Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 3 Vote(s) - 2.67 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ПОЛТРОНИТЕ НАЈГОЛЕМ ПРОБЛЕМ ЗА МАКЕДОНСКИТ ЛЕТ ВО МЕСТО
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,946
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1



Quote:Ни сдсм ни свети сдсм не може да го смени Црвенковски

Аналитичарите и поранешни членови на раководството, велат дека СДСМ е голема партија и има кадровски потенцијали за нов лидер, но дека Црвенковски од себе успеал да направи икона, на кого никој не може да му се спротивстави. Актуелното раководство молчи

[Image: Brane%5B1%5D.jpg]

Бранко Црвенковски не е одговорен за поразот на СДСМ на овие избори. Иако во оваа форма членовите на раководството на партијата нема да го амнестираат својот лидер од непобедничките изборни резултати, тие во извештајот што денеска треба да го разгледаат на седница на централниот одбор сепак ќе се обидат да го направат тоа. Наместо одговорност и причини за поразот, во извештајот што го подготвува изборниот штаб нема да има повикување на одговорност, туку само констатација дека на предвремените парламентарни избори СДСМ не успеа да формира влада, но успеа да ја врати довербата кај граѓаните, бидејќи на 5 јуни успеа да добие 130 илјади гласа повеќе од изборите во 2008 година.
Тоа, пак, од друга страна значи дека на постизборниот конгрес нема да се случи промена на раководството (иако самиот Црвенковски предизборно најавуваше такво нешто), како што тоа беше случај по поразите во 2006 и во 2008 година, кога привремените лидери Владимир Бучковски и Радмила Шеќеринска си дадоа оставки од шефовската позиција оти ценеа дека тоа е нивна одговорност.

Каролина Ристова-Астеруд

„Лично сум убедена дека проблемот на СДСМ не е дали Црвенковски треба и дали ќе си оди, туку кој/а ќе го замени, а притоа да ги има ваквите лидерски ефекти на внатрепартиска консолидираност и ефективност комбинирана со лидерска харизма и магнетизам наспрема гласачите“

Ѓорѓи Спасов

„СДСМ по моја проценка нема да се помири со губењето на изборите и ќе избере тактика на ‘перманентна револуција‘. Тоа значи повторно организирање протести, бојкот на парламентот и барања за нови предвремени избори сé до локалните на кои би можел СДСМ да оствари некој подобар резултат“

Љубомир Д. Фрчкоски

„Прашањето на некаква демократизација на СДСМ или реформа го покренуваат 2-3 отпадници кои не се најдоа на пратеничките листи“

Владимир Божиновски

„Црвенковски, ако си ја сака партијата ќе мора да замине од лидерското место како што тоа го направи Љубчо Георгиевски во ВМРО-ДПМНЕ. Поразот на СДСМ не е пораз на социјалдемократијата во Македонија, туку пораз на реликтите од минатото, а Црвенковски е политички реликт“

Потребна ли е реформа

Ова се шести избори по ред (од кои три последователни парламентарни избори) на кои СДСМ не успева да го победи ВМРО-ДПМНЕ. Поранешни членови и аналитичари велат дека тоа е знак оти партијата треба да доживее реформа и промена во раководството.

- И покрај сите поволни околности за опозицијата на овие избори: економската криза, тоа што во десницата се појави една група на партии што реално му одземаа гласови на ВМРО-ДПМНЕ, медиумската поддршка од А1 - СДСМ изгуби. Тоа е веќе прашање на лидерот. Црвенковски, ако си ја сака партијата, ќе мора да замине од лидерското место како што тоа го направи Љубчо Георгиевски во ВМРО-ДПМНЕ. Поразот на СДСМ не е пораз на социјалдемократијата во Македонија, туку пораз на реликтите од минатото, а Црвенковски е политички реликт - смета Владимир Божиновски од Институтот за политички истражувања Скопје.

Сепак, аналитичарите велат дека ова е малку веројатно да се случи.

- Црвенковски не се доживува внатре во СДСМ како човек што ги изгубил изборите, туку како некој што го препородил СДСМ и не победил на овие избори само поради тоа што се почнало од многу ниска позиција и затоа што „згрешил народот“. Оттука не очекувам дека тој ќе поднесе оставка, а и ако ја понуди таа нема да му биде прифатена. Верувам дека тој и натаму е убеден дека „е можна влада без него на чело“, но „не е можно Груевски да биде победен без него на чело на СДСМ“ - вели професорот Ѓорѓи Спасов, поранешен член на раководството на СДСМ.

Каролина Ристова-Астеруд, основач, поранешен пратеник и актуелен член на СДСМ, пак, смета дека партијата треба да направи измени, бидејќи навистина грешела.

- Ако ја тргнам настрана личната разочараност што како тогашна координаторка на клубот на жени на СДСМ не бев на листите, како сдсмовка сум уште повеќе разочарана што покрај внатрепартиските најави дека листите внимателно ќе бидат скроени да го оптимализираат бројот на гласови, сепак тоа не се случи. Требаше повеќе да се поработи, вклучително и самата Шеќеринска поенергично да се спротивстави на нефер кампањата на ДПМНЕ за неа како нечија марионета. Конечно, како една од покрупните грешки го сметам нудењето новинари на А1 за инстант-пратеници - така многу ослаби искреноста на поентата за принципиелна политичка борба на СДСМ за медиумската слобода - вели Ристова-Астеруд, според која, на партискиот конгрес нема да има лидерска смена, но ќе почне процес за лидерска транзиција, која ќе се заокружи најдоцна пред претседателските избори во 2014 година.

Таа смета дека прашањето на партиска реформа е прашање со кое треба да се занимава и ВМРО-ДПМНЕ. Слично размислува и поранешниот претседателски кандидат Љубомир Д. Фрчкоски.
- СДСМ од еден аспект е победник на изборите. Тие на овие избори го извлекоа целокупното гласачко тело што можеа. Тоа што успеа да се доближи на 70 илјади гласа до ВМРО-ДПМНЕ, всушност покажува дека владејачката партија треба да прави партиска реформа. Прашањето на некаква демократизација на СДСМ или реформа го покренуваат два-тројца отпадници што не се најдоа на пратеничките листи - коментира Фрчкоски.

А на Бихаќска се молчи. „Нова Македонија“ контактираше со петнаесетина членови на централниот одбор (од вкупно 88), сите со високи партиски функции, кои денеска ќе одлучуваат за тоа што се случи на изборите. Меѓу тие што не се изјаснуваат што ќе се случи со Црвенковски се и предизборниот мандатар Радмила Шеќеринска и потпретседателите Гордан Георгиев, Ана Павловска-Данева и Зоран Заев.
- Извинете, но не би сакал да ги коментирам овие прашања зашто се работи за лични одлуки. В четврток (н.з. денеска) претпоставувам дека ќе се знаат тие одлуки - ни пиша Заев во СМС-порака за тоа што ќе се случува со партијата по изборите.

Има ли кој да го замени ?

Аналитичарите, но и оние што биле или сé уште се дел од СДСМ, сметаат дека по прашањето на лидерство СДСМ е во сериозна криза и има сериозен проблем. Секој од нив различно ги толкува причините за тоа. Така, Ристова-Астеруд смета дека Црвенковски и партијата премногу му дозволиле на политичкиот ривал ВМРО-ДПМНЕ да успее да ја наметне политичката психологија дека „Бранко е виновен за сé&рдљуо;. Црвенковски, вели таа, направи огромна грешка што остана на лидерското столче во партијата, поставувајќи се себеси во улога на „лидер-громобран“. За неа тоа што Црвенковски е сé уште претседател на СДСМ е резултат на тоа што партијата не успеала да изгради соодветен кадровски потенцијал што би го заменил, бидејќи засега само тој ги имал лидерските способности да ја оправи партијата, за која на само пред половина година се исмеваа поради нејзината распарченост и хибернација.

- Лично сум убедена дека проблемот на СДСМ не е дали Црвенковски треба и ќе си оди, туку кој или која ќе го замени, а притоа да ги има ваквите лидерски ефекти на внатрепартиска косолидираност и ефективност комбинирана со лидерска харизма и магнетизам наспрема гласачите. Не верувам дека апстрактниот принцип на лидерска оставка по изгубени избори треба да биде цел самата за себе, со лоши последици за партијата, туку треба да се применува продуктивно и со цел за напредок на партијата и затоа сметам дека оставката на Шеќеринска во 2008 година беше погрешна. Исто не верувам во приказните дека проблемот е Црвенковски, дека тој не сака да се тргне или дека не дава туѓите лидерски ѕвезди да засјаат. Ако има алтернативен лидер или лидерка, тоа ќе дојде до израз и во најмала рака би имало внатрепартиска борба. Но, за жал, работите не можете да ги симулирате или вештачки да ги форсирате ако нема алтернатива - коментира Ристова-Астеруд.

Во сегашниот реален контекст на СДСМ, според неа, единствено Шеќеринска е најблиску до Црвенковски, но само доколку научила од своите грешки од претходното претседателствување со партијата.

- А тоа е дека лидерската позиција бара и поголема храброст, одлучност и борбеност за својот политички и кадровски концепт, со сите непријатности што одат со тоа и правење само здрави компромиси. Таа е кадар што е најмногу на линија на стратегиските определби и потреби на земјата, но ги покажа овие лидерски слабости - вели поранешната пратеничка и основач на СДСМ.

Според Божиновски, пак, СДСМ е голема партија и има кадри што би го смениле „вечниот лидер“, но дека тоа не смее да се прави инцидентно и еден месец пред избори, како што тоа беше случај со назначувањето на Шеќеринска за мандантар или, пак, на Заев за „чувар на столчето“.

Каква опозиција Ќе биде СДСМ по изборите?

Но прашањето околу смената на Црвенковски и реформата во СДСМ, не е само внатрешно прашање на партијата. Според аналитичарите, тоа што ќе се случи внатре во партијата ќе има влијание и во тоа каква опозиција ќе биде СДСМ.

- СДСМ по моја процена нема да се помири со губењето на изборите и ќе избере тактика на „перманентна револуција“. Тоа значи повторно организирање протести, бојкот на парламентот и барања за нови предвремени избори сé до локалните на кои би можел СДСМ да оствари некој подобар резултат. И ако евентуално ги добие локалните избори да продолжи да го оспорува легитимитетот на власта. Ако се определи за таа тактика, никој нема веќе да се осуди на Бранко да му бара оставка за СДСМ да почнел да се демократизира однатре и да се подготви за сериозен пораз на штотуку избраната власт на кои било наредни избори - коментира поранешниот генерален секретар на партијата Спасов.
Но ваквото сценарио, вели Божиновски, би било прочитано од граѓаните и на долг рок немало да и донесе поени на партијата, туку само дополнителен анимозитет.

- Ова сценарио на краток рок донесе поени за СДСМ и ги донесе предвремените избори, но таа тактика е контрапродуктивна на долг рок, бидејќи со тоа Црвенковски ќе ја потврди вмровската теза: дека СДСМ постојано се обидува да предизвика нереди, со цел да докаже дека државата е стабилна само кога СДСМ е на власт. Не може постојано да го рушите парламентарниот систем и потоа да очекувате дека тој систем ќе ве донесе на власт - вели Божиновски.

Порака за проактивна политика испраќа Фрчкоски. Според него, СДСМ не смее да ја пропушти шансата политички да поентира уште во првите денови од новото владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

- Опозицијата мора да биде жестока и во наредниот период да не дреме. Иако СДСМ одбегнува директно да биде вклучена во протестите против насилство по убиството на младиот човек, за да не биде обвинета за политизација, таа мора да ги отвори прашањата на одговорност во МВР, затоа што тоа е политичко прашање. Исто така не смее да дозволи афера со прислушувањето на Љубе Бошковски како партиски лидер, а која всушност ги има димензиите на македонски Вотергејт, да ја остави на Обединети за Македонија. Граѓаните очекуваат да се случи мобилизацијата од страна на големата опозициска партија - коментира Фрчкоски.


Автор: Катерина Нешкова


16-06-2011, 01:48 PM
Reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,133
Joined: Dec 2009
Reputation: 17
#2

Проблемот во Македонската политичка сцена е многу добро отсликана и во СДСМ и во ВМРО-ДПМНЕ.Во СДСМ никој не се наоѓа да го замени Бранко,поради тоа што од 20 годишната Македонска независност Бранко Црвенковски е една од константите,како и Љубомир Фрчковски (кому амбициите му беа и да биде претседател на РМ).Во ВМРО-ДПМНЕ,со овие резултати како и со одбивањето на Гордана Јанкуловска да сноси одговорност за настаните од минатат недела укажува дека владее полтронството.
И двете партии со својата неактивност и неработење,како и со спорот кон Грција како и со одгледување на културата на полтронството ги тераат членовите кои се добри кадри да си заминат од двете партии.
Мислам дека би било добро,Бранко да си оди од политиката како и политичарите кои се присутни во СДСМ веќе 20 години.На ВМРО-овците би ги замолил да го притиснат своето лидерство да биде поодговорно како и да озбилно ја започне борбата против корупцијата, криминалот и невработеноста и нелегалната приватизација.И реформите кои многу ги рекламираат да почнат да се остваруваат.
Се согласувам дека резултатите на последниве избори се порака до сите политичари во Македонија,почнете со вистинска политика,не со криминалот.
"He who controls the present, controls the past. He who controls the past, controls the future." -- George Orwell
"Тој што ја контролира сегашноста,тој го контролира минатото.Тој што го контролира минатото ја контролира иднината." Џорџ Орвел
_____________________________________________________________

http://www.cd-macedonia.com
16-06-2011, 03:23 PM
Reply
Guest
Unregistered

 
#3

Od site nedonoseni izjavi na razni vidni sdsmovci najvekje zastrashuva onaa na Gjorgi Spasov za permanentna revolucija. SDSM treba da digne race od kidnapiranjeto na legitimniot protest. Sega I opravdanoto nezadovolstvo e nemozhno da se izrazi na ulica zashto stana ekskluzivitet na sdsm. Od toa navistina ni e dosta.
Ne se poltronite glavnite vinovnici za letot vo mesto, tuku negov proizvod.
17-06-2011, 03:54 PM
Reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,133
Joined: Dec 2009
Reputation: 17
#4

(17-06-2011, 03:54 PM)Guest Wrote: Od site nedonoseni izjavi na razni vidni sdsmovci najvekje zastrashuva onaa na Gjorgi Spasov za permanentna revolucija. SDSM treba da digne race od kidnapiranjeto na legitimniot protest. Sega I opravdanoto nezadovolstvo e nemozhno da se izrazi na ulica zashto stana ekskluzivitet na sdsm. Od toa navistina ni e dosta.
Ne se poltronite glavnite vinovnici za letot vo mesto, tuku negov proizvod.

Доста е со протести и партиски препукувања,ни треба работа и пари, но и Човечки правдини и Солобода..
Наместо Полтрони,Ни требаат Вистински Кадри и Интелектуалци,
Наместо Анархизам-ни треба Ред и Закони,
Наместо Протести и Лет во Место-Сакаме Мир и Прогрес,
Наместо Фашизам-Ни треба Слобода,Демократија....
Наместо Лажен Патриотизам-Ни треба Вистински Патриотизам...
Наместо лажна Лустрација-Ни треба Вистинска Лустрација...
Полтрони од сите партии,замините си од Политиката..
"He who controls the present, controls the past. He who controls the past, controls the future." -- George Orwell
"Тој што ја контролира сегашноста,тој го контролира минатото.Тој што го контролира минатото ја контролира иднината." Џорџ Орвел
_____________________________________________________________

http://www.cd-macedonia.com
(This post was last modified: 17-06-2011, 04:52 PM by basilius_2.)
17-06-2011, 04:47 PM
Reply
Solenik Offline
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23
#5

(16-06-2011, 01:48 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:Ни сдсм ни свети сдсм не може да го смени Црвенковски

Аналитичарите и поранешни членови на раководството, велат дека СДСМ е голема партија и има кадровски потенцијали за нов лидер, но дека Црвенковски од себе успеал да направи икона, на кого никој не може да му се спротивстави. Актуелното раководство молчи

[Image: Brane%5B1%5D.jpg]

Бранко Црвенковски не е одговорен за поразот на СДСМ на овие избори.

Автор: Катерина Нешкова

Значи Булутинот реши да продолжи со неговите заебации на три кибритарки! Наместо да се прави анализа како е тоа можно Власт која нон-стоп победува на избори (значи многу популарна) да изгуби 10 пратенички места (плус уште десетина од ДУИ), а тие места да отидат право во џебот на БЦ?

Ако некој треба да поднесе оставка после избориве, тоа е Груица!
21-06-2011, 03:33 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,946
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:[Image: cqs1310346918n.jpg]
Интервју Марјан Ѓорчев

ВМРО-ДПМНЕ прераснува во движење

[Image: 8249ECDE9FE95B4F9C161DFA6E4EBECD.jpg]

Георгиевски сметаше дека Груевски вреди за пет министри!



n Следуваше битка за испразнетото претседателско место во поразената ВМРО-ДПМНЕ, за кое конкурирате Вие и дотогашниот надежен и млад министер за финансии, Никола Груевски. Што мислите, дали поддршката од Георгиевски беше клучна за Груевски да стане прв човек на партијата?

- Да, тоа е клучот. Но, од денешен аспект, таа одлука очигледно била исправна, а и се покажа дека стратегијата за делување на партијата, што Груевски ја искажа во кандидатскито говор - беше на место. Тој пред неговиот избор вети дека на паритјата ќе и донесе поддршка од 600.000 граѓани што и го стори, а и оттогаш и носи победи на шест избори по ред! Само сакам да се разбијат табуата дека на гласањето на Конгресот во Охрид во 2003 година имало некакви заткулисни игри, бидејќи не е така, немаше некакви големи тензии. Груевски ме победи убедливо. Ќе повторам, клучно беше тоа што Георгиевски повеќе веруваше во Никола, во неговите капацитети, во неговите способности. Па, во работењето на Владата на Георгиевски, тој како Премиер над 20-тина пати истакна дека Груевски вреди колку за пет министри! Да бидеме искрени, бидејќи јас ги правев јавните сондажи пред изборите во 2002 година, ако Георгиевски и сите ние имавме минус проценти популарност, уште тогаш Груевски имаше рејтинг од 16 проценти во позитива!

n Говорите во суперлативи, но веднаш по изборот на Груевски за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Вие, заедно со Доста Димовска, бевте исклучен од партијата!

- Веднаш по вонредниот Конгрес и изборот на нов претседател, беше свикан Централен комитет на кој, иако с` уште бев актуелен потпретседател, јас не бев повикан, што сметам дека беше грешка. Потоа, заедно со Димовска, како политичко крило водевме преговори со новото раководство за вклучување на старото членство во партиските органи, но во еден момент покојната Доста претера со вокабуларот и на крајот завршивме надвор од партијата, како одлука на Општинските комитет. Да преговарав сам и денес сум убеден дека немаше да дојде до тоа. Потоа, јас ја формирав Земјоделската партија, а Димовска партијата ДРУМ. Но, јас продолжив да преговарам за соработка со партискиот врв на ВМРО-ДПМНЕ и во 2007 година, на Конгресот во Штип, бев вратен во партијата. Партиската матрица сама ги вшмукува своите кадри. Георгиевски, без разлика што ВМРО-Народна истапува на избори од време е многу блиску до ВМРО-ДПМНЕ во сите свои настапи.


n Дали Никола Груевски отсекогаш бил член на ВМРО-ДПМНЕ и само на оваа партија и дали во минатото, како што некои одметнати вмровци сакаат да го претстават - бил обичен потрчко?

Груевски се профилираше во високите партиски позиции на ВМРО-ДПМНЕ уште во средината на 90-тите како член на младинската организација, презентирајќи одлични идеи за функционирање на партиската иднина.[/b][/size][/color] С` друго е обичен фолклор. Груевски одлично ги знае и учествувал во спроведувањето на генеричките потези на ВМРО-ДПМНЕ низ партиската историја.

Извор

Nee_takaNee_takaNee_takaDudlacDudlacDudlac LazgoLazgoLazgoLazgoLazgoLazgoLazgoPosPosPosPosPosPosPosPos


Ваков газолижач треба да влезе во учебниците по биологија, во делот на безрбетници.
(This post was last modified: 11-07-2011, 02:25 AM by ЈорданПетровски.)
11-07-2011, 02:21 AM
Reply
barba Offline
שמע ישראל
****

Posts: 589
Joined: Jul 2011
Reputation: -8
#7

(21-06-2011, 03:33 AM)Solenik Wrote: Ако некој треба да поднесе оставка после избориве, тоа е Груица!

hm.... sakas da kazes deka toj sto pobedi na izbori treba da podnese ostavka a toj sto igubi treba da slavi i da go ostavime da formira vlada???

e ova e prvo
I am that which grips the heart in fright, hearkens night and silence the light!!

Peace is lie, there is only a passion,
Trough passion i gain strength,
Trough strength i gain power,
Trough power i gain victory,
Trough victory my chains are broken.

The Force shall set me free
11-07-2011, 03:00 PM
Reply
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,471
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#8

(11-07-2011, 03:00 PM)barba Wrote:
(21-06-2011, 03:33 AM)Solenik Wrote: Ако некој треба да поднесе оставка после избориве, тоа е Груица!

hm.... sakas da kazes deka toj sto pobedi na izbori treba da podnese ostavka a toj sto igubi treba da slavi i da go ostavime da formira vlada???

e ova e prvo

Барба, каде виде во оваа изјава дека некој бара Бранко да се врати на власт?
Разграничи малку.

An inch today is tomorrow’s mile.
11-07-2011, 03:32 PM
Reply
barba Offline
שמע ישראל
****

Posts: 589
Joined: Jul 2011
Reputation: -8
#9

(11-07-2011, 03:32 PM)montehristo Wrote:
(11-07-2011, 03:00 PM)barba Wrote:
(21-06-2011, 03:33 AM)Solenik Wrote: Ако некој треба да поднесе оставка после избориве, тоа е Груица!

hm.... sakas da kazes deka toj sto pobedi na izbori treba da podnese ostavka a toj sto igubi treba da slavi i da go ostavime da formira vlada???

e ova e prvo

Барба, каде виде во оваа изјава дека некој бара Бранко да се врати на власт?
Разграничи малку.

nema sto da razgranicuvam po ova prasanje ustavot e sosema jasen :
pretsedatelot na drzavata mandatot za formiranje vlada go dava na pobednikot na izborite... ako go vrati ili ne dobie doverba vo parlamentot mandatot za formiranje partija odi kaj vtoro rangiranata partija na izborite...
sto ako treba gruevski da podnese ostavka togas vlada treba da formira BC....
I am that which grips the heart in fright, hearkens night and silence the light!!

Peace is lie, there is only a passion,
Trough passion i gain strength,
Trough strength i gain power,
Trough power i gain victory,
Trough victory my chains are broken.

The Force shall set me free
11-07-2011, 03:41 PM
Reply
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,471
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#10

(11-07-2011, 03:41 PM)barba Wrote:
(11-07-2011, 03:32 PM)montehristo Wrote:
(11-07-2011, 03:00 PM)barba Wrote:
(21-06-2011, 03:33 AM)Solenik Wrote: Ако некој треба да поднесе оставка после избориве, тоа е Груица!

hm.... sakas da kazes deka toj sto pobedi na izbori treba da podnese ostavka a toj sto igubi treba da slavi i da go ostavime da formira vlada???

e ova e prvo

Барба, каде виде во оваа изјава дека некој бара Бранко да се врати на власт?
Разграничи малку.

nema sto da razgranicuvam po ova prasanje ustavot e sosema jasen :
pretsedatelot na drzavata mandatot za formiranje vlada go dava na pobednikot na izborite... ako go vrati ili ne dobie doverba vo parlamentot mandatot za formiranje partija odi kaj vtoro rangiranata partija na izborite...
sto ako treba gruevski da podnese ostavka togas vlada treba da formira BC....

Овој пост ме потсетува на Киро, како му го даде мандатот на Бранко.
И тогаш уставот бил прецизен, ама на победникот му беше ускратено правото.

An inch today is tomorrow’s mile.
22-08-2011, 02:28 PM
Reply
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,471
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#11

(11-07-2011, 02:21 AM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:[Image: cqs1310346918n.jpg]
Интервју Марјан Ѓорчев

ВМРО-ДПМНЕ прераснува во движење

[Image: 8249ECDE9FE95B4F9C161DFA6E4EBECD.jpg]

Георгиевски сметаше дека Груевски вреди за пет министри!



n Следуваше битка за испразнетото претседателско место во поразената ВМРО-ДПМНЕ, за кое конкурирате Вие и дотогашниот надежен и млад министер за финансии, Никола Груевски. Што мислите, дали поддршката од Георгиевски беше клучна за Груевски да стане прв човек на партијата?

- Да, тоа е клучот. Но, од денешен аспект, таа одлука очигледно била исправна, а и се покажа дека стратегијата за делување на партијата, што Груевски ја искажа во кандидатскито говор - беше на место. Тој пред неговиот избор вети дека на паритјата ќе и донесе поддршка од 600.000 граѓани што и го стори, а и оттогаш и носи победи на шест избори по ред! Само сакам да се разбијат табуата дека на гласањето на Конгресот во Охрид во 2003 година имало некакви заткулисни игри, бидејќи не е така, немаше некакви големи тензии. Груевски ме победи убедливо. Ќе повторам, клучно беше тоа што Георгиевски повеќе веруваше во Никола, во неговите капацитети, во неговите способности. Па, во работењето на Владата на Георгиевски, тој како Премиер над 20-тина пати истакна дека Груевски вреди колку за пет министри! Да бидеме искрени, бидејќи јас ги правев јавните сондажи пред изборите во 2002 година, ако Георгиевски и сите ние имавме минус проценти популарност, уште тогаш Груевски имаше рејтинг од 16 проценти во позитива!

n Говорите во суперлативи, но веднаш по изборот на Груевски за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Вие, заедно со Доста Димовска, бевте исклучен од партијата!

- Веднаш по вонредниот Конгрес и изборот на нов претседател, беше свикан Централен комитет на кој, иако с` уште бев актуелен потпретседател, јас не бев повикан, што сметам дека беше грешка. Потоа, заедно со Димовска, како политичко крило водевме преговори со новото раководство за вклучување на старото членство во партиските органи, но во еден момент покојната Доста претера со вокабуларот и на крајот завршивме надвор од партијата, како одлука на Општинските комитет. Да преговарав сам и денес сум убеден дека немаше да дојде до тоа. Потоа, јас ја формирав Земјоделската партија, а Димовска партијата ДРУМ. Но, јас продолжив да преговарам за соработка со партискиот врв на ВМРО-ДПМНЕ и во 2007 година, на Конгресот во Штип, бев вратен во партијата. Партиската матрица сама ги вшмукува своите кадри. Георгиевски, без разлика што ВМРО-Народна истапува на избори од време е многу блиску до ВМРО-ДПМНЕ во сите свои настапи.


n Дали Никола Груевски отсекогаш бил член на ВМРО-ДПМНЕ и само на оваа партија и дали во минатото, како што некои одметнати вмровци сакаат да го претстават - бил обичен потрчко?

Груевски се профилираше во високите партиски позиции на ВМРО-ДПМНЕ уште во средината на 90-тите како член на младинската организација, презентирајќи одлични идеи за функционирање на партиската иднина.[/b][/size][/color] С` друго е обичен фолклор. Груевски одлично ги знае и учествувал во спроведувањето на генеричките потези на ВМРО-ДПМНЕ низ партиската историја.

Извор

Nee_takaNee_takaNee_takaDudlacDudlacDudlac LazgoLazgoLazgoLazgoLazgoLazgoLazgoPosPosPosPosPosPosPosPos


Ваков газолижач треба да влезе во учебниците по биологија, во делот на безрбетници.

Нели беше овој директор на Скопската Млекара се додека не пропадна истата?

An inch today is tomorrow’s mile.
22-08-2011, 02:29 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,946
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#12


Quote:Чомовски со Груевски ќе ја оправа МТВ?!


[Image: 06comovski.jpg]
Објавено: пред 24 часа

Новинарот што симболично по 18 години, во јануари годинава, по апсењето на сопственикот Велија Рамковски, симболично ги изгасна рефлекторите на А1 телевизија, а неговите колеги излегоа пред владата, сега според непотврдени информации, ќе има нова задача. Ќе ја оправа државната МТВ. Секој четврток на МТВ, преку позната продукциска куќа, во 21 часот, ќе го гледате Чомовски и Чуму. Извори за Плусинфо тврдат дека за ова лично се заложил премиерот по две три средби со Чомовски и особено по елаборатот што му го направил овој познат новинар како да заличи МТВ на јавен сервис кој нема да ги добива критиките од јавноста дека е само огласна табла за владини реклами, пред се по реакциите од ЕУ.
19-11-2011, 02:18 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,946
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#13


Quote:Todor Petrov

За волја на вистината, Македонците во Втората Светска Војна се бореле за ослободување и обединување на Македонија. Македонските партизани не биле комунисти, туку националисти. Во Вардарскиот дел на Македонија под Србија, се бореле со југословенските комунисти, во Егејскиот дел на Македонија се бореле со грчките комунисти. Затоа што и едните и другите им ветувале право на самоопределеување до отцепување и обединување на Македонија! На Македонците и во Втората Светска Војна идеја им била слободна и обединета Македонија, на целата етно-историска територија! На АСНОМ има делегати од сите делови на Македонија, на Првото заседание на Антифашистичкото Собрание на Народното Ослободување на Македонија се прокламира Манифест за ослободување и обединување на Македонија! За жал, интересите на големите сили ја потврдиле поделбата на Македонија. Но, тоа воопшто не ја намалува нивната саможртва за Македонија, тоа воопшто не им го анулира придонесот во ослободување и на Југославија и на Грција. Затоа, Македонците се вградени во слободата и на Србија и на Грција. Во Втората Светска Војна Македонците биле на страната на антифашистичката коалиција! За жал, 1944 година Черчил и Сталин постигнуваат договор, Романија и Бугарија да му останат на Советскиот Сојуз, а Грција да и припадне на Велика Британија. Англо-американските сили под страв од комунизација на Грција поради победата на партизаните (ЕЛАС), ги враќаат на власт монархофашистите, кои жестоко се пресметуваат пред се со Македонците во Грција, во Егејскиот дел на Македонија. И српските и грчките комунисти подоцна им го вртат грбот на Македонците. Затоа белградската школа брзо по 1944 година го ликвидира првиот претседател на Македонија Методија Андонов Ченто, кому претходно Тито му ветува и постигнува договор за ослободување и обединување на Македонија! Во Републиката, на власт доаѓаат просрпските Македонци, а во Грција прогрчките Македонци, кои жестоко, со децении, се пресметуваат со своите браќа Македонци. Жалосно но, вистинито. Сепак, колку и да е болна вистината, предизвикот останува, Македонија денес е држава, макар и на дел од етно-историските граници. Борбата за Македонија продолжува!
Like · · Share · 13 hours ago ·
Тончи Митовски, Miroslav Spiroski, Jovan Vane Petrov and 115 others like this.



Quote:Roza Gjorgieva

Zar ima seuste luge sto ne go znaat ovaa Todore sto go pisuvas sega,,zalno ako nasite makedonci vo makedonija ne go znaat na pamet ovaa sto go pisuvas sega,,
12 hours ago · Like


Quote:Sasko Todorov

Не е жално некој шо не знае , жално е шо некој не сакаат ни да научат , ама на сите душмани им посакувам да живеат долго и еден ден да ја видат МАКЕДОНИЈА ЦЕЛА
12 hours ago · Like · 5


Quote:Roza Gjorgieva

Zalno e Sasko ako jas ovaa ne go znaev,ne go citav i slusav od postarite nemase da znam ni koj sum ni od kade poteknuvam,,i zosto se borel mojot dedo ..zosto treba da se boram jas
12 hours ago · Like · 1


Quote:Biljana Daskalovska-Anastasova

Жалосно но, вистинито. Сепак, колку и да е болна вистината, предизвикот останува, Македонија денес е држава, макар и на дел од етно-историските граници. Борбата за Македонија продолжува!
12 hours ago · Like · 3



20-11-2011, 02:56 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,946
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#14

Quote:Petar Alexandar Macedonian Ivanoski

ima go znaat toaß? da ima i po mladi generacii ne go znaat toa..
pa zatoa tode gi poftoruva rabotite i za po mladite generaci da procitaat i da doznaat ;)

Poftoruvanjeto e sekogas dobro ,,za svesta i za informaci da doznaat tie sto ne znaat ..i da doznaat po mladite generacii sto ne znaat ..

poftoruvanjeto e UCITEL VO ZIVOTOT ::::
12 hours ago · Like · 2


Quote:Spiro Mavrovski da se spoznaeme samite, zada znaeme sto pravime, ova e samo edna bukva od ona sto treba da go znaeme site, pozdrav...
12 hours ago · Like · 2


Quote:Kiril Shemov

Vistinata e taa i druga nema,kako sto e makedonija edna i druga nema.
11 hours ago · Like · 2


Quote:Perdika Makedonski

VO IME NA VISTINATA : OSNIVACITE NA VMRO GO FORMIRAA VMRO-DPMNE I NAPRAVIJA MAKEDONIUM -REFERENDUM I JA PROGLASIJA ILI OZVANICIJA NEZAVISA MAKEDONIJA PO DVE ILJADI I KUSUR GODINI ROPSTVO I SEGA SE ZABORAV NIKOJ NE GI FERMA !
11 hours ago · Like · 3


Quote:Vanja Ana

tda toa bese borba za SLOBODNA IOBEDINETA MAKEDONIJA
6 hours ago · Like · 2


Quote:Goran Savic

POZDRAV do site Makedonci kade i da se
6 hours ago · Like · 1


Quote:Miroslav Spiroski

МАКЕДОНЦИТЕ КАКО НАРОД МАКЕДОНСКИ МОРА ДА ЈА ИЗДИДИГНЕ КАУЗАТА ЗА ОБЕДИНУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ДО СТЕПЕН НА СВЕТОСТ. МАКЕДОНЧИЊАТА ОД САМОТО РАЃАЊЕ МОРААТ ДА БИДАТ УЧЕНИ ОД СВОИТЕ РОДИТЕЛИ ДЕКА МАКЕДОНИЈА Е СВЕТА ГОСПОДОВА СОЗДАДЕНОСТ НА ЗЕМЈАВА, ЗАТОА Е НЕДЕЛИВА И МОРА ДА БИДЕ ОБЕДИНЕТА. СЕ’ ДОДЕКА МАКЕДОНИЈА НЕ БИДЕ ОБЕДИНЕТА НЕМА ДА ИМА МИР: НА БАЛКАНОТ, ВО ЕВРОПА И ВО СВЕТОТ. ЕВРОПСКАТА УНИЈА, ДОКОЛКУ САКА ДА БИДЕ ВИСТИНСКИ ОБЕДИНЕТА, МОРА ДА ПОЧНУВА ОД ОБЕДИНЕТА МАКЕДОНИЈА И НА НЕЈЗИНАТА СВЕТА ЗЕМЈА ДА БИДАТ ИЗГРАДЕНИ НЕЈЗИНИТЕ КЛУЧНИ, РАКОВОДСТВЕНИ ИНСТИТУЦИИ. СЕ’ ДРУГО САМО ЌЕ ДОВЕДУВА ДО ПОПУСТО ТРОШЕЊЕ НА: ЕНЕРГИИТЕ, ВРЕМЕТО, ЛУЃЕТО И СЕ’ ДРУГО ШТО Е ОД БОГА СОЗДАДЕНО.
5 hours ago · Like · 3



20-11-2011, 02:59 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,946
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#15

Quote:Kiril Dobrusevski

МИРОСЛАВЕ, БЕЗ ИДЕАЛИ НЕ СЕ ЖИВЕЕ, НО, БЕЗ СОГЛАСНОСТ СО РЕАЛНОСТА НЕ СЕ ДЕЈСТВУВА...
5 hours ago · Like · 1


Quote:Miroslav Spiroski

КАЈ НАШИОТ ОБИЧЕН ЧОВЕК, МАКЕДОНЕЦ, КИРИЛЕ ПРОДОЛЖУВА БРИЖЕЊЕТО НА ИДЕАЛОТ. СЕ’ УШТЕ НЕ ПОСТОИ ДЕЈСТВИЕ ЗА ОБЕДИНУВАЊЕ НА ВРЕДНОСТИТЕ ЗА КОИ ГОВОРИШ.
5 hours ago · Like · 1


Quote:Kiril Dobrusevski

СИТЕ ТРЕБА САМИТЕ СЕБЕ ДА СЕ ПРЕИСПИТАМЕ КОЛКУ СМЕ ПРИДОНЕЛЕ ЗА ТОА, МИРОСЛАВЕ. НИЕ, ЗА ЖАЛ, СЕ УШТЕ НЕ ЗНАЕМЕ НОРМАЛНО ДА КОМУЦИРАМЕ МЕЃУ СЕБЕ: ИЛИ НИ ОДИ МУАБЕТОТ ИЛИ НЕ МУАБЕТИТЕ. ДОДЕКА НЕ ОТКРИЕМЕ ЗОШТО НЕ МУАБЕТИМЕ, ВАКА ЌЕ ОДИ...
5 hours ago · Like · 2


Quote:Борче Ацески

Народе Македонски, заборавете ја историјата. Треба да бидеме среќни на ова парче земја што ни остана и да го зачуваме, бидејќи како што тргнаа работиве со шиптарите и тоа ќе го изгубиме.
4 hours ago · Like · 1


Quote:Miroslav Spiroski

СЕ СОГЛАСУВАМ. МЕЃУТОА, КИРИЛЕ, НА МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА И’ НЕДОСТАСУВА СИСТЕМАТИКА ОД ДРЖАВНАТА ВЛАСТ И ЦРКВАТА (МПЦ-ОА) ЗА ДА СЕ ПОСТАВАТ РАБОТИТЕ НА СИТЕ НИВОА НА ВИСТИНСКОТО РАМНИШТЕ. КОГА ТАА „ВОДА“ ЌЕ ПОТЕЧЕ КОН МАКЕДОНСКИОТ НАРОД И СЕКОГО ОД НАС ЌЕ НЕ’ ЗАПЛИСНЕ, НИЕ И ЌЕ СЕ СТРЕМИМЕ ДА РАЗГОВАРАМЕ МЕЃУ СЕБЕ КАКО БРАЌА И СЕСТРИ ПО ЕТНОГЕН И ДУХ, И ЌЕ СЕ БОРИМЕ ЗА МАКЕДОНИЈА КАКО ЗА СВЕТА ИКОНА КОЈА Е НЕДЕЛИВА. ШТО И ДА ОДЗЕМЕШ ОД ИКОНАТА ЌЕ СЕ ГЛЕДА ДЕКА И’ НЕДОСТАСУВА...
4 hours ago · Like


Quote:Kiril Dobrusevski

СЕ ПЛАШАМ, МИРОСЛАВЕ, ДЕКА ТАА „ВОДА„ ПРЕД ДА НЕ ЗАПЛИСНЕ ДА НЕ „ИСПАРИ„!
4 hours ago · Like


Quote:Miroslav Spiroski

ТАКВИ БИЛЕ ТЕЖНЕНИЈАТА И ЦЕЛИТЕ ВО ВРЕМИЊАТА НА ВИЗАНТИСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА, ЈУГОСЛОВЕНСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА И ЕВЕ СЕ ОБИДУВААТ ДА ПРОДОЛЖАТ И ВО ЕВРОПСКАВА ФЕДЕРАЦИЈА. МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ МОЖЕМЕ ДА ПРОДОЛЖИМЕ ЕДИНСТВЕНО ОБЕДИНЕТИ И ПРЕДВОДЕНИ ОД ВИСТИНСКА МАКЕДОНСКА ДУХОВНО-НАЦИОНАЛНА ВЛАСТ И ОД ВЕРУВАЊЕТО ЗА СВЕТОСТА НА МАКЕДОНИЈА.
4 hours ago · Like · 3


Quote:Perdika Makedonski

NAJ GOLEM KRVNIK KOJ NE SLEDI I LIKVIDIRA NAS MAKEDONCITE SE BUGARITE-TATARITE ! CEL TIM SPIONSKI IMAAT ANGAZIRANO VO MAKEDONIJA TOA NE E ZA PDCENUVANJE I TREBA NAJ OZBILNO DA SE SVATI !!!
3 hours ago · Like


Quote:Ljupco Tasevski

NAJ GOLEM KRVNIK NA MAKEDONECOT E -MAKEDONECOT- TOA EDNAS TREBA DA GO RASCISTIME,SE NEKOJ DRUG NI E VINOVEN,A PLEVELOT E POMEGU NAS!
3 hours ago · Like


Quote:Kiril Dobrusevski

ПА, И ДА Е ТАКА... ОСТАНУВА ОТВОРЕНО ПРАШАЊЕТО: КАКО ДА СЕ СПРАВИМЕ СО НЕГО?
3 hours ago · Like


Quote:Aleksandar Zingarov

Makedonecot si go saka makedonskoto i nishto,nishto drugo!
2 hours ago · Like


20-11-2011, 03:04 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,946
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#16

Quote:Aleksandar Zingarov

Nikogash ne ni bilo lesno,pa ni sega,no kolku ne pritiskat tolku poveke se osvestuvame,pa na krajot i nasheto ke go pobarame,veruvam vo toa!Na se ima kraj!!!
2 hours ago · Like · 1


Quote:Aleksandar Zingarov

Znam,ama odnarodenite taka posakaa,tie ne znaat kako se vladee pa davaa li ta davaa...(sdsm)i dodavaa
2 hours ago · Like


Quote:Ljupco Tasevski

Dobro so demagogija do koga mislite da se sluzime i da se zalazuvame,koj SDSM ni e kriv ,koga bese vojnata 2001,koj bese na VLAST samo toa sakam da mi kazete, aaaaa nie VMROVCITE LI BEVME IMAVME LI HRABROST DA JA RESIME EDNAS ZA SEKOGAS,ILI NEMASE MAZIIIIIII VO RAKOVODSTVOTO,pa ni bile kriv Ahmeti,Branko ,ejjjjjjjj Makedonci, patrioti ste samo vo kafana.SITE STO SE BOREA POGOLEM PORAZ DOZIVEJA OD PARTIJATA I DRZAVATA A NE OD ONA.SITE ZABORAVIJA NA NIV I NA NIVNITE SEMEJSTVA,a napolnija administracija so ,podlizurkovci( od dvata roda)nepismeni ,hahah i ke se pravime mudri i pametni ejjjjj zalosna e Makedonija i nie naivnite sto 90 god vojuvavme so udba i so pro jug,dojdoa selancinja da ni vladeat(se sramam ponekogas,a vo posledno vreme i mnogu cesto) od gradinka izlezeni.......
44 minutes ago · Like


Quote:Aleksandar Zingarov

Ljupcho,koj ke go zapalea vo Struga i ZOSHTO?Pa edvaj ziva glava


Expand preview
36 minutes ago · Like


Quote:Jordan Petrovski

Премногу лаги и лажен патриотизам во твојот текст Тодоре. Прво и ОСНОВНО, Вардарскиот дел на Македонија ниту е слободен ниту е самостоен. Доказ за ова е што досега ниту се судени ниту осудени: Глигоров, Малевски, Андов, Црвенковски, Фрчковски, Богоевски, Аврамовски ...
Второ како ке ја обединиш Македонија кога си против единствениот РЕАЛНО МОЖЕН НАЧИН - ВЛЕЗОТ НА МАКЕДОНИЈА ВО ЕУ.
Зошто го "заборави" твоето мото кое беше водилка на затворањето на преминот Богородица 1990 година: ОБЕДИНЕТА МАКЕДОНИЈА ВО ОБЕДИНЕТА ЕВРОПА.
Наместо да се свртиш кон вистинските попречувачи на МАКЕДОНСКОТО ОСАМОСТОЈУВАЊЕ, ДЕМОКРАТИЗИРАЊЕ И ОБЕДИНУВАЊЕ, БЕЛГРАТСКИТЕ ПЛАТЕНИЦИ, ти се ставаш во пропагатор на Белград и Атина.
За да не ми прилепиш етикета дека се залагам за промена на името, бидејки по пропагандата на Белградските слуги, влез во ЕУ е можен само со променето име ке ти укажам дека ЕУ бара РЕЖАВАЊЕ НА СПОРОТ аво решавање на спорот е и ЛЕГИТИМНИОТ ПРЕКИН НА ПРЕГОВОРИТЕ.
33 minutes ago · Like


Quote:Jordan Petrovski

Уште два примера за лажната грижа:

Денот на ВОСТАНИЕТО. Ако Вардарскиот дел на Македон9ија е СЛОБОДЕН, САМОСТОЕН како ден на МАКЕДОНСКОТО ВОСТАНИЕ против ФАШИЗМОТ чија крајна цел е ОБЕДИНУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ке го слави: 27.06. На тој ден е заппочната антифашистичката МАКЕДОНСКА БОРБА. На тој ден Иван Козаров, тој е всашност и првиот партизан, го имал првиот вооружен судир со бугарската полиција кај неговото село Добраниште Разлошко.
Па потоа 22.08. како ден на востание во Вардарскиот дел на Македонија и септемвти како ден на востанието во Егејска македонија, тогаш е формиран одредот "Лазо Трпоски"

Сокривањето односно манипулациите со ВМРО С.Д.Р.М.А односно ВМРО ПРАВДА, нивните цели, нивните делувања, лиѓето кои ја основале.
A few seconds ago · Like
20-11-2011, 03:08 PM
Reply