Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 2 Vote(s) - 3 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ПЉАЧКА НАД ПЉАЧКИТЕ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,948
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1


Quote:Привилегии од стар договор

Челикот се кали со гратис вода

Фирмите што работат во кругот на некогашна „Железарница“ трошат пивка вода од Рашче колку цело Скопје. Ако се знае дека цената на водата со канализација изнесува 65,80 денари за кубен метар, не е тешко да се пресмета дека се трошат милиони евра национално богатство, велат експертите

Во погоните на некогашна „Железара“ четириесет години се користи пивка вода од Рашче без да се плаќа, дознава „Дневник“. Со оглед на тоа дека цената на водата со канализација изнесува 65,80 денари за кубен метар, а цената на вода без канализација 46,63 денари, не е тешко да се пресмета дека се трошат милиони евра национално богатство.

Приказната започнува во седумдесеттите години на минатиот век кога покрај цевката за снабдување на градот изградена е нова со ист пречник наменета за потребите на тогашниот гигант. Првата цевка со размер 1.600 поминува под булеварот Партизански одреди и таа снабдува најголем дел од градот, а втората со истиот размер оди низ населбата Бутел и е наменета за „Железарница“. Во ЈП“ Водовод“ ни ја потврдија информацијата дека сегашните правни наследници на некогашниот гигант се наследници на привилегијата да користат вода без пари.

Последниот договор е од 1997 година

Добрите познавачи на состојбите велат дека дневно во некогашна „Железарница“ се троши вода по количина скоро иста колку водата што ја троши цело Скопје. Во ЈП „Водовод“ велат дека каптажата „Рашче 1“ е изградена во 1963 година, а во 1964 година е направен првиот цевковод со профил ф-1600 мм.

- Во 1969 година од истата каптажа „Рашче 1“ се изгради и уште еден цевковод со профил ф-1600 мм од каде што градот Скопје се снабдува со вода. Во 1971 година е склучен договор меѓу ЈКП „Комуналец-ООЗТ Водовод и канализација-Скопје“ и „Рудници и железарница-Скопје“ во кој се регулираат односите помеѓу двете претпријатија за користење на капацитетите, нивното одржување и понатамошно инвестирање и со овој договор истите се утврдуваат со сооднос педесет спрема педесет. Во 1979 година е потпишан и анекс на договорот. Тој се однесува на инвестиција во каптажата „Рашче 2“ со заеднички средства од тогашниот ЈКП „Комуналец-ООЗТ Водовод и канализација-Скопје“ и „Рудници и железарница-Скопје“, велат во ЈП“Водовод“. Понатаму велат дека поради финансиски проблеми, „Рудници и железарница-Скопје“ се повлекува од финансирањето на изградбата на каптажата „Рашче 2“, со што довршувањето го презема ЈКП „Комуналец-ООЗТ Водовод и канализација-Скопје“. Во меѓувреме, водата се користи од фабриката, но не се плаќа.

Следува нов договор во 1997 година кој се однесува на начинот за регулирање на обврските меѓу двете фирми - велат од ЈП „Водовод“.

Нашите соговорници објаснуваат дека договорено било преотстапување на каптажата „Рашче 1“ и цевководот „ф-1600 мм“ од „Рудници и железарница-Скопје“, на ЈП „Водовод и канализација-Скопје“, како компензација за средствата што ги побарува ЈП „Водовод и канализација-Скопје“ од „Железарница“. Со преотстапувањето на цевководот и каптажата „Рашче 1 и 2“ до последниот затворач во „ПОС Рудници и железарница-Скопје“, Водовод станува и фактички и правен сопственик и корисник на целокупната водоводна мрежа во Град Скопје, со исклучок на водоводната мрежа во „ПОС Рудници и железарница-Скопје“.

И „Водовод“ потврдува дека се користат стари привилегии

Во „Водовод“ велат дека сегашните фирми што работат во кругот на поранешна „Железарница“ ги користат привилегиите од старите договори и не плаќаат вода.

- Не постојат судски спорови помеѓу „Водовод и канализација“ и „РЖ Услуги“ како еден од правните наследници на „Рудници и Железарница-Скопје“, затоа што сите работи се дефинирани и се почитуваат со претходно споменатите договори.

Тие трошат за свои потреби 50 отсто од произведената вода - велат во „Водовод“. На нашето прашање дали и колкави се загубите на јавното претпријатие од неплаќањето на водата кое е регулирано со овој договор, не добивме одговор.

Експертите велат дека трошиме два олимписки базена вода на жител. За нив ова е нов момент во кој фирмите што работат на просторот на поранешна троши енормни количини на вода без да ја плаќа.
Дневник



Незнам дали грешам во пресметкиве но од бројките глава боли: 280 000 x 1 евро се 280 илјади евра на ден за Томиќ-Балкан стил на времето, денеска за Минчо Јорданов -Мак стил или околу 100 милиони евра на годината.



Quote:"Мерните инструменти на ЈП "Водовод и канализација" завчера регистрирале потрошени 500 литри по жител, односно дневно производство од 280 илјади метри кубни."



(This post was last modified: 26-06-2011, 03:17 PM by ЈорданПетровски.)
26-06-2011, 03:15 PM
Reply
Душан Јордан Петровски II Offline
Member
***

Posts: 220
Joined: Apr 2010
Reputation: 3
#2

И после Минчо бил богат. Е богат!

Ова е крајно кристален пример за претприемашките способности на македонската бизнис елита. Ако се има в’предвид дека таа елита треба да претставува крем на стопанственичкото општество: До таму, според теоријата, тие луѓе требало да стасаат благодарение на нивното умеење да се справат со предзивиците на секојневното работење, измислувајќи нови, инвентивни начини нивните фирми да бидат економски ефектвини, а со тоа и најконкурентни. Во Македонија не постои таа конкуренција која треба природно да го подобрува стопанството—туку постои само полтронски бандитизам. Затоа оние кои покажуваат лични способности да носат резултати без да ја глобат државата системот ги уништува.
(This post was last modified: 27-06-2011, 03:43 PM by Душан Јордан Петровски II.)
27-06-2011, 03:42 PM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#3

А зошто Дневник го напаѓа најголемиот ’градител’ во Македонија? Повеќето прокети од Скопје 2014 се реализираат преку фирмите на Јорданов.

27-06-2011, 04:32 PM
Reply
Makedonec Offline
Senior Member
****

Posts: 406
Joined: May 2010
Reputation: 8
#4

(27-06-2011, 04:32 PM)acko Wrote: А зошто Дневник го напаѓа најголемиот ’градител’ во Македонија? Повеќето прокети од Скопје 2014 се реализираат преку фирмите на Јорданов.

Можеби дневник,медиумски го рекетира човекот...заради некој трет....

Кој знае колку е изврзана таа приказна....немој да мислиш дека некое новинарче од Дневник смее да пишува за такви ѕверки.
27-06-2011, 05:08 PM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#5

Тој трет е власта?

27-06-2011, 08:32 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,948
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

(27-06-2011, 08:32 PM)acko Wrote: Тој трет е власта?


Што мислите колку е провизијата која ја платиле и плаќаат "газдите на железара"
27-06-2011, 11:26 PM
Reply
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,471
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#7

(26-06-2011, 03:15 PM)ЈорданПетровски Wrote: Незнам дали грешам во пресметкиве но од бројките глава боли: 280 000 x 1 евро се 280 илјади евра на ден за Томиќ-Балкан стил на времето, денеска за Минчо Јорданов -Мак стил или околу 100 милиони евра на годината.

За дваесет години, ете ги две милијарди!
Толку Минчо заштедил, а Скопје и Македонија Загубиле!

An inch today is tomorrow’s mile.
(This post was last modified: 29-06-2011, 05:28 PM by montehristo.)
29-06-2011, 05:25 PM
Reply
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,471
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#8

Oва попрво ми личи на листа за уцена отколку листа на богаташи.
Нешто матат овие од утрински.

Quote:

Топ 9 македонски милионери

[Image: 7D809C3BC1DBCD4E9B857D683F5C4388.jpg]

Овие луѓе или се директори на најголеми фирми или поседуваат најголем број акции

Соња Маџовска
Маја Томиќ

Кој се вбројува меѓу најголемите македонски милионери? Колку тежат и каде ги чуваат парите? Најбогатите најчесто одбиваат да зборуваат за своите милиони. Сопствениците во компаниите не сакаат јавно да коментираат за своите милионски заработувачки, за разлика од светските богаташи, кои се тркаат да излезат што погоре на ранг-листите на „Форбс“.

Листата што ја направи „Утрински весник“ вбројува само девет македонски милионери, за кои можевме да најдеме податоци. Најбогатите бизнисмени можеби не се на неа, како што се Ристо Гуштеров, Зоран Зелениковски, Трифун Костовски, бидејќи за нив тешко може да се соберат податоци со оглед на тоа што дел од капиталот им е надвор од земјава.


Минчо Јорданов[Image: C38B0EE5290D454DA312A14577D69B98.jpg]


Најбогат човек во Македонија моментално е Минчо Јорданов, убедени се познавачите на состојбите на нашиот пазар на капитал. Според официјалните податоци, познато е дека неговата самостојна бизнис-кариера започнала во 1992 година кога бил ангажиран во фирмата „Дуферко“ С.А. од Лугано, компанија од челичниот сектор. Од 1994 година, Јорданов е член на Бордот на директор и одговорен за земјите на поранешниот Советски Сојуз, а од 1997 година е претседател на Управниот одбор на „Макстил“ АД Скопје и член на Бордот на „Дуферко“.

Тој поседува и дел од капиталот на градежната компанија „Бетон“, во која „Репро уан лимитед“ има 23,22 отсто од акциите. Според Централниот депозитар, Јорданов преку своето капитално учество во „Макстил“, „Репро уан лимитед“ или лично е сопственик и на дел од капиталот од други фирми. Јорданов е сопственик на 21,3 од акциите и во РЖ „Интер трансшпед“, „Макстил“, пак, поседува 21,37 отсто од акциите на РЖ „Економика“, додека „Репро уан лимитед“ поседува 80,96 во РЖ КПОР. Неговото семејство се јавува и како сопственик на клиниката „Ремедика“ и на дневниот весник „Нова Македонија“. Јорданов неодамна ја отвори и винарниицата „Стоби“ во која инвестираше 20 милиони евра.


Штерјо Наков [Image: C4232A14BBCC774CB8B27DE559D948D5.jpg]


Втор на листата е бизнисменот Штерјо Наков. Тој и неговото семејство поседуваат шпедитерска компанија, брокерска куќа, винарска визба и повеќе хотели.

Во шпедицијата „Фершпед“ доминантни акционери се синовите, Драган Наков има 11,83 отсто од обичните акции, а неговиот брат Сашо Наков има 11,04 отсто од обичните акции на „Фершпед“.

Со вкрстување на податоците од Македонската берза и од Централниот депозитра, моменталната вредност на акциите на Накови се проценува на 3,5 милиони евра.

Ова е само дел од она што ги прави Накови едни од побогатите луѓе во Македонија. „Фершпед“ поседува и брокерска куќа - „Фершпед брокер“, како и 96,69 отсто од винарската визба „Сковин“. Компанијата е доминантен сопственик и на хотелите „Александар палас“, „Фершпед Маврово“ и на охридските „Метропол“ и „Белви“. На лично име, или преку капитално учество на „Фершпед“ и фирмите во кои компанијата е мнозински сопственик, Штерјо Наков поседува капитал уште во најмалку десетина компании. Неофицијално, Наков има капитал и во Солунското пристаниште и во дел од пристаништето во Драч.


Кочо Анѓушев[Image: D52A62EB3E01B5418DB610502B2575B5.jpg]


Кочо Анѓушев е еден од основачите на „Брако“ од Велес и има богато професионалното искуство во повеќе области.

Во 2003 година го основа друштвото за вработување на инвалидни лица за производство, трговија и услуги „Фероинвест“ ДОО експорт-импорт - Велес. Тоа е дел од конзорциумот што доби концесија за изградба на 21 мала хидроелектрана во Македонија. Во истата година „Фероинвест“ станува сопственик на 50 отсто од капиталот на компанијата „Брако“. Исто така, во 2003 година Анѓушев го основа претставништвото на швајцарската групација ЕФТ, а подоцна и фирмата „ЕФТ Македонија“, добива лиценца за трговија со електрична енергија. Како резултат на добиениот грант од Холандија од 1,5 милиони евра, во 2007 година е основана фирмата „Брако веигхпак“, чиј управител е Анѓушев. Фирмата претставува заедничко вложување меѓу „Брако“ и холандска компанија што се занимава со производство на метални делови.


Живко Мукаетов[Image: BF725D102A1C3743A5BFADAC5BB4DFE4.jpg]


Главниот менаџер на „Алкалоид“ е трет во списокот на најбогати Македонци. Живко Мукаетов поседува на свое лично име 6,58 отсто од вкупно издадените акции на компанијата. Кога тие ќе се помножат со вкупниот број обични акции и ќе се поделат со 100, а потоа ќе се помножат со просечната цена на една акција на Берзата, која изнесува 4.400 денари, или 71 евро, се добива сума од 6,7 милиони евра. Над 5 отсто во „Алкалоид“ поседува и лицето Биљана Јованова. Нејзините акции моментно на берзата вредат околу 5 милиони евра.



Шефки Идризи

За еден од најбогатите тетовци се смета семејството Идризи. Во 1992 година Шефки Идризи ја отвори фирмата „Ренова“ во село Џепчиште, Тетово, како трговско- услужна фирма. Бизнисот денес го водат браќата Шефки и Ќенан Идризи. „Ренова“ произведува ренофиџ-малтери. Со своите производи направи револуција на домашниот пазар, а се' поголемата побарувачка придонесе да никне и првиот производствен капацитет на готовите малтери. Во 1999 година „Ренова“ почнува да ја гради втората фабрика во „Гуреза–Косово“ со двапати поголем капацитет.

Во 2002 година фирмата го купи најголемиот рудник во регионот за бел вар „Нењ Лепенци“ во Качаник – Косово, а во 2004 година и рудникот и фабриката за производство на кварц и перлит во Битола. Во истата година „Ренова“ ја купува и најголемата фабрика во регионот за преработка на кожа и на крзно, како и 10 хектари земјиште во Албанија за третата фабрика за ренофиџ. Фирмата е генерален претставник на боите на „Карбон“ од Загреб.


Сашо Давитковски [Image: 5837CE8D56AF394D81ADCB2DE1968629.jpg]


Сашо Давитковски е првиот човек на „Скопски пазар“, но, всушност, овој синџир маркети е во рацете на семејството Давитковски. Тоа поседува најголем број акции во СП. На свое име Тодорка Давитковска има 13,12 отсто од вкупниот број обични акции, а синовите Сашо и Тошо имаат по 8,68 отсто, односно 6,56 проценти, според последните податоци на ЦДХВ. Заедно Давитковски поседуваат 28,36 отсто од акциите на компанијата, вредни, според актуелната просечна цена на Берзата, речиси 2 милиона евра.

Душко Туџаров[Image: 7E18EA6DC6431E4CAA61642641FA8D51.jpg]


Групацијата „Реплек“ АД Скопје содржи повеќе фирми-ќерки во својата структура: „Реплек“ - веледрогерија, „Реплек-фарм“ фабрика за лекови и хемиски производи и „Реплек“ и „Хубо интернационал“ и ресторанот „Ден и ноќ“. Според податоците од Централниот депозитар, во „Реплек“ најголем акционер е компанијата „Хенделс“ со 20,24 отсто, но веднаш потоа следуваат Славица Туџарова-Трајковска со 11,57 отсто од акциите и Иван Туџаров со 11,32 отсто. Компанијата „Реплек“ поседува 9,95 отсто од акциите. Акциите на Туџарови вредат 4 милиони евра.

Кристина Тодоровиќ

Кристина Тодоровиќ е генералниот директор на синџирот „Тинекс“ и новиот синџир дрогерии „Космо“. „Тинекс“ маркети има 40-ина во 10 града во земјава. Кристина Тодоровиќ буквално ги држи сите конци во свои раце во однос на работењето на маркетите откако нејзиниот татко Владимир Тодоровиќ стана градоначалник на Општина Центар. „Тинекс“ е 100 проценти негова сопственост. „Тинекс“ годишно има обрт од околу 80 милиони евра, а дел од него се наменува за развој и проширување на бизнисот.

Благој Механџиски [Image: 2B5E8F47509DB94C9E21AF8BF79D8CAD.jpg]


Благој Механџиски е основач на „Зегин“, која е првата приватна компанија за продажба и производство на лекови во Македонија, регистрирана во 1989 година. Тој е сопственик на „Зегин фарм“ или мрежата на преку 70 аптеки во земјава, потоа на „Зегин медика“ – поликлиника за здравствена нега, како и „Зегин шпедиција“. Се' до 2006 година компанијата опстојува со 100 отсто учество од основачот, додека во 2006 година во компанијата влегува странски капитал со 50 отсто учество на странските партнери. Странскиот партнер е „Мајлстон“ од Исланд. Од 2007 година е сопственик на винарницата „Лозар“.
хахахаха, како им ги фризираат си ви-ата, уште малку и кралеви и кралици ќе видиме.
Синџир на маркети,LazgoPosPos
Основач на Брако,LazgoPos23Pos


Quote:Од: Goce
Датум: 29.06.2011 01:10:59

Greska imate kaj prof.Koco, daleku e toj od top 10. Vi falat Sveto, Trifun, Sanardziovci, Gicev i sekako Smilenski. Sto mislevte vo zatvor e pa nema pari? A da se prasavte kako toa nikoj ne go bara vo zatvorot?


Од: Mirko i Slavko
Датум: 29.06.2011 10:15:19

Ste go zaboravile gazdata na Makedonija,ili za nego e zabraneto da se pisavu. Toj si ima i negov licen glaven grad. Inaku na listava osven Albanecot, drugite sve se bivsi komunisticki udbaski direktori na celo so gazdata, koj najverojatno dal zabrana da se pisuva za nego.

Од: trendo
Датум: 29.06.2011 10:39:59

Uste ednas se vide deka mediumite pojma nemaat sto pisuvaat,znaci branat edni za da klevetat drugi,zosto ovoj medim ne go pisal i nivniot gazda ,barem na desetoto mesto ako ne povece

Од: Kakva top lista ?
Датум: 29.06.2011 10:43:54

Kakva toa Top lista pravite? pa Zingo despotot Kratovski treba da e apsolutno prv na istata, a ste ispusitele i drugi iminja. ( slucajno ili namerno) Samakovski, Kalenikov,Sveto , Mijalokovi i dr.Eve go nema i Velija a samo za zatajuvanje na porez mu baraat 10 miliona evra?! Sega koj gresi tuka?

Од: brmbrm
Датум: 29.06.2011 10:57:36

Ne razbiram, za Angusev prvpat slusam, a ispusteni se Sveto Pivara, Trifun Kometal, Dzingo Sileks, Zoran Azmanov, Zoran Zaev (i Zaev i Azmanov se po poteklo od Murtino i se multi milioneri), Cifliganec, nekolkuminata od Makpetrol...

Од: маре
Датум: 29.06.2011 11:20:03

Кај е Ѕинго- силекс, силекс неметали,добра вода, ладна вода,силекс банка,телевизија....Кај е Стојменов- телевизија,консултантско биро,печатница,менувачница......Кај е Бојо Андрески,браварот од металски завод,заставникот од јна, кој се врати од Русија како богаташ со европскиот универзитет,телевизијата,печатница Н.Македонија,весникот Вечер.....Каде се Калиникови со Авто салоните,кај е газдата на Порше,Тојота,Шкода....Кај е Цветко Кузмановски ,Чифлиганец и многу други што се занимаваат со градежништво.....Каде е Угриновски и Јовица и Емил,газдите на Неуромедика,каде е Орце Камчев со Систина ????? Само во мојата населба можам да набројам повеќе од овие 9 личности.....

Од: Jovan
Датум: 29.06.2011 11:40:09

Site tie bogaststva se ukradeni od kapitalot stvaran za vreme na bivsa Jugoslavija. Vo Mk ima samo piperkii domati, a lugeto gi biva samo za lagi, kradenje, svirki pesi i tapani. A da ne mozebi tie suludi bogatasi sakaat da vlezat vo evropa kade ima silni zakoni i kompetentni biznismeni. Ajde breeee.Fuujjjj.

Од: Stevche Stojanov, dipl. politikolog
Датум: 29.06.2011 13:58:19

Listata e nerealna! Kade se Fijat Canoski, Risto Gushterov, Trifun Kostovski i mnogu drugi pobogati od ovaa desetorka?

Од: Tode
Датум: 29.06.2011 16:34:10

Drugi magnati ispusteni vo listata: 1.Risto Gusterov 2. Dzingo 3.Velija Ramkovski 4. Boris Stojmenov 5.Trifun Kostovski 6. Ljubco Georgievski 7. Branko Crvenkovski 8. Hari Kostov 9. Haralampie HadziRistevski 10. Orce Kamcev i mnoooooooooogu drugi
An inch today is tomorrow’s mile.
29-06-2011, 07:35 PM
Reply