Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ДАЛИ БЕЗ ДА СЕ ПОНУДИ РЕШЕНИЕ, МАНИФЕСТОТ ЗА ИМЕТО МОЖЕ ДА СЕ СМЕТА ЗА СЕРИОЗЕН
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,114
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Македонски манифест

Притисокот за промена на името претставува најнов вид геноцид

Бараме прекин на разговорите за името и враќање на уставното име во ОН. Ова е дел од Македонскиот манифест, најнова иницијатива на група македонски интелектуалци во заштита на уставното име на Македонија.

[Image: mkd-53887.jpg]

Први го носевме името Македонија и никој нема да ни го оспори или одземе - е пораката на Македонскиот манифест кој го потпишаа педесетина истакнати интелектуалци, уметници, професори, правници, новинари...

Притисокот за промена на името може да се квалификува како најнов вид геноцид, по физичкиот, јазичкиот и религискиот сегмент, што е модерна измислица на САД и на ЕУ, базирана на нелегалните барања на Грција.

Ова е дел од манифестот што денеска го презентираше иницијативниот одбор.

„На повидок е нов, софистициран вид холокауст врз Македонците. Името е архетип на душата на еден народ, извор на неговиот севкупен идентитет. Изместувањето на само една буква или лепење на придавка претставува негова деструкција, изместување на народот од неговото историско, цивилизациско, антрополошко и културно лежиште“, велат од Иницијативниот одбор на Македонскиот манифест.

За нив спорот за името е наметнат, а целта е бришење на Македонците како посебен народ. Географската одредница пред името Македонија за севкупна употреба, на што инсистира Грција, значи неизбежно губење на македонскиот идентитет, културата, традицијата и јазикот.

„Легитимни се и неоспорни аспирациите на Македонија за членство во НАТО и ЕУ, меѓутоа, тоа во никој случај не смее да се реализира со виткање на ’рбетот и губење на достоинството. Нема цена што може да го натера народот да потклекне и да се самоукине. Македонците се исклучиво трпелив и толерантен народ, ама за сè има свои граници“, велат од Иницијативниот одбор.

Манифестот со собраните потписи ќе биде испратен до државните институции, амбасади, Брисел, ОН.

[Image: mkd-53892.jpg]
Дел од иницијативниот одбор

Членови на иницијативниот одбор се: Ефтим Клетников, Запро Запров, Георги Барбаровски, Стојан Стојков, Стефан Влахов Мицов, Слободан Пренџов и Александар Русјаков, а меѓу потписниците се и Кочо Фидановски Методија Николовски, Зоран Димитровски, Милован Стефановски, Владимир Георгиевски, Венко Андоновски, Михаил Ренџов, Живко Поповски, Владимир Темков, Симон Шемов, Аристотел Тентов, Дарко Јаневски, Борис Дамовски...

Еве го во целост текстот на манифестот.

[Image: mkd-53886.jpg]

М А К Е Д О Н С К И М А Н И Ф Е С Т

Ви се обраќаме свесни дека се ближи конечното обезличување на македонскиот народ и негово разнебитување преку прекрстување на Македонија. Притисокот за промена на Името може да се квалификува како најнов вид геноцид (по физичкиот, јазичкиот и религискиот) што е модерна измислица на САД и на ЕУ, базирана на нелегалните барања на Грција. На повидок е нов, софистициран вид холокауст врз Македонците. Името е архетип на душата на еден народ, извор на неговиот севкупен идентитет. Изместувањето на само една буква, или лепење на придавка претставува негова деструкција, изместување на народот од неговото историско, цивилизациско, антрополошко и културно лежиште. Во жестоките обиди да се откажеме од сопствениот идентитет, нè уверуваат дека во спротивно ќе ја загубиме државата, не знаејќи колку столетија не сме имале држава, но сме имале идентитет, сме стоеле исконски во Името и во неговите духовни и историски вредности.

Македонија и Македонците несебично му дадоа на светот голем број цивилизациски дарови и сега истата таа Македонија под притисок бараат да се самоукине.

Нашата грижа и немир се реални бидејќи решение за наметнатиот спор – не е можен, со оглед дека целта е бришење на Македонците како посебен народ. Географската определница пред Името Македонија, за севкупна употреба, на што инсистира Грција, значи неизбежно губење на македонскиот идентитет, култура, традиција и јазик.

Оваа 2013 година е црн јубилеј, стогодишнина од парчосувањето на Македонија меѓу Грција, Бугарија и Србија со амин на големите европски сили, истите тие, кои денес притискаат да се смени Името за да се прекрстат Македонците.

Поради безобразниот ултиматум, поставен како услов за членство во ООН, Македонија е принудена да разговара за своето Име, што е бесмислено. Потоа, за да опстане државата, чија граница беше нелегално блокирана скоро две години, од страна на Грција, беше потпишана привремена спогодба. И во двата случаи, беа направени огромни и незамисливи идентитетски отстапки: промена на знаме и устав, отстапи кои ништо не донесоа освен барања за нови.

Бидејќи поминаа веќе 20 години а медијацијата во Њујорк се покажа како нефункционална, време е да се покрене иницијатива за нејзино прекинување и да се побара враќање на уставното Име на државата во ООН, што и беше нелегално оспорено во 1993 година.

Легитимни се и неоспорни аспирациите на Македонија за членство во НАТО и ЕУ. Меѓутоа, тоа во никој случај не смее да се реализира со виткање на ‘рбетот и губење на достоинството. Нема цена која може да го натера народот да потклекне и да се самоукине. Македонците се исклучиво трпелив и толерантен народ ама сè има свои граници.

Како резултат на екстремните мегаломански идеи, македонскиот народ е оспоруван од соседите. Токму поради тоа, Македонија не смее да прифати промена на сопственото вековно Име без разлика на сите притисоци и закани бидејќи тоа ќе го доведе во прашање мирот и во земјата, и во целиот регион.

Од друга страна, Бадентеровата комисија, Резолуцијата на ООН, Привремената спогодба и одлуката на судот за човекови права во Хаг се акти кои не дозволуваат никакви идентитетски деструкции какви што се заговараат.

Како знак на кооперативност, македонските власти изразија спремност да се оди на референдум, како највисок степен на демократско решавање на проблемите. Меѓутоа, со оглед дека е во прашање идентитетот на вековен народ оваа генерација нема право сама да одлучува ниту во име на своите дедовци и прадедовци, ниту во име на идните генерации. Никој не може да се осмели да копа по гробовите на познатите и непознатите херои кои ги положиле животите за оваа земја. И не само затоа!

На референдумот, одржан на 8 септември 1991 година, 95,26% од граѓаните гласаа за независна држава, која се вика –Република Македонија.

Одењето на референдум во овој случај нема да биде израз на слободна волја, затоа што ќе мора да гласаме за Име кое и Грција го прифатила (инаку која е логиката да гласаме за нешто што Грција одбила), а веќе знаеме, кои се црвените линии на Атина, промена на Име со географска определница (додавка пред Името) за севкупна употреба што е пропаст за нашето постоење.

Вакво клучно и судбинско прашање не се става на референдум. Тоа е несериозно. Името не ни е добиено на референдум за да се решава на референдум.

Треба да ви биде позната симболиката од минатото. И Исус Христос беше ставен на референдум. Народот доби можност да избира кој да биде погубен, убиецот Варава или Месијата и тој, народот, под притисок на фарисеите (денес тоа би биле политичарите) го избра Варава да биде слободниот, а Исус го однесоа да го распнат на Голгота. Народот одлучи, Понтиј Пилат си ги изми рацете. Голема е веројатноста такво нешто да се случи и со референдумот за нашето Име. Никој, и по никаква цена, не смее да ја преземе улогата на Понтиј Пилат.

Очекуваме дека ќе проработи свеста и совеста на сите искрени и добронамерни за да го кренеме својот глас против неправдите со кои се соочува македонскиот народ, кој се бори за своето универзално право на самоидентификација. Не треба да се заборава дека утре, на негово место може да биде било кој друг. Толерирањето на злоупотребите нè прави сите соучесници.

Да им кажеме решително НЕ на сите политички манипулации.

Први во светот го носевме и го носиме Името Македонија и никој нема право да ни го оспори или одземе.

MKD.MK
29-05-2013, 07:59 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,114
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

(02-09-2011, 09:26 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:Во периодов што следи пo самитот на НАТО во Букурешт од 2008. год. Република Македонија е изложена на притисок конечно да го реши спорот за името со Република Грција отпочнат во 1993. год. Во самата Република Македонија тоа инсистирање за решавање на спорот со Република Грција се толкува како притисок на ЕУ и САД нашата Татковина да го промени името—односно да прифати трајно име кое ќе биде различно од Уставното. На овој начин—низ ширењето на гласините дека притисокот за промена на името доаѓа од ЕУ и САД—се добива чувството на сомнеж, дека се има за цел да се амнестира онаа Власт која ќе го донесе решението да ја исполни превземената обврска од Времената спогодба да избере име кое ќе биде прифативо за Република Грција—име кое ќе е различно од Уставното, изворнотo име на нашата Татковина, кое нашиот народ го избира според принципот на правото на самоопределување.

Заради горенаведеното, на овој први ден на септември 2011. год. Комитетот за демократизација на Република Македонија ја покренува оваа




И Н И Ц И Ј А Т И В А




која има две симултани цели. Прво: да изврши притисок врз македонските власти да не прифатат конечно решение на спорот за името со Република Грција кое ќе биде различно од единственото прифатливо решение за македонскиот народ—Република Македонија. Второ: да укаже дека постои легитимно и легално решение за прекин на преговорите во спорот за името, а кое нема да има штетни последици по нашата Татковина; односно кое нема да ја спречи Република Македонија од членство во ООН, ЕУ, НАТО како и сите останати светски организации. Комитетот за демократизација на Република Македонија има за цел оваа иницијатива, откако таа првин ќе биде изложена пред македонската јавност насекаде на Земјината топка и понудена за поддршка, да ја испрати до Собранието на Република Македонија.

Според јавните изјави на сегашнава Власт во Република Македонија се добива силен впечаток дека оваа гарнитура планира постигнатиот договор со Република Грција во однос на прифатливо име за нив за нашата Татковина да го стави на референдум пред граѓаните на Република Македонија. Меѓутоа, мора да се истакне дека ова е крајно губитничко решение за Република Македонија, бидејќи:

1. доколку на референдумот биде отфрлено договореното решение за името на нашата Татковина со Република Грција, тогаш во употреба ќе остане срамната референца Поранешна Југословенска Република Македонија; додека нашата Татковина ќе биде обврзана да продолжи со долгогодишните преговори, кои ќе одат во недоглед, односно, сé додека не се задоволи условот во прифатениот договор на Времената спогодба, Република Грција да го одобри нашето име; и

2. доколку на евентуалниот референдум биде прифатено името кое ќе е прифатливо за Република Грција, тогаш со голема доза на сигурност ќе можеме да предвидиме дека името Република Македонија нема да е конечното решение; односно, резултат на референдумот ќе биде конечна промена на името на Република Македонија во нешто што ќе сугерира дека нашиот народ е нешто друго освен Македонски. Трајната штета од ваквото решение ќе е во фактот што нашата Татковина ќе остане без прилика во иднина да ја преврати оваа одлука.

Различните надежи дека ЕУ ќе се распадне, дека некако ќе ги измориме Грците и дека тие ќе попуштат, како и сличните други бесмислици кои ги сервираат грчките платеници кои глумат македонски патриоти, како и белосветските анонимуси кои глумат стручњаци и загрижени македонски пријатели, се само лаги на кои треба македонскиот народ да им стави крај. Треба да ја погледнеме реално ситуацијата во која се наоѓаме и да го бараме решението кое единствено гарантира зачувување на името, идентитетот и јазикот како Македонски, а воедно и кое е решение за интеграциите на Република Македонија во ЕУ и НАТО.

Од погоре напишаното јасно се гледа дека корен на проблемот со кој се соочува македонскиот народ се прифатените обрски на Република Македонија да одржува преговори со Република Грција сé додека не се пронајде решение за името на нашата Татковина кое ќе ја задоволи Република Грција, а кое знаеме дека мора да е различно од името Република Македонија.

Затоа, Комитетот за демократизација на Република Македонија низ ова иницијатива го нуди следново, единствено решение, кое ни е достапно нам Македонците што може да нé спаси од безизлезот на Времената спогодба, а кое е решение кое дотичниот договор правно ќе го докаже како ништавен. Ова е решение кое бара дејство на две полиња: внатрешно и надворешно; а делувања кои се сврзани—односно, едното не може без другото. За Република Македонија да се стави во позиција со која на надворешен план ќе може да ја докаже ништавноста на Времената спогодба според правниот силогизам на Магистер Марјан Попески (еминетен меѓународен адвокат од Република Македонија), „Стратегија за зачувување на името“ (објавена во „Нова Македонија“ во пролетта 2010. год. и достапна на http://www.marjan.mk и http://www.cd-macedonia.com), Република Македонија мора првин на внатрешен план да докаже дека Времената спогодба од страна на Република Македонија ја прифатиле марионетски режими кои работеле против интересите на нашата Татковина—односно дека тогашните Власти работеле за интересите на туѓи држави.

Ова е многу лесно и едноставно да се стори доколку постои желбата да се спаси Македонскиот национален идентитет, пред сé благодарение на јавно изнесените сведочења од страна на поранешни високи функционери на Република Македонија како Стојан Андов, Слободан Богоевски и Петар Гошев во кои дотичните обзнануваат дека Власта во Република Македонија во клучните години на Независноста (1991.-1995. год.) работеле под диктат на Владата на Сојузна Република Југославија, со цел превраќање на распадот на поранешната СФРЈ; како и сведочењата дека министри во Владата на Република Македонија—конкретно Љубомир Данилов Фрчкоски—добивале подароци од страна на грчки емисари со цел да го подмитуваат поранешниот Претседател на Република Македонија, Киро Глигоров, да ја прифати грчката позиција во спорот за името.

Република Македонија се наоѓа пред кобен миг. Од нас самите Македонци зависи дали ќе дозволиме името, јазикот и идентитетот да ни бидат одземени и конечно уништени. Од нас, самите Македоци кои живееме денес, зависи дали ќе дозволиме маката, крвта и солзите на генерациите пред нас кои дале сé од себе да ни го дадат овој бесценет подарок да бидат фрлени во заборав. Од нас самите зависи, оти минатото нé учи дека оставањето нашите проблеми да ги решаваат странци секогаш го оставаат Македонскиот народ злоупотребен. Република Македонија се наоѓа пред крстопат: едниот пат води кон губење на сé она што го знаеме како наше Македонско; другиот пат води кон просперитетна и горда иднина. Другиот пат, оној што води кон благосостојбата, го бара од нас денешните Македонци она што досега не сме сакале да го сториме: да ги ставиме на страна личните и партиски интереси и симпатии и конечно да се ставиме на страната на вистината, разумот, храброста и пред сé на интересите на Република Македонија. Секој што ќе ја даде својата поддршка на оваа иницијатива во форма на свој потпис се става на страната на националните интереси на македонскиот народ и државните интереси на нашата единствена Татковина, Република Македонија.



Комитет за демократизација на Република Македонија, St. Catharines, Ontario, Canada

Јордан Петровски

--------------------------

(Претседател)



Оваа иницијатива е проследена со анекси.
29-05-2013, 08:10 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,114
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

(29-05-2013, 07:59 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:Македонски манифест

Притисокот за промена на името претставува најнов вид геноцид

Бараме прекин на разговорите за името и враќање на уставното име во ОН. Ова е дел од Македонскиот манифест, најнова иницијатива на група македонски интелектуалци во заштита на уставното име на Македонија.

[Image: mkd-53887.jpg]




Има само еден пат по кој може да се врати името Македонија. Тој пат ние сме го обајсниле многупати. Пред некоја година покренавме ИНИЦИЈАТИВА за да ја натерам владата да го отпочне тој процес. Никој несакаше да ја потпише ИНИЦИЈАТИВАТА.
Без конкретен предлог како ке се врати името МАКЕДОНИЈА а во МАНИФЕСТОТ негледам такво нешто. Oваа е само лична самопромоција на потписниците во загрижени "патриоти".
29-05-2013, 09:12 PM
Reply
симеон Offline
Member
***

Posts: 90
Joined: Mar 2013
Reputation: 0
#4

Интересен манифест ,не разбрах защо го пращате на Брюксел,амбасадори ,ОН.
Никоя от горепосочените институции няма да обърне внимание на манифест в който има претенции към околните държави" парчосувани" Македония.Не сме в 1913г. сега границите са международно гарантирани.
Манифестът трябва да е насочен само и единствено към правителството на Македония, защото ако то желаеше въпросът за името отдавна щеше да се реши.
Географската определница пред името изобщо не е загуба на идинтитет,постоене, култура ,език ,а ще отвори страната за бързо икономическо развитие и приемане в международен план .
30-05-2013, 04:30 AM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#5

(30-05-2013, 04:30 AM)симеон Wrote: Интересен манифест ,не разбрах защо го пращате на Брюксел,амбасадори ,ОН.
Никоя от горепосочените институции няма да обърне внимание на манифест в който има претенции към околните държави" парчосувани" Македония.Не сме в 1913г. сега границите са международно гарантирани.
Манифестът трябва да е насочен само и единствено към правителството на Македония, защото ако то желаеше въпросът за името отдавна щеше да се реши.
Географската определница пред името изобщо не е загуба на идинтитет,постоене, култура ,език ,а ще отвори страната за бързо икономическо развитие и приемане в международен план .

Уметниците, писателите, хуманистите и други јавни личности во Македонија, потписници на Манифестот, ги отвараат државните врати и каси за своите лични проекти и шанса за подобри државни постови, НО таа од нив многу сакана Македонијна ја изолираат од европските процеси и ја остават да гние и полека одумира. Попаметните и посанодливите тоа ке го решат индивидулано, а другите ке бидат во иднина предмет на некоја меѓународна конференција посветена за судбина на Македонија. Тоа ке е крајниот резултат од такви манифести. Инаку, во се сложувам со ставот на Симеон дека “Географската определница пред името изобщо не е загуба на идинтитет,постоене, култура ,език ,а ще отвори страната за бързо икономическо развитие и приемане в международен план “.

30-05-2013, 07:42 AM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#6

Како размислува Ерол Ризаов нас ова тема:


Quote:Манифест за балканската крчма

Ерол Ризаов

Најлесно е да се прекинат сите преговори за името на државата, најтешко е да се најде решение

Кој вели дека македонските интелектуалци се молчаливи и плашливи, дека бегаат од јавни изјаснувања за горливи прашања кои засегаат длабоко во националните интереси, во битието и идентитетот на македонскиот народ и во иднината на сите граѓани. Педесетина видни поети, писатели, јавни личности испратија до домашната и до светската јавност „Македонски манифест“ и храбро побараа од Владата веднаш да ги прекине преговорите што се водат за името на државата под покровителство на ОН. Во околности на драматичен притисок врз Македонија, нашите респектибилни дејци енергично бараат Владата да не распишува референдум, бидејќи никој нема право да го смени уставното име.

Верувам дека потписниците на овој протест се огорчени и мотивирани на ваков чекор поради лицемерството на големите сили и срамниот притисок врз Македонија и дека не се во дослух ниту со власта и Владата, ниту со опозицијата или, пак, со други центри на моќ и разни невладини организации. Меѓу неколкуте спомнати потписници имам долгогодишни пријатели за кои лично и за нивното творештво имам огромна почит и респект. Исто така, убеден сум дека нивниот манифест не е поради алиби во овие „волнени времиња“ кога „мудрите молчат, будалите зборуваат, а фукарите се богатат“, ниту, пак, сметаат дека нивните потписи се ставени на некаква индулгенција за откуп на гревови за премолчувањето на многу работи кои ги притискаат граѓаните на Македонија повеќе однатре отколку однадвор. Овој манифест, убеден сум, не е ни список на нови првоборци и народни херои, а не е ни тапија за национална пензија. Без грам иронија и цинизам сметам дека се работи за возвишени чувства на достоинство и јавен револт кон неправдата што и' се прави на Македонија и на нејзините граѓани.

Меѓутоа, има нешто што ми го мати умот повеќе од две децении и за што окапав пишувајќи и мислејќи дека решението на проблемот е ѓаволски тешка работа. Вака, според овој манифест, излезе дека тоа е најлесната работа. Треба само во еден миг да се прекинат сите преговори и разговори за уставното име на Република Македонија како света работа. И готово, проблемот е решен. Владата овој протест на интелектуалците ќе го прими со големо олеснување како силен адут пред Европа и светот дека еве е изложена на стравичен домашен притисок спротивен од нивниот. Стравувам дека ваквите манифести повеќе ќе ни наштетат отколку што ќе ни помогнат, бидејќи секогаш служат како оправдување да не се најде решение на проблемот. Вистинскиот оправдан и нужен притисок и против власта и против срамниот однос на светот кон Македонија е јавноста и интелектуалните елити да побараат од Владата решение на проблемот. Ако Европа не не' сака во нејзиниот клуб со нашиот идентитет и јазик со нашето уставно име, тогаш крајно време е Владата и народните избраници на највисоки функции да ни понудат друга алтернатива. Да и' понудат на Македонија и на нејзините граѓани современо демократско и просперитетно општество. Државниот врв секој ден ни го соопштува спротивното, дека нема друга алтернатива за иднината на Македонија освен НАТО и ЕУ. Истото тоа го соопштуваат и опозицијата и преостанатите деловни и интелектуални елити. Не постои релевантна политичка партија која нуди друг излез освен европеизација на Македонија и сојуз со најголемите светски политички, воени и економски асоцијации ЕУ и НАТО. Тогаш, најлогичната и најчесна работа е секоја власт да му каже на својот народ која е правилната насока по која треба да се движи државата. Многу е лесно да се прекинат сите разговори и преговори. Тешко е да се најде решение и да се стане дел од Европа, како што тоа го направија и го привршуваат сите наши соседи. Властите немоќни да го решат проблемот секогаш бараат оправдување, а вие драги пријатели го нудите токму тоа. Нудите оправдување за нашиот дводецениски лет во место. Тоа не ни храбро ни патриотски.

Одамна тврдам дека не треба ништо да правиме заради Брисел и заради Европа. Најмногу од работите што ги бараат од нас треба да ги направиме заради нас. Демократијата во Македонија никогаш не била на пониски гранки, а сиромаштијата никогаш не била поголема. Сигурно тоа го гледате. Моралниот пад, корупцијата и криминалот никогаш не биле повидливи. Последни сме во Европа по критериумите на ОН за квалитетот на живеење на граѓаните. Медиумските слободи и човековите права, правната држава и судската независност се драматично притиснати однатре, а не однадвор. Белата чума ја тресе Македонија, а за неполни 15 години легално во белиот свет заминаа 230.000 млади луѓе. Колку ли заминаа нелегално и со туѓи државјанства и пасоши. Што е со нивниот идентитет. Со престасувањето на европскиот пат од последните наши соседи и нашето осамено чмаење во балканската крчма ја однесоа Македонија на патот на исчезнување. Верувам дека и ова го гледате. Неминовно е да ве прашам што ќе зачуваме ако исчезне народот, што не е ништо ново и непознато во историјата. Исчезнување на многу поголеми народи и нации се случува и денес.

Грчкото вето во Брисел ако ги исполниме сите други предуслови ќе биде уште еден голем срам и на Европа и на светот.

Нашата згазена демократија и сиромаштија, нашата понижувачка мизерија е само наш срам, кој не можеме да го избегнеме со вакви манифести. Затоа дајте да напишеме охрабрување до нашата Влада и опозиција да најдат решение за доброто на овој народ. Затоа сме ги избрале. Доста е со оправдувања. Тоа е крадење на иднината и соучесништво во арамилакот.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=2F77E...FFEAF41CEB

30-05-2013, 09:26 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,114
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

(30-05-2013, 09:26 AM)hristo Wrote: Како размислува Ерол Ризаов нас ова тема:


Quote:Манифест за балканската крчма

Ерол Ризаов

Најлесно е да се прекинат сите преговори за името на државата, најтешко е да се најде решение

Кој вели дека македонските интелектуалци се молчаливи и плашливи, дека бегаат од јавни изјаснувања за горливи прашања кои засегаат длабоко во националните интереси, во битието и идентитетот на македонскиот народ и во иднината на сите граѓани. Педесетина видни поети, писатели, јавни личности испратија до домашната и до светската јавност „Македонски манифест“ и храбро побараа од Владата веднаш да ги прекине преговорите што се водат за името на државата под покровителство на ОН. Во околности на драматичен притисок врз Македонија, нашите респектибилни дејци енергично бараат Владата да не распишува референдум, бидејќи никој нема право да го смени уставното име.

Верувам дека потписниците на овој протест се огорчени и мотивирани на ваков чекор поради лицемерството на големите сили и срамниот притисок врз Македонија и дека не се во дослух ниту со власта и Владата, ниту со опозицијата или, пак, со други центри на моќ и разни невладини организации. Меѓу неколкуте спомнати потписници имам долгогодишни пријатели за кои лично и за нивното творештво имам огромна почит и респект. Исто така, убеден сум дека нивниот манифест не е поради алиби во овие „волнени времиња“ кога „мудрите молчат, будалите зборуваат, а фукарите се богатат“, ниту, пак, сметаат дека нивните потписи се ставени на некаква индулгенција за откуп на гревови за премолчувањето на многу работи кои ги притискаат граѓаните на Македонија повеќе однатре отколку однадвор. Овој манифест, убеден сум, не е ни список на нови првоборци и народни херои, а не е ни тапија за национална пензија. Без грам иронија и цинизам сметам дека се работи за возвишени чувства на достоинство и јавен револт кон неправдата што и' се прави на Македонија и на нејзините граѓани.




Ваква повраќаница може да напише само лажен демократ и лажен душегризник за иднината на Македонија.
Ризаов единствено решение гледа во потврдата на политиката на Глигоров а на Ризаов тоа му е и целта. Секое решение, а ттакви решенија има, кое ке покаже дека Глигоров не бил во право ке биде удар за Ризаов.
30-05-2013, 12:05 PM
Reply
симеон Offline
Member
***

Posts: 90
Joined: Mar 2013
Reputation: 0
#8

Винаги е било по лесно да се търсят ВЪНШНИ причини и оправдания за собствените недостатъци и некадърност.Това го правят и македонските управници без оглед на последиците за собствените граждани.Проблемът на Груевски не е толкова с името ,колкото с изскванията на ЕУ към страните за ограничаване на корупцията и криминала.Така ,че решаването на проблема с името ще доведе до КОНТРОЛ от ЕУ на разходите и поведението на правителството в полза на обикновенните македонци.
30-05-2013, 12:33 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,114
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#9

(30-05-2013, 12:33 PM)симеон Wrote: Винаги е било по лесно да се търсят ВЪНШНИ причини и оправдания за собствените недостатъци и некадърност.Това го правят и македонските управници без оглед на последиците за собствените граждани.Проблемът на Груевски не е толкова с името ,колкото с изскванията на ЕУ към страните за ограничаване на корупцията и криминала.Така ,че решаването на проблема с името ще доведе до КОНТРОЛ от ЕУ на разходите и поведението на правителството в полза на обикновенните македонци.



Прав си името не е главен проблем, проблем е криминалот, корупцијата , нефункционирањето на сусдствот и НЕСПОВЕДУВАЊЕТО НА ЛУСТРАЦИЈАТА.
30-05-2013, 12:43 PM
Reply
симеон Offline
Member
***

Posts: 90
Joined: Mar 2013
Reputation: 0
#10

Целия манифест напомня за комустическото минало ,когато можеше група правилно оринтирани политически интелектуалци да напишат манифест срущу империалистите /сега ЕУ,ООН и посланници/.
31-05-2013, 12:44 PM
Reply
Larsson Offline
Senior Member
****

Posts: 656
Joined: Sep 2011
Reputation: 6
#11

(30-05-2013, 07:42 AM)hristo Wrote: Уметниците, писателите, хуманистите и други јавни личности во Македонија, потписници на Манифестот, ги отвараат државните врати и каси за своите лични проекти и шанса за подобри државни постови, НО таа од нив многу сакана Македонијна ја изолираат од европските процеси и ја остават да гние и полека одумира. Попаметните и посанодливите тоа ке го решат индивидулано, а другите ке бидат во иднина предмет на некоја меѓународна конференција посветена за судбина на Македонија. Тоа ке е крајниот резултат од такви манифести. Инаку, во се сложувам со ставот на Симеон дека “Географската определница пред името изобщо не е загуба на идинтитет,постоене, култура ,език ,а ще отвори страната за бързо икономическо развитие и приемане в международен план “.


Najisplatlivo i najpopularno ,deneska vo Makedonija e da bides "patriot" i da vreskas na siot glas...IMETO NEGO DAVAMEEEEE...KORENJA CE JADEME...BOLJE GROB NEGO ROB...EUUUUUUUU
31-05-2013, 02:25 PM
Reply