Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
БЕЛЕШКИТЕ НА ЦИА ЗА ВАНЧО МИХАЈЛОВ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,674
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Ангел Којнуџиски
Хотел де Крион
10, Плаза де ла конкорд
Парис 8
Парис, 9 мај 1949 година
Телефон Анџу 24-10
Г-дин Спенсер Феникс
Директор на финансискиот отсек
Администрација за економска соработка во Грција
Атина
Драги Спенсер,
Многу скоро после нашиот разговор за време на Вашиот престој во Париз,
верувале или не, примив писмо од лидерот на ВМРО: Ванче Михајлов, во кое тој
бара да се состанам со него. Ова писмо патувало до мене бајаги долго време
поради тоа што првично било испратено на мојата пред-воена адреса (115 авенија
Анри-Мартин) од каде што било препраќано сѐ додека да стаса до мене.
Сигурно дека ќе разберете дека искушението да се сретнам лично со Ванче
Михајлов беше преголемо да му се оддолее. Затоа му одговорив на писмото и се
согласив да се сретнеме. Согласно, се сретнавме во некое мало градче помеѓу
Рим и Винтимилиа.
Ванче Михајлов беше многу задоволен што се сретнавме. Обавивме два
разговори: првиот во траење од три часа, а вториот во траење од четири и пол
часа. Сигурно не треба да Ви потенцирам дека раговорите од ваква природа се
сериозни, деликатни, а и донекаде опасни.
Од ослободувањето, Ванче Михајлов е во бекство. Првин минал извесно
време во Германија, па потоа во Австрија, па повторно во Италија, но секогаш во
американската зона на овие држави.
Ванче Михајлов е тежок анти-комунист и е строго антисоветски настроен.
Тој отсекогаш се залагал за независна Македонија, т.е. Македонија која нема да е
под јаремот ниту на Бугарија, ниту на Грција, ниту на Југославија, а особено не под
јартемот на Русија. Ванче Михајлов е вистински Македонец, и јас само како таков
го познавам. Тој е голем идеалист, и никакви материјални ниту морални интереси
не играат улога кога е во прашање неговата политика.

Во пресрет на нашиот состанок, го замолив Михајлов црно-на-бело да ги
подготви прашањата кои би сакал да ми ги постави како и фактите со кои сака да

17
ме запознае. Согласно, тој подготвил неколку белешки, кои Ви ги доставувам
онака како што тој ми ги достави на мене. Од овие белешки Вие ќе можете сами
да судите за неговите чувства во врска со неговата матична земја, Македонија,
како и неговите мислења во однос на прашањето за создавање на независна
македонска држава.

Претходно, со Ванче Михајлов пред војната се имав сретнато на два
наврати. Мојот впечаток тогаш беше дека додека Михајлов е заинтересиран да
формира независна Македонска држава, таа држава да биде под јаремот на
Бугарија. Инаку речено, мојот впечаток беше дека Михајлов е заинтересиран да
направи некаква федерација која би ги обединила Македонија и Бугарија. Затоа,
на нашата скорешна средба го замолив да ми се изјасни по ова прашање. На
најискрен начин Михајлов ме увери дека погрешно сум ја разбрал неговата
намера. Точно е тоа дека македонскиот јазик има многу допирни точки со
бугарскиот. Точно е и тоа дека Михајлов се има здобиено и со азил во Бугарија; но
тој никогаш Бугарија не ја сметал за своја татковина; неговото срце и неговиот ум
секогаш биле во Македонија.
Предлогот на Михајлов, кој е изложен во неговите белешки, кои Ви ги
доставувам, е дека Македонија треба да е комплетно независна тампон држава,
според примерот на Швајцарија. Тоа е доказ дека тој нема желба да ја види
Македонија ниту во рамките на Бугарија, ниту на Југославија, ниту пак под јаремот
на Русија (СССР).
Планот на Ванче Михајлов е да ги обедини бугарскиот, југословенскиот и
грчкиот дел на Македонија во една независна држава, чиишто граѓани, без разлика
на нивното потекло ќе уживаат еднакви права и слободи, како што е случајот во
Швајцарија. Емигрантите би се вратиле во својата матична татковина.
Понатаму, Михајлов предлага оваа независна македонска држава да биде
ставена под контрола и управување на Организацијата на обединети народи, и на
тој начин да се саботира руската пропаганда која има за цел Македонија да ја
стави под советски јарем.
Во интерес на САД и Грција, со цел да се сопре крвопролевот во Грција,
како и за намалувањето на финансиските трошоци за САД, Михајлов исто така
предлага воспоставување на времена независна македонска држава во рамките
на Грција. Ова би било во грчкиот дел на јужна Македонија (Егејска Македонија).
На овој начин би се расчистила недовербата на македонското население во однос
на вистинските цели на западните Сили во однос на македонското прашање.
Истовремено, овој потег би ја анулирал руската пропаганда.
Се чини дека во составувањето на неговиот предлог, Михајлов е предводен
од информации кои ги има здобиено од компетентни извори, а информации кои
сугерираат дека и покрај договорите и преговорите кои се водат во текот на месец
мај, а во врска со решавање на германското прашање и конечното пронаоѓање на

18
решение за траен мир, се чини дека Русија е решена комплетно да го уништи
Тито. Според информациите со кои располага Михајлов, СССР сѐ уште се готви
да прати нови трупи на воено обучени цивили во Бугарија и Албанија, со цел оваа
маса подоцна комплетно да ги замени грчките, бугарски и албански герилци во
грчката граѓанска војна. Се чини дека ништо не може да ја разубеди Русија од
спроведување на овој план, и покрај можноста таа евентуално да мора да направи
отстапувања на Балканот, кои во секој случај би биле само привремени.
Ванче Михајлов ме потсети дека во моментов Сталин ја игра истата улога
која ја играше султанот Абдул Хамид, кој исто така ги поддржуваше Комитите;
тогаш овој дел на Балканот сеуште беше турска провинција.
Според информациите на Михајлов, Русија во моментов обучува војска од
десет илјади души; веднаш штом оваа војска ќе заврши со својата обука, таа ќе
биде испратена во Бугарија, војниците преправени како цивили. Веднаш по
нивното пристигање во Бугарија, на војниците ќе им се дадат бугарски исправи
(државјанства) и тие ќе им се придружат на бунтовниците во шумата.
Се чини, според информациите на Михајлов, дека СССР е решена на
Балканот да гледа како на своја провинција, тука вклучувајќи ја не само и Грција,
туку и Босфорскиот проток.
Мислење на Ванче Михајлов е дека со својата пропаганда во Македонија,
Русија сака да ги убеди Македонците дека тие не можат да очекуваат никаква
помош од западните Сили, чијашто цел, според Русите, е Македонија, Бугарија и
Албанија да ги направат грчка провинција, и на тој начин да ги отсечат овие земји
од Јадранот. Ова е причината зошто Михајлов се залага за формирање на тампон
држава.
Како што веќе објаснив, Михајлов инсистира дека прв чекор во овој план е
САД да ја натера Грција да го дозволи формирањето на независна држава во
Егејска Македонија, под контрола на Грција. Тој смета дека ова е најмудриот начин
да се избегнат понатамошни трошоци за САД, бидејќи нема да е потребно да
одржува таква важна организација во Грција.
Г-дин Михајлов исто така чувствува дека формирањето на оваа држава би
придонело до зближување на македонското население во Егејот: Бугарите,
Ромите, Албанците и Грците, и дека тоа ќе го освести македонското население за
потребата да ги обедини силите со цел да го заштити егејскиот брег од можна
агресија од северот.
Михајлов понатаму изјави дека формирањето на оваа независна тампон
држава би придонело и до намалување на раздорот и поделбата коишто во
моментов се присутни меѓу Грците.
30-08-2022, 08:36 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: БЕЛЕШКИТЕ НА ЦИА А ВАНЧО МИХАЈЛОВ - by ЈорданПетровски - 30-08-2022, 08:36 PM