Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Poll: ДАЛИ ЦРВЕНКОВСКИ КЕ ПРЕДИЗВИКА ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ ВО ТЕКОТ НА 2012
This poll is closed.
ДА
60.00%
3 60.00%
HE
40.00%
2 40.00%
Total 5 vote(s) 100%
* You voted for this item. [Show Results]

Thread Rating:
  • 4 Vote(s) - 2.5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
СО РЕИЗБОРОТ НА ЦРВЕНКОВСКИ МАКЕДОНИЈА СИГУРНО ГУБИ, ДАЛИ СДСМ ГУБИ ИЛИ ДОБИВА !!!???
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#41



Quote:СТАРИТЕ СОЦИЈАЛДЕМОКРАТИ МУ КРОЈАТ КАПА НА ЛИДЕРОТ

Две сценарија за смена на Бранко Црвенковски

Повеќе сценарија се подготвуваат за смена на Бранко Црвенковски од претседателската фотелја во СДСМ, тврдат поранешни функционери на партијата блиски до поранешниот лидер на СДСМ, Владо Бучковски, кој е најгласен во директната конфронтација со актуелното раководство. Според нив, не е исклучено и други групации актуелни и поранешни високи партиски функционери да се вклучат во проектот за детронизирање на Црвенковски. Меѓу имињата што се споменуваат како можни поддржувачи на оваа идеја, покрај Бучковски, се и поранешниот советник на Црвенковски како претседател на државата и директор на агенцијата за разузнавање Кире Наумов, поранешниот претседател на младите на СДСМ, Ѓорѓи Трајчев, а неизвесно е дали меѓу нив ќе се најдат и членовите на тинк-тенк организацијата „Демос“, кои всушност се основачи на СДСМ, Ѓорѓи Спасов, Никола Поповски, како и Сашко Насев. Од раководството на СДСМ вчера не сакаа да ги коментираат информациите дека незадоволните од Црвенковски се организираат и коваат стратегија за негова промена.

Потреси однатре

Иако на Конгресот на СДСМ по предвремените парламентарни избори Црвенковски доби голема поддршка од делегатите да продолжи да ја води партијата, во политичките кругови с` уште е актуелна темата дека по изборниот пораз тој требаше да го напушти кормилото на СДСМ и да отвори простор на чело на социјалдемократите да дојде млад и перспективен лидер, кој нема голем политички товар. Дури се шпекулира дека и потпретседателот Зоран Заев, кој е во првиот тим на Црвенковски, подготвува терен да дојде на чело на партијата доколку до таа мера се зголеми притисокот поради кој актуелниот лидер би решил да се повлече или, пак, ако биде сменет од групацијата на поранешни истакнати социјалдемократи. Партиски извори тврдат дека кога ќе дојде време не е исклучено лидерски амбиции да се појават и кај Стевче Јакимовски или, пак, кај Радмила Шекеринска, кои, иако не се дел од проектот за „пензионирање“ на Црвенковски, себеси се гледаат во потесниот избор за негов наследник.

Иницијативен одбор

Сепак, меѓу оние кои најгласно зборуваат дека на СДСМ му требаат реформи, промени во раководството, демократизација на партијата, бидејќи без нив социјалдемократите немаат шанси на избори да го победат ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски, се Бучковски и Ѓорѓи Спасов. Обајцата јавно ја критикуваат работата и стратегијата на Црвенковски, оценувајќи дека најголемата грешка е промоцијата на принципот „СДСМ може без секого, само не без Бранко“, односно дека партијата е во летаргија, а нејзиното раководство не сака да сфати дека ако нема простор за институционално функционирање на демократијата внатре во партијата, таа ќе се излее на улиците.

Извори блиски до крилото на Бучковски тврдат дека во тек е мобилизација на сите социјалдемократи кои не се задоволни од начинот како сега функционира партијата и кои сметаат дека е неопходна нејзина демократизација. Иако велат дека с` уште е рано да се споменуваат конкретни имиња, потенцијални членови на таканаречениот иницијативен одбор може да бидат сите оние кои дале придонес во формирањето и функционирањето на СДСМ, а кои денес се целосно тргнати настрана.

- Идејата е да се создаде атмосфера за демократизација на партијата. Ние с` уште сме членови на СДСМ и имаме право да кажеме што мислиме. Затоа наша основна цел прво ќе биде промена на Статутот, лидерот да се избира на непосредни избори и да се дозволи функционирање на фракција, со што и оние кои не се согласуваат со раководството ќе имаат начин како во партијата да го искажат својот став - вели поранешен функционер на СДСМ.

Тој додава дека не е исклучено наскоро да се сретнат сите поддржувачи на оваа идеја и да се разговара за формирање иницијативен одбор, кој ќе ги координира работите. Неистомислениците на Црвенковски велат дека, доколку не „помине“ идејата со промена на Статутот, шансата ќе ја чекаат до мај 2013 година, кога му истекува мандатот на Црвенковски. Тогаш, по изборите Црвенковски ќе мора повторно од делегатите да бара доверба, но ситуацијата ќе биде значително променета. Според извори за „Дневник“, по шест загубени изборни циклуси, Црвенковски ќе мора да оствари убедлива победа на локалните избори за да може да бара нов мандат.

- Дотогаш работите значително ќе се сменат. Ако сега, после неколку месеци од изборите, кога помина еуфоријата околу освоените гласови, кај членовите има незадоволство, за две години негативното расположение ќе биде уште поголемо - додава еден од заговорниците за промена на кормилото на СДСМ.

Според него, за идејата за независни листи на локалните извори не е воопшто разговарано и с` уште е рано да се зборува за таков вид дејствување.

Реформи без потреси

Иако поранешниот генерален секретар на СДСМ, Спасов, се споменува како еден од поранешните колеги на Црвенковски кој има кредибилитет да му ја разниша фотелјата, тој за „Дневник“ тврди дека никогаш не бил ниту ќе биде дел од некоја група што се занимава со политички заговори и интриги.

- Бранко Црвенковски има легитимен мандат на претседател на СДСМ и може да биде сменет само во легална процедура и со волја на членството. Точно е дека јас и Никола Поповски имавме разговор со Бранко Црвенковски на негова покана. Се интересираше за тоа како ние ја оценуваме политичката состојба во земјата и дали гледаме некаква можност да се ангажираме за реализација на активностите на СДСМ и опозициониот фронт. Не е точно дека јас сум му рекол „ладнокрвно“ во таа пригода „време е да се обединиме околу нов лидер“. Што се однесува до нашето ангажирање, му рековме дека ние со нашите колумни и нашите јавни настапи сметаме дека дејствуваме опозиционо, но за друг вид ангажман не стана збор - објаснува Спасов.

Тој додава дека можеби неговото интервју за неделникот „Публика“, саботен прилог на „Дневник“, поттикнало некои луѓе да направат таква конструкција. Но, нагласува дека секој обид за пуч во СДСМ е однапред осуден на неуспех и само луѓе кои не го познаваат СДСМ може да бидат толку наивни и да му направат штета и на СДСМ и да се посрамотат себеси.

- Тоа нема да успее. Ако некој се обиде, ќе го ослаби СДСМ, но ќе помине како малите партии на парламентарните избори. СДСМ има можности да се реформира и да зајакне без драматични потреси. Иако неговиот Статут не дозволува фракции, тој дозволува разни форми на организирање на членството кои можат да бидат искористени за дополнително обединување. Во Статутот пишува дека партијата има и Совет - кој не е формиран. Ако партијата сака да ги интегрира повозрасните и поискусните, може да направи обид да го формира тој Совет, па дури и да определи квота од неговите членови кои ќе бидат делегати на конгресот, членови на ЦО и членови на ИО, односно да им дадат реална моќ за институционално влијание и тие да не се чувствуваат отфрлени од партијата - вели Спасов.

Црвенковски - почесен претседател на СДСМ

Поранешниот генерален секретар на СДСМ, Спасов, му порачува на Црвенковски да се ослободи од опсесијата дека тој лично треба да го победи Груевски и со своето искуство да го менаџира процесот за смена на Груевски. Тоа, додава Спасов, може да го направи од некоја позиција која би била наречена „почесен претседател на СДСМ“.

- СДСМ треба да се ослободи од стравот дека партијата без Црвенковски ќе се распадне и дека ќе се обноват поделбите, расколите и непријателствата меѓу конкурентските групи за власт. Напротив. Треба да се има доверба во помладите, кои веќе имаат големо искуство. Црвенковски ќе им помогне ако во почетокот ја имаат и неговата поддршка. За да се случи тоа, не треба СДСМ да се држи постојано во илузија дека предвремени избори само што не се случиле и дека сега не е време да се занимаваме сами со себе. Тоа, според мене, не е губење залудна енергија - вели Спасов.

Татјана Поповска
26-09-2011, 11:29 PM
Reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,133
Joined: Dec 2009
Reputation: 17
#42

Во случајот со БеЦе,би рекол дека во СДСМ ќе се чувствуваат потреси и неговото евентуално заминување е веќе на повидок. Некој би прашал зошто?На изминативе предвремени избори, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ фрлија се на овие избори. Едните да останат на власт а вториве да дојдат на власт. Сега бидејќи СДСМ не доби на изборите позицијата на БеЦе е многу разнишана,а и финансиската состојба во СДСМ е лоша. Со што,полека но сигурно се јавуваат и конкуренти за тоа кој да ги носи пердувите на поглавицата. Главниот проблем е во тоа што во СДСМ сите се борат да бидат лидери,а и недостадок на вистински аналитичари.Најголемиот проблем е во тоа што БеЦе сеуште го чува Фрче,кој по изгледа го има Бранко во раце.
Но и мислам дека дискусиите на форумот Котле со кои се присеќаваме на злоделата на БеЦе и СДСМ,придонесуваат да СДСМ остане во опозиција. Не верувам дека и со доаѓање на нов лидер на кормилото на СДСМ ситуацијата нешто ќе се подобри.
"He who controls the present, controls the past. He who controls the past, controls the future." -- George Orwell
"Тој што ја контролира сегашноста,тој го контролира минатото.Тој што го контролира минатото ја контролира иднината." Џорџ Орвел
_____________________________________________________________

http://www.cd-macedonia.com
28-09-2011, 02:22 PM
Reply