ЈорданПетровски
ЈорданПетровски-ЦРНИ
      
Posts: 17,566
Joined: Mar 2010
Reputation:
36
|
Quote:АЛО…, ДАЛИ ЌЕ ГЛАСАТЕ ЗА ВМРО ДПМНЕ?
Предизборната кампања потврди неколку работи. Дека во Македонија овие избори се разбрани како избори за „слобода или смрт“, дека сѐ уште не се создадени услови за фер и слободни избори, дека резултатот ќе биде неизвесен, не во смисла кој ќе победи, туку кој ќе формира влада... Но, најважната работа што само се потврдува на овие избори е таа, дека Македонија, во суштина, нема избор!
Многу порано од официјалниот почеток на изборната кампања, поточно уште многу пред да се знаеше дека ќе има предвремени избори, за оној што внимателно ги проследува настаните беше јасно дека ќе биде жешко, гнасно и валкано.
Двете банди кои наизменично управуваат со Македонија веќе 20 години, а кои се генерички производ на комунистичката банда што е на власт од 1945. год., се закрвија по прашањето дали е време да се смени владетелот на престолот на „Илинденска бб“. Причината е едноставна. Огромниот тек на нелегалните пари што се во оптек, било од корупција, било од криминал, како и поради карактерите и политичките кариери на еден „мртовец“ од типот на Бранко Црвенковски и на еден класичен „фејкер“ каков што е Никола Груевски.
Ние тука на овој форум, одамна напишавме дека за БЦ ова е прашање на живот или смрт, поради тоа што уште еден пораз ќе значи негово исфрлање од неговата партија на клоци. Тоа го образложивме со простата математика, дека два мандата надвор од власта значи растурање на партијата по вертикала и хоризонтала, поради заминувањето на сите партиски активисти кои очекуваат да добијат нешто од победата. Мала утеха ќе бидат пратеници во опозициски редови, оти тоа е сал 0,1 отсто од партиските активисти кои чекаат позиции или барем вработување.
Но, за лидерот на левата банда има уште една голема причина за тревога. Секнувањето на славините од кои се финансира и тој и партијата. Имено, ставањето под хипотека на имотот на „Бихаќка бб“ (зградата на штабот на СДСМ, со сѐ дворното место и ресторанот, за да се земе кредит од неговото другарче Хари од Комерцијална банка, наменети за изборнава кампања), покажува дека БЦ и СДСМ имаат проблем со ликвидноста, односно со кешарица за намирување на тековните потреби. Иако, предизборните спотови на А1 ТВ не ги чинат ништо, зашто беше направен еден фин трик со продажбата на телевизиското време на заинтересираните субјекти за овие избори, СДСМ сепак треба да плаќа за рекламите на другите медиуми, кои речиси сите се под контрола на лидерот на десната банда Никола Груевски.
Од друга страна, шефот на десната банда со своето авторитарно, да не речеме диктаторско држење на конците, пред сѐ преку неговиот братучед кој управува со тајната полиција (и со многу други работи), забразди многу длабоко во „реформите“, врза многу пари во разни сегменти, одработи многу „тендери“ и тендери, а нема време сето тоа да се покрие.
Оттаму и нему му е јасно дека евентуален изборен пораз би значел голем ризик од одмазда, дури и по неговата глава, оти со покренувањето обвинение за Бучко, падна непишаното правило што владееше до тогаш, дека главните не се чепкаат меѓу себе дури и со промената на власта.
Значи не само за него, туку и за најблискиот соработнички круг, со исклучок на браќата Мијалкови (оти тие се заштитени подобро од белите мечки), евентуалното губење на избори ќе значи голем ризик за завршување на „најубавиот период во животот“ и реален ризик од соочување со кривични пријави, обвинителни писанија, притвори и затвори.
Затоа велиме и сме напишале тука оддамна, дека претстојните избори и двете банди ги сфаќаат како прашање на живот и смрт. Или што би рекол многу прецизно брат Љубе, „слобода или смрт“. А ако така се пристапува кон една нормална процедура во демократијата наречена избори, тогаш е јасно дека кампањата што се води за истите ќе биде валкана и гнасна, безмалку безмилосна.
ОБСЕ со предупредување
Впрочем тоа се покажа и се најави уште со случајот „Пајажина“ и медиумите на Велија, кои станаа едно од главните обележја на овие избори. Ние сме пишувале многу за случајов, но тука ќе потенцираме една кристално јасна слика, еден недвосмислен факт. Случајот „Пајажина“ покажа и ќе покаже многу нешта. И досега и во иднина. Но, највредното од овој случај ќе биде рентгенската слика што се создаде во врска со македонските медиуми, македонскиот медиумски простор и со состојбите во новинарството.
После „Пајажина“ ништо веќе нема да биде исто во македонското новинарство. Тој случај на јасно светло на денот ја исфрли сета беда и празнотија на содржините што ги продуцира новинарството во Македонија, а во истовреме и моќта што ја има и околу која отсекогаш се тепала која било власт, а не само оваа актуелнава во Македонија.
Затоа, случајот „Пајажина“, освен што во иднина ќе се најде во зборниците на правните факултети, во судските и обвинителските анали, треба да се најде и во учебниците за историја на новинарството во Македонија. Случај кој ќе биде точка пресвртница, после која работите во медиумската сфера ќе се изместат на подобро, иако тоа ќе оди многу постапно и бавно. Патем, дното на македонското новинарство не е допрено. Доправа ќе дојде.
Но, да се вратиме на кампањата. Пред некој ден набљудувачката мисија на ОБСЕ во Македонија излезе со предупредување, чие тежиште се однесуваше на заплашувањата во јавната администрација, случај што, иронично, го „открија“, поточно го сработија, токму новинари од А1 ТВ.
Иако правдањето беше во стилот дека тие лажат или дека откриле „топла вода“, оти и двете банди правеле така и досега, факт е дека за прв пат во јавноста се презентирани и докази за тоа. Само ако овој случај го земеме предвид, факт е исто така, дека не можеме да зборуваме за фер и слободни избори. Но, има уште еден момент за кој медиумите малку пишуваат, односно само онака, попатно го споменуваат.
Имено, за прв пат од осамостојувањето на Македонија и за прв пат од почетоците на која било изборна кампања, една од бандите агресивно се однесува кон граѓаните и нивното загарантирано право за слободно гласање по сопствено убедување. Кога велиме за прв пат, мислиме на цела територија на Македонија и на сите избирачи, а не на одделни случаи со притисоци врз администрацијата или со локални заплашувања во некои рурални средини, какви што сме имале и до сега.
Десната банда си дозволи нешто што не е дозволено ни на сон. Се јавува по домови на луѓето (до пред една недела одеше и од врата на врата, но по случајот со заплашувањето на администрацијата престанаа) и ги прашува дали ќе го дадат својот глас за нив. Тоа, отприлика оди вака:
- Добар ден, ние сме од штабот на ВМРО ДПМНЕ во Ѓорче Петров. Дали сте вие тој и тој?
- Да јас сум тој и тој.
- Ве молиме да ни кажете дали на изборите ќе го дадете вашиот глас за нашата партија?
Вашиот Владимир е лично сведок на три вакви јавувања во рок од два-три дена на различна категорија граѓани. Од вработени во државни служби, до човек што има мал приватен бизнис, па до пензионер.
На налогодавачот на оваа операција, па дури и на поставувачитет на прашањето, кристално им е јасно дека оваа „анкета“ не вреди ни пет пари, зашто секој може едно да каже, а инаку да направи на гласачото место. Но, тоа важи само за граѓаните кои имаат интегритет.
За секој друг, а такви се многу, целта на анкетирањето е постигната со самото јавување.
Станува збор за суптилен притисок со методи на полициска држава каква што е Македонија од 1945. год. до денес. Станува збор за упатување отворена порака, дека јавувачот знае сѐ за граѓанинот, тел. број, име и презиме, адреса, матичен број... па дури и тоа како ќе гласа. Нелагодата кај граѓанинот по ваквото јавување е видлива. Сомнежот дека утре ќе му се случи нешто непријатно ако гласа за некој друг, исто така.
Но, најважно од сѐ, е тоа што јавувачот го крши основниот постулат на изборите во една демократија. Тоа е дека гласањето е ТАЈНО! Никој нема право да знае како ќе гласате или како сте гласале. Тоа е основниот принцип на фер избори и не бадијала е така во сите демократии.
Овие, јавувачиве, бидејќи мислат дека партијата, т.е. бандата е над државата, го послушале умниот совет на лидерот на бандата (кој пак, мисли дека е и над партијата и над државата) и пристапиле кон спроведување на ваква масовна операција на заплашување, која наивно ни ја претставуваат како партиска анкета. Засега јавувањето е на фиксните телефонски броеви, веројатно за да чини целата операција поефтино.
ОБСЕ, т.е набљудувачката мисија ги нотира ваквите случувања и редица други. Ние можеме да мислиме што сакаме за една стара и изветвена организација како ОБСЕ, на која ѝ минал векот на траење, но факт е дека извештајот на ОБСЕ за изборите утре ќе биде главен аргумент при секое разгледување на која било апликација на Македонија, за било што. Од ЕУ или НАТО, преку барање пари кај светски фондови или банки до привлекување странски инвестиции. Така што секој што си игра и ги сфаќа несериозно странците и нивната улога во изборниот процес си игра со оган.
Впрочем, не само ОБСЕ, туку и ЕУ и САД и НАТО заедно, уште пред почетокот на кампањата испратија предупредување до сите „одговорни политички чинители“, од кои побараа да нема заплашување и насилство во изборниот процес.
Кршењето на изборните штабови на левата банда и нејзините сателити уште пред почетокот на кампањата, кинењето билборди и плакати, шарањето и прешарувањето на графитите, се фолклор кој не е вреден за спомен и нешто видено многу оддамна, така што за нас тоа не е суштински показател за фер или нефер избори. Но, секако дека е камче кое утре ќе го пополни мозаикот во извештаите на странците.
Фрустрирани лидери на банди со празни ветувања
Како и да е, досегашниот тек од изборната кампања, отвореното и нескриено навивачко известување на медиумите од текот на кампањата, валканиците што се вадат за приватните животи на конкурентите и редица други елементи, укажуваат на големи шанси овие избори да се претворат во уште еден дебакл на македонската демократија во повој.
Тоа е така зашто со двете банди управуваат незрели и фрустрирани луѓе кои своите фрустрации ги влечат од детството. И двајцата се оперирани од демократија и немаат поим што таа значи и како суштински се остварува.
Станува збор за лидери на банди кои се заслепени од самозаљубеноста, убедени се во цврстата рака како најефикасен метод на држење на власта, нивната незаменливост, и не се свесни кога ја минуваат црвената линија што води од општество на слободни граѓани во диктатура. Има разлики меѓу нив секако, но суштинска нема.
Едниот како што рековме е политички мртовец, кому како што разбравме, „меѓународната“ му сугерурала воопшто да не се појавува на никаква листа на избори, па дури и ако станува збор за избори во месна заедница.
Другиот пак, е Потемкинов ученик, кој не е во сосотојба да проголта каков било пораз. И двајцата немаат што да понудат. БЦ ни ја нуди Радмила, и ефтини ветувања за укинување на забраната за пушење по кафеаните, а овој другиов ја форсира преродбата со асфалтирање улици и улички, не само во Скопје, туку ширум Македонија, во „пет до дванаесет“.
Наместо инфраструктура витална за економијата на граѓаните, тие на овие избори добија преповторени ветувања. Ако победиме ќе направиме автопат. Ако победиме ќе изградиме пруга до Бугарија. Ако победиме ова, ако победиме она... Едниот, БЦ, ветувал напразно, лажел и крадел и затоа сега е во позиција каква што е. Другиот ветувал и лажел, нешто и купувал и градел, но исто така крадел. Нема тендер што не е набилдан и што не е наместен. Сѐ што досега за овие неколку години во Македонија е купено или изградено, е направено со многу поскапи цени од реалните, а крајната сметка како колатерална жртва ја плаќаме сите ние што го алиментираме буџетот преку даноци. Ова особено е изразено во „реформите“ во здравството и образованието, како и во проектот „Скопје 2014“.
За едно од суштинските прашања, очигледно е постигнат косензус, па не го ни споменуваат или многу ретко. Тоа е прашањето за името. Јасно е, појасно да не може да биде, дека кој и да победи или поточно речено кој и да формира влада, ќе се согласи на менување на името.
Тоа им е јасно и имаат консензус околу тоа прашање, зашто едноставно се условени од големите играчи на Запад тоа прашање да го решат по изборите. Впрочем и тоа сме го напишале отпорано, со приближно точен датум: Кога ќе биде објавена пресудата од меѓународниот суд во Хаг, ќе се пристапи кон операцијата менување име.
Кога се ќе се собере и одземе, јасно е дека Македонија ниту на овие избори нема реален избор!
Како и што можеше да се изанализира и претходно, на крај ќе се сведе на тоа кој ќе ја состави владата. Десната банда несомнено ќе има најголем број пратеници, но прашање е колкав ќе биде тој број. Ако биде „падни-стани“ ситуација, по 5-ти јуни ќе бидеме сведоци на многу тензични ситуации, во кои уцените, поткупувањата со милиони евра и политичките отстапки ќе бидат тажно секојдневие. Клучна улога ќе имаат, не помалите политички партии во македонскито блок, туку албанските партии и нивните пратеници. Но, едно е сигурно. Македонија по овие избори нема да има влада со стабилно мнозинство во парламентот, што пак од друга страна гледано, секогаш е подобро за перпсективите на една демократија.
Quote:Тони Вучевски
групација,дај никако твојата желба да ја слушнеме...за кого би го дал ти твојот глаас
Quote:Групација Дисиденти
За никој. !!!!! Целата партиска понуда во Македонија се аргати на УДБа .
Quote:Тони Вучевски
лоповот вели дрште лопова или? нема врска.............
Quote:Тони Вучевски
парадоксот....
Quote:Групација Дисиденти
"Двете банди кои наизменично управуваат со Македонија веќе 20 години, а кои се генерички производ на комунистичката банда што е на власт од 1945. год., се закрвија по прашањето дали е време да се смени владетелот на престолот на „Илинденск...Види повеќе
Quote:Тони Вучевски
извини ме (екс кјуз мии)ја прв праша кумановец...
Quote:Riste Dimov
na ovie izbori ke glasame za OBEDINETI ZA MAKEDONIJA.
Quote:Групација Дисиденти
Тони на прашањето ти дадовме одговор. Ред е да одговориш сега ти!
Quote:Бошко Шкариќ
Боље аргат на УДБА отколку роб на ТАТАРИТЕ... ДА ЖИВЕ СОЈУЗОТ НА КОМУНИСТИ НА МАКЕДОНИЈА!!!
Quote:Тони Вучевски
те ти беља....издадесва те
Quote:Тони Вучевски
пријателите твои те издадоа дисиденту...
Quote:Arsov Tale
кој и да победи.... нема спас од тиранијата!
Quote:Тони Вучевски
тале и ти си ...дисидент ?
Quote:Тони Вучевски
зарем удба стана групација?
|
|