The following warnings occurred:
Warning [2] count(): Parameter must be an array or an object that implements Countable - Line: 871 - File: showthread.php PHP 7.4.33 (Linux)
File Line Function
/showthread.php 871 errorHandler->error





Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 6 Vote(s) - 2.33 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ВЕСТИ ОД ДИАСПОРАТА
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,634
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Владиката Петар го надгледува разгледувањето на предлог закон за Македонската Православна Црква


Напишано од Radio Ilinden
Среда, 11 Август 2010 08:40

Владиката Петар е во посета на Епархијата и активно го надгледува разгледувањето од страна на Парламентот во Нов Јужен Велс на предлог закон за старателство на имотите во Австралија на Македонската Православна Црква Епархија за Австралија и Нов Зеланд.

“Предлог законот за основање на законски старател на имотите на Маркедонската Православна Црква во Австралија, што во моментов е пред Парламентот во Нов Јужен Велс, е од витално значење за иднината на нашата Црква во Австралија и Ние ќе сторамe се што е во Нашите сили и можности на демократски начин да се овозможи усвојувањето на овој закон” вели Владиката Петар.

Парламентот во Нов Јужен Велс во моментов го разгледува предлог законот за старателство на четирите Епархиски Црковни имоти на кои се лоцирани Соборниот Храм “Раѓање на Пресвета Богородица” во Сиднам - Викторија, Црквите “Света Богородица Пречиста” во Ливерпул - Нов Јужен Велс, “Собор на Пресвета Богородица” во Аделаид - Јужна Австралија, и Манастирот Свети Прохор Пчински во Донибрук, Викторија.

Овие имоти се во моментов чувани од страна на три лица старатели - Митрополитот Петар, Протoeреј Јовица Симоновски и Протoeреј Тоне Гулев. Митрополитот Петар, кој е назначен од страна на Светиот Архиерејски Синод (САС) на Македонската Православна Црква (МПЦ), и свештениците од страна на Епархиското Собрание, како привремени старатели на овие црковни имоти до моментот на основање на законски старател. Доколку предлог законот во Нов Јужен Велс биде усвоен, горенаведените епархиски имоти ќе бидат автоматски предадени на чување на законскиот старател. Со ова ќе се реши долгогодишниот проблем на црковни имоти чувани од страна на лица, поради неможноста за основање на ваков законски старател во минатото. Важно е да се напомене дека овој предлог закон ќе ги опфати само горенаведените четири имоти и нема да се однесува на имотите на било која друга црква или црковна општина, асоцијација, конпанија итн.

Законот предвидува постапка за вакви i други имоти да бидат предложени за чување од страна на законскиот старател, но само доколку има согласност од страна на релевантната црковната општина, или на било кој друг дарител, асоцијација, конпанија, правно или приватно лице но и со согласност на Епархискиот Управен Одбор (ЕУО), односно Епархискиот Одборот на Доверители на црковните имоти на МПЦ.

Парламентот на Нов Јужен Велс свика комисија за го разгледа ефектот на овој предлог закон. Епархијата подготви детална изјава во врска со важноста на законот за Македонската Православна Црква во Австралија.

Владиката Петар навремено ќе ги известува свештениците и верниците во Парохиите на Епархијата за напредокот на овој предлог закон, со цел да верниците бидат информирани за овој значаен подвиг на нашата Македонска Православна Црква во Австралија. Секој православен македонец и секој друг православен верник член на МПЦ и љубител и почитувач на МПЦ е пожелно да го подржи овој закон доколку сака да го подржи овој закон нека се обрати кај парохискиот свештеник кој е во единство со МПЦ преку Митрополитот Петар.

Од канцеларијата на Македонската Православна Црква
Епархија за Австралија и Нов Зеланд
11-08-2010, 02:36 PM
Reply


Messages In This Thread
ВЕСТИ ОД ДИАСПОРАТА - by ЈорданПетровски - 11-08-2010, 02:36 PM