Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 10 Vote(s) - 2.8 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Лустраторите открија двајца кодоши меѓу кандидатите за пратеници!!!
Author Message
Makedonec Offline
Senior Member
****

Posts: 406
Joined: May 2010
Reputation: 8
#1
1xclaim 
Лустраторите открија двајца кодоши меѓу кандидатите за пратеници

03.06.2011 - 13:31 | Македонија


Двајца кандидати за пратеници од опозицијата биле соработници на тајните служби. Комисијата за лустрација пронајде еден кодош во Коалицијата на СДСМ кој е кандидат во 5тата изборна единица и е лидер на помала партија.


Вториот соработник на службите е од албанскиот политички блок. Носител е на листа за една од албанските партии во опозиција.

Лустраторите добиле документи од ДБК и државниот архив. Кандидатите за пратеници имале соработнички доисиеа.

Останатите 9тмина за кои постоеше сомнеж најверојатно биле само следени од службите. За уште еден кандидат лустраторите ќе одлучуваат постизборно.

Двајцата нови соработници нема да можат да ги верификуваат пратеничките мандати. Решението на комисијата за лустрација е пречка за извршување на јавна функција.

До сега беа детектирани и завршени и 3 други случаи. Уставниот Судија Трендафил Ивановски беше разрешен од Собранието откако ги помина сите жалбени инстанци.

Советникот Слободан Угриновски сам се повлече од Градот Скопје. Лустриран беше и еден пензиониран Врховен Судија кој не го откри својот идентитет.

Славица Арсова





На Котле одамна се збореше дека Аџиев не за џабе е заборавен и оставен да работи,иако му е истечен мандатот.

п.с Има некоја од вас информација....која би можела да биде таа помала партија од СДС а при тоа да е во 5та изборна единица....??

п.п.с Оти јас како што видов ПЕИ е меѓу првите помали партии во таа изборна единица...а несмеам да спомнувам имиња бидејќи е забрането со закон.
(This post was last modified: 03-06-2011, 01:57 PM by Makedonec.)
03-06-2011, 01:55 PM
Reply