Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 6 Vote(s) - 2.67 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Џамија во Минхен (A Mosque in Munich, Ian Johnson)
Author Message
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1
#1

Интересно сведоштво за потхранувањето на милитантниот ислам од страна на западните разузнавачки агенции кое почнува од Втората Светска Војна па се развлекува низ децениите на студената војна се` до денешна Ал Каеда и Муслиманското Братство.
Тој проблематичен однос почнува со инвазијата на нацистичка Германија врз Советскиот Сојуз, кога Германците во потрага по антисоветски сојузници внатре во СССР набасале на муслиманските малцинства од Кавказ коие воопшто не го криеле своето незадоволство од советските власти. На совет на дотогаш анонимниот доктор по ориенталистички науки и новорегрутиран нацист фон Менде, германското разузнавање под своја закрила го зема исламистичкото движење и регрутира цела СС бригада која ќе се бори рамо до рамо со Германците не само низ рускиот фронт туку подоцна ќе игра битна улога во задушувањето востанија низ окупирана источна Европа како она во Варшавското Гето. Фон Менде како лик ќе остане доста битен и подоцна, влијателен врз повоеното западногерманско разузнавање упатувајќи го кон потхранувањето на исламизмот како инструмент за борба против СССР заедно со другите западни агенции но и како сопствен ресурс за остварување на германските реваншистички апетити кон земјите- победници во Втората Светска Војна.
Фон Менде и од пред војната знаел да потпомага разни дисидентски групи на студенти- муслимани од Кавказието и доста добро бил запознаен со етничкото миље на тој регион, за кој како турколог имал посебен интерес. Од разните антисоветски дисидентски групи во Германија во тоа време највеќе внимание добива групата Прометеј- дисиденти од кавкаскиот регион кои се надевале дека со падот на царистичкиот режим во Русија нивите матични земји ќе добија независност. Еден од членовите на таа група- Вели Кајум, ќе стане еден од најважните сојузници на фон Менде во неговите потфати за искористување на исламизмот за подривање на советскиот режим. Вистинската шанса фон Менде ја добил по доаѓањето на Хитлер на власт, кога било формирано министерството за источни прашања (Ostministerium) каде бил назначен за шеф за кавкаскиот регион и негов директен претпоставен му бил еден од Хитлеровите првоборци. По состанокот крај езерото Ванзи, каде бил скроен нацистичкиот план за Конечното Решение, тоа министерство добива други приоритети- од чисто економска експлоатација кон организација на детали за масовните погубувања низ источна Европа. Фон Менде меѓутоа успеал да остане понастрана од миљето на Химлеровите извршители на геноцидот и се фокусирал на регрутирање кавкаски муслимани во квислиншки одреди кои ќе се борат против Црвената Армија. За фон Менде, исламизмот се покажал како златен рудник: на еден обичен необврзувачки проглас дека се бараат доброволци за формирање антисоветски одреди претставен пред татарското малцинство на Крим, од 200 000 жители како доброволци се пријавиле 20 илјади или скоро стопроцентен одзив меѓу машката популација на возраст од 18 до 45 години (Црвената Армија со присилна регрутација претходно регрутирала 10 000). За само една година, фон Менде користејќи ги исламистичките премиси за регрутирање успеал да ги придобие кавкаските муслимани целосно на страна на нацистите, па 1943 лично Химлер се заложил еден од челниците на Ostministerium да биде и фон Менде. Неговите “канцеларии за врски“ со кавкаските малцинства бргу прераснуваат во национални комитети за независни муслимански кавкаски нации, со тоа допирајќи го срцето на проблемот- желбата на кавкаските малцинства за живот во независни држави наместо советскиот модел кој сите нив ги имал во една република, Туркестан. Како кулминација, била формирана специјална муслиманска СС бригада составена од борци од Кавказието, кои оделе на обука и во борба рамо до рамо со германските СС. Сепак ни тоа не ги спасило нацистите од пораз на источниот фронт, Црвената Армија влегува во Берлин а фон Менде навреме успева да пребегне на западната страна од железната завеса каде подоцна успешно ги координира кавкаските дисиденти за време на студената војна.
Минхен не е одбран случајно. По поделбата на Германија, Минхен станува де факто главен град на западна Германија: Берлин е далеку во посед на советскиот блок а новиот главен град Бон е мало гратче на кое ќе му треба долго време да прерасне во центар на моќ. Освен традицијата на урбано живеење и развиената индустрија и култура, Минхен имал и интересна местоположба за разузнавачки активности- на крајниот југ на Германија и блиску до источноевропските центри на моќ но и полн со повоени егзили од најразлична провиниенција. Така ЦИА решава во Минхен да постави свои важни пропагандни и разузнавачки инсталации, од кои како медиум под своја најцврста контрола го инсталира Радио Либерти. И следејќи ја старата добра разузнавачка традиција, прв пропаганден ресурс по кој посега ЦИА се дисидентите, по потекло од СССР, отпрвин од мешана етничка припадност а потоа како студената војна се разжестува скоро исклучиво муслимани од кавказието дигајќи раце од дисидентите- Руси како вработени во Радио Либерти. ЦИА сама не можела да постигне се` па им биле потребни разузнавачи- сојузници во самата Германија, па новооснованата Сојузна Република Германија добива своја “сопствена“ разузнавачка агенција која солидно време работи под американска капа меѓутоа подоцна се одметнува за да 60-тите години се дрзне во умерена конфронтација со ЦИА. Важна фигура во постепеното раскинување на западногерманското разузнавање со американската патронажа ќе одигра токму нашиот стар пријател фон Менде, кој прераснува во сива еминенција, самиот делегирајќи лидери на кавкаските муслимански дисиденти. Под капата на антисоветската борба, а и поддржан од важни реваншистички фигури на високи германски владини позиции, фон Менде го реставрира скоро истиот Ostministerium како и за време на војната, ангажирајќи во владина служба бивши СС- овци чии раце биле крвави до лакти од масовните убиства низ источна Европа за време војната. Во владина служба се нашле и луѓе како Нуредин Намангани, највисоко рангираниот командир- муслиман во муслиманската СС бригада (и оџа) сега водач на туркестанска дисидентска група во Минхен, инсталиран од фон Менде да го замени дотогашниот водач- оџа Турчин кој ја формирал групата од чисто солидарни причини. Луѓе како Вели Кајум, добар познаник на нацистите уште од 30-тите години, активен пронацистички агитатор за време војната во Кавказието и човек од доверба кај реваншистичките кругови кој се нашол на тајниот владин платен список позирајќи како угнетен советски муслиман на првиот конгрес на Неврзаните во Бандунг.
Западните разузнавачки агенции ја согледале моќта на исламистите при регрутирањето на следбеници и редовно праќале свои агитатори меѓу муслиманските аџии во Мека. Претставувајќи се првин како Турци, агитаторите по потекло кавкаски муслимани се вмешувале во групите верници дојдени од СССР на аџилак и пробувале да ги убедат дека се угнетени и дека треба да се борат против СССР (иако СССР по војната престанал со рушењето на џамии и забраната за верско здружување на муслиманите) па откако не успевале, јавно ги дискредитирале советските муслимани како помошници на атеистите. Таквите закачки од страна на западните медиуми биле редовно увеличувани и повторувани, како уште еден пример на отпорот на малите групи против советскиот Голијат.
Како што студената војна излегла од рамките на Европа и двете суперсили започнале со конфронтации низ Третиот Свет, така и западните разузнавачи согледале што всушност напипале со ангажманот на исламисти за свои цели. Муслиманското Братство, контроверзна организација со отворени антисемитски ставови и добро документирани контакти со нацистичка Германија, станува еден од сојузниците на западното разузнавање.
Моделот на ангажирање на исламисти за разузнавачки и агитаторски цели создаден за време нацистичка Германија, по војната е усвоен и проширен од западните разузнавачки агенции. Колаборацијата на бројни исламистички активисти и дисиденти со нацистите за време на војната не бил никаков проблем за западните разузнавачи. Иако денес кога ќе се спомне поимот исламист прва мисла е исламист од арапскиот свет, зачетокот на исламизмот како разузнавачко и агитаторско орудие е во Кавказието.
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
21-07-2011, 04:41 AM
Reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,136
Joined: Dec 2009
Reputation: 17
#2

Звучи како доста добра книга,ќе ја побарам во библиотеката.Имено ништо чудно од Германците така да постапуваат.Сега бидејќи не постои црвената опасност новата опасност Исламот,ќе видиме како Западот ќе ја реши.Еве во Либија ништо не прават ново,но сепак јавното мислење повеќе се солидизираше и тоа многу бргу се дигна врева да се помогне на Исламот,отколку на Балканот.
"He who controls the present, controls the past. He who controls the past, controls the future." -- George Orwell
"Тој што ја контролира сегашноста,тој го контролира минатото.Тој што го контролира минатото ја контролира иднината." Џорџ Орвел
_____________________________________________________________

http://www.cd-macedonia.com
21-07-2011, 06:17 PM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1
#3

(21-07-2011, 06:17 PM)basilius_2 Wrote: Звучи како доста добра книга,ќе ја побарам во библиотеката.Имено ништо чудно од Германците така да постапуваат.Сега бидејќи не постои црвената опасност новата опасност Исламот,ќе видиме како Западот ќе ја реши.Еве во Либија ништо не прават ново,но сепак јавното мислење повеќе се солидизираше и тоа многу бргу се дигна врева да се помогне на Исламот,отколку на Балканот.
Доста е интересна, можеби мала фалинка е што авторот спомнува и премногу личности кои немаат на прв поглед некоја директна врска со главната приказна која ја раскажува меѓутоа имаат важност во малку пошиорк контекст. Прибелешките настрана и претрагите низ нетот по фотографии од спомнатите личности барем за мене беа скоро неизбежни.
Црвената опасност ја нема само гледано од перспективата на жителите на Источна Европа. На запад таа фатаморгана сеуште се смета за легитимна закана, од каде сеуште слушаме за супериорноста на мултикултурализмот иако опасноста од исламизмот е далеку пореална и подиректна. Како ќе ја решат- можеби ќе го применат византиското решение “Подобро турски турбан отколку папска тиара“...

---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
21-07-2011, 07:31 PM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1
#4

Дали тоа историјата се повторува? Слична приказна како и во Минхен по војната, по неколкугодишни натегања, во Атина ќе се гради џамија. Според наводите, во Атина живееле 800 000 муслимани (?!) и им бил неопходен храм за обавување на нивните верски обреди...
Муслиманското Братство отвора филијала во Атина? Си купија атињаните невоља...
Џамија во Атина- ќе проповедаат ли и таму браќата Рамадан?
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
09-09-2011, 04:13 AM
Reply