The following warnings occurred:
Warning [2] count(): Parameter must be an array or an object that implements Countable - Line: 871 - File: showthread.php PHP 7.4.30 (Linux)
File Line Function
/showthread.php 871 errorHandler->error





Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 6 Vote(s) - 3.17 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
СЛУЧУВАЊАТА ВО АВСТРАЛИСКО НОВОЗЕЛАНДСКАТА ЕПАРХИЈА
Author Message
ЈорданПетровски Offline
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,566
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Екслузивно интервју на Митрополитот Преспанско -пелагониски и администратор австралиско-новозеландски Г-дин Петар

Напишано од Radio Ilinden

Недела, 15 Август 2010 09:34
За радио Илинден, Мелбурн

Оваа земја не прави дискриминација во однос на законите без разлика дали се работи за православна, католичка , англиканска. Овде кога би организирале богословски факултет ќе може да ни го организира државата. Значи кога ќе станеме канонско – правно лице веднаш можеме да добиеме повеќе бенефиции, организираме старски домови, училишта, детски градинки, поволности финансирани од самата држава. Даваме огромни средства за купување на една сала, црква, но не ги користиме. Кога ќе го имаме овој законски старател на имотот на МПЦ и кога ќе треба кредити да креваме, погодностите се одлични, затоа што тогаш знаат дека тој старател на имотот на МПЦ има можност да одговори на секоја една побарувачка да се организира како црква и да се осигураат објектите. Ќе бидеме максимално заштитени со тој Закон, да не може никој да се суди. Ќе престанат сите судски спорови со сите оние имоти кои ќе влезат под старателство на тој имот. Поголема добивка од тоа нема. Луѓето не ќе можат да ги злоупотребуваат имотите црковни, не ќе се шетаат со црковни пари низ Македонија, Европа, и нема да се караат.

‘Нашата цел е да се создаде еднаш засекогаш старател на имотот на македонската црква во Австралија по примерот на првите верници во црквата како што бил случајот со верниците запишани во делата на светите апостоли‘.

Главна тема – Регистрацијата на епархијата за Австралија и Нов Зеланд и случувањата околу МПЦ, проблемите во изминатите години и денес .

Д.Ангелоски – Разгледување на Предлог законот за МПЦ, за основање на старател на имотите на православната црква во Австралија што во моментот е пред Парламентот во НЈ Велс кој спрема вас е од витално значење за иднината на нашата црква во Австралија и ние ќе сториме се што е во нашите сили и можности на демократски начин да се овозможи усвојување на овој Закон – дали можете да ни објасните за што се работи и до каде се работите?

Владиката За да биде на нашите слушатели добро познато, сметам дека е пожелно да се објасни, Постојат две врсти на имот, Едната врста е имот заради сопственост, тоа значи дека тој имот е сопственост на одредено лице, човек која сопственост сопственикот односно имотот на имот за сопственост го користи според своето наоѓање. Тука не може никој да му се меша нему, како ќе го употребува имотот. Пример, ако вие сте сопственик на некој имот, имате имот заради сопственост и дали вие вашиот имот ќе го употребите да купите куќа, возило, да помагате сираци, вдовици, да го дадете во црквата или да го потрошите на нечесни работи, тоа е лична ваша одговорност и слобода како ќе постапувате со тој имот. Кога станува збор за имот за сопственост, сопственикот употребува според своето мислење, наоѓање и според својата желба со својот имот. Кога иматеимот, за одредена цел намена или мисија, тогаш веќе тој имот не смеете да го користите за други цели освен за оние за кои е создаден, или за која мисија е создаден. Имено, ако е хуманитарна организација, ќе го користи исклучиво за хумамотарни цели, не може таа да го користи за други намени, за други цели. Пример: Имот за хуманитрани цели да го употребите за фудбал, или имот за хуманитарни цели да го употребите за некоја институција да и помогнете да си гради куќи, туку во конкретниот случај тој мора исклучиво за таа хумантирна цел да се употреба . Има Закон според кој – имот кој едаден под старателство треба да биде користен за таа цел. Пример:ако имате старател на имот за деца сираци, вие не смеете да го користите тој имот за свои цели, за свои потреби, вие не смеете од тој имот ниту еден долар да земете, или неодговорно да се однесувате кон тој имот. На пример, наводно за тие сираци се гради некаква куќа па без да побарате понуда од повеќе мина што ќе градат за да не чини прескапо градбата, и да го употребите имотот најгрижливо што може да биде за онаа цел , намена за која е тој имот даден. Може да биде имот за стари лица кои не се способни сами да раководат со тој имот и државата назначува старател на тој имот. Тој старател исклучиво мора да се грижи за да ги догледа старите за да им пружи нормални услови за живот, да им даде можност за лекарства , операции итн. Значи во никој случај тој имот не смее да се употребува за друга намена. Затоа сакавме да направиме една споредба - Имот за сопственост со Имот за цел и намена. Во конкретниот случај, имотите за добротворни организации и за религиозни организации (црквите) тоа се имоти за цели или мисии или одредена намена а никако имот за сопственост кои соодветната организација или кој и да е тој старател, ќе го употреби за друга намена која нема никаква врска со целта и намената на соодветната организација. Мислам дека сме донекаде јасни околу оваа работа кога станува збор за имотот за старателство.

Д.А - Што ќе се случи ако старателот го злоупотеби имотот за лични цели?

Владиката Овде во Австралија ни е познато, ако некој старател свесно го злоупотреби имотот кој е за старателство , најригорозни се казните за таков човек, дури може да отиде и в затвор. Тој мора да го оттаму кога станува збор за т.н кршење на законот за имоти на одредена цел и намена која нема никаква врска со тоа. Оттаму кога станува збор за т.н кршење на Законот за имоти за одредена цел или намена, (според она што го слушаме од правните лица овде , адвокати и други) велат дека е најстрогите казни се определуваат за оние кои таков имот злоупотребувале.

Д.А - Ако е така, Законот мора да се почитува, секој верник гледа колку е црковниот имот злоупотребен овде во Австралија, зошто немаме никој видено да е в затвор. Што е проблемот, во начинот на регистрирањето , на старателот.

Владиката Токму тука е и проблемот, па и судовите што досега ги водевме и ги водиме, токму во тоа е проблемот.Да се вратиме малку наназад со нашите сознанија како одделни цркви или религиозни деноминации успеале да го заштитат имотот од злоупотреба на тој имот кој е за определена цел,во конкретниот случај за религизона цел. Имено, меѓу првите цркви кои овде успеале да го направат тоа се Римо-католичката и Англиканската. Тие уште веднаш нашле начини и патишта, со донесување на Закон за старател на имотот. Тој Закон бил донесен во Парламент, или парламентите на одделни држави во Австралија и на тој начин тој имот бил заштитен бидејќи штом е ставен старетел на тој имот, тогаш нема никаква правна можност некој да го упропастува тој имот од следниве причини – ако јас како индивидуа, направам било што за да бидам во некоја ситуација да се води судски спор , со мене, автоматски судскиот спор ќе се води со мене како личност кој воопшто не ѓиба во имотот каде што сум јас старател. Тоа значи со личниот имот можам да одговарам ако биде покрената било каква судска постапка против мене, или ако бидам казнет. Имотот си е настрана од старателот како личност и на тој начин е целосно заштитен. Во другиот случај, ако имаме лица кои се во инкорпорирани асоцијации или во компании тогаш тие лица се заштитени како ченови на таа инкорпорирана асоцијација или компанија и кога ќе го тужите него тогаш тој вели Не мене,ја тужеа затоа што сум јас член на таа инкорпорирана асоцијација или компанија и јас сум заштитен и таа асоцијација или компанија ќе се тужи со оној што кон мене направил тужба и во тој случај инкорпорираната асоцијација или компанијата плаќаат за се што овој лично направил престап. И овде во Мелбурн имаше луќе кои беа дадени на суд од одделна компанија која држи црковен имот итн. ама луѓето што беа надвор од компанијата си плаќаат од џепот а оние што беа раководители на компанијата беа заштитени и тогаш плаќаше компанијата за тоа, што значи, наместо да биде обратното, да одговара личноста која е старател на соодветен имот со свои средства, од своите пари од својот личен имот, одговара компанијата, односно црковниот имот во конретниот случај на инкорпориранта асоцијација или на компанијата се троши за сметка на личноста која е член на асоцијацијата или компанијата. Токму тие судови што ги имавме ние, тоа го расправаат, коментираат, и се додека некој е член на една инкорпорирана асоцијација или компанија, самата асоцијација и компанија ги сноси трошоците поточно имотот што таа го држи а во конкретниот случај станува збор за црковни имоти И обратно кога ќе биде со овој Закон за кој сега станува збор донесен, со тој Закон практично , црковните имоти што влегуваат во тој Закон а старател се јавува на тој имот, автоматски е заштитен тој имот од било какво ненаменско трошење на пари, заради било какво злоупотреби на било каквалличност во врска со било кој и да е член како старател на тој имот. Не само ние во МПЦ туку и останатите православни цркви овде во Австралија како и некои други религиозни деноминации кои постојат кои имаат најверојатно преку 40 религиозни деноминации, цркви што се регистрирани со Закон како старател на советен имот

Д.А – Како ќе работи законскиот старател , која ќе биде врската со епархиските собранија и епархискиот Управен одбор, кои имоти ќе ги опфаќа?

Владиката Во конкретниот случај тој Закон што се носи за старател на имотот на МПЦ се однесува исклучиво само за четири имоти. Имено, имаме ние со одлука на епархискиот управен одбор на МПЦ за Австралија и Нов Зелан, купено четири имоти (Соборната Црква во Сиднем, Св. Прохор Пчински во Донибрук, црквата Св. Богородица во Аделаид, и Црквата Св. Богородица Пречиста во Ливерпул , Сиднеј ) ове 4 имоти купени се за МПЦ со одлука на епархискиот управен одбор и бидејќи било каква друга регистрација , односно регистрирање како инкорпорирана асоцијација веќе станува имот за сопственост а не имот за цел. Од тие причини не смеевме тој имот никако да го регистрираме како инкорпорирана асоцијација. Не смеевме да го регистрираме ни како компанија, зашто некој ако го регистрирате како компанија не како компанија за сопственост а не за цел, тогаш пак го ставате во голема опасност имотот и ако некој го злоупотреби тој имот, одговорноста на оние што злоупотребиле црковен имот кои се чува од компанија односно не се чува туку е сопственост на компанијата и според компаниските закони тоа можам да ви го покажам и во нивни правилници се вели – одговорноста на секој член на компанијата за еден имот (црковни имот кои станале сопственост на инкорпорирана асоцијација или компанија ) е толку колку што е членарината за таа година на соодветниот член. Ако пропадне комплетно црковниот имот тогаш секој член на таа компанија ќе плати толку , колку што дал за чланарината. Но ако е имот со старател тогаш тој не смее да го злоупотреби имотот. Ако пропадни имотот а имотот банкротира или употреби за цели кои не се во согласност со мисијата на црквата тој автоматски ќе мора да одговара со лични средства или да заврши во затвор се додека не ги плати трошоците за штетата што ја направил. Во таа смисла, не е така едноставно и лесно, луѓето се честопати во заблуда. Тврдам дека и високодостојници во нашата црква не го знаат овој случај добро и погрешно пренесуваат. Се вели дека најдобрите регистрации овде биле регистрации на компании и регистрации на инк асоцијации на црковните имоти, а всушност тоа е најголемата опасност ако луѓето од инк асоцијации и компании го злоупотребат имотот. Законот се однесува само на оние имоти кои се епархиски и кои моментно гласат на мое име, на Отец Јовица Симоновски, на Отец Тоне. Ние имаме поднесено изјава, декларација пред адвокати , дека тој имот не е наш туку со одлука на епархиски Управен одбор е купен за овие цели за црквата и кога ќе се донесе овој Закон за старател на црквата, ние го предаваме, што значи, секој што досега сакал и можел да ја види нашата декларација дека во самата декларација сме декларирале дека не станува збор за наш личен имот туку за имот кој е на МПЦ но бидејќи регистрацијата како инк асоцијација или компанија тој станува не имот за цел туку имот за сопственост и тогаш ние го губиме имотот и може некој да го продаде, потроши како што се продадоа некои имоти на цркви. Ние го покренавме ова прашање, тројцата, Отец Тоне, отец Јовица и јас за да се ослободиме од имот кој не припаѓа на нас а за сметка на тоа непријателите на МПЦ правеа огромна пропаганда дека тоа бил наш имот. На истите такви луѓе кои прават такви пропаганди ќе им пропаднат пропагандите ако овој Закон се донесе бидејќи не ќе можат да им велат на луѓето дека имаме цркви на наш имот. Со ова нема да стојат имотите на наше име туку името на старателот е МПЦ. Владиката Петар е денес, утре и до кога ќе биде само Господ знае. И после нас, старател ќе биде МПЦ преку личности кои ќе ги избере Епархиското собрание на МПЦ за Австралија и Нов Зеланд од сите делегати на епархиското собрание кое го сочинуваат по две мирски цивилни лица и по едно свештено лице, што значи секогаш во овој случај по однос на изборот на тие старатели на МПЦ го имаат мирјаните, верниците, со мнозинство два према еден.

Д.А - Кои се членови на законскиот старател, претпоставувам дека улогата на епархиското собрание и епархискиот Управен одбор нема да биде намалена и гласот на народот нема да биде намален.

Владиката Не само што нема да биде намален, епархискиот одбор на старатели оној што се грижи за имотот МПЦ, тој одбор го избираат членовите на епархиското собрание а тоа се две мирски и едно свештено лице, Ако имате 20 цркви во Австралија, тогаш ќе има по две мирски лица (40) и по едно свештено (тоа се 20) значи вкупно 60. Мирски лица ќе бидат 40 а свештените 20. Значи одлучуваат мирските лица. Нема да се прават пропаганди дека ги бира Владиката и ги поставува. Спрема уставните норми јас ги потврдувам како претседател на одборот, потпишувам одлуките но никогаш нема да ја потишам одлуката што сам сум ја донел или сум ја донел со други двајца други свештеници. Такви одлуки немаат важност се додека не се донесат од Управниот одбор во полн состав. Значи таквите одлуки се привремени одлуки без важност ако не ги потврди целото тело.

Д.А – Како може други имоти на црковни општини да влезат во Законот?

Владиката – прво треба нивните црковни собранија да расправааат за тие имоти. Ако се согласат со мнозинство гласови да го предадат имотот на соодветната црква во старателство на црковниот старател .тогаш прават молба до епархискиот одбор на старател за МПЦ и велат ние одлучивме на нашето црковно општинско собрание да го предадеме нашиот имот на старателот МПЦ а тогаш МПЦ ќе го разгледа молбеното барање и ќе размисли дали секој понуден имот ќе го прими. Ако на пример, за неодговорно работење на одредена црква ни вели дека ни го предава имотот, таков имот не смееме да примиме затоа што примаме во ваков случај долгови и тој сака да избегне од долговите. Или ако не провериме дека некоја црква била во некој судски спор со друг сопственик или ко-сопственик, тогаш ние го преземаме судскиот спор и ќе треба тој имот да го заложуваме имотот за да го спасуваме овој кој е на работ на пропаст. Мора да се знае дека имотите што ние ќе ги примаме по донесување на Законот ќе бидат само имоти кои ќе бидат ослободени од било какви должнички обврски односно ако не надминуваат должничките обврски повеќе од самата вредност на самиот имот.

Д.А –Дали други цркви кои не се под МПЦ нема да бидат насилно приморувани да влезат под овој старател на МПЦ?

Владиката Овие четири имоти се основа на старателот на МПЦ со закон на парламентот на Австралија. Со ова се докажува кој колку си ја сака мајката Црква. Откако ќе се расчистат сите овие работи и кога не секој да се претставува како МПЦ и кога ќе престанат пропагандите, ние ќе обрнеме внимание повќе на отворање на старски домови,детски градинки, и други објекти за згрижување на лица – зависници од дрога, од алкохол и за тие посебно ќе се грижиме. Во врска со злоупотреби на имотите порано не се преземани пострги мерки за заштита на црковниот имот. За имот што е на МПЦ и оние кои сакаат да го дадат за МПЦ (но не под принуда), ќе се види кои се љубители на МПЦ и кој сака да го вложи имотот што е создаден за македонската црква кој ќе биде имот на МПЦ. И обратно, ќе се види кој понатаму ќе го користи имотот како сопственост на соодветна организација, компанија, инк асоцијација и тн..Уште еднаш да посочиме дека нашата цел е да се создаде еднаш засекогаш старател на имотот на македонската црква во Австралија по примерот на првите верници во црквата како што бил случајот со верниците запишани во делата на светите апостоли .Тогаш верниците ги продавале своите куќи и ниви и парите од личните имоти ги ставале парите пред нозете на апостолите, а овие денес ги ставале во касата црковна и од неа им давале на верниците според нивните потреби. И тој начин бил замислен ‘совршено заедништво на имотите‘. Она што е црковно е божјо и секој што ќе посегне по црковното, ќе мора еден ден да ја плати таа казна. Црквата е онаа што се грижи за имотот.

Д.А – Регистрирањето на црквите е како сопственици и со цел, што значи со цел или со намена?

Владиката Цел или намена, значи за што тој имот треба да се употребува, која е употребата на тој имот. Имено, кога станува збор за црковниот имот, се наменува за мисија на црквата. А мисија на црквата е да се направат храмови, да се направат икони, иконостас, олтар, фрески и се што е потребно да се врши богослужби. А за тоа треба да има свештеник. Тој работи се што ќе му рече Владиката во врска со црковните работи. Свештеникот е главата на парохиското собрание. Црквата се грижи за сиромасите, за оние кои немаат услови за живот. Верниците што пеат на литургијата, се жива врска со Бога преку својот Владика. Каде што има владика таму е и црквата. Ако нема владика во некоја епархија, таму нема црква. Има примери каде од црковните пари се давани за фудбал, тоа не е мисија на црквата. Тие цели не се воопшто цел и мисија на имотите на црквата. Ние не сме регистрирани како МПЦ во Австралија. Овие регистрации за кои станува збор, овој Закон за старател значи рег на МПЦ. Ако МПЦ не биде регистрирана со свој имот не може ни да постои како правно лице. Мораме да разграничиме, Регистрација на црквата како религиозна институција и регистрација на црквата како правно лице, ние како правно лице овде во Австралија не сме регистрирани. И мора нашите верници да сфатат сериозноста на проблемот на МПЦ во Австралија. Регистрацијата на нашата црква настанува тогаш кога овој Закон за старател ќе профункционира, дотогаш немаме регистрирана МПЦ во Австралија. Нашите верници треба тоа да го разберат. Оваа пропаганда против регистрацијата на црквата како правно лице во Австралија е во таа насока, практично работи некој на тоа да не се регистрира никогаш како правно лице. Регистрација на компании, приватни компании, како со имот за сопственост, а не со имот за цел. Мислам дека има една црква која држи за цел, тоа е Св Климент Охридски во Порткембла, таму има трасисти кои го држат имотот за црквата Св Клименво Порткембла, но не за МПЦ како институција. Тоа значи за една црквичка ,но не ја претставува МПЦ во Австралија. Во Австралија МПЦ треба да ја претставува епархијата за Австралија и Нов Зеланд, сите други се како месни заедници. МПЦ ја преставува Епархијата со Владиката. Ако немате регистрирана црква, епархија како правно лице со Законот за старател на тој имот, немате ни црква. Ако сакаме што поскоро да бидеме овде присутни овде во Австралија, како институција како правно лице треба да се грижиме да профункционира овој Закон. Ничиј имот нема да биде принуден да влезе во стараелот на имотот за МПЦ каде што се овие четири имоти предвидени без нивна желба и наша согласност за да може да влезе под старателство на имотот на МПЦ

Д.А – Да ни кажете нешто за МПЦ во Македонија, како одат работите?

Владиката Се бориме да биде се подобро. Имаме млади луѓе кои доаѓаат в црквите и ја имаат верата во Бога како свој посебен интерес. На многу поедноставен начин можат да дојдат до разна црковна литература преку интернетот. Присуство на млада популација во нашата црква е се поизразено и постојано. Учествуваат и во хоровите. Сакам да нагласам дека ние како црква треба се да сториме, ние прво да се признаеме.

Д.А- Зошто МПЦ мора да преговара за признавање? Зошто да молиме да бидеме признаени?

Владиката Ние не преговараме, ние разговараме. Разговорите со другите цркви се за да можеме ние и да бидеме ние во целиот православен свет заедно. Православната црква ако сака да го задобие приоритетното место во светот, треба порано или подоцна треба да се ослободи од национализмот кој навлегол во црквите преку државитево одредени периоди на комунистички период, кралствата итн. Државите во свое време, водејќи националистичка политика, за жал,ги подјавнувале другите народи дури и преку црквите. И се додека некои високодостојници во одделни помесни православни цркви, ги сметаат другите од другата помесна православна црква, и другите народи како да биле и остануваат и понатаму дел од нив или ги присвојуваат, не може да има единство. Целта на црквата е секогаш да има единство а тоа се постигнува преку заеднички богослужби, заедничкото служење,исповедање на верата, заедничката причесна. Од тие причини сме должни да ја шириме верата за заедништво , за соборност со другите православни цркви , но по цена на верата не по цена да жртвуваме,нација, име, идентитет итн. Мора да се разбере нашиот проблем кој не е црковен, туку политички. Треба секогаш да се разговара и да се убеди оној што мисли поинаку за да ја сфати вистината. Разговорите треба да бидат за да се запознаеме, да пикажеме дека за нас се врши пропаганда како народ и како црква од одделни , не народни елементи.и на тој начин треба поинаку да се гледа на нештата. Без разговори, многумина од оние што имале лошо мислење за нас, денеска се застапуваат на одредени места, за да докажат дека не е таква ситуацијата со нас. Значи се менува мислењето за една цква, и за еден народ. Секогаш треба да има комуникација со луѓето. Секогаш треба да имаме амбасадори во светот од други народи, цркви, институции кои ќе ја толкуваат вистината за нас.

Д.А – Дали треба концентрацијата да се насочи повеќе кон единството? Како може да се има единство кога има изроди во сопствените редови како што беше Вранишковски и на пример да го земеме митрополитот од МПЦ кој излегува со став, се меша во другата епархија, тоа е чин за осуда. Кога не се почитува институција тогаш таквите луѓе треба да се осудат. Случајот од Тимотеј е чин за осуда и предавство.. не е добра работа за единството во МПЦ!

Владиката Каноните велат дека ниеден владика не смее да служи и проповеда во туѓа епархија. За служба во туѓа епархија на некој владика, и особено за верници во таа епархија, или цркви според каноните таквата личност треба да се расчини. Во туѓа епархија не би си дозволил да отидам во туѓа епархија и таму без благослов на надлежниот Владика да вршам било каква служба или најмал чин без одобрение на тамошниот Владика. Многу се манипулира и во Македонија и тука, дека јас сум ја зел епархијата од митрополитот Тимотеј, што не е вистина. Имено, 1994 година, со согласност на самиот митрополит Тимотеј, ја отстапи епархијата на Синодот на МПЦ кој ја презеде и управуваше со неа една година. После на една синодска седница јас бев молен од сите членови на Синодот, освен од Тимотеј дека треба да ја преземам епархијата заради поделбите што настанаа тука пред да дојдам јас од 90-тите години. Тогаш 8 црковни општини во НЈВелс и Квинсланд му откажале послушност и на намесникот Двојаковски и митрополитот Тимотеј. , И овде во Викторија му откажале 2 црковни општини. После таквата состојба нормално ја предаде епархијата на светиот синод кој ме молеше мене да ја преземам за да ставиме некој ред но Тимотеј уште на првата седница рече дека ќе се мешал во Епархијата и дека ќе работел да ја растури. Еве и ја растура. Јас апелирам јавно и го молам да не ја растура. И тврдам дека овие луѓе надвор од епархијата се негова жртва. Тој ги манипулира и им ветува дека ќе го отсрани владиката Петар и ќе му ја даде на некој друг.

Д.А – Во 1992 година имаше интервју со наслов ‘Чекори на раскол‘ објавено во Матица на иселеници, и весникот Македонија. Во ова интервју Тимотеј тврди дека ова е квази регистрација, зад која се кријат задкулисни игри за да внесат немири меѓу македонското иселеништво во Австралија. Се повикува на заедништво. Тогаш порачува едно а денес прави сосема спротивно.

Владиката Се работи за исклучиво искрен пристап кон прашањето на МПЦ каде и да е а во конкретниот случај за овде во Австралија. Јас сакам да му пратам порака на Дедото Тимотеј да не се меша во мојата Епархија за Австралија и Нов Зеланд со која администрирам да не создава вакви забуни, , да не преќа на луѓето пораки. И да не праќа поштари овде да читаат негови писма. Тоа не е добро за македонската црква кога така постапуваме. Не треба другите да прават зло, но не треба ни ние да правиме зло на другите. Секое вакво јавно мешање преку гласилата, отворени писма, изнесување на вакви интервјуа (тогаш имаше право да го каже тоа, но денес не), не е добро и му порачувам да се воздржува во неговите однесувања, да не се меша со Епархијата со која јас управувам.

Д.А. – Дали против оваа постапка на дедото Тимотеј ќе се покрене дисциплинска мерка или ќе сноси некоја одговорност?

Владиката Jа мина границата на вакво некоректно однесување кон оваа епархија и кон мене, и е сигнал што ќе треба да конечно го поставиме пред светиот Синод за неговото мешање во надлежности на друг Архереј.

Д.А – После сите убави работи и позитивна насока на МПЦ, ова негово инволвирање е како ‘нож во грб‘

Владиката Ако продолжи да се меша, тогаш ќе се преземаат црковни правни мерки за негово понатамошно девалвирање.

Д.А – Вранишковски, до каде е работата и дали ќе прави уште проблеми?

Владиката Неговата пресуда, на граѓнскиот суд е обжалена, Апелациониот суд ја потврдил дека треба да плати 1000 евра и дека треба да лежи уште две и пол години затвор. Истиот овој човек не се воздржуваше да клевети и да остава лоши впечатоци во јавноста за моето работење со изјави дека сум ја продал епархиската куќа во Мелбурн и сум ги ставил парите в џеб. Дека сум им купил на моите внуци, станови и возила. Па затоа бев принуден да го дадам на граѓански суд. Ако е вистина да бидам осуден или расчинет, а ако е обратно, тогаш тој да сноси одговорност. Тој не е обична личност, него го поддржуваат во злото што го прави во МПЦ од соседните цркви. Мислев дека е потребно тоа со него да се расчисти. Судот во Битола донесе првична пресуда дека треба да плати одредена глоба и да лежи 20 дена затвор на што имаше жалби и повторно го врати делото на суд со укажување дека судијата не донесол соодветна одлука. Некои работи не биле опфатени од страна на судијата. При втората пресуда, тој требаше да плати еден милион денари на сметка на фондот за трето дете. Тие пари јас не сакав да ги земам и немав намера да се богатам со тие пари , туку сакав да се помогнат оние луѓе кои сакаат да имаат трето дете.

Д.А – Да заклучиме дека овој разговор ќе стави крај на пропагандите што го држеа народот во заблуда. Резултатите се гледаат на виделина.

Владиката Градење на една црква или манастир зависи од ангажираноста на тој терен. Позицијата на манастирот во Роклин е далеку и непристапно и нема луѓе кои постојано работаат. Верувам дека во Роклин за неколку месеци ќе биде изградена црквата и со надеж дека во февруар некаде ќе ја осветиме црквата. Во врска со изјавувањето во медиумите дека Македонците во Австралија се коцкари – во контекст на доброто се трудиме да им помогнеме на луѓето кои страдаат од болести како што е алкохолизмот, но не беше кажано дека сите се алкохоличари и коцкари и кажав дека дел од пензионерите со тоа се занимаваат. Се однесува само на оние кои тоа го прават. Желбата ми е да не гледаме на нив како на луѓе кои треба да се отфрлат туку да им помогнеме да се вратат на правиот пат.Верниците, пензионерите ако сметаат дека се навредени, јавно им се извинувам, барам прошка од нив. И понатаму сум упорен да опоменувам за сите лоши пороци и наши однесување кои се на штета наша и нашите семејства. Моја желба е секогаш да да се почиме сите за сложно да живееме и работиме. Мој е благословот и желбата да ве обединувам и да постигнуваме резултати пред се на духовен начин. Треба помасовно учество на верниците на богослужбите, верата, литургијата. Тоа говори за сосема друг начин на живот на верниците во оваа епархија. Молам за разбирање дека треба да се работи заеднички, да ги одвратиме луѓето од сите пороци што тука постојат.Во Нов Зеланд до ’97 година, МПЦ немаше контакт со нашите верници. Ниту еден од епископите не пошол таму. Јас кога дојдов , отидов и направив првите контакти. Така започна еден интерес за организирање на црковна општина таму. Но немаат црква и свештеник. И малку се постојани наши луѓе кои се задржуваат таму. Нашите верници таму се верници кои не се оптоварени со црквите да мислат дека тоа е наша, не ја даваме итн. Сега има таму регистрирано епархија и се што се случува таму ќе биде под Управа на МПЦ , Епархија за Австралија и Нов Зеланд . Свештеникот отец Горан од скопската епархија ќе биде свештеник таму и со тоа ќе профункционира нашата македонска православна црква.

Д.А – Главната порака од нас до сите верници, слушатели е да се почитува зборот институција. МПЦ си има свои гранки, секој треба тоа да го почитува. Нашите слушатели ја слушнаа вистината и треба да одиме на обединвуање. Кои се бенефициите од овој закон Дали ќе ги имаме сите погодности што ги уживаат другите христијански цркви.

Владиката Оваа земја не прави дискриминација во однос на законите без разлика дали се работи за православна, католичка , англиканска. Овде кога би организирале богословски факултет ќе може да ни го организира државата. Значи кога ќе станеме канонско – правно лице веднаш можеме да добиеме повеќе бенефиции, организираме старски домови, училишта, детски градинки, поволности финансирани од самата држава. Даваме огромни средства за купување на една сала, црква, но не ги користиме. Кога ќе го имаме овој законски старател на имотот на МПЦ и кога ќе треба кредити да креваме, погодностите се одлични, затоа што тогаш знаат дека тој старател на имотот на МПЦ има можност да одговори на секоја една побарувачка да се организира како црква и да се осигураат објектите. Ќе бидеме максимално заштитени со тој Закон, да не може никој да се суди. Ќе престанат сите судски спорови со сите оние имоти кои ќе влезат под старателство на тој имот. Поголема добивка од тоа нема. Луѓето не ќе можат да ги злоупотребуваат имотите црковни, не ќе се шетаат со црковни пари низ Македонија, Европа, и нема да се караат.

Д.А – Ваша завршна порака до нашите верници и слушатели ?

Владиката Треба да ја гледаат МПЦ како мајка црква која низ вековите се трудела да го одржи нашиот народ како верен на Бога народ за да можеме да го наследиме Царството небесно. Да се клониме од сите пороци, лоши работи, да се измириме едни со други и да мислиме за доброто. Никој одстрана нема да не натера да се мириме, туку ние самите треба да го сториме тоа со извесни попуштања, добри совети , поуки. Секој треба да се труди што повеќе да направи за МПЦ а не кој повеќе да растури. Да станеме што поблиски, како браќа и сестри да живееме. Господ нека ни е на помош, нека ни е честит овој богородичен пост. Порака до верниците - да се воздржуваат во постот, од кавги, клевети, омраза како големи пороци, да се воздржуваат од мрсни јадења. Со радост да си го дочекаме големиот и спасоносен празник, Успение на Пресвета Богородица или Голема Богородица. Нека Господ даде мир и благослов во сите семејства. Нека ми простат сите на кои сум им згрешил во овој пост, и јас давам прошка на сите кои згрешиле и така измирени едни со други да си го дочекаме големиот празник Успение на Пресвета Богородица. Голема благодарност на неговото Високо преосвештенство, Митрополитот Преспанско-пелагониски, Г-дин Петар за гостувањето на брановите на Радио Илинден и за искрените, исцрпни објаснувања околу новиот Закон за регистрирање, како и состојбите на МПЦ во Австралија.Благодарност до сите слушатели на Радио Илинден Мелбурн за нивното учество во емисијата, кои навистина допринесоа многу со поставувањето на нивните прашања.Интервјуто траеше 3 часа.

Уредник и водител

Дончо Ангелоски
15-08-2010, 02:34 PM
Reply


Messages In This Thread
СЛУЧУВАЊАТА ВО АВСТРАЛИСКО НОВОЗЕЛАНДСКАТА ЕПАРХИЈА - by ЈорданПетровски - 15-08-2010, 02:34 PM