Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 2 Vote(s) - 4 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Стразбур стави крај на тужбата на ОМО „Илинден - Пирин“
Author Message
veritas Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,691
Joined: Feb 2010
Reputation: 7
#1

Според министрите на Советот на Европа, Бугарија ги исполнила обврските од пресудата, иако ОМО и натаму се жали

Стразбур - Предметите ОМО „Илинден - Пирин“, Иванов и другите против Бугарија со резолуција на Комитетот на министрите на Советот на Европа се дефинитивно затворени бидејќи Бугарија, според Стразбур, ги исполнила сите обврски што произлегуваат од пресудите донесени од Европскиот суд на правдата во 2005 година.

Двете пресуди се однесуваа на правото на слободно и мирно состанување на Македонците во Бугарија, како и нивното право на ефективна жалба, кога нивните собири беа забранувани од бугарските власти. Во финалната резолуција, Комитетот на министрите потсетува дека Бугарија ја прекршила Европската конвенција за човекови права, што беше констатирано од Судот во Стразбур, бидејќи го спречила и забранувала слобoдното собирање на организациите ОМО „Илинден“ и ОМО „Илинден - Пирин“ во перидот од 1998 до 2003, организации што се залагале „за признавање на македонското малцинство во Бугарија“.

Одлуката за затворање на следењето на предметите како решени, е донесена на последниот состанок одржан во Стразбур. Во неа е констатирано дека Бугарија ставила крај на кршењето на правото на слободно здружување и донела соодветни мерки со кои ќе се дозволи да се избегнат слични вакви кршења на ова право.

Комитетот на министрите- извршниот орган на СЕ, кој го следи спроведувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права, во својата резолуција, забележува дека во процедура пред Европскиот суд се наоѓаат уште два други предмета, во кои постојат обвинувања од македонското малцинство против бугарските власти кои им го забраниле слободното собирање во периодот од март 2004 до септември 2009 година.

Комитетот на министрите, одлучи да ги затвори овие два предметите против Бугарија како решени, бидејќи таа ги исполнила сите барања што беа побарани со пресудата. Притоа, Комитетот нагласува дека неговата одлука во ништо нема да „влијае“ врз пресудата на Европскиот суд за човекови права во двата нови предмета. Резолуцијата е донесена со објаснување дека Бугарија им дозволила на жалителите од 2008 наваму да одржуваат слободно состаноци и дека во 2010 година немало нови жалби доставени до Стразбур од страна на припадниците на македонското малцинство. (МИА)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=D0CC2...AE09432AA7
13-06-2011, 06:01 AM
Reply
Kasandar Offline
Member
***

Posts: 118
Joined: Jun 2010
Reputation: 0
#2

http://dnevnik.mk/default.asp?ItemID=6FA...4DD6848888

Стразбур ја брани Софија за правата на Македонците

Македонците од Бугарија вчера повторно добија лош абер од Стразбур - Европскиот суд за човекови права донесе три пресуди во нивна корист, но и една негативна со која практично ја поддржа Софија во тврдењата дека не постои македонско малцинство во Бугарија. Во Стразбур вчера беа објавени четирите пресуди за тужбите на ОМО „Илинден“ и на ОМО „Илинден - ПИРИН“ против бугарската држава. Три пресуди се позитивни и за тоа бугарската држава ќе треба да им исплати сума за отштета од околу 30.000 евра. Пресудите се поврзани со членот 11 од Европската конвенција за човекови права - правото на мирен собир. Меѓутоа, клучната одлука која Македонците и „омовци“ со нетрпение ја очекуваа, за правото на регистрација на партијата - беше негативна.

„Судот донесе едногласна одлука дека не се прекршени членовите 11 и 14 од Европската конвенција за човекови права“, се наведува во одлуката објавена вчера на интернет-страницата на Судот. Според наједноставното читање на пресудата, Судот не видел дискриминација од страна на државата и практично препорачува ОМО „Илинден - ПИРИН“, рeгистрирана како партија во 1998 година, а укината од Уставниот суд на Бугарија две години подоцна, повторно да ја почне процедурата за регистрација според новиот закон за партиите.

Еден од членовите на колективното раководство на ОМО „Илинден-ПИРИН“, Стојко Стојков вчера не го криеше разочарувањето од одлуката, но и најави дека битката за правдата и за правата нема да запре тука.

- Три тужби добивме, а една загубивме. Со негативната одлука се создава неповолна клима и за другите малцинства. Ова е неправилна одлука која продуцира и други држави да го кршат членот 11 од Kонвенцијата. Ние ќе ја обжалиме пресудата и ќе одиме пред Главниот судски панел - изјави вчера Стојков.

Ваквата пресуда од Стразбур беше очекувана зашто годинава во јуни Kомитетот на министрите на Советот на Европа донесе резолуција со која ги затвори предметите „ОМО Илинден“ и „Иванов и другите против Бугарија“. Kомитетот сметаше дека „Бугарија ги исполнила сите обврски што произлегуваат од пресудите донесени во 2005 година“. ОМО „Илинден“ на Јордан Kостадинов доби компензација од 6.800 евра, а Иванов 2.000 евра.

Но, суштината на судските процеси беше во обидите за признавање на македонското национално малцинство во Бугарија и затоа овие резолуции имаат особена политичка тежина.

- Бугарија не ги исполни условите, особено не членот 11 од ЕKЧП. Ние не сме регистрирани, кога ќе н` регистрираат тогаш и ќе бидат исполнети условите - ни изјави тогаш Јордан Kостадинов.

А дека станува збор за битка за признавање на македонското малцинство потврдува и тоа што Бугарија одбива да регистрира и две македонски здруженија - Македонското културно друштво „Никола Вапцаров“ и Друштвото на репресирани Македонци. Образложението на државата за ова е дека „ако се регистрираат тие друштва, тоа може да ја загрози бугарската нација“.

Христо Ивановски

Kанев: Ништо ново

Овие пресуди во суштина се исти како и старите. Ново е што отштетата е многу поголема, ни изјави Kрасимир Kанев, претседател на Хелсиншкиот комитет за Бугарија.

- Во суштина. Бугарија не сака да го признае македонското малцинство - вели Kанев.

#
(This post was last modified: 19-10-2011, 09:15 PM by Kasandar.)
19-10-2011, 09:12 PM
Reply
Илиян_Луков Offline
Senior Member
****

Posts: 456
Joined: Aug 2011
Reputation: 6
#3

Нема как да се регистрира нещо, кое не е по закона в България ...

Ние немаме Рамковни договори с никой и никога нема да имаме ...
19-10-2011, 10:21 PM
Reply