The following warnings occurred:
Warning [2] count(): Parameter must be an array or an object that implements Countable - Line: 871 - File: showthread.php PHP 7.4.33 (Linux)
File Line Function
/showthread.php 871 errorHandler->error





Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 4 Vote(s) - 3.75 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
IBM and the Holocaust
Author Message
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1
#1

Книгата е сведоштво за тоа колку големите меѓународни корпорации се безобѕирни во походот по профит и колку лесно се ослободуваат од регулативата на владите на било која земја во било каква ситуација, и колку тоа одамна е правило.
На почетокот е поставено прашање “како нацистите знаеле каде се евреите“ и преку компилација на илјадници дописи, документи, фактури и дневници од тоа време се разоткрива улогата на ИБМ во процесирање на податоците од националните пописи првин од нацистичка Германија а потоа и од новоокупираните земји. Знаеле преку податоците од пописите а можеле онолку ефикасно да прогонуваат откако ИБМ им продал (поточно изнајмил, од ИБМ не купуваш туку изнајмуваш- звучи познато, не?) машини за процесирање и подготовка на дупчени картички. Во секој логор имало по една таква машина, ги имале низ министерствата, војската ги користела за сопствените инвентари, распореди за транспорт, регрутирање, секој предмет користен низ Рајхот имал сопствена дупчена картичка, секој поданик, дури и стоката (попис на кравите во Холандија, секоја крава со посебна картица) била попишувана и евидентирана низ тие машини. Машините за дупчени картички Холерит биле во срцето на ефикасноста на нацистичката машинерија.
Не дека нацистите потполно бесправно ги преземале машините од ИБМ веднаш по почетокот на Втората Светска Војна. Напротив, сите точки од претходно склучените договори меѓу ИБМ и нацистичата влада пред војната биле испочитувани, сите цехови плаќани, сите лиценци, надоместоци, дивиденди, проценти од добивки, се` било исплаќано на ИБМ буквално до ПОСЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ НА ВОЈНАТА преку сметките на филијалите на ИБМ низ неутралните земји (инструментална била филијалата во Женева). Низ целата преписка откриена меѓу главниот штаб на ИБМ во Њујорк и фабриката во Германија Дехомаг (која ИБМ ја презел пред војната, во низа сомнителни трансакции често постигнати низ чиста принуда и уцена) се гледа дека било невозможно да се скрие улогата на Холерит машините во процесирањето на популациските податоци кои понатаму биле употребени за истребување на Евреите.
Дека ништо не е измислено и дека се` се базира на документи, авторот вели дека секој ред напишан во книгата е гарантирано веродостоен и поткрепен со автентични документи од тоа време.
За љубителите на историската документаристика ова е крајно интересно четиво и фрла ново светло врз прашањето кој се` му помогнал на Хитлер да дојде на власт а потоа и да поведе војна за да го запали светот.
П.С. Претседателот и основач на модерниот ИБМ, Томас Вотсон е носител на нацистичкиот орден Орел со Ѕвезда.
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
25-12-2010, 08:43 PM
Reply


Messages In This Thread
IBM and the Holocaust - by МрачниотКоњаник - 25-12-2010, 08:43 PM
RE: IBM and the Holocaust - by basilius_2 - 11-01-2011, 04:18 PM
RE: IBM and the Holocaust - by basilius_2 - 01-03-2011, 12:33 AM
RE: IBM and the Holocaust - by toni_a - 01-03-2011, 08:32 AM
RE: IBM and the Holocaust - by basilius_2 - 22-03-2011, 12:36 AM