Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ПРОТЕСТИТЕ НА ОПОЗИЦИЈАТА ВОВЕД ВО ДЕМОКРАТИЈА ИЛИ ВОВЕД ВО ХАОС!!!???
Author Message
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#21

(24-12-2012, 12:05 AM)acko Wrote: Ги повикувам кретените кои се за Грујо и за Бранко да се собераат утре пред Собранието и да се искршат од ќотек. Некои велат дека доколку јадеш ќотек може да ти дојде умот, па да видиме дали е вистина. Icon_razz

Ацко, ако мислиш дека преку ноќ ке се создаде некоја политичка партија со вистински демократски вредности, чесна , одговорна, со сите европски нишани, а народот ,пак, преку ноќ ке застане цел позади неа-грешиш? Тоа значи дека не живееш во Македонија, туку некаде далеку, можеби во Канада! Македонија како млада независна држава, без колективна меморија на државност и развиена демократија и демократска традиција, со народот каков што ни е, не може да се породи во еден политички ден, момент и да станеме како една Данска, Шведска и т.н. Демократското породување на Македонија ке е долго и со породилни маки. Тоа е процес. Тезата на Јорадан, дека само преку вистинска лустрација ке се демократизира Македонија е пуста желба. Како го замислува тоа? Овие две најголеми политички партии ке се тргнат на страна, а Јордан со бел коњ ке влезе во Скопје! А, позади него-Ацко, Христо, Гној... Таа е неостварливо. Ти, како се качуваш на 5-ти спрат, ако нема лифт? Со крилја или по скали? Јас по скали. А, видиш, Ацко, во Македонија- лифт немаме. Сакам да кажам, дека процесот на демократизирањето во РМ ке е бавен и постепен. Затоа секој чин, кој ке доведе до скалило погоре во развој на демократија во Македонија треба да се , ако не подржи, барем поздрави. Знаеш што е причина за спорот помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ или не? Спорот е обид на ВМРО-ДПМНЕ да ги прекрши уставот и деловник на Собраниието. Ако се вратиш порано, ке си спомниш како Никола Груевски беседеше- имаме мал број на пратеници и опозицијата не саботира. Биднаа избори ( 2008) и биднаа повеќе пратеници. Потоа му сметаше Претседателот. И тој го кочел. Бидна и смена на Претседателот. Дојде ептем негов човек. Безгласна буква. После му засмета Уставниот Суд. Помина и тоа. Сега Уставниот Суд не му е повеќе пречка. Па, потоа дојдоа смени во Совет за радио дуфузија. Во меѓувреме медијумите се ставија под негова контрола. Малку останаа кои поишуваат покритички кон неговата власт. Па, синдикатите, коморите, асоцијациите се ставија под контрола. Остана само опозицијата и место каде таа делува. А, тоа е Собраниео. Е, сега, се сака и тоа да се елиминира. Јас така ги гледам работите. Легитимно е право на опозиција на овој начин да реагира. Е, сега, ке почнат прикаски -зарем на тој човек ( Бранко) да се верува? Топ- тан со омразениот Љубчо Георгиевски. Е, па , Ацко, тие се на политичката сцена. Те нема тебе и тие како тебе. Седиме дома и преку форуми се правиме ем патриоти ем демократи. Тоа во РЕАЛНИОТ живот не поминува. А, пак, и ова да помине на Груевски, ке значи негова апсолутна власт. Имаше, порано, теза во КОТЛЕ дека Македонија треба да го допре дното ( крајното) и после маката да го натера народот да испили нови партии со нови погледи. Но, цената на тоа ке е голема-години на сиромаштија и безнадежност, дадатен одлив на многу млади. Ние не сме Словенци, кои на стандард кои го имаат во однос на нас, стануваат против политичките елити, барајки подобро владеење. И, тоа ке дојде, но во овој момет е неостварливо.
А, за “ Некои велат дека доколку јадеш ќотек може да ти дојде умот, па да видиме дали е вистина. Icon_razz“, потполно си грешка. Ако ќотекот е начин да се опаметиш, човештвото уште ке беше под власт на фараони, цареви, кралеви. Малку ли ги тепаа тие што им се спротиставуваа? Па, не ги дотепаа, туку човештвото продолжуваше во својот развој.

24-12-2012, 10:07 AM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#22

Власта си ги намалува противниците за денешните очекувани настани, кој никој не знае како ке почнат ниту како ке завршат:

Quote:АПСЕН НИКОЛА ГЕОРГИЕВ, ПОЗНАТ КАКО КОМАНДАНТ КОКИ

[Image: komandant_koki.jpg]

Полицијат го уапси Никола Георгиев, познат како командант Коки, кој важи како голем поддржувач на СДСМ. Тој е уапсен синоќа во во неговиот кафе-бар „Галери“. Неофицијално, определен му е притвор.

http://www.time.mk/read/a9e8b76829/613f8...index.html
24-12-2012, 11:01 AM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#23

Температурата расне. И двете страни сакаат да бидат подоминантни:

Quote:Протести vs. контра протести



Центарот на Скопје блокиран. Сообрќајот парализиран. Очигледно дека некој сака да дозволи да се случи посериозен конфликт меѓу поддржувачите на опозицијата (протестантите) и власта (контра протестантите).

[Image: protesti-kontra-protesti-logo3-659x501.jpg]

Пред собранието е поставен голем кордон полициски сили, а од опозицијата се жалат дека полицијата по патиштата се обидува по секоја цена да ги спречи поддржувачите на опозицијата да дојдат во Скопје, за провладините контра протестанти да успеат да го запоседнат просторот пред Собранието први.

Неофицијално, пред Собранието веќе е регистрирано кошкање меѓу двете страни, а полицијата ништо не презема.

Од опозицијата се жалат дека и на патиштата низ Македонија е драматично. Контра протестантите, кои доцна синоќа добиле налог да тргнат порано кон Скопје, се трудат да ги претркаат конвоите на СДСМ. На помош им е и полицијата, која неоправдано ги задржува возилата со приврзаници на опозицијата.

Од СДСМ велат дека власта очигледно оди на конфликт.

Инаку, пратениците од опозицијата, ноќта ја минаа во парламентот за денеска да се обидат да го спречат насилното донесување на буџетот, како што велат тие.

[Image: protesti-kontra-protesti-logo2.jpg]

[Image: protesti-kontra-protesti-logo1.jpg]

http://www.time.mk/read/a81957b140/919f8...index.html
24-12-2012, 11:31 AM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#24

Quote:Состојба на раб на инцидент пред Собранието


Датум: 24.12.2012, 10:20

(Обновено) Тензии пред Собранието

[Image: 67ED102BDB8901428FD1D99F1353A985.jpg]
Фото: Слободан Ѓуриќ

Тензична е ситуацијата пред и околу Собранието на Република Македонија каде во моментот се наоѓаат неколку илјади луѓе, поддржувачи на власта и на опозицијата, дојдени за да извршат притисок околу најавата за денешното донесување на државниот Буџет за идната година.

[Image: C2FFFAD41989D34ABFA03B218FB9EE9C.jpg]

[Image: 02D533AB11CCAF4EAADF13569E69B609.jpg]

[Image: 0877ADE0EFED7E41861EFC95BF89E220.jpg]

[Image: B8D952817CA75449A045F1110F81CEF2.jpg]

[Image: 07FEA8F8D5D8A94EB2FF5CE455C7A545.jpg]

[Image: 128D0735AB660D4F9C7FEBC6A0E02D08.jpg]

[Image: 0C7B964B1E13154BA3D8C6B31432E25E.jpg]

[Image: 54E518717764174CAE9827DA31F55B15.jpg]

[Image: 78830E89B100864482BE1231A1D3C33F.jpg]

[Image: 6001D920B4E2C944BD58B36F69B35D1C.jpg]

[Image: 7DD435F9A5B00F45941A5714CD0E3425.jpg]

[Image: 15DA41432FD09F45A313B274E51F2D33.jpg]

[Image: 2AEBC8637D970B45A724FA0D78C6CB56.jpg]

[Image: DEE34374A47DD74B87E95AD4F7304DED.jpg]

[Image: 030A7FFAFDD5DF4F8CA89F0BA2159D6E.jpg]



Најтензично е на просторот околу раскрсницата кај Градската болница каде силниот полициски кордон ги раздвојува двете групи на протестанти, но и покај тоа состојбата е на раб на поголем инцидент.

Во моментот двете групи, една кон друга, фрлаат шишиња и разни други предмети. Меѓу приврзаниците на опозицијата се наоѓаат и лидерите на СДСМ и на ЛДП Бранко Црвенковски и Андреј Жерновски, како и други политичари. Маса луѓе има и од страна на Порта "Македонија", додека просторот непосредно пред Собранието е празен бидејќи полицијата го блокирала пристапот таму.

По синоќешните протести и најави на здружената опозицијата дека по секоја цена ќе го спречи изгласувањето на Буџетот кој Владата вчера го утврди и испрати до Собранието, поголемиот број на граѓани од изутрина се дојдени за да ги спречат во таа намера. Тие носат транспаренти на кои се испишани пароли со кои категорично се поддржува донесувањето на Буџетот.

Таму се сретнале со приврзаниците на опозицијата при што, според сознанијата во раните утрински часови се случил инцидент при што настанала пресметка меѓу две групи на луѓе. Тие си фрлале камења едни кон други, а според неофицијални сознанија, повредено е и едно лице на возраст од 70 години. Тоа е пренесено во Градска болница откако е погодено со камен во нога.

Во зградата на парламентот опозициските пратеници во моментот се наоѓаат пред влезот во главната собраниска сала каде ја поминале целата ноќ. Тие сакаат први да влезат во собраниската сала чии врати се отвораат еден час пред закажаната седница со цел да го оневозможат почетокот на заседанието. Во објектот се пристигнати и пратениците од владеачката ВМРО-ДПМНЕ кои во моментот се наоѓаат во просториите на својата пратеничка група. Според информациите, се очекува и одржување на координативна средба кај претседателот на Собранието Трајко Вељановски за да се види дали е можно да се постигне договор околу денешната работа на парламентот.
24-12-2012, 11:34 AM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#25

Власта ги користи сите средства да го намали бројот на опозицијата во Скопје:


Quote:Полицијата попушти - велешани почнаа да стасуваат пред Собрание


[Image: 2012-12-24%2009.08.26.jpg]

Поголема група приврзаници на опозицијата кои беа сопрени пред Велес, а нивните автобуси беа испраќани на вонреден технички преглед, откако го блокираа автопатот кон Скопје, ја „убедија“ полицијата да ги пушти и веќе пристигнуваат пред Собранието.

Како што на нашиот репортер му кажаа неколкумина од групата предводена од поранешниот градоначалник Аце Коцевски, откако решиле да го блокираат автопатот Велес - Скопје за сиот сообраќај, после кратки консултации, полицијата ги пуштила да заминат за Скопје.

http://www.time.mk/read/5c2da42508/10836...index.html
24-12-2012, 11:42 AM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#26

Собранието “ почна“ со работа:


Quote:Бендевска повредена, Вељаноски евакуиран од Собраниската сала



Евакуиран е претседателот на Собранието Трајко Вељаноски од собраниската сала. Повредена е пратеничката на СДСМ Весна Бендевска.
Кога влегоа во собраниската сала Вељаноски седел на своето место, но пратениците од опозицијата се качија кај него за да не му дозволат да ја почне пленарната седница на која треба да се гласа за буџетот. При тоа обезбедувањето го изнесе Вељаноски, а во турканицата е повредена пратеничката Бендевска, која двајца пратеници ја изнесоа на раце од салата.

http://www.plusinfo.mk/vest/73015/Bendev...iskata-sal
24-12-2012, 11:44 AM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#27

Се користат и штосови да се надитри полицијата:


Quote:Сдсмовци од Струмица со вмровски знамиња ги излажале полицајците да ги пуштат

[Image: avtobus.jpg]

Приврзаниците на опозицијата наоѓаат начини како да ги надмудрат полицајците на патиштата низ државава кои, се чини, имаат наредба да не ги пуштаат да стигнат на најавените протести пред Собранието.

По информациите за запрени автобуси, или автобуси пратени на вонреден технички преглед, нашиот репортер од пред Собранието, јавува за случај каде приврзаниците на опозицијата кои доаѓале со автобуси од Струмица ставиле на автобусот вмровски знамиња, а сдсмовските ги сокриле, па така без проблем поминале покрај блокадите и стигнале на протестите во главниот град.

http://www.libertas.mk/%D1%81%D0%B4%D1%8...%BA%D0%B8/
24-12-2012, 11:49 AM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#28

И кумановци блокирани. Тие, де, од СДСМ:

Quote:ФОТО: Полицијата не ги пушта кумановскиот градоначалник и 700 сдсмовци во Скопје



[Image: Zoran%20Damjanovski.jpg]
Градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски директно се вклучи во вестите на телевизијата „24 Вести“ и објасни дека сите излези од Куманово се блокирани од МВР.

- Се наоѓаме на излез од Куманово. Седумстотини луѓе чекаат повеќе од 2 часа. Сите излези на Куманово се блокирани од МВР, се прават прегледи, еден час се чека за еден автобус да помине на технички преглед. Ова е невиден терор. Не само што се крши демократијата туку и правото на движење, до каде ќе оди оваа работа, луѓето се надвор, автобусите 45 минути до саат време на технички преглед. Ќе бидеме упорни и ќе дојдеме во Скопје иако целта е да не успееме – рече Дамјановски во телефонската изјава за телевизијата.
24-12-2012, 11:54 AM
Reply
fetak Offline
Senior Member
****

Posts: 320
Joined: Oct 2010
Reputation: 0
#29

Jordan ona sto ti go baras i posakuvas ne go biva vo Makednija.
Znaes zosto oti brankovite treba da si tepat i e..t Brankota ,a Gruevci Grujota, Ljubcevite Ljubcota.

Ama tepanje i e...e edno 20 godini.

Se sto se slucuvase od povlekuvanje na Sanader i se toa odenje nadole ukazzuvase deka e mozen vakov rasplet vo Makedonija.

Trganjeto na Miskovic(pritvoranjeto) e signal deka gavolot e odnel sega.

Zaminuvanje na Tadic i seksot vrz Djelic(Djukelic) morase da znae Gruevski deka vreme e isteceno.

Ova tepanje e za spas na Gruevski i Branko.

Narod da e mudar i da gi pusti tie da se ispotepat arno ke e , vaka arno ke e samo sto narod ke nauci i na kotek i so kotek ke menuva vlast.
Sreken Bozik.
24-12-2012, 12:01 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#30

(24-12-2012, 12:01 PM)fetak Wrote: Jordan ona sto ti go baras i posakuvas ne go biva vo Makednija.
Znaes zosto oti brankovite treba da si tepat i e..t Brankota ,a Gruevci Grujota, Ljubcevite Ljubcota.

Ama tepanje i e...e edno 20 godini.

Se sto se slucuvase od povlekuvanje na Sanader i se toa odenje nadole ukazzuvase deka e mozen vakov rasplet vo Makedonija.

Trganjeto na Miskovic(pritvoranjeto) e signal deka gavolot e odnel sega.

Zaminuvanje na Tadic i seksot vrz Djelic(Djukelic) morase da znae Gruevski deka vreme e isteceno.

Ova tepanje e za spas na Gruevski i Branko.

Narod da e mudar i da gi pusti tie da se ispotepat arno ke e , vaka arno ke e samo sto narod ke nauci i na kotek i so kotek ke menuva vlast.
Sreken Bozik.

Фетак, јас мислев со Ацко да правам партија со европски вредности, но изгледа ке ја правам со тебе. Ацко, само, ке ни се приклучи...ако не сака да седи домаStarce

24-12-2012, 12:09 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,123
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#31



24-12-2012, 01:05 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,123
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#32

[Image: vesna-bendevska1-604x272.jpg]


[Image: incident-sobranie1-610x322.jpg]
24-12-2012, 01:09 PM
Reply
Администратор Offline
Administrator
*******

Posts: 716
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#33

Пропагандната војна зема замав.



Quote:Бендевска симулирала дека е повредена?

Пратеничката од опозицијата Весна Бендевска симулирала дека е повредена при турканица во Собранието,пренсува Нетпрес

[Image: dowyjmytkmutykmtykmtnload-400x232.jpg]

Според изворите на Нетпрес Бендевска побарала помош во собраниската амбуланта, но кај неа не биле константирани никакви повреди. Бендевска утрово се пожалила оти наводно е повредена во турканица што настанала во собраниската сала, откако пратениците од опозицијата не дозволија
24-12-2012, 01:13 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,123
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#34

(24-12-2012, 09:21 AM)hristo Wrote:
(23-12-2012, 11:35 PM)ЈорданПетровски Wrote: Јас сум секогаш против насилно рушење на власт. Насилното рушење на власта не ја изразува вистинската волја на народот. Bистинската волја се изразува само на фер и демократски иабори.

Да, бе, Јордане, па и за тоа се работи- за фер и демократски избори. Него, да те прашам нешто? Уште ја држиш тезата дека во Македонија владее УДБ-а и дека сите политички партии ( или скоро сите) се под нејзина контрола? Дали и ова што се случува денеска во РМ е само квази спор помеѓу двата политичка блока, или ова што го гледаме и што топрва ке го гледаме и слушаме е вистински спор, вистинско несогласување помеѓу нив, т.е. дека не е политичка местенка, за да се создаде привид на формална демократија?



После "реакциите" на Груевски за извештајот на Венецијанската Комисија немам дилема дека протестиве и контрапротестиве се дело на службите.
24-12-2012, 01:18 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,123
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#35

Quote:Специјалци насила ги изнесуваат новинарите од Собрание, повреден е претседателот на ЗНМ !


[Image: %D0%90%D1%82%D0%BC%D0%BE%D1%81%D1%84%D0%...10x400.jpg]

Според информациите во моментов, 10-мина униформирани лица се во Прес центарот на Собранието и ги вадат насила новинарските и фоторепортерските екипи.

Повреден е претсеадтелот на Здружението на новинари Насер Селмани. Изнесен е насила со удари од обезбедувањето коешто сака да ги тргне новинарите од Парламентот.
24-12-2012, 01:39 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,123
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#36



24-12-2012, 01:40 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,123
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#37

Како одат работиве барем според извештаите кои ми се достапни Собранието ке падне и без багер.



Quote:Опозицијата го проби полицискиот кордон пред Собранието


[Image: pred-sobranie-604x272.jpg]

Опозицијата го проби полицискиот кордон и дојде многу блиску до Собранието.

Иако се обидува, полицијата не може да ја потисне опозицијата и нејзините поддржувачи.
24-12-2012, 01:56 PM
Reply
Администратор Offline
Administrator
*******

Posts: 716
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#38

Quote:Селмани: Кој се пресметува со новинарите завршува неславно!


[Image: tepacka%20sobranie%206.jpg]

Претседателот на Здружението на новинарите на Македонија, Насер Селмани, кој седеше во собраниската галерија, кога тамошното обезбедување се обиде да ги избрка новинарите, снимателите и фоторепортерите, предложи во знак на протест да не се следат прес конференциите и соопштенијата кои пристигнуваат од власта.
Откако галеријата беше испразнета Селмани рече:

- Денеска на најбрутален начин бевме спречени од обезбедувањето на Собранието да си ја вршиме работата. Додека пратениците беа во салата на сила нѐ изнесоа од галеријата. Ова е неодговорно однесување на власта во обид да се пресмета со новинарите. Тие денес испратија вистинска слика за Македонија. Ова е вистината за Македонија. Но, знам дека тие што сакаат да се пресметаат со новинарите на крај завршуваат неславно.

Обезбедувањето ги извлече новинарите, снимателите и фоторепортерите од галеријата со образложение дека нема што да седат таму кога нема пленарна седница.

К.Г.
24-12-2012, 02:02 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,123
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#39

Quote:Опозиционерите ја нападнаа полицијата пред собранието


[Image: 20121224094224resized-600x450.jpg]
Големи нереди пред собранието. Приврзаници на СДСМ ја нападнаа полицијата и се обида да се пресметаат со народот кој мирно протестираше


Приврзаниците на Црвенковски предмлаку ја нападнаа полицијата и го пробија заштитниот полициски кордон и тргнаа да се пресметаат со граѓаните од фронтот на народот кои мирно протестираат. Полицијата има тешка задача да го одржи редот. Се апсат оние кои се обидуваат физички да се пресметаат. Ситуацијата е тензична.
24-12-2012, 02:04 PM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#40

(24-12-2012, 10:07 AM)hristo Wrote: Ацко, ако мислиш дека преку ноќ ке се создаде некоја политичка партија со вистински демократски вредности, чесна , одгворна со сите европски нишани, а народот ,пак, преку ноќ ке застане цел позади неа-грешиш? Тоа значи дека не живееш во Македонија, туку некаде далеку, можеби во Канада! Македонија како млада независна држава, без колективна меморија на државност и развиена демократија и демократска традиција, со народот каков што ние е, не може да се породи во еден политички ден, момент и да станеме како една Данска, Шведска и т.н. Демократското породување на Македонија ке е долго и со породилни маки. Тоа е процес. Тезата на Јорадан, дека само преку вистинска лустрација ке се демократизира Македонија е пуста желба. Како го замислува тоа? Овие две најголеми политички партии ке се тргнат на страна, а Јордан со бел коњ ке влезе во Скопје! А, позади него-Ацко, Христо, Гној... Таа е неостварливо. Ти, како се качуваш на 5-ти спрат, ако нема лифт? Со крилја или по скали? Јас по скали. А, видиш, Ацко, во Македонија- лифт немаме. Сакам да кажам, дека процесот на демократизирањето во РМ ке е бавен и постепен. Затоа секој чин, кој ке доведе до скалило погоре во развој на демократија во Македонија треба да се , ако не подржи, барем поздрави. Знаеш што е причина за спорот помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ или не? Спорот е обид на ВМРО-ДПМНЕ да ги прекрши уставот и деловник на Собраниието. Ако се вратиш порано, ке си спомниш како Никола Груевски беседеше- имаме мал број на пратеници и опозицијата не саботира. Биднаа избори ( 2008) и биднаа повеќе пратеници. Потоа му сметаше Претседателот. И тој го кочел. Бидна и смена на Претседателот. Дојде ептем негов човек. Безгласна буква. После му засмета Уставниот Суд. Помина и тоа. Сега Уставниот Суд не му е повеќе пречка. Па, потоа дојдоа смени во Совет за радио дуфузија. Во меѓувреме медијумите се ставија под негова контрола. Малку останаа кои поишуваат покритички кон неговата власт. Па, синдикатите, коморите, асоцијациите се ставија под контрола. Остана само опозицијата и место каде таа делува. А, тоа е Собраниео. Е, сега, се сака и тоа да се елиминира. Јас така ги гледам работите. Легитимно е право на опозиција на овој начин да реагира. Е, сега, ке почнат прикаски -зарем на тој човек ( Бранко) да се верува? Топ- тан со омразениот Љубчо Георгиевски. Е, па , Ацко, тие се на политичката сцена. Те нема тебе и тие како тебе. Седиме дома и преку форуми се правиме ем патриоти ем демократи. Тоа во РЕАЛНИОТ живот не поминува. А, пак, и ова да помине на Груевски, ке значи негова апсолутна власт. Имаше, порано, теза во КОТЛЕ дека Македонија треба да го допре дното ( крајното) и после маката да го натера народот да испили нови партии со нови погледи. Но, цената на тоа ке е голема-години на сиромаштија и безнадежност, дадатен одлив на многу млади. Ние не сме Словенци, кои на стандард кои го имаат во однос на нас, стануваат против политичките елити, барајки подобро владеење. И, тоа ке дојде, но во овој момет е неостварливо.
А, за “ Некои велат дека доколку јадеш ќотек може да ти дојде умот, па да видиме дали е вистина. Icon_razz“, потполно си грешка. Ако ќотекот е начин да се опаметиш, човештвото уште ке беше под власт на фараони, цареви, кралеви. Малку ли ги тепаа тие што им се спротиставуваа? Па, не ги дотепаа, туку човештвото продолжуваше во својот развој.

Христо, за какви скали и демократија зборуваш кога после сите избори во Македонија тaпкаме во место, па назадуваме, па повторно тапакаме, па демек малку ќе тргнеме, но не тргаме и се така? Дали тој твој начин на делување до сега дал резултати со бирање на единствените опции и гледање низ единствените отворени прозорци? Тој прозорец гледа и кај командант Коки, да не треба да носиме маици со натпис ’Коки херој на македонската слобода’? Или ладничко е за маици?

Неколку пати имам пишувано дека за многумина Сталин бил единствената алтернатива за Хитлер, па видовме колку се офајдија во голем дел од Европа и каква демократија и слобода добија.

Затоа не прифаќам размислувања дека постои само една алтернатива.

Јас сум против овој буџет на власта, но против сум и тоа како опозицијата ја разбира економијата. Против сум и власта на ваков начин да донесе буџет, па опозицијата има право да се буни. Иако до некаде и Груевски е во право. Навистина, што би се случило кога секоја опозиција би ги блокирала институциите? Некогаш тоа ќе биде оправдано, некогаш неоправдано, но ако таков начин стане пракса, тогаш зошто воопшто се организираат избори?

Поентата е да се донесе устав и закони со кои ќе се ограничи можноста власта да ја загрозува слободата на граѓаните и да ги уредува сите сегменти од нивниот живот. Само закони не вршат работа, затоа што и тие се менливи, затоа е потребен повеќеслоен заштитен систем од власта.

Што тоа значи во случај со буџетот? Ќе има одредено колку државата ќе може да се задолжува (дали воопшто треба да се задолжува?), тоа е решение за задолжувањето, исто се покрена и прашањето за рекламите, тие или ќе се забранат или ќе се одреди некоја минимална сума. И се така...

Тоа околу тепањето беше иронија. Но, искрено не ги разбирам двете групи. И што оечкуваш РЕАЛНО да направам? Требаше да отидам пред Комитетот во Куманово и на чело со Циц да тргнам во Скопје и да се пресметувам со приврзаниците на Груевски? Да појдам со нив и да рушам власт, да бранам Устав?

Кога видов дека на последните избори повеќе од 700 000 македонски граѓани гласаа за Грујо и за Бранко ми се смачи. Сега кога гледам дека има луѓе спремни да се тепаат за нив двајца, уште повеќе ми е мака. Немој со тоа дека едните излегле да се тепаат за слободата и демократија. Тие излегле затоа што тоа така им е наредено, утре истите ќе застанат на друга страна и ќе се тепаат да ја зашитат власта. А ти Христо и тогаш ли ќе ја прифаќаш единствената алтернатива и ќе гледаш низ единствениот прозерец? Дали тогаш ќе навиваш во тепачката за овие кои се недомократски и антиевропски ориентирани?

Не верувам дека власта е толку слаба, а опозицијата толку моќна за да на насилен пат ја превземат власта. Но, доколку би постоела таква можност, јас никогаш нема да и дадам подршка. Напротив, подобро незаконски буџет, отколку незаконска власт. Ако се случи такво нешто, тогаш Ацко ќе превземе ’реални’ чекори, а ќе видам дали и ти ќе си останеш на зборот, дека ќе застанеш до мене. Icon_razz

Сега читам и дека биле истерани и новинарите од галеријата. Ете уште една глупост на власта, но тоа треба да биде казнето на избори.

П.С. Христо, дали пратиш повеќе што се случува во Словенија? Таму треба да и се даде подршка на власта!!! Читав интересни анализи дека тоа што се случува во Словенија потсетува на антибирократската револуција на Милошевиќ. А многу добар беше и ставот дека ’Словенците сакаат капиталстички стандард, а комунистички систем’.




24-12-2012, 02:06 PM
Reply