Пет месеци по објавата дека ќе го намали рекламирањето поради економската криза Владата со стариот соработник, маркетинг агенцијата Република го склучила највредниот договор од 600 илјади евра, дознава Алфа. Станува збор за кампања против дрогата. Професионално снимени спотови веќе се поставени на интернет. Притоа за секој вид на дрога снимен е спот, за марихуана, за кокаин, хероин и екстази.
Но, засега кампањата, која државниот буџет го чини 600 илјади евра ја виделе само 10 илјади луѓе. Прашањата: Зошто повторно се рекламира иако вети редуцирање на кампањите и зошто на маркетинг агенцијата Република и се плаќаатповеќе од половина милион евра кога спотовите се емитуваат на интернет за што не се плаќа ништо - останаа без одговор.
Симптоматично е што договорот на Владата со агенцијата Република, кој Алфа го пронајде во регистерот на јавни набавки предвидува и закуп на рекламен простор на електронски и печатени медиуми. Засега овие спотови ги нема ниту на телевизија ниту во весници. Проблематично е што Државниот завод за ревизија веќе откри дека Секретаријатот за европски прашања склучил договор со агенцијата Република за кампања Европски во Европската унија во вредност од околу 270 илјади евра, со проблеми во докажувањето дека снимените спотови и навистина биле емитувани.
http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&eventId=17163
без разлика колку биле емитувани дали биле гледани овие спотови ... ова вистина? 870 000 евра на немаштијава за ебани спотови?
зар ова треба да се подржи, прифати?
од овакви работи искрено ми се лоши ...