Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 10 Vote(s) - 3.7 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Две децении од смртта на Сашко Гешовски
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1



Quote:Oстана мистерија убиството на кавадарчанецот што отслужуваше воен рок во Сплит

Ангел Данов


КАВАДАРЦИ - Поминаа 20 години од загинувањето на кавадарчанецот Сашко Гешовски, првата македонска жртва во југословенската војна. Под превезот „строго доверлива воена тајна“, ова убиство остана мистерија. Таткото Гоце и мајката Цвета не дознаа како згасна животот на нивното чедо, кое го пратија да отслужи воен рок во Сплит.

Семејството Гешовски живее заборавено од државата, а ниедно ветување не е реализирано. Во Кавадарци нема спомен-обележје, улица или институција со името на Сашко.

„Тоа што не знаеме како загина нашиот син уште повеќе не' боли“, велат Гешовски, потсетувајќи се на кобниот 6 мај 1991 година. Се' уште не можат да поверуваат дека Сашко го нема. „Дојдоа многу политичари да изразат сочувство, но сакав да бидам што повеќе време за последен пат до мојот син“, се сеќава мајката на Сашко.

Имал желба да и' служи на татковината. Заминал на 17 септември 1990 година во воената полиција во Сплит. „Му остануваа уште четири месеци без да користи отсуство. Ветуваше дека ќе дојде за првомајските празници“, вели таткото Гоце.

Деветнаесетгодишниот војник Сашко Гешовски утрото на 6 мај бил на должноста стражар во командата на Военопоморската област во Сплит. Таму протестираа над 30 илјади демонстранти, почнаа безредија и престрелки. Еден од куршумите беше фатален за кавадарчанецот. Останува непознато како загина Сашко. Според едни кажувања, тој е убиен од хрватскиот муповец Иван Врдољак, а според други, од негов старешина, поручник на ЈНА.

Вечното почивалиште на Гешовски во Кавадарци не го посетил ниеден политичар. Од Локалната самоуправа информираа дека скромно ќе се вклучат во одбележувањето на 20-годишнината. На семејството им било ветено дека улицата каде што живеат ќе го носи името на загинатиот син, а спомен-биста ќе била поставена и во паркот кај полицијата во Кавадарци, место што ќе прерасне во алеја на великаните.

Дваесетгодишнината од убиството на Гешовски е дел и од програмата за одбележување значајни датуми од македонската историја на Здружението на армиски ветерани. На 7 мај, еден ден по загинувањето на Сашко Гешовски, во Кавадарци се одржа протестен митинг на кој присуствуваше речиси целиот град. Повеќе од 20.000 граѓани од сите краишта на Југославија дојдоа на погребот, а во Кавадарци беше прогласена и тридневна жалост.


Убиството не е мистерија одамна. Кој, зошто и од што се плаши да ја каже вистината


[Image: 1-a6d10feae0.jpg]
09-05-2011, 02:10 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:20 години од смртта на Сашко Гешовски

Петок, 06 Мај 2011 18:02


[Image: Saso_Gesovski_20_godini.jpg]

Со државни и воени почести денес на градските гробишта во Кавадарци беше одбележана 20 годишнината од смртта на кавадарчанецот Сашко Гешовски, првата жртва во југословенската војна со што започна распадот на Југославија.

Свежо цвеќе на вечното почивалиште на Гешовски положи претседателот на државата и Врховен командант, Ѓорѓе Иванов, градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов, делегации од Здружението на Армиски ветерани и од Здружението на борци од НОБ.

Иванов изрази сочувство до семејството на Гешовски, но не проговори ниту збор за првата жртва од Македонија во граѓанската југословенска војна.

“Иако поминаа 20 години спомените не бледеат, емоциите сеуште се присутни, а болката во градите стега“ со солзи коментираше таткото на Сашко, Гоце Гешовски на средбата на новинарите. Тешко му беше сеќавањето на трагичниот момент. Информира дека веќе било договорено улицата кај кружниот тек во Кавадарци, местото каде што живееше Сашко, да го носи неговото име, а во алејата на великаните да биде поставена спомен биста. Истото во изјавата за медиумите го потврди и градоначалникот Александар Панов кој рече дека скромните барања на родителите ќе бидат реализирани. Таткото на Сашко рече дека и по 20 години не ја откриле тајната за убиството на нивниот син иако талкале по вистината долги години.

„Сашко Гешовски заминува на отслужување на воениот рок на 17 септември 1990 година на должност воена полиција во Сплит. На 6 мај 1991 годиназа време на демонстрациите за отцепување на Хрватска од СФРЈ Гешовски со 4 истрели е смртно погоден од маскиран припадник на Министерството за внатрешни работи“ рече виш кустос-историчар Петре Камчевски, директор на музеј галерија Кавадрци и додаде дека на погработ на Сашко во мај 1991 година во кавадарци присуствувале над 20 илјади граѓани од сите прострои на тогашна Југославија, а во Кавадарци била прогласена тридневна жалост. Ангел Данов



Зошто лаже вишот кустос-историчар Петре Камчевски. Неговата изјава не се совпаѓа ниту со официјалната верзија на ЈНА, дека Гешовски загинал од снајпер.


Quote:Пред петнаесет години во Сплит беше убиен младиот кавадарчанец кој служеше воен рок во ЈНА

Гешовски беше првата македонска жртва во југословенската војна

[Image: 39836.jpg]

Утрото на 6 мај бил на должноста стражар во командата на Военопоморската област во Сплит, каде што протестираа над 30 илјади демонстранти. Тогаш започнаа безредија и престрелки. Еден од куршумите беше фатален за кавадарчанецот Гешовски. И по 15 години околностите под кои загина Сашко Гешовски се уште не се разјаснети докрај. Според едни, Сашко е убиен од хрватскиот муповец Иван Врдољак а според други од поручник на ЈНА.


Да повторам што изјавил татко му на Гешовски:

"Јас бев на местото и видов, ѕидот зад Сашко беше целосно изрешетан, што значи дека во него не е пукано со снајпер, вели таткото Гоце"
(This post was last modified: 09-05-2011, 02:35 AM by ЈорданПетровски.)
09-05-2011, 02:32 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3





04-10-2011, 01:47 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4










(This post was last modified: 06-05-2013, 12:25 PM by ЈорданПетровски.)
06-05-2013, 12:24 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5



06-05-2013, 12:44 PM
Reply