МрачниотКоњаник
stop the brainfcuk
    
Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation:
1
|
(01-03-2011, 12:33 AM)basilius_2 Wrote: Се согласувам,проблемот лежи во тоа што на корпорацијата во Америка,и се одврзани рацете многу.Така да сите правилото за квалитет и одговорност го избегнуваат.
Најголем проблем лежи во тоа што не постојат механизми на надгледување на работата на корпорацијата од страна на државните органи.
Се зависи од тоа дали некој вработен ќе ја признае вината или ќе го каже криминалот.
Еве што се случи со Енрон,се додека главните сметководителки,не го објаснија криминалот како е вршен. Енрон имаше најголема шанса да си замине без никаква пресуда.
Еве Демократите на чело со Обама,сакаат да ја регулираат економијата, што е еден лош начин како да се реши тој проблем.
Бидејќи,треба да се запраша Обама,зошто сака да ја регулира економијата?Кои му се целите?
Ако се оди по тој принцип,тогаш Грујо е најпаметниот економист,а Сталин генијалец.
Бидејќи како што имам сфатено,не е само да се донесе закон или регулатива ако корпорацијата не се контролира од државна институција.Посебно овие големиве. Е да си ми жив базилиус, ој сега тоа со здебелените букви да им го докажеш и на Соленик и христо онака загледани во вести од кабловска. 
Дали најпаметниот економист е и најпаметен државник? Како ти го дефинираш успешниот економист? Дали е тоа исто што и бизнисмен?
Апсолутно си во право со последниот дел за спроведување на законите без самонадзор. Само еден од фрапантните податоци што го отсликуваат степенот на имунитет на големите корпорации во Америка: од 1998 до 2005-та две третини од корпорациите во Америка не платиле данок на приход. А повели ти како поединец не плаќај данок за ист број години, да видиш кој се` ќе ти се јави и пријавува.
Книгата инаку почнува со прашање кое сосема е на место: како нацистите знаеле кој се` е Евреин и каде живее? До последните денови на војната, машините со кои нацистите успеале за многу кратко време да попишат милиони луѓе (и врз основа на тие податоци да одлучат кого да погубат) се сервисирани и подновувани од организација која според сите закони не смеела да учествува во ништо слично (етичката димензија или нејзиното отсуство настрана).
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
|
|
01-03-2011, 01:38 AM |
|