ЈорданПетровски
ЈорданПетровски-ЦРНИ
      
Posts: 17,679
Joined: Mar 2010
Reputation:
36
|
Quote:Текстов го понудив на „Фокус“ и на „Дневник“. И двата весника одбија да го објават. Уредникот на „Фокус“, Јадранка Костова ми oдговори од кои причини не го објавува текстот:
Ne gledam nisto novo, nitu nekoj nov lik koj e vo ovoj tekst, osven ona sto veke vo poveke navrati e pisuvano vo Fokus. Vo izminative 5 godini nad 100 teksta napisav za lustracijata, nekolku i za tvoeto dosie, no sega edinstveno epohalno otkritie na Vasiot forum e tekstot na XXXX Vladimir Kostovski, koj e miks od se sto Fokus izminative godini konstatirase, so novitetot deka Nikola Maldenov e sorabotnik!!!
Amin Boze!!!
Зоран Димитровски од „Дневник“ не најде за потебно ниту да ме извести. Моите неколку обиди да го контактирам Димитровски по телефон беа безуспешни.
Отворено писмо до Никола Груевски:
Бидете чесен и признајте дека не спроведувате лустрација, туку диференцијација
![[Image: images?q=tbn:ANd9GcThy2s2PevrS9cTqC0nYXi...nmFgbyyhxQ]](http://t0.gstatic.com/images?q=tbn:ANd9GcThy2s2PevrS9cTqC0nYXi-7Q89uCPMf6-5Jf6mhfGanmFgbyyhxQ)
Почитуван Господине Председател на ХХХХ ХХХХХ (ВМРО ДПМНЕ, н.з.);
се надевам дека вашите старатели ќе ви го прочитаат писмово кое е наш обид да кажеме збор два за она што вие не го „знаете“, како и за работите кои некои зли луѓе ви ги „подметнуваат“. Ќе Ве потсетам дека на нашата прва средба во ХХ ХХХХХ (Њу Џерси, м.з.) Ве предупредив дека доколку не го промените курсот на Вашата политика кон инсталациите на Белград, ќе ве снајде судбината на Вашиот претходник ХХХХХ ХХХХХХХХХХХ (Љубчо Георгиевски, н.з.). Дека сте го „послушале“ мојот совет ми стана јасно при нашата средба во ХХХХХХ (Торонто, м.з.), во најлускузниот хотел во градот ХХХХХ ХХХХ (Ројал Јорк, хотел каде што борави кралското семејство н.з.), каде што вашата делегација домаќински и одговорно со државни пари имаше закупено конференциски апартман кој чини неколку илјади долари од ден. Доколку не се сеќавате за која средба зборувам, станува збор за Вашата официјална посета на Канада во август 2009. год., која ја организиравме за ХХХХХХХХХХХХХХ ХХХХХХХХХХ (Претседателот на РМ, Ѓорге Иванов, м.з.), а која Вие му ја украдовте во 5 до 12.
Понатамошни уверенија дека сте го „послушале“ мојот совет добивам и во фактот што, додека Вашиот претходник ХХХХХ (Љубчо, м.з.) ми испраќаше рекетари да ми се закануваат за безбедноста на моето семејство, Вие очигледно се чувстувате поумен од него, па си мислите дека можете да ме играте како што Ве играат Вас. Од Вас добивам молби за услуги од „шеснаеста варијанта”, преку мои пријатели, до кои молбата стасала по пат на глув телефон од некој си нивни познаник. За возрват кога ќе се сретнам со Вас Ве гледам како глумите ХХХ ХХХХХХХ (Луд Милојко, м.з.), оносно „не знаете за што зборувам“. Стар трик на комуњарското апсолутистичко школо. Истава улога на ХХХ ХХХХХХХ (Луд Милојко, м.з.) деновиве ја глумите со Дончо Ангелоски од Радио „Илинден“ од Австралија, кому му ги с’снавте ДПМНЕвските полуписмени загари. Да го спомнам тука и „заборавениот“ Блажо Стојаноски, за кој месец дена пишуваме на http://www.kotle.ca, но од партијата заради која бил гонет од СДБ ниту збор. Всушност да не гршам душа, се јавува по некој ваш член да нѝ одржи лекција како тоа сѐ било „ОК“ што СДБ го кршела Уставот во име на зачувување на Бранко Црвенковски на власт. Најверојатно за да Ви ја чува премиерската фотеља топла. Дали и случајот на Стојаноски ќе добие 3,5 минути слава на некоја прес-конференција на Бициклистички (феноменот на „бициклист“ се изразува со тоа што кога „бициклистот“ е во полн налет тогаш тој гази сѐ живо под него, но јазикот му е во задникот на оној што е пред него, м.з.), кога ќе ја запознаете јавноста со скандалите од времето на Бранко Црвенковски—скандали за кои вие ништо не сторивте да ги санкционирате.
Пораката која лично Ви ја пренесов во ХХХХХХ (Торонто, м.з.) е да престанете да се надевате на наша—на Групацијата на Ветерани Дисиденти—идна помош од било каков вид. Ја знаете нашата цена: Л У С Т Р А Ц И Ј А! ! ! ! ! Бидејќи без лустрација нема де-југословенизација, т.е. де-криминализација, односно демократизација, а бидејќи Вие не сте кадарен ниту да го започнете тој процес: ние немаме заеднички муабет, млад господине, затоа престанете со глувиот телефон. Престанете да ги злоупотребувате моите пријатели и познаници праќајќи ми пораки дека лустрацијата само што не започнала.
Гледајќи ги работите денес, сметам дека треба да си ја признам грешката во прогнозата од пред четири години: судбината што Ве чека Вас ќе биде уште посрамна од онаа која ја дочека ХХХХХХХХХХХ (Георгиевски, м.з.); Вас млад господине еднаш Ве поштедија за ХХХХХХ ХХХ (аферата НКП, м.з.), а народот бара жртвено јагне. А, како Ви се погоди среќата, томку да имате имиџ на „јагнешка” невиност. Ако се чудите зошто ќе одите курбан, без грижа, ќе Ви објаснам.
Ќе почнам со дел од моето досие што до скоро не беше обајвуван.
„СЛУЖБЕНА БЕЛЕШКА”, Ев. Бр. 722, од датум 29.09.1994. год., од РУСДБ – Куманово.
„Наша намера и цел беше да изворот ХХХХХХХХ (Драган Давитковски, м.з.) пристапи кон земјоделската партија поради негово поголемо зближување со ХХХХХХХ (Др. Страхил Георгиев, претстедател на Земјоделска партија за Куманово, м.з.). Во тој правец беа правени доста напори ХХХХХХ (Георгиев, м.з.) редовно го држеше на дистанца. Истиот редовно изнаоѓаше некои изговори, за наводна моментална неможност за набавка на пристапници и сл. др. изговори.
. . .
И покрај ваквото однесување на ХХХХХХХ’ према изворот, на изворот му е сугерирано да не се одалечува од него и ги прифаќа сите обврски и задачи што ХХХХХХ ќе му ги постави за време на предизборната кампања како и за време на самите избори.”
Слушам дека изворот ХХХХХХ ХХХХХХХХХХХ (Драган Давитковски, н.з.) од белешкава Ви бил главен грдежник на патишта низ кумановско во предизборнава кампања. Работата ја добил како докажан ДПМНЕвец! Како што можете да видите, не сте му прва „љубов“, па затоа не очекувајте дека, како што оди песната „и последен ќе (му) бидеш ти“. Еден друг извор од моето досие, ХХХХХ ХХХХХХХХХХ (Љупчо Ангеловски, м.з.), пак бил дежурен во Кумановскиот штаб. И негова задача била да ја уништува партијата чиј што претседател сте денес. Дека не сте воопшто различен од ХХХХХ (Љубчо, м.з.), ќе ви посочам на тоа дека, на пример ХХХХХХХХ ХХХХХХХХХ (Томислав Спасовски, м.з.), исто така извор од моето досие, вашиот предходник го направи шеф на околкната гранка на Министерството за образование. Да не го запоставам и Вашиот колега од Министерството за финансии, ХХХХХХХХХХ (Даравелски, м.з.), за кого сигурно веќе Вие повеќе знаете одошто јас можам да Ви кажам.
Една работа ме „мачи“: Како е можно Вашите членови многу повеќе да знаат за мене лично, одошто за Налогодавачите, Извршителите и Соработниците на УДБа/СДБ ; и тоа „знаење“ за мене да го користат во одбрана на злоделта на УДБа/СДБ? Т.е. вашите ДПМНЕвци се всушност поголеми противници на лустрацијата одошто, да речеме, Милчин! На обичниве луѓе им е чудно што, овие вашиве ДПМНЕвци, закитени со лавчиња и шеснаесет-краки сонциња—по кумановски кажано „комите од прв завр'з“—ја бранат УДБа како да им е мајка. Не знам дали сте свестен дека со тоа бранење само откривате кои сте. Затоа ќе се случи еден апсурд после вашиот пад од властан вие ќе бидете лустиран како ПАТРОНОТ заштититник на крвниците од УДБа. Вие немавте намера да правите лустрација, туку го фативте патот на Маршалот и тргнавте во Д И Ф Е Р Е Н Ц И Ј А Ц И Ј А! ! !
Но, сепак, да појаснам: ВМРО-ДПМНЕ е спој на чедото на УДБа, ДПМНЕ, и ВМРО—она вистинското, изворното за што веќе ви објаснив во: „УДБашкото ДПМНЕ ја прокоцка шансата што му ја даде ВМРО-ПРАВДА!!!“ Вие ги диференцирате извршителите и соработниците на УДБа—борците за српската кауза во Македонија. Оние кои не ви пристапуваат и му остануваат верни на Бранко Ц. ги лустрирате.
Прв на листата издиференцирани: ХХХХХХ ХХХХХХХХХХ (Силјан Аврамовски, м.з.) печатот за веродостојноста за неговата дифренцијација е удрен од Ј.С. лично. Заради авторитетот на удирачот на печатот, Сиљан Аврамовски го назначувте за заменик на вашиот Братучед, Сашо Мијлаков. Тоа што го има во еден куп досиеа како ИЗВРШИТЕЛ по се кај Вас само му го зголемува угледот.
Еве што напишал Јанко Бачев за Силјан Аврамовски:
„Силјан Аврамовски успешно ќе ја изврши задачата и ќе изнајде агенти кои при евентуален пораз на СДСМ на изборите во 1998 година ќе ги запоседнат раководните функции во службата, за потребите на 'државотворниот' СДСМ.”
Еве го мислењето на Павле Трајанов и Доста Димовска за Силјан Аврамовски:
„Професионален разузнавач без дамка во кариерата и без политичка заднина”
Груевски пак задржувањето на Силјан Аврамовски на местото заменик на Сашо мијалков го правда со зборовите „Силјан е човек на ЦИА”. Оваа тврдење е лага. Силјан Аврамовски е човек за СОРАБОТКА со ЦИА, или дел од одделот при МВР за СОРАБОТКА со странските служби.
Двава документа зборуваат кој е навистина Силјан Аврамовски:
![[Image: 2m2965x.jpg]](http://i52.tinypic.com/2m2965x.jpg)
![[Image: Runtev732c.jpg]](http://o26.imgup.net/Runtev732c.jpg)
Вториот диференциран Капиталец: ХХХХХ ХХХХХХХХХХ (Зоран Верушевски, м.з.). За него печатот го удруја луѓе вмешани во шверцот со нафта, цигари и акцизна стока. Вие како поранешен Министер за финансии добро знаете кои се тие „вмешаните“.
За третиот, познат во светот на подземјето како Фрчолина, „правникот над правниците“, „демократот над демократите“, веродостојноста дека се диференцирал Ви ја даде „ХХХХХХ ХХХХХХХ“ ( „сестра Достиќ“, м.з.), Бог да ја прости, и остави аманет да не го чепкате. Тоа што дал налог да се следат неколку илјади луѓе кои единствено сакале Македонија да стане витински самостојна, суверена и демократска држава е придонес кон каузата на Аписа -„Уједињење ил смрт”, а тоа во однос на Вас и Вашите старатели и ментори „је циљ ка коме тежимо”.
Потврдата за диференцијацијата на ОО „ХХХХХХХХХ“ (ОО „Консултант“, м.з.) е уште од времето на Вујко Јордан, од деновите им во КОС, разбира се. Затоа со Сашко е во блиски пријателски врски; сигурно биле другарчиња уште од Градинка.. Миразот е помош во пресудниот час, добивте медиум за екслузивно да се слуша гласот на преродбата.
OO "ХХХХХХХХХХ" (ОО „Фолклорист“) т.е. човекот кој пишува историја за која вели: „Се трудев сето тоа да го предавам приемливо и за чувствителните великосрпски патриоти, какви сѐ уште постојат, но ми се чини фактите ги изнесував со такт, внимателно, иаку сум свесен дека многупати некои работи дури прикривав за да не предизвикаат рекција кај нашиот денешен човек што би била непожелна пред сѐ ‘за нас’.“
Од благодарност за неговата самодиференцијација и шеесет годишното опстојување на браникот на српштината ќерка му ви е многу важен колиционен партнер—треба да ве држи да не застраните од патот „приемлив и за чувствителните великосрпски патриот“. Нејзиното гласчко тело од троица без дваица се капките вода кои во моментов живот значат.
Уште од самото формирање во 1990. година, УДБа преку своите луѓе од ДПМНЕ се обидуваше да ја превземе и контролира партијата ВМРО-ДПМНЕ. На тој пат се испречија многумина. Затоа и процесот на ДПМНЕ-изација, односно СРБИЗАЦИЈА на партијата трае многу подолго од плановите на УДБа, со тенденција никогаш да не се оствари.
Еден од тие кои го попречија планот на УДБа бев и јас. По желбата и помошта на Бога успеав да дојдам во демократска и слободна држава, каде што Владата незаситно не им го краде заработеното на граѓаните, а и не им ја пие и крвта како вода. Затоа и ми доделија политички азил—оти видоа дека не сум чинел никакво зло на мојата Татковина, а од вашите сѐ уште слободни, сѐ уште политички актвини претходници сум го добил третманот како на најголем злосторник, додека некои други слободно го ограбија општествениот капитал и ја фрлија државата од патот на Евроатлантска интеграција во Србославски ќорсокак.
Тука, Господ ме поврза со луѓето кои го сочуваа континуитетот на ВМРО. Луѓе кои од 1945. година, покрај прогоните тортурите и годините одлежани во „Идризово“ и „Зеница“ до ден денеска останаа верни на идејата на ВМРО: Oбединета, Cамостојна, Cуверена и Демократска Македонија, Македонија 51. држава на САД, Македонија на слободни Македонци. Тоа е причината поради што сте опседнати со мене—мислите дека така ќе ги девалвирате оние во чие име јас зборувам и пишувам.
Не Ви е лесно ни Вам. Да си бевте Премиер пред четириесетина години, немаше да Ви правам мака. Ќе се „самоубиев“ со два куршуми во тилот, и ќе си бевте мирни. Арно ама, некаде во меѓувреме „мозоците“ во лабораторијата на КОС/УБДа за здружено планирање дошле до големо откритие:
„Но со ликвидацијата ти правиш херој, ние ќе појдеме, ќе му подметнеме приколка ќе се залета и готово. Но, ќе биде национален херој. А херој не е потребен сега, да им создаваме ние херој.“ ХХХХХХ ХХХХХХХХХХХХ ХХХХХХ (Драган Стојмановски „Млекце“ пензиониран полковник на КОС и АРМ, од транскриптите од „Сина птица“, м.з.).
Молчењето повеќе не е злато! Пред десетина години, Вашата екипа имаше предност: немавнме медиум каде ќе можеме да се заштитиме со обвивката на јавноста. Тука, секако, зборувам за останатите 3-5.000 обработувани од СДБ по линија на работа „Спречување на Македонски екстремизам” од 1992. год. навака и десетиците илјади пред тоа. Тешко Вам во ова време на гобална комуникација. Секако, не сте неподготвени. Има нов план на работа смислен во оваа здружена лабораторија на КОС/УДБа: „. . . со цел извесна компромитација на Петровски пред неговите пријатели и истомисленици. . .“ Службена белешка, Ев. Бр. 1254, 23.12.1996. год. Затоа загарите како оној „слободниот уметник“ ХХХХХХХХХ (Диневски, м.з.) чиишто ремек-дела на фикција се „Чакам те да дојдеш“ и мртвородената книга за „Расколот во ВМРО-ДПМНЕ—Документирана историја“ и неколку други со лажни профили што роварат по интернетот ширејќи пропаганда што сметаат дека ќе ме оцрни со нивните хистерчни виртуелни врескања. Всушност овие матни профили, кои не се над праќањето електронски закани, пцовки и навреди кон дами и девојчиња на поливина од нивната возраст, на светот му го покажуваат вистинското лице на СДБ—дека тоа е организација на душевно нестабилни силеџии и кукавици, кои немаат ни ронкна човечко во нив; а кои уште помалку можат да водат цивилизирана дебата или да направат разлика помеѓу прашања од државно-безбедносна или економска природа; луѓе за кои Уставот не вреди ниту за тоалет хатија—оти тие се над сѐ.
Јас сум само гласноговорник на вистината која во себе ја носат луѓето кои се континуитет на ВМРО, луѓе кои ја чуваат светоста на златните четири букви: В М Р О. Мислевте и мислите дека успеавте да ги фрлите во заборав вистинските носители на ВМРОските идеали: Стефанка и Дане Поповски, Костадин Смичкоски, Љубен Крстески-Чакра, Глигор Крстески, Благоја Мрмески, Данчо Бојковски, Петре Јовановски, Јоне Каландуски-Шакале, Кире Матраков... Миcлите дека ги избришавте нивните траги; мислите ако Вие не ги споменeте на вашите лажни прослави по повод датуми врзани за ВМРО—а кои всашност се церемонии за Ваше лично величење—дека никој нема да се дрзне да ги спомене и да ви укаже дека стварате лажна историја. Вие се плашите да ги поканите, да им погледнете во очи, да се поздравите со нив—како што тоа го сторивте во ХХХХХХ (Чикаго, м.з.), знаете дека за Вас тие се преголеми, бидејќи останале нескршени од УДБа—за разлика од Вас! Тоа е причината што на прославите како основачи на ВМРО-ДПМНЕ ни ги претставувате само оние кој го вратија ДПМНЕ во пазувите на УДБа. Треба да сватите дека вашата лага не минува.
Секако, за стасате до вашата цел—новата лажна историја—е назмисливо, неможно без ХХХ ХХХХХХХ (Иван Бабановски, познат како Ице Бабанот, м.з.) озогласениот македонски џелат. Додуша него го добивте веќе издиференциран од „новиот“ коалиционен партнер—сопственикот на „патриотското“ „Македонско Сонце“. Колку ХХХХХ ХХХХХХХХХХ (Ѓорѓија-Џорџ-Атанасовски, м.з.) бил далекувид, зборува фактот што оддамна не штедел новинарски простор во неговиот весник кога ХХХХХХХ (Бабанот, м.з.) требало да се промовира. А тоа што ХХХХХХХХХ (Бабановски, м.з.) за херој ни го нуди ХХХХХ („Тајто“, „кумановскиот Касиус Клеј“, м.з.)—тоа е само показател какви луѓе всушност работат за УДБа/СДБ. Вие, таквиот острастен ВМРО-мразец го дочекавте како дар од Бога и за него во владината МТВ вратите широко ги отворате—а ХХХХХХХ (Бабанот, м.з.) си ја одработува агендата. Македонските дејци ги прогласува за терористи и убијци на Македонци. Лаже! Тоа е единственото оружје на српските измеќари. Вистината е сосема инаква од онаа што ХХХХХХХХ (Бабановски, м.з.) ја кажуваше кај ХХХХХ (Томиќ, м.з.) во врска со бомбашките напади од седумдесетите години. Имено, бомбите биле поставувани пред на трафиките на „Политика” и експлодирале во глуво ноќно доба за никој да не настрада, а сепак да се прати порака на оклупаторот на Македонија; оној што Македонскиот нарот го диференцира како „непријателски“—Македонски националисти и „ексремисти“ (кои ги дефинира како „бугараши“)—и „позитивни граѓани“, оние кои кодошат и роварат против своите соседи, а во корист на УДБа.
![[Image: Dane-d-16d44.jpg]](http://k10.imgup.net/Dane-d-16d44.jpg)
Бабата дала грош да се фати во орото, но требала да даде два за да се пушти. Која ќе биде цената која Вие, млад Премиере, ќе треба да ја плаќате да куртулите од лустрација на рацете на Бранко Црвенковски—односно од добивањето на титулата Шут над Шутовите!?
Авторот е Претстедател на Комитетот за демократијзација на Република Македонија
|
|