Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 15 Vote(s) - 3.53 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
КОЛКУ КЕ ГИ ЧИНИ МАКЕДОНЦИТЕ КОАЛИЦИЈАТА АХМЕТИ-ГРУЕВСКИ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#41








(This post was last modified: 21-07-2011, 06:08 PM by ЈорданПетровски.)
21-07-2011, 06:08 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#42









21-07-2011, 06:09 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#43










21-07-2011, 06:09 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#44









21-07-2011, 06:10 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#45









Да ги видиме и да ги слушнеме народниве избраници.
21-07-2011, 06:12 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#46


Quote:Луксузните ќелии не дочекаа станари

Во затворот „Скопје“ се изградени одаи за затвореници од т.н. хашки случаи



[Image: B3C9292EFBC5EB408065BD53C4A47D7D.jpg]

Љубиша Станковиќ


Кога пред повеќе од три години во Казнено-поправната установа „Скопје“ свечено беа промовирани шестте затворски ќелии за лица чии имиња беа наведени во хашките предмети, тогаш беше тешко да се претпостави дека овие четири судски предмети ќе бидат ставени ад акта, а нивните места ќе ги пополнат некои други луѓе.

До ваков развој на настаните дојде пред само неколку дена, односно откако со гласање парламентарното мнозинство донесе политичка одлука за повлекување на хашките случаи, односно одлука со која судот веќе нема да суди по поднесените обвиненија за најтешки кривични дела.

Непостапувањето во овие предмети отвора повеќе прашања, а едно од нив е што ќе биде со ќелиите што ги изгради државата за оние за кои тие беа наменети.

Нашите информации се дека тие не се празни, туку таму престојуваат некои посебни притвореници, како што велат официјални лица, од неколку големи судски случаи.

„Шесте затворски ќелии, за кои говорите, веќе неколку месеци се во функција. Во некои од нив сега се наоѓаат притворени лица од неколкуте големи судски случаи, како што се ’Фаланга’ или ’Пајажина’“, вели директорката на Управата за извршување санкции при Министерството за правда, госпоѓата Лидија Гавриловска.

Шестте, хашки затворски одаи навистина претставуваат „де лукс категорија“. Станува збор за еднокреветни ќелии, кои ги исполнуваат и највисоките затворски стандарди: кревет, биро со столна ламба, масичка, плакари, телевизор и компјутер. Ќелиите за кои „Утрински весник“ пишуваше уште кон крајот на 2007 година, поседуваат сопствен санитарен јазол со бојлер, но и една една заедничка просторија, заедничка бања со туш-кабини, а сите „корисници“ на ќелиите се под 24-часовен видеонадзор.
Реновирањето на просторот предвиден за изградба на „хашките“ ќелии започна уште во 2006 година. Станува збор за простор што се наоѓа во некогашното приемно одделение на затворот во Шутка.

Гаврилова вели дека уште во 2009 година е извршено комплетно реновирање на затворот. „Затоа и можам да кажам дека се' што ќе се каже за условите во овој затвор се најобични приказни“, додава таа. „Вратите на затворот ’Скопје’ се секогаш отворени за медиумите, кои најдобро ќе ја тргнат фамата што се шири за лошите услови во затворот“, вели Гаврилова. Затворот „Скопје“ може да прими од 310 до 315 лица, а во него моментно престојуваат околу 250 притвореници. Тоа е затвор со фитнес-сала со десетина направи, како и сала за пинг-понг. „Хашките“ ќелии, всушност, се направени според строгите стандарди на Меѓународниот суд во Хаг, од каде што беше испратен компакт-диск со фотографии што сугерираа како треба да изгледа адаптацијата на просторот.



Дали по овој напис уште некој му верува на Грујо дека не попуштил на уцените на Ахмети и се за гола власт.
22-07-2011, 12:35 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#47


Quote:ТАЛАТ ЏАФЕРИ, ПРАТЕНИК НА ДУИ

Ахмети и Црвенковски знаат што разговарале за хашките случаи

[Image: 8F142C97A9403943ACC2AD1E0BC7EA4B.jpg]

СДСМ немаше доблест и храброст да им објасни на луѓето дека на Македонија во 2001 г. ~ се случи војна поради „накарадната“ политика што во континуитет се водеше во минатото

Ви нудеше ли претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски, поддршка за хашките предмети под услов заедно да правите влада, како што спомена Џеват Адеми?
- Познато е дека лидерот Али Ахмети имал средби и пред, и во време, и по изборите со лидери на партии. Содржината на разговорите ја знаат Ахмети и Црвенковски и не би сакал да прејудицирам за што разговарале оти не сум бил дел од разговорите. Не можам да кажам кој што ветувал. ДУИ беше во коалиција со СДСМ и во тој контекст сите теми можеби и биле разговарани, впрочем и за тоа се средбите. Но не сакам да зборувам за работи ако не сум присуствувал и не би требало да се злоупотреби говорот на Адеми. Ахмети е принципиелен дека составот на владата треба да ја рефлектира волјата на двете мнозинства и не верувам дека би ги згазил своите принципи.

Собранието го усвои автентичното толкување на Законот за амнестијата. Зошто инсистиравте политички да се затвори ова прашање и како поранешни команданти немавте храброст Судот да утврди дали имало или не злосторства против човештвото?
- Напротив, имаме храброст да се соочиме со судовите. Кога беше донесен Законот за амнестијата ДУИ не беше во Собранието. Но партиите кои тогаш го донесоа Законот сега го толкуваат како што им одговара, во зависност дали се власт или опозиција. Во таа рашомонијада се укажа потребата законодавниот дом кој единствено е повикан, да даде автентично толкување и да каже што мислел кога го носел Законот. Законот е јасен дека сите надлежности за такви случаи ги имаше Хашкиот трибунал, но тој не поведе постапка за четирите предмети.

Зошто инсистиравте преку амнестијата да не се откријат виновниците за злосторствата. Со ова сметате дека е симната вината од цела ОНА или ја префрлате врз Албанците?
- Хашкиот трибунал не поведе постапка за ниеден од четирите предмети... Не може да биде виновна ниту цела ОНА ниту сите Албанци.

Тогаш кој ги малтретираше мавровските работници и кој е одговорен за киднапирањето на Македонците?
- Не можам да претпоставувам работи за кои ни просторно, ни временски, ни физички не сум бил присутен.

Вие најдобро ги почувствувавте револтот и гневот на роднините на киднапираните Македонци, кои по седницата вербално ве нападнаа и фрлаа со пластично шише по вас. Што се случи?
- Немаше инцидент. Реакцијата беше резултат на дебатата и злоупотребата на нивните чувства од пратениците на СДСМ. Со граѓаните се сретнавме кај пријавницата во Собранието и веројатно ме препознаа и почнаа да ме навредуваат. Не видов дека некој замавна со шише, а полицијата не интервенираше, туку си ја вршеше својата работа да ме заштити како пратеник. СДСМ немаше доблест и храброст да им објасни на луѓето дека на Македонија во 2001 г. ~ се случи војна поради „накарадната“ политика што во континуитет се водеше во минатото. СДСМ за дневнополитички цели на седницата н` нарече убијци и злосторници. Не очекував дека пратеници може да употребат такви термини, особено не од Макрадули, кој во два мандата е потпретседател на Собрание. Војник во војна не е убиец и криминалец. (М.Т.)
#
23-07-2011, 12:33 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#48


Quote:ИГОР ИВАНОВСКИ, ПРАТЕНИК


СДСМ ќе одбиеше власт условена со амнестија на злосторствата

[Image: C44B233D9FD0D245BB9937339E6D782C.jpg]
Неприфатливо е со политичка одлука да се избришат грозоморните дела направени од поединци за време на конфликтот и да се наградат оние кои ги киднапираа и егзекутираа 12-те Македонци од Непроштено, ги малтретираа мавровските работници или, пак, двајцата Македонци во Бриони што ги „кренаа во воздух“

Го обвинивте ВМРО-ДПМНЕ за предавство бидејќи со ДУИ ги затворија хашките случаи. Како ќе го решеше СДСМ ова прашање ако преговараше со ДУИ за коалиција?
- Тоа што го направи ДПМНЕ, а по барање на ДУИ, беше срамно и предавнички. Прво Груевски го продаде македонскиот јазик, па македонското знаме, го прошири Рамковниот договор и го скрши Уставот. И сето тоа само поради фотелјите на неговите најблиски, за својата власт и за затворање на критичките медиуми. Но, пазарот за хашките случаи беше најбрутален. Груевски ја продаде правната држава и истргува на најнизок начин со човечките судбини, со жртвите од конфликтот. Недозволиво е и неприфатливо со политичка одлука да се избришат и амнестираат грозоморните дела направени од поединци за време на конфликтот. Ги наградија оние кои ги киднапираа и егзекутираа 12-те Македонци од Непроштено и оние кои ги малтретираа мавровските работници. Мавровските работници и семејствата на киднапираните, кои по 10 години уште не знаат ни каде се гробовите на нивните најблиски, мора да ја добијат правдата и злосторниците да одговараат. СДСМ ова прашање ниту порано ниту сега немаше намера да го решава со политички пристап. За нас, овие случаи, мораше да се решат на суд, како што налага и меѓународното и домашното право. Тоа е единствениот начин.

Хашките предмети беа вратени во времето кога СДСМ беше на власт. Зошто тогаш не ги процесуиравте?
- Не е точно дека предметите формално се вратени во последниот мандат на СДСМ. Најавата дека тие ќе се вратат во Македонија се случи некаде на крајот на владиниот мандат на СДСМ. Но, факт е дека тие се вратија кога премиер беше Груевски, и за еден од нив започна судска постапка, а за дел од останатите и истражна постапка. Тоа значи дека започната судска постапка, со политичка одлука, ќе биде прекината. Таков пример не се видел никаде. Да ве потсетам дека токму Груевски упорно и на јавноста и на семејствата на жртвите им велеше дека хашките случаи се судски случаи и дека никогаш за нив нема да се пазари. Јавниот обвинител Шврговски с` до вчера тврдеше дека за нив не важи Законот за амнестијата. Дури и владата на ДПМНЕ подготви специјални судници и затворски ќелии, и обучуваше судии и обвинители. И на седницата сето тоа го поништија. Дури и не им дозволија на семејствата да ја следат седницата и одбија да ги погледнат в очи и да им кажат зошто цело време ги манипулираа. Срамно е и што за пратениците на ДПМНЕ поважно беше т.н. писмо на Тарчуловски отколку да се сретнат и да ги слушнат голготите на семејствата на жртвите. Треба да се спомене и чудниот факт дека т.н. писмо на Тарчуловски е наводно пратено и потпишано во затворот во Хаг, а тој се наоѓа во затвор во Германија. Се поставува прашањето дали наводното писмо има други автори и дали некој од власта повторно го злоупотребува Тарчуловски за дневна политика.

Точни ли се тврдењата на Џевад Адеми од ДУИ дека и Бранко Црвенковски во преговори со Али Ахмети бил подготвен да ги затвори овие случаи со политички договор?
- Не. Тоа не е точно. СДСМ никогаш немаше да го направи тоа што го направи ДПМНЕ. СДСМ никогаш не се согласил да се решат овие случаи со политичка одлука. Не знам зошто разговараме хипотетички, но кога веќе сакате, да беше политичкото решавање на хашките случаи последен услов за СДСМ да формира влада со ДУИ или со која било друга албанска партија, ние тоа немаше да го прифатиме. СДСМ никогаш нема да тргува заради власт или фотелји со судбината на луѓето и со амнестија на злосторствата. С` друго кажано од овој факт не е вистина и е груба манипулација и замена на тези. Но, тоа во Собранието беше „дпмнеовското“ сценарио. Лажните патриоти во вторникот молчеа и се договорија нивни адвокати да бидат пратениците на ДУИ. Ниту на седницата ниту понатаму немаме намера да полемизираме со ДУИ. ДУИ победи и си ја заврши својата работа. Тоа што изгуби ДПМНЕ е помалиот проблем. Со „амнестијата“ беа поразени македонските државни и национални интереси, а предавството го направи ДПМНЕ. Жалам што и „Дневник“ влета во сценариото на ДПМНЕ и денес ги соочуваме ставовите со претставник од ДУИ, а не од ДПМНЕ. (Т. П.)
23-07-2011, 12:35 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#49


Quote:Сега СДСМ ги сече канџите на албанскиот орел


Крај на идеолошки-интересната љубов меѓу Црвенковски и Ахмети


[Image: 7C0CEAF792B2B440BBC0EDCA2183E7A6.jpg]
Испушеното ‘марлборо на мирот’ на Бранко Црвенковски и Али Ахмети по изборите во 2002 година во Мала Речица, кога ја договорија тогашната владина коалиција, денеска како канцер ги распарчува политичките бели дробови на нивната идеолошки-интересна коалициска љубов

Вербалната војна на раб на физичка пресметка што пратениците на Демократската унија за интегреции (ДУИ) и СДСМ ја водеа деновиве во македонскиот парламент, а поврзано со усвојувањето на ‘автентичното толкување на Законот за амнестија’ со кој се затворија т.н. ‘хашки случаи’, означи крај на десетгодишната љубов меѓу социјал-демократите и некогашните команданти на Ослободителната национална армија. Испушеното ‘марлборо на мирот’ на Бранко Црвенковски и Али Ахмети по изборите во 2002 година во Мала Речица, кога ја договорија тогашната владина коалиција, денеска како канцер ги распарчува политичките бели дробови на нивната идеолошки-интересна коалициска љубов. Блиската идеолошка матрица на наследниците на комунизмот и марксистичко-ленинистичката албанска групировка, кои пред девет години ја воведоа праксата победничките партии кај Македонците и Албанците по дифолт да ја составуваат Владата, сега се зад барикадите и пукаат со тешка вербална артилерија едни кон други.

- Не постои љубов во политика и нема вечна љубов, туку вечен интерес - вели поранешниот министер за локална самоиуправа во коалициската Влада на СДСМ и ДУИ, Ризван Сулејмани.

Според Сулејмани, политичите карти во Македонија ги делат граѓаните, гласачите, па се случува некоја од партиите да стане ‘напуштена љубовница’ и како таква најпрво да сака да му наштети на својот поранешен љубовник.

- СДСМ во моментов излегува од својата политичка матрица, губи од принципиелноста и целата политичка битка ја сведува на битка за власт, а не за право или принципи. Социјал-демократите се идеолошки поблиски до ДУИ, иако интегративците и сите албански партии не се докрај политички профилирани на ‘десница’ и ‘левица’. Сепак, за мене е жално што излегува дека и македонските партии не се профилирани и не стојат цврсто во нивниот идеолошки профил, па се однесуваат зависно од околностите - додава албанскиот политички аналитичар.

Адеми ја растури шашмата

Но, каде запна меѓу СДСМ и ДУИ? Како доживеавме оние што први ги внесоа командантите на ОНА во владиниот кабинет, денеска да плукаат по своите некогашни партнери и да ги нарекуваат ‘убијци’? Овие две партии водеа жестока расправа на собраниска седница околу барањето за автентично толкување на Законот за амнестија, кој политички треба ги оконча четирите хашки случаи. Од друга страна, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ само неколкупати се вклучија во дискусијата, главно напаѓајќи го македонскиот дел од опозицијата дека се квазипатриоти. Од ДПА, пак, што е најсмешно, го поддржаа ова барање, бидејќи токму поради него и го напуштија Собранието во 2009 година.

- И пукавте во глава на правната држава, ја убивте перспективата на Македонците и на Албанците во државата. СДСМ не игра на национализам, туку мисли дека сите нормални луѓе ќе гледаат како со политичка одлука ќе се торпедира правната држава. Станува збор за конректни луѓе, и тие треба да одговараат. Како Македонци, така и Албанци - патроитизираше од собраниската говорница генералниот секретар на СДСМ, Андреј Петров од СДСМ, додека од ДУИ ги убедуваа дека судот во Хаг проценил дека нема елементи за гонење за тешки дела против човештвото и дека во чест на 10-годишнината од Рамковниот се затвораат и случаите каде има геноцид и злосторство против човештвото.

Целата опозициска рашомонијада во парламентот стивна во моментот кога на говорницата излезе Џеват Адеми и кога порача:

- Ги молам колегите од СДСМ да престанат, зошто и тие, а и ние, знаеме што договараа Црвенковски и Ахмети и што нудеше СДСМ за да направиме коалиција со нив, а не со ВМРО-ДПМНЕ по 5 јуни! - ги затна устите на перјаниците на најголемата опозициска партија Адеми. Но, за жал, македонските медиуми не се потрудија, ниту, пак, Адеми сакаше цлеосно да отвори што тоа нудел Црвенковски за да се добере до власт по неодамнешните парламентарни избори, на кои загуби со 14 пратеници помалку од ВМРО-ДПМНЕ.

ДУИ не ја прифати ‘шведската маса’ на СДСМ

Треба да се биде политички и општествено инфантилен, за да се помисли дека СДСМ со 42 пратеници, ќе успееше да формира Влада со сите албански партии (ДУИ, ДПА и РДК на Руфи Османи), а притоа да не го исполни круцијалното барање на сите политички претставници на албанскиот електорат во Македонија. Напротив, во јавноста провеа информацијата дека во преговорите, кои гледаме дека Црвенковски ги водел и со Ахмети, СДСМ нудел и премиерско место за некој од албанските партнери. ‘Хашките случаи’, во таква коалициска платформа, и покрај тоа што се грозоморни, сепак, би биле минорни за она што би го добиле Албанците.

Македонската телевизија, повикувајќи се на извори од ДУИ, дури излезе со листа на барања што социјал-демократите ги прифатиле од интегративците, само да одат во коалиција со нив, а тоа, наводно, се:

- Затворање на хашките случаи;
- Двојазичност на целата територија на Република Македонија;
- Истакнување на знамињата на албанската етничка заедница на целата територија на Република Македонија;
- Претседателот на Собранието да биде од албанскиот политички блок и седниците да ги води на Албански јазик;
- Директорот на УЈП да биде албанскиот политички блок;
- Еден од директорите на УБК или БЈБ да биде од албанскиот политички блок;
- Началникот на генералштабот да биде од албанскиот политички блок ;
- Претседателот на Владата да биде од албанскиот политички блок;

Ако ова е вистина, тогаш се работи за политичка ‘шведска маса’ што СДСМ им ја понудил на интегративците на Ахмети, кои, во поинаков случај би се послужиле со понуденото, но ако го одбиеја ВМРО-ДПМНЕ, ќе си извршеа самоубиство со оглед на спроведената пракса од 2002 година - победниците кај макеоднскито и албанскиот електорат да ја составуваат Владата.

Според аналитичарот Ризван Сулејмани, клучно во врска со усвојувањето на ‘автентичното толкување на Законот за амнестија’ со кој се опфатија и ‘хашките случаи’, од се показатели за низок степен на доверба на граѓаните, посебно кај Албанците, кон институциите во државата и политичките партии и посебно кон судството кое по секоја цена требаше да процесуира и до крај да реши барем два од случаите - ‘Мавровски работници’ и ‘Непроштено’.

А, за сегашната патриотска и антиалбанска реторика на пратениците на СДСМ, Ризван Сулејмани вели:

- Бранко е познат по своите неисполнети ветувања. Тој се колнеше дека нема да прави влада и дека воопшто нема да се сретне и да се слика со Али Ахмети во 2001 и почетокот на 2002 година. А, потоа над 100 пати се среќаваа во разни кампови уште пред изборите на 15 септември. Џабе им е сега овој излив на емоции и јазик на омраза. Немаат аргумент, прочитани се од народот! - потенцира поранешниот министер за локална самоуправа во Владата на СДСМ и ДУИ.

Антиалбанската реторика, како испробан метод за политичко самоубиство, ВМРО-ДПМНЕ, тогаш на чело со Љубчо Георгиевски, го примени во далечната 1992 година. Зарем е можно речиси 20 години подоцна, СДСМ да влегува во истата лузерска приказна?

Бобан НОНКОВИЌ
23-07-2011, 12:40 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#50


Quote:Никола Поповски, ексминистер за финансии во Владата на СДСМ и ДУИ


Ние постојано го одбивавме предлогот за вакво затворање на ‘хашките случаи’

[Image: 7A39004717665546AFBB34869357B3F6.jpg]
СДСМ и ДУИ никогаш не биле идеолошки блиски и оттука и заедничката Влада до 2006 година, постојано беше Влада во која се бараше заеднички компромис за многуте ралзики што постоеја меѓу нас. Ова ни го одговори Никола Поповски, поранешен министер за финансии во Владата на СДСМ и ДУИ од 2002 до 2006 година, на прашањето како одеднаш се покажаа големи разлики меѓу социјал-демократите и интегративците.
Според Поповски, сега, кога ДУИ е во власта, а СДСМ во опозиција, не постои никаква причина разликите и понатаму да се усогласуваат и нормално е да дојде до вербални пресметки за разлики меѓу нив што објективно постојат.
- Разликите и тензиите меѓу СДСМ и ДУИ денес, треба да се гледаат како нормални, особено што произлегуваат од учеството на ДУИ во кршеењето на Рамковниот договор. СДСМ, како опозициска партија, сметам дека нема причина да го поддржи сето ова. Барањето Законот за амнестија да ги опфати и ‘хашките случаи’, ДУИ постојано го поставуваше и во заедничката Влада со СДСМ, каде јас бев министер за финансии, но тоа никогаш не се прифаќаше. Сега, за жал, волјата на нивнито партнер ВМРО-ДПМНЕ беше поинаква - додава Поповски.

Бобан НОНКОВИЌ
23-07-2011, 12:41 PM
Reply
Guest
Unregistered

 
#51

Bideejki ova ne e kraj na zelbotekata na Alija,sto e slednoto?
Dozvolete da ja kazam mojata predpostavka:
Slednoto bi mozelo da bide manipulacija ili steluvanje na rezultatite od popisot sto sleduva na esen.
No,zatoa sto dosega site zelbi onaka masovno i udarnicki mu gi ispolnuvavme ne e cudo i ovaa da pomine.
Vo slucaj na nekoj golem procent na nemakedonci 40-45% i imeto ke bide seriozno zagrozeno.
Jas sepak se nadevam deka gresam.
24-07-2011, 09:24 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#52

Quote:ТАЧИ ВОЈВОДА - АХМЕТИ ДПМНЕОВСКИ НАДВОЈВОДА!

Колумна

Ова предавство кое го врши деновиве Владата на Грујовистичката банда не може и не смее да остане неказнето!!! Кога ќе замине од власт Груевски, а притоа нема да се врати на власт Црвенковски, тогаш злосторниците мора да бидат изведени пред лицето на правдата.


[Image: gruevski_taci_ahmeti.jpg]
Јордан Петровски

Што сé нема човек да прочита деновиве низ печатените и електронските весници. Не знаеш кој повеќе го потценува македонскиот граѓанин: дали мегафоните на Грујовистите или мегафоните на Бранковистите = ИСТИТЕ?!
Го читам Нонковиќ, како ни објаснува дека Ахмети имал подобра понуда од Бранко за коалиција ама ја одбил—и ние треба да веруваме!? Треба да заборавиме дека тој истиот Али Ахмети убиваше МАКЕДОНСКИ војници, убиваше МАКЕДОНСКИ недолжни граѓани за да го добие она што не му припаѓа, а сега, од еднаш, треба да се репрограмираме и да веруваме дека тој бил загрижен за Македонците и Македонија, па затоа ги одбил наводните понуди од СДСМ, кои биле:
- Албанец да стане Премиер;
- за двојазичност на територија на целата Република,
- за истакнување на знамињата на албанската етничка заедница на целата територија на Република Македонија;
- Претседателот на Собранието да биде од албанскиот политички блок и седниците да ги води на Албански јазик;
- Директорот на УЈП да биде од албанскиот политички блок;
- Еден од директорите на УБК или БЈБ да биде од албанскиот политички блок;
- Началникот на Генералштабот ан АРМ да биде од албанскиот политички блок.
Единствениот заеднички именител во понудите кои ги добил Ахемти од двете македонски банди, според небулозите кои ги туркаат Грујовистите, била амнестијата на злосторот врз цивилите од таканаречената Татковинска војна, и—види Богати—Ахмети ја прифатил онаа посиромашката понуда на Грујовистичката банда, која не била дарежлива „пакет“ понуда како онаа на Црвенковски!?

Ахмети за шака блиски ги жртвува сите Албанци

На секој разумен човек му се наметнува логичното прашање: ЗОШТО?

Односно, како е ова можно? – Има само еден логичен одговор: И Груевски и Нонковиќ ЛАЖАТ.

Ахмети амнестијата ја барал и од Грујовистите и од Бранковистите, и ја добил од двајцата. Изборот паднал на Груевски, од простата причина што не им треба трет за да направат Влада, а со тоа и колачот на власта не мора да го делат со трет, што во превод значи повеќе „гага“ за Ахети и неговата банда.
Низ барањето на Ахмети за амнестија на ладнокрвни убијци и измачувачи на невини цивили се гледа неговиот однос кон сопствениот коликтивитет. Тој, за да се спаси себеси или некој многу близок до него, вината на злосторот на шака поедници ја префрла на грбот на целиот албански етникум. Овој неказнет злостор ќе остане непремостлив јаз на недоверба помеѓу Македонците и Албанците, а ќе ги зацврсти и сомничавите погледи на Запад кон нивните некогашни миленици. За да се премости тој јаз, Албанците како етничка заедница ќе мораат да ги посочат виновниците. Тогаш, Албанците ќе можат да зборуваат дека навистина се за вистински соживот и градење на држава на граѓаните, а не на коликтивитетите.
Еден многу поучен пример за македонските Албанци и за останатите етнички колективитети во Македонија, доаѓа од Канада: во провинцијата Квебек, населена со претежно Французи, во 1995 год. беше оддржан референдум за отцепување од Канада. Референдумот не успеа за помалку од 1% гласови. На последните федерални избори, кои се оддржаа во мај годинава, етничката, сепаратисктичка партија од Квебек доживеа катастрофа, при што доби само 4 пратеника (од 48 во 2008. год.), или помалку од 4% на гласачите во Квебек. Граѓаните на Квебек сфатија дека лидерите кои се залагаат за права на коликетивитетот, всушност се борат за лично влијание и лична корист, злоупотребувајќи ја моќта на паушалните етнички залагања заради кои ја уживаат поддршката од електоратот.

Погледнете ги „лидерите“ на партиите на етничките колективитети: Амди Бајрам, Стоиљковиќ, Цановски, Сарач, итн, па пресметајте што добиваат нивните гласачи, а што добиваат „лидерите“.

Груевски требаше да го врати мандатот

Да се вратам на Груевски: Ако навистина Груевски сакал да стане премиер на влада на граѓаните на Македонија, тој ќе излезеше јавно да ги обзанани барањата на Али Ахмети и ќе соопштеше дека го одбива мандатот, бидејќи под уцена не сака да составува влада. Дека, поради негово длабоко убедување, барањата на ДУИ се против Македонија како држава и против Македонците како етникум. Притоа, ќе ги ставеше Бранковстите во „небрано“, оставајќи ги нив да му ги исполнат барањата на Ахмети, кои во тој момент би ѝ биле познати на целата македонска јавност.
Ова предавство кое го врши деновиве Владата на Грујовистичката банда не може и не смее да остане неказнето!!!

Кога ќе замине од власт Груевски, а притоа нема да се врати на власт Црвенковски, тогаш злосторниците мора да бидат изведени пред лицето на правдата. Во тој клучен момент, однесувањето на Албанците ќе биде пресудно за понатамошните односи внатре во државата. Етничките Македонци нема да смеат повеќе да ја забиваат главата во песок и проблемите да ги одложуваат за утре. Ова не е повик на војна. Ова е повик на спроведување на механизмите на правната држава и повик на функционирање на инститиуциите на истата таа држава.
28-07-2011, 11:19 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#53










Да било во време СДСМ поразлично и подобро да очекуваме спас од нив ама Грујо само ги копира некаде подобро некаде полошо.
29-07-2011, 02:22 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#54



Вчера го чув најновиот бисер, односно лудост од кујната на ДПМНЕ. Имено виновниците за случевите на 12 киндаприани, Мавровските работници и мотелот Бриони. Режимот на Груевски ке ги ликвидирал. Така бил договорот со Ахмети. Така да амнеистијата е само на хартија.
01-08-2011, 01:25 PM
Reply
Makedonec Offline
Senior Member
****

Posts: 406
Joined: May 2010
Reputation: 8
#55

(01-08-2011, 01:25 PM)ЈорданПетровски Wrote: Вчера го чув најновиот бисер, односно лудост од кујната на ДПМНЕ. Имено виновниците за случевите на 12 киндаприани, Мавровските работници и мотелот Бриони. Режимот на Груевски ке ги ликвидирал. Така бил договорот со Ахмети. Така да амнеистијата е само на хартија.

Ова да не си го слушнал од некој старчиња што седат пред кооперација на гајби...и цел ден пиво пијат???

Glava_vo_zid
(This post was last modified: 01-08-2011, 02:25 PM by Makedonec.)
01-08-2011, 02:24 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#56

(01-08-2011, 02:24 PM)Makedonec Wrote:
(01-08-2011, 01:25 PM)ЈорданПетровски Wrote: Вчера го чув најновиот бисер, односно лудост од кујната на ДПМНЕ. Имено виновниците за случевите на 12 киндаприани, Мавровските работници и мотелот Бриони. Режимот на Груевски ке ги ликвидирал. Така бил договорот со Ахмети. Така да амнеистијата е само на хартија.

Ова да не си го слушнал од некој старчиња што седат пред кооперација на гајби...и цел ден пиво пијат???

Glava_vo_zid




Старчиња околу Грујо а и во ДПМНЕ веке нема. Грујо ја собра "ïнтелегенцијата", онаа младата и таа сега за да ги сочува позициите верува и лиферува вакви небулози.
02-08-2011, 08:05 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#57


Quote:



До



Уставен суд на Р.Македонија



Дата 22.08.2011 година



Иницијатива





Јас Александар Петрушевски, ја поднесувам оваа иницијатива до вас како Уставен суд на Р.М. за оспорување на Aвтентичното толкување на Законот за амнестија, ( Сл. Весник на Р. Македонија бр.18/2002 ) изгласано од страна на мнозинството пратеници на Собранието на Р.М. на ден 19.07.2011 година на јавна седница. Истиот акт, односно толкувањето на амнестијата и нејзиното изгласување, излезе во Службениот Весник на Р.Македонија на ден 22.07.2011 година.

Јас лично барам од вас како Уставен суд на Р.М. да постапите согласно чл. 110 од Уставот на Р.М. и да одлучите, дали Автентичното толкување на Законот за Амнестија е донесен согласно Законите и Уставот на Р.М. ?

Јас како граѓанин сум запознаен со вашите надлежности како Уставен суд на Р.М. и оваа иницијатива е потребно да ги содржи следните елемнти, односно да ја има следната форма:

1.Прецизно да е определен актот што се оспорува ;

2. Причини поради кои се оспорува актот ;

3. Кои Уставни или законски одредби се повредуваат со оспорениот акт и кој е иницијаторот ;

Образложение:

1.Актот кој го оспорувам е Автентичното толкување на Законот за амнестија ( Сл. Весник на Р.М. бр.18/2002 ), изгласанo во Собранието на Р.М. на ден 19.07.2011 година, а излезен во Сл. Весник на Р. Македонија на ден 22.07.2011 година.

2. Причината поради која го оспорувам овој акт за Автентично толкување на Законот за амнестија е фактот, што изгласувањето на Амнестијата и автентичното толкување на законот за амнестија за четирите Хашки случаеви од страна на Законодавниот дом, не е во согласност со Уставот на Р.М. и постоечките закони во Р.М.

3.Со изгласувањето на амнестијата и толкувањето на законот за амнестија се прекршени следните одредби од законите и Уставот на Р.Македонија:

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕС со коалицијата и ДУИ како Албанска партија, свесно се вмешаа во четирите т.н. Хашки случаеви :

1.Водство на ОНА ;

2.Малтретираните Мавровски работници ;

3.Киднапираните Македонци од Непроштено;

4.Липковска брана;

Овие четири случеви се влезени во судска постапка каде се знаат, кој се обвинетите и жртвите на злосторствата кој се случиле! Овој факт го знаеа однапред и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со коалицијата и ДУИ , но истите го прекршија чл.118 и чл. 98 од Уставот на Р.М. каде во одредбите на овие членови јасно се кажува, дека Меѓународните ратификувани договори мора да се почитуваат, а осебено во одредбите на чл.98 каде се објаснува дека судовите судат врз основа на Устав, закон и потпишаните ратификувани Меѓународни договори. Меѓународната зедница мора да ја повика на одговорност Р.Македонија, бидејќи не ги почитува ратификуваните Меѓународни договори и конвенции, каде во истите се укажува, дека за злосторства против човештвото и тероризам, тие случаеви неможат да бидат предмет на амнестија и не застаруваат. Јас сега ви го поставувам следното прашање : Во кој закон постои одредба, каде се укажува дека за злосторства против човештвото следува амнестија ? Кога ќе ми одговорите на ова прашање, автоматски и ќе ја донесете правичната одлука.

Темелните вредности од чл. 8 од Уставот на Р.М. се прекршени од страна на посочените пратеници на штета на граѓаните кои беа жртви на обвинетите од т.н. Хашки случаеви, особено на случајот Мавровски работници кои беа мачени, сечени со нож и силувани од страна на обвинетите. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, иако знае за овие злодела, решија на оштетените и нивните семејства да им го одземат правото на владеење на правото и слободата да посегнат по правдата и да добиајт правична разврска пред судот, кој суд само има право да ограничува таква слобода- чл.12 од Уставот на Р.М. Но, посочените пратеници спротивно на Уставот, му попречија на судот и обвинителството да работат согласно Уставот и законитена начин што докажаа , дека можат да судат пратениците наместо судот, што автоматски темелните вредности посочени во одредбите на чл.8 не важат за нашава т.н. држава ! Јас незнам ООН што чекаат , зошто не не исфрлат од тоа Собранието и организацијата? Ние функционираме на принципот на договор и пазарење, што го има на малските пазари за зеленчук и овошје.

Во чл.11 од Уставот на Р.М. се укажува дека, физичкиот и моралниот интегритет на човекот се неприкосновени. Се забранува секој облик на мачење, нечовечко или понижувачко однесување. Да, ама Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ спротивно на Уставот го направија нормално однесувањето на обвинетите. Што да кажат жртвите за овој член, што да мислат за овој член ?

Во Законот за Кривична постапка на Р.М. чл.139 каде јасно се укажува на фактот дека, жртвата односно оштетениот се дефинира како лице, чиешто некакво лично или имотно право е повредено или загрозено со кривично дело. Значи дека државата треба да биде свесна дека жртвите се даночни обврзници и обични цивили на кои државата мора да им обезбеди, судска заштита, морално и материјално обештетување од сторените злосторства врз самите жртви, бидејќи Меѓународните акти и нашите закони тоа го укажуваат. Такви Меѓународни документи се : Декларација за основните принципи на правосудството за жртвите на злосторот и злоупотребата на власта, 1985, Резолуција на ООН и Европската конвенција за надоместување на жртвите на насилниот криминал, 1983,Совет на Европа. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ги згазија овие потпишани документи од страна на нашата држава, на штета на жртвите т.е. оштетените, поради несоборливиот факт, дека државата не им овозможи ниту судска заштита, ниту ги обештети. Направи светски преседан, каде што злосторниците беа ослободени, а жртвите потиштени и угнетени од страна на мнозинството на пратениците кои ја преставуваат власта во Р.М.

Во Универзалната декларација за човекови права на ООН од 1948 година, меѓу другото, се гарантира и дека сите луѓе се еднакви пред законот и на сите им припаѓа, без никаква дискриминација, еднаква заштита со закон. Но, потпишаниот договор за пратениците не важи и решија не само што ги дискриминираат жртвите на четирите т.н. Хашки случаеви, тие не им даваат ниту заштита со закон, што не човечки и не е хумано !

3. Иницијаторите за прекршување на посочените закони, веќе ги знаете ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ како политички партии во Собранието на Р.М. Доколку ви се потребни имиња и презимиња, обратетесе до Собранието на Р.М. бидејќи вие тоа може да го сторите.

Доколку нешто недостасува во мојава иницијатива, ве молам да ме известите преку мојата е-маил адреса која вие достапна !

Предлагам да донесете законска одлука , согласно вашите надлежности и да се произнесете со одлука, дали автентично толкување на законот за амнестија е законски акт во согласност со законите и Уставот на Р.М. ?

Јас Александар Петрушевски не се согласувам со вакви безаконија и потиштување на сопствениот народ ,кој народ редовно си ги плаќа своите даночни обврски и не заслужува да биде измамен од трговци параловци кои се нарекуваат политичари ! Ова е криминално дејание од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, кои земаат плата од народни пари, а сопствениот народ не го прашуваат, дали народот се согласува да се амнестираат злосторници, а да се потиштат и стават на маргините жртвите на злосторот ?

Бидејќи Премиерот Никола Груевски 3 (три ) години ме игнорираше, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ 2 ( две ) години, немој сега случајно да ми се јавиле да ја повлечам оваа иницијатива, не нека молчат како и претходно !

Јас Александар Петрушевски влегувам во историјата на Р.М. како човек кој единствено се осмели да поднесе иницијатива за оспорување на изгласаната амнестија на злосторниците од 2001 година, бидејќи неможам да живеам како гнида, како што почна да живее Јохан Тарчуловски кој прати писмо, каде го охрабрува Премиерот Никола Груевски да ги затвори т.н. Хашките случаеви на штета на своите сограѓани. Тоа е удварање кон терористите кои сега треба да му станат побратими, може му се допаѓа стилот на резбање и силување на сопствениот народ. Предлагам и Али Ахмети како врховен командант на ОНА да отиде кај Јохан Тарчуловски, за да може да му бакне рака на командантот и да му се заблагодари за посетата ! Толку многу невладини организации, толку опозициски партии, а не пратија иницијатива. Значи се сложуваат со одлуката на мнозинството.

Што ќе помислат обичните наши сограѓани, Турци, Власи, Роми, па и Албанци кои не се сите терористи ? Дека ние сме тесто народ и колку и да не мачиш ние ќе се покоруваме. Е така неможе, јас неможам да живеам како гнида !

Ова иницијатива ќе биде препратена од моја страна до сите пишани и електронски медиуми во Р.М. како би ве прателе како ќе се однесувате ! Да не случајно, потпаднете под притисок на власта.


Со почит,

Александар Петрушевски

ИЗВОР
24-08-2011, 07:39 PM
Reply
Илиян_Луков Offline
Senior Member
****

Posts: 456
Joined: Aug 2011
Reputation: 6
#58

Абе що ми се струва,че военният ви министър е албанец ...?! сега гледам даже на сайта ... Фатмир Бесими. Сега един въпрос - дали този министър ще бъде коректен към правителството и държавата, ако има проблеми както 2001 ? Ако да - защо?
24-08-2011, 09:12 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#59




Quote:АИ:Хашките случаи мораат да имаат судска разрешница


Четврток, 01 Септември 2011 21:28

Организацијата за заштита на човековите права Амнести Интернешенал(АИ) ги повика македонските власти веднаш да ја поништат парламентарната одлука за автентично толкување на Законот за амнестија.

Според АИ, со ваквата одлука жртвите и нивните роднини остануваат без право за правна завршница на случаите „Раководство на ОНА“, „Мавровски работници“, „Липковска брана“ и „Непрошетно“, кои беа вратени од Хашкиот трибунал во 2008 година и доверени на македонските судови.

„Одлуката на Парламентот е во спротивност со меѓународниот закон и ќе ги остави жртвите и нивните роднини без пристап до правдата“, изјави Сиан Џонс, претставник на АИ за Западен Балкан.

Тој додава дека Македонија мора да ги почитува меѓународните обврски, а македонските власти мораат да спроведат истрага за сите случаи вратени од Хашкиот трибунал и виновниците да ги изведат пред лицето на правдата.

„Преживеаните и жртвите мораат да добијат целосна отштета“, смета Џонс.

Од АИ посочуваат дека разбираат дека донесувањето на ваква одлука била дел од договорот за постизборно коалицирање меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, но додаваат дека обвинувањата за кршење на меѓународното хуманитарно право не можат да бидат субјект на политички преговори.

Понатаму се додава дека Организацијата побарала од премиерот Никола Груевски без одложување да овозможи судска завршница за сите случаи вратени од Хашкиот трибунал.
02-09-2011, 12:35 AM
Reply
razurnuvac Offline
Senior Member
****

Posts: 376
Joined: Mar 2010
Reputation: 6
#60

Eve denes ke se otvori Aerodrom Acko Golemio vo Skopje ,i tuka sigurno bi se vrabotile 1.500 novi lica od RM
Potoa samo nekolku dena pred 8 septemvri i jubilejni 20 godini od nezavisnost na RM gledame deka vo Radovis,Bucim,pa vo Veles,pa vo Stip,pa vo Skopje ,Bitola i Prilep a bogami i da ne e protiv Ramkoven cuvme i vo Tetovo. "KE"ima otvoranje novi fabriki i novi rabotni mesta.
Kamo sreka da ne demantira Mizo i da toa bide nagoren trend i da naprolet edno 15000 novi vraboteni so fabriki saglam od ZAPAD.
Da ne go zafati nov bran na kriza vo ekonomika vo sveta, i tie se toa odlozat na podolg period investiranje vo fabriki vo RM
Kako sonot stanuva jave koga toa ni go pisa Johan Tarculovski .Sreka e vo toa sto takvi kako Barba ni davat navremeni i saglam informacii,deka zaradi nas neverni ne i odi na Makedonija ili potocno na DPMNE
A koga samo malku ke gi oci podotvorime posiroko gledame ete i edna MIRKA i PANDE i ROSOKLIJA kako nekogas Branko vo mladost sega i Nikola go vozljubat.
Kade dotera Branko tamo go stiga i Nikola ne zaradi nego no poradi Mirka Pande Latas i Milenko so drugove Zingo i Stojmenov.
Denes veke se gleda deka A1 ne mu e smetala na NIKOLA zaradi kriminal no zaradi Arhiva sto ja imalo vo A1 kako materjal koj e snimen od 2000 godina navamu.A vo glavna uloga se Nikola i DPMNE i tuka se gleda deka i produkciski kuki od Holivud mozat da ucat skolo od propaganda i marketing.Sto milioni drvja se iznasadija a gola Makedonija.Sto beton se frli u temeli na nekoi si zapocnati fabriki koi poradi ekonomska kriza gi snema.Sto sonce izgreja kako Soncev grad.Pa Prespa ,pa Dojran,pa selski turizam boze boze.Ama toa e samo od 2006 a da ima sansa 20 godini e togas ke vidime raj,i fabrika do fabrika,sportski tereni do niv i moderno zdravstvo.

Neka e sreken praznik 8 septemvri 2011,i 20 godini Nezavisna Republika Makedonija na site vo RM i kaj i da se.
06-09-2011, 06:10 AM
Reply