Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 5 Vote(s) - 1.8 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
КОМПPОМИС СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И УТРИНСКИ ВЕСНИК
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,937
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Грчкото лоби стаса до Скопје, македонското во илегала

[Image: D2F382459242AD44ADFCF387BAA85FBA.jpg]
Атина го активира своето најтешко политичко оружје: емисари во Скопје

Соња Крамарска

Атина го активира своето најтешко политичко оружје во битката за името Македонија - емисари со препознатлив политички профил во Скопје ја убедуваат овдешната јавност дека е неопходен компромисот околу името на нашата земја. На нивната кампања може да се препознае потписот на владата на премиерот Јоргос Папандреу, бидејќи тие отворено се залагаат нашата земја да го прифати името Северна Македонија.

Поентата на гостите од Атина е дека сите досегашни гарнитури на власт во Македонија биле за постигнување договор со Грција, што за нив е доказ дека не е македонското општество тоа што се противи на компромисот, туку само Груевски и групата околу него.

Kаков е одговорот на македонската политика на овие очигледни грчки провокации и коренита промена во нивната тактика што има цел да придонесе кон измена на климата во Македонија во полза на грчките барања?


Што се случува ????? Весник кој беше еден од најголемите критизери на Грујовато неприфаќање на КОМПРОМИСОТ за името, го обвинува Грујо за непружање отпор на Грците.

Дали веке работата со името е готова, па почнува отстрелот. Грујоooo....Грујоооооооооо...
Наци кажи нешто.!!!
(This post was last modified: 02-05-2010, 03:42 PM by Администратор.)
24-04-2010, 01:29 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,937
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Груевски: Референдум за Република Северна Македонија - Јас ќе гласам против

25.04.2010 - 16:40 | Македонија


-Доколку биде ставен предлогот Република Северна Македонија, за севкупна употреба и официјално тој предлог биде доставен до преговарачот Нимиц јас тој предлог ќе го ставам пред граѓаните на референдумско изјаснување. А доколку ве интересира мојот личен став јас ќе гласам против, изјави премиерот Никола Груевски.


[Image: grujonie_13954.jpg]


Премиерот е гостин во магазинот Ние со Драган Антоновски.

Повеќе одговори и ставови на премиерот Груевски за приватизацијата, декриминализацијата, судството, економијата во магазинот Ние во недела во 16 часот на програмата на Сител.


Абре ГРУЈО, ГРУЈО...не глуми лудило. Премиер си!!! распиши избори. Прекинија еднаш за секогаш агонијата. Избори, КАДЕ ШТО ИМЕТО КЕ БИДЕ изборно изјаснување.
25-04-2010, 04:28 PM
Reply
razurnuvac Offline
Senior Member
****

Posts: 376
Joined: Mar 2010
Reputation: 6
#3

POLEKA POLEKA JORDANE ima se vreme sepak treba da se dade sansa na NIKOLA GRUEVSKI kako premier i presedatel na VMRO-DPMNE po informacii koi gi kazuvam ovde za nego se nadevam deka ke ne iznenadi mislam vas , oti neli jas tipuvam na nego i cekam da se dobivka zgolemi , site informacii koi stigat se vo negova nasoka , vo sprotivno sum se obrzal deka ke gi objavam nivni privatni poraki a toa ke e dosta neprijato za nih taka da ovde ne se slozuvame , da pricekame sepak e trebal da vidi dlaboko , visoko , kakano i se e na negov teret taka da se sto se doznava zabrzano e poraka deka GRUJO tera sigurno silno i kon USTE ENDA GOLEMA POBEDA ZA MAKEDONIJA
25-04-2010, 05:40 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,937
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

(25-04-2010, 05:40 PM)razurnuvac Wrote: POLEKA POLEKA JORDANE ima se vreme sepak treba da se dade sansa na NIKOLA GRUEVSKI kako premier i presedatel na VMRO-DPMNE po informacii koi gi kazuvam ovde za nego se nadevam deka ke ne iznenadi mislam vas , oti neli jas tipuvam na nego i cekam da se dobivka zgolemi , site informacii koi stigat se vo negova nasoka , vo sprotivno sum se obrzal deka ke gi objavam nivni privatni poraki a toa ke e dosta neprijato za nih taka da ovde ne se slozuvame , da pricekame sepak e trebal da vidi dlaboko , visoko , kakano i se e na negov teret taka da se sto se doznava zabrzano e poraka deka GRUJO tera sigurno silno i kon USTE ENDA GOLEMA POBEDA ZA MAKEDONIJA


Дај боже да е така како што велиш. Ние ке почекаме.
Никој неможе вечно да живее на ветувања или попрецизно на лаги.
25-04-2010, 06:03 PM
Reply
NACIONALIST Offline
Senior Member
****

Posts: 485
Joined: Dec 2009
Reputation: -11
#5

(25-04-2010, 06:03 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote: Дај боже да е така како што велиш. Ние ке почекаме.
Никој неможе вечно да живее на ветувања или попрецизно на лаги.


Poveke e od TAKA!!! site go slusnavme vcera premierot sto izjavi, i mislam deka sega na site sto mislevte poinaku, sega vi e jasno.
25-04-2010, 06:19 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,937
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

(25-04-2010, 06:19 PM)NACIONALIST Wrote:
(25-04-2010, 06:03 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote: Дај боже да е така како што велиш. Ние ке почекаме.
Никој неможе вечно да живее на ветувања или попрецизно на лаги.


Poveke e od TAKA!!! site go slusnavme vcera premierot sto izjavi, i mislam deka sega na site sto mislevte poinaku, sega vi e jasno.



Наци, Грујо мора да го реши проблемот со името. Оваа негова изјава дека на референдум ке гласа со НЕ, е да се купи некој ден.
Грујо треба да распише вонредни ИЗБОРИ и да каже : Ако ме изберете мене јас нема да го сменам името заради прием на Македонија во ЕУ и НАТО
Бранко ке каже: Јас за влез во ЕУ и НАТО сум спремен да прифатам име со географска одредница.
Сетра Љуба ке каже: Јас за да дојдам на власт ке прифатам се и ке сменам име и нема да сменам име. Само вие кажете што сакате да слушнете.
Некој можеби ке каже: Hие нема да го смениме името ама ке овозможиме прием на Македонија во ЕУ и НАТО за период од две години.
И граѓаните на Македонија гласајки ке одлучат. РЕФЕРЕНДУМ НЕ Е ПОТРЕБЕН.
25-04-2010, 08:41 PM
Reply
NACIONALIST Offline
Senior Member
****

Posts: 485
Joined: Dec 2009
Reputation: -11
#7

(25-04-2010, 08:41 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote: Наци, Грујо мора да го реши проблемот со името. Оваа негова изјава дека на референдум ке гласа со НЕ, е да се купи некој ден.
Грујо треба да распише вонредни ИЗБОРИ и да каже : Ако ме изберете мене јас нема да го сменам името заради прием на Македонија во ЕУ и НАТО
Бранко ке каже: Јас за влез во ЕУ и НАТО сум спремен да прифатам име со географска одредница.
Сетра Љуба ке каже: Јас за да дојдам на власт ке прифатам се и ке сменам име и нема да сменам име. Само вие кажете што сакате да слушнете.
Некој можеби ке каже: Hие нема да го смениме името ама ке овозможиме прием на Македонија во ЕУ и НАТО за период од две години.
И граѓаните на Македонија гласајки ке одлучат. РЕФЕРЕНДУМ НЕ Е ПОТРЕБЕН.



Abre Jordane!!! kako sakate uste da vi kaze Grujo, pa vcera vi kaza samo treba malku da razmislite i ke dojdiote do odgovorot, a jas bev siguren deka eden den Gruevski ke go kaze toa, a od predvremeni izbori ama bas nema nikakva potrteba, neznam dali e vide najnovata anketa, 70% od graganite ne se za promena na imeto, a toa znaci uste eden siguren mandat na premierot Gruevski, a vie kako sakate.
26-04-2010, 02:04 AM
Reply
toni_a Offline
1 - 2 + 3 - 4 + ...
****

Posts: 610
Joined: Jan 2010
Reputation: 12
#8

(24-04-2010, 01:29 AM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote: Поентата на гостите од Атина е дека сите досегашни гарнитури на власт во Македонија биле за постигнување договор со Грција, што за нив е доказ дека не е македонското општество тоа што се противи на компромисот, туку само Груевски и групата околу него.

Kаков е одговорот на македонската политика на овие очигледни грчки провокации и коренита промена во нивната тактика што има цел да придонесе кон измена на климата во Македонија во полза на грчките барања?


Quote:Што се случува ????? Весник кој беше еден од најголемите критизери на Грујовато неприфаќање на КОМПРОМИСОТ за името, го обвинува Грујо за непружање отпор на Грците. ... Дали веке работата со името е готова, па почнува отстрелот...

незнам како стигна до таков извод?

пре би рекол дека Соња „себеси се посипува со пепел“...

1. нема никаква логика во тврдењето дека сите во МК биле за компромис, ама никој не го постигнал. дури и не се преговараше за името бидејќи не беа исполнети другите услови за да се доведе грција во сегашнава „неудобна позиција“ пред меѓународните. благодарение на минатите влади, разбира се...

2. или претходните влади не биле за компромис или не биле за токму таков (каков што предлагаат грците) „компромис“. тоа по автоматизам дава до знаење каква била и е вољата на општеството.

3. доколку не би било така, потегот со референдум (на кои се противеа СДСМ,СОРОС и остала боранија) не би бил на ВМРО и Груевски, ами на СДСМ,Црвенковски и грците!
ако се во право грците, нека си покренат иницијатива за референдум, па македонското општество ќе каже.

Quote:Грујо мора да го реши проблемот со името.

ЗОШТО?

мислам дека токму текстов погоре има за цел да не’ убеди во тоа.
грците (веќе) сакаат да го решат неудобниот за нив момент. претходно несакаа бидејќи ТИЕ не се брукаа и не губеа политичка тежина. откако НИЕ исполнивме услови се смени картата.

ЗОШТО да решам (грчка) задача која нема решение?

Цел (примарна) е ЕУ и НАТО интеграција на Македонија. Истата не се остварува поради грчко вето те. условување. Зошто Македонија да ги решава „грчките равенки“? Сами нека си ги решаваат! Они ги поставиле, никој друг. Нека деблокираат и ќе добијат на кредибилитет пред меѓународниот фактор...а може и некое додатно евро за ХЕЛЛас, за процент помалку камата...
(This post was last modified: 26-04-2010, 04:44 AM by toni_a.)
26-04-2010, 04:38 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,937
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#9

(26-04-2010, 04:38 AM)toni_a Wrote: незнам како стигна до таков извод?

пре би рекол дека Соња „себеси се посипува со пепел“...

1. нема никаква логика во тврдењето дека сите во МК биле за компромис, ама никој не го постигнал. дури и не се преговараше за името бидејќи не беа исполнети другите услови за да се доведе грција во сегашнава „неудобна позиција“ пред меѓународните. благодарение на минатите влади, разбира се...

2. или претходните влади не биле за компромис или не биле за токму таков (каков што предлагаат грците) „компромис“. тоа по автоматизам дава до знаење каква била и е вољата на општеството.

3. доколку не би било така, потегот со референдум (на кои се противеа СДСМ,СОРОС и остала боранија) не би бил на ВМРО и Груевски, ами на СДСМ,Црвенковски и грците!
ако се во право грците, нека си покренат иницијатива за референдум, па македонското општество ќе каже.


На Соња налогодавачите очекуваат дека Груевски ке постигне договор со Грците за името. Име кое ке го стави на референдум. Затоа полека подготвуваат терен. Иако решението за име ке биде донесено на референдум Грујо ке го прогласат за ПРЕДАВНИК. И тоа пред референдумското изјаснување. Како ке помине референдумот по една таква "подготовка" е прашање. Грујо на располагање има две ипо телевизии и два весника наспрам седумосум весника и петшест телевизии.


(26-04-2010, 04:38 AM)toni_a Wrote:
Quote:Грујо мора да го реши проблемот со името.

ЗОШТО?

мислам дека токму текстов погоре има за цел да не’ убеди во тоа.
грците (веќе) сакаат да го решат неудобниот за нив момент. претходно несакаа бидејќи ТИЕ не се брукаа и не губеа политичка тежина. откако НИЕ исполнивме услови се смени картата.

ЗОШТО да решам (грчка) задача која нема решение?

Цел (примарна) е ЕУ и НАТО интеграција на Македонија. Истата не се остварува поради грчко вето те. условување. Зошто Македонија да ги решава „грчките равенки“? Сами нека си ги решаваат! Они ги поставиле, никој друг. Нека деблокираат и ќе добијат на кредибилитет пред меѓународниот фактор...а може и некое додатно евро за ХЕЛЛас, за процент помалку камата...


Тони_а, решавањето на проблемот не мора да занчи прифаќање на Грчките услови. Решавање на проблемот е можно и со зачувување на ИМЕТО. Грујо изгуби премногу време. Македонија не интегрирана барам во НАТО ке е монета за раскусурување.
Грујо веднаш по Букурешт требаше да тргне во офанзива. Неговиот лет во место е исто како да прифатил смена на името.
26-04-2010, 01:02 PM
Reply
razurnuvac Offline
Senior Member
****

Posts: 376
Joined: Mar 2010
Reputation: 6
#10

Ova za ofanziva po BUKUREST si tuka upravo i toa e nekoe vreme koe e izgubeno ama ne e se svrseno i kraj mozebi se e pocetok na krajot od intervjuto pa navaka , po vrakanje na BRANKO na celo na SDSM mislam deka togas e postignat nekkaov dogovor za da GRUJO pozabavi so teranje mak na konac a tuka ke e BRANE da pomogne sekogas koga e najakakano i najsmrdlivo i toa se slucuva , poucen od toa so koi kadrove e opkruzan BRANKOTA a po se ne im ode , oni sa u depresija ali togas se i najopasni , sega edino ne im odgovarat site slucuvanje doma i okolu i plus prisastvo na ogromen aparat vo novata ambasada na nasiot i svetski NAMBER 1 , tia koi ne priznaja pod USTAVNO IME i ne testirat kolku mozeme i sami da napravime za sebe taka da znacenje za RM da e vo NATO e samo test za RM dali i kolku e spremna da se rascisti so minato a inaku moze RM da ja vnese u NATO ,USA i kako BJRM a da vo site dokumenti stoi RM taka da toa e test na RM i na narod MAKEDONSKI po koj pat ke fane i site u RM , ako MAKEDONCI se za da si go socuvat ime po cena na bilo kakvi pritisoci i se toa ke dojde nagrada , ako bilo koj pokaze da go silja STOJKO a da toa odi na korist na GRCIJA i protivnik na USA , po povlekuvanje od POLSKA UKRAINA i od GRUZIJA ima plan ama bas takov da GRCIJA nema da ja ima sem ATINA a se ke e MAKEDONIJA samo e potrebno da se se soedini ako izdrzi GRUJO i stori samo edna rabota a toa e da pocne da LUSTRIRA vo SLUZBITE i vo SUDOVITE se e svreseno i zavrseno , bilo koj da pomisli deka ke go potopi brodot MAKEDONIJA i ke odi vo NATO i EU ne cekajki da MAKEDONCI resat za sebe ke se izgorat i toa ke e kako domino efekt za pripadnici na taa etnicka pripadnost vo toj pogled toa e GRCKO i SRPSKO ORO ako se fanat i navodno nasi PRAVI MAKEDONCI nema da e cudo deka nekoj kako JORADAN ke e sleden LUSTRATOR , nekoj kako SOKOLI ke e OBVINITEL za ORGANIZIRAN KRIMINAL , a nekoj slicen nalik na mene ke gi reformira sluzbite za pocetok , da se pocne da se menuva na arno na to se raboti , ta zatoa se izjavi na NIKOLA GRUEVSKi deka nema da go meni ime znae se e podgotveno koj se usere ke go stavat pod konjot na bukefal da mu go drzi mandaloto so otvorena usta 12 casa a 12 casa so rasiren anal pa neka poveli neka se najde nedeskriminiran vo PATRIJAHLANO OPSTESTVO kako MAKEDONIJA



SIte baloni deka BRANKO ne ke da e novio premier se u ista nasoka znae itar e BRANO nemu jajcata i gazo a i glava i gore i dole najveke mu znaci se drugo e videno , zasto da BRANKO se vrne u politika i stane penzioner i se pravi da se smeni ime a toa da go stori NEKOJ DRUG vo slucaj NIKOLA GRUEVSKi

i da on se vrne kako patriot spasitel a vsusnost se pocna so kompromis dadena izjava od negova usta ,

arno ama nema veke klenovi u VMRO-DPMNE ima GRUJO somina dal GOSPOD ama ima i ajkuli i kitove ,

i taka BRANE saka da mu go navre na PALANCANECOT STEVCE kako nekogas na TITETA nas , oti na FRCE mu go zavlece do balcak i do jaja ,

i taka nema veke na koj sega BRANKO demek nejkejal da stane premier a sakal da pomogne da se resi ime i MAKEDONIJA da e u NATO i EU toa e zatoa sto e na mengeme jajcata gi rastegat i GRCIJA so ISTOCNA podrska ama i USA

od druga strana a jajca se na BRANKO i bole i saka porano da pocne da zivee mirna penzija u blagososostojba ,

ama ete tuka se i kojoti i cakali koi go pridruzuvat dolgi godini i ne davat da se istrgne , kako vo 2002 demek TRIFUN za premier

a eden od negovi na moe rasanje PA DAL ste NORMALNI pa TRIFUN ke vi e najzaebana varijanta kako ste se zaebale zar TRIFUN ne go znaete sto cveke e a i zaeb znae da pravi ,

ama ne e HARIZMA a mu treba SDSM kako baza i ke ja vidite licnosta , a odgovorot bese eeeeeeeee daj pocekaj da ne ne racunas deka sme od NIKARAGVA abe vecerta koga ke se proglasuva pobeda na SDSM veke togas TRIFUN nema da e do BRANKO

i da be se ostvari e sega taa ekipa e sega pak vo pridruzba so BRANKO taka da ako dojde do toa sto i on go nasetuva da mu se ponudi vrijanta da stane premier so mandat da go resi ime i da MAKEDONIJA vleze u NATO i EU na sto BRANKO za prvapat e reagiral uplaseno i besno i nemokno ta rekol koj kur be premier pa jas pretsedatelski penzioner sum be ja li ke se vrakam so CIGANITE i so LJOCKITE pak da se usmrduvam be (se izvinuvam na pogrdnite sinonimi za nasite sogragani ama ete toa nas BRANKO kolku da se znae de)


uplasen i besen deka ete i nemu mu go zavlekle onaka patriotski za USTE EDNA GOLEMA POBEDA za MAKEDONIJA de oti neli tie drzava napravija a nemase koj odgovorno i domakinski da se odnesuva i toa sekogas bese loso NACIONALISTICKO BROPUGARSKO VMRO-DPMNE a tie ne vidoja nikade drugi nacionalizmi i sranja samo tamu ama ete sekogas ima i kraj e nie sme tuka pri krajka ,


a STEVCE dal GOSPOD entelegencija kak na prljako i taka ke mu go tovare i ke go jane BRANE ta da se seta od SKOPJE preku KUMANOVO KRATOVO ta dur u PALANKA kam DEVE BAIR da vidi sco ubavina e skroil u prosli 20 godini so minal trud a baska KALIN KAMEN VLASI ke go tvorat kak GERMISPARTERKIRHERN
26-04-2010, 05:44 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,937
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#11

(26-04-2010, 01:02 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote: Тони_а, решавањето на проблемот не мора да занчи прифаќање на Грчките услови. Решавање на проблемот е можно и со зачувување на ИМЕТО. Грујо изгуби премногу време. Македонија не интегрирана барам во НАТО ке е монета за раскусурување.
Грујо веднаш по Букурешт требаше да тргне во офанзива. Неговиот лет во место е исто како да прифатил смена на името.


Основниот проблем зошто Македонија имала и има проблеме е НЕОТКАЖУВАЊЕТО ОД КОМУНИЗМОТ.

Quote:Фактот што во јавноста помина незабележано резолуцијата на ЕУ од 2.4.2009 година, за европската свест и тоталитаризмот, која се повикува на Резолуцијата 1481 од 26.1.2006 година на Советот на Европа (за лустрацијата) ме наведува на заклучок дека комунистите во Македонија се неискрени кога велат дека се залагаат за Европа и европските вредности. Ова важи и за комунистите во десната влада.

За мене, најсилната причина за резолуцијата на ЕУ е содржана во точката К.:

„К. бидејќи Европа нема да биде здружена, доколку не е способна да обликува единствен поглед на својата историја, доколку не ги признае нацизмот, сталинизмот и фашистичките и комунистичките режими, како заеднички заоставштини и доколку не спроведе чесни и продлабочени расправи за нивните злосторства во минатиот век...“

Значи, ЕУ од комунистите бара да ја ослободат Македонија од својот бес. Не бара со резолуција да си го смениме името, туку со резолуција бара да расправаме и да ги осудиме комунистичките злосторства. Комунистите предлагаат трампа: ние вам име, а вие да не нé жигосувате за нашите злосторства. Еве еден мој обид да расправам за најголемото комунистичко злосторство во Европа, по војната.

Целиот Текст: ТУКА
(This post was last modified: 27-04-2010, 12:50 PM by ЈорданПетровски.)
27-04-2010, 12:46 PM
Reply
toni_a Offline
1 - 2 + 3 - 4 + ...
****

Posts: 610
Joined: Jan 2010
Reputation: 12
#12

(26-04-2010, 01:02 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote: Тони_а, решавањето на проблемот не мора да занчи прифаќање на Грчките услови. Решавање на проблемот е можно и со зачувување на ИМЕТО. Грујо изгуби премногу време. Македонија не интегрирана барам во НАТО ке е монета за раскусурување.
Грујо веднаш по Букурешт требаше да тргне во офанзива. Неговиот лет во место е исто како да прифатил смена на името.

целата работа е во тоа да грција се откаже од блокирање - согласно „времениот договор за преговор“.

Македонија нема сила да го стори тоа. кога Буш и Америка не успеаа и беа јавно избламирани во сопствена куќа...кога ЕУ нема капацитет и решение по ова прашање, па се крие и бега од одговорност... како можеш да очекуваш некој политичар од МК да поседува поголемо влијание и моќ?
тој може да праќа безброј позитивни сигнали и пораки, што е ок, но тие сигнали и пораки нема да ја натераат грција да престане да го злоупотребува правото кое (за жал) го поседува.

влез во НАТО по автоматизам ќе значи и влез во ЕУ бидејќи грција ќе ја изгуби подлогата/аргументацијата пред државите кои членуваат во двете друштва.

грција бара да се самоукинеме те. самоуништиме, а тоа е нон-сенс да го сториме поради (како што образложуваат антиМакедонците) зачувување и наводна иднина на Р Македонија, реал-политика или сл. тракатанци.

МК освен државност,позитивни сигнали и искрени молби не може ништо друго да стори. до големите играчи е дали ќе успеат или ќе се покорат на една вештачка ТВОРевина.


Quote:На Соња налогодавачите очекуваат дека Груевски ке постигне договор со Грците за името. Име кое ке го стави на референдум. Затоа полека подготвуваат терен. Иако решението за име ке биде донесено на референдум Грујо ке го прогласат за ПРЕДАВНИК. И тоа пред референдумското изјаснување. Како ке помине референдумот по една таква "подготовка" е прашање. Грујо на располагање има две ипо телевизии и два весника наспрам седумосум весника и петшест телевизии.

они кого сакаат нека прогласуваат за ваков или онаков...

него жалам што ќе го кажам следново кое се однесува на болдираниот дел:
ако целата работа се сведува на тоа кој колку ресурси и капацитет за пропаганда поседува, тогаш - не заслужуваме подобро!
27-04-2010, 05:47 PM
Reply
sokoli Offline
Senior Member
****

Posts: 620
Joined: Feb 2010
Reputation: 27
#13

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=122537

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=122533

Hmmmmm ic ne mi se dopadja.Daj bozhe da e tendencioznost na tv sender a1.Besim dogan licno go poznavam.Znam kakva gllava ima i koi nivo na intelegencija ima.Sekoj si znae za shto slluzheshe nova demokratija.I se prashuvam dali e ovo licno reshenie na besim dogan ili ???????????
27-04-2010, 06:42 PM
Reply
toni_a Offline
1 - 2 + 3 - 4 + ...
****

Posts: 610
Joined: Jan 2010
Reputation: 12
#14

нели беа на „поправен„ во грчка амбасада угледните новинари и уредници? :-)

почнува да секне чешмата и овие „угледниве“ мајнд мејкери се пошандрцаа како размазени пудлици на екстази.


цитат: „ ...Во денешната заедничка изјава се вели: ...“

кој тоа вели - грците во ЕУ и НАТО?
(This post was last modified: 28-04-2010, 04:30 AM by toni_a.)
28-04-2010, 04:25 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,937
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#15

(28-04-2010, 04:25 AM)toni_a Wrote: нели беа на „поправен„ во грчка амбасада угледните новинари и уредници? :-)

почнува да секне чешмата и овие „угледниве“ мајнд мејкери се пошандрцаа како размазени пудлици на екстази.


цитат: „ ...Во денешната заедничка изјава се вели: ...“

кој тоа вели - грците во ЕУ и НАТО?

Тони_а ке бидеш внесен во тефтерот на А1, шириш говор на омраза.


Quote:Стоп за говорот на омразата
Сашка Цветковска


28.04.2010 18:54



Предавници, платеници и луѓе кои заслужуваат мотика во глава. Вакви и слични зборови од навреди до закани стигаат на адресата на А1 телевизија.

Говорот на омраза од насловните страници и екраните на одредени медиуми сега веќе е и речник на граѓаните. По обидите да го демистифицира спорот со Грција, А1 телевизија е мета на вулгарни вербални напади.

„Албанска телевизија станавте. Клошаришта скапани. Името ќе го давате. Смрт за А1.

-A1 во воздух ќе ја кренам .

-Вие како телевизија и како предавници треба да се иселите од Македонија“, се некој од навредите.

Говорот на омраза кој веќе подолго време се толерира во одредени медиуми и овој пат си го најде своето место. Па така, интернет форумите и на страниците на одредени медиуми блиски до власта на големо се повикува на смрт за предавниците и палење на А1 телевизија.

Од коментари дека новинарите кои не известуваат промотивно за владините политики се платеници на странците, па до отворени закани кон новинари и интелектуалци, без никаква административна забрана како што налага законот се дозволува јавно повикување на линч.

Од најблагите коментари како:

„Во која дупка ке се скријат предавниците кога народот ќе земе мотика во раце???“

Или: „Изрипаа предавниците по изјавата на божјиот ангел Груевски, ама за вас бандо комунистичка преку суд ама не со закон, туку на камени мост да висите и чавките да ве колваат.“

Етикетирањето и повиците на јавен линч за неистомислениците сепак не се новина во македонскиот етер.

Во огромен број од емисиите и форумите на таканаречените патриоти каде чести гости се владините функционери, скоро без исклучок постојано се напаѓаат одредени новинари и интелектуалци.

На пример, вакви и слични пораки често осамнуваат на веб страницата на водителот Миленко Неделковски.

„Затоа вие предавнички копилиња не се заебавајте со македонскиот народ. Оти клетвата, ама и раката на Македонецот ќе ве стигне кај и да сте...“

А етикетирањата свој глас си наоѓаат и во кабинетите на функционерите. Но освен реториката предавници патриоти актуелни се и оние владини службеници кои отворено членуваат во форумите каде се повикува на верска и национална омраза.

Па така, од медиумите, преку кабинетите на функционерите до народот, говорот на омраза се засилува, но досега за ова дело на суд никој не завршил.
28-04-2010, 07:49 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,937
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#16

А1 нешто се најгласни. Дали тие зеле најмногу пари или е нешто друго во прашање:



Quote:СПМ во одбрана на уставното име
28.04.2010 - 19:12 | Македонија

Во Македонија дејствува група на политичари и новинари кои работат против националните и државни интереси на државата, тврди Социјалистичката партија.

Деновиве уште еднаш излегле на виделина постојаните напори на оваа група да се убеди народот дека што поскоро треба да се промени уставното име на земјата, а со тоа да се обезличи и националниот идентитет на Македонците.

- Во таа група особено експонирани се Бранко Геровски и професорот Љубомир Фрчкоски. Деновиве на сите тие политичари и новинари им паднаа маските. Охридската група надвор од сите морални и дипломатски кодекси, неовластена од никого да преговара за името на нашата држава, доживеа нивните дародавачи од Грција пред нос да им плеснат дека не се работи за уставното име на Република Македонија туку за националниот идентитет на Македонците. Такво предавство Македонија нема доживеано од 1903 година - вели портпаролот на СПМ Малиша Станковиќ.

Од СПМ посочуваат на бројни информации од грчки весници за тоа дека Грција троши големи пари на лобисти во Македонија кои треба да ги штитат грчките национални интереси.

- Во сето ова зачудува фактот што и покрај предупредувањата на поранешниот претседател на Македонија Киро Глигоров за сомнителните морални и етички квалитети на г-от Фрчкоски изнесени во неговите мемоари, некои медиуми и натаму упорно ги форсираат неговите ставови со што стануваат соучесници во одбрана на грчките ставови - вели Станковиќ.

Социјалистичката партија одново повтори дека по ниедна цена нема да се откаже од одбраната на уставното име на Република Македонија, националниот идентитет, јазик и култура.

Маја Трајковска


Quote:СПМ во лов на вештерки
Коментари (0)


28.04.2010 19:57



Во ловот на вештерки промовиран преку медиумите најгласни се политичките партии.

Денеска социјалистичката партија на Македонија што е дел од владината коалиција, ги обвини за предавство интелектуалците и политичарите што учествуваа на симулацијата на преговорите.

„Деновиве на сите тие политичари и новинари им паднаа маските.

-Охридската група надвор од сите морални и дипломатски кодекси, неовластени од никого да преговара за нашето име, доживеа нивните дарувачи од Грција, пред нос да им плеснат, дека не се работи за уставното име на Република Македонија, туку за националниот идентитет на Македонците“, изјави Малиша Станковиќ, СПМ.
28-04-2010, 07:55 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,937
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#17

26.04.2010 година

Телевизија A2 - Студио 2 со Александар Чомовски, гости: Јанко Бачев - претседател на НДМ, Атанас Кировски - новинар во Форум, Беким Кадриу - аналитичар, Билјана Ванковска - универзитетски професор (прв дел)



http://www.ndm.org.mk/ndm/index.php?opti...Itemid=114
28-04-2010, 11:13 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,937
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#18

Quote:Само кај нас странците креваат тревога

Во ниту една држава во соседството ја нема практиката ЕУ, НАТО, САД и ОБСЕ да излегуваат со заеднички изјави, како што прават кај нас во изминативе 10 години


Оцрнување, опомена, отрезнувачка и добронамерна порака.

Со овие зборови политичките партии ја оценија заедничката изјава што ја испратија ЕУ, НАТО, ОБСЕ и САД, преку која изразија загриженост за ситуацијата во земјава, но и за изјавите на политички лидери и поединци што зборуваат за поделба, конфликт и напуштање на Охридскиот рамковен договор.

За три месеци ова е веќе втора заедничка изјава на четирите странски мисии во земјава. Меѓународната заедница во земјава почна со практиката на заеднички изјави за време на воениот конфликт во 2001 година и ја продолжи до ден-денес. Дали Македонија е парализирана држава, која постојано е на работ на конфликт, чие политичко лидерство не може да ги менаџира проблемите без помош или притисок од меѓународната заедница?

„Нова Македонија“ истражуваше дали мисиите и амбасадите на ЕУ, ОБСЕ, НАТО и САД во другите држави имаат практика да излегуваат со заеднички изјави или соопштенија како што се случува во Македонија речиси 10 години.

Се покажа дека ваква практика никаде не постои и оти единствено има примери кога високи претставници на ЕУ и на САД заеднички давале изјава за одредено прашање. Така, на пример, шефицата на дипломатијата на ЕУ, Кетрин Ештон, и еврокомесарот за проширување, Штефан Фуле, во март годинава преку заедничка изјава го поздравија усвојувањето на декларацијата за Сребреница во српскиот парламент. Во октомври 2008 година, ЕУ и САД излегоа со заедничка изјава за учеството на Соединетите Американски Држави во мисијата ЕУЛЕКС на Косово. Лани во октомври шефот на шведската дипломатија Карл Билт и заменик-државниот секретар на САД Џејмс Стајнберг излегоа со заедничка изјава за поддршка на евроатлантскиот интеграциски процес на Босна и Херцеговина, во која се вели дека Дејтонскиот договор треба да биде основа за мир и просперитет на граѓаните и да ја обезбеди иднината на земјата во НАТО и во ЕУ.

Во ниту една држава во соседството амбасадорите не пишуваат заедничка изјава преку која ги советуваат властите за конкретни политики. За разлика од ова, кај нас, ЕУ, НАТО, ОБСЕ и САД кон крајот на јануари годинава испратија заедничка изјава преку која на Владата и препорачуваат постепено да ја спроведува одлуката за изучување на македонскиот јазик од првачињата-Албанци. ЕУ, ОБСЕ, НАТО и САД излегуваа со заеднички изјави и порано - за оцена на изборите и изборните нерегуларности, или, пак, за смирување на воениот конфликт. Така, во 2003 година, „четворката“ излезе со изјава со која го поздрави ослободувањето на заложниците од Липково и го повикаа Авдил Јакупи-Чакала да и се предаде на полицијата.


Причина за писмото се црните сценарија на Тачи и на Џафери


Од вчерашното објаснување на амбасадорите Ерван Фуере и Филип Рикер може да се заклучи дека изјавата на Мендух Тачи дека Охридскиот рамковен договор е мртов и најавата на Арбен Џафери дека ќе го повлече потписот од договорот со кој му се стави крај на воениот конфликт се основната причина за заедничката изјава со која излегоа ЕУ, НАТО, САД и ОБСЕ.

Евроамбасадорот Фуере вчера изјави дека целта на пораката била да ги советуваат лидерите за тоа како да се избегнат ситуациите што можат да ја спречат државата во остварувањето на предизвиците. Тој потсети на изјавите на поединци што го критикуваат рамковниот договор и користат јазик што не е слушнат во јавноста веќе подолго време.

- Мислиме дека е значајно да ги потсетиме тие поединци, Владата и политичките лидери за одговорноста што ја има оваа држава на нејзиното патување кон интеграцијата во ЕУ и НАТО. Имавме изјава дека Охридскиот рамковен договор е мртов и ние веруваме дека ваквите изјави не помагаат, затоа што оставаат импресија дека луѓето предлагаат други алтернативи, а ние веруваме дека Охридскиот договор е единствена алтернатива, круцијална рамка за одржување на интеретничкиот карактер на Македонија и со цел да се зацврстат меѓуетничките односи и да се осигури дека нема опасност од зголемување на тензиите меѓу заедниците треба да се овозможи целосна имплементација на рамковниот договор - рече Фуере, кој оцени дека очигледно постои недоверба меѓу двете заедници. Американскиот амбасадор Рикер изјави дека очекува од политичките лидери сериозно да ги сфатат своите одговорности и да одат напред.

- Ние сакавме да го споделиме нашиот став по тие прашања – дека рамковниот договор и постојаните напори за долгорочните цели на Македонија и меѓународните партнери кон целосна интеграција во евроатлантските структури се она што ние го посакуваме и сакаме да видиме напредок во тој поглед и конструктивен приод во рамките на институциите за да се справите со предизвиците - рече Рикер.


Изјавата е добронамерна порака или оцрнување?


Политичките партии вчера излегоа со различни реакции за изјавата на ЕУ, НАТО, САД и ОБСЕ. Владејачката ВМРО-ДПМНЕ не реагираше на изјавата. ДУИ ја поздрави и оцени дека таа доаѓа во вистински момент.

- Трите основни столба врз кои се темели нашата држава се рамковниот договор, политичкиот дијалог и интеграциите. Ако се обидеме да ја упростиме формулата, тоа би било меѓуетнички и внатреетнички мир, кои се основни предуслови за позитивна клима во напорите за решавање на тешкиот спор со Република Грција за името. Се надевам дека пораката ќе биде сфатена како добронамерна и ќе послужи како патоказ за тоа во кој правец треба да се движи нашата внатрешна и надворешна политика во периодот што следува - рече Ермира Мехмети од ДУИ.

Според Тито Петковски од НСДП, не е добро за Македонија странците да нé опоменуваат што треба ние дома да правиме.

- Но тие во чие друштво треба да бидеме, НАТО или ЕУ имаат обврска да нé оценуваат дали работиме во согласност со нивните очекувања и нивните стандарди. Очигледно дека не работиме како што треба. Мислам, во континуитет сликата за Македонија во светот е доста негативна уште со енциклопедијата, па проектот „Скопје 2014“, па промена на Уставот. Како просто да се создава атмосфера на меѓусебна недоверба, на конфликтност и едноставно како некој да игра на таа карта - рече Петковски.

Според Роза Топузова Каревска од ЛДП, писмото треба да биде опомена за власта, но и за политичките партии да се концентрираат на евроатлантските интеграции.

СДСМ изрази надеж дека пораката од меѓународната заедница ќе влијае отрезнувачки на Груевски.

- Пораката на клучните меѓународни фактори е многу јасна, очигледно е дека Република Македонија скршнува од курсот што беше и требаше да остане приоритет на сите влади, тоа е целосно интегрирање на Македонија во ЕУ и во НАТО, почитување на Охридскиот рамковен договор и постојано унапредување на политичкиот дијалог - рече Емилијан Станковиќ од СДСМ.

Сулејман Рушити од Нова демократија рече дека партијата го дели истиот став со писмото на амбасадорите.


Автор: Ивана Костовска; Катерина Нешкова
29-04-2010, 12:04 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,937
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#19

Quote:Шацимаркакис: „Македонски“ на латиница за јазикот и идентитетот

29.04.2010 - 13:04 | Македонија
„Македонски“ испишано на латиница ќе биде предлогот за именување на македонскиот идентитет и јазикот, изјави за “Дојче веле“ германскиот европратеник со грчко потекло Јоргос Шацимаркакис.


Повикувајќи се на свои извори во Њујорк, Шацимаркакис вели дека тоа ќе биде новиот предлог за решавање на спорот за името меѓу Македонија и Грција. Според него, латиничната транскрипција е прифатлива и за Грција и за европските партнери.

Тој го предупредува македонскиот премиер Никола Груевски да не помислува на нови избори, туку да го реши спорот со Грција.
Шацимаркакис го повика министерот за надворешни работи Антонио Милошоски да ја преиспита одлуката за насловот Македонско претседателство 2010 со Советот на Европа.


Нови избори се најголем страв и за Грците и за Грчки платеници. Груевски не го користи расположението на народот за да конечно ги тргне од политичката сцена и СДСМ и ОМ, зошто.????
(This post was last modified: 29-04-2010, 12:49 PM by ЈорданПетровски.)
29-04-2010, 12:48 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,937
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#20

Quote:ОМД лобира против усвојување на Резолуцијата
Коментари (0)


29.04.2010 20:48
Стејт департментот


Македонската дијаспора лобира против резолуцијата со која американскиот конгрес бара од Македонија да ја запре непријателската пропаганда кон Грција.

Македонско-американски ден во Вашингтон - дијаспората синоќа со настапи во македонската амбасада, Стејт департментот и Конгресот лобираше за спорот околу името. Разговараме со Ведран Андоновски од Гласот на Америка на македонски во Вашингтон.

Ведран, што излобира дијаспората?

- Одејќи буквално од една во друга, Обединетата македонска дијаспора посети 100-тина канцеларии во речиси тричасовната обиколка по Капитол Хил, лобирајќи против усвојување на Резолуцијата 486 што ја обвинува Македонија за непријателска пропаганда кон Грција. ОМД потоа на републиканскиот сенатор од сојузната држава Охајо Џорџ Војновиќ му ја додели својата Меѓународна награда за слобода.

Што вели сенаторот Војновиќ за спорот околу името?

- Војновиќ гледа можност можност за која смета дека порано не постоела, а може и да не постои во иднина:

Во октомври, неколкумина сенатори се сретнавме со грчкиот премиер Папандреу, кој индицираше дека е заинтересиран да стори нешто. Постои можност која не беше присутна порано. Мислам дека премиерот Груевски знае дека ова можеби е најдобрата можност за Македонија да постигне нешто што би било прифатливо за македонскиот народ и би било мошне важно доколку ја искористи можноста во наредните неколку месеци, бидејќи по тој период, не сум сигурен дека Папандреу ќе остане крај масата, бидејќи има многу други проблеми во моментов.


Што е можноста што ја гледа Војновиќ ????? Онаа што го заговара ментор на ОМД Срѓан Керим а го изговара Фрчковски. ОМД затоа го наградува co својата Меѓународна награда за слобода. Ке паднат сите маски. Неможе да се сокрива предавничката игра.
(This post was last modified: 30-04-2010, 12:44 AM by ЈорданПетровски.)
30-04-2010, 12:38 AM
Reply