montehristo
Неверан Тома
    
Posts: 1,493
Joined: Aug 2010
Reputation:
30
|
Quote:ПРЕСИНГ
Киселина од базата
„Дрти Хари четири пиштоли“ трет мандат побрзо го влече колтот од сите. Има човекот карма, иако топката е заглавена во каша. Не можат да го сменат ни кривични, ни местенки, ни фудбалски катастрофи, туку 120-ина (пот)платеници. База од која не' изеде киселина
Нервозни се нешто во фудбалската куќа. Тие што треба да ја смируваат разбеснетата толпа на и околу трибините ги потпалуваат страстите со меѓусебни тепачки. Така изгледа кај нас неизвесната битка за челната позиција на табелата.
Битка за челна позиција и на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) најавуваат и кулинарите со големи апетити за тронот спроти собирот на трибуните на 26 декември. Во фудбалските кујни веќе се готви нешто по стариот, испробан рецепт за освојување на власта. Големите мајстори за поткупување гласачи имаат мали тајни како полесно термички да ги обработат фудбалските пратеници. Подготвени се мирудиите, наречени членство во разни тела, органи и комисии, делегатски такси и супервизорски дневници, ноќевањата на туристичките патувања со репрезентациите, со ултра ол инклузив понуда - цело семејство вклучено (жена или љубовница, гратис за две деца, поголеми од 12 години). На потешко сварливите кревачи на два прста ќе им ја забиберат чорбата со политичко-полициски методи. Најлесни за динстање се државните службеници, вработените во јавни претпријатија и сите што земаат плата од буџетот (па и нивните блиски), кои ќе сркаат закани за бркање од работа.
Во казанот се вари се' и сешто, а на менито се застапени солени понуди, од кои подоцна можат да произлезат кисели насмевки ако не се исполнат зашеќерените ветувања. Горчината ни останува нам во празниот желудник, иако сме сити од тоа што фудбалот ни го креираат незаситни.
Тие незаситни во сленгот на спортската јавност се нарекуваат јагнешки бригади, термин што потекнува од селските меани. Таму, по нарачките на коленици, од допирот на понежни и помалку криви колена под масата, откриени од мини-здолниште, доаѓа инспирација да се запее евергрин-хитот „Чекала сам, чекала“. Да не ти се верува дека во ваква позитивна атмосфера се готви преврат во општинските фудбалски сојузи. Таму се избираат делегатите за Собранието на ФФМ (може да биде и кратенка за Федерација за фудбалска манипулација), кои пак гласаат за првиот фудбалски човек во земјава, како што нагалено го викаат потписникот на сметката со годишен буџет од околу 4-5 милиони евра.
Наводно, запршката сега се прави во УЕФА. Во Швајцарија јадат со златен прибор, но помијата ни ја оставаат нам, зашто од неа полесно се обезбедуваат гласачи во европската битка за власт. Откако од Нион пристигна нарачката за македонската собраниска свадба, мора набрзина да се коле прасето пред Божик: на 26 декември ќе усвојуваат буџет за 2010 година, за кој се плашеа да не им го посвојат други старатели. Ова друштво што евтино го раскрчмува, ќе има пет дена до Нова година да го дотроши, небаре им е последен, па ќе кани на гала-претстава, традиционално во „Александар палас“. Лично од водителот Тони Михајловски на изборот на „Најдобрите во 2010“ ќе слушаме само за успеси, а хостесите на високи потпетици ќе потклекнуваат за да поделат бакнежи при доделувањето златни плакети на сите заслужни што Хари е се' уште на власт.
„Дрти Хари четири пиштоли“ веќе трет мандат побрзо го влече колтот и од опозицијата, и од полицијата, и од политиката, и од медиумите. Има човекот карма, иако топката е заглавена во каша. Во оваа карма-каша, блуткаво е сознанието дека претседателот, кој и да е, не можат да го урнат ниту афери, ниту кражби, ниту фудбалски катастрофи. На актуелниот фудбалски суверен ништо не му можат кривичните пријави против него, верификуваната местенка од УЕФА за прилепска Победа, претпоследните места на репрезентацијата во квалификациските групи, инцидентите по стадионите... Добрите фудбалери веќе не живеат тука. Затоа на трибините често има помалку луѓе отколку играчи на теренот.
Додека тие си пијат брендирани сортни вина, нам фудбалот ни е тапа. Во гнасната турли-тава што постојано ни се сервира, на повраќање тера и начинот на кој сакаат лидерот да го складираат во магацинот на истрошени челници кои прилично потрошија, а фудбалот од тоа ништо не заработи. Но, стилот на тазе јуришниците на власт не се разликува многу од тој на нивните претходници, па и фотороботот на евентуалниот наследник се наѕира, зашто рецептот за пуч е препознатлив.
Така ќе биде додека од 120-ина евтини (пот)платеници ќе зависат илјадници фудбалери, тренери и навивачи, кои ги држат како заложници. База од која не' изедоа киселини.
Mилорад Стојмановски
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=B7B948E221...DEBE12417A
An inch today is tomorrow’s mile.
|
|