Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 2 Vote(s) - 3.5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ИЗГРЕЈ ЗОРО НА СЛОБОДАТА !!!?????
Author Message
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1
#41

(09-07-2011, 07:07 PM)ЈорданПетровски Wrote:
(09-07-2011, 06:40 PM)acko Wrote: Честитки и од мене и уште многу броеви да читаме.

Имам само една желба... Во наредните броеви да направите едно интервју со Дане Поповски... а може и некој текст за македонската дијаспора, нејзино растурање од УДБа и сл...




Интервјуа, подобро речено сведочења, ке одат со троицата живи основачи на ВМРО ( С.Д.Р.М.А) ПРАВДА. Поради брзање не се качени уште три текста. Ке бидат качени набргу. Ке го ставаме и целиот весник во ПДФ кој сака може да си го симне.
zoshto samo pdf, koga vekje odite na digitalen format probajte I so ePub formatot.

---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
09-07-2011, 09:17 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#42

(09-07-2011, 09:17 PM)МрачниотКоњаник Wrote:
(09-07-2011, 07:07 PM)ЈорданПетровски Wrote:
(09-07-2011, 06:40 PM)acko Wrote: Честитки и од мене и уште многу броеви да читаме.

Имам само една желба... Во наредните броеви да направите едно интервју со Дане Поповски... а може и некој текст за македонската дијаспора, нејзино растурање од УДБа и сл...




Интервјуа, подобро речено сведочења, ке одат со троицата живи основачи на ВМРО ( С.Д.Р.М.А) ПРАВДА. Поради брзање не се качени уште три текста. Ке бидат качени набргу. Ке го ставаме и целиот весник во ПДФ кој сака може да си го симне.


zoshto samo pdf, koga vekje odite na digitalen format probajte I so ePub formatot.



PDF го работиме заради печатницата.

Ме праша Kоњанику околу претплатата. Ке нема претплата ке одиме вака:

Доколку ви се допаѓа содржината на овој весник и сакате да продолжи да се објавува редовно во печатена форма и на Интернетот, ве молиме да направите минимална донација во вредност на куповната цена на весникот преку PAYPAL со кликнување на опцијата „DONATE“ на: http://www.cd-macedonia.com




If you enjoy the contents of this magazine and wish to see it published regularly in print and on the World-Wide-Web, please make a minimum donation of the purchase price of magazine through PAYPAL by clicking on the “DONATE” option at: http://www.cd-macedonia.com




http://www.cd-macedonia.com




(This post was last modified: 09-07-2011, 09:54 PM by ЈорданПетровски.)
09-07-2011, 09:54 PM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#43

Браво за интервјуто со владиката Методиј, тој ми е меѓу оние луѓе од МПЦ кои ги почитувам...

02-09-2011, 03:06 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#44

(08-07-2011, 11:14 PM)ЈорданПетровски Wrote: Уводник или одговор на прашањето зошто "ИЗГРЕЈ ЗОРА НА СЛОБОДАТА".


Quote:Почитувани читатели

Пред вас се наоѓа првиот број на нов весник. Весникот е посветен на Македонија, а го издава Комитетот за демократизација на Македонија од Канада, невладина и непартиска организација на дел од македонската дијаспора во таа земја.
Ова не е прв пат да се издава весник посветен на Македонија во странство. Целта, како и на сите претходни вакви изданија е да се позанимаваме со македонските работи на еден сосема отворен и нецензуриран начин, за да можеме да ја согледаме Македонија вчера, Македонија денес и Македонија утре. Исто како и пред повеќе од сто години, весникот се издава во странство со помош на македонската дијаспора, зашто во Македонија, во 2011 година, просто речено, нема услови за тоа. Демократијата е сведена на демократура, еден вид полутврдо апсолутистичко владеење, каде нема место за друго мислење освен ако не е дел од извитоперената лево-десна номенклатура, која дополнително дојде до израз по последните парламентарни избори. Ако не си дел од едната или другата банда, порано или подоцна, секој обид за поинакво мислење бива уништен. На еден или друг начин, но најчесто суптилно, со контрапропаганда и со економско уништување.

Знаеме, прво прашање кое би ни го поставиле многумина е, зошто го избравме името "Изгреј Зорa на Слободата". Одговорот е многу едноставен и разбирлив за секој образуван Македонец, но, ајде да им објасниме на оние, кои во името ќе гледаат некакво подметнување или будење на некои сеништа.
Изгреј Зорa на Слободата е изгубената врска која беше воспоставена и сочинуваше континуитет на македонската борба за самобитност, помеѓу ВМРО, Национал-Демократското крило предводено од Ченто и ВМРО-ПРАВДА. Затоа и беше испеана на отворањето на Првото заседание на АСНОМ:
„Иницијативниот одбор за свикуењето на Првото заседание на АСНОМ, бурно поздравен, си го завзима своето место на бината. По тишината која после тоа настапи, громко одекна химната „Изгреј зора на Слободата“. Панко Брашнаров, најстариот член на иницијативниот одбор, со тих и дрхтав глас го отвори заседанието“.
Во тој момент Македонија вистински прогласуваше самостојност и сувереност. Но, откако донесе и решение да стане федерална единка на Југославија, првин ја изгуби Изгреј Зора на Слободата, па го изгуби Ченто, па Брашнаров ... Младоста на Македонија која стана следбеник на Мрме, Гиге, Дане, Смичко и Чакра, се обиде да ја возобнови Изгреј Зора на Слободата, а со тоа и самобитноста на Македонија како протекторат на САД.
Тито и неговите слуги во Македонија беа немилосрдни, македонската младост од школските клупи ја пренесоа на гробиштата - петте струмички студенти - низ занданите и карцерите на Македонија и Југославија. Не успеа обидот Изгреј Зорa на Слободата да си го заземе местото, да го продолжи континуитетот на ВМРО за самобитноста на Македонија.

Стефанка, Гиге, Дане, Смичко, Чакра ги преживеаа сите голготи и искушенија и во 1990 година го повторија обидот, согласувајќи се на ДПМНЕ да му ги отстапат четирите златни букви ВМРО, букви, чија светост тие ја сочуваа и однегуваа до денешен ден и која ќе ја негуваат и понатаму . Се понадеваа дека ДПМНЕ е подготвено да ја продолжи битката за самобитноста и самостојноста на Македонија онаму каде што беше прекината, а имаше лесна задача, зашто Југославија "почина".

Но, не било така. Југославија почина, но, во Македонија се повампири времето на "периодот помеѓу двете војни", "научната" измислица за српската окупација. Од 1990 до денес, Македонија не успева да се извлече од волшебниот круг на „летање во место“, пред се поради континуираното дејствување на остатоците на старата комунистичка, просрпска елита, која ги постави системските и кадровските темели на она што денес се нарекува политички живот во Македонија. Државата е далеку од современите теории и практики на демократијата, на човековите права и слободи и на пазарната економија.
„Изгреј Зора на Слободата“ ќе се обиде како весник на сите Македонци, каде и да се, да проговри отворено за нештата во Македонија. За Македонија вчера, за Македонија денес, заради Македонија утре!






[Image: deneshnailbe93.jpg]

Неверувавме дека некој после само после 4 години и еден месец од нашиот обид да помогнеме со праќање на порака за тоа кој е единствениот пат за спас на Македонија ке ја разбере нашата порака. Порака за која многумина во 68 годишната борба беа казнете со смрт, многумина за казна младоста ја проведоа по затвори, многумина мораа да ја напуштат татковината .... Денеска со неверување ама со голема радост и надеж дека оваа не се само голи зборови ја читаме фејсбук пораката на председателот на СДСМ Зоран Заев, порака во која е содржан единственот вистински пат за Демократска, Самостојна и Суверена Македонија, Македонија која сите ке ја чувствуваат како своја без оглед на етничка или верска припадност.
03-08-2015, 12:00 AM
Reply