, бришење на секаква трага за постоење на такви луѓе. Затоа прво и основно правило дали некој од прогонуван станал соработник ке го видите преку кариерата.
23-07-2011, 02:05 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#25



Quote:Пишува Владимир Костовски

„ДРАМАТУРГ“ - НОВАТА „ДРАМА“ НА БАНДАТА НА ВЛАСТ!



[Image: viu1311449610v.jpg]

Секоj што малку се разбира од „кодошлукот“ - системот за рано предупредување на комунистичката банда која е на власт во Македонија од 1945, не е нималку изненаден од фактот што една проминентна фигура каква што е Владо Милчин бил (по наше мислење и се уште е), соработник на „ударната тупаница“ на бандата, тајната полиција. Но, вадењето на овој случај во вој момент, нам ни е уште една потврда за способноста за самоодбрана на системов изграден од бандава.

Секој демократски процес во Македонија што го започнале наследниците на комунистичката банда, СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, е лажен и е во функција на задржување на авторитарното владеење. Истото е и со лустрацијата. За да ви го објасниме ова, треба да ве потсетиме на некои нешта, повторно и повторно.

Ќе започнеме од 1989-1990. Дали во Македонија сите беа радосни што дојде плурализмот и што се формираа политички партии кои треба да го артикулираат мислењето на разните општествени групи и социјални категории? Формално да. Во суштина, се се сведе на еден голем проект на тогашната комунистичка банда да изгради еден лажен повеќепартиски систем, во кој се ќе биде сменето, а се ќе остане исто.

И така, тој свесно граден систем, една голема измама на народот, денес е претворен во монструм, формален бипартизам, а де факто во владеење на една интересна групировка разместена во две големи и некоја помала партија, која не дозволува прогрес по ниту една основа - ни демократска, ни економска ни во поглед на почитувањето на човековите права. Единствениот прогрес е дозволен само за нив, за интересите на групацијата која пак - вешто манипулирајќи помеѓу геостратегиските интереси на големите сили, на интересите на менторите и духовните татковци од Белград, на интересите на другите соседи и секако на интересите на мафијата - изгради бастион, претворајќи ја Македонија во една голема современа Бастиља, што допрва треба да се урива за да се вратиме на осовните постулати од Француската револуција.

Бандата на власт и мрежата на тајната полиција

Да сумираме. Имаме една банда на власт која владее со систем што го усовршува од 1945 до денес. Повеќепартизмот, демократијата, пазарната економија, тоа во Македонија е лажно и нема врска со вистинските вредности кои какви-такви, со сите аномалии, живеат во западните демократии. Јавноста, еден од најбитните фактори на деморкатијата ја нема и таа е фингирана и контролирана.

Битен елемент на ваквиот систем, како што сме рекле повеќепати, е ударната тупаница на бандата на власт - тајните служби, сублимирани, сега во УДБ-а, составен дел од безбедносниот систем на државата. Битна карика, пак, во таа УДБ-а, отсекогаш била системот за рано предупредување - популарно наречените кодоши, односно кругот на оперативни врски, оперативни извори и други прикриени соработници на полицијата.

Оттука, сосема е јасна желбата и настојувањето на системот, таа мрежа да ја зачува конспиративна, оти таа е извор на моќ. Од друга страна, кодошите, без оглед дали станале дел од таа мрежа со сила, односно со уцена или пак, доброволно, исто така, развиваат природна желба никогаш да не бидат откриени, од морални или материјални причини.

Ако сево ова погоре кажано, за системот кој божем се променил, а останал ист, се поврзе со системот што го изградила и усовршила за 50-60 години тајната полиција, тогаш е сосема јасно зошто процесот на лустрација во поранешните комунистички земји, но особено во Македонија, не може да мрдне од место и е фалш замислен, фалш законски врамен и фалш спроведуван.

Сега, „Драматургот“, Владо Милчин, сам на некој начин е жртва на неговите обиди да нема лустрација, т.е таа да биде ваква каква што е - килава, селективна, лажна. „Драматургот“, де факто, доби главна роља во епизодната драмолетка на системот што заедно го градеа со сегашниве лустратори.

Мамки за пренасочување на јавноста

[Image: cqs1311449756o.jpg]
Да појасниме малку. Никој од пописмените и поумните, не е изненаден од фактот што една проминентна фигура каква што е Владо Милчин бил (по наше мислење и се уште е), соработник на „ударната тупаница“ на бандата, тајната полиција. Но, неговото вадење сега е дел од одбранбениот механизам за самоодржување на истиот тој систем на бандата на власт.



Имено, секогаш кога постои крупна закана за бандата од некој нејзин потег, политика, голем грабеж или очигледно големо предавство, бандата активира лажни направи за следење и дезинформирање, за оттргнување на вниманието на јавноста и забошотување на вистинскиот проблем.

Такви мамки, дезинформации или пренасочување на вниманието сме се изнагледале за овие 20 години. Во 1993, кога Македонија предводена од Киро Глигоров и Бранко Црвенковски се согласи да влезе во ООН под рефернцата ФИРОМ, тие го плашеа катадневно народот со меѓуетничка војна преку Илириди, Битпазари, Мали речици...Со нив го прикриваа и грабежот со приватизацијата и шверцот во кои, во тие моменти активно учествуваа. Потоа следеа мамки од типот „лов на октоподот“, „борба за уставните знамиња во Тетово и Гостивар“, аферата со прислушувањето „Големото уво“, а по „војната“ во 2001г, „лов на лавовите“ како најголема закана за Македонија, па измамите со „терористи не коалицираме“, па се до најновиве мамки од типот каква што беше онаа неодамнешната „Црква на Кале“...

Причини за претставата „Драматург“

Истото се случува и сега. Првата и основната причина зошто сега ја вадата претставата со „Драматургот“ е покривање на големото предавство и уривањето на правото и правната држава со политички договор во врска со амнестијата за т.н хашки случаи.

Имено, како што се реализираше целата оваа операција, преку ноќ, преку груб договор за заборав на воени злосторства извршени од Али Ахмети и неговата дружина во 2001 година, значи како што деталите излегуваа пред јавноста, притисокот на истата таа јавност стануваше се потежок за Груевски и за ВМРО ДПМНЕ. Ако тој може да ги изманипулира сопствените луѓе во владата и во собранието да молчат и да креваат рака за едно такво срамно предавство, очигледно стана невозможно тоа да му го наметне дури и на сопственото верно членство. Тука не помогнаа ни манипулациите на неговите мегафони Мирки, Латасовци, Жоровци, а тоа можеше да се види од контактните емисии по медиумите, каде немаше човек што не го осуди срамниот политички договор.

Второ, нагло се заострија и меѓуетничките односи, зашто од другата страна пак, нема или речиси и да нема Албанец во Македонија што не го оправда овој политички договор.

Кога бандата на власт стана свесна за ова, кога Груевски од срам се крие и нема храброст да се сретне ниту со роднините на жртвите, механизмот за самоодржување проработе, па решија да ја вадат и да ни ја прикажат претставата со „Драматургот“, т.е. да го пренасочат вниманието на јавноста. Делумно успеаја, зашто Владо Милчин не е мала, не е безначајна, ниту случајна фигура во македонскиот јавен живот.

Но, според нашето скромно мислење има уште една причина за деконспирирањето на Милчин, а таа е поврзана со претстојната смена на името.

Имено, целта е одземање на неговата моќ преку парите со кои располага и кои секоја години ги вшприцува во невладините организации или медиуми. Добро ви е позната состојбата со медиумскито простор во Македонија. А1 е пред привремено затоврање и така обезмоќена го чека новиот газда кој треба да се појави некаде во рана есен, во рамките на стечајната постапка. Три дневни весници згаснаа, а овие што останаа се под контрола на бандата на власт преку Керим и Минчо. Другите две моќни телевизии ги контролираат Боривоје Стојменов и Ѕинго, исто така до гуша закопани или преку криминални зделки и шверцови или преку нивните соработнички досијеа. МТВ е оддамна под контрола, а Алфа и Телма, кои се многу помалку влијателни, се под контрола на власта, исто така, поради големите и „чистите“ бизнис зделки на Штерјо и на Андреа.

[Image: jdv1311449825k.jpg]
И така, со деконспирирањето на Милчин, со еден удар бандата на власт постигнува повеќе цели. Го врти вниманието на јавноста од предавството со хашките случаи, расчистува со т.н. соросоидно друштво финансирано од Милчин, го дорасчистува медиумскиот простор за уште едно, овој пат, најголемо предавство, промената на името.

Сето ова уште еднаш ја покажува потребата од вистинска лустрација во Македонија, како процес од исклучителна, примарна важност, за да можат сите други процеси поврзани со изградбата на демократско општество да бидат откочени и реално применливи...

(целиот текст ќе може да го прочитате во вториот број од „Изгреј зора на слободата“)
23-07-2011, 08:37 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#26

Quote:Ако си против Груевски - си кодош, предавник или криминалец

Сабота, 23 Јули 2011 18:15

[Image: 211107_149032011830930_6316140_q.jpg]
Не дај боже да сте на око, на власта. Ако сте против Никола Груевски и неговата петочлена фамилија - веднаш ќе бидете дискфалификувани од општеството.

Власта на ВМРО-ДПМНЕ, веќе со години се обидува да го расцепка, уништи, подели и дезориентира сопствениот народ.

Секојдневно сервира лаги, измислици без никакви факти и докази.

Да почнеме со ред, отстрелот започна уште во 2008 година, по предвремените избори, кога лице од власта прифати промена на име, а во меѓувреме тераше кампања дека сите кои сакаат во ЕУ и НАТО се предавници.

Претходно слична кампања, но во поблага варијанта, се туркаше и за сите оние кои беа за мултиетничко општество, здраво мултиетничко општество, каде и македонците и албанците ќе си го најдат заедничкиот пат - оние кои тогаш донесоа закони за децентрализација и територијална поделба беа прогласени за непријатели, а во еден момент и тогаш штабот на владеачката СДСМ во Струга за малку ќе беше запален со шеесетина луѓе внатре, без размислување од страна на група деликвенти, криминалци и поранешни затвореници а денес во првите редови на власта.

По 2008 се стана поинаку, кога Груевски си осигура тогаш нови четири години власт. Љубе Бошковски од патриот, борец за својот народ, брат на сите вмровци за кратко време преку монструозната мрежа на медиуми беше прогласен за предавник, сестра, а на крајот и за криминалец, па беше уапсен. Во истражната постапка се уште не се презентирани никакви докази, за апсењето на Бошковски, ниту пак сакаат да го спомнат лицето кое наводно му давало пари на Бошковски, кој според шпекулациите е голем грк, но и голем македонец - бидејќи успеал преку потпис на еден поранешен висок функционер да го зголеми контото на својата нафтена компанија за милјарди евра - за што доколку денес имаше промена на власта - ќе летаа глави и ќе немаше место во македонските зандани од вакви личности.

Со слична судбина се најдоа и млекарот Душко, кој само си ги бараше парите за најголемиот криминал на векот во Македонија, поголем и од ТАТ - аферата Сведмилк, чиј покровител беше висок функционер. Тој беше прогласен за шверцер на оружје, терорист, криминалец, а на крајот и одгледувач на марихуана.

И тутунарот од прилепско се соочи со истата веќе видена приказна. Нему прво му влезе полицијата барајќи му кола на вториот кат, шокирајќи го неговото неколкугодишно девојче и нанесувајќи стрес на целото семејство. Потоа провладините медиуми го направија ситен криминалец, па дури и силувач.

Вакви случаи има безброј, кои многу не стигнаа до јавноста, а злото наречено ВМРО-ДПМНЕ на многу нехристијански начин се обидува да нанесе штета секаде - каде што може. Прашањето е дали овие луѓе се хранат со злоба, со туѓа несреќа?

Тие медиуми отидоа до таму, па и загинатиот Мартин го направија деликвент и корисник на дроги. (Имаат ли душа овие луѓе?)

Денес сме сведоци на едно големо предавство, кога власта го предаде и јазикот, и знамето, но и бранителите и цивилните жртви. Денес во Македонија затвор може да се оди за 8 евра неплатен данок - ако си непријател на власта, но во секој момент можеш да бидеш ослободен од вина доколку црташ графити на нечие тело, убиваш недолжни цивили, масакрираш луѓе кои си ја бранеле државата, а притоа близок си до оние до вчера се тапкаа по гради дека се најголеми патриоти - а испаднаа најдолен вид на подмукли предавници виден во историјата на светов.

Сведоци сме на отсрел, на сите, и после овие избори.

Луѓето кои беа најгласни против власта, денес се прогласуваат за кодоши, и тоа без никакви докази!

Иако личноста, која според најновите податоци до кои дошла вмровската комисија за лустрација, била следена, прогонувана од тајните служби во седумдесетите и осумдесетите, веднаш тоа дело е преформулирано како соработник на службите - за потребите на машинеријата.

Исто како што го направија Љубе, од брат - сестра, од патриот - предавник, од чесен - криминалец, само за сопствени потреби.

До каде ќе оди оваа вмровска беда - никој не знае. Тамам да помислиш го достигнале дното, те изненадуваат со чекор подолу, на уште по подмолен начин.
SKY.MK



Гласилото на КОМУЊАРИШТАВА како се обидува да манипулира. НЕМАЛО ДОКАЗИ и БИЛ ПРОГОНУВАН. 90% од кодошите се тие кои биле прогонувани. Затоа многу малку сме кои се бориме да има лустрација.
23-07-2011, 09:04 PM
Reply
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,471
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#27

(23-07-2011, 09:04 PM)ЈорданПетровски Wrote: Гласилото на КОМУЊАРИШТАВА како се обидува да манипулира. НЕМАЛО ДОКАЗИ и БИЛ ПРОГОНУВАН. 90% од кодошите се тие кои биле прогонувани. Затоа многу малку сме кои се бориме да има лустрација.

Не само тоа Јоцо,
кога ги чистеа досијеата ’97 година и подоцна изгледа дека биле аљкави па не си ја завршиле добро работата.
Но, претпоставувам дека како ти си препознавал луѓе во твоето досие кои ги нема таму, кои се намерно избришани, така и тие десет % од прогонуваните претпоставувам дека ги знаат и нивните кодоши кои секако биле едни од прогонуваните, но бидејќи таков ни е законот не смеат да зуцнат.
Но, еве што вели Солжењицин:
Quote:We, we the dissidents of the USSR, don't have any tanks, we don't have any weapons, we have no organization. We don't have anything. Our hands are empty. We have only a heart and what we have lived through in the half century of this system. And when we have found the firmness within ourselves to stand up for our rights, we have done so. It's only by firmness of spirit that we have withstood. And if I am standing here before you, it's not because of the kindness or the good will of communism, not thanks to detente, but thanks to my own firmness and your firm support. They knew that I would not yield one inch, not one hair. And when they couldn't do more they themselves fell back.

This is not easy. In our conditions this was taught to me by the difficulties of my own life. And if you yourselves - any one of you - were in the same difficult situation, you would have learned the same thing. Take Vladimir Bukovsky, whose name is now almost forgotten. Now, I don't want to mention a lot of names because however many I might mention there are more still. And when we resolve the question with two or three names it is as if we forget and betray the others. We should rather remember figures. There are tens of thousands of political prisoners in our country and - by the calculation of English specialists - 7,000 persons are now under compulsory psychiatric treatment. Let's take Vladimir Bukovsky as an example. It was proposed to him, "All right, we'll free you. Go to the West and shut up." And this young man, a youth today on the verge of death said: "No, I won't go this way. I have written about the persons whom you have put in insane asylums. You release them and then I'll go West." This is what I mean by that firmness of spirit to stand up against granite and tanks.

Finally, to evaluate everything that I have said to you, I would say we need not have had our conversation on the level of business calculations. Why did such and such a country act in such and such a way? What were they counting on? We should rather rise above this to the moral level and say "In 1933 and in 1941 your leaders and the whole western world, in an unprincipled way, made a deal with totalitarianism." We will have to pay for this, some day this deal will come back to haunt us. For 30 years we have been paying for it and we're still paying for it. And we're going to pay for it in a worse way.

One cannot think only in the low level of political calculations. It's necessary to think also of what is noble, and what is honorable - not only what is profitable. Resourceful western legal scholars have now introduced the term "legal realism." By legal realism, they want to push aside any moral evaluation of affairs. They say, "Recognize realities; if such and such laws have been established in such and such countries by violence, these laws still must be recognized and respected."

At the present time it is widely accepted among lawyers that law is higher than morality - law is something which is worked out and developed, whereas morality is something inchoate and amorphous. That isn't the case. The opposite is rather true! Morality is higher than law! While law is our human attempt to embody in rules a part of that moral sphere which is above us. We try to understand this morality, bring it down to earth and present it in a form of laws. Sometimes we are more successful, sometimes less. Sometimes you actually have a caricature of morality, but morality is always higher than law. This view must never be abandoned. We must accept it with heart and soul.

It is almost a joke now in the western world, in the 20th century, to use words like "good" and "evil." They have become almost old-fashioned concepts, but they are very real and genuine concepts. These are concepts from a sphere which is higher than us. And instead of getting involved in base, petty, shortsighted political calculations and games we have to recognize that the concentration of World Evil and the tremendous force of hatred is there and it's flowing from there throughout the world. And we have to stand up against it and not hasten to give to it, give to it, give to it, everything that it wants to swallow
.
Извор

An inch today is tomorrow’s mile.
24-07-2011, 12:20 AM
Reply
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,471
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#28

Еве еден брз превод преку Гугл превод(Google translate)
Quote:Ние, ние дисиденти на СССР, немаат никакви тенкови, ние немаме оружје, немаме организација. Ние немаме ништо. Нашите раце се празни. Имаме само срце и она што го преживеал во изминатиот половина век на овој систем. И кога сме го пронашле цврстина во себе да застанат во одбрана на нашите права, ние сме го направиле тоа. Тоа е само Цврстината на духот дека имаме издржа. И ако стојам тука пред вас, тоа не е затоа што на љубезност или добра волја на комунизмот, а не благодарение на попуштање на затегнатоста, но благодарение на мојата сопствена цврстина и вашата фирма поддршка. Знаеја дека нема да даде еден инч, а не еден коса. И кога тие не можат да направат повеќе тие самите се врати.

Ова не е лесно. Во наши услови ова беше предава на мене од страна на тешкотиите на мојот живот. И ако себе - некој од вас - биле во иста тешка ситуација, ќе го научиле на истото. Земете Владимир Bukovsky, чие име е сега речиси и го заборавија. Сега, не сакам да споменам многу имиња, бидејќи сепак многу би можел да се спомене дека се повеќе се уште. И кога ќе се реши прашањето со две или три имиња е како да ги забораваме и предаде на други. Ние, а треба да се запамети фигури. Постојат десетици илјади политички затвореници во нашата земја и - од страна на пресметка на англиски специјалисти - 7.000 лица сега се наоѓаат под задолжително психијатриско лекување. Ајде да Владимир Bukovsky како пример. Беше предложено да го "Добро, ние ќе ве ослободи. Одете на Западот и замолчи." И овој млад човек, денешната младина на работ на смртта рече: "Не, јас нема да одам на овој начин имам напишано за лицата кои можете да се стави во лудо asylums Можете да ги ослободи, а потоа ќе одат на запад.. . " Тоа е она што мислам со тоа цврстина на духот да застанат против Гранит и тенкови.

Конечно, да се оцени она што го кажав за вас, јас би рекол дека ние не треба да имаат нашиот разговор на ниво на деловни пресметки. Зошто таква и таква земја постапуваат во таков и таков начин? Кои беа тие смета на? Ние, а треба да се зголеми над оваа на моралните ниво и да каже "Во 1933 и во 1941 година вашите лидери и целиот западен свет, во непринципиелно начин, направи договор со тоталитаризмот". Ние ќе мора да плаќаат за ова, еден ден овој договор ќе се врати да не прогонуваат. За 30 години ние сме биле платени за тоа и ние сме се уште плаќаат за тоа. И ние ќе платат за тоа во полоша начин.

Човек не можам да се сетам само во ниско ниво на политички калкулации. Неопходно е да се мисли и на она што е благородна, и она што е чесно - не само што е профитабилен. Информиран Западен правниците сега го воведе поимот "правна реализам." Од страна на правни реализам, тие сакаат да им помогнам настрана секоја морална проценка на работите. Тие велат, "го признаваат реалноста, ако такви и такви закони се воспоставени во таков и таков земји со насилство, овие закони се уште мора да се признае и почитува."

Во моментов тоа е широко прифатено меѓу адвокатите тој закон е поголема од моралот - Законот е нешто што е работено од и се развива, а моралот е нешто неразвит и аморфни. Тоа не е случај. Спротивното е многу точно! Моралноста е повисока од законот! Додека законот е нашата човечка обид да се интегрираат во правила е дел од она морално сфера што е над нас. Ние се обидуваме да се разбере овој морал, го донесе долу на земјата и ќе го презентира во форма на закони. Понекогаш се поуспешни, понекогаш помалку. Понекогаш навистина имаат карикатура на моралот, но моралот е секогаш повисока од Законот. Ова гледиште не смее да се напушти. Ние мора да го прифати со срцето и душата.

Тоа е речиси шега сега во западниот свет, во 20-от век, да ги користи зборовите како "добри" и "зло". Тие станаа речиси старомодни концепти, но тие се многу реални и вистински концепти. Тоа се концепти од областа која е повисока од нас. И наместо да се инволвира во база, ситни, кратковидна политички пресметки и игри ние мора да се признае дека концентрацијата на Светската злото и огромна сила на омраза е таму и тоа е што произлегуваат од таму ширум светот. И ние треба да застанат против него и не побрзам и да даде за тоа, им даде на тоа, им даде на тоа, сè што сака да се проголта.
An inch today is tomorrow’s mile.
24-07-2011, 12:24 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#29

Нешто друго е интересно:

Quote:"Прв главен уредник беше токму Аљоша Руси. За „Фокус“ пишувавме и ние, студентите на белградската академија: Русомир Богдановски, Слободан Унковски, Александар Чомовски, Владимир Лапе, јас и некои други денес познати новинари и интелектуалци - вели Милчин.
„Фокус“ неколку пати беше забрануван и цензуриран, а имало и обиди за негово затворање. - Штета е што таа епизода на либертинскиот дух кај нас е покриена со правот за заборавот - вели овој режисер.'



Покрај Милчин и овие треба да имаат досиеа:
Аљоша Руси, Русомир Богдановски, Слободан Унковски, Александар Чомовски, Владимир Лапе ...
Досега не сум слушнал некој од нив да споменал такво нешто.

По она како работела службата ... нивните кариери ...
24-07-2011, 12:46 AM
Reply
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,471
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#30

За кој Фокус и која година тоа пишувале?
An inch today is tomorrow’s mile.
24-07-2011, 01:51 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#31

ФОКУС ПИЛОТ Април 1969




[Image: Fokuspilot1.jpg]


[Image: Fokuspilot2.jpg]
24-07-2011, 01:58 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#32

[Image: Fokuspilot3.jpg]


[Image: Fokuspilot4.jpg]
24-07-2011, 02:01 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#33


[Image: Fokuspilot5.jpg]


[Image: Fokuspilot6.jpg]
24-07-2011, 02:05 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#34

[Image: Fokuspilot7.jpg]

[Image: Fokuspilot8.jpg]
24-07-2011, 02:06 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#35

[Image: Fokuspilot9.jpg]

[Image: Fokuspilot10.jpg]
24-07-2011, 02:08 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#36

[Image: Fokuspilot11.jpg]


[Image: Fokuspilot12.jpg]
24-07-2011, 02:10 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#37

[Image: Fokuspilot13.jpg]


[Image: Fokuspilot14.jpg]
24-07-2011, 02:11 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#38

[Image: Fokuspilot15.jpg]

[Image: Fokuspilot16.jpg]

Го качив целиот број кој има време и желба нека прочита неќто за да види кои што било целта на протестите 1968 година
24-07-2011, 02:16 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#39

Quote:Guner Ismail

A sto moze da e drugo? Onaa tragichna figura "Glavniot Lustrator" e kako izmislen za zadachata koja sto mu ja namenile.Uste koga kje vidi foto-kopija, vekje e "za", a kamoli uste pred toa da ima eden-dva "sostanoci". Brakjava si zamisluvaat deka go "chistat terenot" i deka samo neboto im e granicata pred da se instaliraat kako vechnost. matematikata ne im e tochna. Treba li da gi potsetuvame deka vo Makedonija FASSI

Досието „Драматург“ е монструозна конструкција поради политичка пресметка
http://www.plusinfo.mk
Како што информираше Телма тој знае дека во архивите има досие, но не како соработник. Сосема спротивно, „драматургот“ бил со години следен, прислушуван и прогонуван заради анархо-либералистички сфаЌања. Се сомнева дека вистинската цел на оваа афера е Фондацијата со која тој раководи долги години. П
17 hours ago




Quote:Guner Ismail

Treba li da gi potsetuvame deka vo Makedonija FASSISTITE NIKOGAS ne si pominuvale dobro. I pokraj toa sto nekomu situacijata mu izgleda beznadezno, loso, nevozmozno, apatichno, depresivno, anestezirano, so uplasen narod, so rastureni mediumi, so konfuzna opozicija, so diskreditiran NVO-sektor, so razbieni institucii, so birokratizirani i komformistichki "stranci", so....! FINALNOTO SOOCHUVANJE doprva predstoi.
17 hours ago ·



Quote:Belevski Goran

На сите му е јасно, дека досието "Драматург" е политичка пресметка, а уште појасно дека моментот е избран за да се дефокусира јавноста малку од "ПАТРИОТИЗМОТ" на ДПМНЕ околу Хашките случаи (и нивната амнестија)
17 hours ago ·



Quote:Robert Alagjozovski

Некој треба да ја собере војската. Императорот Василиј, демократоубиецот, со разни техники, едно по едно, ги разбива орловските гнезда...
16 hours ago
(This post was last modified: 24-07-2011, 02:25 AM by ЈорданПетровски.)
24-07-2011, 02:24 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#40



Quote:Миќо Маршал

Фондација = ПАРИ ... што да ги користи некој политички неистомисленик кога може на таа функција благодарејќи на “ копир - лустраторот “ да се оцрни неистомисленикот за да на таа функција се постави докажан партиски солдат со што парите од фондацијата добиваат сосема поинаква насока ... ем башка муабет што со тоа ќе се преусмери вниманието на јавноста од еден на друг проблем и то ....
16 hours ago



Quote:Бранка Кус-Иванова

se dodeka narodot ne se osvesti taka ke bide ,ke si igraast so nasite zivoti kako sto sakaat ,tie koi treba da bidaat lustrirani se vo nivnite redovi vo nivno drustvo ,nisto ne treba veke da ne zalazuva ,vaka ke bide se dodeka opozicijata ne bide mnogu jaka kriticna ,borbena ,sekoj den ima po nekoj biser od DPMNE opozicijata e taa koja trreba da gi sledi nivnite greski da gi bombardira so presovi za se sto napravile ili ke napravat ...potrebna e jaka opozicija narodot da go razbudi od svojot zimski son ????
16 hours ago



Quote:Миќо Маршал

КОЈ НАРОД ?????????????????? ...............
16 hours ago



Quote:Jelica Zafirova

Neznam za kakov narod zboruvate. Ovoj narod makedonskiot e posebna sorta. Pred izborite ne bea zadovolni i im se dade sansa da glasaat za promeni . Istite tie glasaa pak za niv(pozicijata). Po izborite pak nezadovolni. I sega pak da ima i...
See more
15 hours ago



Quote:Rumiana Apostolova

A zoshto sega ??? Toa mozea predhodno ???
15 hours ago


Quote:Milorad Denkovic

ako ., ako trkalotose vrti i vrti i vrti ...
12 hours ago
24-07-2011, 02:29 AM
Reply