ЈорданПетровски
ЈорданПетровски-ЦРНИ
      
Posts: 17,679
Joined: Mar 2010
Reputation:
36
|
Quote:22
Бушѐ своите надежи за праведен и конечен мир на Балканот ги насочи пред сѐ кон американската
делегација на Париската мировна конференција и претседателот Вилсон. Бушѐ изготви меморандум до
претседателот во однос на македонска автономија (види погоре н.з.), на кој беа прикачени потписите
на број луѓе кои имаа минато некое време на Балканскиот полуостров, и кои беа запознаени со желбите
на населението. Листата на потписиниците на петицијата, меѓу другите, ги влкучува и имињата на
полковник Леон Ламуш, О’Мејли, Сер Едвард Пирс, др. Х.А. Гибонз, и г-ѓица М. Е. Дурам, сите познати
авторитети за Балканот.
Според мислењето на г-дин Михајлов, постојат две можни решенија за завршување на војната во Грција:
војна против Русија - и нејзин пораз; или неговиот план за независна Македонија.
Јас сум убеден дека Ванче Михајлов е идеалист, и поради тоа мислам дека неговите препораки треба да
се земат во сериозен предвид. Мислам дека фактот што неговиот предлог предвидува ставање на
независна македонска држава под грчки патронат е доказ за неговата добра волја, затоа што ова е прв
пат да чујам Македонец да даде ваков предлог.
*********************
На кратко, идеите на Михајлов се следниве:
Во Егејска Македонија да се формира независна македонска држава, под грчки патронат. Оваа држава да
ги гарантира еднаквите права, слободи и привилегии на сите граѓани (Македонци, Грци, Бугари,
Румуни, и др.)
Креирањето на ваква држава би ги имало следниве предности: (а) Би ја завршило граѓанската војна во
Грција;
(б) Грција би добила тампон зона од рускиот комунизам на северот;
(в) Формирањето на оваа автономна држава би ја саботирало креацијата на независна македонска држава
во бугарскиот дел на Македонија (Пирин-Петрич).
СССР има желба да формира македонска држава во Пирин со цел да го примами македонското население од
Егејска и Вардарска Македонија и ја тој начин да ја засили својата позиција во Југославија против
Тито, како и својата улога во војната во Грција.
Како Американец, и чисто од американска перспектива, мое мислење е дека предлогот на Михајлов ги
нуди следниве предности:
Ставајќи ја новата независна држава под патронат на ООН, оваа организација заедно со САД ќе имаат
одврзани раце да ја штитат Македонија, како што ќе сметаат за најдобро, од комунизмот, како и од
руските аспирации кон Егејот, Јадранот и Медитеранот.
23
* * * * * * * * *
Прашањето е сложено, но сметам дека предлогот на Михајлов е единствениот начин Русите да се
истиснат од Црното Море и Јадранот.
Меѓу последните прашања кои му ги поставив на Михајлов беа следниве: “Дали го познавате г-дин Ѓорѓи
Димитров (Г.Е.М.Е.Т.О.), Лидер на
Земјоделската партија на Бугарија, моментално во бегство во САД?”
Г-дин Михајлов ми одговори дека не се познава со лично со Ѓорѓи Димитров, но дека, секако, знае
дека тој ја претставува Земјоделската патрија во САД.
Моето следно прашање беше:
“Дали имате врска со Г-дин Ѓорѓи Димитров”?
Г-дин Михајлов ми објасни дека има врска со Димитров, но ислкучиво преку негов посредник во САД.
Моето трето прашање беше:
“Дали сте во потполна согласност со г-дин Димитров во однос на политиката кон Бугарија?”
Г-дин Михајлов ми изајви дека сѐ додека Димитров е претседател на Земјоделската партија на
Бугарија, и сѐ додека тој се придржува до антикомунистичките и антиболшевистички идеали, до тогаш
Димитров ќе ја има неговата поддршка.
************************
За крај, драги Спенсер, сакам да нагласам дека мене лично Македонија не ми е интерес, ниту пак
Бугарија, бидејќи сите мои работи во оваа држава се ликвидирани. Како што знаете, и монархистите и
комунистите во Бугарија си се почестија кога ми ги конфискуваа поседите за време на војната. Ме
уништија морално и финансиски, и со тоа ги уништија сите мои чувства кои ме врзуваа со Бугарија.
Балканското, како и македонското прашање за мене не претставуваат личен ниту материјален интерес.
Но лично чувствувам одговорност, да не се запостави нешто што може да е подобно решение за траен
мир. Истовремено се чувствувам задолжен да бидам од корист на мојата нова татковина.
Како што најавив погоре, а со цел да се избегнат било какви недоразбирања во однос на проектот на
г-дин Михајлов, ги прикачувам неговите белешки, на чија
24
основа беа водени нашите разговори. Белешките на г-дин Михајлов се автентични, какви што тој ми ги
даде.
Сакав да му пишам и на Кавендиш Канон, но, за жал, не сум во можност. Ви оставам Вам да решите дали
ќе му ја пренесете содржината на нашата комуникација. Едниствено би ве замолил доколку е можно да
одбегнете да ме споменете по име.
Сѐ наубаво, Ангел Којунџијски
Автентичноста на онаа што го пишува Кујунџиски се белешките на Михајлов кој Кујунџиски ги предал на господоинот Спенсер кој ги предал на ЦИА!
|
|