Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 4 Vote(s) - 1 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
НОВ МКД ХЕРОЈ
Author Message
alexdgreat
Unregistered

 
#1

http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=57&eventId=37354


lazgovcive od sitel i policija kazuvaat deka go fatile prethodniot pat a deckovo vtorpat go izveduva istoto:

http://vecer.com.mk/?ItemID=18F5F3F8AE26...F2FAE6BE0D

http://www.facebook.com/profile.php?id=1...11&sk=wall

27-05-2011, 08:07 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2


И Нова Македонија го демантира СИТЕЛ И ПОЛИЦИЈАТА.


Quote:Го хакирал сајтот на Министерството за правда за да укаже на штрајк со глад

Моето штрајкување е присилно, бидејќи навистина немам пари да си купам храна. Повеќе од две години безуспешно барав работа во државни институции и кај илјадници компании, вели 37-годишниот скопјанец Ивица Ѓорѓиевски

Скопјанец вели дека десет дена штрајкува со глад и го хакирал сајтот на Министерството на правда за да укаже на „општествената неправда и нефункционалноста на системот во земјава“.

Ивица Ѓорѓиевски, 37-годишен информатичар, вели дека десет дена гладува бидејќи нема пари да си купи храна.

- Моето штрајкување е присилно, бидејќи навистина немам пари да си купам храна. Повеќе од две години безуспешно барав работа во државни институции и кај илјадници компании. Го хакирав сајтот на Министерството за правда бидејќи барам правда, односно исполнување на основните човекови права, како што се правото на храна, на работа и слично - вели Ѓорѓиевски.

Тој формирал група на социјалната мрежа Фејсбук, насловена „Штрајк со глад како отпор“, во која предупредува дека неговиот штрајк може да има фатални последици.

Во Министерството за правда вчера потврдија дека официјалниот сајт бил хакиран, односно пристапот до содржините бил оневозможен од 9.30 часот до 12 часот.

- Потоа веб-сајтот почна да функционира. Упадот го пријавиме кај надлежните во Министерството за внатрешни работи и сега останува тие да реагираат, со оглед на тоа што станува збор за кривично дело - вели Мирјана Илиева, портпаролка на Министерството.

Ѓорѓиевски вели дека не стравува од кривична пријава и можните последици бидејќи го допрел дното.
- Јас не сум криминалец, а доколку МВР ме приведе и ме гони, барем ќе имам редовна храна - вели Ѓорѓиевски.


Тој вели дека не се крие, а наедно целата постапка на хакирање на сајтот на Министерството за правда ја поставил и на Јутјуб. Ѓорѓиевски пред две години се вратил од странство и вели дека оттогаш успеал да најде работа само во период од два месеци. Потоа живеел од помошта што му ја давала неговата мајка.
27-05-2011, 01:28 PM
Reply
alexdgreat
Unregistered

 
#3

prviot pat go sokrija nastanot iako deckovo prati po site televizii, ama ovojpat go turna celosno serverot za da se doznae.

A glupite od ministerstvo za pravda ne ja koregiraa greskata vo web stranata iako prviot pat znaea so se sluci, tolku im tezi fakultetot (site se partiski vraboteni).
27-05-2011, 01:50 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

(27-05-2011, 01:50 PM)alexdgreat Wrote: prviot pat go sokrija nastanot iako deckovo prati po site televizii, ama ovojpat go turna celosno serverot za da se doznae.

A glupite od ministerstvo za pravda ne ja koregiraa greskata vo web stranata iako prviot pat znaea so se sluci, tolku im tezi fakultetot (site se partiski vraboteni).



Самобендисаноста на Грујовите полуписмени соработници ке ги урниса ... Секоја чест на Ивица.
(This post was last modified: 27-05-2011, 02:00 PM by ЈорданПетровски.)
27-05-2011, 01:59 PM
Reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,133
Joined: Dec 2009
Reputation: 17
#5

Треба на човекот,да му се даде некакво одликување!!!!!
"He who controls the present, controls the past. He who controls the past, controls the future." -- George Orwell
"Тој што ја контролира сегашноста,тој го контролира минатото.Тој што го контролира минатото ја контролира иднината." Џорџ Орвел
_____________________________________________________________

http://www.cd-macedonia.com
27-05-2011, 02:43 PM
Reply
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,471
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#6

За жал се додека човек не се одлучи на радикални мерки власта не реагира.
Учените и способните луѓе власта ги толерира и игнорира се додека не им засмета способноста туѓа, а нивната неспособност, па во туѓата способност гледаат проблем.
28-05-2011, 06:21 PM
Reply
alexdgreat
Unregistered

 
#7

Za zal edinstvenoto odlikuvanje so ke go dobie ivica ke bide kjotek vo policija.
28-05-2011, 07:03 PM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1
#8

Razmisluva Нема пари за храна. ОК. Го хакнал сајтот на министерството за правда. Преку интернет пристап платен со...? Со компјутер платен со...?
Не спорам дека партиски војници се шлепаат на државен трошок, ама приказнава има троа зачини отповеќе...
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
29-05-2011, 04:31 PM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#9

(29-05-2011, 04:31 PM)МрачниотКоњаник Wrote: Razmisluva Нема пари за храна. ОК. Го хакнал сајтот на министерството за правда. Преку интернет пристап платен со...? Со компјутер платен со...?
Не спорам дека партиски војници се шлепаат на државен трошок, ама приказнава има троа зачини отповеќе...

Вели дека престанал да јаде затоа што немал пари да купи храна... ОК, но ако бирам помеѓу храна и лап-топ, сигурно ќе изберам храна. Друго, што не земе да поправа компјутери кога го бива за тоа, да почне да одржува интернет страници, да дава часови... сетоа тоа може да го направи и без да има некаква врска со државните институции од кои е разочаран т.е. на црно... Icon_razz)) многу работи може да направи денес со неговото знаење, а притоа да заработи.

29-05-2011, 05:21 PM
Reply
Makedonec Offline
Senior Member
****

Posts: 406
Joined: May 2010
Reputation: 8
#10

Абе лошо е што човекот покрај интернет и покрај таквите способности кои ги има...сеуште не дознал дека живее во капиталистичко општество.(барем интернетот сеуште не ни е цензуриран,можел да дознае дека социјализмот не постои веќе)


п.с Јас еве на пример сакам да работам во владата(макар и кафекувар Icon_razz )....по аналогија значи треба да се помачам да ја хакнам страната на владата....оти се прават важни нејќат да ми тропнат на врата и да ме замолат дали сакам да работам кај нив...срам ги било.
(This post was last modified: 29-05-2011, 08:44 PM by Makedonec.)
29-05-2011, 08:41 PM
Reply
Solenik Online
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23
#11

Не сте во право: во Македонија нема капитализам туку има комунизам (олигархија) што само формално се вика "слободно пазарно општество". Младичот со полно право протестира против Владата, оти таа иако ја нема можноста да ја подобри економијата, сепак, ја има можноста да ја уништи, со тоа што премногу се меша во економијата. Тоа Владата на РМ многу успешно го работи не 20, туку 70 години: така народот го држи под контрола. Човекот кој има финансиска слобода, има слобода да постапува по својот ум.

Ацко, ти веруваше дека "Фокус" можел да се финансира без реклами цела година, а не веруваш дека Младичов можел да се дограби до компутер со Интернет врска. Колку чинат 3-4 часа во "Интернет-кафе", а колку чинат 260.000 примероци на печатен весник (52 х 5.000)? Младичов можњеби лаптопот за кој зборувате го има набавено од порано, и доколку е обележан како противник на системот (дисидент), тогаш џабе му се неговите способности, оти никој нема да го најми да работи за нив, зашто секоја успешна фирма во овој квази-капиталистички систем во Македонија мора да има врски со Власта (да плаќа арач на Олигархијата).
(This post was last modified: 30-05-2011, 12:14 AM by Solenik.)
30-05-2011, 12:12 AM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#12

(30-05-2011, 12:12 AM)Solenik Wrote: Не сте во право: во Македонија нема капитализам туку има комунизам (олигархија) што само формално се вика "слободно пазарно општество". Младичот со полно право протестира против Владата, оти таа иако ја нема можноста да ја подобри економијата, сепак, ја има можноста да ја уништи, со тоа што премногу се меша во економијата. Тоа Владата на РМ многу успешно го работи не 20, туку 70 години: така народот го држи под контрола. Човекот кој има финансиска слобода, има слобода да постапува по својот ум.

Ацко, ти веруваше дека "Фокус" можел да се финансира без реклами цела година, а не веруваш дека Младичов можел да се дограби до компутер со Интернет врска. Колку чинат 3-4 часа во "Интернет-кафе", а колку чинат 260.000 примероци на печатен весник (52 х 5.000)? Младичов можњеби лаптопот за кој зборувате го има набавено од порано, и доколку е обележан како противник на системот (дисидент), тогаш џабе му се неговите способности, оти никој нема да го најми да работи за нив, зашто секоја успешна фирма во овој квази-капиталистички систем во Македонија мора да има врски со Власта (да плаќа арач на Олигархијата).

Со првиот дел се сложувам...

Не реков јас дека не можел да се дограби до компјутер, туку дека ќе купам храна така што ќе го продадам компјутерот доколку не можам да го искористам за заработка. Кај нас сите се навикнати државата да ги решава проблемите, таков беше и прилогот, не таа да ги тргне рацете, туку да се замеша. Само уште еден прилог од серијата на А1 кога бараат државата да ја среди куќата, да го запосли стопанот и сл. На сите им се полни устите ’државата да им помогне... да изгради фабрики... да ни најде работа... да најде пласман... да има загарантиран откуп’. А, во нашата држава сите се генијалци... Icon_razz

И да нема забуна... Заслужува внимание и подршка, но мислам дека често се даваат погрешни решенија на проблемите...

30-05-2011, 01:25 AM
Reply
alexdgreat
Unregistered

 
#13

(29-05-2011, 05:21 PM)acko Wrote:
(29-05-2011, 04:31 PM)МрачниотКоњаник Wrote: Razmisluva Нема пари за храна. ОК. Го хакнал сајтот на министерството за правда. Преку интернет пристап платен со...? Со компјутер платен со...?
Не спорам дека партиски војници се шлепаат на државен трошок, ама приказнава има троа зачини отповеќе...

Вели дека престанал да јаде затоа што немал пари да купи храна... ОК, но ако бирам помеѓу храна и лап-топ, сигурно ќе изберам храна. Друго, што не земе да поправа компјутери кога го бива за тоа, да почне да одржува интернет страници, да дава часови... сетоа тоа може да го направи и без да има некаква врска со државните институции од кои е разочаран т.е. на црно... Icon_razz)) многу работи може да направи денес со неговото знаење, а притоа да заработи.

Kompjuterot mu e alat za rabota, mislam deka ne mu e problem da najde rabota tuku go frustrira toa sto mora da ja izdrzava celata familija. Kako i sekoj normalen covek go nervira situacijava kade nesposobnite se nagraduvani, a pametni i intelegentni ko nego se tretirani kako robovi.

Spored softverot sto go ima napraveno koe go vidov vo negovoto portfolio, deckoto e strucnjak.

I mislam deka heroi se tie sto vistina se zrtvuvaat a ne onie koi ne gi biva za nisto a protestiraat i se buntuvaat protiv sistemot.
30-05-2011, 09:22 AM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#14

(30-05-2011, 09:22 AM)alexdgreat Wrote: Kompjuterot mu e alat za rabota, mislam deka ne mu e problem da najde rabota tuku go frustrira toa sto mora da ja izdrzava celata familija. Kako i sekoj normalen covek go nervira situacijava kade nesposobnite se nagraduvani, a pametni i intelegentni ko nego se tretirani kako robovi.

Spored softverot sto go ima napraveno koe go vidov vo negovoto portfolio, deckoto e strucnjak.

I mislam deka heroi se tie sto vistina se zrtvuvaat a ne onie koi ne gi biva za nisto a protestiraat i se buntuvaat protiv sistemot.

Во ред тогаш... Затоа што денес тешко да не најде некаква работа со и помало познавање од неговото. Не сум го разбрал контекстот и намерата...

30-05-2011, 02:24 PM
Reply
alexdgreat
Unregistered

 
#15

(30-05-2011, 02:24 PM)acko Wrote:
(30-05-2011, 09:22 AM)alexdgreat Wrote: Kompjuterot mu e alat za rabota, mislam deka ne mu e problem da najde rabota tuku go frustrira toa sto mora da ja izdrzava celata familija. Kako i sekoj normalen covek go nervira situacijava kade nesposobnite se nagraduvani, a pametni i intelegentni ko nego se tretirani kako robovi.

Spored softverot sto go ima napraveno koe go vidov vo negovoto portfolio, deckoto e strucnjak.

I mislam deka heroi se tie sto vistina se zrtvuvaat a ne onie koi ne gi biva za nisto a protestiraat i se buntuvaat protiv sistemot.

Во ред тогаш... Затоа што денес тешко да не најде некаква работа со и помало познавање од неговото. Не сум го разбрал контекстот и намерата...

Што го тера чичко Јордан да се бори? Што го тера Цветанов? Мислам дека ова е слично.

Не е лесно да гледаш кога партнерот или фамилијата ти се бори да најде работа, кога се нервира секој ден. Мислиш ли дека таа негативна енергија, депресија, бес не се пренесува врз тебе и сите околу.

Тие што ќутат, трпат и молат за работа по митинзи и партии се виновни за ваквата ситуација.
30-05-2011, 02:43 PM
Reply
Solenik Online
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23
#16

(30-05-2011, 02:43 PM)alexdgreat Wrote: Тие што ќутат, трпат и молат за работа по митинзи и партии се виновни за ваквата ситуација.

BravoBravoBravoBravo
(This post was last modified: 30-05-2011, 03:13 PM by Solenik.)
30-05-2011, 03:12 PM
Reply
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,471
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#17

An inch today is tomorrow’s mile.
11-09-2011, 12:32 AM
Reply