Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 11 Vote(s) - 3.18 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
zanimlivosti
Author Message
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#1

За кучињата Олимпијадата пристигна порано


Пред моќта на природата човекот често е без оружје. Во овој период од годината снегот некаде создава проблеми, а организаторите на претстојната Олимпијада со нетрпение го очекуваат за да ги претвори падините на планините Вистлер во вистински дом за олимпијците.

Но, пред здодевниот дожд кој деновиве ја уништи снежната идила во Ванкувер, некои други ги почувствуваа убавините на белиот пејсаж. За најдобриот човеков пријател Олимпијадата пристигна порано во Ванкувер.

Повеќе од 30 кучиња ги одмерија силите во неколку дисциплини карактеристични за нив и ги освоија симпатиите на гледачите, но што ќе речете ако оние што ги поседуваат сите човекови доблести без ниту една мана, како што пред два века пишуваше Бајрон, ги совладуваат и скијачките вештини.

Овој петгодишен пиринејски овчар лесно го победи поранешниот Канадски репрезентативец Џеф Хјум во слаломска трка.

Брзината е неспорна, песот му фрли ракавица и на водечкиот во слалом сезонава, Раинфред Хербст.
14-01-2010, 05:33 AM
Reply
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#2

Шансите да најдете совршен партнер се 1:285.000




Асистентот на Универзитетот Варвик Петер Баукс точно пресметал колку се шансите на секој од нас да пронајдеме партнер кој совршено ни одговара.

Според неговата пресметка, не ни се пишува добро, со оглед на тоа што размерот е 1:285.000.

Петер Баукс после пропадната тригодишна врска се посветол на математиката па ја издаде тезата „Зошто немам девојка“ во која ја користи позната формула наречена Дрејкова равенка. Оваа равенка се користела за проценка на бројот на цивилизации кои се способни и сакаат да комуницираат со Земјаните.

Резултат кој го доби 30-годишниот научник не е ни најмалку оптимистички. Ги земал предвид жените од 24 до 34 години возраст кои живеат во Лондон, а сами се, па увидел дека ќе му биде тешко да ја сретне својата „жена од соништата“.

„Кога ќе излезам надвор навечер во Лондон имам 0.0000034 отсто шанси да сретнам некоја од тие посебни лица. Тоа значи дека шансите 1:285.000 што не се ни најмалку добри“, се пожали Бакус.

Иако истражувањето за самците може да звучи помалку депресивно, сепак, добра вест е тоа дека што сте сами не е ваша вина.

Целото истражување може да се пронајде на Интернет страницата на Универзитетот Варвик, пишуваат британските медиуми.
14-01-2010, 05:13 PM
Reply
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#3

Французите спанковци, Американците најдебели, Турците најдруштвени

Организацијата за економски развој и соработка (ОЕЦД) објави дека Французите најголемиот дел од времето го поминуваат спиејќи и јадејќи - дури девет часа дневно поминуваат во кревет.

Но, иако Французите се познати по тоа дека јадат премногу, сепак, тие се хранат поздраво од Американците, за кои статистиката вели дека се најдебелите луѓе на светот.

Од сите народи кои учествувале во истражувањето, народ кој најрационално го користи слободното време се Норвежаните.

Најслаби се Корејците и Јапонците, според истражувањата на Организацијата овие два народа се и најмали спанковци.

„Најдруштвени се Турците“, се вели во соопштението на ОЕЦД . Тие дури 35 насто од слободното време го користат за дружење
20-01-2010, 02:27 PM
Reply
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#4

Како да ја привлечете жената што ви се допаѓа

Сакате да ја освоите жената што ви се допаѓа, но немате храброст да го направите првиот чекор. Еве некоку совети за помалку храбрите мажи:

* Поканете ја на пијалок. Бидете заинтересирани и кажете $ да зборува за себе, за својот живот и амбициите. Ретки се жените кои би седеле со вес цела ноќ, а притоа би слушале како зборувате само за себе. Што повеќе сакате да ја импресионирате со вашите авантуристички приказни, тоа помалку ќе биде импресионирана.
* Бидете впечатливи. Чист, намирисан и во добра физичка форма, со одело кое добро ви прилега. Тоа жените го сметаат за своја награда.
* Гледајте ја во очи. Смејте се многу, но тоа да не биде нападно. Доволна е блага заводничка насмевка. Никако немојте да бидете преоптоварени со сексуални емоции.
* Ако имате можност да се гледате секојневно, тогаш не заборавајте на секоја средба да и подарите по едно чоколадо. Светските истражување докажале дека жените се луди по чоколадо.
* Научете да танцувате и жените сами ќе ви приоѓаат - едноставно жените се импресионирани од мажи кои добро танцуваат.
* Бидете духовити. Тоа е уметност која ги привлекува жените.
* Давајте и комплименти. Забележете ги нејзините чевли или часовник, тоа ќе $ покаже дека ги забележувате детаљите.
* Кажете и отворено дека ви се допаѓа. Не морате да правите фарса од целата ситуација, доволно е да и ставите на знаење дека ја почитувате.
* Измислете и надимак. Нека биде нешто слатко, нешто што ќе биде специјално и поврзано со вас двајцата.
21-01-2010, 03:14 AM
Reply
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#5

На работното место


Мали трикови за поголема ефикасност


Научете како да се ослободите од стресот и напнатоста и ќе станете значително попродуктивни. Еве неколку начини како да се изборите со свакодневната тензија на работното место, што најмногу ќе се одрази на вашето расположение, но и работната ефикасност.

Уредете го својот работен амбиент
Пред се, бидете уредни и одржувајте го редот на работната маса. Психолозите тврдат дека непрегледниот куп на хартии и папки на работната маса прави да се чувствувате безволно и нервозно. Откако ќе го средите нередот, опкружете се со бои што им годат на очите и ја враќаат работната енергија. Светло сината и зелената боја создаваат ведар амбиент, а исто така и црвената, портокаловата или жолата боја.

Направете план за работа
Рангирајте ги секојдневните обврски според важноста. На прво место се оние што не може да ги изврши никој освен вие и што не можат да чекаат. Потоа следуваат оние што би можело да почекаат и друг ден без да го загрозат проектот или работата, а на крај нека бидат оние што може да ги им пренесете на соработниците.

Искористете ја паузата и прошетајте
На секој час станете и прошетајте се низ ходникот или ако сте во можност протегнете ги нозете и рацете. Паузата искористете ја да излезете на отворено, бидејќи светлината го стимулира производството на адреналин, а мозокот ќе се наполни со кислород.

Не заборавајте го овошјето
На работното место избегнувајте тешки јадења како бурек, хамбургери, грицки... Споменатите намирници се успивачи" што создаваат дополнително чувство на замор. Наместо тоа јадете овошје, пијте сокови или јогурт.

Мислете на нешто убаво
Вдишете и издишете полека и длабоко, а притоа обидете се да мислите на нешто убаво. Правете го тоа неколкупати дневно и ќе се чувствувате подобро. Може да ви помогнат и различни мириси. Вдишете мирис на нане, босилек или рузмарин, зелено јаболко, лимон или портокал.
21-01-2010, 02:04 PM
Reply
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#6

Путин вози Лада со мотор на Опел


Во обид да и помогне на руската автомобилска индустрија, рускиот премиер Владимир Путин вози Лада „Нива“, но со германски мотор.

„Нема да кријам, автомобилот има мотор на Опел“, рече Путин на демонстрацијата на карактеристиките на својот џип пред студентите во Чебоксари.

Но малкумина веруваат дека ова признание ќе и помогне на репутацијата на Лада, која е предмет на шеги уште од советските времиња.

Нејзината продажба во изминатите години опадна, откако руските купувачи се свртеа кон европските и јапонските автомобили.

Путин сепак верува дека „Нивата“ може да го смени тој негативен тренд.
26-01-2010, 03:28 PM
Reply
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#7

Вил Смит сака да биде претседател на САД


Сопругата на познатиот глумец Вил Смит, Џејда Пинкет Смит им ја откри на медиумите желбата на својот маж, дека тој еден ден себеси се гледа како претседател.

„Рече дека во иднина се гледа како претседател и беше сериозен“, изјави Пинкет.

Вил сериозно размислувал филмот да го замени со политика, и посакал еден ден да се види во Белата куќа.

„Вил размислува да влезе во политиката. Еднаш рече дека може да се замисли како претседател на Америка. И не се шегуваше, напротив, беше многу сериозен“, изјави Пинкет Смит за германското списание „Бунте“ и додаде дека не би сакала себе си да се види како прва дама, бидејќи тоа не било за неа.

Иако нејзиниот маж се гледа како наследник на Барак Обама, Џејда не би била среќна во улогата на Прва дама, но секогаш ги следи случувањата во политиката.

„Се залагам за промена на образовниот систем и ќе учествувам во каква било кампања за таа цел“, изјави Џејда и додаде дека таа и Вил сакаат да остават трага на оваа планета, а тоа се многу посериозни работи од филмот.

Џејда Пинкет и Вил Смит се големи филантропи, познати по хуманитарна работа, и ја имаат основано добротворната организација "Smit family Foundation", која им помага на младите луѓе во урбаните средини.
31-01-2010, 03:05 PM
Reply
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#8

По ДНК анализа открил дека е татко само на едно од близначињата



Еден Турчин, кој се посомневал во верноста на својата сопруга, им направил на тригодишните близнаци ДНК анализа, од која се утврдило дека едното од нив не е негово дете, објави денеска турскиот весник „Сабах“.

При анализата, направена прво во приватна лабораторија, а откако мажот А.К., кој е припадник на безбедносните сили, поднел документи за развод, и во лабораторијата на Судската медицина, се покажало дека со сигурност од 99,9 отсто тој е татко само на едно од близначињата, а на другото не.

Историјата на семејството претставува одличен материјал за филм. Пред шест години мајката, тогаш 24-годишна, започнала врска со маж кој бил женет и имал деца. Кога нејзиното семејство дознало за оваа врска присилно ја „ветиле“ за А.К.

Таа четирипати наоѓала причина за да ја одложи свадбата, но на крај под притисок од својот татко морала да се омажи за него. Меѓутоа, таа не ја прекинала врската со својата голема љубов. Петнаесет дена по свадбата таа открила дека е бремена и на крајот на 2006 година родила близнаци. Уште додека децата биле многу мали, таа утврдила дека едно од близначињата многу наликува на нејзиниот љубовник.

Феноменот на близнаци од различни татковци е многу ретка појава кај луѓето. Професорот Рушен Ајтач од Одделот за гинекологија при Анкарскиот универзитет објаснува дека тоа може да се случи кога жената има две овулации за време на менструалниот циклус.

„Ако таа жена имала сексуални односи со двајца мажи во многу краток период, тоа може да доведе до двојна бременост и секој плод е со различен генетски материјал“, објаснува професорот.

Кога вистината била откриена, А.К. го земал своето, а сопругата ја избркал со другото дете. Таа не била прифатена и во домот на своите родители. Поради заканите со смрт, добиени како од семејството на нејзиниот сопруг, така и од сопствените родители, на сите им е дадена судска забрана да не се приближуваат најмалку 500 метри од домот каде сега се наоѓа жената.
31-01-2010, 03:11 PM
Reply
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#9

Социјалниот статус влијае на крвниот притисок




Луѓето со повисоко ниво на образование и со подобро место на живеење имаат во просек понизок крвен притисок, покажуваат резултатите од истражувањето на францускиот Институт за здравје и медицински истражувања (ИНСЕРМ) на парискиот Центар за превентивни и клинички испитувања.

Со истражувањато, кое траело од март 2007 до февруари 2008 година, биле опфатени 7.292 лица на возраст од 30 до 79 години од Париз и неговите предградија.

Резултатите од истражувањато покажуваат дека една од главните причини за повисок крвен притисок е зголемената телесна тежина, која е покарактеристична за лицата од посиромашните средини и за оние со пониско ниво на образование.

Поради ова научниците предлагаат целно да се дејствува на популацијата што живее во сиромашните делови на градовите, со цел да се намали нееднаквоста поврзана со опасноста од кардиоваскуларни заболувања.
31-01-2010, 03:13 PM
Reply
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#10

07-02-2010, 04:14 PM
Reply